Page 1

Број 72

ЦЕНТАР ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ НА МАКЕДОНИЈА

март 2009

МАЦЕФ МАЦЕФ промовира енергетска ефикасност и почиста животна средина Во овој број: Õ Од уредникот Õ Активности на МАЦЕФ Õ МОМЕЕ Õ Новости од светот Õ Корисни web-адреси Õ Манифестации

OД УРЕДНИКОТ Почитувани колешки и колеги, членови и симпатизери на МАЦЕФ! Со овој број прославуваме мал јубилеј – 6 ГОДИНИ НЕПРЕКИНАТО ИНФОРМИРАЊЕ на македонската јавност за активностите во МАЦЕФ, Македонија, регионот и светот. Во овој временски период, ние растевме а тоа и со бројот на реализираните задачи и со бројот на редовно ангажираните вработени и активисти. Оваа наша активност не остана незабележана во рамките на Македонија, а и пошироко, такашто денес нескромно е да кажеме, но е вистинито, добиваме бројни понуди за соработка со странски партнери. Со формирањето на МАЦЕФ пред 7 години, кога баравме партнери и разбирање за дејноста во подрачјето на енергетската ефикасност и не можевме да ги најдеме на нашето тло, денес е сосема поинаква состојбата. Не само што постојат нови институции и организации кои се од сферата на енергетската ефикасност, но и граѓаните имаат се повеќе информации за можните мерки со кои ќе можат да си ги подобрат условите за живеење и да ги намалат трошоците за енергија. Со превземањето на обврските, со зголемувањето на бројот на ангажираните, со зголемувањето на врските во и надвор од земјата, убедени сме дека одиме по правиот пат скромно да придонесеме во делот на информирање на техничката јавност, но и да учествуваме во подготовката на потребните акти од ова подрачје. Сакаме да го задржиме Вашето внимание на следното: Регионална конференција за енергетска безбедност и енергетска ефикасност во Будва Мисија на УСАИД со фокус на енергетска ефикасност Конференција за климатски промени во Скопје Алијансата за заштеда на енергија во посета на Македонија Светски апел – Гласај за Земјата! Како и досега, ги очекуваме Вашите ставови за различни теми поврзани со енергетиката, екологијата, економијата (како нераскинлива верига) како и информации за поедини активности и нови производи на нашиот пазар кои сакаме да ги промовираме на нашите страници. Посебно ќе се радуваме да ги презентираме успесите на нашите компании и поединци, евентуално и кусите рекламни пораки. Поздрав од редакцијата,

ЦЕНТАР ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ НА МАКЕДОНИЈА - МАЦЕФ

МАЦЕФ е доброволно научно здружение, кое што нуди услуги и стручни знаења од областа на енергетиката и заштита на животната средина во Република Македонија и пошироко. МАЦЕФ е член на меѓународната мрежа за енергетска ефикасност RENEUER (Regional Network on Efficient Use of Resources). МАЦЕФ е дел од мрежата managenergy формирана од страна на European commission DG Energy and Transport www.managenergy.net . МАЦЕФ e член на Асоцијацита на Консултантски организации. МАЦЕФ е член на БИСЕ Форумот, Motor Challenge Programme и официјален партнер на Sustainable Energy Europe 2005-2008

Активности на МАЦЕФ

Регионална конференција за енергетска безбедност и енергетска ефикасност во Будва Од 18 до 20 март во многу атрактивниот хотел Сплендид во Будва се одржа споменатата конференцијата на која учествуваше делегација од Македонија предводена од Агенцијата за енергетика на Република Македонија, во која

имаше претставник од МАЦЕФ. Конференцијата ја отворија Н.Е. Мило Ѓукановиќ, премиер на Грна Гора, г. Јошка Фишер, бивш министер за надворешни работи на Германија и г. Педро Балестерос Торес, раководител на единицата за ЕЕ во Генералниот директорат за енергија и транспорт на ЕК, по што следеа презентации од донесувачи на одлуки и раководители на сектори поврзани со политиките за енергетика од повеќе земји на ЕУ и земји од регионот. Конференцијата тематски беше реализирана во 6 (шест) панели и тоа: “ Енергетска безбедност преку ЕЕ и ОИЕ во регионот“, „Пристапување кон европските стандарди преку запазување на барањата од европските директиви“, „Соработка на поле на ЕЕ во рамки на Договорот на енергетската заедница“, „Меѓународна соработка, СДИ, финансирање и имплементација“, „Промени преку регионална соработка во ЈИЕ - Идеи за отворени регионални фондови за

Проф. д-р Константин Димитров м-р Огнен Димитров - презентација

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте не на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52-1, 1000 Скопје, Тел. 02 3090 177 Факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk


ИНФОМАЦЕФ 72 Страна 2 енергетика“ и „Размена на искуства во стимулирање на ЕЕ во земјите во регионот“. М-р Огнен Димитров, виш специјалист за ЕЕ од Агенцијата за енергетика во својата презентација ја претстави состојбата на полето на ЕЕ во Македонија и можностите за регионална соработка, а во рамки на последниот панел. Организатори беа Министреството за економија на Грна Гора и ГТЗ.

следеше м-р Македонка Д. Андонова од МАЦЕФ со интерактивно претставување на последните кампањи/проекти за ’Јавно

Светска Банка со нови препораки Во месец март во работна мисија на канцеларијата на Светска Банка во Македонија престојуваше г. Пол Хант од Велика Британија, меѓународен експерт со долгогодишно искуство за природен гас и политики за негово воведување. Во рамки на информирање и енергетска едукација како мерки за ублажување на климатските промени’ во Македонија и земјите на ЕУ, како и презентацијата за „Технологии за сончеви ќелии“ на проф. д-р Христина Спасевска од ФЕИТ. Следеа презентации од Универзитетот ЈИЕ од Тетово и од неколку високо образовни и истражувачки институции од Чешка, Полска и Австрија. Настанот се реализираше во рамки на програмата за Енергетика и инфраструктура која има за цел да понуди сеопфатна анализа на релевантните институции и политики вклучувајќи ги ѐ регулаторните тела - чинители во процесот на развој на регионален пазар согласно Energy Community Treaty. посетата се реализираше и состанок со претставници на МАЦЕФ на кој се дискутираа прашања од областа на сегашните политики за искористување на природниот гас во Македонија, идни чекори и можни идни регионални приклучувања во гасоводни линии. Целта на мисијата е изготвување на препорака за можните државни политики во однос на енергетски прашања со фокус на природниот гас од страна на Светската Банка. Мисија на УСАИД со фокус на енергетска ефикасност Во неколкудневна посета на Македонија престојуваше г. Ира Бирнбаум, координатор за ЕЕ, чиста енергија и глобални климатски промени за Европа и Евроазија од централатa на

УСАИД во Вашингтон. Целта на посетата беше да се фати чекор со тековните состојби и постојните програми на УСАИД кои имаат активности во полето на енергетската ефиканост во Македонија, а соодветно да се препорачаат совети и активности со цел да се интензивира развојот и да се избегне дуплирање на активности превземени од другите локални донатори. Како дел од мисијата, се оствари посета на МАЦЕФ, во присуство на г. Дејан Зрмановски од одделението за ЕЕ од министерството за економија на која се дискутираа обврските на Македонија кон Договорот на енергетската заедница и ЕУ директивите и можните идни чекори за надминување на пречките за нивно исполнување. Конференција за климатски промени во Скопје “Аналитика“, на 21 март во Скопје организираше конференција со наслов ’Енергијата и климатските промени – со фокус на Југоисточна Европа’. Четирите панели ги анимираа гостите од Македонија и регионот начнувајќи теми како што се ЕЕ, ОИЕ, регионална соработка во енергетиката, енергијата и животната средина како и панелот- ’За енергијата и климатските промени’ кој иницираше најмногу прашања и дискусија. Работниот дел го отвори д-р Наташа Марковска од ИЦЕИМ од МАНУ со презентацијата на тема ’Трошоци и еколошки влијанија на мерките за намалување на климатските промени’, по што

Café Scientifique повторно во зелено Британскиот совет во Македонија, Турција и Азербејџан организираше видеоконференциски настан Café Scientifique на тема климатски промени, предводен од централата во Лондон. Дискусијата ги опфати причините и последиците на сигурноста на храната во богатите и сиромашните земји, како ѐ на кој начин дополнителниот ризик од климатските промени креира нови закани или развојни можности. Проф. д-р Поли Ериксон од Институт за промени во животната средина на Универзитетот Оксфорд, направи одличен вовед прикажувајќи ги последните трендови во ова поле што поттикна интерактивна дискусија во која допринес дадоа претставниците од МАЦЕФ. МАЦЕФ во најстарото основно училиште во Македонија МАЦЕФ од март 2009, ја започна четвртата фаза од проектот на ЕВН Македонија, „Разумно користење на електричната

енергија“. Предавањата наидоа на добар прием кај учениците и наставниците во посетените ОУ Стојан Бурчевски – Буридан, с. Иванковци; Ѓорче Петров од истата општина; Емин Дураку, с. Буковиќ; Бајрам Шабани, с. Кондово; Кирил и Методиј, Тетово; Гоце Делчев, с. Г. Лисиче и ОУ Климент Охридски од с. Драчево. Соработката со училиштата од оваа фаза продолжува со вториот квиз кој ќе се реализира во 3. седмица од мај и тековниот натпревар за ликовни и литературни творби. Интересен е податокот што МАЦЕФ одржа работилници ѐ во

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте не на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52-1, 1000 Скопје, тел. 02 3090 177, 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk


ИНФОМАЦЕФ 72 Страна 3 најстарото основно училиште во Македонија т.е. ОУ Кирил и Методиј од Велес кое се наоѓа во непосредна близина до куќата на Коста Солев Рацин. Обука за управување со енергија на ТАМ БАС на ЕБОР ТАМ Програмата, проект финансиран од ЕБОР, организираше дводневен семинар со работилница на кој учесниците можеа да

го збогатат своето знаење во областа на енергетската контрола (Еnergy Аudit), најновите техники и стратегии за заштеда на енергија, ефикасно управување со енергија и контрола врз трошоците за енергија. Програмата вклучуваше аудио-визуелни презентации и интерактивна работилница на тема: Управување со енергија; Спроведување на енергетска контрола; Инструменти за спроведување на енергетска контрола; Карактеристики на енергенсите и нивно искористување; Структури и карактеристики за управување со електричната енергија; Осветлување – технологија, стандарди, подобрување и заштеда; Изолација – видови, карактеристики и економска исплатливост на оваа инвестиција; GREEN BUILDINGS и ENERGY STAR Програмите; Економска анализа на исплатливост на инвестиции; како и Финансирање на инвестиции. Неколку претставници на МАЦЕФ земаа активно учество на семинарот.

Македонска Општинска Мрежа за Енергетска Ефикасност

Сегашни членови на МОМЕЕ се општините: Сарај, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Центар, Гази Баба, Валандово, Чаир, Кочани, Ресен, Берово, Аеродром, Гевгелија и Кичево. Во најскоро време очекуваме кон неа да се приклучат и работни организации и Институции кои се вклучени во програмите поврзани со енергетската ефикасност.

Годишна членарина:

24 000 денари

Алијансата за заштеда на енергија во посета на Македонија Г-ѓа Астрине Пасојан, виш програмски раководител за ЈИЕ и Заедницата на независни држави во Алијансата за заштеда на енергија (САД), инаку добар познавач на политиките за ЕЕ и конзервација на енергија, економија на ресурсите, раководење во животната средина и климатски промени во регионот, оствари посета за запознавање во тековните состојби и политиките за ЕЕ во земјата. Крајната цел е да се направи

Консултантката се состана со повеќе чинители во доменот на ЕЕ во земјата меѓу кои претставници на Агенцијата за енергетика на РМ. Светски апел - Гласај за Земјата Во 2009, за само две години од спроведување на кампањата “Гласај за Земјата“, таа успеа да привлече дури 1 милијарда приврзаници од 74 земји од целиот свет. Кампањата пропагира исклучување на светилките во времетраење од 1 час во текот на еден ден (21 март) со проекција дека овој глобален апел ќе предизвика локална активност на секој поединец, мал бизнис или локална самоуправа во иднина. Невообичаено за историјата на политичките избори, сега не се работи за државата од која потекнуваме туку за планетата на која ѐ припаѓаме. Македонија, освен преку локалните активности на здруженијата на граѓани, меѓу кои и МАЦЕФ, не беше официјално вкучена во кампањата, иако интересот од страна на медиумските куќи беше невообичаено поголем. Во врска со оваа кампања МАЦЕФ даде изјави за повеќе дневни весници и гостуваше во контактни ТВ емисии со цел да поттикне индивидуално вклучување на граѓаните. Повеќе

Новости од Македонија

Од топлата кочанска вода ќе потече ел. енергија Пред половина година започна ново дупчење за проширување на капацитетите и за реинјектирање, односно враќање на веќе употребената вода во земјата, проект за кој од австриската влада беше добиена донација од 1,5 милион евра. Токму Кочани неодамна започна и со пионерски чекор, прв обид на просторите на поранешна СФРЈ, а веројатно и на Балканот, од геотермална вода да се произведува електрична енергија. Општината и ЈКП „Водовод“, во чиј состав дејствува и специјализирана работна единица „Геотерма“, која во месец март потпиша договор со чешката фирма „Карбон редукс“ од Прага за изработка на детална проектна документација, која ќе чини околу 100.000 евра. Повеќе ЕЛЕМ прави нов диспечерски центар „Електрани на Македонија“ ќе гради нов диспечерски центар за планирање и регулација на производството на електрична енергија од хидро и термоцентралите. Од ЕЛЕМ најавија дека за таа цела ќе инвестираат 2,2 милиона евра, а опремата ќе ја обезбеди германската компанија „Сименс“, чија понуда е избрана за најповолна на меѓународниот конкурс објавен лани. Од ЕЛЕМ велат дека новиот диспечерски центар нема да биде конкуренција на националниот во сопственост на МЕПСО, туку ќе ги контролира само сопствените извори на електрична енергија. Се очекува центарот да почне да работи на крајот од 2009 година велат претставници на ЕЛЕМ. Известување од министрерството за економија Известување во врска со Меѓународниот јавен повик за пријавување интерес за учество во доделување на концесија за вода за производство на електрична енергија од две хидроцентрали на Црна Река. Повеќе Се монтира ‘рбетот на најмоќната трафостаница На најмоќната трафостаница во источна Македонија, која ќе биде дел од далекуводот Дуброво - Штип - Црвена Могила, со кој директно енергетски се поврзуваат Македонија и Бугарија, започна монтирањето на таканаречените собирници, ‘рбетот на постројката. Според инвеститорот МЕПСО, таква технологија досега се користела само во Западна Европа, а ова било прво такво вградување на опрема на Балканот. Повеќе

освежување на Стратегијата за ЕЕ на Република Македонија и соодветно да се приготви Акционен план за реализација на препораките од истата. Во овој тригодишен проект, поддржан од УСАИД а во тесна соработка со Министерството за економија, реализиран на регионално ниво од консулстантската компанија ИРГ од Вашингтон, вклучена е ѐ експертска екипа од МАЦЕФ.

Над 60 милиони евра инвестиции во мали ХЦ Министерството за економија очекува инвестиции во вкупен износ од 62 милиона евра од проектот за изградба на мали хидроцентрали. Предвидено е да се изградат околу 400 мали хидроцентрали со поединечна електрична моќ до 5 мегавати, односно со вкупна моќ од околу 250 мегавати. Очекуваното годишно производство на електрична енергија од овие мали

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте не на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52-1, 1000 Скопје, тел. 02 3090 177, 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk


ИНФОМАЦЕФ 72 Страна 4 хидроцентрали се очекува да изнесува околу 1.200 гигават часови, а вкупната инвестиција би била околу 300 милиони евра. Во Министерството за економија во тек се подготовки за објавување на 4. јавен оглас за давање концесија за вода за производство на електрична енергија од околу 20-30 мали хидроцентрали на сливот на реките Вардар, Брегалница, Струмица и Црн Дрим. Повеќе

ЕК бара индустријата за ИКТ да ги намали емисиите на гасови за 20% Европската Комисија захтева секторот за Информатичка и комуникациска технологија да ги намали емисиите на CO2 за 20% пред 2015 во замена за придобивките кои индустријата се очекува да ги добие од законодавството на ЕК за паметните технологии за борба со климатските промени. Индустријата за ИКТ моментално учествува со 2% Повеќе во глобалната емисија на јаглерод двооксид (CO2).

Училиштата на ПЕП позеленеа Проектот Зелени училишта е пилотпроект спонзориран од УСАИД за водење на основните училишта во процесот на станување зелени. Проектот се реализира во периодот од 1. јуни 08 до 31. јули 09 година, од страна на проектните партнери Проект за основно образование и Проект за рециклирање пластика на УСАИД, во пет основни училишта во земјата: Мирче Ацев, Скопје, Дрита, Сарај, Григор Прличев, Охрид, Гоце Делчев, Неготино, и Видое Подгорец, Струмица. За проектот се наменети 73, 810 УСД. Повеќе

Нова стратегија за водните ресурси Светот мора да изработи нова политика и стратегија за управување со водните ресурси, побараа учесниците на петтиот Светски форум за водата, што се одржа во Истанбул во месец март. Претседателите на држави и на влади, како и претставници на Обединетите нации и на УНЕСКО, кои учествуваат на Форумот, објавија декларација во која се повикуваат земјите што користат заеднички извори на вода да водат корисен дијалог и соработка по прашањата за заемно користење на тие ресурси. Во документот се посочува дека тој ќе биде основа за идните меѓународни спогодби, а по завршувањето на форумот ќе биде испратен до раководствата на земјите од Г8 или до ОН. На Форумот учествуваа околу 20.000 претставници од 140 држави. Повеќе

Новости од светот

Во ЕУ регионите €105 милијарди за зелени проекти Европската комисија на 9 март објави дека ќе поддржи работни места создадени со инвестирање во досега нечуени дури 105 милијарди евра за зелени проекти под европската кохезиска политика. „Зеленото” инвестирање зафаќа повеќе од 30% од регионалниот буџет за 2007-2013, скоро три пати повеќе отколку во последниот буџетски период. Повеќе ЕК ги забрани класичните светилки ЕК забрани употреба на класични светилки, чие повлекување треба да започне годинава. Забраната треба да ги намали емисиите на CO2 за 32 мил. тони годишно и секоја година да носи заштеда од 11 милијарди евра. Целосната замена на класичните со еко-штедливи светилки треба да биде извршена до крајот на 2012 година. Согласно одлуките на EK за подобрување на енергетската ефикасност, донесени во март ’09, до 2020 година треба да бидат заштедени 80 терават часови електрична енергија. Повеќе Масовно ќе се произведува топлина од гас: 20% повеќе од кондензациските котли на гас Новата генерација на гасни топлински пумпи од Bosch Thermotechnology доби награда на IGU Gas Efficiency Award 2008 благодарејќи на новата “trendsetting” технологија со екстремно висок потенцијал за енергетска заштеда. Во модуларна работа (4-10kW), наградената гасна топлинска пумпа го регулира греењето и затоплувањето на вода за пиење вклучувајќи го ѐ големиот товар за греење на просторот на една/две семејни куќи. Споредено со кондензациските котли, заштедува околу 20% гас, а инвестициските трошоци се помали. Работи на принципот на дифузија/апсорпција. Предлогот за „зелениот ДДВ“ најверојатно отфрлен ЕК има намера да го продолжи предлогот за „зелен данок” на почетокот на април, но намалената вредност на додаден данок (ДДВ) за промовирање на зелени продукти нема да биде дел од пакетот. Законодавните промени ќе ги променат законите во ЕК за даноци на енергетски производи. Тие ќе бидат проследени со работни документи за улога на даноците во енергетската политика и политиката за животната средина. Повеќе „Набуко“ се лади Проектот „Набуко“ е отстранет од листата на ЕУ за енергетски проекти. Гасоводот беше избришан од листата на проекти кои треба да бидат финансирани со пет милијарди евра кој претставува стимулациски план на ЕУ, а беше објавено по состанокот на блокот на странските министри. Повеќе

РЕГИОНАЛНА МРЕЖА ЗА ЕФИКАСНО КОРИСТЕЊЕ НА ЕНЕРГИЈАТА И ВОДАТА RENEUER (www.reneuer.com)

RENEUER е формирана по иницијатива на претставници на владите, невладините организации и претпријатијата од 8 земји и тоа Албанија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Србија и Црна Гора, Македонија, Молдавија, Романија и Хрватска. Основната задача на оваа мрежа е да се ангажира за решавање на проблемите за ефикасна употреба на енергијата и водата во земјите од Југоисточна Европа. RENEUER ги дефинира основните определби во областа на ефикасното користење на енергијата и водата преку анализа на проблемите со кои се среќаваат земјите од Југоисточна Европа и можностите за нивно решавање.

Корисни web-адреси Посетете го единственото енергетско катче за деца на ЕУ адаптирано од МАЦЕФ на македонски јазик -

www.managenergy.net/kidscorner

www.energetika.com.mk – единствен портал за енергетика во Македонија www.nvosorabotka.gs.gov.mk www.pep.org.mk www.erc.org.mk www.sustenergy.org/ www.motorchallenge.org/ www.rec.org www.energy.eu – Енергетски портал на ЕУ www.ase.org/ http://greennet.i-generation.at/ www.euractiv.com/ www.display-campaign.org/ www.energie-cites.org/ www.reeep.org www.kids.evn.com.mk www.europesustainableenergy.com www.eneffect.bg www.kids.evn.com.mk www.moepp.gov.mk http://ec.europa.eu/energy/index_en.html www.ri.com.mk

Манифестации

Мали фотоволтажни уреди - рурална електрификација 25-26 мај 2009, Улм, Баден-Вуртемберг, Германија Голем подем е на повидок, а во сенка на постоечкиот пазар за мрежно поврзани ФВ. Може да се игнорира целосно, но, пазарот за мали ФВ за Повеќе рурални домови и елекрификација е во постојан подем. Меѓународна конференција за одржливост во енергетиката и објектите 29 април -1 мај 2009, Брајтон, Велика Британија Конференцијата е можност за истражувачите на полето на одржливоста, ОИЕ технологијата и заштитата на животната средина да ги презентираат своите последни достигнувања. Повеќе Имплементирање на европските политики за транспорт и енергетика 18-19 мај 2009, Брисел, Белгија Европската тешка индустрија и официјални претставници на владите се сложија на реалистична дискусија за пречките за напредување при применување на законите за квалитет на горивото, обновливите извори Повеќе и климатските измени. Форум за иднината на енергијата во Европа 2009 9-11 јуни 2009, Билбао, Шпанија Форум и изложбен центар кој ќе го отвори г-нот Андрис Пибалг, комисионер за енергија и транспорт на ЕК со проекцијата дека статусот на новите ЕУ директиви за ОИЕ можат да креираат до 400,000 нови работни места до 2020 година. Регистрирајте се на: www.EuropeanFutureEnergyForum.com

Редакција: Центар за енергетска ефикасност на Македонија Главен уредник: проф. д-р Константин Димитров Редактори: м-р Македонка Димитрова- заменик гл. уредник, Игор Петрушевски дипл. маш. инж.,

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте не на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52-1, 1000 Скопје, тел. 02 3090 177, 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk

72 infomacef  
Advertisement