Page 1

Број 7

ЦЕНТАР ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ НА МАКЕДОНИЈА

Октомври 2003

МАЦЕФ МАЦЕФ промовира енергетска ефикасност и почиста животна средина

Во овој број: Од уредникот Центар за енергетска ефикасност на Македонија МАЦЕФ Активности на МАЦЕФ Регионална мрежа за ефикасно користење на енергијата и водата RENEUER Алијанса за штедење на енергија ASE Новости од Македонија Новости од другите земји Корисни web-адреси

OД УРЕДНИКОТ Почитувани колеги, членови на МАЦЕФ! Октомври беше исполнет со голем ангажман во реализацијата на Тренинг курсевите за локалната самоуправа. Почетокот на оваа активност ја поздравија екселенцијата Д-р Димко Кокароски, заменик министер за финансии, Г-ѓа Виолета Кецкароска, раководител на одделот за енергетика при Министерството за Економија, Г-дин Стевче Јакимовски, тогашен градоначалник на општина Карпош, Владо Серафимов, директор на инспекциските служби при Министерството за екологија, проф. д-р Миле Димитровски, продекан за наука при Машинскиот факултет. Освен во Скопје, реализирани се и курсевите иво Маврови Анови и Кавадарци, со присуство на претставници од околните општини. Реализирани се и јавни дебати со тематика Енергетската ефикасност како можност да се намали енергетската сиромаштија во Македонија. Врз основа на презентираните информации, како резултат на овие дебати, извлечени се заклучоци, кои беа презентирани на Меѓународната конференција за борба против сиромаштијата во Софија. Оваа конференција беше организирана од страна на ЕБРД, УНЕЦЕ ЕЕ21, Светската Банка и УСАИД. На оваа конференција присуствуваше делегација од Македонија составена од Министерството за економија, Парламентот, Регулаторната комисија и МАЦЕФ. Проф. Д-р Константин Димитров

ЦЕНТАР ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ НА МАКЕДОНИЈА МАЦЕФ

МАЦЕФ е доброволно научно здружение, основано да делува во рамките на Република Македонија и надвор од неа. МАЦЕФ е член на меѓународната мрежа за енергетска ефикасност RENEUER (Regional Network on Efficient Use of Resources). МАЦЕФ има поддршка и тесно соработува со ALLIANCE TO SAVE ENERGY фондација формирана од Сенатот на САД и делумно финансиски поддржана од USAID. МАЦЕФ e член на Асоцијацита на Консултантски организации, нудејќи професионални експертски услуги од својот делокруг на работа, во земјата и надвор од неа.

Активности на МАЦЕФ Во согласност со работниот план, досега се одржаа тренинг курсеви за советниците кои гравитираат кон центрите во Скопје, Маврово и Кавадрци со наслов: Енергетската

ефикасност како можност да се намалат трошоците на општините. Четвртиот по ред курс ќе се одржи во Кочани на 6 и 7 ноември, 2003 година. Првиот курс се реализира во општина Карпош, Скопје на 2 и 3 октомври 2003 година. Курсот беше отворен со поздравните обраќања на Проф. Д-р Димко Кокаровски, заменик министер за финансии, Г-ѓа Виолета Кецкаровска од одделот за енергетика при Министерството за економија, Проф. Д-р Миле Димитровски – продекан за наука при Машинскиот факултет, Г-дин Влатко Серафимов, директор на инспекторатот за животна средина при Министерството за заштита на животната средина, Стевче Јакимовски, градоначалник на општина Карпош, Скопје и проф.д-р Константин Димитров, претседател на МАЦЕФ. Во програмата на овие курсеви се застапени следните теми: Надлежност на општините дефинирани со закон, Локалната самоуправа и енергетската политика, Проекти за енергетска ефикасност, Потреби за вода и улогата на правилното управување, Можно поле на дејство и мотивирање на општината (општината како мотиватор), Јавно осветление, Снабдување со топлинска енергија, Користење на трајни енергетски извори, Можности за промена на потрошувачката и видот на транспортните горива во РМ. Предавачи на курсот беа професори од Машинскиот факултет – Скопје: проф.д-р К.Димитров, проф.д-р С.Арменски, проф. д-р М.Димитровски, проф.д-р П.Поповски, асс.м-р Д.Ташевски и Благој Блажев, директор на фирмата Тимелпроект од Скопје,

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте не’ на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 399216, факс 02 361 013, e-mail: macef@ereb1.mf.ukim.edu.mk


ИНФОМАЦЕФ

Страна 2

кои се членови на МАЦЕФ. Со свои презентации и рекламни материјали се претставија и фирмите ТЕРМОКИНГ, ФОНКО и АДИНГ од Скопје. Беше прикажан филм за штедење на електрична енергија добиен од Алијансата за штедење на енергија во Србија и Црна Гора. На тренинг курсот учествуваа 17 советници од осумте скопски општини и 4 претставници од Министерството за економија, Министерството за финансии, Рударски институт – Скопје и приватната фирма ТЕРМОКИНГ од Скопје. На курсот во Скопје презентација имаше и Организацијата на потрошувачи на Македонија (ОПМ). На овој курс присуствуваше и Angela Morin, програм менаџер на Alliance to Save Energy за Европа. Сите учесници добија сертификати за учество на курсот. Како дополнителна манифестација беше организирана јавна дебата со тема Енергетската ефикасност како мерка за

МХЕЦ Лукар и двајца студенти на Машинскиот факултет – Скопје.

помош на потрошувачите со ниски (никакви) лични доходи.

Во соработка со Alliance to Save Energy, МАЦЕФ подготви и издаде книга со наслов Енергетска ефикасност, од проф.д-р К.Димитров, координатор на проектот, раководител на курсевите и претседател на МАЦЕФ. Книгата е наменета за одржување на тренинг курсевите за потребите на локалната самоуправа.

Г-дин Димко Кокароски, заменик министер за финансии, г-дин Стефче Јакимовски, тогашен претседател на општина Карпош, г-ѓа Виолета Кецкаровска, Министерство за економија, оддел за енергетика на отварањето на серијата курсеви говореа за нивниот значај

Вториот курс се одржа на 9 и 10 октомври, 2003 година во хотел “Макпетрол”, Маврово. Курсот беше поздравен од градоначалникот на општина Маврово, Андон Смилески. Темите кои беа застапени на курсот, презентациите на фирмите и проекциите се истите што беа презентирани во Скопје, со дополнување од две презентации и тоа: пример – проект за когенерација Берово и пример – проект Дрисла Скопје. На тренинг курсот во Маврово учесници беа градоначалникот на Маврово, 10 советници од општините: Маврово, Осломеј, Србиново, Вруток и Гостивар, двајца студенти на Машинскиот факултет – Скопје и двајца претставници на Шумарскиот факултет – Скопје и ЈПССАП на РМ. И овде беше организирана дебата за можностите да им се помогне на социјалните случаи со доделување на бесплатна енергија, или со примена на мерки за енергетска ефикасност во нивните домови. Третиот курс се одржа на 16 и 17 октомври, 2003 година во хотел “Фени”, Кавадарци. Курсот беше поздравен од градоначалникот на општина Кавадарци, Панчо Минов. На тренинг курсот во Кавадарци учествуваа 17 советници од општините: Кавадарци, Конопиште, Демир Капија, Градско, Росоман, Неготино и Велес, двајца претставници од ФКН и

Заинтересираните колеги кои сакаат да станат активни членови на МАЦЕФ, треба да се јават на нашата адреса, за да ги добијат потребните формулари за зачленување. Колегите со поголемо искуство и резултати во оваа област, со желба да бидат внесени во меѓународниот регистер на експерти, ги замолуваме да контактираат со нас, за да им го доставиме потребниот формулар. Тоа не значи и обврска да се биде член на МАЦЕФ.

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте не’ на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3099216, факс 02 3061 013, e-mail: macef@ereb1.mf.ukim.edu.mk


ИНФОМАЦЕФ

Страна 3

РЕГИОНАЛНА МРЕЖА ЗА ЕФИКАСНО КОРИСТЕЊЕ НА ЕНЕРГИЈАТА И ВОДАТА

RENEUER (www.reneuer.com)

RENEUER е формирана по иницијатива на претставници на владите, невладините организации и претпријатијата од 8 земји и тоа Албанија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Србија и Црна Гора, Македонија, Молдавија, Романија и Хрватска.

АЛИЈАНСА ЗА ШТЕДЕЊЕ НА ЕНЕРГИЈА ASE (www.ase.org)

Алијансата за штедење на енергија има за мисија да ја промовира енергетската ефикасност ширум светот, со цел да се постигне здрава економија, почиста околина и енергетска сигурност. Таа е непрофитна коалиција на лидери од бизнисот, државната управа, екологијата и потрошувачите. Алијансата ја поддржува енергетската ефикасност како најефтин енергетски ресурс при постоечките пазарни услови и советува да се применат енергетски политики кои ги намалуваат цените за потрошувачите и општеството, како и емисијата на штетни гасови кои имаат влијание на глобалните климатски услови.

teking@mt.net.mk

Новости од Македонија Во земјите од Централна и Источна Европа предвидени се одредени бенефиции, вообичаено во форма на даночни намалувања, на донатори за прилози извршени во корист на граѓанските организации. Унгарија, а од неодамна и Словачка и Литванија, изгласале таков закон со кој треба да се назначат обврзниците дека 1% од нивните даноци треба да им се исплатат на определени НВО. Според г. Славко Лазовски од Секторот за даноци и даночна политика на Министерството за финансии воведувањето на “Унгарскиот закон од 1%” во Македонија е можно и очекувано.

Новости од другите земји UNDP во Босна и Херцеговина започнале пилот проект за енергетска ефикасност во домаќинствата, кој е финансиран од UNDP Energy Thematic Trust Фондот. Крајната цел на проектот е да се подобри енергетската ефикасност во селектирани рурални области преку создавање на локални акционери во областа на енергетската ефикасност. Создавањето на вакви кадри ќе се врши преку обуки на локалните акционери и

примена на демонстарциони проекти во областа на енергетската ефикасност. Локалните акционери ќе бидат инженери и технички лица кои се занимаваат со градежништво, општински службени лица и градежни претпријатија. Пилот проектот е изграден врз основа на постоечката програма на UNDP за развој на подрачјата во Босна и Херцеговина. Оваа програма има цел повторно да ги основа мултиетничките претпријатија, во постојана смисла, со помош на проекти кои ќе вклучуваат неколку компоненти како што се реконструкција на становањето и инфраструктурата, зајакнување на капацитетите на локалната власт, поддршка на локалниот развој на економијата итн. Во овој пилот проект исто така е опфатена и една пилот студија за испитување на можностите за користење на обновлива енергија во руралните домаќинства преку примена на грејни котли на биомаса, во станбените и државните згради. Резултатите и искуството стекнати од овој проект ќе бидат пренесени до политичарите, меѓународните заедници, други заинтересирани групи (асоцијации за домување, градежни претпријатија, Архитектонски факултет) и пошироко во јавноста за подигање на јавната свест и интересот во наредните активности во полето на енергетската ефикасност. Популаризацијата на сончевите колектори меѓу народот во Бугарија постојано расте во последните 12 месеци. Бројот на инсталирани сончеви колектори во 2003 година бил двојно поголем од оној во 2002 година. Оваа тенденција на инсталирање на сончеви колектори е мотивирана од наглото зголемување на цените на енергија во Бугарија. Се претпоставува дека едно домаќинство, со користењето на сончевата енергија, може да заштеди до 70% од трошоците за топлинска и електрична енергија. Прашањето за греење во домаќинствата и сметките за електрична енергија се уште не се едно од најглавните теми во Србија, меѓутоа со наближувањето на зимата, пресметките за комунални потреби во однос на приходот стануваат дел од секое домаќинство. Најскапиот систем за греење во Србија е централниот систем за греење со електрична енергија, а како поефтини се вбројуваат централните системи за греење на природен гас, јаглен, огревно дрво. Според анализите направени од претпријатието за снабдување со електрична енергија на Србија, просечните сметки за енергија на оние домаќинства кои ќе користат електрична енергија ќе изнесува од 7 000 YUD (110 Euro) до над 13 000 YUD (200 Euro), а со редовно плаќање на потрошената електрична енергија ќе се дава попуст од 5%. Едно домаќинство кое користи електрична енергија за затоплување на 60m2 стан, за постигнување на температура помеѓу 19˚C и 21˚C ќе треба да потроши околу 1 800 kWh електрична енергија само за греење на станот и дополнителни 600 kWh електрична енергија за други потреби. Во Софија на 20-21 октомври, 2003 година WB, EBRD и USAID организираа регионална конференција на тема “Енергетските реформи и социјалната сигурност”, на која присуствуваше и Македонска делегација. Со овој настан ќе се овозможи синхронизирање на работата на разни донатори, во поглед на потенцијалните механизми за помош на сиромашните семејства, во регионите каде што многу од потрошувачите плаќаат голем процент, за затоплување на домовите, во однос на својот личен приход. На конференцијата се испитале поволните пристапи за горенаведеното преку: 1. целните субвенции

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте не’ на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3099216, факс 02 3061 013, e-mail: macef@ereb1.mf.ukim.edu.mk


ИНФОМАЦЕФ

Страна 4

2. современите модели на тарифни системи и 3. мерките за енергетска ефикасност USAID има цел да ја поттикне врската помеѓу стручњаците и креаторите на политика како и да ги дефинира корисните пристапи кои земјите во регионот можат да ги користат. Во Софија во периодот од 22-23 октомври, 2003 година, се одржа состанок помеѓу земјите членки на проектот RENEUER и Алијансата за штедење на енергија (ASE). Беше презентиран и анализиран прогресот на работните задачи на проектите MUNEE и RENEUER. Посебно внимание се посвети на висината на сметката за потрошена електрична енергија во буџетот на ниско приходните семејства. Во оваа прилика се прослави и десет годишнината од постоењето на Центарот за енергетска ефикасност на Бугарија (EnEffect).

Корисни web-адреси

http://www.nrel.gov National Renewable Energy Laboratory http://www.moreprogram.com Mortgage options for resource efficiency – Make Your Home More Efficient http://www.seda.nsw.gov.au Sustainable Energy Development Authority

Манифестации 10-13 НОЕМВРИ, 2003 настан: SUSTAINABLE USE OF NATURAL RESOURCES COOPERATIVE PLANNING AND ACTIONS локација: Tampere, Finland Актуелните прашања кои ќе бидат разгледувани се: одржливиот развој на индустријата, оптималното користење на природните ресурси, производството на енергија и алтернативите за одржлив развој; Европски, национални и регионални политики за одржлив развој и програми за инженерство во областа на животната средина. На работилницата ќе се претстави актуелното истражување во областа на животната средина и неговата примена во индустријата и инженерското образование. Дополнителни информации: Tel: (358-3) 264-7401 Fax: (358-3) 264-7447 E-mail: Marjukka.Dyer@tpu.fi

16-19 НОЕМВРИ, 2003 настан: Distribution 2003 локација: Adelaide Convention Centre Седма по ред конференција за пренос и дистрибуција на енергијата, која ќе се состои од пленарни седници, работилници и изложување на производите и услугите. Дополнителни информации: Waldron Smith Management Tel: 03 9645 6311 web-site: http://www.d2003.net 17-20 НОЕМВРИ, 2003 настан: Internetaional Conference on Power Electronics and Drives Systems (PEDS 2003) локација: Apollo Singapore, Singapore Дополнителни информации: Sanjib Kumar Panda Tel: +65 6874 6484 Fax: +65 6779 1103 Email: eleskp@nus.edu.sg 24-26 НОЕМВРИ, 2003 настан: GLOBALISATION, ECOLOGY AND ECONOMY локација: Tilburg, The Netherlands Целите на оваа конференција се да се развие политика и акционен систем за понатамошна позитивна интеракција помеѓу економијата и екологијата за создавање обврски кај релевантните акционери; растење на економскиот и еколошкиот профил во земјите од Европската Унија; и развој на интердисциплинарната европска истражувачка програма за глобализација, екологија и економија. Дополнителни информации: Tel.: (31-13) 466-3240 Fax: (31-13) 466-3250 E-mail: gee@ecnc.nl Website: http://www.ecnc.nl/doc/ecnc/meetings/ee_99/index.html 25-27 НОЕМВРИ, 2003 настан: POWER GENERATION WORLD EUROPE 2003 локација: London, UK Дополнителни информации: www.powergenerationworld.com/2003/pg_UK 26-27 НОЕМВРИ, 2003 настан: European Conference on Local Energy Action локација: Brussels, Belgum Годинешната конференција ќе се фокусира на актуелните политички прашања и програми за нови извори на енергија. Исто така ќе се истакнат и расположивите финансиски средства на локално и регионално ниво. Со оваа конференција ќе се овозможи креирање на стратегии за постигнување на целите во областа на обновливите извори на енергија, ефикасното користење на енергија и чистиот градски јавен транспорт. Дополнителни информации: http://www.managenergy.net/conference/2003.html#programme

Уредник: Проф. Д-р К. Димитров Центар за енергетска ефикасност на Македонија Тех. Секретар. Л. Хаџиевска, дипл.ел.инж. Н. Парапунов 3а/52 1000 Скопје Тел. 02 3099 216, факс: 02 3061 013 e-mail: macef@ereb1.mf.ukim.edu.mk

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте не’ на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3099216, факс 02 3061 013, e-mail: macef@ereb1.mf.ukim.edu.mk

7 infomacef  
Advertisement