Page 1

Број 74

ЦЕНТАР ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ НА МАКЕДОНИЈА

мај 2009

МАЦЕФ

МАЦЕФ промовира енергетска ефикасност и почиста животна средина

Во овој број:  Од уредникот  Активности на МАЦЕФ  Новости од Македонија  Новости од светот  Корисни web-адреси  Манифестации

OД УРЕДНИКОТ

Почитувани колешки и колеги, членови и симпатизери на МАЦЕФ! Мај, месецот на липите, изобилуваше со активности во секторот на енергетиката, во кој членовите на МАЦЕФ се ангажирани „до гуша“. Со радост и чувство на гордост присуствувавме на свеченото пуштање во погон на современата когенеративна постројка КОГЕЛ „Север“. Извонреден успех на инвеститори ентузијасти. Но, во исто време потребно е да се објави дека оваа постројка го доби првиот официјален сертификат за трговија со смалената емисија на јаглероден двооксид. Продажбата на тој сертификат е веќе реализирана, со што се зголемува економската оправданост на оваа постројка. Во очекување сме ова да го реализираат наскоро ѝ сопствениците на ТЕ-ТО Скопје. Состанокот на Енергетската заедница во Виена го означуваме како значаен за Македонија, не заради тоа што директорот на канцеларијата г. С.Нејков, допатува во Скопје за да го „продискутира“ недоразбирањето меѓу ЕЛЕМ и ЕВН Македонија, туку затоа што Министерството за економија, преку својот постојан претставник во секторот за енергетска ефикасност (г. Дејан Зрмановски) го презентираше првиот Национален акционен план за енергетска ефикасност, кој беше многу позитивно оценет. Почитувани читатели, Ве известуваме дека веќе следниот број на ИнфоМАЦЕФ ќе можете да го најдете на освежената веб страна на МАЦЕФ! А во овој број сакаме до го привлечеме Вашето внимание на неколкуте наведени информации: Пуштање во употреба на КОГЕЛ СЕВЕР Седница на Енергетската Заедница во Виена Советување на ЕНСИ за ЕЕ во објекти Доделување на уверенија за енергетски контролори Квиз на проектот на ЕВН Македонија Семинар за одржлив развој на РЕЦ Добивме информации за успешно извозно ориентирано производство на соларни колектори, влез на нашиот пазар на нов производ за зголемување на ЕЕ во домовите и др., но читајте повеќе за овие новини во следниот број! Ги очекуваме Вашите ставови за различни теми поврзани со енергетиката, екологијата, економијата (како нераскинлива верига) како и информации за поедини активности и нови производи на нашиот пазар кои сакаме да ги промовираме. Поздрав од редакцијата,

Проф. д-р Константин Димитров

ЦЕНТАР ЗА ЕН ЕР ГЕТСКА ЕФ И КАСН ОСТ НА М АКЕДОНИ ЈА - М АЦЕФ

МАЦЕФ е доброволно научно здружение, кое што нуди услуги и стручни знаења од областа на енергетиката и заштита на животната средина во Република Македонија и пошироко. МАЦЕФ е член на меѓународната мрежа за енергетска ефикасност RENEUER (Regional Network on Efficient Use of Resources). МАЦЕФ е дел од мрежата managenergy формирана од страна на European commission DG Energy and Transport www.managenergy.net . МАЦЕФ e член на Асоцијацита на Консултантски организации. МАЦЕФ е член на БИСЕ Форумот, Motor Challenge Programme и официјален партнер на Sustainable Energy Europe 2005-2008

Активности на МАЦЕФ

КОГЕЛ “Север“ ќе ја намали зависноста од увоз на електрична енергија Когенеративната централа Когел Север, лоцирана во кругот на комплексот на Рудници и Железарница - Скопје, официјално e отворена! За изградбата се вложени 20 милиони евра. На

свеченоста на која присуствуваа голем број претставници од власта, дипломатскиот кор и други гости од енергетскиот сектор, се обрати премиерот Никола Груевски кој потенцираше дека значењето на енергетскиот сектор е клучен фактор за економски раст и развој на земјата. Директорот на Когел Север, г. Александар Гечовски истакна дека централата е прв комерцијален проект за комбинирано производство на електрична и топлинска енергија на природен гас, кој е во целост изведен во рамките на интернационалниот „механизам за чист развој" (ЦДМ) согласно Кјото Протоколот за заштита од климатски промени. Се очекува на овој начин таа да обезбеди околу 185.000 сертифицирани кредити за намалени емисии годишно, што одговара на еквивалент од 185.000 метрички тони јаглероден двооксид чија продажба треба да придонесе кон финансиската исплатливост на проектот. Отворањето на когенеративната гасна централа е дел од националната иницијатива за инсталирање на енергетски поефикасни индустриски и топлификациски системи со цел да се подобри регионалната енергетска стабилност и да се намалат емисиите на стакленички гасови. Когенеративната технологија

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте не на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52-1, 1000 Скопје, Тел. 02 3090 177 Факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk


ИНФОМАЦЕФ 74 овозможува комбинирано производство на електрична енергија и топлина, што одговара на заштеда на примарна енергија од околу 40 проценти преку намалена потрошувачка на фосилно гориво. МАЦЕФ беше дел од инженерскиот тим кој работеше во фазата на изградба на електраната, а ги изработи елаборатите за Заштита при работа, Заштита од пожар и екплозија и Заштита на животната средина.

Страна 2 Општински планови за ЕЕ (МЕЕП); Презентирање на резултатите од МЕЕП проектите спроведени во општините Гевгелија (г. Ристо Атанасовски) и Карпош (м-р Петар Теов) и презентација за Воведувањето на компонента за ЕЕ во проектот на УСАИД за локална самоуправа од страна на г. Ѓорѓи

Јосифов, Проект за локална самоуправа на УСАИД.

Состанок на Енергетска заедница во Виена На 5 и 6 мај во Виена се одржа редовен состанок на членките на Енергетската заедница (Energy Community). На овој состанок беше претставен првиот нацрт на Националниот акционен план за енергетска ефикасност (НЕЕАП). Неговиот квалитет беше позитивно оценет. Во рамки на норвешката програма, а локално преку МАЦЕФ, во Македонија континуирано се спроведуваат обуки за Изготвување на Енергетска база на податоци за општини, подготовка на програми и акциони планови за енергетска ефикасност како и обука за нови кадри - енергетски контролори.

Во продолжение на состанокот се одржа работилница за размена на информации и обука за изработка на НЕЕАП во рамките на регионалниот проект финасиран од страна на УСАИД, како и освежување на националните стратегии за енергетска ефикасност. МАЦЕФ ги презентираше постигнатите резултати во комерцијалниот сектор, домаќинствата, транспортот и индустријата. Норвешко-македонска соработка за ЕЕ во објекти 13 мај - Машинскиот факултет-Скопје (МФС) беше домаќин на семинарот на тема „Енергетска ефикасност во Македонија“ на кој претставници на локалните самоуправи и првите две групи на енергетски контролори пошироко беа информирани за текот и можностите коишто ги нуди норвешко – македонската програма во овој сектор. Проф. д-р Атанас Кочов, декан на МФС, ги поздрави присутните, нагласувајќи ја важноста на ЕЕ во објекти во време на енергетска криза и сиромаштија. За време на семинарот г. Херман Баскар, советник во амбасада на Кралството Норвешка во РМ и проф. д-р К. Димитров, претседател на научен совет во МАЦЕФ доделија уверенија за успешно завршена обука за Енергетски контролор на осуммина кандидати меѓукои претставници од Агенцијата за енергетика на Република Македонија, НВО и приватниот сектор. Настанот го организираа МАЦЕФ и Машинскиот факултет- Скопје и ДОО Проактива во соработка со норвешката компанија за енергетски услуги ЕНСИ-Енерџи Сејвинг Интернешенел.

На семинарот беа опфатени презентации за Компонентата 1 од програмата – Енергетска контрола во згради (ЕКЗ), постигнатите резултати од ЕКЗ обуката и хармонизација на локалното законодавство со Директивата за енергетски карактеристики на згради и Прирачникот за енергетска контрола на згради на македонски јазик од страна на проф. д-р Марко Серафимов, МФС; Компонентата 2 од програмата за

Проект Училишен сервис ЕВН Македонија – II. Квиз Во ОУ „Јохан Х. Песталоци на 20. мај 2009 г. се одржа вториот квиз, ликовна и литературна колонија, дел од проектот

„Рационално користење на електричната енергија“ на ЕВН Македонија. На квизот земаа учество 8 училишта, со по двајца натпреварувачи, од целата држава. МАЦЕФ беше одговорен за поголемиот дел од подготовките меѓу кои концептот на прашањата и софтверот за впишување на освоените бодови и директна координација на училиштата учесници на денот на одржување на квизот. За логистиката се погрижи Конект, а Младински совет од Охрид се погрижи за регуларноста на одговорите и поените. Иако квизот беше едно големо дружење на кое можеше да се забележи дека учесниците добро го совладале материјалот, првонаградените училишта се: 1. место - Александар Димитров и Филип Арсовски, ОУ Љубен Лапе, опш. Аеродром; 2. место - Мишела Постолова и Александра Драшковиќ од ОУ Наум Н. Борче, опш. Гази Баба и 3. место -

Давор Капац и Марко Гилевски од ОУ Јохан Х. Песталоци, опш. Центар. Освен личните награди за победниците, првопласираното училиште ќе ја посети хидроцентралата Матка, второпласираното ќе го посети Центарот за потрошувачи на

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте не на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52-1, 1000 Скопје, тел. 02 3090 177, 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk


ИНФОМАЦЕФ 74 ЕВН Македонија, а во третопласираното училиште ќе бидат заменети старите светилки со нови енергетски ефикасни. Јавна дебата во Светска банка во Скопје Во официјална посета на репрезентативната канцеларија на Светска банка (СБ) во Македонија престојуваше г. Треферс, член на Бордот на извршни директори на СБ. Канцеларијата, во рамки на богатата соработка со здруженијата на граѓани и општата политика за соработка со НВО, реализираше ѝ состанок со здруженијата чиј делокруг е заштита на животната средина. Целта на состанокот беше г. Треферс да се запознае со околностите и приликите во релевантниот сектор од аспект на НВО-ции, што е особено важно за подготвителниот период на следната четиригодишна стратегија за соработка со Р. Македонија во насока на одржлив развој, бидејќи тој е претставник на земјава во Бордот на директори на СБ. Состанокот беше високо продуктивен, со дискусии и заклучоци за развој на платформа на невладините организации за посилно лобирање по одредени теми и политики. Проект ЕЕ 21 на УНЕЦЕ во посета на Македонија На почеток на мај во официјална посета на Агенцијата за енергетика на РМ беа претставници на УНЕЦЕ од Женева, а во врска со реализација на проектот „Финанасирање на инвестициите во енергетската ефикасност за ублажување на климатските промени“ во регионот на Источна Европа и Кавказ. Делегацијата од УНЕЦЕ и консултантската компанија “Појри енерџи консалтинг“ од Женева го посетија и МАЦЕФ со цел да се запознаат со состојбите во Македонија во полето на енергетика та за да бидат опфатени повеќе аспекти во претстојната регионална анализа која се подготвува во рамки на проектот. Анализата ќе помогне во моделирање на условите за основање на фонд за финансирање на инвестиции во проекти од ЕЕ и ОИЕ. Семинар за одржлив развој: Добро управување на РЕЦ Од 24-31 мај во Бечиќи се одржа семинар за надградување на човекови капацитети за главните карактеристики и насоки на одржливиот развој на кој учествуваа над 75 претставници на локални самоуправи и невладини организации од 11 земји од ЈИЕ. Делегацијата од Македонија имаше 11 претставници од повеќе општини и здруженија на граѓани меѓукои ѝ МАЦЕФ. Содржините беа наменети за лица во средина на работната кариера, кои преку регионална соработка и вмрежување можат да придонесат за повисоко ниво на одржливост на регионот на ЈИЕ. Одржливиот развој, ги третира проблемите сестрано, и тоа од аспект на економски, социјални и еколошки мерливи параметри. Угледни предавачи, преку теоретски предавања, интерактивни сесии и работа во групи успеаја да ја доближат оваа проблематика до слушателите. Деталната програма е достапна на веб страницата http://www.localsustainableaction.org/. Посебен акцент беше ставен на стратегии, методологии, релевантни политики за овозможување на одржлив развој и студии на случај од земјите кои веќе водат грижа за сестран развој.

Страна 3 Семинарот го реализираше Регионалниот еколошки центар РЕЦ со поддршка на Владата на Црна Гора, додека финансиски го овозможија Министерството за развој на соработка на

Холандија. Семинарот за одреден број на слушатели продолжува понасочено на есен на Меѓународниот универзитет на Венеција, Италија и РЕЦ во Св. Андреј во Унгарија.

М акедонска еф икасност

oпш тинск а

мреж а

за

енергетск а

Сегашни членови на МОМЕЕ се општините: Сарај, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Центар, Гази Баба, Валандово, Чаир, Кочани, Ресен, Берово, Аеродром, Гевгелија и Кичево. Во најскоро време очекуваме кон неа да се приклучат и работни организации и Институции кои се вклучени во програмите поврзани со енергетската ефикасност.

Годишна членарина:

24 000 денари

УЧЕНИЧКИ НАТПРЕВАР ЗА ЕЕ во општина Аеродром Во основното училиште „Блаже Конески“, се одржа ученички натпревар за основи на енергија и енергетска ефикасност. Во квизот кој го подготви и организираше МАЦЕФ се натпреваруваа по двајца ученици од седумте основни училишта на територијата на општината. Првото место го освои екипата од ОУ „Ѓорѓија Пулевски“ која одлично го владееше материјалот, на второто место се пласираше екипата на ОУ „Гоце Делчев“ и на трето место, екипата на ОУ „Блаже Конески“. Натпреварот, на иницијатива на општината се

реализирање во форма на соработка со невладиниот сектор, а со цел да се подигне свеста кај учениците за заштита на животната средина, како и за свесно и совесно однесување кон околината во која живееме. Масовна еко-акција на општината се реализираше под мотото „Освести се! Природата враќа!“ а броеше повеќе настани во кои активно учество земаа граѓаните од оваа скопска општина. Трибина: Како до поголема примена на сончевата енергија - мерки, активности, политики Во организација на партијата за Демократска обнова на Македонија – ДОМ на 8. мај во просториите на Клубот на пратеници се одржа трибина на која главна тема беше се поголемата употреба на сончевата енергија со цел остварување на обврската според европската директива до 2020 година 20% од вкупното произведено количество енергија да се добива од обновливи извори на енергија. Со поздравна реч трибината ја отвори г-ѓата Лилјана Поповска, претседател на

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте не на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52-1, 1000 Скопје, тел. 02 3090 177, 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk


ИНФОМАЦЕФ 74 Дом која нагласи дека во Македонија во моментов искористувањето на обновливата енергија е помалку 1%. Свои излагања имаа ѝ претставници од здруженија и компании кои непосредно учествуваат во искористувањето на обновливите извори на енергија. Сопственикот на Сието, г. Звонко Марковски во своето излагање истакна дека за развој на фотоволтажните системи за добивање на електрична енергија потребни се неколку мерки за поддршка на физички лица, потоа намалување на ДДВ од 18% на 5%, исто како кај сончевите термални колектори; со законската регулатива да се овозможи на физички лица да произведуваат и продаваат ел. енергија (сега е тоа дозволено само на правни лица); поедноставување на процедурите за добивање дозволи за фотоволтажни системи, како и отворање на кредитна линија за т.н. „мали зелени кредити“ од 20 000 € до 25 000 € со сопствено учество од минимум 20%. Претставниците од МАЦЕФ учествуваа со свои видувања и ставови на трибината.

Новости од Македонија Сончево улично осветление На мостовите во населбата Гоце Делчев во општина Гази Баба беше поставено улично осветлување напојувано со соларна енергија. Целта е да се зголеми безбедноста во сообраќајот на овие два мостови со енергија која е еколошка и економски исплатлива. Повеќе „Металец” ќе произведува ветерници и панели Прилепската фабрика за челични конструкции „Металец“ како партнер на англиската компанија фирма „EIG Reнuvbls“ во следните години ќе инкасира 10-тина милиони евра изработувајќи ветерници и сончеви панели. Повеќе СЗО информирана за Топилницата Зелената коалиција ја известила Светската здравствена организација за мистериозните газди на „Топилница“ и за стравувањата од можни нови загадувања на Велес. Повеќе III. Меѓународна конференција за ладилна техника Во организација на Машинскиот факултет - Скопје и Меѓународниот институт за ладење – Париз, од 7 до 9 мај во Охрид, се одржа 3. Меѓународна конференција за ладилна техника (климатизација и топлински пумпи). На конференцијата се дискутираше за насоките на развојот на ладилната технологија со оглед на потресите во оваа област предизвикани од глобалните закани: климатските промени и оштетувањето на озонската обвивка бидејќи околу 15% од светската потрошувачка на електрична енергија припаѓа на уредите за ладење и климатизација. На конференцијата земаа учество експерти од водечки фирми за ладење и климатизација, како и истражувачи од познати универзитети и други институции. Повеќе

Новости од светот Заврши ремонтот на Кршко По повеќе од триесет дена поправки, почна со работа словенската нуклеарна централа Кршкo. Опремата сега е во добра состојба и не се регистрирани никакви проблеми. Се планира атомската централа да продолжи со работа во следните дваесет години. Повеќе 15 милијарди евра за енергетски проекти Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) планира во следните три години да привлече инвестиции од 15 милијарди евра во одржливи енергетски проекти во Источна Европа, со што ќе го поддржи финансирањето на нови извори на чиста енергија и помало трошење на енергенсите во регионот. ЕБОР согласно својата Иницијатива за одржлива енергија, која е

Страна 4 покрената пред три години, веќе инвестирала околу три милијарди евра. Повеќе Валона доби термоелектрана Термоелектраната „Валона“ изградена крај овој приморски албански град, во пробна работа ќе биде пуштена во првата половина на месец јуни, соопштуваат од албанската електрокорпорација - КЕШ. Се работи за 97 МW капацитет. Повеќе Најголем пад на побарувачката на нафта Меѓународната агенција за енергија (МАЕ) предвидува дека годинава глобалната побарувачка на нафта ќе забележи најголем пад последниве 28 години. Повеќе Потпишан договор за гасоводот „Јужен тек“ Рускиот енергетски гигант „Газпром“ во Сочи потпиша договор со Србија, Грција, Бугарија и Италија за изградба на гасоводот „Јужен тек“, кој се смета за ривал на проектот на ЕУ за гасоводот „Набуко“. Повеќе

Р ЕГИ ОНАЛ НА М Р ЕЖ А ЗА ЕФ И КАСНО К ОР И СТЕЊ Е НА ЕНЕР ГИ ЈАТА И В ОДАТА R ENEUER (www.reneuer.com)

RENEUER е формирана по иницијатива на претставници на владите, невладините организации и претпријатијата од 8 земји и тоа Албанија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Србија и Црна Гора, Македонија, Молдавија, Романија и Хрватска. Основната задача на оваа мрежа е да се ангажира за решавање на проблемите за ефикасна употреба на енергијата и водата во земјите од Југоисточна Европа. RENEUER ги дефинира основните определби во областа на ефикасното користење на енергијата и водата преку анализа на проблемите со кои се среќаваат земјите од Југоисточна Европа и можностите за нивно решавање.

Корисни web-адреси

Посетете го единственото енергетско катче за деца на ЕУ адаптирано од МАЦЕФ на македонски јазик -

www.managenergy.net/kidscorner

www.energetika.com.mk – единствен портал за енергетика во Македонија www.nvosorabotka.gs.gov.mk www.pep.org.mk www.erc.org.mk www.sustenergy.org/ www.motorchallenge.org/ www.rec.org www.energy.eu – Енергетски портал на ЕУ www.ase.org/ www.euractiv.com/ http://greennet.i-generation.at/ www.display-campaign.org/ www.energie-cites.org/ www.reeep.org www.kids.evn.com.mk www.europesustainableenergy.com www.eneffect.bg www.kids.evn.com.mk www.moepp.gov.mk http://ec.europa.eu/energy/index_en.html www.ri.com.mk

Манифестации

Енергија од смет 28- 29 септември 2009, Лондон, Белика Британија Потенцијалот за енергија од смет, конечно се декларира како клучна алатка за раководење во порастот на бројот на депониите и како продолжителен развој на одржлива енергетска структура. Како и да е, дури и огромниот потенцијал и можностите, енергијата произведена од смет сеуште се соочува со големи економски, технички и социјални Регистрирајте се предизвици. ЗАБЕЛЕЖЕТЕ СИ ВО КАЛЕНДАРИТЕ! НЕДЕЛА НА ЕНЕРГЕТИКА – МАКЕДОНИЈА 2009 26- 31 октомври 2009 Централен настан РЕГИОНАЛНА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ФИНАНСИРАЊЕ ПРОЕКТИ ОД ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ И ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ НА ЕНЕРГИЈА 29-30 НОЕМВРИ, МАНУ, СКОПЈЕ Организатор – МАЦЕФ, со-организатори: МАНУ и Агенција за енергетика на РМ Поддржувачи: Светска банка и Австриска развојна агенција

Редакција: Центар за енергетска ефикасност на Македонија Главен уредник: проф. д-р Константин Димитров Редактори: м-р Македонка Димитрова- заменик гл. уредник, Даниела Димовска, дипл. маш. инж Бојан Калиманов, Саше Паневски, дипл. маш. инж. Игор Петрушевски, дипл. маш. инж. Жарко Илиевски

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте не на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52-1, 1000 Скопје, тел. 02 3090 177, 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk

74 infomacef  
74 infomacef  
Advertisement