Page 1

Број 71

ЦЕНТАР ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ НА МАКЕДОНИЈА

февруари 2009

МАЦЕФ МАЦЕФ промовира енергетска ефикасност и почиста животна средина Во овој број: Õ Од уредникот Õ Активности на МАЦЕФ Õ МОМЕЕ Õ Новости од светот Õ Корисни web-адреси Õ Манифестации

OД УРЕДНИКОТ Почитувани колешки и колеги, членови и симпатизери на МАЦЕФ! Месец февруари ја означи ’Неделата на одржлива енергија на ЕУ-2009’ која веќе традиционално по трет пат ја организира Мениџенерги на Генералниот директорат за енергија и транспорт на ЕУ. ’Веројатно се прашувате која е врската помеѓу кризата со гасот и потребата од повеќе гасоводи со одржливата енергија. По мое мислење огромна.’ – вели комисионерот Пибалгс обраќањето за време на манифестацијата, а ние се сложуваме со него. Настаните оваа година освен што беа насочени кон енергетската ефикасност на локалните самоуправи исто така голем акцент се стави на практичното спроведување на регулаторната рамка која ги диригира намалувањата на потрошувачката според амбицизно зацртаните цели на ЕУ за 2020 г. Во домашното преизборје се надеваме дека предлог програмите на кандидатите за градоначалници ќе вклучуваат издржани програми и планови за развој на енергетскиот сектор и намалување на енергетската сиромаштија на локално ниво. Во овој контекст, еве една занимливост, проверето го блогот на г. Пибалгс, http://blogs.ec.europa.eu/piebalgs/, и уверете се во начинот на кој европските функционери комуницираат со граѓаните и поттикнуваат енергетски развојни прашања! Секторска помош за МАЦЕФ од МЕНИЏЕНЕРГИ на Генералниот директорат за енергија и транспорт на ЕУ Квиз на Училишниот сервис на ЕВН Македонија Годишно собрание на Групацијата КГЛП Ги очекуваме Вашите ставови за различни теми поврзани со енергетиката, екологијата, економијата (како нераскинлива верига) како и информации за поедини активности и нови производи на нашиот пазар кои сакаме да ги промовираме на нашите страници. Посебно ќе се радуваме да ги презентираме успесите на нашите компании и поединци, евентуално и кусите рекламни пораки. Со задоволство Ве информираме дека веќе полека добиваме вистински информации од оваа област, со која јавноста се информира за достигнувањата во областа на енергетиката. Поздрав од редакцијата,

Проф. д-р Константин Димитров

ЦЕНТАР ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ НА МАКЕДОНИЈА - МАЦЕФ

МАЦЕФ е доброволно научно здружение, кое што нуди услуги и стручни знаења од областа на енергетиката и заштита на животната средина во Република Македонија и пошироко. МАЦЕФ е член на меѓународната мрежа за енергетска ефикасност RENEUER (Regional Network on Efficient Use of Resources). МАЦЕФ е дел од мрежата managenergy формирана од страна на European commission DG Energy and Transport www.managenergy.net . МАЦЕФ e член на Асоцијацита на Консултантски организации. МАЦЕФ е член на БИСЕ Форумот, Motor Challenge Programme и официјален партнер на Sustainable Energy Europe 2005-2008

Активности на МАЦЕФ

Проект Училишен сервис на ЕВН Македонија – I. Квиз

Во присуство на многу навивачи и над 60 натпреварувачи од 22 основни училишта од сите краишта во Македонија, на 4. февруари се одржа првиот квиз, ликовна и литературна колонија на Училишниот сервис на ЕВН Македонија. Голем дел од подготовките меѓукои Прирачник за подготовка на учениците за квизот – Основи на енергија; концептот и прашањата за квизот како и софтверот за упишување на освоените бодови ги подготви МАЦЕФ, додека за логистиката се погрижи Конект. За навивачкиот тек на квизот помогнаа и другите организации вклучени во проектот. Резултатите до последниот момент беа неизвесни бидејќи сите ученици – учесници одлично го владееја материјалот, а квизот беше време за забава надвор од училишните клупи, но да ги пофалиме и наградените: Петар и Димитар од ОУ „Даме Груев“ од Битола со освоена прва награда, второпласираните ученици Стефан и Лазар од „Партение Зографски“, Кисела Вода- Скопје, и трета награда за Армина и Дритон од училиштето „Абдул Фрашери“, с.Боговиње. Освен личните награди за победниците, првопласираното училиште веќе се подготвува за посета на хидроцентралата Матка, второто за посета на Центарот за потрошувачи на ЕВН Македонија, а третото училиште чека замена на старите со штедливи светилки. Исто така, за време на квизот на учениците кои учествуваа со ликовни и литературни творби на отворениот конкурс на ЕВН Македонија

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте не на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52-1, 1000 Скопје, Тел. 02 3090 177 Факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk


ИНФОМАЦЕФ 70 Страна 2 на тема Енергија и заштеда на енергија им беа доделени награди, а исто така имаа и можност за време на квизот да ја потврдат својата дарба за сликање и пишување. Во тек е организациско и концептуално оценување на квизот, а следниот е веќе закажан за крајот на мај оваа година. Годишно собрание на Групацијата КГЛП Разгледувањето на предлог Годишниот извештај за работата за 2008 г. и предлог Програмата за работата за 2009 г. беа главните точки на кои се концентрираше вниманието на присутните на Годишното собрание на групацијата за климатизација, греење, ладење и проветрување (КГЛП) кое се одржа во просториите на Стопанската комора на Македонија на 20 февруари. Во текот на собранието се разгледуваа предлог измените и дополнувањата на Правилникот за работа, како и за можностите и условите за користење на ВЕБ страницата на оваа групација, a se истакна потребата од истакнување на предлог Програмата за работа на КГЛП и Правилникот за енергетска ефикасност на интернет-страницата на КГЛП. Како заклучок во однос на измените на статутот на СКМ кои последователно ги зафаќаат и статутите на сите асоцијации и групации под чадорот на СКМ, беше истакнато дека професорите од факултетите кои се во претседателството на КГЛП можат да ги задржат своите функции додека не се изнајде соодветно решение кое ќе биде во согласност на статутот. Со последната точка од дневниот ред беа опфатени повеќе прашања околу дефинирањето на основните (минималните) цени за проектирање, изведување и ревизија, како и прашањето за лиценцирање на изведувачите и монтажерите на системите за греење, климатизација и проветрување. Како заклучок во однос на севкупната работа на собранието беше спомената идејата за редовно едномесечно состанување на членовите на Групацијата со соодветна тема за дискусија. ’Влези вклучи, излези исклучи’ - Пилот проект за енергетско образование од најрана возраст г. Еди Дерув, врвен ЕУ експерт во енергетска едукација и бивш директор на АБЕА - Агенцијата за енергетика на Брисел од Белгија во изминатите 12 години, како и г-ѓа Евелин Вињи, експерт за педагогија и техники за анимација на деца од рана возраст за теми од енергетика и заштита на животна средина од едукативниот оддел на АБЕА престојуваа во работна посета

Во рамки на посетата, се реализираа неколку работилници по принципот ’обука-на-обучувачи’, а работилницата организирана со повеќе од 30 учителки и 15-тина директорки од детски јавни установи од Македонија во ЈОУДГ „Орце Николов“ на 19-ти

февруари беше одлична можност за освежување и збогатување на методите за работа со децата на теми како што се енергија, вода, транспорт и слични екотеми. Позитивните искуства од ЕУ ќе се моделираат кон македонските услови и потреби за создавање на енерегетско-еколошки свесни идни генерации граѓани. МАЦЕФ, со поддршка од ЈОУДГ „Орце Николов“, веќе две години работи на развивање на наставна програма за основи на енергија и заштита на животната средина, во рамки на пилот проектот „Основи на енергија за деца од предучилишна (од 4,5 до 6,5 г.). GENEO® Профилни системи - нова револуционерeн систем на REHAU Преставници на Рехау - Македонија ги претставија своите највисоки достигнувања во изработка на профилни системи пред персоналот на МАЦЕФ. Оваа револуционерна технологија значи намалување на загубите на топлина, а со тоа и на трошоците за греење. РЕХАУ ги произведува енергетски најефикасните прозорци во својата класа благодарение на прозорскиот профил ГЕНЕО кој има трослојни нивоа на затнување со кои се обезбедуваат извонредни изолациони својства, со што се постигнува неверојатно низок коефициент на пренос на топлина Uf, до 0,85 W/m2K. Повеќе за овој високоефикасен систем можете да дознаете на www.rehau.com.mk.

Македонска Општинска Мрежа за Енергетска Ефикасност

на МАЦЕФ од 15 – 21 февруари 2009. Посетата се реализираше за унапредување на досега развиените наставни програми и за пренесување на искуствата и успешните примери од земјите членки на ЕУ, а во рамки на доделената Секторска помош од страна на Генералниот директорат за енергија и транспорт на Европската комисија на МАЦЕФ. Пилот програмата се изработува целосно во согласност со Решението за донесување на Основите на програмата за воспитно-образовна работа со деца од предучилишна возраст во јавните детски градинки (Службен весник на РМ од 15 октомври 2007 г.), а во оваа насока се реализираа официјални посети на релевантни институции од ова поле на делување во земјата.

Сегашни членови на МОМЕЕ се општините: Сарај, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Центар, Гази Баба, Валандово, Чаир, Кочани, Ресен, Берово, Аеродром, Гевгелија и Кичево. Во најскоро време очекуваме кон неа да се приклучат и работни организации и Институции кои се вклучени во програмите поврзани со енергетската ефикасност.

Годишна членарина:

24 000 денари

Нова енергија – новина на македонскиот пазар за ОИЕ Во текот на изминатиот месец команијата Нова енергија разговараше со тимот на МАЦЕФ за можностите за зедничка соработка и поддршка на поле на ОИЕ во земјата. Оваа компанија нуди технолошки новини за македонскиот пазар за ветеро и сончеви електрани. Иако со седиште во Скопје, се работи за странска компанија основана со странски инвестиции од фирмите BONICO AG од Швајцарија и RENERGYS GmbH од Австрија со цел да ја поддржи техничката, проектната и финалната реализација на проектите во Македонија. Во тек на

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте не на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52-1, 1000 Скопје, тел. 02 3090 177, 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk


ИНФОМАЦЕФ 70 Страна 3 Inventux Technologies AG е засега првиот светски производител кој ќе ја имплементира micromorph® технологија на Орликон во масовното производство на тенки силиконски соларни модули во нивната фабрика во Берлин. Оваа технологија ќе овозможи да се произведуваат до 33 MWp поефикасни, поефтини ФВ сончеви модули годишно само до додавање на втор микрокристален апсорбер на слојот од аморфен силикон (a-Si). Овој слој ја претвора енергијата во црвен и кратко-инфрацрвен спектрум при што ефикасноста се зголемува до 50 %. Повеќе изработка се неколкуте проекти за ветропаркови во земјата. Повеќе

Новости од Македонија

МЕПСО ќе инвестира 22 милиони евра МЕПСО годинава ќе инвестира повеќе од 22 милиона евра во изградба на нови преносни капацитети и трафостаници и во ревитализација и осовременување на постојните постројки на својата високонапонска мрежа. Дел од парите во износ од 6,2 милиони евра се обезбедени од сопствени средства, а вториот извор се кредити во износ од 16,1 милиони евра. Повеќе ЕВН со поголема точност при отчитувањата Компјутер ќе ја чита потрошената ел. енергија на броилата. Со новите рачни компјутери ел. енергија редовно ќе се отчитува од први до први секој месец, податоците ќе бидат точни и брзо обработени, а сметките веднаш ќе се доставуваат до потрошувачите. Новите броилата на ЕВН Македонија двојно се проверуваат од страна на компанијата и од Заводот за метрологија на Република Македонија по што се означуваат со соодветен жиг. Оваа нова пракса ќе овозможи да не се нарушува приватноста на корисниците при што потрошените вати ќе се вчитуваат од далечина. Повеќе Во март нова нагорна корекција на цената на електрична енергија Дали во март ќе се изненадиме со ново зголемување на цената на струјата? Трите енергетски компании ЕЛЕМ, МЕПСО и „ЕВН Македонија“ привршуваат со новите пресметки за трошоците во работењето, кои треба да ги достават до Регулаторната комисија за енергетика. Повеќе Крај за штетните трансформатори Министерството за животна средина и ЕВН Македонија, почнаа со идентификација, елиминација, отстранување и складирање на трансформаторите што содржат полихлорирани бифенили (ПХБ). Министерот за животна средина, Неџати Јакупи информира дека полихлорирани бифенили се масла кои во минатото се употребувале во трансформаторите и кои се опасни за здравјето на луѓето и животната средина. Повеќе... Итните енергетски проекти заглавени во тендерските лавиринти Освен економска, на Македонија и се заканува и енергетска криза. На инвестициите за најавените нови хидроцентрали се чека веќе долго време. Редицата пропаднати тендери, во комбинација со светската рецесија, дополнително ја усложнуваат состојбата. Ако лани на огласот за хидроцентралата „Чебрен“ се јавиле 12 компании, денес е неизвесно учеството на која било од нив. За „Бошков мост“ исто така нема заинтересирани. Познавачите велат дека долгите процедури, немањето целосни хидроподатоци и нејасните тендерски правила создаваат збунетост и колебливост кај понудувачите. Понекогаш од идните концесионери неоправдано се бара да покажат огромно финансиско портфолио и искуство во таа област. Повеќе

Новости од светот

Orlikon Solar го воведе micromorph® во производството Orlikon Solar, светскиот водечки произведувач на тенка силиконска фотоволтажна производна опрема, објавува дека

Чист јаглен – мит или реалност?

Влијанието на новите технологии и легислативата економијата на производство на ел. енергија од јаглен

на

Производството на ел. енергија од јаглен останува конкурентна со најдобрите обновливи технологии, дури и по пресметувањето на трошоците за намалување на јаглеродните емисии. Јагленот учествува со 40% во глобалната снабдувачка со ел. енергија и уделот најверојатно ќе се задржи на ова ниво, дури и ако глобалниот производствен капацитет се зголеми. Производните капацитети на јаглен може и да се двојно да се зголемат до 2030 г. што ќе има силно влијание на зголемувањето на јаглеродните емисии доколку не се воведат почисти технологии. Повеќе Албанија и Хрватска ги повикуваат БИХ и Црна Гора за заедничка нуклеарка Изградбата на нуклеарна електроцентрала на албанска територија како заеднички проект на Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Хрватска, беше една од темите на неодамнешниот разговор на средбата во Загреб на хрватскиот премиер Иво Санадер со неговиот албански колега Сали Бериша. - Ние сме заинтересирани за овој проект и ги повикуваме БиХ и Црна Гора на четиристрани преговори за можна изградба на нуклеарна електрана во Албанија - изјавува Санадер по средбата со Бериша. Двајцата премиери разговарале и за соработката во сферата на енергетиката, пред се' во врска со можноста за вклучување на Хрватска во Трансјадранскиот гасовод (ТАП), кој би требало да пренесува гас од Иран и каспискиот регион преку Грција до Албанија и по дното на Јадранско Море и до Италија. Повеќе Британската влада се погрижи за јаглеродните емисии Британската влада купи јаглеродни кредити од четири проекти со мали јаглеродни емисии од развојните пазари за да ги покрие емисиите од авионскиот транспорт. Услугите на волонтерскиот механизам на РЕЕЕП за оваа намена ги искористи Британија за справување со јаглеродните емисии од авионскиот транспорт преку учество во проекти за обновлива енергија и енергетска ефикасност во Индија и Мексико. Меѓународната компанија за раководење со јаглеродни удели го овозможи купувањето на кредити за намалување на емисиите и тоа 70,000 тони еквивалентен CO2. Повеќе Поттикнувања за енергетска санација на семејните куќи Германскиот Институт за ефикасно/централно греење на течно гориво изјавува дека ќе поттикнува енергетската санација на семејните куќи во Германија. При што Институтот ќе избере 10 куќи за спроведување на програмата за енергетска санација по што нивната состојба ќе се биде дури 30% под пропишаните вредности со Уредбата за заштеда на енергијата. Притоа секое домаќинство ќе располага со 16000 евра за изведба на проектот. Како дел од решенијата кои што ќе бидат применети се споменува и примена на маслени кондензациони котли, соларни панели и подобрена надворешна изолација. Со оваа програма ќе бидат опфатени сите семејни куќи во Германија кои како основен енергенс користат течно гориво и кои што се изградени пред 31.12.1983 г. и чиј котел е со постар датум од наведениот. Програмата стратува оваа година.

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте не на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52-1, 1000 Скопје, тел. 02 3090 177, 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk


ИНФОМАЦЕФ 70 Страна 4 Албанија лежи на 300 милиони барели нафта!? Албанија има нафтени резерви од околу 300 мил. барели нафта и може да заработи 1,6 милијарда долари од извоз, покажува независна студија од канадската компанија „Банкерс петролеум“. Оваа нафтена компанија ги има под концесија полињата во Патос-Мартинез, а друга канадска компанија стопанисува со изворите во Кучово. Двете компании лани произвеле 2,1 мил. барели нафта. Во студијата е наведено дека околу 60 мил. барели нафта има на полињата во Патос-Мартинез, а уште 2,4 мил. барели во зоната на Кучово. Вкупната испитана резерва, заедно со онаа со која се верува дека располага земјата според проценките на канадската компанија, достигнува над 302 мил. барели нафта. Од нив, во полињата во Патос-Мартинез се проценува дека има околу 267 милиони барели, триесетина милиони барели повеќе во споредба со претходните претпоставки. Во зоната на Кучово се оценува дека има околу 35,5 мил. барели нафта. Повеќе Јужна Кореја ќе вади нафта во Ирак Јужна Кореја и Ирак склучија договор за соработка во нафтениот сектор, вреден 3,55 милијарди долари, соопштува Министерството за енергетика на Јужна Кореја. Според условите на договорот, Јужна Кореја добива право на експлоатација на неколку нафтени наоѓалишта во јужната провинција на Ирак, Басра, во замена за изградба на инфраструктурата. Повеќе Поттик за обновливи извори Германското Државно министерство за животна средина и нуклеарна безбедност за поттикнување на примената на обновливите извори во топлинска намена во 2009год. одвојува 400 милиони евра. Тоа е всушност Програма за поттикнување на пазарот за поголемо користење на сончеви панели. Со оваа програма Министерството им нуди помош на домаќинствата за совладување на проблемот со постојаниот пораст на цената на енергенсите, а воедно да се заштити климата и да се поддржат локалните компании за воведување на овие системи. Оваа програма која што се спроведувала и во 2008 година поддржала околу 150 000 проекти за примена на Обновливите извори на енергија за производство на топлинска енергија. Воедно според новиот германски Закон за поттикнување примена на обновливите извори на енергија за топлински потреби кој стапил во сила од 2009 г. се предвидува пораст на примената на обновливите извори на енергија за топлински потреби од сегашните 7% на 14% до 2020 година. Србија е подготвена за „Јужен поток“ Со учество во изградбата на гасоводот „Јужен поток“, Србија станува дел од енергетскиот проект со континентално значење и размери, изјавува српскиот претседател Борис Тадиќ. - Со „Северниот поток“ и проектот „Набуко“, овој гасовод треба да гарантира енергетска стабилност на ЕУ и на цела Европа. Многу ме радува фактот што Србија како земја, која се простира на патот на испораките на руските енергенси до крајните потрошувачи, е во самиот центар на проектот истакнува Тадиќ. Повеќе Само четири „зелени“ автомобили во целата земја Нула издувни гасови. Бесшумна работа. На паркинг и семафор сама се гаси. Штеди енергија и го чува здравјето. Беспрекорна линија. Возило со овие карактеристики може да сретнете и на улиците на Скопје. Во цела Македонија ги има едвај четири, иако се тренд во цел свет, посебно во САД. Повеќе... Повторно ќе секне гасот? Рускиот енергетски гигант „Гаспром“ предупредува дека на 8 март повторно ќе ја прекине испораката на гас за Украина, доколку оваа држава не плати долг од 400 милиони долари. Шефот на финансии во „Гаспром“, Андреј Круглов, на

состанокот на бордот на директори изразува загриженост за можноста Украина да ја плати февруарската сметка. Повеќе

РЕГИОНАЛНА МРЕЖА ЗА ЕФИКАСНО КОРИСТЕЊЕ НА ЕНЕРГИЈАТА И ВОДАТА RENEUER (www.reneuer.com)

RENEUER е формирана по иницијатива на претставници на владите, невладините организации и претпријатијата од 8 земји и тоа Албанија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Србија и Црна Гора, Македонија, Молдавија, Романија и Хрватска. Основната задача на оваа мрежа е да се ангажира за решавање на проблемите за ефикасна употреба на енергијата и водата во земјите од Југоисточна Европа. RENEUER ги дефинира основните определби во областа на ефикасното користење на енергијата и водата преку анализа на проблемите со кои се среќаваат земјите од Југоисточна Европа и можностите за нивно решавање.

Корисни web-адреси Посетете го единственото енергетско катче за деца на ЕУ адаптирано од МАЦЕФ на македонски јазик -

www.managenergy.net/kidscorner

www.energetika.com.mk – единствен портал за енергетика во Македонија www.nvosorabotka.gs.gov.mk www.pep.org.mk www.erc.org.mk www.sustenergy.org/ www.motorchallenge.org/ www.rec.org www.energy.eu – Енергетски портал на ЕУ www.ase.org/ http://greennet.i-generation.at/ www.euractiv.com/ www.display-campaign.org/ www.energie-cites.org/ www.reeep.org www.kids.evn.com.mk www.europesustainableenergy.com www.eneffect.bg www.kids.evn.com.mk www.moepp.gov.mk http://ec.europa.eu/energy/index_en.html www.ri.com.mk

Манифестации 5ти Меѓународни конгрес и саем - Енергетска Ефикасност и Обновливи Извори на Енергија за југо-источна Европа 6 - 8 aприл 2009, Софија, Бугарија Целта е да се поттикнат инвестициите во областа на ЕЕ и ОИЕ. Регистрирајте 3x20% - Играј ја играта! Заедничка средба на Енергетските - Градови и Климатската Алијанса 22-24 април 2009, Брисел, Белгија Што ти е потребно да победиш во играта? Тимска игра:**** Акција:*** Брзина:** Среќа:* Број на играчи: Неколку стотици Европски градови ▪ Каква визија делиме? Клучните приоритети за одржлива енергија? ▪ Што е Договор на градоначалници и зошто е важен за локалните учесници? Какви практични алатки и партнерства би помогнале на Повеќе локалните власти за постигнување на одржлива енергија? Мали фотоволтажни уреди - рурална електрификација и комерцијална употреба 25-26 мај 2009, Улм, Баден-Вуртемберг, Германија Голем подем е на повидок, а во сенка на постоечкиот пазар за мрежно поврзани ФВ. Може да се игнорира целосно, но, пазарот за мали ФВ за рурални домови и елекрификација е во постојан подем. Повеќе Меѓународна конференција за одржливост во енергетиката и објектите 29 април -1 мај 2009, Брајтон, Велика Британија Конференцијата е можност за истражувачите на полето на одржливоста, ОИЕ технологијата и заштитата на животната средина да ги презентираат своите последни достигнувања. Повеќе Имплементирање на европските политики за транспорт и енергетика 18-19 мај 2009, Брисел, Белгија Европската тешка индустрија и официјални претставници на владите се сложија на реалистична дискусија за пречките за напредување при применување на законите за квалитет на горивото, обновливите извори Повеќе и климатските измени.

Редакција: Центар за енергетска ефикасност на Македонија Главен уредник: проф. д-р Константин Димитров Редактори: м-р Македонка Димитрова- заменик гл. уредник, Игор Петрушевски дипл. маш. инж., Жарко Илиевски дипл. маш. инж.

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте не на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52-1, 1000 Скопје, тел. 02 3090 177, 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk

71 infomacef  
Advertisement