Page 1

Број 68

ЦЕНТАР ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ НА МАКЕДОНИЈА

ноември 2008

МАЦЕФ МАЦЕФ промовира енергетска ефикасност и почиста животна средина Во овој број: Õ Од уредникот Õ Активности на МАЦЕФ Õ МОМЕЕ Õ Новости од светот Õ Корисни web-адреси Õ Манифестации

OД УРЕДНИКОТ Почитувани колешки и колеги, членови и симпатизери на МАЦЕФ! Месец ноември беше исполнет со активности поврзани со изработката на Стратегијата за енергетскиот развој на Македонија до 2020 година и со претставување на јавноста на првичните заклучоци. Претставувањето на Развојната банка на Австрија (Development Bank of Austria), во моменти на финансиска криза од светски размери, претставува многу добар знак дека добрите проекти во сферата на енергетиката и инфраструктурата секогаш ќе најдат финансиска поддршка. Од посебна важност е специфичниот интерес на оваа делумно политичка банка (Формирана од страна на Министерството за финансии на Австрија, но со учество на приватен капитал) за нашиот регион. Ние интензивно работиме на подготовката на веќе традиционалната манифестација НЕДЕЛА НА ЕНЕРГЕТИКАТА 2008. Оваа година предвидени се и дополнителни манифестации, но сепак ударна тема е Енергетскиот Форум (12.12.) со присуство на еминентни, добро информирани претставници од различни институции. Подготовки за Недела на енергетика – Македонија 2008 Работилница на Австриска развојна банка Проект на град Скопје за смалување на трошоци за енергија. Ги очекуваме Вашите ставови за различни теми поврзани со енергетиката, екологијата, економијата (како нераскинлива верига) како и информации за поедини активности и нови производи на нашиот пазар кои сакаме да ги промовираме на нашите страници. Посебно ќе се радуваме да ги презентираме успесите на нашите компании и поединци, евентуално и кусите рекламни пораки. Со задоволство Ве информираме дека веќе полека добиваме вистински информации од оваа област, со која јавноста се информира за достигнувањата во областа на енергетиката. Поздрав од редакцијата,

Проф. д-р Константин Димитров ЦЕНТАР ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ НА МАКЕДОНИЈА - МАЦЕФ

МАЦЕФ е доброволно научно здружение, кое што нуди услуги и стручни знаења од областа на енергетиката и заштита на животната средина во Република Македонија и пошироко. МАЦЕФ е член на меѓународната мрежа за енергетска ефикасност RENEUER (Regional Network on Efficient Use of Resources).

МАЦЕФ е дел од мрежата managenergy формирана од страна на European commission DG Energy and Transport www.managenergy.net . МАЦЕФ e член на Асоцијацијата на Консултантски организации. МАЦЕФ е член на БИСЕ Форумот, Motor Challenge Programme и официјален партнер на Sustainable Energy Europe 2005-2008

Активности на МАЦЕФ Работилница – Нови можности за финансирање на инфраструктурни и енергетски проекти Австриската развојна банка, на 6-ти минатиот месец, ја промовираше својата развојна и инвестициона програма во просториите на хотелот Континентал. Во присуство на високи претставници од производствениот, градежниот и банкарскиот сектор, беа презентирани можностите за финансирање на проектите од инфраструктурен и енергетски карактер на пазарот во Македонија. Идеите врз кои се засноваат новите начини на финансирање ги презентираше г. Оливер Валтер, шеф на развојниот оддел на ОеЕБ, кој истакна дека ОеЕБ е насочена кон пазари кои нудат предизвици особено оние во земјите во развој, а на приоритетната листа е Македонија. Тој напомена дека ОеЕБ нуди финансиски решенија по мерка на клиентелата за разновидни средно/долгорочни инвестиции кои обично не се расположливи на овие пазари или воопшто не се нудат од страна на овдешните комерцијалните банки.

Низ серија насочени екпертски дискусии, и работа во групи настанот понуди многу практични и длабински информации за успешно развивање и финансирање на проекти во Република Македонија, како и листа на препреки со кои се соочуваат стопанствениците во фаза на инвестирање и обезбедување на инвестиции. Настанот го организираа АЛПЛАН од Австрија и МАЦЕФ – Центар за енергетска ефикасност на Македонија. За потребите на банката, МАЦЕФ изработи листа на приоритетни проекти интересни за финансирање од страна на Банката.

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте не на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52-1, 1000 Скопје, Тел. 02 3090 177 Факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk


ИНФОМАЦЕФ 68 Страна 2 Подготовка за натпревари - Школски сервис на EVN Македонија Обуката во планираните училишта се одвива според планираното, МАЦЕФ ги посети училиштата во општините Липково, Сандево, Брвеница, Страхојадица, Зелениково, Драгоманце и с. Ракотинци. Актуелниот штрајк оневозможи и реализација на наставата во 3 училишта во Желино, Јегуновце и Кисела Вода, но веќе е изготвен план за реализација на планираните посети во месец декември.

Овој месец, исто така, се одржа состанок на реализаторите на обуката и тоа Конект - Скопје, Жетва на знаење - Прилеп, Планетум – Струмица, Младински совет – Охрид и МАЦЕФ. На состанокот беа споделени искуствата од досегашната реализација и начини како да се унапредат предавањата за подобри резултати. Групата се подготвува за реализација на натпревар и ликовна колонија за училиштата кои беа опфатени во првото полугодие, а извлекувањето на 15 –те училишта учесници ќе се одржи во ОУ Кузман Јосифовски – Питу од Кисела Вода. Во тек е и конкурсот за литературни и ликовни творби, коишто по оценувањето од страна на угледна комисија на почетокот на декември, ќе бидат наградени во рамки на натпреварот. Квизот, засега се планира да се одржи на 17-ти декември во ОУ „Димитар Миладинов“ од Скопје. Во прилогот погоре е поставен дел од еден од постерите коишто се користат во наставната програма, а комплет постери остануваат во секое одделение кое учествува во програмата. Магистерски труд на Валентина Толиевска- Цветковска На 14.11, во просториите на Машинскиот факултет, г-ѓа Валентина Толиевска Цветковска, редовен член на МАЦЕФ, го одбрани својот магистерски труд со наслов

Оптимирање на систем за когенерација со биомаса како извор на енергија за оранжерии. И посакуваме и натамошни успеси на

работното место!

Намален буџет за енергија во Град Скопје_- Скопј€€ Сликањето со термовизиска камера, е само дел од процесот на реализација на енергетска контрола со којшто учесниците во проектот „Намален буџет на Град Скопје“ имаа можност да се запознаат. Обуката на терен подразбираше увид во градежната состојба на училишната зграда и системите за греење/ладење, како и поставување на мерни инструменти за следење на состојбите во и надвор од објектот. ЕТУЦ „Михајло Пупин“ беше домаќин на групата. Исто така, во изминатиот месец доцент д-р Доне Ташевски од Машинскиот факултет-Скопје одржа насочени предавања за примена на обновливи извори на енергија и системи за греење и ладење, додека проф. д-р Тодорка Самарџиоска од Градежниот факултет реализираше предавање за енергетски ефикасни градежни материјали. Практичните предавања беа надополнети со презентации за примена и карактеристики на геотермалните пумпи од ФОНКО Група и последни трендови за улично осветление од ВИНТ – претставник на брендот PHILIPS за Македонија.

Проект за "Градење на локалните капацитети за развој на проекти за климатските промени" На 18 ноември 2008 во Скопје се одржа воведниот семинар за новиот проект во рамките на Програмата за соработка меѓу Владите на Република Македонија и Кралството Норвешка, насловен како „Градење на локалната експертиза во развивањето на проекти за климатски промени“. Проектот ќе се спроведува во 3 фази. Во тек на една година Програмата ќе опфати тренинзи за македонската индустрија, консултанти и други релевантни институции. Учесниците во програмата ќе добијат поддршка во подготовка на потребната документација согласно механизмот за чист развој за нивните проектни идеи, како и поддршка за промоција на нивните проекти кон потенцијалните купувачи на јаглеродни кредити. На настанот учествуваа и двајца претставници од МАЦЕФ. Министерството за животна средина и просторно планирање е корисник на проектот, а го реализира норвешката компанија Norsk Energi. Повеќе информации за овој проект можете да најдете на страната на Министерството за животна средина и просторно планирање.

Македонска Општинска Мрежа за Енергетска Ефикасност

Сегашни членови на МОМЕЕ се општините: Сарај, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Центар, Гази Баба, Валандово, Чаир, Кочани, Ресен, Берово, Аеродром, Гевгелија и Кичево. Во најскоро време очекуваме кон неа да се приклучат и работни организации и Институции кои се вклучени во програмите поврзани со енергетската ефикасност.

Годишна членарина:

24 000 денари

Трета фаза од компонентата „Реновирање на училиштата“ на ПЕП на УСАИД Третата фаза за реновирање на ПЕП ќе опфати 36 училишта од 36 општини. Процесот на избор на училишта е направен врз основа на критериумите за селекција развиени од страна на УСАИД/ПЕП. Изборот е направен од страна на експерти од областа на образовнието и градежништвото меѓу кои има и претставник од МАЦЕФ. Ова се само неколку од избраните училишта, остатокот може да се види од www.pep.org.mk: Гоце Делчев – Аеродром, Св. Кирил и Методиј – Битола, Кирил и Методиј - Богданци, Сабедин Бајрами - Боговиње, Лиман Каба - Бутел, Гоце Делчев - Центар, Моша Пијаде - Центар Жупа, Александар Урдарески Чучер Сандево, Саид Најдени Дибер - Дебар, Гоце Делчев Демир Хисар, Димче А. Габерот - Демир Капија, Кочо Рацин Дојран и Ристо Шуклев - Гевгелија. Процесот на реновирање ќе започне во декември 2008 и ќе трае до септември 2009. Селекцијата на најдобро квалификуван изведувач за секој проект ќе биде спроведена преку јавен повик каде што понудувачите ќе имаат можност да присуствуваат за време на отворањето на понудите. До крајот на овој проект, во 2011 година, вкупната бројка на училишта кои ќе бидат реновирани ќе порасне на 100.

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте не на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52-1, 1000 Скопје, тел. 02 3090 177, 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk


ИНФОМАЦЕФ 68 Страна 3 Новости од Македонија Претставување на првични резултати од Енергетската стратегија – МАНУ На 7 ноември, во просториите на МАНУ, се оствари претставување на првичните резултати од изработката на стратегијата за енергетскиот развој на Македонија до 2020 година. Во присуство на голем број академици, професори и стручни лица од стопанството, академик Глигор Каневче ги спореди состојбите во Македонија со тие кои се во соседните замји, укажувајќи на знатното заостанување кај нас. Импресивна презентација за изградба на можни капацитети за производство на електрична енергија имаше и академик Томе Бошевски. Во обемната дискусија која следеше по презентациите, беа поставени поголем број прашања како и дилеми за можните патишта на разрешување на недостигот на енергија. Годишно собрание на Европската Бизнис Асоцијација На 25.11. се одржа годишно собрание на Европската деловна асоцијација, под раководство на претседателот д-р Гинтер Офнер. Воведно излагање имаше Министерот за економија г-дин Фатмир Бесими, после кое беа поставени бројни прашања поврзани со секторот на енергетиката и мерките кои Министерството зе економија има намера да ги превземе за заштита на македонската економија предизвикани од светската финансиска криза.

енергетика ќе го опфаќа периодот од 2008 до 2030 година. Според академик Глигор Каневче, конечната стратегија ќе биде објавена во почетокот на следната година. Извор Во Прилеп ќе прават ветерници Технологија за добивање на обновлива енергија од ветер и сонце ќе се реализира во Прилеп. Израелската компанија ЕИГ ќе инвестира 12 милиони евра во проектот вреден 15 милиони евра, заедно со прилепски „Металец“ и ЦМЦ од Целје, Словенија. Извор МЕПСО монтира нов енергетски трансформатор МЕПСО започна со монтажата на новиот енергетски форматор во трафостаницата Скопје 1/5, кој врши формација од 400 на 110 киловолтно напонско ниво и на електричната енергија меѓу двете напонски нивоа.

транстранспренос Извор

Промовирана книга за заштеда на енергија Штедењето енергија треба да биде стратегиска цел за што е потребна општа свест. Ова беше речено на промоцијата на книгата „Енергија - Како да се заштеди?“ од професор Ристо Цицонков од Машинскиот факултет. Извор Нуклеарка во Македонија по 2025-та? Стручен тим во МАНУ ја разгледува опцијата за изградба на нуклеарна централа во Македонија. Земјата ќе увезува дури 80 отсто од потребите за електрична енергија, по цени три пати повисоки од ел. енергија произведена дома. Многу брзо ќе станеме и 100 отсто зависни од увоз, предупредуваат експертите. Во вакви околности изградба на сопствена нуклеарна централа се чини како најповолна варијанта за излегување од енергетскиот и економски колапс што ни се заканува. Повеќе Пад на профитот на Топлификација за 93% Топлификација во првите девет месеци годинава бележи голем пад на профитот од 93% во однос на истиот период во минатата година. “Намалувањето на добивката е поради проблемите што ги имавме со Уставниот суд, кој ја поништи одлуката за поскапување на парното за 13%“. Повеќе

На ова собрание присуствуваа голем број стопанственици и амбасадори од поголем број земји. Почнува да се опремува новата централа „ТЕ-ТО“ Македонија за две години ќе добие нов, значаен капацитет за производство на енергија. Започнува опремувањето на комбинираната централа „ТЕ-ТО“, заедничката инвестиција на руската компанија „Синтез груп“, која учествува со 80 отсто, и на скопска „Топлификација АД“, со 20-процентно учество во инвестицијата, вредна околу 150 милиони евра. Повеќе Работна група за изработка на правилници за дистрибуција на природен гас Во Министерството за економија продолжува интензивната работа на групата за изработка на правилници со кои ќе се опфати секторот за транспорт и дистрибуција на природен гас. Во енергетиката се потребни инвестиции од три милијарди евра Во македонскиот електроенергетски систем се потребни инвестиции од над три милијарди евра, тврдат подготвувачите на новата државна стратегија за енергетика од Македонската академија на науките и уметностите. Стратегијата за

Гасификацијата закочена?! Три домашно-странски конзорциуми до Министерството за транспорт и врски доставија понуди за изработка на физибилити-студија за гасоводен систем во земјава. Јавно беа отворени понудите на „Ramboll“ од Данска, „Gazoproekt“ од Полска и „Простор“ ДОО од Куманово; потоа вториот конзорциум составен од „Gastek“ БГ од Бугарија, „Petrol“ од Словенија и „Енергосистем“ од Скопје и третиот конзорциум составен од HPK Harres Pickel Consalt AG - Германија, со HPK Бугарија EOOD од Бугарија и „МАК-2000“ АД од Скопје. Најповолниот понудувач се очекува да биде избран наскоро. Извор ОКТА ќе плати глоба околу 20.000 евра! Оваа казна е симболична за Окта, која е една од стоте енергетски компании со најголеми приходи во Југоисточна Европа. ОКТА ќе заработи прекршочна пријава за загадување. Анализата на инспекторатот за животна средина покажа дека рафинеријата загадува далеку над дозволените граници. Недозволиви количини на штетни гасови биле најдени и во воздухот и во водата. Испитувани биле мостри од Сува Река која минува низ селата Бујковци и Миладоновци, а за чија што необична бела боја и неподнослива миризба бурно реагираа локалните жители. Извор

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте не на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52-1, 1000 Скопје, тел. 02 3090 177, 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk


ИНФОМАЦЕФ 68 Страна 4 Новости од светот „Гаспром“ ја намалува цената на гасот

Руската гасна компанија „Гаспром“ има намера во првиот квартал од 2009 година да продава гас во Европа за поефтина цена отколку што досега беше најавувано. За илјада кубици „сино гориво“, во првите четири месеци од идната година Европа ќе плаќа од 350 до 400 долари. Сега европските земји го плаќаат гасот од 460 до 520 долари за илјада кубици. Извор Цената на нафтата падна на 60 долари Суровата нафта падна на Берзата во Њујорк, со што поевтини близу 18-месечниот минимум од 60 долари за барел откако се намали оптимизмот дека обемниот кинески финансиски план ќе го спречи забавувањето на стопанскиот раст во светот. Извор

РЕГИОНАЛНА МРЕЖА ЗА ЕФИКАСНО КОРИСТЕЊЕ НА ЕНЕРГИЈАТА И ВОДАТА RENEUER (www.reneuer.com)

RENEUER е формирана по иницијатива на претставници на владите, невладините организации и претпријатијата од 8 земји и тоа Албанија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Србија и Црна Гора, Македонија, Молдавија, Романија и Хрватска. Основната задача на оваа мрежа е да се ангажира за решавање на проблемите за ефикасна употреба на енергијата и водата во земјите од Југоисточна Европа. RENEUER ги дефинира основните определби во областа на ефикасното користење на енергијата и водата преку анализа на проблемите со кои се среќаваат земјите од Југоисточна Европа и можностите за нивно решавање.

Корисни web-адреси Посетете го единственото енергетско катче за деца на ЕУ адаптирано од МАЦЕФ на македонски јазик -

www.managenergy.net/kidscorner www.energetika.com.mk – единствен портал за енергетика во Македонија www.pep.org.mk www.nvosorabotka.gs.gov.mk www.erc.org.mk www.sustenergy.org/ www.motorchallenge.org/ www.rec.org www.energy.eu – Енергетски портал на ЕУ www.ase.org/ http://greennet.i-generation.at/ www.euractiv.com/ www.energie-cites.org/ www.display-campaign.org/ www.kids.evn.com.mk www.reeep.org www.europesustainableenergy.com www.eneffect.bg www.moepp.gov.mk www.kids.evn.com.mk www.ri.com.mk http://ec.europa.eu/energy/index_en.html

Манифестации

ЗАБЕЛЕЖЕТЕ СИ ВО КАЛЕНДАРИТЕ! НЕДЕЛА НА ЕНЕРГЕТИКА – МАКЕДОНИЈА 2008 11- 17 декември 2008

Во организација на МАНУ - ИЦЕИМ, Агенција за енергетика на РМ и МАЦЕФ ќе се реализираат 5-те по ред денови на енергетика во сплет на настани со кои ќе понудат содржини за сите заинтересирани за енергетската проблематика во Македонија. Програма ПРВ ДЕН - ПРЕДАВАЊА ЗА ЕЕ НА АМЕРИКАН КОЛЕЏ, СКОПЈЕ

Четврток, 11 декември, 10:00 – 12:00

ВТОР ДЕН - МЕЃУНАРОДЕН ФОРУМ - ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ - РЕГИОНАЛНА СОРАБОТКА

Петок, 12 декември, 09:30 – 14:00, МАНУ, Сала за конференции - Види детална програма на www.macef.org.mk

ТРЕТ ДЕН - ЕНЕРГЕТСКИ ЕФИКАСЕН ИНФО ПУЛТ – ЕЕ ЗА СИТЕ ГРАЃАНИ

Недела, 14 декември 2008, 11 – 17 часот, Градски плоштад Македонија

ЧЕТВРТ ДЕН - ПРЕДАВАЊА ЗА ПРАКТИЧНИ ПРИСТАПИ ВО ОБРАЗОВАНИЕТО ЗА ЕНЕРГИЈА И ЖИВОТНА СРЕДИНА ЗА ВОСПИТУВАЧИ

Вторник, 16 декември 2008, 10.30 – 12.30, ЈУОДГ „Орце Николов“ – Општина Карпош

ПЕТТИ ДЕН - НАТПРЕВАР ЗА УЧЕНИЦИ ОД 3. И 4. ОДДЕЛЕНИЕ ОД ОСНОВНИТЕ УЧИЛИШТА ВО МАКЕДОНИЈА Среда, 17 декември 2008, 10.30 – 14.00, ОУ Димитар Миладинов

CEP® CLEAN ENERGY POWER 29 – 31 јануари 2009, Штутгарт Размена на знаење и информации меѓу екпертите Експерти од целиот свет се состануваат за да разменат нови знаења, искуства од практичните истражувања, и да понудат решенија и совети здобиени преку истражувањата се со цел оваа знаење што побрзо да се прелее во конкретни чекори. Повеќе… Производство на електрична енергија од сонце 23-24 февруари 2009, Барцелона, Шпанија Дводневна конференција кој на едно место ќе ги собере водечките играчи во CSP/STEG и CPV, а ќе одговори на клучните прашања за развој на големи проекти за искористување на сончевата енергија. Повеќе European Pellet Conference 2009 Светски денови на одржлива енергија 25-26 февруари 2009, Велс, Австрија Со повеќе од 600 учесници секоја година, the European Pellet Conferences & Fora стана една од најголемите конференции од овој тип в светот. Главни теми на конференцијата ке бидат технолошките пронајдоци и нови трендови, промоција и маркетинг, пазари во Европа и во светот, продукти и сервисирање , стратегии , програми и финансирање. Повеќе Иднина на алтеранативен транспорт 5 - 6 март 2009, Лондон, Чатам Хаус Програмата ќе се фокусира на: - Интегрирање на одржлив транспорт во повеќе области од политиката - Прашања на капацитет и застој - Инвестирање во инфраструктура - Прашања поврзани со животната средина - Последици од непревземањето мерки Повеќе Се развива нова линија на сончеви загревачи на вода GE Consumer & Industrial објавија дека развиваат нова линија на сончеви загревачи на вода коишто се дизајнирани да одговорат на директивите за енергетска ефикасност. GE неодамна ја воведоа новата технологија на загревање на водата со развивање на двата производи за таа цел: загревање на вода со помош на без-резервоарен гас и хибриден електричен загревач на вода – со цел први да ги постигнат новите Повеќе воспоставени стандарди за енергетска ефикасност. ЕУ ги одредува понатамошните чекори за енергетска ефикасност Европската комисија ги објави законските предлози кои овозможуваат зголемени добивки од примената на енергетска ефикасност низ цела Европа. Предлозите претставуваат дел од сеопфатниот пакет на мерки за зголемена безбедност на енергетските залихи и за остварување на климатските цели на ЕУ. Повеќе Европските индустрии за обновлива енергија оптимистични во прогнозите за 2020 И покрај лошите економски прогнози за следните неколку години, производителите на фотоволтаични панели, ветерни турбини и другите чисти технологии планираат со своето производство да ја постигнат целта која значи 20%-но покривање на пазарот на производство на енергија до 2020. Повеќе Европскиот енергетски сектор „постојана еколошка закана“ И покрај подобрената ефикасност во производството на топлина и електрична енергија, енергетскиот сектор сеуште произведува дури 80% од стакленичките гасови во Европа, процент кој создава негативни влијанија врз климата. Ова е дел од резултатите добиени со новата студија на Европската агенција за енергетика. Повеќе Разликите во знаењето го влошуваат напредокот на енергетската ефикасност во зградарството Технологии за намалување на емисиите на стакленичките гасови веќе постојат, но разликите во знаењето и старите навики придонесуваат напредокот да оди со мали чекори, протестира Светскиот економски совет за одржлив развој (WBCSD) во својот нов извештај. WBCSD смета дека погрешните проценки на проектантите во однос на добивката и трошоците за градба и одржување се најголемата пречка за да новите згради до 2050 година ја постигнат целта со која нема да конзумираат Повеќе енергија од надворешни извори и нема да емитираат СО2 .

Редакција: Центар за енергетска ефикасност на Македонија Главен уредник: проф. д-р Константин Димитров Редактори: м-р Македонка Димитрова- заменик гл. уредник, Игор Петрушевски дипл. маш. инж., Жарко Илиевски дипл. маш. инж.

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте не на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52-1, 1000 Скопје, тел. 02 3090 177, 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk

68 infomacef  
68 infomacef  
Advertisement