Page 1

Број 76

ЦЕНТАР ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ НА МАКЕДОНИЈА

јули 2009

МАЦЕФ

МАЦЕФ промовира енергетска ефикасност и почиста животна средина

Во овој број:  Од уредникот  Активности на МАЦЕФ  Новости од Македонија  Новости од светот  Корисни web-адреси  Манифестации

OД УРЕДНИКОТ

Почитувани колешки и колеги, членови и симпатизери на МАЦЕФ! Иако јули се смета за месец на годишни одмори, според интензитетот на активностите во секторот на енергетиката, тоа беше „врел“ месец. Секако дека врелината ја предизвика интензитетот на дискусиите во однос на Стратегијата за развој на енергетиката до 2020 година. Учеството на членовите на МАЦЕФ во изработката на Стратегијата е значително! За нас од особено значење е годишното собрание и зголемените активности, при што членовите на МАЦЕФ успеваат да ги реализираат своите идеи, потпишувајќи договори со странски инвеститори. Интензивно работиме на подготовката на Недела на енергетика 2009, со централната манифестација Р егионална конф ерен-

ција за ф инансирање проекти од енергетска еф икасност и обновливи извори на енергија , 29/30 октомври, МАНУ.

Ново е дека во следните броеви континуирано ќе информираме за можностите за штедење на енергија и за мерките за енергетска ефикасност. Овие совети ќе бидат подетално презентирани на нашата интернет страница. Во овој број сакаме до го привлечеме Вашето внимание на неколкуте наведени информации: Годишно собрание на МАЦЕФ Стратегија за ЕЕ на град Скопје Потпишан грант со Norsk Energi Презентирање на стратегијата за развој на енергетиката до 2020 година во МАНУ, во Републичкото собрание и на работилницата организирана од ЗЕМАК Соработка со Стопанската комора на Австрија Редовно очекуваме да ни ги испратите Вашите ставови за различни теми поврзани со енергетиката, екологијата, економијата (како нераскинлива верига) како и информации за поединeчни активности и нови производи на нашиот пазар кои сакаме да ги промовираме. Поздрав од редакцијата,

МАЦЕФ е дел од мрежата managenergy формирана од страна на European commission DG Energy and Transport www.managenergy.net . МАЦЕФ e член на Асоцијацита на Консултантски организации. МАЦЕФ е член на БИСЕ Форумот, Motor Challenge Programme и официјален партнер на Sustainable Energy Europe и РЕЕЕП

Активности на МАЦЕФ Можност за штедење на енергија- АЛОКАТОРИ

Во согласност со основната цел за работа која произлегува од статутот на МАЦЕФ, во наредните броеви ќе презентираме неколку совети за штедење на енергија. Врз основа на Законот за енергетика, сите објекти кои се приклучени кон топлификацискиот систем мора да имаат вградени системи за мерење на потрошувачката на енергија. Такви мерни инструменти се вградени во секоја зграда, во нивните подстаници. Во зградите, во кои има повеќе станови, Електронски потрошувачката се мери за целиот градежен објект, а потоа трошокот се дели на поединечните станови во однос на површината на станот. За да се овозможи штедење на енергија во секој стан, има можност да се вградат таканаречени “топлински алокатори“ т.е. инструменти кои покажуваат која количина од енергијата се троши на секое грејно тело. Со ова се овозможува секое домаќинство да управува со потрошувачката на енергија во својот стан. Како пример ќе ги наведеме најкарактеристичните случаи: Ако се намали температурата на греење за 1оС во целиот стан, може да се оствари заштеда на енергија (смалување на сметката за греење) за цели 5%. Ако во спалните соби се намали температурата за 2 оС, за тој простор трошоците се смалуваат за 10%. Ако располагате со просторија која не се користи, ако се смали температурата на ниво од 15 оС, за таа соба ќе се оствари заштеда од 25%. Голема заштеда може да се постигне кај оние домаќинства каде сите се вработени, така да греењето можат да го смалат за цели 6-7 часа дневно. Истото важи кога се отсатни од домот на неколку дена.

Годишно собрание на МАЦЕФ На 24. јули 2009 година, на Машинскиот факултет – Скопје, во лабораторијата на Институтот за термотехника и термоенергетика (претходно седиште на МАЦЕФ) се одржа Годишното генерално собрание на МАЦЕФ. Собранието се одвиваше по следниот дневен ред, и тоа: 1.Извештај за работењето на МАЦЕФ во 2008 година; 2.Избор и реизбор на раководни органи на МАЦЕФ; 3.Предлози и сугестии за унапредување на работењето на МАЦЕФ; 4.Заклучоци; и пригодна закуска.

Проф. д-р Константин Димитров ЦЕНТАР З А ЕНЕР ГЕТСКА ЕФ ИКАСНОСТ НА М АКЕДОНИЈА - М АЦЕФ

МАЦЕФ е доброволно научно здружение, кое што нуди услуги и стручни знаења од областа на енергетиката и заштита на животната средина во Република Македонија и пошироко. МАЦЕФ е член на меѓународната мрежа за енергетска ефикасност RENEUER (Regional Network on Efficient Use of Resources).

Генералниот секретар на МАЦЕФ г-ѓа Македонка Андонова ги претстави реализираните активности во 2008 г. вклучувајќи ги обуките, проектите, енергетските контроли, образовните

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте не на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52-1, 1000 Скопје, Тел. 02 3090 177 Факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk


ИНФОМАЦЕФ 76 активности и организациските задачи кои биле успешно реализирани како и финансискиот извештај подготвен од Централниот регистар на РМ за 2007г. Претседателот академик Глигор Каневче, ја водеше дискусијата и ги претстави одлуките на претседателството за реизбор и именување на нови членови Новиот состав на претседателството на МАЦЕФ е: 1. Проф. д-р Константин Димитров – претседател 2. Македонка Андонова, МППМ – генерелен секретар 3. Академик проф. д-р Глигор Каневче, член 4. Јасминка Капац, член, и 5. Афердита Хаџијаха Имери, МППМ, член. Проф. д-р Марјан Бојаџиев е избран за претседател на Научниот совет во периодот до 2011г. На собранието се разви значајна дискусија за потребата од интензивирање на активностите во Одделенијата за обновливи извори на енергија (раководител Проф. д-р Арсен Арсенов, дипл.ел.инж.), како и екологија и можности за реализација на конкретни активности во овие сектори. Соработка СЗО-МАЦЕФ Во просториите на Светската здравствена организација Канцеларија во Македонија, на 27. минатиот месец, беше потпишан договорот за соработка меѓу Светската здравствена организација (СЗО) и Центарот за енергетска ефикасност на Македонија (МАЦЕФ), договор кој треба да ги дефинира рамките за започнување на проектот за примена на мерки за

енергетска ефикасност во здравствени установи. МАЦЕФ, во соработка со д-р Наташа Марковска од МАНУ (ИЦЕИМ-МАНУ) во рамки на проектот, планираат да подготват студија за можностите за смалување на потрошувачката на енерија а со тоа и загадувањето на неколку здравствени објекти во Македонија. Цел на оваа соработка е студијата да покаже патишта за примена на мерки од енергетска ефикасност во објектите на кои тоа им е најмногу потребно, да се применат некои од мерките за да служат како добар пример иза другите објекти. Советување на ЗЕМАК На 22 јули во Скопје се одржа советување на тема „Стратегија за развој на енергетиката во Република Македонија за период 2008-2020 со визија до 2030“. На симпозиумот, како еден од учесниците во изготвувањето на стратегијата, имаше

Страна 2 Богов зборуваа за можности за унапредување на општата

клима додека бизнисмените од водечки компании во Македонија учествуваат во дискусиите предводени од Д-р Гинтер Офнер претседател на ЕБА. МАЦЕФ редовно ги посетува средбите и дава свој придонес во изнаоѓање на траси за подобра иднина на земјата. Презентација на Стратегијата за развој на енергетиката до 2020 година На 24 јули, во просториите на МАНУ беше организирана, од страна на Министерството за економија, јавна расправа за Стратегијата. После презентирањето на основните насоки, се разви квалитетна дискусија, со учество на претставници на Светска Банка, УСАИД и ЕУ делегацијата во Македонија. МАЦЕФ ја објави веднаш на својата веб страна (www.macef.org.mk) презентацијата на академик Каневче. Како реакција на објавувањето, на адресата на МАЦЕФ пристигнаа повеќе реакции и предлози до изготвувачите. 27 јули - Презентација на Стратегијата за развој на енергетиката во Републичкото Собрание За прв пат во досегашната историја на Собранието Собраниската комисија, под претстедателство на Г-дин Љубисав Иванов – Зинго, водеше расправа за потребата од донесување на Стратегијата, патишта за обезбедување финасиски средства за нејзина реализација, како и препораки за нејзино усовршување Поттикнување на ЕЕ во градежните објекти МАЦЕФ одржува редовни контакти со фирми во Македонија кои произведуваат и пласираат енергетски ефикасни градежни материјали. Во таа насока, при предвидување на мерки за ЕЕ

презентација проф. д-р К. Димитров (МАЦЕФ) – Потреби од финална енергија во домаќинствата и комерцијалниот сектор и услужен сектор. Работна средба на Европската бизнис асоцијација (ЕБА) и Конрад Аденауер Штифтунг На 22. јули во хотелот Александар палас се одржа состанок на кој се дискутираше на тема „Моментна ситуација во Македонија и конкретни предизвици на денешницата“, а како продолжение на конференцијата насловена „Пазарни економии под притисок – има ли светлина на крајот од тунелот“. Владини челници меѓу кои г. Фатмир Бесими, г. Веле Самак и г. Димитар

во објекти за кои изработува енергетски контроли и нивната економска оправданост зема предвид материјали од фирми како што се Кнауф, Рехау и Експро- Струмица со долгорочна определба и гаранција за квалитет. Минатиот месец се оствари средба со г. В. Петровски и г. В. Аљоков од КНАУФ на која се дискутираше за новините во производните линии и нивно приближување до корисниците во Македонија. Во таа насока во

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте не на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52-1, 1000 Скопје, тел. 02 3090 177, 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk


ИНФОМАЦЕФ 76 МАЦЕФ беа поставени два модели на изолациски материјали за преграден ѕид и ѕидна облога. Во следниот број на ИнфоМАЦЕФ ќе го претставиме пилот проектот на Кнауф – БИДОМ, кој се однесува на прво нискоенергетско живеалиште во Македонија кој се вбројува во High-tech дом и Smart House. Развој на соработка со Стопанска комора на Австрија Со цел збогатување на Регионалната конференција која ќе се одржи на 29 и 30 октомври 2009, а во рамки на манифестацијата Недела на енергетика - Македонија 2009, МАЦЕФ отпочна соработка со трговското одделение при Австриската амбасада во Македонија за вклучување на Стопанската комора на Австрија во настаните. На средбата на

која присуствуваа м-р Анита Бавдаж, трговско аташе и г. Дојчин Смилевски од Трговското одделение при амбасадата се одлучи конференцијата да се прошири во насока на поголемо анимирање на претстојната делегација на стопанственици од Австрија од областа на енергетиката - енергетски ефикасни системи и градежни материјали, која секоја година се организира со цел да се привлечат повеќе инвеститори и да се изградат мостови за проширување на бизнисите и зголемување на извозот. Член на Бундестагот во посета на Македонија г. Курт Бодевик, член на германскиот парламент престојуваше во работна посета на републиката во месец јули. Во таа прилика, германската амбасадорка во Македонија г-ѓа Улрике Кноц организирање работен ручек, на кој меѓудругите активно учество во разговорите за унапредување на деловните врски помеѓу двете земји земаа проф. д-р К. Димитров од МАЦЕФ, г. Г. Офнер од ЕВН Македонија и г. А. Јосифовски од Макпетрол. Ваквите посети играат значајна улога во зајакнување на партнерствата помеѓу Македонија и првите земји членки на ЕУ кои ја поддржуваат земјата во ЕУ интеграциите. Потпишан договор со NORSK ENERGI На 2 јули во просториите на Центарот за климатски промени, беше потпишан договор за финансирање на проектот „Намалување на емисијата на стакленички гасови од средните училишта во Р. Македонија преку примена на обновливи извори на енергија и мерки за енергетска ефикасност“, помеѓу МАЦЕФ и норвешката компанија NORSK ENERGI. Проектот, е дел од програмата „Градење на локалните капацитети во развивање на проекти за климатски промени“ во реализација на норвешката компанија NORSK ENERGI и Министерството за животна средина и просторно планирање, а финансирано од норвешката влада. Се предвидува изработка на студија за можноста за намалување на емисиите на стакленички гасови од средните училишта во РМ со намалување на потрошувачката на енергија со вградување на гореспоменатите мерки. Предвидено е да се изработат енергетски контроли на неколку репрезентативни објекти од сите климатски подрачја во нашата земја.

Страна 3 М акедонска oпш тинска м реж а за енергетска еф и касност

Сегашни членови на МОМЕЕ се општините: Сарај, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Центар, Гази Баба, Валандово, Чаир, Кочани, Ресен, Берово, Аеродром, Гевгелија и Кичево. Во најскоро време очекуваме кон неа да се приклучат и работни организации и институции кои се вклучени во програмите поврзани со енергетската ефикасност.

Годишна членарина: 24 000 денари

Студија за ЕЕ на град Скопје – во тек Минатиот месец започна реализацијата на Студијата за ЕЕ на град Скопје. Подготовките, увидите во објектите, анализата на податоците и изработката на енергетските контроли ги работи тим од 20-тина стручни лица во МАЦЕФ. Со оваа студија ќе бидат опфатени средните училишта (52 згради), библиотеките (20 објекти), објекти од културен карактер (повеќе од 11 објекти),

сообраќајници, улично осветление како и објекти на јавни претпријатија кои се во надлежност на град Скопје. Целта е да се идентификуваат приоритетни објекти кадешто со примена на мерки за ЕЕ ќе се постигне поразумно искористување на енергијата, а со тоа ќе се намалат трошоците за енергија на ниво на градот. Заштедите можат да се реинвестираат во ЕЕ што ќе значи и зголемена заштита на животната средина.

Новости од Македонија

Потпишан договорот за концесија за вода Министерот за економија, г-дин Фатмир Бесими го потпиша Договорот за концесија за вода со компанијата „Енерџи Зотер Бау“, со кој оваа странска фирма доби вкупно 16 локации за изградба на мали хидроелектрични централи. Вкупната проценета инвестиција на австриската компанија за изградба на малите хидроелектрични централи изнесува до 15 милиони евра. Вкупната инсталирана моќност на сите 16 локации изнесува 6,62 МW со планирано просечно годишно Повеќе... производство од 26,48 GWh. Австрија додели грант од 1,6 мил. евра за зголемување на ЕЕ во републикава Министерството за економија и Австриската агенција за развој, потпишаа договор за грант од 1,6 милиони евра за воведување ЕЕ во градежните објекти во Република Македонија. Кон грантот со одредени финансиски средства се приклучија Државниот секретаријат за економски работи (СЕЦО) на Швајцарската Конфедерација и Министерството за економија. Целта на грантот, чиј директен корисник е Агенцијата за енергетика на РМ, е реализација на Програмата за ЕЕ на градежните објекти, во периодот август 2009 - септември 2012 година. Овој проект ќе помогне да се намали потрошувачката на енергија во домаќинствата, бидејќи учествува со околу 40 % од вкупната потрошувачка. Тој содржи четири компоненти. Првата е зајакнување на капацитетите на Агенцијата за енергетика, втората усогласување на националната законска регулатива со Директивата на ЕУ за енергетски карактеристики на згради. Третата предвидува реализација на пилот проект со средствата од грантот за подобрување на ЕЕ на еден објект од јавниот сектор, а четвртата вклучување на факултетите со цел обезбедување одржливост на програмата на долг период. Повеќе...

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте не на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52-1, 1000 Скопје, тел. 02 3090 177, 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk


ИНФОМАЦЕФ 76 Продолжува замена на светилките во Скопје Градот Скопје во рамките на проектот за замена на светилките на дел од магистралните и собирните улици, продолжи со предвидените активности и истите треба да завршат до крајот на месец јули. Се предвидува замена на над 3.000 светилки на 60 сообраќајници, при што ќе се обезбеди поквалитетно осветлување и заштеда на електрична енергија од околу 30%. Средствата за набавка на светилките и нивната замена се обезбедени во Буџетот на Град Скопје за 2009 и 2010 година. Светилките се производ на светски познатата компанија за Повеќе... осветлување Minel-Schreder.

Новости од светот Ќе започне ли изградбата на гасоводот Набуко? Во Анкара на 13. јули е потпишана политичка спогодба за отпочнување на изградба на гасоводот Набуко помеѓу петте држави низ кои ќе биде транспортиран гасот, и тоа: Австрија, Унгарија, Романија, Бугарија и Турција. Иако Германија не е транзит земја сепак целосно ја поддржува потпишаната политичка спогодба. Во спогодбата е наведено дека секоја транзит земја располага со еднакви законски услови преку целиот гасоводен систем. Исто така, се утврдени и транспортната тарифна методологија и правилата за пристап кон мрежата. Со потпишувањето на спогодбата секоја земја потписничка е обврзана целосно да го поддржува понатамошниот Повеќе... развој на проектот. Косово ќе гради термоцентрала вредна €3,5 милијарди Косово ќе започне изградба на термоцентрала Ново Косово во која ќе бидат вложени околу 3,5 милијарди евра. Вкупниот капацитет на термоцентралата ќе биде 2.000 MW, а изградбата ќе се врши во две фази. Првата фаза од 1.000 MW ќе се изгради веднаш. Оваа термоцентрала ќе обезбедува доволно енергија за домашна потрошувачка и за меѓународен извоз, истата ќе биде изградена според сите европски стандарди за Повеќе... заштита на животната средина. Револуционерен сончев ѕиден часовник Светски реномираната дизајнерска компанија Латем, за часовници и безбедносни системи, на 15 јули го промовира Сончевиот аналоген ѕиден часовник. Часовникот е синхронизиран систем наречен AirTime®, дизајниран е специјално за комерцијални згради и изведлива „зелена“ алтернатива за постоечкиот АЦ систем на часовници. Сончевите панели поставени на бројчаникот од часовникот ја собираат амбиенталната светлина од просторијата, а потоа ја користат за придвижување на стрелките на часовникот. На часовникот има поставен рачен мерач на светлина со ЛЕД индикатор кој укажува дали во просторијата има доволно светлина за да работи часовникот. Во зависност од нивото на светлина во просторијата часовникот може да работи само на сончева енергија или алтерПовеќе... нативно на една заменлива литиумска батерија. ЕБРД ѝ помага на Романија во производство на почиста енергија Со заем од 170 милиони евра ЕБРД учествува во модернизацијата на еден оддел од термоцентралата Турсени во Романија. Со модернизацијата на термоцентралата Турсени ќе се постигне намалена емисија на стакленичките гасови. Со спроведувањето на успешните реформи и либерализација на енергетскиот пазар Романија успеа да се вброи меѓу Повеќе... водечките земји од полето на енергетика во регионот.

ЕК усвои 4 еко регулативи

ЕК на 22. јули усвои четири регулативи од полето на екологијата со кои ќе се подобри енергетската ефикасност кај индустриските мотори, телевизорите, ладилниците. Според овие регулативи за енергетска ефикасност до 2020 година ќе се заштеди околу 190 TWh енергија годишно, што е еднакво на вкупната годишна потрошувачка на Повеќе... електрична енергија во Шведска и Австрија.

Страна 4 РЕГИ ОНАЛ НА М РЕЖ А ЗА ЕФ И КАСНО КОРИ СТЕЊ Е НА ЕНЕРГИ ЈАТА И ВОДАТА REN EUER (www.reneuer.com) REN EUER е формирана по иницијатива на претставници на владите, невладините организации и претпријатијата од 8 земји и тоа: Албанија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Србија и Црна Гора, Македонија, Молдавија, Романија и Хрватска. Основната задача на оваа мрежа е да се ангажира за решавање на проблемите за ефикасна употреба на енергијата и водата во земјите од Југоисточна Европа. RENEUER ги дефинира основните определби во областа на ефикасното користење на енергијата и водата преку анализа на проблемите со кои се среќаваат земјите од Југоисточна Европа и можностите за нивно решавање.

Корисни web-адреси

www.managenergy.net/kidscorner www.worldbank.org www.energetika.com.mk – единствен портал за енергетика во Македонија www.nvosorabotka.gs.gov.mk www.pep.org.mk www.erc.org.mk www.sustenergy.org/ www.motorchallenge.org/ www.rec.org www.energy.eu – Енергетски портал на ЕУ www.ase.org/ www.euractiv.com/ http://greennet.i-generation.at/ www.display-campaign.org/ www.energie-cites.org/ www.reeep.org www.kids.evn.com.mk www.europesustainableenergy.com www.eneffect.bg www.kids.evn.com.mk www.moepp.gov.mk http://ec.europa.eu/energy/index_en.html www.ri.com.mk

Манифестации

Енергија од смет 28- 29 септември 2009, Лондон, Белика Британија Потенцијалот за енергија од смет, конечно се декларира како клучна алатка за раководење во порастот на бројот на депониите и како продолжителен развој на одржлива енергетска структура. Како и да е, дури и огромниот потенцијал и можностите, енергијата произведена од смет сеуште се соочува со големи економски, технички и социјални Регистрирајте се предизвици. Четврт светски форум за енергетска регулатива 18 - 21 октомври, Атина, Грција „Светски форум за енергетска регулатива“, во организација на Регулаторната комисија за енергија на Грција и под покровителство на раководството на Светскиот форум за енергетска регулатива IV, формирано од претседателството на најголемите светски регионални регулаторни здруженија. Повеќе... ЗАБЕЛЕЖЕТЕ СИ ВО КАЛЕНДАРИТЕ! НЕДЕЛА НА ЕНЕРГЕТИКА – МАКЕДОНИЈА 2009 26- 31 октомври 2009 РЕГИОНАЛНА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ФИНАНСИРАЊЕ ПРОЕКТИ ОД ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ И ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ НА ЕНЕРГИЈА 29-30 ОКТОМВРИ, МАНУ, СКОПЈЕ - Централен настан Организатор – МАЦЕФ, ко-организатори: МАНУ и Агенција за енергетика на РМ Поддржувачи: Австриска развојна агенција и Светска банка РЕГИСТРИРАЈТЕ СЕ ОНЛАЈН НА www.energyweek.mk веќе од 15 август Фотоволтажна-енергија 2009 - Меѓународен саем Фотоволтажни системи и обновливи извори на енергија 22-25 октомври, Атина – Грција Еден од најголемите саеми за фотоволтажни системи и обновливи извори на енергија. На овој саем ќе се претстават повеќе од 10000 компании и индивидуални производители на фотоволтажни панели од Грција и 20 други држави, а повеќе од 500 компании ќе земаат учество на паралелната Меѓународна конференција за енергетска технологија. Повеќе... Саем за зелена енергија 2009 25 – 28 Ноември 2009, Милано, Италија Саем за Зелена енергија, соларна енергија и производство на енергија за спас на планетата Земја – се главните настани за обновлива енергија кои ќе бидат опфатени на саемот. На двата настани ќе бидат прикажани најдобрите светски современи остварувања од полето на индустријата, машинството, системите и технологијата наменети за бизнис секторот и крајните потрошувачи. Ќе бидат понудени последни решенија и конкретни можности за производство на обновлива енергија и економски Повеќе... решенија.

Редакција: Центар за енергетска ефикасност на Македонија Главен уредник: проф. д-р Константин Димитров Редактори: м-р Македонка Димитрова- заменик гл. уредник, Даниела Димовска, Игор Петрушевски, дипл. маш. инж., Жарко Илиевски, дипл. маш. инж.

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте не на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52-1, 1000 Скопје, тел. 02 3090 177, 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk

76 infomacef  
Advertisement