Page 1

Број 82

ЦЕНТАР ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ НА МАКЕДОНИЈА

јануари 2010

МАЦЕФ МАЦЕФ промовира енергетска ефикасност и почиста животна средина Во овој број:  Од уредникот  Активности на МАЦЕФ  Новости од Македонија  Новости од светот  Корисни web-адреси  Манифестации

OД УРЕДНИКОТ

Почитувани колешки и колеги, членови и симпатизери на МАЦЕФ! Јануари е многу тежок месец – заради многуте празници кои предизвикуваат главоболки и проблеми во домашниот буџет. А уште повеќе кога се сè поизвесни “ветувањата“ за зголемување на цената на енергиите – топлинска и електрична. Тоа не треба да нè изненадува многу. Веќе сите се информирани, и иако не со големо задоволство, очекуваат дека цените на енергијата ќе растат, а и треба да растат! Тоа е светски тренд и потреба. Што можеме да направиме во однос на таквите очекувања? Единствено можно е да ја смалиме потрошувачката на енергија во своите домови, работни места, државата. Битна е формата – сакаме само да ја смалиме потрошувачка, или да си обезбедиме исти услови при помала потрошувачка на енергија, користејќи ги придобивките кои ги нудат мерките за енергетската ефикасност. Тоа зависи од нас самите – и од нашето предзнаење за оваа област. Во овој број сакаме да го привлечеме Вашето внимание на следните информации: Соработка помеѓу МАЦЕФ и УХМР Бизнис форум за климатски промени на Америкаската стопанска комора во Македонија Конференција на ЕБА- тема „Македонија 2010“ Нов проект на Норск енерги и Центар за климатски промени Пазарно истражување за ИФЦ за нов Фонд за ЕЕ Ги очекуваме Вашите ставови и за другите теми поврзани со секојдневната примена на мерките во енергетиката, екологијата, економијата (како нераскинлива верига) како и информации за поедини активности и нови производи на нашиот пазар кои сакаме да ги промовираме. Поздрав од редакцијата,

Проф. д-р Константин Димитров ЦЕНТАР З А ЕНЕР ГЕТСКА ЕФ ИКАСНОСТ НА М АКЕДОНИЈА - М АЦЕФ МАЦЕФ е доброволно научно здружение, коешто нуди услуги и стручни знаења од областа на енергетиката и заштита на животната средина во Република Македонија и пошироко.

МАЦЕФ е член на меѓународната мрежа за енергетска ефикасност RENEUER (Regional Network on Efficient Use of Resources). МАЦЕФ е дел од мрежата managenergy формирана од страна на European commission DG Energy and Transport www.managenergy.net МАЦЕФ e член на Асоцијацита на Консултантски организации. МАЦЕФ е член на РЕЕЕП, Motor Challenge Programme и официјален партнер на Sustainable Energy Europe.

Активности на МАЦЕФ Соработка помеѓу МАЦЕФ и УХМР Во рамките на проектот на УНДП/АДА „Намалување на ефектите од климатските промени со подобрување на енергетска ефикасност во градежните објекти“ во текот на јануари 2010 година продолжи соработката помеѓу Центарот за енергетска ефикасност на Македонија (МАЦЕФ) и Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

На овие состаноци беа разгледани можностите за реализација на УНДП проектот со вклучување на УХМР, можните начини за идна соработка меѓу двете организации, а беше дефинирана ѝ рамката на активности на УХМР во УНДП проектот како единствена институција чија дејност е мерење, класифицирање, истражување и презентирање на податоците кои се поврзани со климатските карактеристики на подрачјето на Македонија. Целта на нивните активности е резимирање на климатските податоци од последните 30-тина години за да се анализираат средните месечни температури како и минималните температури кои се појавуваат во подрачјето на Македонија. Идејата е да се осовремени начинот за пресметка на потрошувачката на енергија со нови податоци за климата се со цел уште во процесот на проектирање да се заштеди енергија. Соработката меѓу институциите продолжува и понатаму. ИФЦ со идеја за нов Фонд за ЕЕ Стручен тим од МАЦЕФ работи на пазарно истражување за условите за воспоставување на Фонд за енергетска ефикасност по нарачка на ИФЦ (International Finance Corporation). Овој фонд би вклучувал финансиски инструменти за подобрување на енергетската ефикасност во секторот на домување. Новиот Закон за домување веќе ги постави темелите и дефинира можности за задолжување на Заедниците на станари (бивши Куќни совети) како правни лица за реновирања на зградите со

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте не на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52-1, 1000 Скопје, Тел. 02 3090 177 Факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk


ИНФОМАЦЕФ 82 цел постигнување повиско ниво на енергетска ефикасност. Фондот, доколку постојат пазарни можности, би се реализирал на регионално ниво.

Страна 2 поголено насочување за заштеда на енергија, досега користените постери ќе се зголемат со цел да се обезбеди нивна поголена видливост и препознатливост. Исто така, се

Бизнис форум за климатски промени на Америкаската стопанска комора во Македонија На форумот, одржан на Универзитетот Американ колеџ Скопје на 28 јануари, говорничките Линда Репник, Зое Досон и Џоана

Ки ги презентираа нивните визии за мерките кои македонските бизниси треба да ги превземат со цел да создаде клима за одржлива заштита на животната средина како ѝ на кој начин може да се раководи со животната средина за тоа да спречи деградација на околината особено од аспект на климатските промени. Претставникот од МАЦЕФ, апелираше дека експерти за енерегетска ефикасност има во Македонија и дека нивното ангажирање чини 5 пати помалку во однос на странските консултанти, а се добива исто ниво на услуга.

одлучи дека првиот квиз во оваа учебна година ќе се одржи во ОУ Ѓорѓија Пулески во општина Аеродром на 20. февруари со почеток во 11.30 часот, а за таа цел беше спроведено и јавно извлекување на училиштата учесници. На 21. јануари беа извлечени училиштата кои ќе се натреваруваат, и тоа: ОУ „Јосип Броз Тито” - Општина Валандово; ОУ „Кирил и Методиј” -Општина Гази Баба; ОУ „Јан Амос Коменски” -Општина Карпош; ОУ „Тошо Арсов” -Општина Штип; ОУ „Ѓоргија Пулески” -Општина Аеродром; ОУ „Герас Цунев” -Општина Струмица; ОУ „Васил Главинов” -Општина Чаир; ОУ „Братство и Единство” -Општина Гостивар; ОУ „Страшо Пинџур” -Општина Ѓорче Петров и ОУ “Стив Наумов”. Квизот е отворен за публика, па повелете да навиваме заедно!

Специјален прилог Планирани цели за уделот на обновлива енергија во крајната енергетска потрошувачка во ЕУ и Македонија ЕУ работи на намалување на ефектите на климатските измени и воспоставување на општа енергетска политика. До 2020 г.

г. Илијанчо Гаговски, директор на Микрософт за Македонија образложи дека при поставување на новите системи и сервери кои го опслужуваат неговиот бизнис се води сметка за нивната потрошувачката на електрична енергија и се земаат предвид оние поштедливите што влијае на конкурентноста на крајната услуга. Исто така, се апелираше дека релевантните владини и невладини институции треба да се координираат повеќе во реализација на проекти од овој домен со цел да се избегне нивно дуплирање. Во рамки на конференцијата, Американската комора ја најави наградата за најдобар проект од областа на животната средина за 2010, чиј примач ќе биде објавен на 10тата годишнината, манифестација која се планира за крајот на годината. Полугодишен состанок на МАЦЕФ - ЕВН Проект „Училишен сервис“ Во просториите на Конект, на 18 јануари се одржа полугодишниот состанок помеѓу ЕВН Македонија и организациите задолжени за спроведување проектот во училиштата. На состанокот присуствуваа М. Димитрова и Д. Димовска од МАЦЕФ; Н.Кусиникова и Б. Гинова од Конект; К. Наумовска од ЕВН; Б. Митревска од Младински совет-Охрид; Ка. Хаџи-Скерлева од Планетум; Н. Ацеска од Жетва на знаење и С. Котевска од Фидбек, кој е ѝ нов член во тимот проектот. На состанокот се разменуваа искуствата во изминатиот период, сработено во првото полугодие, како и новините кои ќе се воведат во второто полугодие. Во интерес на децата и нивно

обновливата енергија треба да учествува со 20 % удел во потрошувачка на енергија (9,2% во 2006). Се зема предвид директната употреба на обновливи извори (пр. биогорива) и енергијата добиена од обновливи извори (пр. ветер, хидроенергија). Крајната потрошувачка на енергија е енергијата која

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте не на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52-1, 1000 Скопје, тел. 02 3090 177, 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk


ИНФОМАЦЕФ 82

Страна 3

се користи во домаќинствата, индустријата, комерцијалните објекти, транспортот и земјоделството. Освен земјите од ЕУ како релевантни податоци за нас се земени ѝ податоци за Македонија. Да појасниме, Македонија ќе го зголемува својот инсталиран капацитет на обновливи извори на енергија, но поради предвидената зголемена потрошувачка процентуално бројката нема да се промени.

М акедонска еф икасност

oпш тинска

м реж а

за

енергетска

Сегашни членови на МОМЕЕ се општините: Сарај, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Центар, Гази Баба, Валандово, Чаир, Кочани, Ресен, Берово, Аеродром, Гевгелија, Штип, Чашка, Прилеп, Богданци, и Кичево. Во најскоро време очекуваме кон неа да се приклучат и работни организации и институции кои се вклучени во програмите поврзани со енергетската ефикасност.

Годишна членарина:

Фуере, специјален претставник на Европската заедница и шеф на делегацијата на европската заедница во Р. Македонија.

24 000 денари

Обука од третиот циклус на обуки за општините На 27-ми јануари 2010 се одржа третата средба од обуката наменета за општинската администрација. Обуката започна со презентацијата на г. Марјан Бојчевски од компанијата РЕХАУ, кој насочено говореше за Површински системи за греење, колектори, прозорски и фасадни системи. Новите можности предизвикаа големата заинтересираност кај присутните претставници од општините Чашка, Богданци, Штип, Прилеп, Сопиште и Арачиново бидејќи системите укажуваа на оправдана поголема заштеда на енергија во објекти. Енергетски контроли На конкурсот „Енергетски најефикасна општина“ одржан во рамки на манифестацијата „Недела на енергетика 2009“, општината Карпош беше прво пласирана со најмногу сработено во секторот за енергетска ефикасност. Наградата се состои во реализација на енергетска контрола во општински објект по нејзин избор. Избрано беше основното училиште „Петар Поп Арсов“. Енергетската контрола беше спроведена од

страна на енергетските контролори на МАЦЕФ во месец jануари 2010 година. Во состав на контролата беше извршено мерење на температурите, проверка на системот за греење и обвивката на објектот, сликање со термовизиска камера и споредбена анализа на потрошувачката за изминатите две години.

Новости од Македонија Конференција на тема „Македонија 2010“ Европскиот бизнис клуб односно домаќинот Европската бизнис асоцијација на 22 јануари во Скопје ја реализираше годишната конференција на тема „Македонија 2010“. Со поздравен говор се обрати г. Гинтер Офнер, претседател на ЕБА, по што следеа пораките од Н.Е. Филип Рикер, амбасадор на САД и Н.Е. Ерван

Акцент беше ставен на идните чекори што Р.М. треба да ги преземе за успешно решавање на спорот со името, а со тоа да ѝ се овозможи успешен влез во Атлантската алијанса и Европската заедница. Исто така, на конференцијата учество земаа Н.Е. Гарсиа Де Лара која ја презентираше агендата и приоритетите на шпанското шестмесечно претседавање со Европската Унија и г. Јован Андоновски, државен секретар во Секретаријатот за европски прашања, кој презентираше за досега сработеното од македонска страна и идните насоки кои земјата ќе ги преземе за побрз влез во НАТО и ЕУ. Помеѓу присутните имаше претставници од бизнис заедницата, политичката сцена, невладиниот сектор, медиумите и секако МАЦЕФ. Пoчиста и поефективна индустрија во Македонија Проектот „Почиста и поефективна индустрија во Македонија“ е тригодишна програма која нуди техничка помош на македонската индустрија за идентификување на еколошкоенергетски проекти како и нивна подготовка за финансирање, финансирана од страна на Владата на Кралството Норвешка. Целта на проектот е да се даде придонес во намалувањето на емисиите на стакленичките гасови и да се даде придонес во подобрувањето на ефективноста на тешката индустрија во Македонија. Проектот ќе овозможи елеминирање на бариерите при спроведувањето на проектите, преку градење на локални капацитети, зголемување на свеста, развивање на проекти за климатски промени подготвени како апликација за финансирање, како и подобување на дијалогот помеѓу органите на власта, научната јавност, подготвувачите на проекти, Повеќе... индустријата и финансиските институции. Договор за соработка со ИФЦ за хидроцентралите Чебрен и Галиште На 14. јануари во Владата на Република Македонија се одржа Прес конференција по повод Потпишаниот на Договор за соработка на Владата на Република Македонија со Меѓународната финансиска корпорација – ИФЦ. Според министерот за економија Фатмир Бесими целта на овој договор за консултантски услуги е прецизирање на сите аспекти на тендерската процедура за избор на најдобар понудувач за Повеќе... проектот ХЕЦ Чебрен и ХЕЦ Галиште. Ново претпријатие „Екозона“ за управување со отпад во северниот регион Општините од Североисточниот плански регион ќе формираат заедничко јавно претпријатие за управување отпад, кој ќе биде депониран на една регионална депонија. Ова претпријатие ќе го собира и обработува отпадот од Куманово, Крива Паланка, Кратово, Липково и Ранковце, кои како општини - основачи донесоа одлука за формирање на ЈП „Екозона“. Седиштето на Заедничкото комунално претпријатие ќе биде во Куманово, а Повеќе... веќе е назначено и лице што ќе раководи со него.

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте не на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52-1, 1000 Скопје, тел. 02 3090 177, 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk


ИНФОМАЦЕФ 82 „Шпилје“ со рекордно производство Хидроелектраната „Шпилје“ кај Дебар во 2009 ја одбележа четвртата деценија од почетокот на производство, а оваа година ќе биде запаметена по рекордното производство на електрична енергија. Произведени беа 286 милиони киловатчасови, односно 25 отсто повеќе од планот. Споредено со претходната година, производството е поголемо за дури 55 %. Тоа е резултат на многу поволната хидролошка состојба на дебарското сливно подрачје, но и на успешно реализираните планирани годишни ремонти и ревизии на електромашинската опрема. Во овој значаен електроенергетски објект работат сите три агрегати со инсталирана моќност од 84 мегавати. Повеќе...

Новости од светот Обама ќе намалува емисии на CO2 за 28% до 2020 Вистина e владата на САД е најголемиот енергетски потрошувач во економијата на САД. Само во 2008 потроши $24.5 милијарди на електрична енергија и гориво. Оваа цел, 28% намалување кое Обама го наложува е еквивалентно на $811 милијарди во избегнати енергетски трошоци. Исто така, тоа е далеку од 17те проценти намалување кои Обама ги ветил на меѓународната заедница за САД во целина, правејќи ја владата Повеќе... на САД лидер преку примерот за ова прашање. Големите француски фирми ќе плаќаат пропорционален данок за јаглеродни емисии Големите француски компании кои многу загадуваат ќе бидат казнети според новата јаглеродна даночна легислатива и веројатно е дека ќе плаќаат променливи даночни стапки, Повеќе... изјавил францускиот министер за економија. Европа држи условна цел од 30% смалена емисија ЕУ останува посветена на намалувањето на емисијата до 30% до 2020 година ако другите индустријализирани земји направат споредливи напори во согласност со спогодбата постигната од Повеќе... претставниците на земјите членки во Брисел. ЕУ нациите се убедени за целите за обновлива енергија Повеќето земји членки на ЕУ се убедени дека ќе бидат во можност да ја подигнат границата на производството на обновлива енергија за да ги исполнат целите за производството до 2020 г., со согласност со документите со националната прогноза поднесени до Европската комисија. Повеќе.... Германија и Франција ја прекинуваат поддршката за сончева енергија На 20ти јануари Германија изјави дека ќе ги намали нејзините субвенции за сончева енергија во согласност со брзото подигање на пазарот за фотоволтаични сончеви панели. Иста таква најава доаѓа и од Франција. Повеќе... Стартува првата ветерна фарма во Босна и Херцеговина Регулаторната комисија за електрична енергија во федерацијата Босна и Херцеговина издаде прелиминарна лиценца на барателот SUŠA COMMERC од Високо за изградба на фармата Мостре 1. Се планира да се генерира 1000 MWh електрична енергија, објавиву регулаторната комисија. Повеќе... Шкотскиот остров Еиг и Big Green предизвикот Почнувајќи од 2007 г., наградата „Big Green Challenge” поддржува заедници и нивните иновативни идеи, овозможувајќи им да ги трансформираат во решенија за подобрување на животот и правејќи ја околината попријателска. Наградата од 1 милион фунти ја дава Националната комисија за стипендии за наука, технологија и уметност (NESTA) со цел да ги стимулира и дава предизвик на заедниците во нивната борба против Повеќе... климатските промени.

Страна 4 Промотивна кампања? Можеби треба да се следи примерот на другите земји кога станува збор за промовирање на енергетиката. Холивуд, како еден од највлијателните ентитети, се вклучи во акцијата. Ѕвезди како Leonardo Di Caprio, Felicity Huffman, Forest Whitaker, Ed Norton, Justin Long и други, направија видео записи со тематика енергетски и климатски легистлативи. Во поблиското соседство сличен потег направи Црна Гора, односно Рамбо Амадеус. Можеби е време ѝ Македонија да направи сличен потег? МАЦЕФ при минатогодишната тендерска постапка објавена од Министерството за економија за дизајнирање и спроведување на Кампања за подигнување на свеста за штедење на енергија во домовите, учествување во конзорциум кој ги предложи ликовите од К-15, и цртаните ликови на ДарМар да видат врската до потрошувачите. Со таков тим конечниот успех на кампањата беше неизбежен. За жал Повеќе... тендерот пропадна! Корисни web-адреси www.energyweek.com.mk www.widethesee.eu www.managenergy.net/kidscorner www.worldbank.org www.pep.org.mk www.erc.org.mk www.sustenergy.org/ www.ase.org/ www.motorchallenge.org/ www.rec.org www.energy.eu – Енергетски портал на ЕУ www.euractiv.com/ www.display-campaign.org/ www.energie-cites.org/ www.reeep.org www.kids.evn.com.mk www.europesustainableenergy.com www.kids.evn.com.mk www.moepp.gov.mk www.rexus.com.mk www.ri.com.mk www.rehau.com.mk

Манифестации Конференција за контролни методологии како и технологија за енергетска ефикасност 29 - 31 март 2010, Виламура, Португалија Ова е прва контролна конференција која е специјално посветена на темата енергија. Таа ги повикува повикува за придонеси кон контролата и автоматизацијата во областа на снабдување, потрошувачка, како и складирање и дистрибуција на микро производни системи. Повеќе... Деветта Густав Лоренцен Конференција: Природни замрзнувачи – Реални алтернативи 12 - 14 април 2010, Сиднеј,Австралија Природни ладилни медиуми-реални алтернативи, фокус на најнови истражувачки резултати како и предности поврзани со употребата на природните ладилни медиуми, третман на воздух, системи на грејни Повеќе... пумпи и друго. Шести ЕЕ и ОЕИ Меѓународен конгрес како и изложба за југоисточна Европа 14 - 16 април 2010, Софија, Бугарија Настанот цели кон презентирање на југоисточниот европски пазар за нови технологии, опрема и сервисирање, како и привлекување на јавно внимание за практичните придобивки од обновливите извори на енергија како и разните средства за заштеда на енергија. Повеќе... Европска енергетска конференција 19 - 23 април 2010, Барселона, Шпанија Хемија, физика и други природни науки поврзани за енергетските технологии. Клучни презентации на енергетски теми, паралелни сесии за енергетски извори, складирање, заштеда на енергија како и крајна Повеќе... употреба која вклучува заштеда. Годишно собрание и Деловен форум на ЕБРД 2010 14-15 мај, Загреб, Хрватска Не пропуштајте ја оваа прилика за воспоставување на нови деловни Повеќе... врски од висок профил во соседството!

Редакција: Центар за енергетска ефикасност на Македонија Главен уредник: проф. д-р К. Димитров; Редакција: м-р М. Димитрова, заменик гл. уредник, Јасминка Д. Капац, Д. Димовска, С. Паневски, И. Петрушевски и Жарко Илиевски

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте не на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52-1, 1000 Скопје, тел. 02 3090 177, 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk

82 infomacef  
Read more
Read more
Similar to
Popular now
Just for you