Page 1

Број 70

ЦЕНТАР ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ НА МАКЕДОНИЈА

јануари 2009

МАЦЕФ МАЦЕФ промовира енергетска ефикасност и почиста животна средина Во овој број: Õ Од уредникот Õ Активности на МАЦЕФ Õ МОМЕЕ Õ Новости од Македонија/ од светот Õ Корисни web-адреси Õ Манифестации

OД УРЕДНИКОТ Почитувани колешки и колеги, членови и симпатизери на МАЦЕФ! Месец јануари е редовно исполнет со многу празници. На крајот на месецот можеме да си честитаме дека ги протуркавме „Новогодишните“ празнувања. Но месецот беше исполнет и со „жешки“ изјави од страна на Државата во однос на карактеристиките на дистрибутерот на електрична енергија ЕВН Македонија. Посебен успех е тивката изградба на еден мал по капацитет, но извонредно флексибилен енергетски систем за производство на електична и топлинска енергија. Без многу врева и надворешни манифестации, се очекува брзо пуштање во погон на оваа нова енергетска постројка. Заради предизборните услови, прекината е активноста на Владата во секторот на инвестирање во подрачјето на енергетиката т.е. се одложува доделувањето на субвенциите на инвеститорите во сончеви колектори. Нова кредитна линија преку ЕБРД Во завршна фаза изградбата на КОГЕЛ „СЕВЕР“ Реализацијата на „НАБУКО“ гасоводниот систем се одложува за најмалку една година? Ги очекуваме Вашите ставови за различни теми поврзани со енергетиката, екологијата, економијата (како нераскинлива верига) како и информации за поедини активности и нови производи на нашиот пазар кои сакаме да ги промовираме на нашите страници. Посебно ќе се радуваме да ги презентираме успесите на нашите компании и поединци, евентуално и кусите рекламни пораки. Со задоволство Ве информираме дека веќе полека добиваме вистински информации од оваа област, со која јавноста се информира за достигнувањата во областа на енергетиката. Поздрав од редакцијата,

Проф. д-р Константин Димитров ЦЕНТАР ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ НА МАКЕДОНИЈА - МАЦЕФ

МАЦЕФ е доброволно научно здружение, кое што нуди услуги и стручни знаења од областа на енергетиката и заштита на животната средина во Република Македонија и пошироко. МАЦЕФ е член на меѓународната мрежа за енергетска ефикасност RENEUER (Regional Network on Efficient Use of Resources). МАЦЕФ е дел од мрежата managenergy формирана од страна на European commission DG Energy and Transport www.managenergy.net . МАЦЕФ e член на Асоцијацита на Консултантски организации. МАЦЕФ е член на БИСЕ Форумот, Motor Challenge Programme и официјален партнер на Sustainable Energy Europe 2005-2008

Активности на МАЦЕФ Нови финансиски можности за одржлива енергија Веднаш по празниците, се одржа подготвителна средба помеѓу претставници на МАЦЕФ и консултантската компанија ЕНКОН Сервисис за спроведување на проектот Кредитна линија за одржлива енергија за Западен Балкан (Balkan Sustainable Energy Finance Facility), финансирана од Европската унија и Европската банка за обнова и развој. Свеченото започнување на програмата за територијата на Србија се планира наскоро да се одржи во Белград, по што ќе следат Сараево, Подгорица и Скопје. Кредитната линија ќе ја спроведуваат локални банки учеснички, а се однесува на проекти кои ќе предвидуваат постигнување на поголема енергетска ефикасност во индустрискиот сектор. Сите заинтересирани ќе може да ги добиваат потребните информации од вработените на МАЦЕФ, за овој атрактивен кредит насочен кон на енергетиката и енергетската ефикасност Подготовка за пуштање во погон на КОГЕЛ „Север“ Во завршна фаза е изградбата на новата енергетска постројка лоцирана на просторот на скопска Железарница. Оваа постројка екипирана со најсовремена опрема ќе произведува електрична енергија (30 000 kW инсталирана моќ), а во процес на когенерација (едновремено производство на електрична и топлинска енергија) топла вода за потребите на топлификацискиот систем на градот и пара за потребите на потрошувачите во Железарница. Опремата е на реномираната фирма General Electric Jenbacher, а се состои од 10 гасни мотори. Како гориво се користи природен гас. Компанијата е во завршна фаза со продажба на сертификатите за трговија со јаглен двооксид (CDM – Carbon Trading). Ова е прв проект во Македонија кој ќе успее да ја реализира добивката заради еколошко производство на енергија.

Честитаме на работниот тим за овие извонредни успеси!

Школски сервис на EVN Македонија Во рамки на проектот Рационално користење на Електричната енергија, кој што се спроведува на целата територија на Република Македонија веќе втора година по ред, во јануари интензивно се планираше и координираше квиз, ликовна колонија и творечка работилница со кои ќе се заокружат предавањата од првото полугодие во учебната 2008/09 година. Во квизот учество ќе земат 16 училишта од вкупно 40 основни училишта. Квизот е планирано да се одржи во февруари во ОУ Димитар Миладинов во општина Центар во Скопје. Прашањата

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте не на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52-1, 1000 Скопје, Тел. 02 3090 177 Факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk


ИНФОМАЦЕФ 70 Страна 2 и игрите за квизот ги подготви МАЦЕФ, додека со помош од

Жетва на знаење од Прилеп се финализираа игрите на асоцијација. За потребите на квизот беше изработен прирачник, „Основи на енергија“ на македонски и албански јазик со што беше олеснета подготовката на учениците. Во прилог е еден дел од постерот кој организациите го користат на едукативните работилници – совети за заштеда на енергија и ЕЕ во детска соба. Состанок со претставници на ГДФ-Суец Во програмот за соработка на МАЦЕФ со странски компании од делот на енергетиката, се одржа подолго најавуваната средба

со претставниците на мега компанијата ЕДФ-Суец. Основна тема беше анализата на состојбите во областа на снабдување со природен гас и можноста (желбата) на оваа компанија да влезе во Македонија со свои инвестиции. Средба со претставник на MILENIUM Electric TOV Ltd Беше организирана средба со претставниците на изреалската компанија – производител на иновативни технологии. Тие ги презентираа достигнувањата во третманот на градскиот смет со процес на високотемпературно согорување и производство по желба – на топлинска енергија или синтетски гас, со “Плазма“ технологија. Од посебен интерес е ново развиениот “когенеративен“ колектор за сончева енергија, со кој во исто време се произведува и електрична енергија (фотоволтаична) и топлинска. При тоа, со ист колектор, се овозможува ладење на електричните панели, а со тоа и покачување на ефикасноста на трансформација на сончевата енергија во електрична. Оваа компанија веќе е во Македонија!

Македонска Општинска Мрежа за Енергетска Ефикасност

Сегашни членови на МОМЕЕ се општините: Сарај, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Центар, Гази Баба, Валандово, Чаир, Кочани, Ресен, Берово, Аеродром, Гевгелија и Кичево. Во најскоро време очекуваме кон неа да се приклучат и работни организации и Институции кои се вклучени во програмите поврзани со енергетската ефикасност.

Годишна членарина:

24 000 денари

Градоначалници, приклучете се кон Договорот на градоначалниците! Почитувани Колеги, Можеби знаете дека Енергетските-Градови (Energie Cites) веќе го подржуваат Договорот на градоначалниците и одиграа

главна улога во неговото афирмирање. Ние сакаме да ги охрабриме европските градоначалници да се посветат на постигнување на ЕУ климатски и енергетски цели, таканаречените „3x20”, на волонтерска основа, така што, ќе обезбедуваат подобар квалитет на живот за своите граѓани. Создавајќи “од днотокон-врвот“ движење на Европските локалните надлежни власти, исто така “ќе имаат клучна улога во поддржување на ЕУ преговорите во периодот по Кјото протоколот. Така јас уверено Ве поканувам да станете дел од него така што ќе го прашате својот Градски советник за авторизирање за потпишување на Договорот од нивна страна. На оваа тема ќе се одржи и средба на градоначалниците за време на Неделата за одржлива енергија на ЕУ.“ Информации: www.energie-cites.eu/-Covenant-of-mayorsКако Градоначалник на Heidelberg, јас веќе донесов одлуката да го вклучам мојот град во оваа иницијатива. А Вие? Eckart WüRZNER, градоначалник на Heidelberg и претседател

на Енергетските градови

Втора шанса за Европската директива за Енергетски карактеристики на згради (ЕДЕКЗ) ? Ние може да се прашуваме кои се причините за „ревизијата” на

ЕДЕКС, за помалку од шест години после нејзиното објавување и две години после крајниот рок за примена. Одговорот мора да е во сериозно одложување и тешкото спроведување од страна на земјите членки што можат да го попречат целите на ЕУ поставени за 2020. Енергетските-Градови го објавија своето мислење во врска со ревизијата минатата година, посочувајќи ги следните работи: 1. Успешна Директива би требало да е разбирлива, 2. Директивата треба да е поврзана со грижата на општеството ( на пр. енергетска сиромаштија), 3. Законодавството само по себе не може да ги реши сите проблеми, 4. Предлози „ од терен”. Преку Display- Кампања, поддржана од ЕK од самиот почеток – Energie Cites покажа како е можно не само да се имплементира Директивата, туку и да се направи интересна, отворена за општеството, да се поврзе со сите сектори и образованието, итн. Можеме ли да замислиме еден таков процес ширум ЕУ благодарение на ревидираната Директива? Повеќе 10 клучни мерки како на национално ниво можат да се охрабрат локалните власти да ја оптимизираат енергетската потрошувачка 1. Да се земе предвид улогата на локалните власти како решавачка за постигнување на целите – и подобрување на квалитетот на живот. 2. Да се осмисли политика и мерки на ЕЕ заедно со локалните власти. 3. Да се приспособи националното законодаство за а) надминување на пречките за ЕЕ, примена на начелата за планирање; б) стимулирање на иницијативи. 4. Да се направат задолжителни акционите планови за одржлива енергија со конкретни и амбициозни цели. 5. Да се испраќаат ценовни сигнали и да се применат тарифи кои што ја охрабруваат енергетската ефикасност (да се обезбедат финансиски и фискални стимулации).

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте не на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52-1, 1000 Скопје, тел. 02 3090 177, 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk


ИНФОМАЦЕФ 70 Страна 3 6. Да се обезбеди финансиска и методолошка поддршка на локалните власти согласно нивниот акционен план. 7. Да се искористат постоечките можности за финансирање (национални, Структурни фондови итн.) да се насочат кон ефикасни ЕЕ инвестиции. 8. Да се користат иновативни и успешни локални иницијативи за развој на законодаството. 9. Да се охрабри мрежно поврзување и повторување на успешни проекти. 10. Да се ревидираат националните енергетски акциони планови согласно праксата. За понатамошни информации: Повеќе

Новости од Македонија Се основаше ИРЕНА – и Македонија дел од неа На 26 јануари 2009 г. во Бон, Сојузна Република Германија, на Основачка конференција на Меѓународната агенција за обновлива енергија (International Renewable Energy Agency – IRENA) учествуваше министерот за економија, г. Фатмир Бесими кој го потпиша Статутот на ИРЕНА и Резолуцијата за основање на Подготвителна комисија за ИРЕНА, со што, Република Македонија стана полноправна членка во оваа меѓународна агенција. Членството е отворено за државите кои се членки на Обединетите Нации и регионалните меѓувладини организации за економска интеграција, кои имаат волја и се способни да делуваат во согласност со целите и активностите на ИРЕНА. Иницијативата за основање на ИРЕНА е покрената од страна на Германија, Шпанија и Данска, а досега, поддржано од повеќе 60 земји. Со основањето на организацијата ќе се обезбеди создавање на нова меѓународна организација која ќе биде водечка на глобално ниво во достигнувањето на целите за што поголемо искористување на ресурсите на обновлива енергија. Цената на ел. енергија по нова методологија Регулаторната комисија за енергетика ја усвои новата методологија за пресметка на цената на електричната енергија. Правилникот е донесен со цел да ги утврдува начинот и условите за регулирање на цени за ел. енергија. Повеќе... Обновливите извори се вклучуваат во енергетскиот систем Македонската академија на науките и уметностите во наредните четири месеци ќе изработи студија во која ќе има детален преглед на расположливите ресурси на обновливи извори на енергија во Македонија и можноста за нивно користење. Во студијата ќе биде утврден целниот процент на електрична енергија произведена од повластени производители што произведуваат од обновливи извори на енергија, начинот и динамиката на постигнување на процентот, како и вкупната потрошувачка на обновливи извори на енергија. Повеќе ТЕЦ „Неготино“ не спасува за електрична енергија ТЕЦ „Неготино“ во почетокот на новата година започна со работа и поради зголемената потрошувачка ќе го надополнува недостигот од електрична енергија. TЕЦ „Неготино“ работи со половина капацитет од 95 мегавати. Блокот успешно се вклучи во мрежата. Ел. енергија што ја произведува ТЕЦ „Неготино“ е за домашниот пазар и во овој момент е поисплатлива, поради пониската цена на мазутот. Повеќе... Истражувањата за експлоатација на геотермални води Во атарот на кочанското село Долни Подлог е во полн ек изградбата на експлоатацискиот бунар што, заедно со

останатите две дупчалишта, се дел од проектот „Еколошка санација и енергетска реализација“ на геотермалниот систем „Геотерма“ од Кочани. Експлоатацискиот бунар ќе биде длабок 550 метри, од која длабочина се очекува да се добијат нови 50 литри геотермална вода во секунда. Повеќе... Избран конзорциумот кој ќе ја изработува Физибилити студијата за гасоводен систем во Македонија За најповолен понудувач за доделување договор за јавна набавка за услуга за изработка на Физибилити студија за гасоводен систем во Република Македонија со идеен проект е избран конзорциумот на компаниите „Простор“ ДОО-Куманово, „Гастек БГ“ од Република Бугарија, „Петрол“ од Словенија и „Енерго систем“ од Скопје. Повеќе... Македонија и Косово заеднички ќе ја градат акумулацијата „Луково Поле“ Проектот - акумулација „Луково Поле“ е еден од заедничките за кои постои посебен интерес од двете страни и со кој е предвидено ХЕЦ „Вруток“, „Равен“ и „Врбен’’ да се снабдуваат со дополнителни 65 милиони кубни метри вода, и треба да се изгради во северозападниот дел на Македонија, на границата со Албанија и со Косово. Повеќе...

Новости од светот Анкета го потврди афинитетот на потрошувачите кон стариот систем на рангирање на енергетската етикета Ново истражување потврди дека потрошувачите го претпочитаат постоечкиот систем на рангирање на електричните апарати за домаќинство – енергетската етикета со ранг од А до Г. Истражувањето кое било спроведено во шест земјли членки на ЕУ покажува дека жителите се збунети од новиот систем на рангирање кој го предлага ЕУ. Повеќе... Србија и Словенија сакаат енергетска независност Владите на Србија и Словенија сметаат дека политичките, економските, енергетските и еколошките причини наложуваат овие држави да развиваат нови обновливи извори на енергија и дека целта на државата треба да биде поголемата енергетска независност и безбедност. Повеќе... ОПЕК: Побарувачката за нафта ќе расте повеќе од очекуваното Светската побарувачка за нафта годинава ќе се намали повеќе од очекуваното, а натамошното економско забавување може дополнително да ја нагризе потрошувачката, соопштуваат од ОПЕК, сигнализирајќи за можноста за дополнително намалување на испораките. Побарувачката во 2009 година ќе се намали за 180.000 барели нафта дневно, што е за 30.000 барели повеќе отколку што претходно се прогнозираше, се истакнува во месечниот извештај од ОПЕК за нафтените пазари. По слабеењето во 2008, побарувачката за нафта треба да слабее и во 2009 година, за прв пат после 20 години. Повеќе... Турција и се закани на ЕУ со гасоводот Набуко Турција може да ја преиспита својата позиција за проектот за гасовод Набуко, што треба да ја снабдува Европа, а да ја избегне Русија, ако бидат блокирани преговорите за присоединување на Анкара кон ЕУ се закани турскиот премиер Реџеп Ердоган. Повеќе... ЕУ го доведува во прашање финансирањето на НАБУКО На 28 јануари, во рамки на дводневниот Самит за Набуко во Будимпешта, комисионерот за енергија на ЕУ, г. Пибалг нагласи дека Комисијата не би требала да го финансира гасоводот, туку треба да се насочи и кон поддршка во обезбедување на заеми и гаранции од банките и финансиските институции за

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте не на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52-1, 1000 Скопје, тел. 02 3090 177, 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk


ИНФОМАЦЕФ 70 Страна 4 финансирање на она што тој го дефинира како ’јавно-приватно партнерство’. Тој додава дека има низа отворени прашања кои чекаат одговор во врска со Набуко. Доколку, не се добијат одговорите до мај оваа година, тој предупреди, дека реализацијата на проектот ќе биде сериозно загрозена. Неколки влади од ЕУ вклучувајќи ја и Германија, Франција и Италија, а кои имаат тесни врски со Кремлин како и долгорочни договори за испорака на гас со Гаспром, не се убедени во потребата од нов гасовод. Гасоворот „Набуко“ треба да ги поврзе државите од централна Европа со земјите производители на природен гас од реонот на Каспиското Море и централна Азија, при што би била заобиколена територијата на Русија. Повеќе... Рускиот гас за Европа ќе изнесува околу 280 долари Цената на гасот за Европа кон средината на 2009 година ќе биде околу 280 долари за илјада метри кубни, а за Украина под 250 долари, соопштува потпретседателот на руската компанија за производство и дистрибуција на природен гас „Гаспром“. Додека ценатата на гасот на руско-украинската граница ќе изнесува 228,8 долари за илјада метри кубни. Повеќе... ЕУ налага воведување на ограничување на емисиите на СО2 во електричните централи Европа може да ја намали емисијата на стакленички гасови ослободени од големите електроенергетски постројки за 2/3 до 2020 г. доколку се воведат обврзувачки ограничувања на емисиите и тоа етапно од 2010 до 2020. Повеќе... Руски Газпром и кувајтски Нур основаа заедничка компанија за нафтени истражувања Рускиот енергетски гигант Газпром и кувајтската компанија Нур Фајненшл Инвестмент основаа заедничка компанија чија главна цел ќе биде истражување на нафта и природен гас. Повеќе... Енергетиката и климатските промени централно внимание на ЕБС Шестиот по ред Самит на европскиот бизнис, што ќе се одржи на 21-22 февруари во Брисел, ќе се фокусира на “зеленеење на економијата” и наоѓање “нови енергии за бизнис”, најавуваат организаторите, по што следат амбициозни климатски и енергетски предлози. Повеќе... EК нема да ги попречува инвестициите за „Јужен поток“ Европската комисија нема да ги попречува инвестициите на земјите-членки на Европската унија во рускиот проект за изградба на гасоводот „Јужен поток“, изјавува портпаролот на ЕК за енергетика Феран Тарадељас. Повеќе... Државите на ЕУ со амбициозни цели за ОЕ ЕК постави пред себе амбициозни цели за зголемување на севкупната европската потрошувачка од обновливи енергии за 20% се до 2020. Но, додека плановите за промовирање на технологии како на пример соларна и ветерна беа широко прифатени, Брисел се соочува со критика за целите предвидени за биогорива. Повеќе... Бугарија ја обнови работата на нуклеарката „Козлодуј“ Бугарскиот Парламент го изгласа предлогот повторно да се пуштат во погон два од четири претходно затворени реактори во атомската централа “Козлодуј“. Собранието и даде инструкции на бугарската Влада да ги рестартира двата нуклеарни реактори во соработка со Европската комисија (ЕК). Повеќе... Регулаторите се сомневаат во врска со енергетската агенција на ЕУ Предлозите на Комисијата за понатамошно либерализирање на енергетските пазари на ЕУ вклучуваат и плановите за создавање на нова Европска агенција за енергетика

дизајнирана да следи преку-гранична соработка за пренос на гас и електрчна енергија помеѓу државите членки. Но, регулаторите се прашуваат дали агенцијата ќе има доволно моќ за ефикасно да се справи со мандатот. Повеќе...

РЕГИОНАЛНА МРЕЖА ЗА ЕФИКАСНО КОРИСТЕЊЕ НА ЕНЕРГИЈАТА И ВОДАТА RENEUER (www.reneuer.com)

RENEUER е формирана по иницијатива на претставници на владите, невладините организации и претпријатијата од 8 земји и тоа Албанија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Србија и Црна Гора, Македонија, Молдавија, Романија и Хрватска. Основната задача на оваа мрежа е да се ангажира за решавање на проблемите за ефикасна употреба на енергијата и водата во земјите од Југоисточна Европа. RENEUER ги дефинира основните определби во областа на ефикасното користење на енергијата и водата преку анализа на проблемите со кои се среќаваат земјите од Југоисточна Европа и можностите за нивно решавање.

Корисни web-адреси Посетете го единственото енергетско катче за деца на ЕУ адаптирано од МАЦЕФ на македонски јазик -

www.managenergy.net/kidscorner

www.energetika.com.mk – единствен портал за енергетика во Македонија www.nvosorabotka.gs.gov.mk www.pep.org.mk www.erc.org.mk www.sustenergy.org/ www.motorchallenge.org/ www.rec.org www.energy.eu – Енергетски портал на ЕУ www.ase.org/ http://greennet.i-generation.at/ www.euractiv.com/ www.display-campaign.org/ www.energie-cites.org/ www.reeep.org www.kids.evn.com.mk www.europesustainableenergy.com www.eneffect.bg www.kids.evn.com.mk www.moepp.gov.mk http://ec.europa.eu/energy/index_en.html www.ri.com.mk

Манифестации Глобална конференција за логистика на ТНГ и ТПГ 2009 4 - 5 март 2009, Ротердам, Холандија Глобалната потрошувачка на ТНГ и ТПГ е во огромен пораст, улогата која овие енергенси ја имаат во глобалната енергетска потрошувачка станува се поважна. Целта на конференцијата е дискусија на проблемите поврзани со трендовите на побарувачка и производство, можностите за финансирање, како и презентација на новите технологии и влијанието врз животната средина. Повеќе Иднина на алтеранативен транспорт 5 - 6 март 2009, Лондон, Чатнам хаус Програмата ќе се фокусира на: - интегрирање на одржлив транспорт во повеќе области од политиките - Прашања на капацитет и congestion - Инвестирање во инфраструктура - Прашања поврзани со животната средина - Последици од непревземањето мерки Повеќе 3x20% - Играј ја играта! Заедничка средба на Енергетските - Градови и Климатската Алијанса 22-24 април 2009, Брисел, Белгија Што ти е потребно да победиш во играта? Тимска игра:**** Акција:*** Брзина:** Среќа:* Број на играчи: Неколку стотици Европски градови ▪ Каква визија делиме? Клучните приоритети за одржлива енергија? ▪ Што е Договор на градоначалници и зошто е важен за локалните учесници? Какви практични алатки и партнерства би помогнале на локалните власти за постигнување на одржлива енергија? Повеќе Меѓународна конференција за одржливост во енергетиката и објектите 29 април -1 мај 2009, Брајтон, Велика Британија Конференцијата е можност за истражувачите на полето на одржливоста, ОИЕ технологијата и заштитата на животната средина да ги презентираат своите последни достигнувања. Повеќе

Редакција: Центар за енергетска ефикасност на Македонија Главен уредник: проф. д-р Константин Димитров Редактори: м-р Македонка Димитрова- заменик гл. уредник, Игор Петрушевски дипл. маш. инж., Жарко Илиевски дипл. маш. инж.

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте не на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52-1, 1000 Скопје, тел. 02 3090 177, 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk

70 infomacef  
Advertisement