Page 1

Број 86

ЦЕНТАР ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ НА МАКЕДОНИЈА

мај 2010

МАЦЕФ МАЦЕФ промовира енергетска ефикасност и почиста животна средина Во овој број:  Од уредникот  Активности на МАЦЕФ  Новости од Македонија  Новости од светот  Корисни web-адреси  Манифестации

Активности на МАЦЕФ ИПА проект на МАЦЕФ Подолу е преставен графичкиот дизајн на проектот „Проширување на употребата на термални сончеви колектори преку употреба на успешни модели“, кој е финансиран преку

OД УРЕДНИКОТ

Почитувани колешки и колеги, членови и симпатизери на МАЦЕФ! МАЦЕФ започна нов проект со ИПА средства Потпишан договор за пласман на кредити за ЕЕ помеѓу Охридска банка и ЕБОР Годишно Собрание на ЕБОР во Загреб Заврши 3. Сезона на Училишниот сервис на ЕВН Македонија МАЦЕФ вклучен во Европскиот ден на претприемачот Изминатиот мецес го одбележа пионерската наменска кредитна линија на ПроКредит банка за финансирање на население и МСП во доменот на подобрување на ЕЕ. Им посакуваме успех! Воедно ги охрабруваме останатите банки на пазарот интензивно да размислуваат за ваков вид на кредити бидејќи енергетските заштеди се гаранција за враќање на вложените средства на среден рок во зависност од интервенцијата. Во мај, по неколкумесечно подготвување на потребните материјали МАЦЕФ потпиша договор во Делегацијата на Европската Комисија во Скопје, за користење на ИПА средства во мултилатерален проект. Ова е успех од национален карактер бидејќи се работи за еден од првите пет проекти во земјата кои користат ИПА финансирање. Повелете со Вашите информации, ставови и коментари за другите теми поврзани со секојдневната примена на мерките во енергетиката, екологијата, како и информации за активности и нови производи кои со задоволство ќе ги промовираме. Поздрав од редакцијата,

Проф. д-р Константин Димитров ЦЕНТАР З А ЕНЕР ГЕТСКА ЕФ ИКАСНОСТ НА М АКЕДОНИЈА - М АЦЕФ

МАЦЕФ е доброволно научно здружение коешто нуди услуги и стручни знаења од областа на енергетиката и заштита на животната средина во Република Македонија и пошироко. МАЦЕФ е член на меѓународната мрежа за ЕЕ RENEUER (Regional Network on Efficient Use of Resources). МАЦЕФ е член на managenergy формирана од EC DGTREN. МАЦЕФ e член на Асоцијацијата на консултантски организации. МАЦЕФ е официјален партнер на Sustainable Energy Europe.

Транснационалната програма за соработка на ЈИЕ, а МАЦЕФ ја претставува Македонија користејќи ИПА средства. Целиот проект тежи повеќе од 3 милиони евра, а Центарот во следните две години ќе користи 42.000 евра за предвидените активности. Проектот во кој учествуваат 13 партнери од 11 земји има за цел да се основа транснационален Конзорциум за надминување на разликите на пазарот за сончеви системи за добивање на санитарна топла вода помеѓу земјите на ЈИЕ каде имаат ограничен пробив и оние со значајна застапеност преку развој на рамка за локални и регионални политики, инструменти, административни и финансиски мерки засновани на искуство и успешен модел за нивно спроведување во земјите на ЈИЕ со нивен значителен пробив. Во тек е изработка на Национален извештај за состојбата на македонскиот пазар за сончеви колектори, кој ќе биде објавен на страницата на проектот http://www.widethesee.eu/ во месец јули 2010г. Владата, преку Министерството за локална самоуправа во првите пет проекти учествува во 20% локален придонес во име на организациите од Македонија. Годишно собрание на ЕБОР во Загреб На 14-15 мај во Загреб се одржа Годишно собрание на Европската банка за обнова и развој. Г-ѓа М. Димитрова и г-ѓа Ј. Д. Капац ја сочинуваа делегацијата од Р. Македонија на специјалниот панел предвиден за средби и дискусии на граѓанските организации кои соработуваат со ЕБОР. Оваа година, ЕБОР ја одбележа 10 годишнината на Програмата за соработка со граѓански организации, и во таа чест организираше два панела за „Одржливоста на Западен Балкан во контекст на прием во ЕУ“ и „Родови прашања во земјите во транзиција“. МАЦЕФ допринесуваше за продуктивноста на дискусиите, а г-ѓа М. Димитрова имаше специјално излагање за Можностите за поттикнување на инвестиции во енергетска

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте не на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52-1, 1000 Скопје, Тел. 02 3090 177 Факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk


ИНФОМАЦЕФ 86 ефикасност на територија на Западен Балкан во рамки на сесијата посветена на енергетскиот развој на регионот.

Паралелно се одржуваа повеќе сесии на актуелни теми, состанок на гувернери на земјите акционери во ЕБОР на кој Македонија ја претставуваше Н.Е. Никола Груевски, премиер на РМ, индивидуални презентации за заинтересирани инвеститори на земјите во кои делува Банката и др. За презентацијата на Македонија имаше многу интересенти, а потенцијалните инвестициски сектори ги претставија г. З. Ставрески, министер за финансии, г. В. Мизо, директор на агенцијата за странски директини инвестиции на РМ, за поволната инвестициска клима зборуваа успешните домашни клиенти на Банката, и тоа Алкалоид, ЕЛЕМ АД, Охридска банка- Societe General и Извознокредитна банка, а г-ѓа Елена Урумовска, директор на резидентната канцеларија на ЕБОР во Македонија го претстави досегашното портфолио и идните инвестициски насоки согласно неодамна публикуваната Стратегијата за РМ на Банката. Фокусот $ во оваа сесија беше на слободните економски зони и потенцијалите за инвестирање во енергетскиот сектор во земјата. Во рамки на Годишното собрание се потпиша и договор помеѓу ЕБОР и Охридска банка-

Societe General за реализација на кредитната линија на наменета за ЕЕ и ОИЕ во комерцијалниот сектор во Македонија и тоа за проекти помали од 2 милиони евра. Се очекува кредитниот механизам да започне со работа пред крајот на летото.

Страна 2 МАЦЕФ, исто така, имаше презентација за основите на ЕЕ и ОИЕ и потенцијалот за заштеда при нивна имплементација преку условите на кредитната линија. Честитки до ПроКредит банка за пионерскиот потег и многу успех во популаризација на кредитниот механизам! Повеќе информации во филијалите на Банката ширум Македонија или тука. Конференција по повод Европски ден на претприемачот Во организација на Европската бизнис асоцијација на 11 мај, во Скопје се одржа конференција на тема „Создавање на бизнис шампиони“ во рамки на традиционалната „ Европска недела на МСП“. Низата настани имаа за цел да го поттикнат претпримништвото и иновациите во Македонија, а за тоа зборуваат и високите гости и говорници меѓукои г. В. Наумовски, заменик претседател на Владата на РМ, г. Ф. Бесими, министер за економија, г. К. Трајановски, градоначалник на Град Скопје, Н.Е. Е. Фуере, специјален претставник и шеф на Делегацијата на Европската Комисија, гѓа А. Н. Ружин, извршен директор на ЕБА и претставници на деловниот сектор. По официјалното отворање следеа три паралелни сесии, каде МАЦЕФ на покана на Универзитетот Американ Колеџ Скопје имаше презентација на тема „Енергетска ефикасност и ОИЕ во секторот на МСП“, приготвена од г. И. Петрушевски. Презентацијата ги поврза енегретските трошоци и можностите за заштеда на влезните трошоци преку примена на мерки за ЕЕ и употреба на ОИЕ со што може да се зголеми конкурентноста на претпријатијата. Оваа врвна тема придонесе за комплетност на панелот, во кој меѓудругото стана збор за „Претприемачките МСП на бранот на кризи и промени – Што е следно?” претставена од проф. Д-р Миленко Гудиќ, директор на ИМТА, Словенија; „Основање и развој на ризични бизниси “- Дарко Коњевиќ, МБА, Подгорица и „Развој на претприемничка култура во МСП“ од проф. др. Бахрија Умиханиќ, Универзитет во Тузла, БиХ. Во излагањето на МАЦЕФ се предочи потребата од интезивирање на примена на мерки за ЕЕ и енергетско управување на ниво на МСП, а со цел да се зголеми конкурентноста на производите и услугите на домашниот и региналниот пазар. ЕВН Македонија -проектот „Училишен сервис“ ја заврши сезоната 2009/10 Крајот $ на ова учебно полугодие беше обележан во знакот на училишниот квиз и ликовна колонија, кои се дел од проектот „Училишен сервис“ на ЕВН Македонија. Четвртиот по ред училишен квиз и ликовна колонија се одржа на 15.05.2010 во ОУ„Кочо Рацин“, опш. Центар. Во овој квиз учество земаа 7 основни училишта кои беа посетени во второто полугодие, и тоа: ОУ„Блаже Конески“- Аеродром; ОУ„Братство Единство“–

Прокредит банка прва во кредитна линија за ЕЕ На 28ми мај во Клубот на пратеници ПроКредит банка ја прзентираше новата кредитна линија за ЕЕ наменета за домаќинставата како и МСП. За таа цел беа елаборирани

условите и можностите за користење на кредитната линија.

Охрид; ОУ„Даме Груев“- Демир Хисар; ОУ„Димитар Поп Беровски“ – Ѓорче Петров; ОУ„ Кочо Рацин“–Центар; ОУ„Стале Попов“-Прилеп; ОУ„Шемшево“- Јегуновце. Секое училиште имаше по двајца свои претставници, кои повторно покажаа дека успеале одлично да го совладаат материјалот за основи на енергијата. И покрај напнатата атмосфера и големата неизвесност сепак на крајот беа прогласени победниците на квизот, прво место: Виктор Николоски и Филип Тодоровски од ОУ „Стале Попов“ од Прилеп, второ место: Марија Цветаноска и Владо Војдински од ОУ„Братство и Единство“ и третото место: Ангела Станоевска и Сара Илиевска од ОУ„Кочо Рацин“. Истотака, на настанот беа присутни и победниците од

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте не на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52-1, 1000 Скопје, тел. 02 3090 177, 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk


ИНФОМАЦЕФ 86

Страна 3

натпреварот за ликовни и литературни дела, чии творби беа изложени. Наградени од литературниот конкурс се: 1. МестоАнтонио Милановски-ОУ„Јоаким Крчоски“,Волково Ivб; 2. Ивана Младеновска-ОУ„Григор Прличев“, Скопје Ivг; 3.Стефан Стојковиќ-ОУ„Братство“, Скопје. Наградени од ликовниот конкурс се: 1. место - Кендреса Садали, ОУ„Саид Најдени“Дебар IV2; 2. Рајковиќ Дино - ОУ„Панајот Гиновски“, Скопје IV7; 3. Александар Трпевски-ОУ „Јоаким Крчоски“, Волково IVб. Трибина на Хабитат Македонија и УСАИД На 25 мај во Мултибизнис центарот на Скопски саем се одржа презентација проследена со тркалезна маса на регионалниот „Проект за ЕЕ во домаќинства со ниски примања“ на УСАИД локално спроведуван од Хабитат Македонија, а со техничка поддршка на Тимел проект. Избрани се три пилот згради (со 30-50 станови) во кои живеат семејства со ниски примања, и тоа: eдна зграда во Скопје, приклучена на дистрибутивната мрежа за топлинска енергија, друга исто така во Скопје, во која за загревање се користат уреди на електрична енергија и, третата во Куманово, во која за загревање се користи и електрична енергија и дрво. Високи претставници од министерството за економија и УСАИД ја претставија програмата, по што следеше дискусија за начинот на кој може да се унапреди животниот стандард за оваа загрозена група на граѓани. Делегати од МАЦЕФ укажаа на недостатоците и можностите за подобрување на регулативата и финансиските механизми наменети за ЕЕ во овој сектор на домување.

Специјален прилог – АНАЛИЗА

Во овој број МАЦЕФ направи анализа за порастот на искористување на енергијата од ветерот во 2009 година. И покрај големата рецесија во 2009 година, индустријата за искористување на ветерната енергија забележа значителен пораст. Овој пораст е од витално значење за европското енергетско портфолио. Преземи ја анализата овде.

М акедонска oпш тинска м реж а за енергетска еф икасност

Сегашни членови на МОМЕЕ се општините: Сарај, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Центар, Гази Баба, Валандово, Чаир, Кочани, Ресен, Берово, Аеродром, Гевгелија, Штип, Чашка, Прилеп, Богданци и Кичево. Во најскоро време очекуваме кон неа да се приклучат и работни организации и институции кои се вклучени во програмите поврзани со енергетската ефикасност.

Годишна членарина:

24 000 денари

Проект на Хабитат Македонија и општината Карпош На 6 мај официјално стартуваше партнерскиот проект на Хабитат Македонија и општината Карпош, Скопје, за унапредување на енергетската ефикасност на 112 станбени единици од станбената кула број 10 на бул. „8-ми Септември“ во Скопје. Проектот е дел од повеќегодишната Програмата за енергетски ефикасни домови на Хабитат Македонија со која веќе се завршени интервенциите на 28 станбени единици во Повеќе... Кавадарци. Извор: Хабитат Македонија Прилеп ќе произведува алтернативна енергија На седница на општинскиот совет е донесена одлука приватна фирма да гради прва соларна централа во земјата. Со одлуката, на скопската фирма „Труст“ и е дозволено на површина од три хектари да постави сончеви колектори, кои треба да произведуваат над еден мегават електрична енергија. Прилеп има околу 300 сончеви дена во годината. Комплексот треба да се изгради годинава и изворот на енергија, потоа МЕПСО треба да го вклопи во енергетскиот систем на државата Соларната централа треба да се гради на излезот на градот, спроти селото Старо Лагово. Општинските власти сметаат дека инвестицијата има економска оправданост. Соларната централа треба да биде со моќност од 900 kW, со годишно производство Повеќе... на еден 1MW електрична енергија. Комунална хигиена инвентивно ќе собира отпад Јавното претпријатие „Комунална хигиена” во мај распредели 612 канти за отпадоци за селектирање на отпадот во сите основни и средни училишта и во градинките во Скопје. Во секое училиште и градинка се поставени по четири канти за отпадоци во различни бои: сина - за собирање хартија, жолта за пластика, зелена - за комунален смет и кафеава - за биоразградлив отпад. Кантите се донација од Министерството за животна средина, а целта е да се дејствува едукативно, односно учениците да се запознаат со селекцијата на отпадот и нејзиното значење. Кантите се распределени по претходно доставени списоци од општините. Во првиот бран се опфатени градинките, основните и средните училишта, а понатаму ќе бидат опфатени и другите јавни установи, амбуланти, министерства итн.

ПЛОТАЊЕ - Квалитетно и навремено

Плотање CAD цртежи до A0 формат со најсовремена апаратура за само 160 денари по метар квадратен. Виткање и пакување. За неспоменати услуги цената е договорна. ТЕРМОВИЗИЈА - СНИМАЊЕ СО ТЕРМАЛНА КАМЕРА

Новости од Македонија

Градот Скопје потписник на Конвенцијата на градоначалници Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, на 3-4 мај учествуваше на Конвенцијата на градоначалници за одржлива енергија на Европа, којашто се одржи во Брисел. На Конвенцијата учествуваа околу 1.300 градоначалници од градовите од Европа. Градот Скопје со потпишување на Конвенцијата на градоначалници, се приклучи кон првата и најамбициозна иницијатива на Европската Комисија којашто има цел локалните власти и граѓаните да ја преземат водечката улога во борбата против глобалното затоплување. Потпишувањето на Конвенцијата е дел од проектот „Градење капацитети за управување со енергијата во градовите“ во којшто Градот Скопје учествува заедно со Подгорица, Сараево, Загреб и Фрајбург. Градовите потписници на Конвенцијата треба да изработат Акционен план за одржлива енергија којшто покажува како градот ќе ја постигне својата цел за намалување Повеќе... на емисиите на СО2 до 2020 г.

Снимање на објекти на терен, анализа и извештај. Цената се определува во зависност од габаритот и бројот на објектите. Информации на тел.: 02 3090 178 или macef@macef.org.mk

Новости од светот

Британија извезува домашен отпад во Европа Британија ќе започне со извезување на домашен отпад кој ќе биде конвертиран во горивни палети главно во Европа којашто се справува со рециклирањето на растечката количина на домашен отпад. Генерирањето на домашен отпад го надминало капацитетот на британските општини во негово рециклирање. Такашто општините одлучиле да го претворат домашниот отпад во горивни палети и да ги експортираат истите во соседните земји ако што се Германија и Холандија. Европа е голем

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте не на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52-1, 1000 Скопје, тел. 02 3090 177, 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk


ИНФОМАЦЕФ 86 увозник на енергетски ресурси што е докажано како голем стратешки трн во скорешното минато. Повеќе... Авионите значаен извор на CO2 во следните 10 години Од Центарот за воздушен сообраќај и животна околина на Обединетото Кралство предвидуваат дека емисиите од авионите ќе станат значаен извор на јаглероден диоксид како и други стакленички гасови, и ќе ја дуплираат емисијата до 2050 Повеќе... год. Обновен договорот за размена на електрична енергија помеѓу Албанија и Косово Албанскиот и косовскиот електропроизводител го обновија договорот за размена на вишокот електрична енергија. Оваа практика, која почнала уште пред една година, ги намалила албанскиот и косовскиот увоз на енергија, а граѓаните добиле квалитетно и навремено снабдување. Оваа размена ќе овозможи КЕШ во текот на летото да не увезува електрична енергија. Повеќе... SEADOG пумпите ја жнеат чистата, брановата обновлива енергија од бреговите на Мексико Инсталацијата, проектирана од INRI, подружницата на Renew Blue, е дизајнирана да користи чиста, обновлива енергија од бранови за погонување на централа за хемиска подготовка на вода. Проектот ќе ги користи пумпните системи на SEADOG, кои не користат ниту сечила ниту турбини за производство на Повеќе... енергија од брановите. Сончеви ќелии на прозорецот блиску до вас!

Страна 4 милиони kWh чиста и обновлива енергија на годишно ниво. Новиот сончев концентратор ќе снабдува околу 30% од потребите за електричната енергија на колеџот. Оваа контрукција ќе служи $ како демострациски центар за тренинг Повеќе... програми и зелени работни места. Корисни web-адреси

www.energyweek.com.mk www.managenergy.net/kidscorner www.pep.org.mk www.sustenergy.org/ www.motorchallenge.org/ www.energy.eu – Енергетски портал на ЕУ

www.widethesee.eu www.worldbank.org www.erc.org.mk www.ase.org/ www.rec.org www.euractiv.com/

Манифестации 25та Конференција и саем за сонч. енергија од фотовол. панели 6 - 10 септември 2010, Валенсија, Шпанија Конференција за фотоволтажно конвертирање на енергијата од сонцето ќе ги собере на едно место трите најважни глобално научни како и стратешки ФВ конференции: 25та по ред европска конференција и саем за сончева енергија од фотоволтажни панели, 36та US IEEE конференција за фотоволтажни експерти како и 20та по ред конференција Азија/Пацифик ФВ наука и инженеринг. Повеќе... 10та Мегународна конференција за чиста енергија 15 - 17 септември 2010, Фамагуста, Северен Кипар Конференцијата ќе обезбеди платформа за решенија за двата глобални проблеми:намалување на количествата на фосилните горива, и проблеми со животната средина предизвикани со користењето на фосилните горива, како што е глобалното затоплување, осиромашување на озонскиот слој, киселите дождови, загадувањето, недостаток од Повеќе... кислород, излевање на нафта итн. Меѓународeн симпозиум „ЕНЕРГЕТИКА 2010” 07-09 октомври 2010, Охрид Традиционално ЗЕМАК на 16тиот Меѓународен симпозиум, има за цел да ги собере на едно место сите оние кои енергетиката ја сметаат за своја професија или за животна определба. Ќе се анализираат модерните светски трендови во енергетиката и ќе се предлагаат решенија за нивна примена во развојот и унапредувањето на енергетиката во Република Македонија. Повеќе...

Технолошката Академија од Финска ја додели Милениумската награда за технологија на професор од Швајцарија за пронајдок за нискобуџетни сончеви ќелии кои можат да се вградат во прозорци. Се работи за најголема награда во полето на технологијата или околу $960,000. Погледнете го видеото во кој пронаоѓачот зборува за изумот. Тој црпе инспирација во начинот на кој растенијата ја претвораат светлината во енергија. Повеќе... Тестирање на еко-емисиони конструкции во 87 социјални домаќинства Ниско-јаглеродните технологии за градба би можеле да допринесат за трансформација на британските домаќинства во позелени, како додаток на донесувањето на нивоата на јаглеродните емисии поблиску до Европската унија обврзувачките цели за намалување на емисиите на јаглерод до Повеќе... 80% се до 2050. Сончев комплекс од $8 милијарди во Алжир Компанијата Цевитал која е една од најголемите приватни компании во Алжир, бара странски инвеститори за поддршка на изградбата на сончев енергетски комплекс од $8 милијарди кој се предвидува да извезува на обновлива енергија во Европа. Повеќе... Трка за најголем сончев концентратор во САД Државениот колеџ на Калифорнија од САД инсталираше еден од најголемите соларни концентратори во САД. Потребни беа само два месеца за инсталирање на конструкцијата за шесткракиот концентратор којшто ќе генерира околу 2.6

Технологии за животна средина и клима 2010 12 - 13 октомври 2010, Рига, Латвија Конференцијата е предвидена како редовен научен форум и во 2010та год. е посветена на ублажувањето на климатскатските промени – развојот на технологиите за ниска емисија на јаглерод. Повеќе... Солар самит 2010 13 – 15 октомври 2010, Фрајбург, Германија Овогодинешната главна тема се фокусира на: “Соларни мобилни батерии, горивни ќелии и биогорива за самоодржлива електроПовеќе... мобилност”. ЕНЕРГОФОРУМ® 2010 14 -15 октомври 2010, Вајн, Словачка ЕНЕРГОФОРУМ е специјализирана енергетска конференција за оние кои се заинтересирани за енергетиката. Главната тема за овогодинешната конференција е Quo vadis, енергетика? Реорганизација на слободниот пазар. Повеќе... RENEXPO® Саем во Аугсбург 7-10 октомври 2010, Аугсбург, Германија 11-ти по ред Меѓународен саем за обновлива енергија и енергетски ефикасен објект и реновација. Повеќе... CEP пасивна куќа EXPO® 27-28 октомври 2010, Будимпешта, Унгарија Меѓународна изложба на пасивна куќа како и конференција – централна Европа. Овој настан е дел од Деновите на зелената архитектура. Повеќе...

Редакција: Центар за енергетска ефикасност на Македонија Главен уредник: проф. д-р К. Димитров; Редактори: м-р М. Димитрова, заменик гл. уредник, И. Петрушевски, Д. Димовска, Б. Калиманов, Ф. Стојановски и С. Паневски

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте не на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52-1, 1000 Скопје, тел. 02 3090 177, 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk

86 infomacef  
Advertisement