Page 1

Број 85

ЦЕНТАР ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ НА МАКЕДОНИЈА

април 2010

МАЦЕФ МАЦЕФ промовира енергетска ефикасност и почиста животна средина Во овој број:  Од уредникот  Активности на МАЦЕФ  Новости од Македонија  Новости од светот  Корисни web-адреси  Манифестации

OД УРЕДНИКОТ

Почитувани колешки и колеги, членови и симпатизери на МАЦЕФ! Месецот го обележа усвојувањето на Стратегијата за развој на енергетиката во Република Македонија до 2030 година, на владината седница одржана на 20.04.2010 година. Овој документ го дефинира најпогодниот долгорочен развој на енергетскиот сектор во државата, со цел да се обезбеди сигурно и квалитетно снабдување на потрошувачите со eнергија. Превземете за стратегијата тука. Соработка та со СЗО продолжува Проект на УНДП Започна изградба на куќа со карактеристики на „пасивна“ Рехау со револуционерен производ на домашниот пазар Презентација на извештајот - Оценка на методологиите за пресметка на енергетски перформанс, соодветни климатолошки параметри и потреба од климатолошки податоци Предавања со Американ колеџ Месец април изобилуваше со случувања во енергетиката. Како резиме од сите нив со сигурност можеме да кажеме дека се насочуваме кон изнаоѓање на начини да ја намалиме домашната зависност од фосилни енергенси иако сеуште производите и системите за искористување на обновливите извори на енергија на домашниот пазар имаат неконкурентни цени. Ви посакуваме пријатен сончев месец! Повелете со Вашите информации, ставови и коментари за другите теми поврзани со секојдневната примена на мерките во енергетиката, екологијата, како и информации за активности и нови производи кои со задоволство ќе ги промовираме. Поздрав од редакцијата,

Проф. д-р Константин Димитров ЦЕНТАР З А ЕНЕР ГЕТСКА ЕФ ИКАСНОСТ НА М АКЕДОНИЈА - М АЦЕФ

МАЦЕФ е доброволно научно здружение коешто нуди услуги и стручни знаења од областа на енергетиката и заштита на животната средина во Република Македонија и пошироко. МАЦЕФ е член на меѓународната мрежа за ЕЕ RENEUER (Regional Network on Efficient Use of Resources). МАЦЕФ е член на managenergy формирана од EC DGTREN. МАЦЕФ e член на Асоцијацијата на консултантски организации. МАЦЕФ е официјален партнер на Sustainable Energy Europe.

Активности на МАЦЕФ Проект на СЗО На 30-ти минатиот месец, во салата на хотелот „Холидеј Ин“ во Скопје, беше одржан семинарот за заразни болести и климатски промени во организација на СЗО Македонија. Оваа средба е дел од активностите кои се дел на проектот за ублажување на ефектите од климатските промени врз здравјето на луѓето во Република Македонија. Презентираа доц. д-р В. Кендровски, м-р М. Спасеновска, проф. д-р К. Димитров, д-р К. Шенкел и прим. д-р Ж. Караџовски.

Д-р Кендровски презентираше за глобалните движења во однос на климата и здравјето, додека м-р Спасеновска се осврна на процесите преземени во нашата држава како противтежа на ефектот на климатските промени врз човековото здравје. Г. Мирослав Спасовски ја прикажа веб страната и софтверскиот систем за рана сигнализација на потенцијалните топлотни бранови и начинот на нивна работа. Проф. д-р К. Димитров од Центар за енергетска ефикасност на Македонија –МАЦЕФ ги објасни причините, последиците и начините за ублажување на климатските промени преку навремено и систематско отстранување на причините преку мерките за енергетска ефикасност коишто во иднина можат и требаат да бидат земени во предвид при реконструкциите на здравствените објекти бидејќи тие се дел од објектите од посебно значење и третман за нашето општество. На самиот крај на семинарот д-р Шенкел и д-р Караџовски го промовираа прирачникот за епидемиолошки заболувања и истражувањата во Македонија во однос на новите болести кои директно или индиректно се поврзани со ефектите од климатските промени кои се наменет за матичните лекари. Проект „Ублажување на климатските промени преку подобрување на ЕЕ во градежниот сектор“ На 22 април во Дипломатик салата на Скопски саем се одржа работилница за разгледување на пристапите за прибирање на климатолошки податоци како и податоци за потрошената енергија од јавните објекти на проектот ”Ублажување на климатските промени преку подобрување на енергетската ефикасност во градежниот сектор”. Претседавач беше г-ѓа Теодора Обрадовиќ Грнчаровска, државен советник во Министерството за животна средина и просторно планирање. Исто така, следеше и презентација на проектот 4E – SECO од г. Јордан Ангеловски, Агенција за енергетика на РМ, презентација на пристапот за прибирање на податоци за

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте не на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52-1, 1000 Скопје, Тел. 02 3090 177 Факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk


ИНФОМАЦЕФ 85 потрошена енергија, национален регистар на јавни објекти и софтвер за истите од г. Илија Саздовски, раководител на проектот од УНДП, презентацијата на извештајот “Оценка на

методологиите за пресметка на енергетски карактеристики, соодветни климатолошки параметри и потреба од климатолошки податоци” од страна на екпертот од МАЦЕФ, г. К. Димитров. Дискусијата се осврна на најбитните точки од презентациите. Рехау со нов прозорски систем На 22-ри април во просториите на мултибизнис центарот на Скопски саем, компанијата РЕХАУ имаше официјално претставување пред широката јавност на револуционерниот прозорски ситем GENEO. г-от Хелмут Грошедл од австриската централа на РЕХАУ имаше презентација, при што детално беа објаснети карактеристиките на овој систем, а присутните имаа можност и лично да се уверат во квалитетот и високите перформанси преку практичната презентација на механичките особини. ЕЕ и безбедност при работа во град. индустрија На 27.04.2010 година во хотел “Queens” се одржа еднодневен семинар на тема „Енерегетска ефикасност и безбедност и здравје при работа во градежната индустрија во Македонија“. Екипата на МАЦЕФ, заедно со други компании зема учество на овој семинар. На семинарот презентираа г. М. Шродер, Германија кој говореше за методите кој можат да се применат во градежниот сектор во врска со ЕЕ, г. О. Шхолмејер

Страна 2 напор многу актуелните енергетски теми да им ги доближи на студентите од втора година на додипломски студии. Во тек се и преговори за спроведување на практична работа на студентите во МАЦЕФ. Повеќе... Проект „ЕЕ градење со акцент на фасадна технологија“ На 29-ти, минатиот месец, во просториите на претставништвото „Алпос STO“, се одржа 5. состанок на работно техничката група (РТГ) од проектот „Енергетско ефикасно градење со акцент на фасадна технологија“. Ова беше првиот состанок по подолг период на мирување на проектот со што се разгледаа можностите и начините за продолжување на активностите поврзани со овој проект. Овој проект го опфаќа третиот дел од програмата за енергетска ефикасност во објекти што ја води Австриската развојна агенција во Македонија со своите соработници, УНДП и АЕРМ. На дневниот ред беа претставени досегашните остварувања и моменталната ситуација на активностите мотивирани од овој проект, идеите и можните решенија за следните чекори, како и коментарите во однос на „Прирачникот за монтажа на контактна фасада“. ЕВН-проектот по училишта ја заврши сезоната 2009/10 МАЦЕФ ја заврши 5. фаза од проектот „Разумно користење на електричната енергија“ на ЕВН Македонија наменет за основните училишта. Во оваа фаза предавачите од МАЦЕФ посетија и опфатија 40 училишта, 228 работилници или 5085 ученици. Беа посетени училиштата од северо-западниот регион на Македонија и тоа градовите: Свети Николе, Велес, Тетово, Скопје и општините: Маврово и Ростуше, Липково, Чашка, Теарце, Јегуновце, Желино, Врапчиште, Илинден, Арачиново. Во подготовки се квиз и ликовна колонија, кои ќе се одржат во ОУ Кочо Рацин од Скопје, на 15-ти мај.

Специјален прилог – АНАЛИЗА

Во овој број МАЦЕФ направи анализа на многу актуелните повластени тарифи за прозводство на енергија од обновливи извори на енергија. Превземете за комплетната споредба и коментар на европските и домашните тарифи тука.

МОМЕЕ

од Германија кој говореше за безбедноста и здравјето во градежниот сектор во Германија и општо во Европската унија, г-ца Викторија Митревска која говореше за Законот за Безбедност и здравје при работа. По секоја презентација имаше квалитетна дебата на која земаа збор сите присутни. Предавања на Универзитет Американ Колеџ Скопје МАЦЕФ има долгогодична традиција на негување соработка академските институции до земјата на две нивоа, и тоа техничко и образовно. Така, веќе три години тесно соработува на поле на реализација на проекти и промотивни активности со

Чашка ја подготвува Општинската програма за ЕЕ Во рамки на членството во МОМЕЕ, МАЦЕФ во тесна координација со тимот задолжен за овие прашања во општина Чашка, и тоа Емилија Спировска и Димче Ангелов ги разработуваат и анализираат податоците за енергетска потрошувачка во објектите во надлежност на општината со цел насоките за заштеда кои ќе се постават во Програмата за ЕЕ да бидат реално основани. Оваа општина, со својата проактивност во доменот на ЕЕ е вистински пример за реализација на зацртаното.

М акедонска oпш тинска м реж а за енергетска еф икасност

Сегашни членови на МОМЕЕ се општините: Сарај, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Центар, Гази Баба, Валандово, Чаир, Кочани, Ресен, Берово, Аеродром, Гевгелија, Штип, Чашка, Прилеп, Богданци, и Кичево. Во најскоро време очекуваме кон неа да се приклучат и работни организации и институции кои се вклучени во програмите поврзани со енергетската ефикасност.

Годишна членарина:

24 000 денари

Новости од Македонија

Универзитетот Американ Колеџ Скопје, а веќе од неодамна во насока на збогатување на образовните содржини. Имено, вработените во МАЦЕФ се редовни гости предавачи по предметот Бизнис етика, каде асс. Проф. Кирил Савовски прави

Конференција за фотоволтажни системи На 27 април 2010 во конференциската сала на Воденица во Скопје се одржа германско-македонска Конференција за сончеви фотоволтажни системи и употребата на сончевата енергија можности за финансирање, законски рамковни услови,

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте не на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52-1, 1000 Скопје, тел. 02 3090 177, 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk


ИНФОМАЦЕФ 85 каде присуство зеде германската делегација, претставници на германски фирми и локални чинители. Воведен говор имаше гдинот Михаел Шмит, директор на АНК Македонија како и гдинот Томас Штридер заменик амбасадор и раководител на економскиот оддел. МАЦЕФ имаше свои претставници на настанот. Се гради високоенергетски ефикасен објект Во Струмица започна изградба на објект проектиран според стандардите за пасивни куќи каде потребна енергија за греење на годишно ниво е 15kWh/m2 Рехау системи кои ќе бидат вградени во Објектот Експро – Струмица се следните: Систем за енергетски ефикасна контролирана вентилација на објектот со геотермија, со топлински изменувач Земја - Воздух или Awadukt Thermo, Систем за греење и ладење на објектот со Рехау

Топлинска пумпа вода-вода, Систем за искористување на сончевата енергија за загревање на санитарна топла вода и поддршка на греењето, Рехау површинско (подно и ѕидно) греење и ладење на објектот како и најнова генерација прозорски системи ГЕНЕО со коеф. на топлинска проводливост Uf=0,85 W/m2K. За објектот да ги постигне потребните перформанси ќе се вградат и вентилиран кров Knauf Insulation U=0,123 W/m2K, фасаден ѕид Knauf U=0,143 W/m2K, Knauf систем ѕид и ѕидна облога, течна кошулка Knauf Fliessestrich и Knauf системи акустични таваници. Повеќе

ПЛОТАЊЕ - Квалитетно и навремено

Плотање CAD цртежи до A0 формат со најсовремена апаратура за само 160 денари по метар квадратен. Виткање и пакување. За неспоменати услуги цената е договорна. ТЕРМОВИЗИЈА - СНИМАЊЕ СО ТЕРМАЛНА КАМЕРА

Снимање на објекти на терен, анализа и извештај. Цената се определува во зависност од габаритот и бројот на објектите. Информации на тел.: 02 3090 178 или macef@macef.org.mk

Новости од светот Oколу 6300 хектари ќе бидат повторно пошумени да би се намали емисијата на јаглерод Албанските шуми имаат придобивка од УН фондовите за самоодржлив развој. Канцеларијата на Светската банка група во Република Албанија објавува дека обезбедила средства од Чистиот развоен механизам на Обединетите нации за финансирање на повторното пошумување на Албанија. повеќе... Lacq проект Заробувањето на јаглерод како и негово чување е нова технологија која нуди намалување на CO2, со негово заробување, после одвојувањето од другите составни делови, потоа негово траспортирање, обично со цевководи, но би можело и со помош на садови, до крајното складишно

Страна 3 место, коешто мора да биде геолошки соодветно како и безбедно место, како што се длабоки солени водени површини или веќе искористени (потрошени) нафтени или гасни полиња. повеќе... Со паметни мерачи до поголеми заштеди Шема за енергетска ефикасност (претходно позната како Комитет за намалување на јаглерод) беше пуштена како дел од планот на Обединетото кралство за намалување на емисијата на јаглерод како и за создавање на економија со ниска емисија на јаглерод, цел којашто ќе ги замени сите мерачи на гас и електрични броила со паметни мерачи до 2020 г. Ова е најголема програма уште од 1970та кога уредите во 17 мил. домови во Обединетото Кралство се префрлија на природен гас. повеќе... Гасоводот Набуко и Јужни поток пројавуваат сериозни несигурности во Република Србија Многу предвидувања како и контрадикторности беа кажани изминатиов период за можноста за спојување на гасоводот Набуко и Јужни поток. Меѓу многуте изјави изјавата на Валери Јажев, претседател на комитетот за енергија, транспорт и комуникации како и претседател на Руското здружение за природен гас произнесе одредена несигурност помеѓу граѓаните на Република Србија, иако претставниците на Гаспром кои неодамна ја негираа можноста за спојувањето на двата гасоводни проекти заедно. повеќе... Електростопанството на БИХ со нови електрични броила Поради напредокот во процесот на мерење на електрична енергија како и нејзино ефикасното користење, јавната компанија Електростопанство БИХ, претстави новиот сервис во електродистрибутивниот системдалечинско читање и мониторинг на електричните броила. повеќе... Ветерни турбини интегрирани во згради Зашто да се користат празни области и да се уништува природната околина за да се постават ветерни турбини, ако овие ветерни турбини би можеле да се вклопат во простори кои примарно се користат за други цели? Досега архитектонските проекти кои се соочуваат со зградите кои се пријателски настроени кон животната средина веќе повеќето ги имаат истражено начините да се инсталираат или да се интегрираат фотоволтажните панели, а следат и истражувања за поставување ветерни турбини во урбаните средини. повеќе... Емисијата на CO2 во Европа падна за 11% во 2009 Вкупните индустриски емисии на CO2 изнесуваа 1.887 милијарди тони во 2009., според проценките од пазарот на Поинт Карбон. Ова е пад за 11% од предходната година, потврдувајќи дека рецесијата го задуши индустриското производство како и побарувачката на енергија дури повеќе минатата година отколку што беше во 2008. повеќе... Компанијата X cel Energy ја смалува употребата на јаглен на Колорадо за 30% Една од најголемите енергетски компании во Колорадо, Xcel Energy ги исклучува од употреба термоелектраните на јаглен со производна моќност од 900 MW и ги заменува со електрани на природен гас. Овој потег на само една компанија ќе ја намали целата енергија добиена од јаглен на Колорадо за зачудувачки 30%. Што го предизвика овој зачудувачки потег? Чист воздух-чисти работни места! повеќе... Мароко ново сончево-енергетско кралство А зошто да не! Пустинското кралство на Северна Африка годишно добива преку 3000 ч. на сигурна сончева енергија – секоја година. Мароко ќе инвестира $9 милијарди однапред за изградба на 2GW сончеви постројки, распоредени помеѓу 5 сончеви централи, до 2020 г. 2,000MW се доволни за снабдување со енергија на 40% од електричната енергија која е еднаква на потрошувачката нa 32 милиони луѓе, кои очигледно имаат релативно пристојни енергетски потреби. повеќе... Откриен суперспроводлив материјал на молекуларно ниво Лист потенок од нанометар широчина и само четири пара на молекули сега претставува најмалиот светски суперспроводник и докажува дека може да се направат суперспроводливи материјали на нанометриско ниво, што е очигледна предност за енергетските уреди и електроника. На овој пронајдок работеа научници од Охајо, САД. повеќе... Thorium One ќе го рециклира нуклеарниот отпаден продукт Канадска компанија од Ванкувер се финансира развој на нов дизајн гориво – наречен Thorium Plutonium MOX – кој што велат може да користи во постоечките инфраструктури на нуклеарните реактори производството на нуклеарна енергија која не создава отпад кој можел да се искористи за нуклеарна бомба. повеќе...

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте не на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52-1, 1000 Скопје, тел. 02 3090 177, 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk

на се во би


ИНФОМАЦЕФ 85

Страна 4

Гориво за автомобил од јаглероден диоксид? Ако автомобилот се движи беспрекорно на коловозот и конзумира јаглероден диоксид од воздухот како гориво наместо бензин, каков свет од соништата би било тоа. Истражувачи од југозападот работат на проект од 1.4 мил. фунти за реализација на оваа идеја бидејќи издувните гасови од автомобилите се корен на ефектот на стаклена градина. повеќе... Првиот јаглеродно – неутрален град во светот во Абу Даби Веројатно е тешко да се замисли дека првиот самоодржлив град во светот би бил изграден во пустина кадешто условите за живот на луѓето и не се така пожелни. Како и да е, Masdar иницијативата којашто стои позади овој проект од висок ранг за конструкција на градот Masdar во Абу Даби сака да стане водечки извор на енергетски решенија во иднината. Не е така изненадувачки дека името на проектот е Masdar, којшто значи ”извор” на Арапски јазик. повеќе... Türanor, светски најголемиот чамец погонуван од сончева енергија, генерира вистински предизвик за иднината Во пристаништето Knierim, тим од експерти работеше на чамецот изминативе 13 месеци. Сега веќе плови во Балтичкото море, кадешто и ќе се тестира неколку месеци пред да биде пуштен да крстосува по Медитеранот. повеќе... Машината за перење со 40% помала емисија на CO2 Xeros Ltd, заснован во Лидс, Англија, патентираше систем за машина за перење која речиси и не користи вода за перење со којашто се тврди дека ги чисти алиштата исто како и конвенционалните машини за перење со вода и детергент. повеќе... Когенерација во југо-источна Европа “Когенерација во југо-источна Европа“ беше една од темите на 6.Меѓународен конгрес за енергетска ефикасност и обновлива енергија за југо-источна Европа, одржан во Софија, Република Бугарија од 14 до 16 април 2010год. Проследете ги презентациите и заклучоците на следниот линк повеќе... Општините во Италија работат на обновлива енергија 6.993 општини во Италија имаат инсталација за барем еден обновливив извор на енергија, 97% од инсталациите отпаѓаат на термални сончеви колектори и фотоволтажни панели. 5.580 нови инсталации биле нарачани во текот на 2009, што претставува значителен скок од вкупно 3.190 регистрирани општини во 2008 година. 15 општини ги покриваат своите потреби од енергија само од ОИЕ. повеќе Еко авион- Зошто пак не! Сончево придвижуваниот авион „Сончев Импулс“ го оствари својот прв лет на воениот аеродром во Payerne, Швајцарија. Прототипот, со распон на крилјата исто како на Боинг 747 и тежина на мал автомобил, изврши двочасовен тест лет со цел да се испита дали авионот може да ја задржи правата траекторија. Проектот „Сончев Импулс“ е прв чекор кон конструирање на авион кој ќе лета само од сончева енергија. повеќе Нов поглед на биогоривата Биогоривата, како што се биодизелот добиен од соја може да создаде до четири пати повеќе штетни гасови од дизел или бензин горивата од сурова нафта, според една студија на Европската унија. Студијата беше завршена и објавена уште во декември 2009 г., но од неа бил отстранет прилогот во кој се објавуваат научни податоци кои фрлија нов поглед врз проблемот на биогоривата. Податоците покажуваат дека биодизелот произведен од американска соја создава емисија на СО2 од 339,9 кg / GJ, што е четири пати повисок отколку од дизел горивото. повеќе Ќе никнат две нови фарми со ветерници во Турција до 2011 Турската компанија Gama Enerji планира да ги изгради две нови фарми со ветерници во Турција во 2011 г. Се очекува дека првата фарма VE Sares со капацитет од 22,5MW во западна Турција да биде ставена во функција во почетокот на 2011 г, а втората VE Karadag со капацитет од 10MW во близина на Измир кон крајот на март 2011 г. година. Двата проекти изнесуваат вкупно 54 мил. евра, од кој 44 мил. евра се заем од Турската индустриска банка за развој (TSKB). повеќе

Корисни web-адреси

www.energyweek.com.mk www.managenergy.net/kidscorner www.pep.org.mk www.sustenergy.org/ www.motorchallenge.org/ www.energy.eu – Енергетски портал на ЕУ

www.widethesee.eu www.worldbank.org www.erc.org.mk www.ase.org/ www.rec.org www.euractiv.com/

Манифестации

Заштедете енергија, заштедете вода, спасете ја планетата, саем и интернационална конференција за животна средина 3 - 5 jуни 2010, Софија, Бугарија Овој настан ќе опфати три теми: енергетска ефикасност, нови технологии за прочистување на вода и отпадни води, справување со отпадот и рециклирање. повеќе... ЕСМТ Годишен форум 2010та – Луѓе, планета, профит: Создавање на самоодржлива иднина 16 - 17 jуни 2010, Берлин, Германија ЕСМТ ќе биде домаќин на водечките меѓународни бизнис лидери за дебата на тема улогата на Европа во зголемена глобална бизнис арена. Вториот ден од ЕСМТ годишниот форум ќе биде посветен на академски панели. повеќе... 5ти Меѓународен симпозиум и изложба (МЕЕСИ-5) 27 - 30 јуни 2010, Денизли, Турција МЕЕСИ-5 цели да создаде платформа за истражувачите, учесници во индустријата како и релевантни организации од целиот свет за размена на идеи во врска со енергијата, нејзината употреба како и прашањата со кои се соочуваме како и последните технолошки напредоци. повеќе... Премостување ГИС, Просторна екологија и чуство за просторно планирање (ГИСЛЕРС) 29 jуни - 9 jули 2010, Салцбург, Австрија Настанот е фокусиран на употребата на географски информациски системи како и техники за анализа на просторно планирање, развивање на сигурни модели за крајно сценарио. повеќе... АЕБИОМ Европска конференција за биоенергија и РЕНЕКСПО® Биоенергија Европа 30 јуни - 1 јули 2010, Брисел, Белгија Градејќи го Европскиот „специјален настан“ за биоенергија, РЕНЕКСПО® Биоенергија Европа како и АЕБИОМ Европската конференција за биоенергија ќе се одржат за прв пат во Брисел. повеќе... Втора Интернационална конференција за нуклеарни и ОИЕ 4 - 7 jули 2010, Анкара, Турција Оваа конференција ги опфаќа обновливите како и нуклеарните енергии и нивните најнови технологии. повеќе... 25та Конференција и саем за сонч. енергија од фотовол. панели 6 - 10 септември 2010, Валенсија, Шпанија Конференција за фотоволтажно конвертирање на енергијата од сонцето ќе ги собере на едно место трите најважни глобално научни како и стратешки ФВ конференции: 25та по ред европска конференција и саем за сончева енергија од фотоволтажни панели, 36та US IEEE конференција за фотоволтажни експерти како и 20та по ред конференција Азија/Пацифик ФВ наука и инженеринг. повеќе... 10та Мегународна конференција за чиста енергија 15 - 17 септември 2010, Фамагуста, Северен Кипар Конференцијата ќе обезбеди платформа за решенија за двата глобални проблеми:намалување на количествата на фосилните горива, и проблеми со животната средина предизвикани со користењето на фосилните горива, како што е глобалното затоплување, осиромашување на озонскиот слој, киселите дождови, загадувањето, недостаток од кислород, излевање на нафта итн. повеќе... Технологии за животна средина и клима 2010 12 - 13 октомври 2010, Рига, Латвија Конференцијата е предвидена како редовен научен форум и во 2010та год. е посветена на ублажувањето на климатската промена – развојот на технологиите за ниска емисија на јаглерод. повеќе... ЕНЕРГОФОРУМ® 2010 14 -15 октомври 2010, Вајн, Република Словенија ЕНЕРГОФОРУМ е специјализирана енергетска конференција за оние кои се заинтересирани за енергетиката. Главната тема за овогодинешната конференција е Quo vadis, енергетика? Реорганизација на слободниот пазар. повеќе...

Редакција: Центар за енергетска ефикасност на Македонија Главен уредник: проф. д-р К. Димитров; Редактори: м-р М. Димитрова, заменик гл. уредник, Ј. Д. Капац, И. Петрушевски, Ж. Илиевски, Д. Димовска, Б. Калиманов, Ф. Стојановски и С. Паневски

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте не на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52-1, 1000 Скопје, тел. 02 3090 177, 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk

85 infomacef  
Read more
Read more
Similar to
Popular now
Just for you