Page 1

Број 69

ЦЕНТАР ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ НА МАКЕДОНИЈА

декември 2008

МАЦЕФ промовира енергетска ефикасност и почиста животна средина Во овој број: Õ Од уредникот Õ Активности на МАЦЕФ Õ МОМЕЕ Õ Новости од Македонија Õ Новости од светот Õ Корисни web-адреси Õ Манифестации

OД УРЕДНИКОТ Почитувани колешки и колеги, членови и симпатизери на МАЦЕФ! Иако месец декември треба да биде исполнет со подготовки за прослава на „најлудата ноќ во годината“, во рамките на годишната програма на МАЦЕФ, ја организиравме по четврти пат неделата на енергетика Македонија 2008. Во оваа пригода, организацијата ја реализиравме во соработка со Истражувачкиот Центар за енергетика, информатика и екологија при МАНУ и Агенцијата за енергетика на Македонија. Недела на енергетика – Македонија 2008. Работилница на Изработка на проекти за МЧР. Термовизиска контрола на 2 училишта. Сакаме страниците на овој Информатор да ги збогатиме со Вашите ставови за различни теми поврзани со енергетиката, екологијата, економијата (како нераскинлива верига) како и информации за поединечни активности и нови производи на нашиот пазар кои сакаме да ги промовираме на нашите страници. Веруваме дека за техничката јавност ќе биде од голема корист ако со куса информација ги известиме за приложени/објавени реферати. На тој начин се остварува и дополнителна промоција на авторите но и за читателите, да ги побараат тие материјали и да ги прочитаат. Посебно ќе се радуваме да ги презентираме успесите на нашите компании и поединци, евентуално и кусите рекламни пораки. Со задоволство Ве информираме дека веќе полека добиваме вистински информации од оваа област, со која јавноста се информира за достигнувањата во областа на енергетиката. Поздрав од редакцијата,

Активности на МАЦЕФ

НЕДЕЛА НА ЕНЕРГЕТИКА – МАКЕДОНИЈА 2008 Во овој број Ви ги претставуваме сите активности кои се реализираа во рамки на манифестацијата Недела на енергетика 2008 што се одржа од 11- 17 декември 2008 во Скопје. Манифестацијата, по втор пат е официјален партнер на програмата Одржлива енергија Европа на Генералниот директорат за енергија и транспорт на ЕУ. ПРВ ДЕН - Предавања за енергетика на Универзитет Американ колеџ, Скопје Со предавања од областа на енергетиката на 11 декември започна Неделата на енерегетика во Универзитетот Американскиот колеџ - Скопје. Актуелните теми „трговија со сертификати за смалена емисија на јаглероден двооксид” и енергетската состојба во Македонија ги заинтересираа повеќе од 100 студенти на колеџот меѓу кои и студенти на економски студии. Предавачи беа г. Александар Вејс од ЕВН Македонија и проф. д-р Константин Димитров од МАЦЕФ, кои на студентите им ги доближија законските прописи на Кјото протоколот и земјите потписнички на тој договор, како и начинот на кој тие можат да се вклучат во изработката на Проектите кои третираат механизми за чист развој, а за кои се добиваат сертификати со кои може да се тргува како и нивните цени на пазарот. Предавањата беа следени со особен интерес и со желба за повторување на истите во блиска иднина.

ВТОР ДЕН – Меѓународен форум, МАНУ (12 декември) „Енергетска ефикасност – регионална соработка“ беше работниот наслов на меѓународниот форум, во соорганизација на Македонската академија на науки и уметности, Агенцијата за енергетика на Република Македонија и МАЦЕФ, а под покровителство на Министерството за економија, Министерството за животна средина и просторно планирање и ЗЕЛС.

Проф. д-р Константин Димитров ЦЕНТАР ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ НА МАКЕДОНИЈА - МАЦЕФ

МАЦЕФ е доброволно научно здружение, кое што нуди услуги и стручни знаења од областа на енергетиката и заштита на животната средина во Република Македонија и пошироко. МАЦЕФ е член на меѓународната мрежа за енергетска ефикасност RENEUER (Regional Network on Efficient Use of Resources). МАЦЕФ е дел од мрежата managenergy формирана од страна на European commission DG Energy and Transport www.managenergy.net . МАЦЕФ e член на Асоцијацита на Консултантски организации. МАЦЕФ е член на БИСЕ Форумот, Motor Challenge Programme и официјален партнер на Sustainable Energy Europe 2005-2008

Академик Ј. ПопЈорданов ги поздравува учесниците „Настаните како денешниот, ја продлабочуваат соработката помеѓу релевантните организации во регионот и насочено изнаоѓаат решенија за помала зависност на растечките економии од фосилните горива, а со тоа и влијаат на ублажување на климатските промени. Македонија, иако мала земја уште еднаш

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте не на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52-1, 1000 Скопје, Тел. 02 3090 177 Факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk


ИНФОМАЦЕФ 69 Страна 2 потврдува дека има капацитет и стручност на едно место да собере високо признати луѓе во голем број и да учествува во креирање на енергетската иднина во регионот и пошироко.“ – рече Министерот за економија Д-р. Фатмир Бесими, во говорот при свеченото отворање на Форумот. •

Министерот за економија Д-р. Фатмир Бесими

На форумот беа презентирани реферати од Академик проф. д-р Глигор Каневче, МАНУ; г. Роберт Шарламанов од Автриската развојна агенција; м-р Љубомир Червилов од ЕНСИ, Норвешка; м-р Теодора Грнчарова-Обрадовиќ и г. Филип Иванов од Министерството за животна средина и просторно планирање; г. Дејан Зрмановски од Министерство за економија; г. Владимир Сарач од Агенција за енергетика на РМ; Д-р. Гинтер Офнер од ЕВН Австрија; г. Доминик Шмит од КАМКО Глобал; м-р Горан Чогеља од ПДАФ, проект на Светска Банка за Одржлива енергија; проф. д-р Пламен Граматиков од ЕНКОН Сервисис од САД и г-ѓа Родна Кондеска од ЈОУДГ „Орце Николов“- општина Карпош.

економски придобивки, намален увоз на енергенси, намалено загадување на животната средината во пресрет на Правилникот за енергетски карактеристики на градежни објекти (Енергетски сертификати за нови згради и оние кои се значително реновирани) стапува на сила од 2010 г. Итно да се развива мрежата за дистрибуција на природен гас заради негова поголема примена, со што ќе се намали увозната зависност од електрична енергија.

„Сите индикатори укажуваат дека паралелно со позабрзаното јакнење на економската моќ со повисоки стапки на раст на БДП треба со усилени мерки да се подобрува економската ефикасност. На енергетската ефикасност треба да се гледа како на нов извор на енергија. Особено внимание треба да и се посвети на електричната енергија. Пазарната цена на електричната енергија ќе доведе до поефикасен електроенергетски систем и до нејзина поинтензивна замена со природен гас, со нафтени деривати и со обновливи извори на енергија. Со поголемо користење на когенеративни постројки на природен гас за производство на електрична и топлинска енергија, како со големи така и со средни и мали капацитети исто така ќе се подобри енергетската ефикасност.“ - заклучи Академик проф. д-р Глигор

Каневче во својата презентација насловена како „Споредбена анализа на енергетскиот сектор во Р. Македонија“.

г Коце Трајановски, претседател на ЗЕЛС и градоначалник на општина Гази Баба, на форумот, свечено им додели уверенија за успешно завршена Обука за прибирање на енергетски податоци за објекти реализирана од страна на МАЦЕФ во соработка со ENSI, на претставници од администрацијата на општините Кичево, Ресен, Кочани, Берово, Валандово, Гази Баба, Кисела Вода, Ѓорче Петров и град Скопје. ТРЕТ ДЕН – Енергетски ефикасен Инфо пулт за сите граѓани Оваа година во рамкте на Неделата на енергетика се направи напор за поблизок контакт со граѓаните преку „Отворениот ден за сите граѓани“. Стручни лица од МАЦЕФ и Агенцијата за енергетика на Република Македонија на поставениот информативен пулт во ТЦ Рамстор, на 14 декември, делеа промотивен информативен материјал со совети за ефикасно користење на енергијата и обновливите извори за возрасните, сликовницабоенка со образовна содржина за обновливи извори на енергија за најмалите, како и специјално приготвен календар со мали

Д-р Гинтер Офнер, член на Борд на директори ЕВН Австрија

Присутните, меѓукои голем број академици и експерти од МАНУ, универзитетите во Македонија, градоначалници, граѓанскиот сектор, консултантите, техничките лица, банкари, како и врвните лица од областа на гасификацијата, трговија со емисија на јаглерод и производството на електрична енергија, претставници на амбасадите и странските фирми заинтересирани за учество во енергетскиот сектор на Македонија по конкретна и насочена дискусија ги формираа следните заклучоци: • Регионална поддршка за намалување на растечката енергетската сиромаштија • Формирање на нови регионални енергетски пазари • Примената на енергетски ефикасните современи градежни материјали и обновливите извори на енергија е потценета. Вложените средства во нив се враќаат повеќекратно –

совети за секој од месеците во годината за да ги потсетуваат граѓаните за мерките за ЕЕ што можат да ги применат навреме. Настанот предизвика голем интерес кај граѓаните при што посочија дека информации од овој вид се мошне корисни за нив и ја истакнаа потребата од поширока активност на ова подрачје од субјектите кои се бават со оваа проблематика. ЧЕТВРТ ДЕН – Работилница за основи на енергија Во ЈУОДГ „Орце Николов“ Општина Карпош, на 16 декември се одржа работилница со деца на возраст од 5-6 години, а во рамки на соработката на градинката и МАЦЕФ во изведување на Пилот проектот – Креативни пристапи во процесот на еду-

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте не на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52-1, 1000 Скопје, тел. 02 3090 177, 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk


ИНФОМАЦЕФ 69 Страна 3 кација на деца од предучилишна возраст за енергија и животна средина. За оваа прилика воспитувачите и децата имаа подготвено двочасовна програма „Од борина до светилка“ како и практична демонстрација за производство на електрична енергија од ветер и вода со импровизирани ветерници и турбина на вода. Во работилницата учество земаа повеќе од 40-тина просветни работници од градинки од Македонија.

ПЕТТИ ДЕН – Извлекување учесници за натпревар во рамки на проектот на ЕВН Македонија Манифестацијата Недела на енергетика се заокружи на 17-ти декември, во основното училиште Кузман Јосифовски-Питу од општина Кисела Вода, каде што беше извршено извлекување на 15-те училишта, учесници во квизот, кој претставува дел од проектот „Рационално користење на електричната енергија“ на ЕВН Македонија.

Градење на локалните капацитети за развој на проекти за справување со климатските промени На 17 декември 2008 во Скопје се одржа првата работилница за новиот проект во рамките на Програмата за соработка меѓу Владите на Република Македонија и Кралството Норвешка, со тема „Градење на локалната експертиза при развивањето на проекти за справување со климатските промени“. На работилницата на која учествуваа и двајца претставници од МАЦЕФ, учесниците претставуваа концепт идеи за разработка на МЧР (Механизми за чист развој) и беа дадени упатства и насоки за започнување на изработка на еден таков проект. Целта е овие проект-идеи, во иднина, со помош на експертите од Норвешката компанија Norsk Energi да се разработат во комплетни МЧР проекти. Повеќе информации за овој проект можете да најдете на страната на Министерството за животна средина и просторно планирање.

Македонска Општинска Мрежа за Енергетска Ефикасност

Сегашни членови на МОМЕЕ се општините: Сарај, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Центар, Гази Баба, Валандово, Чаир, Кочани, Ресен, Берово, Аеродром, Гевгелија и Кичево. Во најскоро време очекуваме кон неа да се приклучат и работни организации и Институции кои се вклучени во програмите поврзани со енергетската ефикасност.

Годишна членарина:

24 000 денари

Новости од Македонија 18.12. Состанок на Евро клуб

Пред самото извлекување на квизот му претходеа предавања кои што ги извршија предавачи од МАЦЕФ. Извлекувањето за квизот беше во организација на здруженијата Конект и МАЦЕФ, а беа присутни и претставници од ЕВН – Македонија и училиштето - домаќин. Училиштата учесници на квизот, закажан за првата седмица од февруари 2008 се: ОУ „Славејко Арсов” с.Подмочани, ОУ „Абдил Фрашери” с.Боговиње, ОУ „Партение Зографски” општина Кисела Вода, ОУ „Александар Урдаревски” општина Чучер Сандево, ОУ „Гоце Делчев” Ресен, ОУ „ Кочо Рацин” с.Брвеница, ОУ „Даме Груев” Битола, ОУ „Денче Дејановски” Маврови Анови, ОУ „Дебрца” с. Белчишта, ОУ „Кирил Пејчиновиќ” с. Теарце, ОУ „Мирче Ацев” населба Ѓорче Петров, ОУ „Христијан Тодоровски Карпош” с.Ранковце, ОУ„Христијан Тодоровски Карпош” с.Драгоманце, „Димитар Влахов” Штип, ОУ „Кузман Јосифовски Питу” општина Кисела Вода, ОУ „Димитар МИладинов“ општина Центар. Термовизиска контрола Во рамките на соработката со општините, реализирана е дијагностичка контрола на две училишта со инфрацрвена камера. Овие испитувања се дел од проектот со кој општината Аеродром конкрира за средства преку ИПА фондовите за реконструкција на училиштата.

Во присуство на голем број стопанственици, дипломатскиот кор, медиумите и експерти се одржа годишниот состанок на Евро-клубот во кој се пренесуваат пораки и насоки за побрзо вклучување во ЕЗ. Презентации имаа амбасадорите на Холандија, САД и Европската делегација во РМ, со дополнителна плодна дискусија. Македонија ќе стимулира искористување на сончевата енергија Инсталации за сончеви колектори за домаќинствата ќе се стимулират наредната година од страна на владата, која најавува исплаќање на субвенции за таа намена. Се планира да се исплаќаат субвенции од 30 % од потребната сума за вградување на сончев колектор. Повеќе... Пропадна тендерот за Чебрен Владата го поништи тендерот за изградба на Чебрен и Галиште поради пропусти во тендерската процедура. Со вакво објаснување е доведена во прашање инвестиција од околу 700 милиони евра. Повеќе...

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте не на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52-1, 1000 Скопје, тел. 02 3090 177, 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk


ИНФОМАЦЕФ 69 Страна 4 Централното греење во Скопје Север поевтино за 15,8% Поевтинува централното греење за граѓаните кои се приклучени на мрежата на топлификацијата Скопје - Север. Намалувањето е за 15,8 проценти. Повеќе... Енергетиката - приоритет на Македонија и Бугарија Спогодбата во Владата на Република Македонија ја потпишаа македонскиот министер за економија Фатмир Бесими и бугарскиот министер за економија и енергетика Петар Димитров. Двајцата премиери најавија пуштање во употреба на далекуводот Дуброво - Црвена Могила и го оценија како важен елемент за развој на Коридорот 8, како и за поттикнување на инвестициите. Повеќе ... ЕЛЕМ распиша јавен повик за увоз на струја во 2009 година За обезбедување на целосна доверливост и сигурност на електроенергетскиот систем на Македонија, АД “Електрани на Македонија“ распиша јавен повик со претквалификација за набавка на електрична енергија за 2009 година, притоа запазувајќи ги принципите за транспарентност и недискриминторна политика кон лиценираните компании-трговци со електрична енергија. Повеќе... ЕЛЕМ инвестира 2,7 милиони евра за реконструкција на турбоагрегати АД „Електрани на Македонија“ (ЕЛЕМ) соопштува дека идната година ќе инвестира над 2,7 милиони евра сопствени средства за целосна реконструкција и модернизација на два турбоагрегати во својот производствен капацитет „Енергетика“, лоциран во скопската населба Железарница. Повеќе... МЕПСО стана дел од новата Европска асоцијација на преносни-систем оператори ENTCO-E Македонскиот електропреносен систем оператор МЕПСО е полноправен член на новоформираната Европска асоцијација на преносни систем оператори ENTCO-E (European network of transmission Sistem Operators for Electricits). Асоцијацијата е единствена на ниво на Европа и ги заменува сите досегашни асоцијации на преносни систем оператори кои управуваат со државни или национални електро-енергетски системи. Повеќе...

Бавните движења на водната струја во океанот и во речните протоци можат да бидат нов, обновлив и достапен извор на енергија. Универзитетот за инженерство во Мичиген конструира машина која функционира како и движењето на риба, ги свртува потенцијалните деструктивни водни струи во океанот и ги претвора во чиста обновлива енергија. Повеќе

РЕГИОНАЛНА МРЕЖА ЗА ЕФИКАСНО КОРИСТЕЊЕ НА ЕНЕРГИЈАТА И ВОДАТА RENEUER (www.reneuer.com)

RENEUER е формирана по иницијатива на претставници на владите, невладините организации и претпријатијата од 8 земји и тоа Албанија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Србија и Црна Гора, Македонија, Молдавија, Романија и Хрватска. Основната задача на оваа мрежа е да се ангажира за решавање на проблемите за ефикасна употреба на енергијата и водата во земјите од Југоисточна Европа. RENEUER ги дефинира основните определби во областа на ефикасното користење на енергијата и водата преку анализа на проблемите со кои се среќаваат земјите од Југоисточна Европа и можностите за нивно решавање.

Корисни web-адреси Посетете го единственото енергетско катче за деца на ЕУ адаптирано од МАЦЕФ на македонски јазик -

www.managenergy.net/kidscorner

www.energetika.com.mk – единствен портал за енергетика во Македонија www.nvosorabotka.gs.gov.mk www.pep.org.mk www.sustenergy.org/ www.erc.org.mk www.motorchallenge.org/ www.rec.org www.energy.eu – Енергетски портал на ЕУ www.ase.org/ http://encon.com www.euractiv.com/ www.display-campaign.org/ www.energie-cites.org/ www.reeep.org www.kids.evn.com.mk www.eneffect.bg www.europesustainableenergy.com www.kids.evn.com.mk www.moepp.gov.mk http://ec.europa.eu/energy/index_en.html www.ri.com.mk

Манифестации

CEP® CLEAN ENERGY POWER 29 – 31 јануари 2009, Штутгарт Размена на знаење и информации меѓу екпертите Експерти од целиот свет се состануваат за да разменат нови знаења, искуства од практичните истражувања, и да понудат решенија и совети здобиени преку истражувањата се со цел оваа заење што побрзо да се прелее во конкретни чекори. Повеќе…

Новости од светот

Спогодба за обновлививата енергија „поблиску” и покрај противењето на Франција Земјите од ЕУ и Европскиот парламент се „извонредно блиску” до компромис за усвојување на законот за поголема употреба на обновливите извори на енергија, но француското претседателство со ЕУ ги закочува преговорите. Според условите законот предвидува одбранбен механизам на транспортниот сектор во ЕУ и клаузула за 2014 година. Повеќе Европскиот економски план за помош се базира врз енергетската ефикасност Европската комисија предложи голем Европски економски пакет за опоравување што ќе даде нова слика за енергетската ефикасност и зелените производи. Тој ќе овозможи и знатна финансиска помош на автомобилската индустрија преку иницијативата за користење на новите „зелени автомобили“. Повеќе Експертите работат на создавање на Нов Интернационален стандард за Енергетскиот Менаџмент Експертите за енергија и обновливи извори на Институтот за Технологија од Џорџија имаат водечка улога во придонесот на САД при изработка на интернационален стандард за енергетски менаџмент ширум светот. Повеќе Европа ќе ги исфрли/исклучи од употреба на традиционалните светилки до 2012 година Европските преставници на нациите гласаа за исфрлање од употреба на светилките со вжарено влакно и неефикасните халогенски светилки од 2009 до 2012 година со цел да се намали емисијата на стакленичките гасови и да се подобри енергетската сигурност. Повеќе Путин: Се ближи крајот на ерата на ефтин гас „Трошоците неопходни за развој на оваа област драстично се зголемија, што значи дека и покрај актуелните проблеми во финансиската сфера, ерата на евтини енергетски извор, на ефтиниот гас, се ближи кон својот крај“, изјавува Путин во обраќањето на средба на земјите-извознички на гас во Москва. Повеќе Нов „подвижен” систем за црпење на Обновливата енергија од слабите водни протоци

Под закрила на кампањата Одржлива Енергија Европа Sustainable Energy Europe (SEE), Европскиот Комесаријат за енергија и транспорт, Европските институции и големите европски чинители коишто работат во доменот на одржливата енергија ќе се сретнат меѓусебе на веќе третото издание на манифестацијата ЕУ Недела на одржлива енергија Европа 2009. Овој собир ќе се одржи во Брисел, Белгија, но и во други градови низ Европа во периодот меѓу 9-1 февруари 2009 година, иако многу од активностите поврзани со овој настан се одржуваат непосредно пред и после наведените датуми. На овој настан ќе се разгледуваат напредокот, досегашните успеси и достигнувања, размисли и идни проекти и идеи од областите на зградарството, енергетската ефикасност, локален развој, јавната енергетска политика, обновливи извори на енергија, транспорт и други области кои се тесно поврзани со потрошувачката на енергија во Европа. Повеќе... Производство на електрична енергија од сонце 23-24 февруари 2009, Барцелона, Шпанија Дводневна конференција кој на едно место ќе ги собере водечките играчи во CSP/STEG и CPV, а ќе одговори на клучните прашања за развој на големи проекти за искористување на сончевата енергија. Повеќе... European Pellet Conference 2009 , Светски денови на одржлива енергија, 25-26 февруари 2009, Велс, Австрија Со повеќе од 600 учесници секоја година, the European Pellet Conferences & Fora стана една од најголемите конференции од овој тип в светот. Главни теми на конференцијата ке бидат технолошките пронајдоци и нови трендови, промоција и маркетинг, пазари во Европа и во светот., продукти и сервисирање, програми и финансирање. Повеќе... инфраструктура; Прашања поврзани со животната средина; Последици од непревземањето мерки Повеќе...

Редакција: Центар за енергетска ефикасност на Македонија Главен уредник: проф. д-р Константин Димитров Редактори: м-р Македонка Димитрова - заменик гл. уредник, Игор Петрушевски дипл. маш. инж., Жарко Илиевски дипл. маш. инж., Даниела Димовска

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте не на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52-1, 1000 Скопје, тел. 02 3090 177, 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk

69 infomacef  
Advertisement