Page 1

Број 78

ЦЕНТАР ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ НА МАКЕДОНИЈА

септември 2009

МАЦЕФ

МАЦЕФ промовира енергетска ефикасност и почиста животна средина

Во овој број:  Од уредникот  Активности на МАЦЕФ  Новости од Македонија  Новости од светот  Корисни web-адреси  Манифестации

OД УРЕДНИКОТ

Почитувани колешки и колеги, членови и симпатизери на МАЦЕФ! Во овој број сакаме да го привлечеме Вашето внимание на неколкуте информации: ЦЦИ Загреб – ГТЗ 7/8 септември Виена 15/16 – УСАИД/ИРГ Регионален проект на УСАИД за енергетска ефикасност Студија на Светска здравствена организација Проект за Норск Енерги и Центар за климатски промени Студија за енергетска ефикасност на град Скопје Конкурс за Енергетски ефикасна општина за 2008/09 Нови членки на МОМЕЕ НЕДЕЛА НА ЕНЕРГЕТИКА МАКЕДОНИЈА 2009 Недела на енергетика Македонија 2009 со право го заслужува епитетот на 5-то јубилејно издание. Веќе е извесно учеството на повеќе релевантни чинители од енергетскиот сектор на домашен и регионален план, затоа побрзајте со регистрацијата за учество на настаните. Интензивирањето на активностите во секторот, се надополнува и со потпишувањето на мемодандумот за соработка од страна на градоначалниците на градовите, Скопје, Загреб, Сараево и Подгорица за учество во регионалниот проект на ГТЗ. Исто така, не’ радува фактот што, напредокот на Македонија во подготовка на Националниот план за ЕЕ на состанокот одржан во седиштето на Енергетската заедница во Виена, беше оценет со највисока оценка, а тоа е дополнителен импулс да се продолжи со напорната работа за негово завршување пред истекот на годината. Ве молиме почитувани колеги, прочитајте ги и испратете ги до нас Вашите ставови, дури ѝ иако се спротивни од предложените амандмани на законот. Ако не реагираме, долг е патот до следните можности за дополнување и измена на законите. Со Ваша помош, заеднички, пред Собранието на Македонија можеме да ја оправдаме потребата од овие законски промени. Ги очекуваме Вашите ставови и за другите теми поврзани со секојдневната примена на мерките во енергетиката, екологијата, економијата (како нераскинлива верига) како и информации за поедини активности и нови производи на нашиот пазар кои сакаме да ги промовираме. Поздрав од редакцијата,

Проф. д-р Константин Димитров

ЦЕНТАР З А ЕНЕР ГЕТСКА ЕФ ИКАСНОСТ НА М АКЕДОНИЈА - М АЦЕФ

МАЦЕФ е доброволно научно здружение, коешто нуди услуги и стручни знаења од областа на енергетиката и заштита на животната средина во Република Македонија и пошироко. МАЦЕФ е член на меѓународната мрежа за енергетска ефикасност RENEUER (Regional Network on Efficient Use of Resources). МАЦЕФ е дел од мрежата managenergy формирана од страна на European commission DG Energy and Transport www.managenergy.net МАЦЕФ e член на Асоцијацита на Консултантски организации. МАЦЕФ е член на РЕЕЕП, Motor Challenge Programme и официјален партнер на Sustainable Energy Europe.

Активности на МАЦЕФ

Регионален проект за енергетска ефикасност на УСАИД Месец септември беше месец на реализација на повеќе компоненти од Регионалниот проект на УСАИД, меѓу кои работата на Националниот акционен план за енергетска ефикасност, Кампањата за јавно информирање и поддршката на партнерите од БиХ за спроведување на програмата Зелени

училишта. На 17 и 18 септември во работна посета на ЦЕЕФ - Центарот за енергетска ефикасност на Босна и Херцеговина, со седиште во Сараево престојуваа експерти од МАЦЕФ за спроведување на програмата Зелени школи, при што се спроведе „обука на обучувачи за босанските колеги“, а исто така ѝ директна обука на наставници и директори од 5 училишта односно 2 општини од Сараево за нејзина апликативна примена во работата со учениците. Зелени школи е програма за запознавање на децата од основно образование со основите на енергијата, како да ја зачуваат природата преку штедење на енергијата преточено во игри и експерименти. Оваа програма е за прв пат применета од Алијансата за заштеда на енергија во САД, а веќе се применува и во многу други земји во светот и во нашето соседство. Колегите од Босна се веќе во тек на спроведување на програмата во училиштата, се разбира со нејзини прилагодувања кон тамошниот наставен курикулум. МАЦЕФ, предложи да ја збогатат со низа експерименти и примери кои во македонските училишта наидоа на добар прием. РЕЦ – II. Курс за одржливост во пракса

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте не на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52-1, 1000 Скопје, Тел. 02 3090 177 Факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk


ИНФОМАЦЕФ 78 Кон крајот на септември 2009 се одржа двонеделна практична и теоретска обука за значењето и примената на основните начела на одржливиот развој на локално ниво за професионални кадри од Југо-источна Европа. Во групата од Македонија, учество зема и асс. Македонка Димитрова, МППМ, од МАЦЕФ/ Универзитет Американ колеџ Скопје (УАЦС). Курсот започна на Венецијанскиот универзитет (ВИУ), со осврт на напорите и проектите за спречување на поплавување на Венеција како последица на зголемениот наплив на туристи и закотвување на големи бродови за крстосување во венецијанската лагуна и нарушениот баланс на биодиверзитетот во истата. Секој ден се обработуваа тематски целини поврзани со локалниот развој, а целта беше успешните примери и пракси да се обидеме да ги примениме во земјите од каде доаѓаме. Меѓудругото, г. Димитрова, во рамки на денот посветен на искористување на комуналниот смет како извор на

енергија и предавањето на г. Золтан Илеш, пратеник во унгарскиот парламент и професор на Централно европскиот универзитет, во вид на студија за случај ја претстави студијата „Еколошко санирање на Дрисла“ изработена од страна на професори од УАЦС и МАЦЕФ. Обуката продолжи во Св. Андреа, Унгарија, во просториите на ‘REC Zero Emission Center’. Од фотографијата се гледа дека и инвентарот во седиштето на РЕЦ во Унгарија е направен од рециклирана хартија, а не само софистицираните системи за греење, ладење и осветлување на зградата. Беше реализирана ѝ посета на најстарата постројка за согорување на неселектиран комунален смет близу Будимпешта. Предавачи, на обуката, беа видни професори и истражувачи од Бокони, Миланскиот Универзитет, Универзитет на Северна Умбриа, Нишкиот Универзитет, Универзитетот Пенсилванија и други. Обуката беше реализирана од РЕЦ, Унгарија и ВИУ, Италија со поддршка на Италијанското министерство за животна средина. ЕЕ во болниците во Штип и Гостивар – Студија СЗО На 4-ти септември, во хотелот Континентал, се одржа средба на работната група одговорна за проектот „Ублажување на ефектот на климатските промени во здравствениот сектор во Македонија“ чија цел беше изборот на два пилот објекти од здравствениот сектор во коишто ќе се применат мерки од енергетска ефикасност. Средбата беше организирана од страна на СЗО - Канцеларија Скопје којашто е и главен носител на овој проект. Пред да биде извршен изборот на двата пилот објекти, беа презентирани начините и можностите за намалување на производството на стакленичките гасови и различните искуства во светот преку излагањето на проф. д-р Наташа Марковска од ИЦЕИМ – МАНУ, а потоа од страна на Жарко Илиевски од МАЦЕФ беа презентирани и потенцијалните објекти, на кои според експертите од МАЦЕФ и МАНУ, би било потребно да се извршат зафати со кои би се примениле мерки за заштеда на енергијата. Проф. д-р Константин Димитров од Центарот за енергетска ефикасност на Македонија преку своето излагање ги прикажа можностите на сите потенцијални објекти

Страна 2 и нивото на енергетска заштеда на истите доколку би се примениле соодветните мерки за ЕЕ.

По дводневното разгледување на потенцијалните објекти, земајќи ги во предвид различните аспекти на разгледување на истите од страна на работната група која е составена од претставници на повеќе здравствени и вон-здравствени научни здруженија, Клиничката болница во Штип и Клиничката болница во Гостивар беа избрани за објекти врз кои ќе се применат реконструкциски зафати со мерки од енергетска ефикасност. Проектот - Намалување на емисијата на стакленички гасови од средните училишта во Р. Македонија На 23 септември во хотелот Арка во Скопје се одржа последната работилница од програмата „Градење на локалните капацитети во развивање на проекти за климатски промени“ во реализација на норвешката компанија NORSK ENERGI и Министерството за животна средина и просторно планирање, а финансирано од норвешката Влада. Со завршувањето на програмата членовите од МАЦЕФ кои учествуваа во обуката се здобија со сертификат за успешно завршен тренинг за изработка на МЧР (CDM) проекти.

Дел од оваа работилница беше и презентацијата на проектот „Намалување на емисијата на стакленички гасови од средните училишта во Р. Македонија преку примена на обновливи извори на енергија и мерки за енергетска ефикасност“, кој МАЦЕФ го изработи како дел од оваа програма во договор со NORSK ENERGI.

М акедонска еф икасност

oпш тинска

м реж а

за

енергетска

Сегашни членови на МОМЕЕ се општините: Сарај, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Центар, Гази Баба, Валандово, Чаир, Кочани, Ресен, Берово, Аеродром, Гевгелија и Кичево. Во најскоро време очекуваме кон неа да се приклучат и работни организации и институции кои се вклучени во програмите поврзани со енергетската ефикасност.

Годишна членарина:

24 000 денари

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте не на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52-1, 1000 Скопје, тел. 02 3090 177, 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk


ИНФОМАЦЕФ 78 МОМЕЕ – II. Конкурс за ЕЕ општина за 2009 година

Конкурсот е отворен за сите локални самоуправи (општини) на територијата на Република Македонија, а опишаните активности од енергетска ефикасност и обновливи извори на анергија во пријавата за конкурсот треба да се однесуваат само на објекти кои што се во надлежност на општината, улично осветление и сообраќајни сигнални уреди. Конкурсот е отворен од 15 август до 13 октомври 2009, Превземи формулар овде. За сите детали и информации контактирајте со г-ца Даниела Димовска на d.dimovska@momee.org.mk или на 02 3090 178/ 071 276 435. Наградите и признанијата за учество ќе се доделуваат на 14. октомври во 13.30 часот, на свечениот коктел по повод одржување на II Бизнис форум на тема “енергетски карактеристики на згради“ во рамките на Скопски саем, а како составен настан на манифестацијата „Недела на енергетика - Македонија 2009“. Повеќе за наградите и ... Нови членки во МОМЕЕ Согледувајќи ги можностите за намалување на трошоците за енергија, а поттикнати од Конкурсот за ЕЕ општина, општините Сопиште и Богданци, на своја иницијатива пристапија кон МОМЕЕ. По две лица од овие општини, зеадно со наградените во рамки на конкурсот, ќе се вклучат во новиот циклус обуки за ЕЕ во општините со цел намалување на трошоците за енергија, кои што започнуваат во месец декемри 2009 г. Групата е во фаза на формирање и има можност да се вклучат и други општини. Пристапете кон МОМЕЕ, Ве очекуваме! Студија за ЕЕ на град Скопје – во тек Во тек е прибирање на последните информации за потрошувачката на енергија и проверка на нивната точност во однос на големината на карактеристиките на објектите. Паралелно, податоците се внесуваат, обработуваат и анализираат со користење на специјализиран софтвер подготвен од норвешката консултантска компанија ЕНСИ со дополнувања од страна на Машинскиот факултет и МАЦЕФ. По анализата следи севкупен извештај за енергетската состојбата на објектите и предлог мерки за енергетска ефикасност со чија примена треба да се намалат трошоците за енергија на ниво на град Скопје.

Новости од Македонија Во Крива Паланка ќе се градат мини хидроцентрали Локалната самоуправа на Крива Паланка донесе одлука за изградба на мини проточни хидроцентрали на двата кривопаланечки водоснабдителни цевководи за вода за пиење од Калин Камен и село Станци. Со идејниот проект на цевководот од Калин Камен до градскиот резервоар ќе се изградат пет проточни мини хидроцентрали со капацитет од три милиони kWh, а на потегот од селото Станци до фабриката за вода ќе се постават четири со јачина од 1,7 мил. kWh. „Според позитивните законски прописи произведената електрична енергија ќе ја откупува ЕВН, а се очекува годишната добивка да биде 570.000 евра, со што инвестицијата ќе се исплати за две години”, изјавува градоначалникот Повеќе... Алексовски. ЕЛЕМ бара економски исплатлив јаглен во Мариово Следниве седум месеци ЕЛЕМ преку овластени истражувачки куќи ќе ги испитува резервите на јаглен во прилепскиот дел од Мариово. Според сознанијата од истрагите од седумдесеттите години на минатиот век, во познатиот јагленов басен кај селата Витолиште, Бешиште, Полчиште и Манастир има околу 111 милиони тони јаглен, сличен на битолскиот, со калорична вредност од околу 7.000 килоџули на килограм. ЕЛЕМ ќе вложи околу два милиона евра за доистражување на јагленовите потенцијали. Во истрагите што ги врши Градежниот институт

Страна 3 Македонија од Скопје веќе се направени неколку истражни дупчења, кои покажуваат дека јаглен има на длабочина од седум до 270 метри под земјата. Сéуште се испитува годишната можност за експлоатација од ова наоѓалиште, односно дали има доволно количеството јаглен за евентуална изградба на нова електрана во овој регион. Пробните наоди јаглен ќе покажат дали треба да се изработи главен проект за отворање рудник. Според податоците кои се достапни на јавноста цената на еден тон јаглен би изнесувала 25 до 30 евра за тон ископ. Според процените, отворањето рудник во Мариово би чинело околу 90 милиони евра, а изградбата на термоцентрала би биле потребни околу 450 милиони евра.

Новости од светот

Aвтомобили на горивни ќелии Горивните ќелии се уште едно еколошко решение за иднината. Тие произведуваат електрична енергија од присуството на водород и кислород во воздухот и испуштаат само водена пареа. Друга предност на горивните ќелии е нивниот можност капацитет кој е многу подолг во споредба со конвенционалните акумулатори поставени во автомобилите на Пoвеќе... електричен погон. „Јужен поток“штетен за интересите на ЕУ Гасоводот „Јужен поток“ го слабее конкурентскиот „Набуко“. Проектот за дистрибуција на руски гас до Европа преку Бугарија и Србија, гасоводот „Јужен поток“, претставува ривалски потфат што го поддржуваат Италија и Франција, а кој го слабее западниот проект за гасоводот „Набуко“. Билатералните договори со руските дистрибутери на гас ги загрозуваат интересите на ЕУ, кои силно веруваат дека со проектот „Набуко“, кој треба да овозможи дистрибуција на гас од Каспискиот басен, преку Турција до Европа, со што би се заобиколила територијата на Русија и би се намалила европската зависност од рускиот природен гас. Унијата официјално тврди дека не се противи на изградбата на гасоводот „Јужен поток“, преку кој рускиот гас преку Црното Море, Бугарија, Србија и Унгарија, треба да се дистрибуира до европските потрошувачи, нагласувајќи дека секој начин за снабдување на европското население со гас е добредојден. Германија инвестира во Албанија Германија најави вкупни инвестиции од 126 милиони евра за развој на енергетскиот сектор во Албанија. За таа цел во Тирана беше потпишан договор за реализација на првиот дел од најавените инвестиции, со кој се предвидува изградба на енергетски објект во јужниот дел на Албанија вреден 49 милиони евра. Меѓу најавените проекти, кои ќе бидат изградени со германската инвестиција, е и изградба на интерконекциска линија кон Црна Гора и кон Косово. Јапонија мора да гради по една нуклеарка годишно Ако Јапонија сака до 2020 година да ги намали емисиите на гасовите што го предизвикуваат ефектот на стаклена градина за 25 отсто во споредба со нивото од 1990 година, ќе мора да гради по една нуклеарна електроцентрала секоја година, изјавува извршниот директор на Меѓународната агенција за енергетика (МАЕ), Нобуо Танака. Според него, за да ја оствари таа цел, Јапонија исто така, ќе мора да го зголеми капацитетот за искористување на своите постојни атомски електрани на 90 отсто од сегашните околу 70 проценти. Јапонија во споредба со другите земји има малку простор за штедење енергенси заради намалување на емисиите на штетните гасови, а за да ги намали овие емисии Јапонија ќе мора да користи нуклеарна енергија. Повеќе

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте не на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52-1, 1000 Скопје, тел. 02 3090 177, 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk


ИНФОМАЦЕФ 78 Најголем проект за искористување на соларната енергија Владата на Гујарат превзема проект вреден 10 милијарди индиски рупии кој ќе биде претпознатлив како светски најголемата постројка на соларна енергија во Индија. Проектираниот парк на соларна енергија ќе се простира на површина од 5000 хектари. Соларни постројки ќе се поставуваат во градовите како Банаскатха, Патан, Сурендранаг и Куч. Оваа земјишна површина во поголемиот дел е пустина што ја прави иделна локација за искористување на соларната енергија. Проектираните соларни постројки со моќ од 3000 и повеќе MW ќе произведуваат 5,2 GW/h електрична енергија годишно. Тие непосредно ќе ја намалат емисијата на јагледороден диоксид до 5,2 мил. тони/годишно. Од овој проект исто така ќе се очекува да отвори можности за нови Повеќе... вработувања за повеќе од 20 000 работници. Зелената технологија носи стопански развој На средбата во италијанскиот град Лаквила, 16 земји со најголеми емисии на издувни гасови што предизвикуваат ефект на стаклена градина се договорија за ограничување на затоплувањето на земјината клима за два степена. Иако не звучи така, за индустриските земји ова значи радикален пресврт. За да се постигне оваа цел, на пример, во Германија треба веќе до 2030 година целосно да бидат запрени емисиите на јаглероден диоксид. Тоа претпоставува радикална преориентација во снабдувањето со енергија, но и кај многубројни производствени процеси, јавува германското радио „Дојче веле“. „Многу влади како и германската и американската меѓу нив, велат: ако сега пумпаме милијарди во стопанството, тогаш барем нека бидат за негово модернизирање, да го направиме поефективно, да ја намалиме потрошувачката на енергија, повеќе да инвестираме во Повеќе... обновливи енергии.

Р ЕГИ ОНАЛНА М Р ЕЖ А ЗА ЕФ И КАСНО КОР ИСТЕЊ Е НА ЕНЕР ГИ ЈАТА И ВОДАТА RENEUER (www.reneuer.com)

REN EUER е формирана по иницијатива на претставници на владите, невладините организации и претпријатијата од 8 земји и тоа: Албанија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Србија и Црна Гора, Македонија, Молдавија, Романија и Хрватска. Основната задача на оваа мрежа е да се ангажира за решавање на проблемите за ефикасна употреба на енергијата и водата во земјите од Југоисточна Европа. RENEUER ги дефинира основните определби во областа на ефикасното користење на енергијата и водата преку анализа на проблемите со кои се среќаваат земјите од Југоисточна Европа и можностите за нивно решавање.

Корисни web-адреси

www.managenergy.net/kidscorner www.worldbank.org www.energetika.com.mk – единствен портал за енергетика во Македонија www.nvosorabotka.gs.gov.mk www.pep.org.mk www.erc.org.mk www.sustenergy.org/ www.motorchallenge.org/ www.rec.org www.energy.eu – Енергетски портал на ЕУ www.ase.org/ www.euractiv.com/ http://greennet.i-generation.at/ www.display-campaign.org/ www.energie-cites.org/ www.reeep.org www.kids.evn.com.mk www.europesustainableenergy.com www.eneffect.bg www.kids.evn.com.mk www.moepp.gov.mk http://ec.europa.eu/energy/index_en.html www.ri.com.mk

Манифестации

Организирана со поддршка на Министерство за економија на РМ

Страна 4 ПРЕГЛЕД НА НАСТАНИ 1. НАСТАН ИНФО ПУЛТ – ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ ЗА СИТЕ ГРАЃАНИ 13- 17 октомври 2009, 09.00 – 19.00 Активност: Бесплатни професионални совети за заштеда на енергијата и мерки за енергетска ефикасност (ЕЕ), награден квиз со кратки прашања од областа на ЕЕ наменет за граѓаните со можност за добивање на ЕЕ светилки, боенки за најмладите и тематски информативни материјали. Печатени материјали со мерките за енергетска ефикасност. Место: Метрополис Арена – Прва саемска хала, Скопски Саем, Скопје 2. НАСТАН РЕГИОНАЛЕН БИЗНИС ФОРУМ ЗА ЕНЕРГЕТСКИ– СКОПСКИ САЕМ, ТЕХНОМА 2009 Вторник, 13. октомври 2009 – Скопски саем, 12.30-16. Тема: Примена на ОИЕ – регионален предизвик Место: Мултибизнис Центар – Скопски саем, Скопје 3. НАСТАН РЕГИОНАЛЕН БИЗНИС ФОРУМ ЗА ЕНЕРГЕТСКИ– СКОПСКИ САЕМ, ТЕХНОМА 2009 Среда, 14. октомври 2009, 10.00-13.30 Тема: Енергетски карактеристики на згради – Исполнување на целите за ниска енергетска потрошувачка во објекти Церемонија: Доделувањена наградите за „Енергетски најефикасна општина за 2009 г.“, 14. октомври 2009 Место: Мултибизнис Центар – Скопски саем, Скопје 4. НАСТАН ОСНОВИ НА ЕНЕРГИЈАТА ЗА ДЕЦА - ПИЛОТ ПРОЕКТ СО ГРАДИНКИТЕ/ЈАВНИ ДЕТСКИ УСТАНОВИ Вторник, 26. октомври 2009, 10.00 – 12.30 Тема: Работилница за практични пристапи во процесот на едукација за енергијата за воспитувачите од јавните градинки Место: Општина Карпош – Градинка „Орце Николов“ 5. НАСТАН РЕГИОНАЛНА КОНФЕРЕНЦИЈА – ФИНАНСИРАЊЕ ВО ПРОЕКТИ ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ И ОБНОВЛИВА ЕНЕРГИЈА Четврток – петок, 29 -30. октомври 2009 – целодневна програма Конференција и мала изложба на компании кои производуваат опрема и материјали за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија Место: Македонска академија на науките и уметностите, Скопје, Република Македонија ПРОГРАМА И ОНЛАЈН РЕГИСТРАЦИЈА НА www.energyweek.mk 6. НАСТАН ПРЕДАВАЊА И РАБОТИЛНИЦИ НА УНИВЕРЗИТЕТ АМЕРИКАН КОЛЕЏ СКОПЈЕ Петок, 30. октомври 2009, 10.00 – 13.00 Тема: Со зелена економија кон одржливост Место: Амфитеатар, Универзитет Американ Колеџ Скопје, Република Македонија Целна група: Студенти на дипломски и магистарски студии Предавачи од Словенија - Ера Групација Нуклеарен отпад: Подземно складирање и одлагање 9 - 10 ноември 2009, Лондон, Велика Британија На конференцијата ќе присуствуваат сите држави кои располагаат со високо радиоактивен отпад и големо количество на потрошено нуклеарно гориво целта на конференцијата е да направат план за евентуално одлагање на материјалите длабоко под површината во геолошките одлагалишта. Како и за останатите важни теми: долготрајно раководење за безбедно одлагање на нуклеарниот отпад и идни предизвици за справување со отпадот на новите нуклеарни централи. Повеќе... Саем за зелена енергија 2009 25 – 28 ноември 2009, Милано, Италија Саем за Зелена енергија, соларна енергија и производство на енергија за спас на планетата Земја – се главните настани за обновлива енергија кои ќе бидат опфатени на саемот. На двата настани ќе бидат прикажани најдобрите светски современи остварувања од полето на индустријата, машинството, системите и технологијата наменети за бизнис секторот и крајните потрошувачи. Ќе бидат понудени последни решенија и конкретни можности за производство на обновлива енергија и економски Повеќе... решенија.

Редакција: Центар за енергетска ефикасност на Македонија Главен уредник: проф. д-р Константин Димитров Редактори: м-р Македонка Димитрова - заменик гл. уредник, Жарко Илиевски, дипл. маш. инж., Бојан Калиманов дипл. маш. инж., Саше Паневски, Зоја Таревска

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте не на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52-1, 1000 Скопје, тел. 02 3090 177, 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk

78 infomacef  
Advertisement