Page 1

Број 6

ЦЕНТАР ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ НА МАКЕДОНИЈА

Септември 2003

МАЦЕФ МАЦЕФ промовира енергетска ефикасност и почиста животна средина

Во овој број: Од уредникот Центар за енергетска ефикасност на Македонија МАЦЕФ Регионална мрежа за ефикасно користење на енергијата и водата RENEUER Алијанса за штедење на енергија ASE Новости од Македонија Новости од другите земји Корисни web-адреси Манифестации

ЦЕНТАР ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ НА МАКЕДОНИЈА МАЦЕФ

МАЦЕФ е доброволно научно здружение, основано да делува во рамките на Република Македонија и надвор од неа. МАЦЕФ е член на меѓународната мрежа за енергетска ефикасност RENEUER (Regional Network on Efficient Use of Resources). МАЦЕФ има поддршка и тесно соработува со ALLIANCE TO SAVE ENERGY фондација формирана од Сенатот на САД и делумно финансиски поддржана од USAID. МАЦЕФ e член на Асоцијацита на Консултантски организации, нудејќи професионални експертски услуги од својот делокруг на работа, во земјата и надвор од неа.

OД УРЕДНИКОТ

Почитувани колеги, членови на МАЦЕФ! Септември беше исполнет со голем ангажман во организирањето на Тренинг курсевите за локалната самоуправа. Прирачникот, приготвен од членовите на МАЦЕФ на 220 страници, е предаден на печатење. Го очекуваме неговото излегување за време на првиот тренинг Курс кој треба да се одржи во Скопје, на 2 и 3 октомври, во заедничка организација со градоначалникот на општина Карпош, Г-динот Стегче Јакимовски. Остварена е посета на Сојузот на друштвата на енергетичарите на Словенија, како и на други претставници на државните служби кои се директно вклучени во промоцијата на енергетската ефикасност и реализацијата на проектите од оваа област. Приготвен е материјал за Презентирање на состојбите во Македонија на меѓународниот симпозиум за Енергетската ефикасност и примена на чисти технологии во заштитата на човековата околина. Приготвен е материјал кој се однесува на дефинирање на мерките од доменот на енергетската ефикасност во борбата против енергетската сиромаштија “energy powerty” и против сиромаштијата во целост, кој треба да биде презентиран на Конференцијата организирана од EBRD и UNECE, на 20 и 21 октомври. Очекуваме Ваши јавувања за активностите во вашите средини и работни организации Проф. Д-р Константин Димитров

Заинтересираните колеги кои сакаат да станат активни членови на МАЦЕФ, треба да се јават на нашата адреса, за да ги добијат потребните формулари за зачленување. Колегите со поголемо искуство и резултати во оваа област, со желба да бидат внесени во меѓународниот регистер на експерти, ги замолуваме да контактираат со нас, за да им го доставиме потребниот формулар. Тоа не значи и обврска да се биде член на МАЦЕФ.

РЕГИОНАЛНА МРЕЖА ЗА ЕФИКАСНО КОРИСТЕЊЕ НА ЕНЕРГИЈАТА И ВОДАТА

RENEUER (www.reneuer.com)

RENEUER е формирана по иницијатива на претставници на владите, невладините организации и претпријатијата од 8 земји и тоа Албанија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Србија и Црна Гора, Македонија, Молдавија, Романија и Хрватска. Основната задача на оваа мрежа е да се ангажира за решавање на проблемите за ефикасна употреба на енергијата и водата во земјите од Југоисточна Европа. RENEUER ги дефинира основните определби во областа на ефикасното користење на енергијата и водата преку анализа на проблемите со кои се среќаваат земјите од Југоисточна Европа и можностите за нивно решавање.

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте не’ на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 399216, факс 02 361 013, e-mail: macef@ereb1.mf.ukim.edu.mk


ИНФОМАЦЕФ

Страна 2 АЛИЈАНСА ЗА ШТЕДЕЊЕ НА ЕНЕРГИЈА ASE (www.ase.org)

Алијансата за штедење на енергија има за мисија да ја промовира енергетската ефикасност ширум светот, со цел да се постигне здрава економија, почиста околина и енергетска сигурност. Таа е непрофитна коалиција на лидери од бизнисот, државната управа, екологијата и потрошувачите. Алијансата ја поддржува енергетската ефикасност како најефтин енергетски ресурс при постоечките пазарни услови и советува да се применат енергетски политики кои ги намалуваат цените за потрошувачите и општеството, како и емисијата на штетни гасови кои имаат влијание на глобалните климатски услови.

Во периодот од 20-24 септември, во Tutzing, Германија се одржа семинар со наслов Енергетска ефикасност Предизвикот на енергетската ефикасност во технологиите за забавување на климатските промени. Во присуство на учесници од 12 земји, беше приложен реферат за состојбите во Македонија.

Новости од Македонија Во периодот од 15-19 септември членовите на Претседателството на МАЦЕФ остварија повеќенаменска посета на Словенија. Остварена е посета на Саемот во Цеље со желба да се обезбеди соработка и помош при организирањето на Саемот за енергетика во месец мај 2004 година во Скопје.

Беше организирана посета на постројка за когенеративно производство на енергија со горивни ќелии, поставена во Дојче Телеком.

teking@mt.net.mk

Г-дин Г.Капац со директорот на Цељскиот саем Г-дин Франц Пангерл

Остварена е средба со Претседателот на сојузот на друштвата на енергетичарите на Словенија и е договорена меѓусебна соработка, пред се размена на искуства за можноста на самофинансирање на Здруженијата. Контакте е остварен и со координаторот на проектот ЕНСВЕТ (дополнителни информации врз основа на личен захтев за членовите на МАЦЕФ). Ја сметаме посебно важна средбата со М-р Борис Селан, Советник во Минситерството за Екологија и во Агенцијата за ефикасно користење на енергијата. Договорено е да ја добиваме информацијата за законската регулатива која е компатабилна со ЕУ, веќе приготвена во Словенија, а не очекува и нас. Тоа е можност МАЦЕФ, со своите членови, да се вклучи во подготовка на регулативата од доменот на енергетската ефикасност!

Во периодот од 23 до 25 септември, 2003 година, во Скопје реализираа работна посета Angela Morin, програм менаџер на Alliance to save Energy во Република Чешка и Joe Loper, координатор на меѓународни програми на Alliance to Save Energy во САД. Целта на посетата беше поврзана со развојот и процесите на приватизација во Топлификација – Скопје. Angela Morin изврши иста ваква посета и во периодот од 18 до 23 април, 2003 година. За време на нивниот престој во Скопје, Angela Morin и Joe Loper, ги посетија и Заедницата на единиците на локална самоуправа – ЗЕЛС, канцелариите на DAI и USAID во Скопје. Исто така тие го посетија и МАЦЕФ. При таа посета, беше разговарано за досегашната работа во реализацијата на проектот RENEUER во Македонија, постигнатите резултати и претстојните активности во тој поглед. Средбата ја водеше координаторот на проектот за Македонија и претседател на МАЦЕФ, проф.д-р. К. Димитров.

Новости од другите земји Најголемите претпријатија во Франција потпишале доброволен меморандум за намалување на емисиите на стакленичките гасови за 14% до 2007 година, во однос на нивото на емисии во 1990 година Во договорот се вклучени 21 меѓународно

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте не’ на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3099216, факс 02 3061 013, e-mail: macef@ereb1.mf.ukim.edu.mk


ИНФОМАЦЕФ

Страна 3

претпријатие и три претпријатија за производство на енергија. Производствените претпријатија се обврзале да редуцираат 27% од вкупните емисии на стакленички гасови до 2007 година, а хемиските претпријатија се обврзале да редуцираат вкупно 40%. За разлика од нив, трите претпријатија за производство на енергија рекле дека единствено можат да ги редуцираат емисиите на стакленичките гасови само до 2.5%. http://www.eceee.org/latest_news/2003/news20030711.lasso Според преелиминарните податоци од секторот за енергетика во САД, потрошувачката на обновлива енергија во САД во 2002 година достигнала 11%. Причина за оваа зголемена потреба е зголеменото производство на енергија од хидроцентралите. Меѓутоа, бил регистриран пораст во потрошувачката на сите извори на обновлива енергија, и тоа, 56% од енергијата на ветер, 17% од алкохолните горива и 15% од цврстиот отпад. Најголемиот пад на процентот на потрошувачка бил за биолошките горива кои ги користи населението (со други зборови, огревното дрво), којшто паднал на 14%. <http://www.eia.doe.gov/fuelrenewable.html>. Вкупниот инсталиран капацитет на сончева енергија во САД во 2002 година, пораснал на 44.4 MW, што претставува пораст од 21%. Според вкупниот капацитет на сончева енергија во САД од 212.2 MW, САД се наоѓа на третото место во светот, зад Германија со 277.3 MW и Јапонија со 637 MW. Во Јапонија е инсталиран капацитет од 184 MW сончева енергија во 2002 година. Во согласност со работните обврски за MUNEE (Municipal Network for Energy Efficiency), центарот за енергетска ефикасност на Романија APER се обратил до романскиот министер за здравство, нудејќи професионална подршка за решавање на некои од проблемите во болниците во Романија. APER нуди техничка помош за спроведување на мерките за енергетска ефикасност преку: обучување на одговорните лица во општинските здравствени подрачни единици и нудење на помош во идентификувањето – промовирањето на предложените проекти за енергетска ефикасност. Предложен е пилот проектот “Energy savings – available sources for invest-

ments”.

Било постигнато меѓусебно разбирање, помеѓу Кина и четири земји од Источна Азија и азиско пацифичкиот регион, во три области за забрзување на употребата на обновлива енергија и соработката во областа на енергетската ефикасност. Согласноста била постигната на дводневната источно азиска конференција на асоцијацијата за обновлива енергија и енергетска ефикасност (REEEP), одржана во Beijing. Трите заеднички договори постигнати меѓу Кина, Австралија, Јужна Кореа, Монголија и Јапонија се однесуваат на енергетската политика, енергетско – технолошките стандарди и финансискиот систем за користење на обновлива енергија. Иницијативата REEEP првпат била претставена од Владата на Велика Британија, во соработка со неколку земји и организации од општествениот живот, на светскиот Самит за одржлив развој, кој се одржал минатата година во Јоханесбург, Јужна Африка. REEEP има цел да ја зајакне меѓународната соработка во поглед на забрзаното растење на побарувачката во областа на користење на обновлива енергија и примена на енергетската ефикасност.

Во соработка со Министерството за просторно планирање на Црна Гора, Алијансата за штедење на енергија (ASE), подготвува втор тренинг курс за намалување на загубите во водоводните системи, ефикасно управување на водата и употреба на опремата за откривање на дефектите во водоводните системи. На 25.08.2003 година, Владата на Молдавија ја усвоила програмата за енергетска ефикасност за периодот 2003-2010 година. Министерствата (Министерство за Енергетика, Економија, Екологија, Градежништво и територијален развој) и други агенции од областа на економијата (Национална агенција за конзервација на енергијата, Енергетскиот Институт при Академијата на науките), заеднички ја разработиле оваа програма. Основната идеја на оваа програма е да се промовира енергетската ефикасност како елемент од примарно значење за државната политика. Главни извори за финансирање на оваа програма се Фондот за енергетска ефикасност, приватните инвестиции и странските кредити.

Корисни web-адреси http://www.eneffect.bg Energy Efficiency Center http://www.unece.org United Nations Economic Commission for Europe http://www.secinet.org Southeast European Cooperative Initiative http://www.energie-cites.org Promoting sustainable energy policy through local action

Манифестации

21-23 ОКТОМВРИ, 2003 ГОДИНА настан: SUSTAINABLE ENERGY EXPO 2003 – EXHIBITION & CONFERENCE локација: Олимпија, Лондон – Велика Британија 21-22 ОКТОМВРИ, 2003 настан: European Workshop "Electricity End-Use Efficiency in Buildings of Candidate Countries" локација: Ispra – Italy На работилницата ќе се претстават законодавните и незаконодавните мерки за крајната потрошувачка на енергијата и нејзиното ефикасно користење во градежнништвото. Дополнителни информации: Dr. Eng. Vincent Berrutto; European Commission Joint Research Centre; Institute for Environment and Sustainability; TP 450 I21020 Ispra (VA); Phone: +39-0332-78 9688; Fax: +39-0332-78 9992; email: vincent.berrutto@cec.eu.

28-31 ОКТОМВРИ, 2003 ГОДИНА настан: CIER 2003 локација: Хавана, Куба – Трета по ред меѓународна конференција за обновливи извори на енергија, штедење и обука во областа на енергетиката Дополнителни информации: Email: cier2003@ceter.ispjae.edu.cu

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте не’ на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3099216, факс 02 3061 013, e-mail: macef@ereb1.mf.ukim.edu.mk


ИНФОМАЦЕФ

Страна 4

16 ОКТОМВРИ, 2003 ГОДИНА настан: Waste Coal Mine Gas: Potential for Energy Generation локација: Corus Hotel, 7-9 York St, Sydney Трет по ред SEDA семинар на оваа тема, што ветува големи заштеди на стакленичките гасови. На семинарот ќе се разговара за современите технологии, примената на проектите и изворите на финансирање. Дополнителни информации: seminars@seda.nsw.gov.au http://www.seda.nsw.gov.au/events02.asp 30 ОКТОМВРИ, 2003 ГОДИНА настан: Demystifying Community Consultation for the Renewable Energy Sector локација: SEDA Seminar Room, Level 6, 45 Clarence Street Семинарот ќе се состои од теми, околу консултациите и соработката, од областа на обновливите извори на енергија и инфраструктурата на проектите. Овој семинар е погоден за учество на проект менаџери, лица одговорни околу комуникациските врски и мултидисциплинарните тим лидери. Дополнителни информации: seminars@seda.nsw.gov.au http://www.seda.nsw.gov.au/events02.asp

09 ОКТОМВРИ, 2003 ГОДИНА настан: National Smart Growth Conference: State of the States локација: Burlington, Vermont Дополнителни информации: http://www.vtsprawl.org/News/newsletter/Newsletter27.htm#Upcoming_Events

13-14 ОКТОМВРИ, 2003 ГОДИНА настан: Возила на природен гас во Југоисточна Европа Предизвик и можност за сителокација: Сараево, Босна и Херцеговина Главните цели од оваа регионална конференција се: претставување на идеите за соработка на ова поле во регионот на југоисточна Европа создавање на регионална соработка со заедничко планирање на локациите на гасните станици барање можности за соработка на полето на промовирање, маркетинг, едукација, законодавство и техничко управување претставување на студијата за возила на природен гас и подготовка за примена на резултатите во Сараево Заедно со овој настан, ќе се одржи и округла маса на менаџерите на претпријатијата за производство на природен гас од регионот на тема “ Нови меѓуконтинентални коридори за транспорт на природниот гас – одредување на интереси и стратегии”. Во исто време ќе се организира и локален настан од областа на природниот гас “Денови на природниот гас во Сараево”. Дополнителни информации: http://www.igt.com.ba/main_s_eng.htm 29-30 ОКТОМВРИ, 2003 ГОДИНА настан: TECHNICAL CONFERENCE ON THE EU EMISSIONS TRADING DIRECTIVE локација: Минхен, Германија Дополнителни информации: http://www.netinform.de/ke/startE.asp?Ziel=http://www.netinform.de/K E/aktuell_listing_detailE.aspx?ID=%20281

12-15 ОКТОМВРИ, 2003 ГОДИНА настан: Greening of Industry Network Conference локација: San Francisco, California Единаесетта по ред меѓународна конференција на која ќе учествуваат стручни лица од повеќе сектори, дисциплини и држави Дополнителни информации: http://www.greeningofindustry.org/go2003/

26-27 НОЕМВРИ, 2003 ГОДИНА настан: European Conference on Local Energy Action локација: Брисел, Белгија Едногодишна конференција која оваа година ќе се фокусира на последните политички прашања и новите енергетски програми, директиви и други акции иницирани од Европската комисија. Дополнителни информации: http://www.managenergy.net/conference/register2003.html

15-18 ОКТОМВРИ, 2003 ГОДИНА настан: Building Solutions 2003 локација: Chicago, Illinois Конференција на која ќе се претставуваат најдобрите и реални решенија во индустријата преку демонстарциони проекти. Дополнителни информации: http://www.eeba.org/conference/default.htm

25-29 МАЈ, 2004 ГОДИНА настан: "International Conference on Water Observation and Information System for Decision Support" локација: Охрид Дополнителни информации: BALWOIS Project c/o IRD, AGROPOLIS - BP 64501 - 34394 – Montpellier – France;Tél. +33 4 67 63 64 20 / Fax +33 4 67 41 21 33 ; Email : secretariat@balwois.net Web adresa: http://www.balwois.net Г-ѓа О. Тодоровиќ, Републички Хидрометеоролош-ки завод, Скопје, Е-маил; olivija@meteo.gov.mk

20-21 ОКТОМВРИ, 2003 ГОДИНА настан: Green Space Design 2003 National Conference локација: St. Louis, Missouri Дополнителни информации: http://www.greenspacedesign.org/home.html

Учесниците кои имаат припремено реферати, можат да добијат финансиска подршка за учеството

Уредник: Проф. Д-р К. Димитров Центар за енергетска ефикасност на Македонија Тех. Секретар. Л. Хаџиевска, дипл.ел.инж. Н. Парапунов 3а/52 1000 Скопје Тел. 02 3099 216, факс: 02 3061 013 e-mail: macef@ereb1.mf.ukim.edu.mk

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте не’ на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3099216, факс 02 3061 013, e-mail: macef@ereb1.mf.ukim.edu.mk

6 infomacef  
Advertisement