Page 1

Број 80

ЦЕНТАР ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ НА МАКЕДОНИЈА

ноември 2009

МАЦЕФ

МАЦЕФ промовира енергетска ефикасност и почиста животна средина

Во овој број:  Од уредникот  Активности на МАЦЕФ  Новости од Македонија  Новости од светот  Корисни web-адреси  Манифестации

OД УРЕДНИКОТ

Почитувани колешки и колеги, членови и симпатизери на МАЦЕФ! Неделата на енергетиката, со бројните активности е зад нас, но тоа не значи дека активностите од секторот на енергетиката престануваат. Наградените општини за успешните проекти од секторот на ЕЕ како и наградените производни организации, кои ја добија наградата од Министерството за економија, како реализатори на најуспешни проекти во сферата на енергетската ефикасност, продолжуваат со засилено темпо. Во иднина, убедени сме, конкуренцијата за наградите ќе биде уште поостра. Во овој број сакаме да го привлечеме Вашето внимание на неколкуте информации: Завршена Студијата за ЕЕ на град Скопје ЦД за Недела на енергетика Македонија 2009 Висока делегација на ЕБОР во Македонија 5. фаза од проектот „Училишен сервис“ на ЕВН Македонија Средба на Европската бизнис асоцијација Доделени 5. и 6. Награда за ЕЕ општина на Велес и Кочани Ги очекуваме Вашите ставови и за другите теми поврзани со секојдневната примена на мерките во енергетиката, екологијата, економијата (како нераскинлива верига) како и информации за поедини активности и нови производи на нашиот пазар кои сакаме да ги промовираме. Поздрав од редакцијата,

Проф. д-р Константин Димитров ЦЕНТАР З А ЕНЕР ГЕТСКА ЕФ ИКАСНОСТ НА М АКЕДОНИЈА - М АЦЕФ

МАЦЕФ е доброволно научно здружение, коешто нуди услуги и стручни знаења од областа на енергетиката и заштита на животната средина во Република Македонија и пошироко. МАЦЕФ е член на меѓународната мрежа за енергетска ефикасност RENEUER (Regional Network on Efficient Use of Resources). МАЦЕФ е дел од мрежата managenergy формирана од страна на European commission DG Energy and Transport www.managenergy.net МАЦЕФ e член на Асоцијацита на Консултантски организации. МАЦЕФ е член на РЕЕЕП, Motor Challenge Programme и официјален партнер на Sustainable Energy Europe.

Активности на МАЦЕФ Изготвено ЦД-то за Конференцијата

Најавете се доколку сакате Ваш примерок од ЦД-то, кое ги содржи сите материјали (печатени материјали во електронска форма, презентации, заклучоци, изложувачи и галерија на фотографии) од Конференцијата на energyweek@energyweek.mk

Завршена Студијата за ЕЕ на град Скопје По напорната и интензивна 4 месечна работа се финализирање Студијата за енергетска ефикасност на територијата на град Скопје. 15-член тим изработи енергетски контроли со увиди на состојбата на лице место во сите објекти кои се во надлежност на град Скопје како и уличното осветление и сообраќајната сигнализација. Студијата, исто така, вклучува, Анализа на состојбата на објектите по сектори (образование, јавни претпријатијa, културни установи и Собрание на град Скопје), Анализа на термографски снимања на објектите со анализа на состојбите, Енергетска база на податоци на објектите и фотографска документација од увидите во сите објекти. Сумарниот извештај дава препораки за примена на мерки за ЕЕ по објекти вклучувајќи и пресметки за повраток на инвестицијата по предлог-мерка, како и насоки за приоритетни санации. ЕБРД има слух ѝ за секторот на здруженија на граѓани и нивното мислење Во официјална посета на Република Македонија од 11-13 ноември беа членови на Одборот на директори на Европската банка за обнова и развој. Во рамки на оваа периодична посета, на секои 3-4 години, чија цел е следење и запознавање со напредокот на државата во процесот на транзиција како и влијанието на активностите коишто Банката ги спроведува, тие се сретнаа ѝ со претставници на здруженијата на граѓанипредводници со својот потесен делокруг меѓукои МЦМС, ЦРПМ, Транспаренси Македонија и Екосенс. МАЦЕФ го претставуваше гѓа Димитрова- Андонова. На состанокот таа ги истакна потребите на индустријата за меки кредитни линии за енергетска ефикасност и наменски кредити наменети за домаќинствата преку коменријалните банки. Исто така, ја потенцираше потребата од унапредување на тендерските постапки и попрофесионалниот пристап од техничка гледна точка при одобрување на вакви заеми.

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте не на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52-1, 1000 Скопје, Тел. 02 3090 177 Факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk


ИНФОМАЦЕФ 80 ЕБРД е во тек на ревизија на нејзината стратегијата за Македонија и Вашите коментари можете да ги доставите овде. Средба на Европската бизнис асоцијација (ЕБА) На 5 ноември во хотелот Александар Палас се одржа Годишно собрание на ЕБА, по што следеше коктел по подов одбележувањето на 5тата годишнина од постоењето, на кој беше поканет ѝ МАЦЕФ во улога на партнер и поддржувач на организацијата. На пригодната свеченост се обратија г. Лукац Мелка, претставник на Делегацијата на Европската комисија, г. Фатмир Бесими, министер за економија и др. Гинтер Офнер, претседател на ЕБА. Им ја честитаме годишнината на ЕБА! 5-та фаза од проект „Училишен сервис“ МАЦЕФ од месец октомври ја започна петтата фаза од проектот „Училишен сервис“ наменет за основните училишта. Во оваа фаза е веќе се посетени 15 основни училишта од северо-западниот регион од републикава, во градовите Скопје, Гостивар, Тетово, Велес. Проектот и оваа година наидува на доста добар прием од училиштата, односно од директорите, наставниците и децата. При предавањата, а и после предавањата, забележителен е големиот интерес кои децата го пројавуваат на тој начин што веднаш го применуваат тоа што го научиле. Важно е да се напомене дека проектот е веќе препознатлив за училиштата и учениците. „Недела на енергетика Македонија 2009“ во трка за награда на ниво на ЕУ за 2010 Манифестацијата „Неделата на енергетика Македонија 2009“, организирана од предводникот на конзорциумот- МАЦЕФ е во трка со уште стотина слични настани за европско признание во групата на настани кои оставиле голем впечаток и направиле влијание во земјата на реализација во доменот на промотивни, комуникациски и образовни активности за енергетска ефикасност, ОИЕ, чист транспорт и биогорива. Уште во мецес август 2009, манифестацијата конкурираше и стана официјален партнер на програмата на Генералниот директорат за енергија и транспорт на ЕК – Одржлива енергија Европа, а со тоа се здоби и со право на учество на конкурсот. Пријавата за конкурсот беше испратена минатиот месец, а очекуваме признание за напорната работа. На проектите со најмногу освоени бодови ќе им бидат доделени награди од страна на комисионерот за енергија на престижната церемонија на доделување на наградите која ќе се одржи на 23 март 2010 за време на Неделата за одржлива енергија на ЕУ за 2010 година.

Страна 2 Изминатиот месец се одржа информативен состанок со г. Златко Еделински од Агроконсалтинг, Македонија и г. Енрико Коста, Копроџети, Италија и претставници на МАЦЕФ. На средбата се разговараше за потенцијалот и можностите за искористување на енергетска ефикасност и обновливи извори на енегрија во Македонија со акцент на земјоделскиот сектор. Предавања во РЕХАУ МАЦЕФ во рамки на соработката со реномираната фирма РЕХАУ, започна циклус обуки наменети за вработените во МАЦЕФ. Првата обука се одржа на 19. ноември 2009 во просториите на РЕХАУ, пришто беше претставена основната дејност на фирмата и областите во кои ја развива својата технологија на полимерни решенија. Секоја следна средба ќе биде посветена на посебна област и најновите иновации во доменот на енергетски ефикасни градби и системи.

М акедонска еф икасност

oпш тинска

м реж а

за

енергетска

Сегашни членови на МОМЕЕ се општините: Сарај, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Центар, Гази Баба, Валандово, Чаир, Кочани, Ресен, Берово, Аеродром, Гевгелија и Кичево. Во најскоро време очекуваме кон неа да се приклучат и работни организации и институции кои се вклучени во програмите поврзани со енергетската ефикасност.

Годишна членарина:

24 000 денари

МОМЕЕ- Реализација на наградите за 5. и 6. место од конкурсот „Енергетски најефикасна општина 2009“ Согласно конкурсот за „Енергетски најефикасна општина за 2009та“, во месец ноември на општините Кочани и Велес им беа доделени наградите за освоено 5. и 6. Место. Наградата се состоеше од енергетски ефикасни светилки во вредност од 100 евра. Со промена на стари светилки во просториите на општинската администрација, ќе се обидеме за помогнеме за директна заштеда на електрична енергија и поставување на пример за следење од страна на општината. Конкурсот, којшто по втор пат беше организиран од Македонската општинска мрежа за енергетска ефикасностМОМЕЕ и МАЦЕФ, претставуваше вистинска можност за

Средба со Копроџети од Италија

општините да ги промовираат резултатите од спроведените промотивни кампањи, проекти и мерки во областа на

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте не на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52-1, 1000 Скопје, тел. 02 3090 177, 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk


ИНФОМАЦЕФ 80 енергетската ефикасност и заштитата на животната средина. Велес и Кочани имаа со што да се пофалат. Воедно во тек се и подготовките за обуката за подготовка на база на енергетски податоци за објекти наменета за претставници на општинската администрација, во која учество ќе земат 6 општини: Чашка, Прилеп, Богданци, Сопиште, Штип и Арачиново. Од секоја општина учество ќе земат две лица со техничка образовна подготовка и од релевантни сектори. Општина Тетово и италијанска мисија во посета на МАЦЕФ На 30. ноември, МАЦЕФ го посетија претставничка од општина Тетово, г-ца Арлинда Рушаи и италијанскиот консултант за

туризам, одржлив развој и институционална градба, г. Алберто Погорелз. Во рамки на посетата беше дискутирано за можните заеднички ангажмани во унапредување на енергетската ефикасност на територијата на општината преку изработка на пилот проекти кои би служеле како пример за останатите, а со цел намалување на потрошувачката на енергија. Особено стана збор за подигнување на градежните стандарди на ниво на општина, а во согласност со Директивата за енергетски карактеристики на градежни објекти на ЕУ и задоволување на повисоки критериуми при реновирање или изградба на нови објекти. Соработката се планира да се интензивира во наредната година.

Р ЕГИ ОНАЛНА М Р ЕЖ А ЗА ЕФ И КАСНО КОР ИСТЕЊ Е НА ЕНЕР ГИ ЈАТА И ВОДАТА RENEUER (www.reneuer.com)

REN EUER е формирана по иницијатива на претставници на владите, невладините организации и претпријатијата од 8 земји и тоа: Албанија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Србија и Црна Гора, Македонија, Молдавија, Романија и Хрватска. Основната задача на оваа мрежа е да се ангажира за решавање на проблемите за ефикасна употреба на енергијата и водата во земјите од Југоисточна Европа. RENEUER ги дефинира основните определби во областа на ефикасното користење на енергијата и водата преку анализа на проблемите со кои се среќаваат земјите од Југоисточна Европа и можностите за нивно решавање.

Новости од Македонија

Потпишан договор за изградба на 7 мали ХЕЦ Министерот за економија Фатмир Бесими ги потпиша првите договори за доделување концесија за вода за производство на електрична енергија од мали хидроцентрали, на компанијата „Мали Хидроцентрали“ Доо-Скопје. Компанијата е формирана од страна на друштвата „Турбоинститут“ Д.Д-Љубљана, Република Словенија, „Феро Инвест“Доо-Велес, ГД „Гранит“ АДСкопје и „Топлификација“ АД-Скопје. Рокот во кој фирмата треба да ги изгради и стави во функција хидроцентралите е 3 Повеќе... години. Со изградба на гасовод Русија ќе и го врати долгот на Македонија Русија ќе и го врати на Македонија во целост клиринишкиот долг во износ од 60 милиони долари, преку реализација на проектот гасификација. Руската страна се согласи Македонија да добие максимална поддршка од „Гаспром“. Со оглед на тоа дека 60-те милиони долари нема да бидат доволни за реализација, македонската држава ќе кофинансира и во делот што ќе се гради заедно со Русија и во делот што ќе остане за

Страна 3 финансирање од страна на Македонија за целосно да се изгради гасоводната мрежа. Ќе се гради центарлен гасовод од Куманово до Гевегелија и крак кон Струмица. Повеќе... Потпишан анекс договор за грант за еколошка санација на геотермалниот систем „Геотерма“ Министерот за животна средина и просторно планирање Неџати Јакупи, заменик - министерот за економија Методиј Хаџи-Васков и директорот на Австриската Агенција за развој (АДА) Хаинц Хабертер во Министерството за животна средина и просторно планирање потпишаа анекс договор за грант за проектот „Еколошка санација и енергетска рационализација на геотермалниот систем „Геотерма“ – Кочани“. Целта на проектот е користење на геотермалната енергија и заштита на животната средина. Тоа би бил еден пример за ефикасно и одржливо искористување на обновливите извори во Република Повеќе... Македонија, посочи Хаџи-Васков. Од 2011 година планско пошумување Пошумувањето на Македонија треба да се темели на долгорочна стратегија, која ќе ја изработи стручен тим. Иницијативата ’Ден на дрвото’ е одлична идеја за подигнување на свеста кај граѓаните за потребата од пошумување на нашата земја. Планското пошумување ќе почне во 2011 година, кога се планира да се направи ревизија на сите локалитети кои дотогаш биле дел од акциите на Денот на дрвото. Според заклучоците од Конференцијата за долгорочно пошумување, одржана во јуни во МАНУ, ќе се подготвува план на расположливото државно земјите кое може да се пошумува во текот на следната деценија, како и план какви и колку садници Повеќе... ќе бидат засадени. Општина Гостивар штеди електрична енергија Со програмата за рационализација на потрошувачката на јавното осветлување општина Гостивар последниве месеци месечно заштедува над 20.000 евра, а годишно ќе се заштедат меѓу 250.000 и 300.000 евра. Локалните власти целосно ќе го намират долгот за јавно осветлување кон ЕВН од претходното раководство и ќе создадат дополнителен фонд за инвестиции. Според градоначалникот Руфи Османи, заштедата, е резултат на откривањето на потрошувачи на струја што бесправно се приклучиле. Екипи на фирмата што е ангажирана од општината се на терен и ги откриваат дивоприклучените.

Новости од светот Повратен процес со кисели гасови за складирање и отстранување на емисијата на сулфур и јаглерод кај термоцентралите Откриена е револуционерна технологија со која ќе може двојно да се намали количеството емисија на штетните издувни гасови од термоцентралите. Со овој револуционерен процес од емисијата издувни гасови на термоцентралите може да се извлечат/отстранат дури и гасовите како што се јаглероден двооксид, сулфур и останатите штетни гасови кои ја загадуваат околината. Се претпоставува дека овој процес лесно ќе може да ја замени постоечката технологија за намалување на штетните гасови која се користи кај термоцентралите. Со новата технологија воедно ќе може да се намали потребата од Повеќе... вода и енергија, а ќе може да се заштедат пари. Истражувачкиот центар за биомаса стигна во Лајпциг Лајпциг ќе стане локација за нов „Германски истаржувачки центар за биомаса” (DBFZ) засновано на одлуката на Федералното министерство за исхрана, земјоделство и заштита на потрошувачите. Планирана е блиска соработка заедно со истражувачките центри во државата. Овој чекор ќе овозможи до 80 вработувања. Истражувачкиот центар ќе се концентрира на употребата на енергија од суровите обновливи материјали. Истражувањето за третманот како и претворањето во енергија, греење и биогорива (технологија на енергетски централи, греење и моторна технологија) треба да бидат главните цели. Не треба да биде

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте не на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52-1, 1000 Скопје, тел. 02 3090 177, 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk


ИНФОМАЦЕФ 80 заборавено дека новата препорака од Германскиот совет за еколошки советници (SRU) може да има ефект на фокусната стратегија на новиот истражувачки центар. Повеќе... Шкотите ја изградија првата светски распространета комерцијална енергетска централа на бранови На бурниот брег на Атлантикот кај северна Шпанија во Мутрику, Воит Сименс Хидро ја градат првата централа на бранови за енергетскиот снабдувач Баскиа Енте Васко де Енергија. Таа ќе работи со технологијата на осцилирачка водена столбови (OWC). Енергетската станица беше развиена од подружната компанија на Воитх Сименс Хидро Вавеген, а шкотскиот пионер во брановата енергија, веќе седум години ја напојува мрежата на шкотскиот остров Ислај. Повеќе... ЕУ таксата за јаглерод диоксид на новата комисиска агенда в година Предлогот за ревизија на Директивата за енергетско оданочување од 2003 ќе биде на агендата на новата комисија, “со надеж порано во новата година“, е заклучокот од тркалезна маса организирана од Повеќе... Асоцијацијата на сертифицирани сметководители. Постоечките згради клучни во борбата со климатската промена Постоечките згради имаат клучна улога во борбата со климатските промени, ЕКЕЕЕ и припадниците на градежниот сектор во Европа, пратија порака во заедничко писмо до ЕУ министрите, Европската комисија како и членовите на Европскиот парламент. Писмата се повикуваат на европските донесувачи на политики за актуелизирање на Директивата за енергетски карактеристики на згради, пред одржувањето на климатската конвенција во Копенхаген во декември. Повеќе... Енергетските претпријатија со новини Европските компании за производство на електрична енергија издадоа нов извештај со сценарија за тоа како може снабдувањето со електрична енергија на Европа да се претвори во неутрално-јаглеродно Повеќе... производство до 2050. ЕУ е на патот да ги постигне целите на Кјото Најновите проценки покажуваат дека ЕУ е подготвена да ја надмине својата колективна емисиска цел согласно Кјото протоколот, соопштуваат официјални извори на Европската Комија. Објавениот извештај на напредокот од страна на Европската агенција за животна средина (ЕАО) предвидува намалување на гасовите кои предизвикуваат ефект на стаклена градина за 13% под нивото за избраната првична споредбена година. Повеќе... Гаспром и Србијагас потпишаа договор за основање на компанија Јужни ток Србија Во името на Србијагас, основачкиот документ беше потпишан од генералниот директор, Душан Бајатович; а од руската страна, документот беше потпишан од генералниот директор на Гаспром проектот Јужна Река, Павел Одеров. Ова е прв заеднички потфат кој руската компанија ја основа со партнер од учесничките земји во проектот Јужна Река. Компанијата ќе биде регистрирана во Швајцарија Повеќе... во градот Цуг. Холандија отвора енергетска централа која го користи ѓубрето од крави Се чини дека што повеќе времето минува, се повеќе гледаме како ѓубрето од животните се претвора во корисен енергетски извор. Најновата нација која се приклучи на новиот зелен тренд на алтернативна енергија е Холандија со отворањето на енергетска Повеќе... централа на ѓубре од крави.

Страна 4 Корисни web-адреси

www.energyweek.com.mk www.managenergy.net/kidscorner www.worldbank.org www.energetika.com.mk – единствен портал за енергетика во Македонија www.nvosorabotka.gs.gov.mk www.pep.org.mk www.erc.org.mk www.sustenergy.org/ www.motorchallenge.org/ www.rec.org www.energy.eu – Енергетски портал на ЕУ www.ase.org/ www.euractiv.com/ http://greennet.i-generation.at/ www.display-campaign.org/ www.energie-cites.org/ www.reeep.org www.kids.evn.com.mk www.europesustainableenergy.com www.eneffect.bg www.kids.evn.com.mk www.moepp.gov.mk http://ec.europa.eu/energy/index_en.html www.rexus.com.mk www.ri.com.mk www.rehau.com.mk

Манифестации Интернационална енергетска конференција за нафта, гас 2010 24 - 25 февруари 2010, Берлин, Германија Сеопфатни стратегии на одржување на главните играчи како и сервисните компании во нафтената, гасната и енергетската индустрија. Претставување на успешни примери од водечки меѓународни енергетски Повеќе... компании или зголемување на енергетската ефикасност. Енергетски транзиции во независен свет: кои се и каде се наоѓаат идните социјално-научно истражувачки агенди? 25 - 26 февруари 2010, Брајтон, Јужен Сасекс, Велика Британија Оваа конференција е отворена за академци, создавачи на политики, индустриски како и невладини организации кои што работат во полето на енергетските транзиции. Повеќе... Конференција за контролни методологии како и технологија за енергетска ефикасност 29 - 31 март 2010, Виламура, Португалија Ова е прва контролна конференција која е специјално посветена на темата енергија. Таа ги повикува повикува за придонеси кон контролата и автоматизацијата во областа на снабдување, потрошувачка, како и Повеќе... складирање и дистрибуција на микро-производни системи. Деветта Густав Лоренцен Конференција: Природни замрзнувачи – Реални алтернативи 12 - 14 април 2010, Сиднеј,Австралија Природни ладилни медиуми-реални алтернативи, фокус на најнови истражувачки резултати како и предности поврзани со употребата на природните ладилни медиуми, третман на воздух, системи на грејни пумпи и друго. Повеќе... Шести ЕЕ и ОЕИ Меѓународен конгрес како и изложба за југоисточна Европа 14 - 16 април 2010, Софија, Бугарија Настанот цели кон презентирање на југоисточниот европски пазар за нови технологии, опрема и сервисирање, како и привлекување на јавно внимание за практичните придобивки од обновливите извори на Повеќе... енергија како и разните средства за заштеда на енергија. Европска енергетска конференција 19 - 23 април 2010, Барселона, Шпанија Хемија, физика и други природни науки поврзани за енергетските технологии. Клучни презентации на енергетски теми, паралелни сесии за енергетски извори, складирање, заштеда на енергија како и крајна употреба која вклучува заштеда. Повеќе...

Пизоелектричниот материјал Бизмутх-Феритх отвора нови начини за енергетско производство Истражувачите на американскиот Универзитет Беркли во одделот на Лоренц Енерги лабораторијата развија нов безоловен материјал којшто произведува електрична енергија кога е изложен на стрес. Еден ден, овој феномен наречен пизоелектрицитет би можел да стане секојдневие во домаќинствата. Повеќе...

Ветерна енергија - производство и дистрибуција 2010 21 - 22 април 2010, Манчестер, Велика Британија Овој уникатен настан е дизајниран за производствените и дистрибуциски проблеми кои се поврзани со конструкцијата на нови ветерни енергетски централи и нивното приклучување кон мрежата на производители и дистрибутери како и операторите, инжинерите, регулаторите и клучната Повеќе... индустрија за производство на ветерни централи.

Бактерија ќе генерира биогориво Тим на американски истражувачи развија нов начин како да се произведува алтернативно гориво од бактерија. Тие успеале генетски да модифицираат бактерија која се храни со јаглерод двооксидот при што Повеќе... произведува биогориво.

Редакција: Центар за енергетска ефикасност на Македонија Главен уредник: проф. д-р Константин Димитров Редактори: м-р Македонка Димитрова- заменик гл. уредник, Даниела Димовска, Бојан Калиманов, Елена Бојкова

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте не на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52-1, 1000 Скопје, тел. 02 3090 177, 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk

80 infomacef  
80 infomacef  
Advertisement