Page 1

Број 84

ЦЕНТАР ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ НА МАКЕДОНИЈА

март 2010

МАЦЕФ МАЦЕФ промовира енергетска ефикасност и почиста животна средина Во овој број:  Од уредникот  Активности на МАЦЕФ  Новости од Македонија  Новости од светот  Корисни web-адреси  Манифестации

OД УРЕДНИКОТ

Почитувани колешки и колеги, членови и симпатизери на МАЦЕФ! Месец март, како и досегашниот период за вработените во МАЦЕФ, беше исполнет со активности, кои нѐ принудуваа да работиме ефикасно. Нацртот на Енергетската стратегија на Македонија е испратен до главните учесници во овој сектор – производители и потрошувачи на енергија и тоа од секоја гранка (академски институции, асоцијации и здруженија, комори, стопански единици). СЗО приготвува јавен повик до производителите на сончеви колектори и монтажерите на нови прозорци за вградување во болниците во Штип и Гостивар. Повикот треба да биде објавен во месец април. За одбележување се и активностите на нашите претпријатија кои активно се вклучуваат во сопственото екипирање за да ги исполнат пазарните потреби за висококвалитетни производи, се разбира, од секторот на енергетската ефикасност. Една од таквите компании е и фирмата Кристал од Струмица, која произведува термопан “К“ стакло, како и дупло калено стакло со вметната фолија (за стаклени фасади). АЕА (Австрија) и Агенцијата за енергетика го завршија повторениот конкурс за избор на заменик проектен раководител. Соработка СЗО продолжува Во организација на Советот за регионална соработка беше организирана панелна дискусија со тема „Реализација на енергетската политика – Бариери и можности“ ЕБРД се советува со граѓанскиот сектор МАЦЕФ – Анализа Обука за енергетска база на податоци за општините Посета на производни организации Ги очекуваме Вашите информации, ставови и коментари за другите теми поврзани со секојдневната примена на мерките во енергетиката, екологијата, економијата (како нераскинлива верига) како и информации за поедини активности и нови производи на нашиот пазар кои сакаме да ги промовираме. Поздрав од редакцијата,

Проф. д-р Константин Димитров

ЦЕНТАР З А ЕНЕРГЕТСКА ЕФ ИКАСНОСТ НА М АКЕДОНИЈА - М АЦЕФ МАЦЕФ е доброволно научно здружение, коешто нуди услуги и стручни знаења од областа на енергетиката и заштита на животната средина во Република Македонија и пошироко. МАЦЕФ е член на меѓународната мрежа за енергетска ефикасност RENEUER (Regional Network on Efficient Use of Resources). МАЦЕФ е дел од мрежата managenergy формирана од страна на European Commission DG Energy and Transport http://www.managenergy.net МАЦЕФ e член на Асоцијацијата на Консултантски организации. МАЦЕФ е член на РЕЕЕП, Motor Challenge Programme и официјален партнер на Sustainable Energy Europe.

Активности на МАЦЕФ 17 март - Реализација на енергетската политикабариери и можности Панел-дискусија во организација на Советот за глобална соработка, при што проф. д-р Константин Димитров беше модератор. На оваа значајна тема ги “вкрстија копјата“ еминентни учесници во секторот енергетика и тоа: Академик Г. Каневче (Енергетска стратегија, Базна студија за обновливи

извори), д-р Рубин Талевски(ФЕИТ-состојба со пазарот на електрична енергија), д-р Атанас Кочов, декан на МФС (состојби со примена на ЦДМ проекти и улогата на УНИДО канцеларијата во Македонија), д-р Ристо Јаневски (ОКТА – пазарот, опкружувањето и состојбите со течни горива), д-р Д. Хаџи Мишев (Топлификација – когенерација и состојбите со снабдување со природен гас), г. Славе Ивановски, бивш претседател на Регулаторна комисија за енергитика на Македонија и д-р К. Димитров (МАЦЕФ – енергетска ефикасност и влијание на енергетската политика). Во полемиката учествуваа и г. Стојан Андов (Собрание на РМ) – г. Т. Костовски. Бројни прашања беа поставени и од присутните новинари. Заклучоци или насоки за регионална соработка може да се очекува да бидат приготвени од страна на организаторот. Посета на производни организации Во организација на проф. д-р Т. Груевски беа посетени две фирми од секторот дрвна индустрија. Посетата беше наменска за да се информираат производителите за постоењето на новата лабораторија за испитување на производи од дрвна индустрија, која е раководена од доц. д-р З. Груевски, при

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте не на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52-1, 1000 Скопје, Тел. 02 3090 177 Факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk


ИНФОМАЦЕФ 84 Шумарскиот факултет во Скопје. МАЦЕФ ја испитува можноста да се прошири опсегот на оваа лабораторија и во делот на определување на топлинскиот флукс низ прегради, што е од посебен интерес за производителите на прозорски рамки и стакло (секој вид прегради).

Имер Саити, Шмеки, д-р Т. Груевски и Блажо Сојанов во просториите на Кристал 64

Беа посетени производителот на висококвалитетни дрвени рамки „Мателен“ во Гевгелија и производителот на термопан стакло „Кристал 64“ во Струмица, а во присуство на сопственикот на „Шмеки“ (производство на рамки од ПВЦ, алуминиум и дрво).

Современа технолошка линија за подготовка на Термопан „К“ стакло полнето со аргон

Корисна информација беше дека се очекува монтажата на НЦ машина за двострано сечење на стакло, која е неопходна за лепените двојни стакла наменети за стаклени фасади. Не’ радува напредокот на секоја компанија, која произведува висококвалитетни енергетски ефикасни производи.

Честитки од тимот на МАЦЕФ.

Во најскоро време ќе посетиме и други производители на опрема, за да ги претставиме на македонската јавност и на тие кои не се вклучени во директна соработка со овие компании. ЕБОР ги оптимизира активностите во консултации со граѓанскиот сектор ЕБОР (Европска банка за обнова и развој) организираше консултативна работилница за граѓанскиот сектор на 10. март во централата на банката во Лондон. 15 претставници од НВО-ции, тинк-танк организации и образовниот сектор од десет држави – Хрватска, Чешка, Македонија, Грузија, Казакстан, Литванија, Романија, Србија, Украина и Велика Британија разговараа за стратешките аспекти на документот „Capital Resource Review 4“ со раководството и Бордот на директори на Банката. Во воведниот говор претседателот на банката г. Мироу ја нагласи важноста за конструктивен дијалог со претставниците на граѓанскиот сектор, кои ќе и помогнат на Банката во проценка на тековните активности и значително унапредување на работата на среден рок. Дискусијата се фокусираше иституционалните приоритети на Банката и

Страна 2 нејзината улога во промоција на транзицијата во регионот, транспарентноста како и социјалните прашања вклучувајќи $ намалување на сиромаштијата и родовата еднаквост. Учесниците укажаа на потребата од померливи и поконкретни цели за одржливост, додека г-ѓа Македонка Димитрова и Јасминка Капац од МАЦЕФ укажаа на потребата за зголемување на инвестициите во полето на енергетска ефикасност и обновливата енергија како и намалување на инвестициите кои зависат од употреба на фосилни горива. МАЦЕФ, ја поздравува оваа иницијатива на Банката, и продолжува со насочена соработка со репрезентативната канцеларија на ЕБОР во Македонија. Презентирани резултатите од проектот за ублажување на ефектите од климатските промени во Македонија На осми, минатиот месец, во просториите на Светската здравствена организација во Скопје беа презентирани резултатите од енергетските контроли кои беа реализирани во Клиничките болници во Штип и Гостивар. На состанокот присуствуваа претставници на СЗО кои се водачи на овој проект, МАЦЕФ како консултанти, и секако официјални лица од клиничките болници за кои стануваше збор. Беа презентирани тековните состојби на енергетски план во двете институции, како и можните методи и планови за решавање на истите. Со официјалните лица од СЗО и двете институции беа изведени заклучоци за приоритетните мерки кои би требало да се преземат со определен временски рок на изведување. Со овој состанок се заокружи втората од четирите етапи од проектот „Ублажување на ефектите од климатските промени врз здравјето на луѓето во Република Македонија“. Проектот за штедење на енергија поддржан од ЕВН Македонија Проектот Училишен сервис и овој месец продолжи со истиот континуитет како и минатото полугодие. Во текот на овој месец волонтерите од МАЦЕФ посетија вкупно девет училишта од северо-западниот регион од републикава. Прво училиште кое беше посетено беше училиштето Петар Поп Арсов од с. Богомила, а потоа училиштата: Асдрени-с. Глоќи, Фаик Коница- с.Доброште, Шемшево- с. Шемшево, Панајот Гиновски-Бутел, Братство-Тафталиџе 2, Фаик Коница- с.Радуша, Култура-с.Матејче, Бајрам Шабани- с.Грушино и Антон Зако Чајупи- с.Отља. Вклучување на МАЦЕФ во активностите на проектот за зголемување на употребата на термални сон. колектори МАЦЕФ како дел од проектот „WIDETHESEE“ во март месец престојуваше Грција во Ксанти и Солун на работна средба. Беа презентирани седум проекти на кои се изврши евалуација и се

одбраа најдобрите четири, којшто панатаму ќе бидат презентирани и коментирани за можни најдобри пракси во употребата на термални сончеви колектори во земјите потписнички на проектот. Исто така, се посетија две фотоволтажни полиња, едното со капацитет од 20 kW, а другото со капацитет од 100 00 kW. По работата на четирите тематски групи, во Солун се испланираа идните чекори во рамки на проектот.

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте не на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52-1, 1000 Скопје, тел. 02 3090 177, 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk


ИНФОМАЦЕФ 84

Страна 3

Специјален прилог - АНАЛИЗА Анализа за ЦДМ проекти и Систем за тргување со јаглеродни ем исии (ETШ )

2009 година беше втора во првиот обврзувачки период според Протоколот од Кјото (2008 - 12, а исто така и на втората фаза на тргување со ЕУ Емисии (ЕТС). ЕУ ЕТШ доживеа турбулентни времиња во изминатите години, со падот на цените во првата фаза и контроверзиите околу националните планови за распределба. Превземи цел текст

МОМЕЕ

М акедонска oпш тинска м реж а за енергетска еф икасност Сегашни членови на МОМЕЕ се општините: Сарај, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Центар, Гази Баба, Валандово, Чаир, Кочани, Ресен, Берово, Аеродром, Гевгелија, Штип, Чашка, Прилеп, Богданци, и Кичево. Во најскоро време очекуваме кон неа да се приклучат и работни организации и институции кои се вклучени во програмите поврзани со енергетската ефикасност.

Годишна членарина:

24 000 денари

Одржана 5-тата средба од првата фаза од обуката наменета за за општините членки на МОМЕЕ На 18-ти март се одржа 5-тата и воедно последна средба наменета за општините- нови членки на МОМЕЕ. Последната средба беше сублимирање на презентираниот материјал, а заврши со вежби за пополнување на енергетска база на податоци со податоците кои беа собрани од страна на претставниците на општините. Општиот впечаток е дека општините пројавуваат голем интерес за енергетската ефикасност како една од мерките за поголем економски и еколошки развој, но потребно е уште поголем ангажман на сите управни и оперативни нивоа. Со ова е завршена првата фаза од обуката наменета за општинските кадри.

Новости од Македонија

Проект за „Ублажување на климатските промени преку подобрување на ЕЕ во градежниот сектор“ На 3. март се одржа работилница со цел одредување на потребите на локалните самоуправи од областа на ЕЕ на јавните објекти, а се потпиша и меморандумски договор помеѓу Развојната програма на ОН и ЕВН Македонија. На средбата имаше повеќе од 120 учесници од општините од кои 13 градоначалници, претставници на Министерството за животна средина, ЗЕЛС, АДА, ЕВН Македонија, Топлификација, МАНУ, СЗО, Комора на архитекти и инженери, ЕТФ, ГЕФ - ПМГ, ГТЗ и НВО. Г-ѓа Ан Мари Али го претстави влианието на проектот во смисла на заштеда на буџетски средства преку мерки за ЕЕ. Г-динот Георг Валднер – Претседател на УО на ЕВН ја посочи важноста на општествената одговорност на компаниите како и битноста од контролиран мониторинг на трошоците на енергија на општините. ЕВН за потребите на проектот ќе им ги отстапи податоците за потрошена електрична енергија на општините и тие ќе бидат внесени во електронска апликативна алатка за мониториниг на енергетските трошоци на општинско ниво. Базна студија за обновливи извори Во организација на Министерството за економија и МАНУ, беше организирана јавна дебата за Базната студија за обновливи извори во РМ. Со изработката на акционен план, оваа базна студија ќе прерасне во Стратегија на РМ за користење на обновливи извори на енергија. Презентацијата на студијата ја направи раководителот на проектот академик проф. д-р Глигор Каневче. „Когел - Север“ ќе тргува со „јаглеродни кредити“ За неколку месеци ќе стартува 20 мил. евра вредната инвестиција во гасната централа „Когел – Север“, лоцирана во комплексот на „Рудници и железарница“ во Скопје. Оваа когенеративна централа ќе произведува електрична и топлинска енергија од приро-ден гас. Како прв проект во Македонија и во регионот, целосно изведен согласно со „Механизмот за чист развој“ од „Кјото – протоколот“, оваа гасна централа ќе заработува годишно околу 1 мил. евра и од продажбата на така наречените „јаглеродни кредити“.

Фирмата ’Камко’ од Австрија ќе биде брокер и ќе ги продава овие сертификувани, потврдени намалувања на емисии на CO2 во атмосферата на некоја фирма Македонија, како потписничка на „Кјото – протоколот“ од продажбата на овие „јаглеродни кредити“ сертифицирани кредити за редукција на емисиите на јаглерод диоксид, односно на потврдените намалувања на испуштањата на јаглероден диоксид и други стакленички гасови во воздухот, би можела да заработува, според одредени проценки, од 24 – 36 милиони евра годишно. „Когел - Север“ ќе биде „првата ластовичка во тоа јато“, првата македонска компанија што добива можност од ОН да тргува со јаглерод диоксид и да заработи од тоа. МАЦЕФ беше консулстант при

изведбата на централата. Делумно превземен текст: Дојче Веле

Косово се налути - нема да $ продава јаглен на Македонија Се отвори тивок енергетски фронт меѓу Македонија и Косово. И покрај демонстрирањето добрососедски односи пред половина година, Косово и се налути на Македонија и одлучи да не $ продава јаглен (лигнит) откако не успеа по итна постапка да добие 220-киловолтен трансформатор од МЕПСО. Косовското електростопанство си купило нов, а Министерството за енергетика на Косово ја исклучи можноста да извезуваат евтин лигнит во Македонија. повеќе... Македонија да го примени европското искуство за ОИЕ Македонија може да го искористи европското искуство со употребата на ОИЕ, но мора тоа да го адаптира на овдешните услови, изјавува Ралф Бергман, експерт од областа на животната средина, кој ги пренесува искуствата на федералната држава Саксони Анхалт во Германија. На расправа на тема „ОИЕ – дали може германското искуство да биде корисно за Република Македонија“, во организација на Националниот совет за евроинтеграции и Фондацијата „Фридрих Еберт“, Бергман соопштува дека од вкупната потрошувачка на енергија во Саксони Анхалт, 45 отсто е од ОИ. Г-ца Наташа Марковска од ИЦЕИМ при МАНУ рече дека национална цел на Македонија е да достигне 20,5 отсто од севкупната потрошена енергија да биде произведена од обновливи извори. повеќе... Твининг проект со Регулаторна комисија за енергетика Во март 2010 започна твининг проектот помеѓу регулаторните комисии за енергетика на Македонија и Австрија. Г. Дитмар Прајнсторфер ќе биде лидер на проектот. На отворањето на работилницата говореше г. Валтер Болц, генерален директор на E Control GmbH, а обраќање имаше Владимир Пешевски, заменик на Претседателот на Владата задолжен за економски прашања пришто ја истакна важноста на твининг инструментот за поттикнување на процесот на пристапување кон ЕУ. Секретаријат на Енергетската заедница цврсто го поддржува реализирањето на проектот.

ПЛОТАЊЕ - Квалитетно и навремено

Плотање CAD цртежи до A0 формат со најсовремена апаратура за само 160 денари по метар квадратен. Виткање и пакување. За неспоменати услуги цената е договорна. ТЕРМОВИЗИЈА - СНИМАЊЕ СО ТЕРМАЛНА КАМЕРА

Снимање на објекти на терен, анализа и извештај. Цената може да варира во зависност од габаритот и бројот на објектите. Информации на тел.: 02 3090 178 или macef@macef.org.mk

Новости од светот

Да се фокусираме на енергетската политика и да не дозволиме климатските промени да доминираат во секоја дебата Десет години од сега, енергетската слика на Европа ќе биде многу слична на денешната, за 20 години, фосилните горива и понатаму ќе доминираат, а во 2050г. сликата можеби ќе се промени. Енергетскиот микс на светот отсекогаш еволуирал и тоа сигурно ќе продолжи, вели претседателот на Комитетот за индустрија, истражување и енергија при Европскиот парламент, Herbert Reul. повеќе...

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте не на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52-1, 1000 Скопје, тел. 02 3090 177, 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk


ИНФОМАЦЕФ 84

Страна 4

Гасниот терминал на Крк е прифатлив за животната средина Проектот за изградба на терминал за течен нафтен гас (ТНГ) на островот на Крк нема да ја наруши природната рамнотежа. повеќе... Црнагора со писмо до Албанија за влијанијата на ХЦ на Морача Владата на Црна Гора неодамна издаде повик за тендери за изградба на четири хидроцентрали на реката Морача. повеќе... Презентација на конструкцијата на МХЦ Цевина 3 во Добој Во местото Добој се одржа состанок помеѓу помошникот министер за индустрија, енергија како и рударство на Република Србија Љубо Гламочиќ. повеќе... Финансирањето на енергетски проекти е стабилен бизнис Една од стратешките насоки на Унукредит групата е да понудат сеопфатни финансиски решенија за инвестиции поврзани со енергетската инфраструктура на било кој клучен пазар, а Словенија е еден од нив. повеќе... Електростопанство на БиХ со сертификат EN ISO 9001:2008 Енергетска компанија Електростопанство БиХ се здоби со сертификат за успешно имплементирање на систем за кавлитативна контрола според стандардот EN ISO 9001:2008, TUV NORD. Сертификатот потврдува дека Електростопанството ги исполнува пропишаните норми. повеќе... “Бесплатна” обновлива енергија од отпадна вода Истражувачите на Универзитетот Невада се близу до комерцијализирање на процесот за добивање на обновлива енергија од отпадна тиња. повеќе... Ефикасноста на ветерните турбини со вертикална оска може да понудат до два пати поголема енергија од класичните По се изгледа дека луѓето од КалTек компанијата не се единствените коишто се вклучени во такви инвестиции, компанијата која се вика "Wind Harvest International" тврдат дека можат да ја дуплираат излезната енергија на големите ветрени турбини со хоризонтална оска со вметнување на еден мегават помеѓу нив, на некој начин тие ќе ја зголемат излезната моќност. повеќе... Генерал електрик ќе инвестира $453 мил. во ветерни турбини во Европа Околу 110 мил. евра ќе бидат инвестирани за производство на турбини од Британија како и 105 милиони евра во инженерство и производствени објекти во Германија, со цел на масовно производство на четири мегаватна крајбрежна ветерна турбина до 2012. повеќе... Преносен систем за десоленизација дизајниран од МИТ може да спаси животи Десоленизацијата на вода е многу важна во области каде зeмјотресите, цунамите или други природни катастрофи се појавуваат. Обично овие подрачја се наоѓаат близу море или океан, каде десоленизирањето на повеќе... водата може да спаси животи. НТПЦ планира голем еко- енергетски проект НТПЦ, поточно позната како национална термоенергетска корпорација, планира да развие 500MW ветерни како и сончеви енергетски проекти во индиската држава Ориса. НТПЦ е една од најголемите компании за производстово на енергија која најголемиот дел од енергијата ја добива од електраните на јаглен. повеќе... Шампоните за омекнување на коса пријатели на природата Аминосиликоните, кои редовно се користат во шампоните за омекнување на косата како и омекнувачите за облека, од скоро се покажаа како корисни во борбата со глобалното затоплување. Тие имаат способност да го филтрираат јаглеродниот двооксид кој излегува од оџаците на термо централите. повеќе... Широко просторните сончеви ќелии ја искористуваат ултравиолетовата, видлива како и инфрацрвена светлина Група на јапонски истражувачи направиле прототип на сончева ќелија која може да ја користи ултравиолетовата, видливата како и инфрацрвената светлина. Овој вид на сончева ќелија може да понуди значително зголемување на ефикасноста на сончевите ќелии. повеќе...

Корисни web-адреси

www.energyweek.com.mk www.managenergy.net/kidscorner

www.widethesee.eu www.worldbank.org

www.pep.org.mk www.erc.org.mk www.sustenergy.org/ www.ase.org/ www.motorchallenge.org/ www.rec.org www.energy.eu – Енергетски портал на ЕУ www.euractiv.com/

Манифестации

Клима 2010 – РЕХВА Светски конгрес 9 - 12 мај 2010 Анталија, Турција Водечки меѓународно-научен конгрес во доменот на системите за греење вентилација и проветрување во 2010-та година. повеќе... Годишно собрание и Деловен форум на ЕБРД 2010 14-15 мај, Загреб, Хрватска Не пропуштајте ја оваа прилика за воспоставување на нови деловни повеќе... врски од висок профил во соседството! Нуклеарна 2010 – Третата поред годишна конференција за одржлив развој преку нуклеарно истражување и едукација 26 - 28 мај 2010, Питести, Романија Нуклеарната 2010 ги посочува главните цели како и предизвици соочувајќи се со истражувања и технологии за нуклеарна енергија во денешно време во контекст на зголемувањето на безбедноста со енергетско снабдување како и намалувањето на емисиите на повеќе... стакленички гасови. 5ти Меѓународен симпозиум и изложба (МЕЕСИ-5) 27 - 30 јуни 2010, Денизли, Турција МЕЕСИ-5 цели да создаде платформа за истражувачите, членови на индустријата како и релевантни организации од целиот свет за размена на идеи во врска со енергијата, нејзината употреба како и прашањата со кои се соочуваме и да ги претстават своите скорешни активности. повеќе... Премостување ГИС, Просторна екологија и чуство за просторно планирање (ГИСЛЕРС) 29 jуни - 9 jули 2010, Салцбург, Австрија Настанот е фокусиран на употребата на географски информациски системи како и техники за анализа на просторно планирање, развивање на сигурни модели за крајно сценарио. повеќе... ЕСМТ Годишен форум 2010та – Луѓе, планета, профит: Создавање на самоодржлива иднина 16 - 17 jуни 2010, Берлин, Германија На првиот ден на годишниот форум, ЕСМТ ќе биде домаќин на водечките меѓународни бизнис лидери за дебата на тема улогата на Европа во зголемена глобална бизнис арена. Вториот ден од ЕСМТ годишниот форум ќе биде посветен на академски панели. повеќе... Заштедете енергија, заштедете вода, спасете ја планетата, саем и интернационална конференција за животна средина 3 - 5 jуни 2010, Софија, Бугарија Овој настан ќе опфати три теми: Енергетска ефикасност, нови технологии за прочистување на вода и отпадни води, Справување со отпадот и рециклирање. повеќе... АЕБИОМ Европска конференција за биоенергија и РЕНЕКСПО® Биоенергија Европа 30 јуни - 1 јули 2010, Брисел, Белгија Градејќи го Европскиот „специјален настан“ за биоенергија, РЕНЕКСПО® Биоенергија Европа како и АЕБИОМ Европската конференција за повеќе... биоенергија ќе се одржат за прв пат во Брисел. Втора Интернационална конференција за нуклеарни и обновливи извори на енергија 4 - 7 jули 2010, Анкара, Турција Оваа конференција ги опфаќа обновливите како и нуклеарните енергии и нивните најнови подобрувања. повеќе... Вајсбаден, 08.-09.-7.2010 Денекс® 8 -9 јули 2010, Вајсбаден, Германија Денекс, отворениот саем и конференција за децентрализирани енергетски системи како и енергетско градење и реновирање, претставува платформа за иновативни продукти, проекти и концепти. По втор пат, ќе ги презентира можностите на еколошко и самоодржливо снабдување со енергија во Вајсбаден. повеќе...

Редакција: Центар за енергетска ефикасност на Македонија Главен уредник: проф. д-р К. Димитров; Редактори: м-р М. Димитрова, заменик гл. уредник, Јасминка Д. Капац, Д. Димовска, Б. Калиманов

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте не на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52-1, 1000 Скопје, тел. 02 3090 177, 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk

84 infomacef  
84 infomacef  
Advertisement