Page 1

Број 83

ЦЕНТАР ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ НА МАКЕДОНИЈА

февруари 2010

МАЦЕФ МАЦЕФ промовира енергетска ефикасност и почиста животна средина Во овој број:  Од уредникот  Активности на МАЦЕФ  Новости од Македонија  Новости од светот  Корисни web-адреси  Манифестации

OД УРЕДНИКОТ

Почитувани колешки и колеги, членови и симпатизери на МАЦЕФ! Месец февруари за вработените во МАЦЕФ беше исполнет со активности, кои нè принудуваа да ги претвориме и саботите во работни денови. Во тој месец се оформија завршните извештаи за Светската здравствена организација, Меѓународната финансиска корпорација, УНДП и првиот национален акционен план за енергетска ефикасност. Се подготвуваме за новите проектни ангажмани кои се најавени. За некои од овие активности приложивме и подетални информации. Соработка СЗО продолжува Приготвен е ѝ претставен во Виена првиот НАПЕЕ Тендер за изведба на геотермален проект Кочани Пазарно истражување за ИФЦ за нов гарантен Фонд за ЕЕ За одбележување се и активностите на нашите претпријатија кои активно се вклучуваат во надополнување на нивните знаења преку обука во земјата и надвор од неа. Ги очекуваме Вашите ставови и за другите теми поврзани со секојдневната примена на мерките во енергетиката, екологијата, економијата (како нераскинлива верига) како и информации за поедини активности и нови производи на нашиот пазар кои сакаме да ги промовираме. Поздрав од редакцијата,

Активности на МАЦЕФ Пазарно истражување за ИФЦ МАЦЕФ, работеше на пазарно истражување за потребите на ИФЦ (IFC) за развивање на нова програма на Балканот за финансирање на енергетската ефикасност во домаќинствата (ЕЕД). Целта на програмата ќе биде понатамошно развивање и поддршка на одржливите приватни инвестиции во секторот на ЕЕД односно поддршка на такви пазарни практики, услови и погодна околина за стимулирање на вложувања на приватен капитал за одржување и реновирање на повеќесемејни резиденцијални објекти/згради со зголемување на енергетската ефикасност. Всушност, локалните и меѓународните кредитни организации ќе треба во блиска иднина да се насочат кон изведливи позајмици за Заедницата на сопственици (бивши Куќен совет), која согласно Законот за домување (2009) има статус на правно лице. Капацитетот на важните пазарни учесници како што се енергетски контролори, компании за одржување, снабдувачи на енергија и домаќинства ќе биде зголемен со цел да се обезбеди одржлива побарувачка за финансиски услуги, изведувачки работи и градежни материјали за постигнување на повисоко ниво на ЕЕД. Програмата е насочена регионално, а се очекува да биде активирана во текот на 2011 година во форма на гарантен фонд за ЕЕД. Продолжуваат РЕХАУ обуките за вработените во МАЦЕФ Во рамки на циклусот обуки кои компанијата Рехау ги спроведува за вработените во МАЦЕФ, овој месец се одржаа

Проф. д-р Константин Димитров ЦЕНТАР З А ЕНЕР ГЕТСКА ЕФ ИКАСНОСТ НА М АКЕДОНИЈА - М АЦЕФ МАЦЕФ е доброволно научно здружение, коешто нуди услуги и стручни знаења од областа на енергетиката и заштита на животната средина во Република Македонија и пошироко. МАЦЕФ е член на меѓународната мрежа за енергетска ефикасност RENEUER (Regional Network on Efficient Use of Resources). МАЦЕФ е дел од мрежата managenergy формирана од страна на European commission DG Energy and Transport www.managenergy.net МАЦЕФ e член на Асоцијацита на Консултантски организации. МАЦЕФ е член на РЕЕЕП, Motor Challenge Programme и официјален партнер на Sustainable Energy Europe.

две обуки, и тоа на 17-ти и 23-ти февруари. Преку обуките, техничкиот персонал на МАЦЕФ има можност да се надгради и да ги прошири знаењата за енергетски ефикасните инсталации и производи кои компанијата РЕХАУ ги произведува/застапува. Насочено се работеше на: Проектирање на системи за подно греење и Сончеви системи за подготовка на санитарна топла вода. Предавач беше г-динот Јован Пљаков, кој имаше излагање за системите за греење, со детален осврт за Рехау системите за подно греење. Предавањето беше надополнето со конкретни примери, а заврши со мини вежба за проектирање на систем за подно греење во зададена просторија. На присутните им беа

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте не на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52-1, 1000 Скопје, Тел. 02 3090 177 Факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk


ИНФОМАЦЕФ 83

Страна 2

доделени Сертификати за учество на семинарот „Објектна техника“. Предавач на втората обука беше г-динот Марјан Бојчевски, кој ги презентираше системите за искористување на сончевата енергија кои ги нуди РЕХАУ, како и принципите на проектирање и избор на истите.

и разменат на трите локации, новини во полето на економија и нејзиното прилагодување кон заштеда на енергија и заштита на животна средина во улога на намалување на климатските промени.

Состанок на Секретаријатот на Енергетската Заедница На овој состанок одржан во седиштето на Енергетската Заедница, Виена, беа претставени националните акциони планови за енергетска ефикасност (НАПЕЕ). Во изработката на овој прв акционен план за ЕЕ на Република Македонија, финасиран од страна на УСАИД за потребите, активно учество имаа експертите од МАЦЕФ.

Мапа на концентрација на NO 2 во Европа

Одржан Третиот квиз од проектот „Училишен Сервис“ на ЕВН Македонија Третиот квиз од проектот „Училишен Сервис“ на ЕВН Македонија се одржа на 20 февруари во ОУ „Ѓорѓија Пулески“ од општината Аеродром. Првично на квизот требаше да учествуваат 10 училишта од цела Македонија, во кои беа извршени предавања во првото полугодие од оваа учебна

година, но од оправдани причини не учествуваше ОУ „Братство“ од Гостивар. Учество земаа следните училишта: ОУ „Јосип Броз Тито“ - о. Валандово; ОУ „Кирил и Методиј“ - о. Гази Баба; ОУ „Јан Амос Коменски“ - о. Карпош; ОУ „Тошо Арсов“ - о. Штип; ОУ „Ѓорѓија Пулески“ - о. Аеродром; ОУ „Герас Цунев“ - о. Струмица; ОУ „Васил Главинов“ - о. Чаир; ОУ „Страшо Пинџур“ - о. Ѓорче Петров; ОУ „Стив Наумов“ - о. Гази Баба. Исто како и минатогодишните два квиза, третиот квиз вклучуваше ликовна колонија и творечко катче. Квизот беше исполнет со голема неизвесност од крајот бидејќи сите учесници одлично го имаа совладано материјалот. Среќата одлучи кои три училишта ќе бидат помеѓу првопласираните, и тоа: 1. Место - С. Цветаноска и Ј. Бурнески - ОУ „Стив Наумов“, 2. Место - Р. Кириќ - ОУ „Васил Главинов“, 3. Место- Т. Накова и В. Поповска - ОУ „Кирил и Методиј“. МАЦЕФ ги подготви прашањата за квизот, и се погрижи за водителската двојка, г-ца Зоја Таревска и г-ца Маја Димитрова, волонтери во МАЦЕФ. Cafe Scientific – на тема „Зелена економија“ На 15-ти февруари во просториите на центарот за конференции и студии при британскиот совет се одржа видео конференција на тема „Зелена Економија - економија на одржлив развој“. Во конференцијата се вклучија учесници од Република Македонија, Република Турција, а излагање имаше г-ѓа Миријам Кенет од „Green Economics Institute“ од Велика Британија. Оваа конференција, која претставува продолжување на соработката

помеѓу Британскиот совет и МАЦЕФ, а ја модерираше г-ѓа Македонка Димитрова од МАЦЕФ. Ова беше прилика да се чујат

Специјален прилог

Загадувањето со Азот диоксид (NO2) на воздухот се должи на сообраќајот. Слично како CO2, азот диоксидот се создава при согорување на фосилни горива. Оваа мапа ги покажува резултатите од сателитските мерења низ цела Европа, со концентрација од 30 µg/m³. Подолгата изложеност на азот диоксид т.е. при концентрации ≥ 40 µg/m³ претставува опасност за здравјето на луѓето. Македонија нема проблеми со негова зголемена концентрација бидејќи индустрискиот развој е на ниско ниво, а кон оваа состојба придонесува малиот број на население во споредба со другите европски земји.

Извор: http://www.energy.eu/

М акедонска oпш тинска м реж а за енергетска еф икасност Сегашни членови на МОМЕЕ се општините: Сарај, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Центар, Гази Баба, Валандово, Чаир, Кочани, Ресен, Берово, Аеродром, Гевгелија, Штип, Чашка, Прилеп, Богданци, и Кичево. Во најскоро време очекуваме кон неа да се приклучат и работни организации и институции кои се вклучени во програмите поврзани со енергетската ефикасност.

Годишна членарина:

24 000 денари

4-та средба на новите членови во МОМЕЕ Во рамки на обуката за изготвување на енергетска база на податоци на општините на 19-ти февруари се одржа работна средба во просториите на МАЦЕФ. Во првиот дел, г-дин Блажен Зотовски од КНАУФ ги претстави системите за изолација и новиот производ: самонивелирачка анхидритна кошулка, која во комбинација со подното греење значително придонесува за заштеда на енергија. Во вториот дел г-ѓа Јасминка Димитрова Капац продолжи со предавањата од обуката наменета за општинската администрација. Обуката продолжува според планираното во наредниот период.

Новости од Македонија

Воведување на енергетската ефикасност во градежните објекти во Република Македонија На 17-ти февруари беше промовиран „Проектот за создавање средина за воведување на енергетската ефикасност на градежни објекти во Република Македонија“. На промоцијата свои излагања имаа министерот за економија г-дин Фатмир Бесими, г-дин Хајнц Хабертауер (АДА), директорот на Агенцијата за енергетика, г-дин Гечевски, заменик директорот на Австриска агенција за енергетика, г-дин Херберт Лехнер и тим лидерот на проектот, г-ѓа Сузане Гајслер. За овој проект е потпишан Договор за грант помеѓу Министерството за

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте не на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52-1, 1000 Скопје, тел. 02 3090 177, 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk


ИНФОМАЦЕФ 83 економија и Австриската агенција за развој, а склучен е и Договор за услуги помеѓу Министерството за економија, Агенцијата за енергетика на Република Македонија и Австриската агенција за енергетика. Целта на проектот е да воспостават услови за енергетска ефикасност во градежниот сектор во Република Македонија, во согласност со законодавството на ЕУ, а воедно и да се подобри средината и Повеќе... предусловите за нивно имплементирање. Обука за поставување сончеви колектори во Германија Во занаетчиската комора на Кобленц, Германија се одржа обука за првите 22 сертифицирани монтажери за сончеви инсталации во Република Македонија. Фокус на обуката беа термалните и фотоволтажни сончеви системи. Теоретскиот дел од 10 дена се одвиваше во Скопје и Штип, а практичниот во градовите Кобленц, Оберхаузен и Фрајбург во Германија. Учесниците беа од Скопје, Штип, Прилеп и Куманово. 16 учесници се здобија со сертификат „Сончев експерт“. Меѓу оние кои успешно го завршија курсот и се здобија со сертификат се и д.м.и. Зоран Трајков и д.м.и. Марија Шуманска од Штипската компанија „Еко Солар“. Панел дискусија на тема „Последиците од глобалното затоплување - нов предизвик“ На 18.02.2010 во Британскиот Совет - Скопје се одржа панел дискусија организирана од Советот за Глобална Соработка (СГС) на тема „Последиците од глобалното затоплување - нов предизвик“, каде поздравно обраќање од Претседателот на СГС имаше г. Трифун Костовски. Панелисти беа: г. Неџати Јакупи, Министер за животна средина и просторно планирање, Н.Е. Ендрју Ки, амбасадор на Кралството Велика Британија во Република Македонија, д-р Наташа Марковска, претседателка

Страна 3 поддршка на инвестициите во енергетиката кои се од регионален карактер, промоција на енергетската ефикасност и обновливите извори на енергија како голем потенцијал. Повеќе... Јавна расправа по Извештајот за стратегиска оценка на животната средина за енергетската стратегија Извештајот за стратегиска оцена на животната средина за Стратегијата за развој на енергетиката на Македонија до 2030 година е генерално позитивен и ги зема предвид сите еколошки аспекти, информира министерот за економија Фатмир Бесими, на 10 февруари, на јавната расправа за стратегиската оценка на енергетската стратегија. Презентацијата на извештајот за стратегиската оценка е дел од процедурата дефинирана со Законот за животна средина, а истовремено и исполнување на препораките од Европската унија, согласно европските директиви. За спроведувањето на тие процедури оценки дава Повеќе... Европската комисија. Рекордно производство на малите ХЕЦ на ЕВН Македонија во јануари Како резултат на ревитализацијата на малите хидроцентрали и воведувањето на модерна технологија во нив, производството од малите хидроцентрали во Јануари годинава е 23,5 GWh, наспроти просечното производство од 10 GWh за истиот месец во изминатите десет години. Во првиот месец од годината, ЕВН Македонија регистрираше рекордно производство на електрична енергија од обновливи извори на енергија за 130% повеќе од просечното производство во минатите десет години. Производството на енергија од обновливи извори е стратешка цел на ЕВН Македонија за заштита на животната средина со имплементирање на сите европски еколошки стандарди. Рекордни резултати се регистрираа и за цела 2009 година, која се заврши со 150 милиони KWh произведена електрична енергија од малите хидроцентрали на ЕВН Македонија, што е за 50% повеќе од планираното и од просекот во минатата Повеќе... деценија. ЈАВЕН ПОВИК на Министерство за Економија на Република Македонија за доделување на концесија за вода за Повеќе... производство на електрична енергија од МХЕЦ.

ПЛОТАЊЕ - Квалитетно и навремено Плотање CAD цртежи до A0 формат со најсовремена апаратура за само 160 денари по метар квадратен. Виткање и пакување. За неспоменати услуги цената е договорна. на Националниот комитет за климатски промени и г-ѓа Искра Стојковска од невладината организација „Фронт 21/42“. Заклучокот беше дека расправите и проектите на тема климатски промени треба да бидат секојдневие, а никако кампањска акција. Развивање на енергетската стратегија на Р. Македонија во насока на користење на сите можни ресурси на зелена енергија, односно максимално користење на обновливите извори на енергија. Инвестирање во т.н. зелени проекти, изработка на планови и примена на еколошки стандарди во градежништвото. Во дискусијата учествуваа и г-ѓа Јасминка Димитрова - Капац и г. Бојан Калиманов од МАЦЕФ.

ТЕРМОВИЗИЈА - СНИМАЊЕ СО ТЕРМАЛНА КАМЕРА

Снабдувањето на регионалниот пазар со енергијагодинешни приоритети на Енергетската заедница На 18 февруари во Виена, Република Австрија се одржа Деветтиот зимски состанок на Собранието на парламентарни членови на ОБСЕ. Министерот Бесими на состанокот на Генералниот комитет за економски прашања, наука, технологија и животна средина, ги образложи приоритетите на Енергетската заедница за 2010 година, како што се развој на регионалниот пазар во насока на обезбедување на сигурност во снабдувањето со енергија и

Снимање на објекти на терен, анализа и извештај. Цената може да варира во зависност од габаритот и бројот на објектите. Информации на тел.: 02 3090 178 или macef@macef.org.mk

Новости од светот

Босна и Херцеговина го доби првиот национален извештај за климатски промени Владата на Република Српска го одобри првиот национален извештај за климатски промени на Босна и Херцеговина којшто

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте не на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52-1, 1000 Скопје, тел. 02 3090 177, 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk


ИНФОМАЦЕФ 83 е изработен во согласност со Рамковната конвенција на Обединетите Нации за климатски промени (UNFCCC). Повеќе... Повик реформа на буџетот на ЕУ за да се совпаѓа со зелените приоритети Европскиот буџет мора да се префрли од финансирање на земјоделската политика кон енергијата, а трошоците за намалување на климатските промени да соодејствуваат на Повеќе... новите приоритети. „Зелените“ не се импресионирани од нацрт планот „Европа 2020“ Стратешкиот нацрт план „ЕУ 2020“ стана цел на критики бидејќи не успеа да понуди решенија за зелен развој, и покрај реториката на важноста за добивање на натпреварувачка острина во технологиите за заштита на животната средина. Повеќе... ЕБРД и „Iberdrola Renovables“ промовираат употреба на обновливи извори на енергија во Источна Европа Светскиот водечки развивач во секторот на обновлива енергија „Iberdrola Energias Renovables (IBR)“ и Европската банка за обнова и развој (ЕБРД) ги здружуваат своите сили во промовирање на проекти од обновлива енергија во Источна Повеќе... Европа. Гасовод Јужен тек: Романија во игра, Бугарија излегува? Букурешт на рускиот гасен монопол Гаспром ја предаде целата документација која е релевантна за изградба на цевководот Јужен тек преку територијата на Романија. Потегот следува по скорешната Руска закана да ја елиминира Бугарија од проектот. Повеќе... Најголемиот светски сончев проект ќе добие нови партнери Проектот Десертек, кој цели да ја снабдува Европа со електрична енергија со помош на сончева енергија од пустините на Северна Африка и од Средниот Исток, ќе премине на меѓународно ниво следниот месец откако се придружија пет компании од Шпанија, Италија, Франција, Мороко и Тунис. Повеќе... Романија, Азербеџан и Грузија го финишираат договорот за транспорт на природен гас Романија, Азербеџан и Грузија ќе потпишат трилатерарен договор во Букурешт во Март. Договорот ќе ги формализира преговорите помеѓу трите земји за транспорт на природен гас Повеќе... од Азербеџан до Романија преку Грузија. Рецепт за самоодржливост на биогорива: добивање на етанол од лушпи од портокали и тутун Пченката се истакнува како култура за биогориво. Најново откритие кое се развива од истражувачот Хенри Даниел од Универзитетот на Централна Флорида, каде и ја претворил својата инспирација за биогориво од портокали, со нов метод со кој се произведува етанол. Во контраст со фосилните горива, кои се најчесто пренесувани на долги растојанија на местата каде се користат, производството на биогориво може да се осмисли така да превземе предност на локалните ресурси, било да е тоа биогориво од лубеници кои не се за продавање, алги, јаглерод моноксид добиен од емисиите на фабриките, или дури и добивање на биогориво од микроби и сончевата светлина. Повеќе... „Блум“ енергетски дебати за напредни горивни ќелии кои ќе обезбедат чиста, сигурна, и достапна енергија 24/7 Енергетската корпорација Блум, компанија основана во силиконската долина се посветува на промена на начинот на Повеќе... кој луѓето ја произведуваат и користат енергијата.

Страна 4 Зачувување на енергијата - Не е се во батериите Различни решенија за складирање на енергија, освен со батерии. Кои се опциите?-Компресиран воздух. Компресираниот воздух функционира на начин што ја користи обновливата енергија да се впумпа воздух во подземни пештери или аквифери, потоа ослободувајќи го, да го зголеми дејството на турбините кои работат на согорување на природен гас кога се јавуваат врвовите на потрошувачка на електрична енергија. Повеќе... Корисни web-адреси

www.energyweek.com.mk www.widethesee.eu www.managenergy.net/kidscorner www.worldbank.org www.pep.org.mk www.erc.org.mk www.sustenergy.org/ www.ase.org/ www.motorchallenge.org/ www.rec.org www.energy.eu – Енергетски портал на ЕУ www.euractiv.com/ www.display-campaign.org/ www.energie-cites.org/ www.reeep.org www.kids.evn.com.mk www.europesustainableenergy.com www.kids.evn.com.mk www.moepp.gov.mk www.rexus.com.mk www.rehau.com.mk www.ri.com.mk

Манифестации Шести ЕЕ и ОЕИ Меѓународен конгрес како и изложба за југоисточна Европа 14 - 16 април 2010, Софија, Бугарија Настанот цели кон презентирање на југоисточниот европски пазар за нови технологии, опрема и сервисирање, како и привлекување на јавно внимание за практичните придобивки од обновливите извори на енергија како и разните средства за заштеда на енергија. Повеќе... Европска енергетска конференција 19 - 23 април 2010, Барселона, Шпанија Хемија, физика и други природни науки поврзани за енергетските технологии. Клучни презентации на енергетски теми, паралелни сесии за енергетски извори, складирање, заштеда на енергија како и крајна Повеќе... употреба која вклучува заштеда. Клима 2010 – РЕХВА Светски конгрес 9 до 12 Мај 2010 Анталија, Турција Водечки меѓународно-научен конгрес во доменот на системите за греење вентилација и проветрување во 2010-та година. Повеќе... Годишно собрание и Деловен форум на ЕБРД 2010 14-15 мај, Загреб, Хрватска Не пропуштајте ја оваа прилика за воспоставување на нови деловни врски од висок профил во соседството! Повеќе... Медитерански самит за одржлива енергија 2010 18 - 19 мај 2010, Атина, Грција Медитеранскиот самит за одржлива енергија е третиот по ред од серијата на годишни настани, со цел да се презентираат проблемите кои се поврзани со глобалната клима како и енергетската безбедност. Повеќе... Нуклеарна 2010 – Третата поред годишна конференција за одржлив развој преку нуклеарно истражување и едукација 26 - 28 мај 2010, Питести, Романија Нуклеарната 2010 ги посочува главните цели како и предизвици соочувајќи се со истражувања и технологии за нуклеарна енергија во денешно време во контекст на зголемувањето на безбедноста со енергетско снабдување како и намалувањето на емисиите на Повеќе... стакленички гасови. 5ти Меѓународен симпозиум и изложба (МЕЕСИ-5) 27 - 30 јуни 2010, Денизли, Турција МЕЕСИ-5 цели да создаде платформа за истражувачите, членови на индустријата како и релевантни организации од целиот свет за размена на идеи во врска со енергијата, нејзината употреба како и прашањата со кои се соочуваме и да ги претстават своите скорешни активности. Повеќе...

Редакција: Центар за енергетска ефикасност на Македонија Главен уредник: проф. д-р К. Димитров; Редактори: м-р М. Димитрова, заменик гл. уредник, Д. Димовска, Б. Калиманов, С. Паневски, И. Петрушевски

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте не на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52-1, 1000 Скопје, тел. 02 3090 177, 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk

83 infomacef  
Read more
Read more
Similar to
Popular now
Just for you