Page 1

Број 87

ЦЕНТАР ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ НА МАКЕДОНИЈА

јуни 2010

МАЦЕФ промовира енергетска ефикасност и почиста животна средина

Во овој број:

 Од уредникот  Активности на МАЦЕФ  Новости од Македонија  Новости од светот  Корисни web-адреси  Манифестации  МАЦЕФ Анализа

OД УРЕДНИКОТ Почитувани колешки и колеги, членови и симпатизери на МАЦЕФ! Изминатиот период изобилуваше со активности од стратешко значење за енергетскиот сектор во Републиката, регионот и Европа, но доминираа натпреварите во рамки на Светското првенство во фудбал. Подолу се споменати неколку покрупни активности од изминатиот период: Нов круг обуки за Енергетски контролори во МАЦЕФ Презентација на нацрт Стратегијата за енергетска ефикасност на Република Македонија Продлабочување на наставната програма за заштеда на енергија во детските градинки MK@EU – Акција за Европа Инвеститори без граници во Македонија Проектот „WideTheSeebySuccMode“ исполнува со полна пареа МАЦЕФ е горд на започнувањето на третиот круг на Обуки за енергетски контролори и зголемениот интерес за оваа додадена вредност кон инженерските професии. Вештините и знаењето со кои се стекнуваат овие професионалци се од голема важност за поддршка на процесите и новините согласно превземањето и усогласувањето на локалното законодавство со европските директиви и предвидените активности согласно членството во Енергетската заедница. Во реализацијата на програмата Центарот постојано ги освежува материјалите со последните технолошки достигнувања во тесна соработка со локалните компании кои произведуваат и застапуваат енергетски ефикасни ситеми и материјали. Доколку сте инженер и сакате да бидете во чекор со новите развојни трендови оваа обука е вистински избор за Вас! Ги очекуваме Вашите информации, ставови и коментари за другите теми поврзани со секојдневната примена на мерките во енергетиката, екологијата, економијата (како нераскинлива верига) како и информации за поедини активности и нови производи на нашиот пазар кои сакаме да ги промовираме. Поздрав од редакцијата,

Проф. д-р Константин Димитров

З а М АЦЕФ

МАЦЕФ е доброволно научно здружение, коешто нуди услуги и стручни знаења од областа на енергетиката и заштита на животната средина во Република Македонија и пошироко во регионот на ЈИЕ. МАЦЕФ е член на меѓународната мрежа за енергетска ефикасност RENEUER (Regional Network on Efficient Use of Resources). МАЦЕФ е дел од мрежата managenergy формирана од страна на European commission DG Energy and Transport www.managenergy.net МАЦЕФ e член на REEEP МАЦЕФ е член Motor Challenge Programme МАЦЕФ иницијатор на KIDS CORNER nна македонски јазик МАЦЕФ е главен организарот на НЕДЕЛА НА ЕНЕРГЕТИКА во Македонија МАЦЕФ е официјален партнер на Sustainable Energy Europe

Активности на МАЦЕФ Расправа по Нацрт - Стратегијата за ЕЕ на РМ На 9 јуни во Клубот на пратеници се одржа јавна стручна расправа по нацрт текстот на Стратегијата за ЕЕ на РМ до 2020 г., на која земаа учество преставници од Владата на Република Македонија, надлежни министерства, академски институции, меѓународни организации и невладиниот сектор. Документот го

презентираа г. Виргил Мусатеску и г-ѓа Астрине Пасојан. Стратегијата ја изработува меѓународно признат тим под локално водство на екперти од МАЦЕФ, а во тесна соработка со Министерството за економија. Реализацијата е во рамки на регионалниот проект на СИНЕРЏИ поддржан од УСАИД. На настанот имаше обраќање и министерот Бесими со што се потврди стратешката определба на Републиката по ова прашање. Со Стратегијата за енергетска ефикасност се дефинираат целите за зголемување на енергетската ефикасност и потенцијалот за рационално користење на енергијата по сектори и тоа: резиденцијален, комерцијален и услужен, индустриски и транспортен сектор. Реализацијата на предвидените мерки согласно Стратегијата ќе поттикнат побезбедно во снабдување со енергија, намалување на зависноста од увезени енергенси, заштита на животната средина, модернизација на енергетската инфраструктура и диверзификација на снабдувањето со енергија, регионална соработка и исполнување на законодавството на Енергетската заедница, трансфер на современи енергетски ефикасни технологии, градење рамка која ќе овозможи одржливост на подобрувањата на енергетската ефикасност на комерцијална основа, стимулирање на учеството на приватниот сектор за да обезбедува услуги за подобрување на енергетската ефикасност на комерцијална основа, подобрување на користењето на енергија од обновливи извори, инвестирање во научни истражувања, едукација и промоција на технологии и апарати со висока енергетска ефикасност.

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте не на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52-1, 1000 Скопје, Тел. 02 3090 177 Факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk


ИНФОМАЦЕФ 84

MK@EU – Акција за Европa На 14-ти минатиот месец, во амфитеатарот на Правниот факултет во Кочани, се одржа конференцијата „Енергетска ефикасност - Европски искуства и македонски перспективи“ која е дел од програмата „MK@EU – Акција за Европа“ која се спроведува во повеќе македонски градови. Оваа средба беше збогатена со присуството на познавачите на областа на енергетската ефикасост со свои излагања кои на присутните им ја доближија оваа проблематика која се повеќе добива на значење во условите на зголемени цени на енергенсите и либерализација на енергетскиот пазар. На конференцијата со свое излагање учествуваше и г. Жарко Илиевски, претставник на Центарот за енергетска ефикасност на Македонија кој ги информираше присутните за тековните активности коишто ги има превземено Македонија со веќе усвоените стратешките документи кои се во линија со европските директиви. Беа разгледани и обврските кои ги превзема Македонија со мерките за енергетска ефикасност и начините за постигнување на истото. Меѓу останатите обраќања кон присутните се издвои и излагањето на г. Славе Ивановски, експерт од областа на енергетиката кој на присутните им го презентираше македонскиот енергетски систем и законските регулативи како и проблемите во секторот. На присутните им се обрати и г. Даниел А. Шрот, советник за економски прашања во Мисијата на Европската унија во Македонија со обраќањето на тема којашто ги разгледува можностите и предизвиците на заедничката мулти-секторска соработка меѓу Македонија и ЕУ. Беше претставен и напредокот и понатамошниот развој на геотермалната енергија во Македонија со презентацијата на гѓа Соња Гушкова од „Геотерма“ Кочани. Оваа програма продолжи со конференции низ македонските градови со осврт на различните нивоа на соработка меѓу ЕУ и нашата земја. Инвеститори без граници во Македонија Канадската организација „Investors Beyond Borders“ организираше „Meѓународен натпревар за бизнис идеи за ОИЕ 2010“ чие финале се одржа во Република Македонија. Во финалето се натпреваруваа пет тима од 5 држави: САД, University of California, Berkeley; Велика Британија, Kingston University; Канада, University of Toronto; Бразил, Universidade d e São Paulo; Кина, Peking University. Целта на иницијативата е

Страна 2 бизнис плановите од страна на студентите, а победи тимот од Канада со најиновативна и изведлива идеја за искористување на сончевата и геотермалната енергија. Енергијата се користи во земјоделието, а во исто време произведува електрична енергија, со што ефикасноста на системите дополнително се зголемува. МАЦЕФ е локален партнер на Иницијативата. Проект „Проширување на употребата на термални сончеви колектори“ Од 15 - 19 јуни МАЦЕФ во рамки на проектот „WIDEtheSEE“ кој е финансиран од ИПА средства, престојуваше во Патрас (Грција), каде се одржа работилница на која се разменија повратните информации добиени од семинарите одржани во секоја од земјите учеснички во проектот во врска со предлог Прирачник за можности за зголемување на употребата на сончеви колектори. Од дискусијата произлезе дека повеќето земји каде не се популарни колекторите се среќаваат со истите проблеми како на пример недостаток на субвенции од страна на државата, недоволна информираност на луѓето за употребата на сончевите колектори, разликата помеѓу сончев

колектор и фотоволтажен панел итн. Исто така, се заклучи дека постојат големи пропусти во системот на сертифицирање на системите и нивните одделни компоненти, политиките на државите за субвенционирање како и заложбите за унапредување на употребата на ниво на држава. На крајот од работилницата се одржа состанок на Управниот комитет на кој се донесоа одлуки за следните чекори во проектот меѓукои развој на Методолошки прирачник за зголемување на употребата на колектори. Паралелно, МАЦЕФ локално работи на финализирање на Национален извештај за употреба на сончеви колектори, изработува База на податоци на релевантните чинители во областа на сончевата енергија кои ќе бидат известувани за проектиот развој на редовна основа, а подготовува и Семинар за донесувачи на одлуки на државно ниво кој е планиран за септември 2010 г. Освежување на софтверот ЕАБ за енергетски контроли

поттикнување на инвестиции во Македонија во потесната област. Тимовите имаа можност да прошетаат низ Македонија и директно да се запознаат со капацитетите и потенцијалот за ОИЕ. На патувањето ги придружуваше г. Саше Паневски, стручно лице од тимот на МАЦЕФ. Групата ги посети ХЕЦ Матка на ЕВН Македонија, геотермалниот потенцијал во Кочани, КОГЕЛ Север, канцелариите на МАЦЕФ и други локалитети. На крајот на престојот во Македонија, во просториите на Собранието на Р. Македонија се презентираа

На 21 и 22 јуни минатиот месец, во просториите на Машинскиот факултет во Скопје се одржа презентација на новите начини за пресметка на потрошувачка на енергија и преземени мерки според новата регулатива ЕЕ во згради. Беа презентирани новите податоци кои се бараат од енергетските контроли, подновената софтверска алатка, како и новиот приод кон пресметките на одредени системи потрошувачи на енергија. Предавањето беше во организација на Машинскиот факултет Скопје, а предавач на ова советување беше г. Љубомир Червилов од компанијата ЕНСИ Норвешка. Енергетско образование за најмладите На почетокот на месец јуни, МАЦЕФ ги продолжи своите активности во областа на едукацијата, промовирање на енергетската ефикасност и градење на енергетска култура кај најмладите членови на нашето општество. Имено дел од тимот

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте не на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52-1, 1000 Скопје, тел. 02 3090 177, 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk


ИНФОМАЦЕФ 84

Страна 3

на МАЦЕФ одржа предавања во детската градинка „Срничка“ во општината Аеродром. Преку игри и експерименти, децата активно се вклучија во наставата. Игрите беа насочени кон важноста на енергијата и зашто ние кон неа треба да се однесуваме соодветно. Интересот кај децата и воспитувачите беше голем, па според тоа и бројот на вакви часови во иднина се планира да биде зголемен. МАЦЕФ од 2007 година работи на развивање на наставна програма и пилот проекти за создавање на идни генерации со висока свест за енергетска ефикасност и заштита на животната средина. Во текот на изминатата работа блску се соработуваше со локалните самоуправи, неколку детски градинки во Скопје меѓукои Орце Николов од општина Карпош, во која МАЦЕФ понуди и конкретната програма која беше реализирана во рамки на годишната наставна програма на установата преку насочени активности со наставничкиот кадар и децата. Со проверените техники и добиените повратни информации од релевантните чинители, Центарот е во фаза на обезбедување на средства за реализација на програмата со поголем опфат.

МАЦЕФ АНАЛИЗА Следење заштеди од применети мерки за ЕЕ преку термовизија Тимот на МАЦЕФ во соработка со ОУ „Кирили и Методиј“ во февруари оваа година изврши термовозиско снимање на училиштето пред и после примената на мерките, кои што беа предложени од Енергетските контролори. Резултатите може да ги погледнете во анализата. Превземете ја анализата тука.

М акедонска еф икасност

oпш тинска

м реж а

за

енергетск а

Сегашни членови на МОМЕЕ се општините: Сарај, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Центар, Гази Баба, Валандово, Чаир, Кочани, Ресен, Берово, Аеродром, Гевгелија, Штип, Чашка, Прилеп, Богданци, и Кичево. Во најскоро време очекуваме кон неа да се приклучат и работни организации и институции кои се вклучени во програмите поврзани со енергетската ефикасност.

Годишна членарина:

24 000 денари

Новости од Македонија Конференција за енергетска ефикасност во Турција Министерот Бесими учествуваше на дводневна меѓународна конференција за енергетска ефикасност во Истанбул, на сесијата „Регионални предизвици во енергетската ефикасност“. Конференцијата беше организирана од страна на Одделот за енергетика на САД, а првиот ден е резервиран за учество на министрите од земјите учеснички на овој меѓународен Повеќе... енергетски собир. 3. Форум на Енергетската Заедница во Македонија Размена на искуства помеѓу ЕУ - земјите и земјите потписнички на Договорот за основање на Енергетската заедница, во насока на градење на социјалната димензија во Енергетската заедница, а со цел да се помогне на претпријатијата и вработените да се адаптираат и да се справат со социо-економските промени кои можат да се појават од имплементацијата на Договорот за основање на Енергетската заедница беа клучните точки на 3. Социјален форум одржан во месец јуни во земјата. Овој форум е во организација на Секретаријатот на Енергетската заедница, под покровителство на Европската комисија и Министерството за економија во име на Владата на Република Македонија, која е актуелна Повеќе...

земја

претседавач

со

Енергетската

ПЛОТАЊЕ - Квалитетно и навремено

Плотање CAD цртежи до A0 формат со најсовремена апаратура за само 160 денари по метар квадратен. Виткање и пакување. За неспоменати услуги цената е договорна.

ТЕРМОВИЗИЈА - СНИМАЊЕ СО ТЕРМАЛНА КАМЕРА

Снимање на објекти на терен, анализа и извештај. Цената може да варира во зависност од габаритот и бројот на објектите. Информации на тел.: 02 3090 178 или macef@macef.org.mk

Новости од светот Ефикасни светилки за стадионите во Јужна Африка Енергетската ефикасност и климатските промени беа едни од главните начела во подготовката и релизацијата на ФИФА Светското првенство во фудбал во Јужна Африка. Фокусот беше на употреба на неонски и ЛЕД светилки. Германскиот Осрам ги обезбеди енергетски ефикасните светлосни решенија за 10-те стадиони, за коктелите како и за паркинзите. Особено техничко достигнување беше осветлувањето на „Лакот“ во должина од 350 метри, со тежина од 2.600 тони со 30 ката, кој симболизираше соединување на 70.000 вљубеници во спортот на стадионот Дурбан. Лакот беше осветлен со 12.000 Golden DRAGON Plus LED светилки. Инженерите имаа ѝ голема задача да направат водоотпорни ЛЕД екрани за специјалните потреби на стадионите со далечинско раководење. Инаку, 66 % од продажбата, Осрам ја остварува од продажба на високо-технолошки енергетски ефикакасни производи. Иако, во просек осветлението чини само 1% од буџетот за изградба на стадионите, тоа влијае на 99% од ефектите на малите екрани. За тие потреби Филипс развива напредни решенија кои овозможуаваат 10 % повисоко ниво на осветлување за сметка на помалку светилки, намалени трошоци и потрошувачка на енергија. Најновата оптичка ефикасност кај светилките овозможува распределување на светлината со Повеќе минимална непотребна дисперзија. €1.5 милијарда евра зa CO2 и ветерни турбини Европската комисија одобри финансирање на проекти за јаглеродот и проекти на изработка за негово зачувување како и ветерни фарми поставени на бреговите како дел од европската Повеќе... програма за обновување на енергијата. WWF “најдобра политика за климата” Светскиот фонд Wildlife го презентираше својот извештај „Најдобри и најлоши политики за опоравување на климата и економијата” на климатската конференција во Барселона одржана на почетокот на месецот. Извештајот вклучува листа на 12 најдобри мерки за намалување на климатските промени како и проценка на алатки користени од G20 нациите за намалување на емисиите од јаглероден двооксид. Повеќе...

заедница.

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте не на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52-1, 1000 Скопје, тел. 02 3090 177, 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk


ИНФОМАЦЕФ 84

Страна 4

Топлиот CO2 добива ‘зелено финансирање’ Банката ABN AMRO и Warm CO2, како зедничка иницијатива под водство на Zeeland Seaports, произведувачот на ѓубриво Yara како и добавувачот Visser & Smit Hanab, потпишаа ‘зелен’ финансиски договор во вредност од €25 милиони евра, како дел од севкупнната финансиска инвестиција од €80 милиони за употреба на сметот како извор за греење и јаглероден Повеќе... двооксид за одгледување на зеленчук. GE ќе погонува најголемата јаглеродна централа Во светски рамки најголемиот проект за заробување на јаглероден двооксид, а во сопственост на Barrow Island на западниот брег на Австралија, ќе биде погонуван со опрема за Повеќе... компресирање на GE Oil & Gas. ОН ги укинува правата на Бугарија за размена на јаглеродни емисии Повеќе од 130 бугарски компании коишто чекаа повеќе од две години за вкучување во европскиот пазар на тргување со јаглерод имаа можност да ги продадат своите квоти заклучно Повеќе... со 30. јуни 2010 г. Србија со телефонска станица на ветер и сонце Првата базна станица во Србија погонувана на сонце и ветер беше пуштена во употреба на 17 јуни во Плочица, општина Ковин, Војводина. Објектот е во сопственост на мобилниот Повеќе... сервисен оператор Теленор. Центарот Veronica Hostetin – модел за самоодржливо живеење на село Во околина на чешкото село Hostetin лоцирано на областа Бели карпи, беше промовиран интересен образовен, работен и истражувачки центар – пилот модел за самоодржливо живеење Повеќе... во рурална средина. Обновливи извори во енергетска заедница Енергетската заедница ја обзнани „Студија за примена на новата европска Директива за обновливи извори на енергија во Енергетската заедница“. Целта на студијата е проценка на состојбата и анализа на предусловите за развој на примената на обновливи извори на енергија во согласност со прифатените претпоставки од европската Директива 2009/28/EZ за Повеќе... обновливите извори на енергија. LG Electronics (LG) изработи хибриден клима уред Со комбинирање на енергија произведена од соларни ќелии, поставени на врвот на надворешната единица, нов тип на клима уред (модел FQ232LASS), кој покрива површина од 76 в квадратни метри, ќе остварува и до 70 вати моќност на час. Се работи за прв еколошки станбен хибриден клима уред разиен од LG Electronics.

Повеќе...

Дали има нова нуклеарка на повидок? Москва ја притиска бугарската влада да го одобри проектот за изградба на нова нуклеарна централа која треба да биде да изградена од руската фирма „Atomstroyexport“, напоменувајќи ѝ на Софија дека од оваа одлука зависи бугарското учеството во Повеќе... гасоводот „ Јужен поток“. Црна Гора ќе го искористува ветерот Владата на Црна Гора закупи земјиште за изградба на ветерници во општината Никшиќ. Ветерниците ќе бидат со инсталирана моќност од 50 MW, со можност да се зголеми нивниот капацитет за дополнителни 22 MW. Инвестицијата за овој проект изнесува од 70 до 90 милиони евра. Повеќе... Нов фонд на ИФЦ за „Зелен развој“ Меѓународната финансиска корпорација (IFC) која е дел од Светска банка, ќе вложи 25 милиони евра во фонд “Green for Growth” чија цел е да се поттикне финансирање на проекти за

енергетски ефикасност и проекти од областа на обновливи извори на енергија во Југоисточна Европа, вклучувајќи ги Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Македонија, Црна Повеќе... Гора, Србија и Турција. Корисни web-адреси

www.energyweek.com.mk www.widethesee.eu www.managenergy.net/kidscorner www.worldbank.org www.pep.org.mk www.erc.org.mk www.sustenergy.org/ www.ase.org/ www.motorchallenge.org/ www.rec.org www.energy.eu – Енергетски портал на ЕУ www.euractiv.com/ www.display-campaign.org/ www.energie-cites.org/ www.reeep.org www.kids.evn.com.mk www.europesustainableenergy.com www.kids.evn.com.mk www.moepp.gov.mk www.rexus.com.mk www.ri.com.mk www.rehau.com.mk

Манифестации

25та Конференција и саем за сонч. енергија од фотовол. панели 6 - 10 септември 2010, Валенсија, Шпанија Конференција за фотоволтажно конвертирање на енергијата од сонцето ќе ги собере на едно место трите најважни глобално научни како и стратешки ФВ конференции: 25та по ред европска конференција и саем за сончева енергија од фотоволтажни панели, 36та US IEEE конференција за фотоволтажни експерти како и 20та по ред конференција Азија/Пацифик ФВ наука и инженеринг. повеќе... 10та Мегународна конференција за чиста енергија 15 - 17 септември 2010, Фамагуста, Северен Кипар Конференцијата ќе обезбеди платформа за решенија за двата глобални проблеми:намалување на количествата на фосилните горива, и проблеми со животната средина предизвикани со користењето на фосилните горива, како што е глобалното затоплување, осиромашување на озонскиот слој, киселите дождови, загадувањето, недостаток од кислород, излевање на нафта итн. повеќе... Меѓународeн симпозиум „ЕНЕРГЕТИКА 2010” 07-09 октомври 2010, Охрид Традиционално ЗЕМАК на 16тиот Меѓународен симпозиум, има за цел да ги собере на едно место сите оние кои енергетиката ја сметаат за своја професија или за животна определба. Ќе се анализираат модерните светски трендови во енергетиката и ќе се предлагаат решенија за нивна примена во развојот и унапредувањето на енергетиката во Република Македонија. повеќе... Технологии за животна средина и клима 2010 12 - 13 октомври 2010, Рига, Латвија Конференцијата е предвидена како редовен научен форум и во 2010та год. е посветена на ублажувањето на климатскатските промени – развојот на технологиите за ниска емисија на јаглерод. повеќе... Солар самит 2010 13 – 15 октомври 2010, Фрајбург, Германија Овогодинешната главна тема се фокусира на: “Соларни мобилни батерии, горивни ќелии и биогорива за самоодржлива електромобилност”. повеќе... ЕНЕРГОФОРУМ® 2010 14 -15 октомври 2010, Вајн, Словачка ЕНЕРГОФОРУМ е специјализирана енергетска конференција за оние кои се заинтересирани за енергетиката. Главната тема за овогодинешната конференција е Quo vadis, енергетика? Реорганизација на слободниот пазар. повеќе... RENEXPO® Саем во Аугсбург 7-10 октомври 2010, Аугсбург, Германија 11-ти по ред Меѓународен саем за обновлива енергија и енергетски повеќе... ефикасен објект и реновација. CEP пасивна куќа EXPO® 27-28 октомври 2010, Будимпешта, Унгарија Меѓународна изложба на пасивна куќа како и конференција – централна Европа. Овој настан е дел од Деновите на зелената архитектура. повеќе...

Редакција: Центар за енергетска ефикасност на Македонија Главен уредник: проф. д-р К. Димитров; Редактори: м-р М. Димитрова, заменик гл. уредник, Д. Димовска, Б. Калиманов, С. Паневски, И. Петрушевски, Ж. Илиевски, Ф. Стојановски

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте не на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52-1, 1000 Скопје, тел. 02 3090 177, 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk

87 infomacef  
Read more
Read more
Similar to
Popular now
Just for you