Page 1

Број 73

ЦЕНТАР ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ НА МАКЕДОНИЈА

април 2009

МАЦЕФ МАЦЕФ промовира енергетска ефикасност и почиста животна средина Во овој број: Õ Од уредникот Õ Активности на МАЦЕФ Õ Новости од Македонија Õ Новости од светот Õ Корисни web-адреси Õ Манифестации

Активности на МАЦЕФ Доделени грантови на Светска Банка за ЗГ г. Маркус Репник, директор на канцеларијата на Светска банка(СБ) во Македонија на 13. мај ги потпиша договорите за реализација на проекти од Областа на климатските промени во

OД УРЕДНИКОТ Почитувани колешки и колеги, членови и симпатизери на МАЦЕФ! Отворање на ХЕЦ Матка II Доделени грантови на Светска банка Советување за Правилникот за енергетска ефикасност во градежни објекти Тркалезна маса на Европската деловна асоцијација и Конрад А.Ш. на тема пазарни економии под притисок Ден на планетата Земја – 22. април Изминатиот месец мина во помасовно одбележување на Денот на планетата Земја во Селото за рециклирање поставено на плоштадот „Македонија“ во Скопје. Убаво беше да се види како децата од помалите одделенија во основното образование без дебати, конференции и забелешки умеат да се грижат за животната средина преку заштеда на енергија односно рециклирање на ПЕТ амбалажа. Дури и одложувањето на манифестацијата, ден подоцна поради лошите временски услови, не го спречи подмладокот во планираното спроведување на активностите. Искрено се надеваме дека овој пример ќе го следат и возрасните! Ги очекуваме Вашите ставови за различни теми поврзани со енергетиката, екологијата, економијата (како нераскинлива верига) како и информации за поедини активности и нови производи на нашиот пазар кои сакаме да ги промовираме. Посебно ќе се радуваме да ги претставиме успесите на нашите компании и поединци како и кусите рекламни пораки. Со задоволство Ве информираме дека веќе добиваме вистински информации за достигнувањата во областа на енергетиката кои Ви ги пренесуваме.оста се информира. Поздрав од редакцијата,

Проф. д-р Константин Димитров ЦЕНТАР ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ НА МАКЕДОНИЈА - МАЦЕФ

МАЦЕФ е доброволно научно здружение, кое што нуди услуги и стручни знаења од областа на енергетиката и заштита на животната средина во Република Македонија и пошироко. МАЦЕФ е член на меѓународната мрежа за енергетска ефикасност RENEUER (Regional Network on Efficient Use of Resources). МАЦЕФ е дел од мрежата managenergy формирана од страна на European commission DG Energy and Transport www.managenergy.net . МАЦЕФ e член на Асоцијацита на Консултантски организации. МАЦЕФ е член на БИСЕ Форумот, Motor Challenge Programme и официјален партнер на Sustainable Energy Europe 2005-2008

рамки на неодамна објавениот Повик за мали грантови на Фондот за граѓанско општество на СБ на глобално ниво. Проектниот предлог на МАЦЕФ за поддршка на „Недела на енергетика 2009“ и уште четири други проекти од Македонија влегоа со конечниот избор на СБ помеѓу повеќе од 300 проекти од целиот свет. г. Денис Бошковски е задолжен за спроведување на проектите во локалната канцеларија на СБ во Скопје. Настанот предизвика голем интерес кај новинарите, што досега не било случај за вакви настани кои предвидуваат соработка помеѓу банкарскиот и граѓанскиот сектор, што е за поздравување. Свечениот чин се одржа во галеријата на Амбасадата на Швајцарија во Скопје, а повод беше тековниот проект на двете организации „Климатски промени, културна промена“ кој ги повикува ликовните уметници од Македонија да достават свои предлози за ликовни творби на тема климатски промени со што дополнително би се влијаело на зголемување на свеста за климатски промени. Советување за Правилникот за енергетска ефикасност на градежни објекти Советувањето беше одржано на 10. април во Стопанската комора на Македонија, а со цел преку дијалог помеѓу стопанските субјекти-членки на Групацијата КГЛП, претставници на надлежните министерства, на научната јавност, Регулаторната комисија за енергетика, Агенцијата за енергетика РМ, МАЦЕФ, ЗЕМАК, Комората на овластени архитекти и овластени инженери, Здружението за соларна енергија, како и други заинтересирани субјекти да се дискутираат задачите од гледна точка на практичната применливост на Правилникот за енергетска ефикасност на градежните објекти, потребата за доработка на правилникот, како и потребата за дополнување на постоечката законска регулатива. По презентацијата на Правилникот од страна на г. Константин Димитров од МАЦЕФ, се отвори широка дискусија во која беа искажани повеќе гледишта, размисли и отворени прашања, по што следеа и заклучоците во насока на потребата

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте не на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52-1, 1000 Скопје, Тел. 02 3090 177 Факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk


ИНФОМАЦЕФ 73 Страна 2 за дополнување и подобрување на прописи.

соодветните законски

Реконструирана ХЕЦ „Матка“ После 2 годишна реконструкција на ХЕЦ „Матка“, ЕВН Македонија на 15. април свечено ја пушти во употреба новата постројка, која се наоѓа во непосредна близина на старата. Со реконструкцијата двојно е зголемен капацитетот од 4.2 MW на 9.6 MW, а зголемено е и нивото на ефикасноста за 90%. При проток од 42 m3/s, се овозможува целосно искористување на водата. Новата централа е целосно автоматизирана со далечинско надгледување и управување. Опремата и турбините кои се инсталирани во новата постројка се од норвешката фирма ГЕ, а генераторите се од ИНДАР од Шпанија. На овој начин е зголемено искористувањето на обновливите извори на енергија во Република Македонија. Претставници на МАЦЕФ, заедно со другите присутни имаа можност да ја разгледаат новата и старата машинска сала на ХЕЦ Матка. Извлечени училиштата-учесници во вториот квиз од проектот Училишен сервис Во ОУ „11 Октомври“ од Скопје на 23-ти април беа извлечени училиштата учесници во вториот квиз на проектот „Рационално

користење на електричната енергија“ на ЕВН Македонија. Со него ќе се заокружи 4. фаза, а ќе се одржи на 21-ви мај во ОУ „Ј.Х. Песталоци“ во Скопје. Пред самото извлекување, организирано од здруженијата Конект и МАЦЕФ, во училиштето беа одржани предавања од страна на волонтерите на МАЦЕФ. Училиштата кои ќе се натпреваруваат се: „Наум Н. Борче“, опш. Гази Баба; „Блаже Конески“, с. Скудриње, опш. Маврово и Ростуше; „Димката А. Габерот“, с. Ваташа, опш. Кавадарци; „Гоце Делчев“, Тетово; „Стојан Б. Буридан“, с. Иванковци, опш. Велес; „Крсте П. Мисирков“, с. Оризари, опш. Кочани; „11

Октомври“, опш. Центар; „Љубен Лапе“, опш. Аеродром; „Ванчо Николески“, с. Лескоец, опш. Охрид и ОУ „Јохан Х. Песталоци“, опш. Центар.

Во мецес април се спроведоа и двете наградни посети за највисоко пласираните училишта во рамки на 1. Квиз, и тоа на ХЕЦ Матка и Повикувачкиот центар на ЕВН (види фотографии). Работилница на Норск Енерги во Македонија На 28. април во Скопје се одржа втората работилница за Градење на локални капацитети за климатски промени. Содржината беше насочена кон модели за финансирање на

проекти за Механизмите за чист развој (МЧР - CDM), економска проценка – пресметка на финансиски параметри и влијание на МЧР врз профитабилноста. Следно, на кои параметри посветува внимание банката при проценка за финансирање на проекти од ваков вид како и примери од различни проекти и можните проблеми кои се појавуваат кога не е доволно оправдано финансирањето и примери за проекти кои ги оправдуваат дополнителните мерки. Во рамки на проектот, учесниците меѓу кои двајца од МАЦЕФ, презентираа и свои идеи за потенцијални МЧР проекти во Македонија. Настанот беше организиран од Центарот за климатски промени, финансиски го поддржува Норвешката Влада, а се спроведува со поддршка на Секретаријатот за европски прашања и Министерството за животна средина и просторно планирање. МАЦЕФ учествуваше во одбележување на Денот на Планетата Земја во македонија На 23. април 2009 година на плоштадот „Македонија“ беше одбележан Денот на Планетата Земја со цел зголемување на свеста кај граѓаните и укажување на последиците кои влијаат на Планетата Земја од секојдевните навики за користење на енергија и вода. Настанот беше организиран од Министерството за економија, Министерството за просторно планирање и животна средина, Градот Скопје и голем број невладини организации под водство на Фидбек од Скопје, а свој дел имаше и МАЦЕФ. Иако настанот беше насочен кон сите граѓани, директно учество земаа повеќе од 350 ученици од 3. и 4. одделение од неколку основни училишта со кои МАЦЕФ има непосредна соработка. Настанот беше организиран како едно големо село за рециклирање, во кој децата учествуваа паралелно во неколку настани: олимписки мини игри и квиз на зелените училишта. Основната порака на настанот беше заштеда на енергијата и паралелно заштита на околината. Тркалезна маса – Пазарни економии под притисок – Има ли светло на крајот од тунелот? На 8. април Европската бизнис асоцијација (ЕБА) и Фондацијата Конрад Аденауер Штифтунг организираа тркалезна маса на која своите гледишта за оваа провокативна тема ги изнесоа, г. Трајко Славевски, министер за финансии; г. Петар Гошев, гувернер на Народна банка; г. Гинтер Офнер од ЕВН Македонија воедно и претседател на ЕАБ, г. Иво Ивановски, министер за информатика, како и врвни претставници на банки и компании. Говорниците се задржаа на влијанијата на кризата

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте не на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52-1, 1000 Скопје, тел. 02 3090 177, 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk


ИНФОМАЦЕФ 73 Страна 3 на финансискиот и деловниот сектор како и влијанијата на процесот на донесување на одлуки и раководењето со ризици

во финансиските институции. Преставник од МАЦЕФ зема активно учество во дискусијата, потенцирајќи ја потребата од влез на државни инвестиции во подрачјето на енергетиката, која ппретставува движечка сила за развој на општеството.

Македонска ефикасност

oпштинска

мрежа

за

енергетска

Сегашни членови на МОМЕЕ се општините: Сарај, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Центар, Гази Баба, Валандово, Чаир, Кочани, Ресен, Берово, Аеродром, Гевгелија и Кичево. Во најскоро време очекуваме кон неа да се приклучат и работни организации и Институции кои се вклучени во програмите поврзани со енергетската ефикасност.

Годишна членарина:

24 000 денари

Новости од Македонија Македонската делегација на енергетскиот самит во Софија Непречено и непрекинато снабдување со природен гас и пронаоѓање алтернативни патишта за испорака на тој енергенс од Каспискиот регион, со цел зголемување на енергетската сигурност на земјите во регионот е заклучокот од дводневниот енергетски самит на тема „Природен гас за Европа: сигурност и партнерство“, кој се одржа на 24. и 25. април во Софија, по иницијатива на бугарскиот претседател Георги Парванов. Во заедничката декларација е нагласено дека енергетското стратешко партнерство и соработката на регионално и

глобално ниво се од голема важност за решавање на енергетската криза во Европа. „Југоисточна Европа има стратешка локација, поврзувајќи ги производителите - Русија, земјите од Централна Азија, Каспискиот регион, Блискиот Исток и Северна Африка, транзитните земји од регионите на Црното Море и Кавказ, со европскиот енергетски пазар“, стои во декларацијата во која основниот акцент е ставен на диверзификација на ресурсите и патиштата за испорака на гасот. Меѓу високите претставници од 28 држави, од кои шест претседатели на држави, заменик министерот за економија д-р Методиј Хаџи-Васков и советникот за фосилни горива од Министерството за економија, Станиша Николовски, ја сочинуваа македонската делегација, предводена од потпретседателот на Владата на Република Македонија, Ивица Боцевски, кој имаше и свое обраќање на самит. Повеќе

Нови 3.143 светилки за градските улици Градот Скопје продолжува со активностите за замена на старото и дотраено осветлување на градските улици. Најновиот јавен повик за набавка на нови штедливи светилки распишан пред изборите го доби реномираната компанија Mienel-Schreder од Австрија. Предмет на набавка се 3.143 штедливи светилки кои ќе се инсталираат на 60 сообраќајници кои не беа опфатени со изминатите активности за замена на осветлението во градот. Ефектот на новите штедливи светилки е голем, со нив се обезбедува заштеда на електрична енергија, поголема осветленост на улиците и поголема безбедност во сообраќајот. Од финансиски аспект, со новите штедливи светилки, Градот Скопје ќе заштеди 118.000 евра годишно заради намалената потрошувачка на електрична енергија и смалените трошоци за одржување. Повеќе Македонија стана дел од меѓународното реномирано научно друштво - ЦЕРН Македонските научници во иднина ќе имаат можност да соработуваат со најреномираната научна институција од областа на нуклеарната физика. Ова им го овозможува договорот за соработка со Европската организација за нуклеарни истражувања во Женева, каде што е и седиштето на ЦЕРН, а го потпиша премиерот Никола Груевски. Македонија, со потпишување на договорот за соработка со оваа европска организација и официјално стана членка на реномирана научна Меѓународна организација. Со ова на македонските научници ќе им биде овозможено и директно да се запознаваат со врвните светски достигнувања од оваа област. Соработката ќе се одвива на неколку нивоа: соработка со студенти, обука на наставници од средни училишта, како и формирање на групи за истражувања. Повеќе Концесија за вода за изградба на 20 мали ХЕЦ На огласот за давање концесија за изградба на 20 мали ХЕЦ, кој заврши на 16. април, понуди доставиле вкупно 10 домашни и странски компании. Јавното отварање на понудите се одржа на 22. април во Министерството за економија. 10 компании доставиле вкупно 41 понуда за 17 локации од понудените 20 локации меѓукои Конзорциум Хидроинвест од Македонија 5 понуди, а Конзорциум ЕМК & Energy Eastern Europe & Energy Zotter Bau Gmbh од Австрија најголем број или 13 понуди. Повеќе Јавен оглас за надоместување на дел од трошоците за купени и вградени сончеви термални колектори Државната комисијата за спречување на корупцијата, на 27.01.2009 г. доставила укажување до Министерството за економија, во кое се вели дека до завршувањето на изборот на претседател на Република Македонија, како и до завршувањето на изборите за избор на градоначалник и членови на Советот на општините, односно до конституирање на Советот на општините и Советот на градот Скопје, потребно е да се запрат сите активности во врска со споменатиот оглас. Согласно укажувањето објавено е Известувањето за прекин на постапката сè до завршување на изборите. Повеќе

Новости од светот Планот на Обама за енергетскиот сектор Во новиот енергетски план за Америка, Обама, предлага намалување на целокупната потрошувачка на нафта во САД за 35% или 10 милиони барели дневно до 2030 со цел да се намали увозот од земјите на ОПЕК. Ова ќе се постигне со зголемување на давачките за нафтените компании, а за граѓаните ќе обезбеди субвенции за примена на широк спектар на алтернативни извори на енергија. Меѓу другото, оваа

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте не на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52-1, 1000 Скопје, тел. 02 3090 177, 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk


ИНФОМАЦЕФ 73 Страна 4 политика ќе помогне во создавање нови 5 милиони работни места преку инвестирање на повеќе од $150 милијарди во градење на чиста енергетска иднина. Повеќе Проектот „Набуко“ отстраент од листата на ЕУ за енергетски проекти Проектот е сосема избришан од листите на планирани проекти во ЕУ кои ќе бидат финансиски стимулирани со 5 милиони евра, по средбата на министрите за надворешни работи на Унијата. Повеќе ПГ & Е најавува сончева енергија од вселената до 2016 Електроенергетскиот снабдувач на природен гас и ел. енергија (ПГ&Е) за северна и централна Калифорнија, САД ги соопшти своите нови истражувања. Можеби микробрановите антени кои испраќаат ел. енергија од вселената и ги напојуваат нашите домови звучат како концепт од научнофантастичен роман, но последните најави од ПГ&Е велат дека може да видиме сончево напојување на вселенска станица во блиска иднина. Системот се состои од серии на сончево напојувани сателити кои ќе генерираат ел. енергија, ќе ја трансформираат во радио бранови и ќе ја емитуваат до базната станица на Земјата. Компанијата ПГ&Е потпиша договор со калифорниската SolarEn корпорација за снабдување со 200 MW енергија до 2016. Доколку се успее во напорите за обезбедување прифатлива вселенска сончева енергија, оваа технологија може да стане голем натпреварувач во задоволување на светските енергетски потреби. Повеќе... ЕП за згради со 0 потрошувачка на енергија од 2019 На предлог на соодветната комисија на ЕУ ревидирана е Директивата за енергетски карактеристики на згради во согласност со препораките на Парламентарниот комитети за индустрија. Тие упатуваат апел до државите членки да го одредат процентот на минималниот удел на постоечки згради кои од 2015 до 2020 г. ќе станат енергетски неутрални. Парламентот го поддржи предлогот на Комисијата да го зголеми лимитот на 1000 m2 на веќе постоечките згради до минимални енергетски карактеристики. Повеќе Баросо стимулира пренамена на средствата за „Набуко“ Планот на Комисијата за инвестирање на 5 милијарди евра во Набуко се ревидираше и средствата се пренасочуваат во проекти за чиста енергија и проекти за инфраструктура. Според новиот план, на голем број европски држави ќе им бидат доделени поголеми парични средства. Повеќе ЕВН ги транспортира старите трансформатори Трансформаторите постари од 20 години кои ЕВН ги исфрли од употреба, со транспортни контејнери почнаа да се изнесуваат од државата, а нивната крајна дестинација се специјални заштитни бункери во Германија. Преместувањето на овој опасен отпад е со цел да се заштити околината од застарените масла кои ги содржат старите трансформатори. Македонија има меѓународна обврска до 2025 година целосно да се ослободи од присуството на опасни материи кои се содржани во масла користени од страна на индустријата. Проектот главно е финансиран од Глобалниот еколошки фонд, а ЕВН Македонија во овој проект учествува со 22 отсто од вкупната финансиска поддршка. Повеќе

Ново откритие за искористувањето на ветерот Паралелно со зголемувањето на цената на нафтата и емисијата на стакленички гасови од необновливите извори на енергија се повеќе се истражуваат нови поевтини и почисти извори на енергија. Јапонскиот производител на воздушни летала е близу до револуционерно откритие кое би претставувало решение за сите проблеми. Јапонската корпорација НИПИ, развива нов 20 kW турбински систем на ветер за создавање на електрична енергија кој може да се врти и да ги прифати воздушните струи од сите страни. Повеќе

РЕГИОНАЛНА МРЕЖА ЗА ЕФИКАСНО КОРИСТЕЊЕ НА ЕНЕРГИЈАТА И ВОДАТА RENEUER (www.reneuer.com)

RENEUER е формирана по иницијатива на претставници на владите, невладините организации и претпријатијата од 8 земји и тоа Албанија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Србија и Црна Гора, Македонија, Молдавија, Романија и Хрватска. Основната задача на оваа мрежа е да се ангажира за решавање на проблемите за ефикасна употреба на енергијата и водата во земјите од Југоисточна Европа. RENEUER ги дефинира основните определби во областа на ефикасното користење на енергијата и водата преку анализа на проблемите со кои се среќаваат земјите од Југоисточна Европа и можностите за нивно решавање.

Корисни web-адреси Посетете го единственото енергетско катче за деца на ЕУ адаптирано од МАЦЕФ на македонски јазик -

www.managenergy.net/kidscorner

www.energetika.com.mk – единствен портал за енергетика во Македонија www.nvosorabotka.gs.gov.mk www.pep.org.mk www.erc.org.mk www.sustenergy.org/ www.motorchallenge.org/ www.rec.org www.energy.eu – Енергетски портал на ЕУ www.ase.org/ http://greennet.i-generation.at/ www.euractiv.com/ www.display-campaign.org/ www.energie-cites.org/ www.reeep.org www.kids.evn.com.mk www.europesustainableenergy.com www.eneffect.bg www.kids.evn.com.mk www.moepp.gov.mk http://ec.europa.eu/energy/index_en.html www.ri.com.mk

Манифестации Тргување со енергија- ЦИЕ 3-4 јуни 2009, Будимпешта, Унгарија 10. Годишна конференција која на едно место ќе ги собере сите релевантни актери на пазарот на енергија. Ќе стане збор за тргување со гас и електрична енергија како и сите пазарни договори битни за тргување со истите. Повеќе Сончеви технологии 101

Вовед во сончевите технологии и пазари за не-инженерски карди

15 јуни 2009, Лондон, Велика Британија Ќе стане збор за разни апликации и технологии за искористување на енергијата од сонцето вклучувајќи фотоволтаици и термална сончева енергија. Сето ова ќе биде претставено во нивниот релевантен деловен контекст на енергетскиот пазар имајќи ги предвид регулаторните фактори кои влијаат на побарувачката и потрошувачката. Повеќе Форум за иднината на енергијата во Европа 2009 9-11 јуни 2009, Билбао, Шпанија Форум и изложбен центар кој ќе го отвори г-нот Андрис Пибалг, комисионер за енергија и транспорт на ЕК со проекцијата дека статусот на новите ЕУ директиви за ОИЕ можат да креираат до 400,000 нови работни места до 2020 година. Регистрирајте се на: www.EuropeanFutureEnergyForum.com

Во следниот број на Инфо МАЦЕФ! Недела на енергетика 2009 – Македонија!

Редакција: Центар за енергетска ефикасност на Македонија Главен уредник: проф. д-р Константин Димитров Редактори: м-р Македонка Димитрова- заменик гл. уредник, Даниела Димовска

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте не на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52-1, 1000 Скопје, тел. 02 3090 177, 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk

73 infomacef  
Advertisement