Page 1

Број 75

ЦЕНТАР ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ НА МАКЕДОНИЈА

јуни 2009

МАЦЕФ МАЦЕФ промовира енергетска ефикасност и почиста животна средина Во овој број: Õ Од уредникот Õ Активности на МАЦЕФ Õ Новости од Македонија Õ Новости од светот Õ Корисни web-адреси Õ Манифестации

OД УРЕДНИКОТ Почитувани колешки и колеги, членови и симпатизери на МАЦЕФ! Јуни е месец кога сe привршуваат дел од работните задачи, се планираат годишните одмори ... Но, нашите активности се одвиваат во континуитет, а можеме да забележиме и со зголемен интензитет. Ние превземавме задача да го реконструираме нашиот web портал и тој е веќе „на мрежа“. Но јасно, сега останува добар дел од задачите – полнење со потребните информации. Имаме големи амбиции да ги информираме сите заинтересирани за движењата во енергетиката. Ја започнавме интензивната подготовка на програмските содржини на „Неделата на енергетика Македонија 2009“. По петти пат ја организираме, но сега треба да биде со значително повисок квалитет. Со задоволство ги примивме вестите од колегата Зоран Трајков, за успешно развивање на фирмата за производство на соларни колектори Еко Солар од Штип! И за почетокот на извозните активности! Во овој број сакаме до го привлечеме Вашето внимание на неколкуте наведени информации: АДА во поддршка на Недела на енергетика – Македонија 09 Светска здравствена организација во нова стратегија Успешно оценета минатата сезона на проектот на „ЕВН Македонија“ во училиштата ширум Македонија Обука на JICA во Турција, Анкара и Истанбул Новини на пазарот на енергетски ефикасни светилки Ги очекуваме Вашите ставови за различни теми поврзани со енергетиката, екологијата, економијата (како нераскинлива верига) како и информации за поедини активности и нови производи на нашиот пазар кои сакаме да ги промовираме. Поздрав од редакцијата,

МАЦЕФ е член на БИСЕ Форумот, Motor Challenge Programme и официјален партнер на Sustainable Energy Europe 2005-2008

Активности на МАЦЕФ Доделени грантови на Австриската развојна агенција за ЗГ Г. Харалд Хаберхауер, раководител на канцеларијата за техничка соработка на Австриската развојна агенција при Австриската амбасада во Македонија на 4. јуни ги потпиша договорите за реализација на проекти од Областа на климатските промени. Проектниот предлог на МАЦЕФ за поддршка на „Недела на енергетика 2009“ и уште четири други проекти од Македонија влегоа во конечниот избор на канцеларијата. г. Роберт Шарламанов е задолжен за доследно спроведување и поддршка за успешна реализација на проектите во локалната канцеларија во Скопје.

Со овие средства централниот настан, Регионалната конференција за финансирање на проекти од ЕЕ и ОИЕ се прошири во два дена и додадената вредност ќе се одрази во зголеменото присуство на високи претставници од ЕУ зоната кои имаат влијание за забрзување на позитивните промени на полето на енергетиката во регионот. Дел од средствата ги обезбеди канцеларијата на Светска банка во Македонија. На свечениот настан, присутните ги поздрави ѐ Н.Е. Алојс Краут, амбасадор на Република Австрија во Македонија. VI-ти семинар за „Енергетска ефикасност и енергетски менаџмент во индустријата“ на JICA во Турција Соработката помеѓу Јапонската агенција за меѓународна соработка -JICA и организацијата на Генералниот директорат за електрична енергија на Република Турција- EIE со земјите од

Проф. д-р Константин Димитров ЦЕНТАР ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ НА МАКЕДОНИЈА - МАЦЕФ

МАЦЕФ е доброволно научно здружение, кое што нуди услуги и стручни знаења од областа на енергетиката и заштита на животната средина во Република Македонија и пошироко. МАЦЕФ е член на меѓународната мрежа за енергетска ефикасност RENEUER (Regional Network on Efficient Use of Resources). МАЦЕФ е дел од мрежата managenergy формирана од страна на European commission DG Energy and Transport www.managenergy.net . МАЦЕФ e член на Асоцијацита на Консултантски организации.

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте не на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52-1, 1000 Скопје, Тел. 02 3090 177 Факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk


ИНФОМАЦЕФ 75 Страна 2 третиот свет продолжи и оваа година. Минатиот месец во времетраење од две недели, од 24. мај до 6. јуни, се одржа шесттата обука на тема „енергетска ефикасност и енергетски менаџмент во индустрија“ наменета за земјите од третиот свет. На обуката помеѓу 12-те земји учеснички свој претставник имаше и Р. Македонија, г-ца Даниела Димовска преставник од МАЦЕФ. Обуката се состоеше од три сегменти и тоа, првиот каде претставници од ЕИЕ и угледни фирми кои работат на решавање на оваа проблематика ги презентираа своите достигнувања, вториот беше посета на производствените линии на брендираните компании Арчелик-(оддел за производство на машини за перење), пиварата ЕФЕС и Грундиг, додека се финишираше со практични демонстрации во специјално опремена лабораторија на ЕИЕ. Општиот заклучок на секоја земја учесничка беше дека сеуште сЀ на самиот почеток во решавањето на разгледуваната проблематика, и покрај тоа што се воведени одредени законски одредби. Завршен состанок за проектот „Рационално користење на електричната енергија “ на ЕВН Македонија Во канцелариите на здружението Конект на 19. јуни се одржа годишниот завршен состанок за треттата и четвртата фаза од проектот на ЕВН Македонија -„Рационално користење на електричната енергија“. На состанокот присуствуваа сите организации кои директно учествуваат во реализацијата на проектот и тоа Младински совет- Охрид, Планетум-Струмица, Жетва на знаење-Прилеп и МАЦЕФ. Секоја организација на состанокот даде свое видување за нивото на приемчивост на програмата кај децата и наставниците и дали има расположение за понатамошна соработка, како и за продолжување на проектот во претстојната учебна година. На состанокот беа донесени неколку позитивни заклучоци меѓу кои дека децата и поголем дел од наставниците и директорите се задоволни од квалитетот на предавањата и се расположени и отворени за поматамошна соработка. Потоа беа дадени предлози со кои би се подобрил и проширил концептот на наставата и текот на квизовите. Следната школска година, како и минатата, во планот е предвидено секое полугодие да биде заокружено со по еден квиз. МАЦЕФ во моментот соработува со

Градот Скопје, Светската здравствена организација, Министерството за животна средина, МАНУ и УНДП. Г-ѓа Бенита Мене, во својство на одговорно стручно лице за регионот на Европа, и г-динот Дамијан Башер, консултант на СЗО ја водеа оваа обука, која беше прва од овој тип на балканскиот и централно азискиот регион, чии што седум земји се дел од овој проект на СЗО. На настанот присуствуваше и претставник од МАЦЕФ. Работилницата како свој заклучок го изведе нацрт документот за првата верзија од Стратегијата, со што се започна циклусот на создавање основа за документ и методологија што ќе ги зафати прашањата од климатските промени и нивното влијание врз здравјето на луѓето. Беа прифатени идеите и коментарите од различните перспективи на разгледување на проблематиката, како од присутните претставници од здравствениот, така и од оние од енергетскиот сектор. Беа прифатени и коментарите

во однос на поголемата застапеност на ЕЕ во стратегијата, како една од активностите предвидени со стратегијата, а со која се намалуваат некои од најголемите причини за климатските промени. Конечната верзија на документот ќе биде приготвена во наредниот период со цел да се прочистат и допрецизираат приодите и начините кон решавање и намалувањето на влијанијата и последиците од климатските промени врз здравјето.

Македонска ефикасност

oпштинска

Обука на Светска здравствена организација во Охрид Од 16-19 јуни во Охрид се одржа обуката „Градење на капацитети за изготвување на стратегија за заштита на здравјето од климатските промени“ во рамките на активноста „Заштита на здравјето од климатските промени“, која делумно е во организација на Светската здравствена организација. Тридневната обука вклучи претставници од релевантните институции поврзани со оваа област меѓу кои Здравствените институции од државата, Центарот за управување со кризи, Бирото за кризен менаџмент, Хидрометеоролошкиот завод,

за

енергетска

Сегашни членови на МОМЕЕ се општините: Сарај, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Центар, Гази Баба, Валандово, Чаир, Кочани, Ресен, Берово, Аеродром, Гевгелија и Кичево. Во најскоро време очекуваме кон неа да се приклучат и работни организации и Институции кои се вклучени во програмите поврзани со енергетската ефикасност.

Годишна членарина:

„Нова енергија“ од Скопје (која има свој претставник во Австрија од каде што потекнува концептот) за евентуално проширување на програмот со интерактивна комјутерска игра со која учениците дополнително ќе се запознаат со влијанијата на енергетските извори на глобалните климатски промени и блиската животна средина.

мрежа

24 000 денари

Самоиницијативата за енергетска ефикасност во единиците на локалните самоуправи во пораст По одржувањето на семинарот на ЕНСИ во организација на Машинскиот факултет и МАЦЕФ кој се одржа во мај, а се однесуваше на зголемувањето на енергетската ефикасност кај присутните локални самоуправи, се зголеми интересот на програмите кои ги спроведува МАЦЕФ, а кои влијаат на намалување на трошоците за енергија. Неколку општини меѓу кои и Велес, го посетија МАЦЕФ со цел да поразговараат за можна соработка во доменот на унапредување на енергетската ефикасност преку изработка на енергетски контроли за приоритетни објекти во надлежност на општината и примена на мерки за зголемување на енергетската ефикасност во истите. Ја поздравуваме ѐ иницијативата на локалните самоуправи за исчекор повеќе во исполнување на нивната законска обврска за изготвување на Програми и Акциони планови за енергетска ефикасност.

МАЦЕФ стои на располагање на општините за поддршка и обука на човекови ресурси за намалување на трошоците за енергија на општината и изготвување на Програми за енергетска ефикасност согласно законските одредби.

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте не на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52-1, 1000 Скопје, тел. 02 3090 177, 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk


ИНФОМАЦЕФ 75 Страна 3 Новина на пазарот на енергетски ефикасни светилки Во текот на изминатиот период МАЦЕФ интензивно соработува со преставници на производители на енергетски ефикасни светилки за индустријата и домаќинствата, од кои со најширока палета се истакнува локалното застапништво „Еко енергија“ од Скопје. Во МАЦЕФ се одржаа повеќе презентации за перформансите на новите светилки. Ова е мал дел од асортиманот на ЛЕД светилки со тројна заштеда на енергија во однос на оние од постарите генерации. Зошто лед светилки? Затоа што се екстремно енергетски ефикасни извори на осветление каде што повратот на вложените средства е 3 пати побрз во споредба со конвенционалните содиумски или живини светилки. Уште една многу важна карактеристика на ЛЕД светилките е што не содржат отровна жива, а од друга страна потребата од одржување е минимална и дизајнирани се да траат од 50 000 до 100 000 часови во зависност од моделот.

Новости од Македонија

50 години активност МФС, ФЕИТ, ТМФ Со свечена академија и други придружни активности, во присуство на ценети гости од земјата и странство, дипломатскиот кор и стопанственици, беше одбележана 50-годишнината од формирањето на денешните институции Машински факултет Скопје, Факултет за електротехника и информатичка технологија и Технолошко-металуршкиот факултет. Овие институции создадоа и создаваат високо ценети стручни кадри кои се непосредно вклучени во производните процеси на Република Македонија.

Тоа што научниците го сонуваат – инженерите го создаваат! Пожелуваме натамошен развој на овие Институции.

Неискористени резерви јаглен во Малешевско Во Пијанечко-малешевскиот регион, според проценките на Институтот за рударство на Македонија, се утврдени наоѓалишта на јаглен со огромен потенцијал. Само во Делчевско-пехчевскиот басен утврдените резерви на јаглен изнесуваат 46 милиони тони. Наоѓалиште на јаглен има и во општината Македонска Каменица во околината на селата Косевица и Костин Дол кое што се експлоатираше само за потребите на топланата што до пред неколку години работеше во состав на рудникот Саса. Експлоатација на јаглен за комерцијални цели се врши само во рудникот БРИК од Берово. Повеќе... Екосолар со новини на пазарот на сончеви колектори Првиот извоз од Македонија на селективни сончеви колектори од фирмата „Еко солар“ е во тек. Станува збор за сончеви колектори од типот Werner од 2 и 2,5 m2. За да се дојде до финалниот производ инженерите работеле 3 години со детални анализи на повеќе од 26 колектори од конкуренцијата и почнале со создавање на сопствен алат за извлекување. Новината кај овие колектори е во профилот на телото на колекторот кое се карактеризира со две комори исполнети со полиуретан такашто страничните термички загуби се сведени на минимум. Еко Солар Штип, како што ни соопшти колегата З. Трајков, дипл. маш.инж. започна со вградување на нов тип сигурносно калено стакло. Стаклото е призматично за подобро рефлектирање на сончевата енергија кон апсорберот. Повеќе на www.ekosolar.mk20.com

Се крчка нова законска регулатива Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) на Република Македонија ја известува јавноста дека е изготвен Нацрт Закон за управување со пакувања и отпад од пакувања. Засегнатата јавност и сите заинтересирани субјекти имат право да достават свои забелешки кои се однесуваат на Нацрт Законот за управување со пакување и отпад од пакување во писмена форма до министерството кое е преселено на нова локација во МРТВ на 10-ти кат. Повеќе Промовирана Националната стратегија за инвестиции во животната средина Водоснабдувањето, третманот на отпадните води, управувањето со отпад и заштита на природата се дел од приоритетите за инвестирање во периодот 2009 - 2013 година опфатени во Националната стратегија за инвестиции во животната средина. Стратегијата е направена на информативна основа за потребите од инвестиции во секторите води, отпад, природа, воздух и климатски промени на национално и локално ниво. Таа, според раководителот на Канцеларијата за техничка соработка меѓу Австрија и Македонија Хенз Хабертур, создава основа за балансиран и структуиран процес што се надградува на финансискиот внес и добивки во секторот на животната средина. Финансиски средства за спроведување на стрегијата се обезбедени од Владата на Република Македонија, ИПА фондовите, европските фондови и други меѓународни институции. Процесот на изработка финансиски беше поддржан од австриската Агенција за развој, додека носител на активностите е Регионалниот центар за животна средина во Македонија. Домаќинствата ќе имаат можност да плаќаат на рати Компанијата „ЕВН Македонија“ соопштува дека ќе им овозможи на граѓаните кои имаат неплатени сметки за струја, долгот да го подмират на рати. Долговите од 6.000 до 20.000 денари домаќинствата ќе имаат можност да ги плаќаат на две рати, додека над 20.000 денари на три месечни рати. На малите бизниси ќе им биде дозволено долговите поголеми од 35.000 денари да ги платат на две месечни рати. Во насока на зацврстување на партнерскиот однос со сите наши потрошувачи, „ЕВН Македонија“ повторно нуди можност за плаќање на заостанатиот долг за електрична енергија од редовните сметки на рати со камата или можност за плаќање на долгот во целост со ослободување од постојната камата и непресметување на камата за задоцнето плаќање на долгот - велат од компанијата. Повеќе

Новости од светот

ИРЕНА со нов челник и седишта Подготвителната комисија на Меѓународната организација за обновлива енергија (ИРЕНА) ја назначи г-ѓата Хелен Пелосе за главен претставник на Агенцијата на вториот конгрес одржан во Шарм Ел Шеик на 29 Јуни 2009. Нејзиното големо работно искуство во полето на ОИЕ на ИРЕНА ѐ создаваат идеални услови за продолжување на започната мисија и ја позиционира организацијата како водечка сила за новата глобална енергетска парадигма која одговара на потребите на 21-от век. Истовремено беше одлучено германскиот град Бон да го раководи Центарот за технологија и иновација, во Виена ќе биде отворена канцеларија за врски која ќе соработува со другите организации на полето обновливите извори на енергија, а во Абу Даби, Обединети арапски емирати да се наоѓа главното седиште. Засега повеќе од 130 земји се потписнички на ИРЕНА. Македонија е член на ИРЕНА. Повеќе Излезе од печат првиот број на гласилото на организацијата Заложба на градоначалниците За жал ниту една локална самоуправа не е член на оваа асоцијација која интензивно се бави со заедничките можности за намалување на потрошувачката на енергија и заштита на

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте не на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52-1, 1000 Скопје, тел. 02 3090 177, 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk


ИНФОМАЦЕФ 75 Страна 4 животната средина во населените места во ЕУ. Определени за локална одржлива енергија, потписниците од дури 550 градови

со преку 80 милиони жители коваат стратегии и спроведуваат активности за намалување на климатските промени. Читајте повеќе за улогата на локалните и регионалните агенции за енергија, заеднички основаниот истрашувачки центар и уште повеќе новини на страницата. Повеќе Европската комисијата со визија за иднината на транспортот Европската комисија на 17 јуни го претстави нацрт планот за интегриран, технолошки напреден и одржлив транспортен систем по 2010 година. Но, невладиниот сектор изрази незадоволство укажувајќи дека визијата не успела да ја изедначи потребата со побарувачката и заборавила да ја постави одржливоста како главна цел на идната политика и стратегии. Нацрт планот ја предвидува иднината на транспортот и променливоста до 2020 година и притоа се очекува до следната година да бидат предложени документ за конкретни стратешки опции. Повеќе Лондон промовира автомобил на водород Новиот автомобил на водород е конструиран и промовиран во Лондон. Возилото е дизајнирано од Риверсимпле (Riversimple) и работи на 6kW горивни ќелии. Возилото е двосед, со нула емисија на издувни гасови/CO2 и постои можност купувачите да го изнајмат за најмалку 200 фунти месечно. Во однос на потрошувачката на гориво автомобилот ја исполнува посакуваната потрошувачка од 4,54 литри за поминати 580 километри, а во конструкцијата се користени лесни и енергетски ефикасни материјали. Повеќе Спогодба на ЕУ и САД за заштеда на енергија од канцелариска опрема Европската комисија на 17 јуни се договори со Американската агенција за заштита на животната средина за воведување на построги енергетски стандарди за комјутерите, фотокопир машините и печатачите кои ќе бидат подготвени од ЕУ - САД „Енерџи стар“ стандардот. Европската комисија очекува веднаш по воведувањето на новиот критериум од 1 јули, заштедата на енергија да биде повеќе од 22 TWh само од набавките во Европа во следните 3 години. За следните 4 до 6 години ќе биде пресметувана вкупната заштеда на енергија, и се очекува да изнесува колку годишната потрошувачка на енергија во Ирска. Со воведување на построгите одредби за компјутерите можно е да се заштедат 18 TWh, ако пак биде вклучена и останатата канцелариска опрема како што се факсовите и печатачите со што ќе се заштеди дополнителна енергија од 4 TWh споредено сегашната состојба. Повеќе Нов „полимерен“процес за перење на алишта Во Њу Орлеанс, Канзас Сити, компанијата Ксерокс и Универзитетот Лидс од Британија ја промовираа новата „Зелена“ машина за перење на алишта. „Зелената“ машина во однос на конвенционалните машини за перење алишта ќе

заштедува вода дури до 90% , а ќе работи со ситни пластични монистри/зрнца. Истотака многу значајно е што истите пластични зрнца ќе можат да се користат повеќе пати. Според компанијата Ксерокс, на овој начин не само што ќе се заштеди вода за плакнење на алиштата, туку заштедата на потребната електрична енергија за целиот процес на перење ќе се намали за 30%. Повеќе ЕК оформува цени за американскиот биодизел Регулаторната комисија на Европската комисија одлучи да оформи постојани тарифи за увезениот биодизел од САД, откако утврди дека американската влада на тамошните производители им нуди одредени даночни бенефиции во однос на конкурентните производители од Европа. Пазарниот комитет на Европската Комисија, тело при Европската комисија кое го одредува пазарниот курс за сите 27 членки во Европската унија, побара одложување на оваа одлука која моментално е наметната за увозот на американскиот биодизел. Повеќе

РЕГИОНАЛНА МРЕЖА ЗА ЕФИКАСНО КОРИСТЕЊЕ НА ЕНЕРГИЈАТА И ВОДАТА RENEUER (www.reneuer.com)

RENEUER е формирана по иницијатива на претставници на владите, невладините организации и претпријатијата од 8 земји и тоа Албанија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Србија и Црна Гора, Македонија, Молдавија, Романија и Хрватска. Основната задача на оваа мрежа е да се ангажира за решавање на проблемите за ефикасна употреба на енергијата и водата во земјите од Југоисточна Европа. RENEUER ги дефинира основните определби во областа на ефикасното користење на енергијата и водата преку анализа на проблемите со кои се среќаваат земјите од Југоисточна Европа и можностите за нивно решавање.

Корисни web-адреси Посетете го единственото енергетско катче за деца на ЕУ адаптирано од МАЦЕФ на македонски јазик -

www.managenergy.net/kidscorner

www.energetika.com.mk – единствен портал за енергетика во Македонија www.pep.org.mk www.nvosorabotka.gs.gov.mk www.erc.org.mk www.sustenergy.org/ www.motorchallenge.org/ www.rec.org www.energy.eu – Енергетски портал на ЕУ www.ase.org/ http://greennet.i-generation.at/ www.euractiv.com/ www.energie-cites.org/ www.display-campaign.org/ www.reeep.org www.kids.evn.com.mk www.europesustainableenergy.com www.eneffect.bg www.kids.evn.com.mk www.moepp.gov.mk http://ec.europa.eu/energy/index_en.html www.ri.com.mk

Манифестации Енергија од смет 28- 29 септември 2009, Лондон, Белика Британија Потенцијалот за енергија од смет, конечно се декларира како клучна алатка за раководење во порастот на бројот на депониите и како продолжителен развој на одржлива енергетска структура. Како и да е, дури и огромниот потенцијал и можностите, енергијата произведена од смет сеуште се соочува со големи економски, технички и социјални предизвици. Регистрирајте се ЗАБЕЛЕЖЕТЕ СИ ВО КАЛЕНДАРИТЕ! НЕДЕЛА НА ЕНЕРГЕТИКА – МАКЕДОНИЈА 2009 26- 31 октомври 2009 РЕГИОНАЛНА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ФИНАНСИРАЊЕ ПРОЕКТИ ОД ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ И ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ НА ЕНЕРГИЈА 29-30 НОЕМВРИ, МАНУ, СКОПЈЕ -Централен настан Организатор – МАЦЕФ, со-организатори: МАНУ и Агенција за енергетика на РМ Поддржувачи: Светска банка и Австриска развојна агенција РЕГИСТРИРАЈТЕ СЕ ОНЛАЈН НА www.energyweek.mk веќе од 20-ти јули 2009

Редакција: Центар за енергетска ефикасност на Македонија Главен уредник: проф. д-р Константин Димитров Редактори: м-р Македонка Димитрова- заменик гл. уредник, Даниела Димовска, Игор Петрушевски, дипл. маш. инж., Жарко Илиевски, дипл. маш. инж.

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте не на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52-1, 1000 Скопје, тел. 02 3090 177, 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk

75 infomacef  
Read more
Read more
Similar to
Popular now
Just for you