Page 1

Број 67

ЦЕНТАР ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ НА МАКЕДОНИЈА

октомври 2008

МАЦЕФ МАЦЕФ промовира енергетска ефикасност и почиста животна средина Во овој број: Õ Од уредникот Õ Активности на МАЦЕФ Õ МОМЕЕ Õ Новости од светот Õ Корисни web-адреси Õ Манифестации

OД УРЕДНИКОТ Почитувани колешки и колеги, членови и симпатизери на МАЦЕФ! Октомври е месец исполнет со различни збиднувања, но енергетиката како проблем и финансиски и како недоволна количина за потребите на Македонија е редовна тема. И тоа не само по домовите. Се поставува едно основно, деликатно прашање – цената на топлинската енергија од топлификациските системи е превисока (што е факт), но на што да се “префрлиме“. Не е едноставно да се одговори и не постои едно единствено универзално решение. * Дрвото за огрев е сеуште најефтиното решение. * И штедењето на енергија во буквална смисла (загревање на една просторија, а не целиот стан) е брзо и едноставно решение. * За домовите кои немаат оџаци, а не се приклучени кон топлификација (или им е прескапо), купувањето на систем за климатизација со топлинска пумпа, кои можат да функционираат и при надворешни температури пониски од -5 о С, е оправдано и прифатливо решение, затоа што со потрошен (и платен) еден kWh електрична енергија, во домот се обезбедува топлина од 3 kWh. Тоа значи цената за греење се смалува за 3 пати во однос на примена на класични електрични греалки (или котли на електрична енергија), а се овозможува пуштање во погон по сопствена желба. МАНУ продолжува со интензивна работа на Стратегијата за енергетскиот развој на Македонија. UNEC EE21 (27.10) посета на делегација во Македонија Проект за намалување на буџет на Град Скопје ЗЕМАК (9-10.10) меѓународен симпозиум во Охрид Пуштена во погон нова фабрика за сончеви колектори Ги очекуваме Вашите ставови за различни теми поврзани со енергетиката, екологијата, економијата (како нераскинлива верига) како и информации за поедини активности и нови производи на нашиот пазар кои сакаме да ги промовираме на нашите страници. Со задоволство Ве информираме дека веќе полека добиваме вистински информации од оваа област, со која јавноста се информира за достигнувањата во областа на енергетиката. Поздрав од редакцијата,

ЦЕНТАР ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ НА МАКЕДОНИЈА - МАЦЕФ

МАЦЕФ е доброволно научно здружение, кое што нуди услуги и стручни знаења од областа на енергетиката и заштита на животната средина во Република Македонија и пошироко. МАЦЕФ е член на меѓународната мрежа за енергетска ефикасност RENEUER (Regional Network on Efficient Use of Resources). МАЦЕФ е дел од мрежата managenergy формирана од страна на European commission DG Energy and Transport www.managenergy.net . МАЦЕФ e член на Асоцијацита на Консултантски организации. МАЦЕФ е член на БИСЕ Форумот, Motor Challenge Programme и официјален партнер на Sustainable Energy Europe 2005-2008

Активности на МАЦЕФ

Намален буџет за енергија во Град Скопје_- Скопј€€ Во рамки на програмата на Град Скопје за соработка со невладиниот сектор за 2008, од септември до декември 2008 МАЦЕФ во соработка со своите експерти од повеќе области го спроведува проектот Намален буџет за енергија во Град Скопј€€. Целта на проектот е планирање и примена на мерки за енергетска ефикасност (ЕЕ) во Град Скопје, а со тоа и намалување на емисијата на штетни гасови преку специјализирана техничка обука на дел од градската администрација со подигање на свеста за еколошко-економските придобивки од ЕЕ во градските објекти и уличното осветение. Во обуката се вклучени 8 лица од 4 сектори на градската администрација и тоа: урбанизам, комунална дејност и сектор за сообраќај и сектор за образовни дејности. На слушателите им е доделен специјализиран софтвер за енергетски податоци во рамки на обуката, што воедно претставува

трансфер на know-how од норвешката консултантска куќа ЕНСИ. Базата на енергетски податоци за објекти и улично осветление во надлежност на Градот е прво и најважно скалило кон исполнување на обврската на Град Скопје за изготвување на Програма за унапредување на енергетска ефикасност и План за реализација на истата согласно Законот за енергетика. Предвидените активности имаат за цел да го намалат буџетот кој секоја година се одвојува за задоволување на потребите за енергија на објектите кои се сопственост на градот Скопје. Со намалената потрошувачката на енергија Град Скопје ќе отпочне со исполнување на ЕУ Директивите, согласно определбата на ЕУ и земјите кандидати за членство во ЕУ за 20% намалување на јаглеродните емисии до 2020, како и насоките на Конвенцијата на градоначалниците, усогласена со

Проф. д-р Константин Димитров

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте не на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52-1, 1000 Скопје, Тел. 02 3090 177 Факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk


ИНФОМАЦЕФ 67 Страна 2 мрежата на Energie Cites, македонски претставник.

во која градот Скопје е единствен

Правилник за повластен производител на енергија На 30 октомври во Министерството за економија, се одржа јавна стручна расправа за повластен производител на електрична енергија од обновливи извори на енерија. Овој правилник,

адресата: Здружение Конект, ул. Вељко Влаховиќ бр. 22а, 1000 Скопје, а најуспешните ги очекуваат интересни награди. Интерактивниот пристап со учениците и материјалите кои во вид на постери остануваат во училниците се одлична можност наставниците да ја продолжат едукацијата на учениците за разумно и внимателно користење на енергија.

Македонска Општинска Мрежа за Енергетска Ефикасност

Сегашни членови на МОМЕЕ се општините: Сарај, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Центар, Гази Баба, Валандово, Чаир, Кочани, Ресен, Берово, Аеродром, Гевгелија и Кичево. Во најскоро време очекуваме кон неа да се приклучат и работни организации и Институции кои се вклучени во програмите поврзани со енергетската ефикасност.

Годишна членарина:

подготвен од страна на Агенцијата за енергетика на РМ, производителите ќе им овозможи понатаму да се стекнат гаранции за потекло на ел. енергија од обновливи извори енергија или да добијат повластени тарифи. Правилникот оваа завршна фаза чека на ратификување од страна министерот за економија и понатамошните постапки влегување во законската регулатива.

на со на во на за

Обука за енергетски контролори Продолжува обуката за енергетски контролори со стручни

предавања од повеќе области меѓу кои: предавањето за видови на климатизација и потрошувачка на системите на проф. д-р Марко Серафимов, Архитектонско – урбанистички решенија при превземање на мерки за енергетска ефикасност во згради на проф. д-р Тамара Теофиловска – Бојаџиева и Обновливи извори на енергија на доцент д-р Доне Ташевски. Школски сервис на EVN Македонија со полна пареа Во септември и октомври месец беа посетени 3-те и 4-те одделенија во повеќе од 15 училишта од 10 општини, МАЦЕФ и Липа беа во училиштата во Врапчиште, с. Петровец, с.

24 000 денари

Новости од Македонија

Македонија итно треба да гради нови енергетски капацитети – Заклучок од ЗЕМАК Македонија треба итно да пристапи кон изградба на нови енергетски системи за да се избегнат поголеми последици од енергетската криза која е присутна во регионот. На симпозиумот што го организира Здружението на енергетичарите на Македонија – ЗЕМАК, свои ставови и видувања за актуелната состојба во енергетиката изнесоа еминентни експерти, стручни лица и директори на големи компании од областа на енергетиката. Повеќе... Зелени сертификати за 9 компании Клинички центар - Скопје, “Дермасо” - Скопје, ЈСП - Скопје, “Пвара”- Скопје, “Брако”- Велес, “Силмак”- Јегуновце, МЗТ “Хепос”- Скопје, “Бомекс рефрактори” - Пехчево и “Карпош“ се првите македонски компании кои добија сертификати и признанија за учество во проектот “Почисто производство 2008“, организирана под покровителство на УНИДО. Тие учествуваа во првиот циклус на Програмата за почисто производство, реализирана со помош на национални и меѓународни екерти во периодот од октомври минатата до септември оваа година. Главните придобивки од учеството во овој проект за овие сертифицирани фирми се обезбедување поевтино производство и почиста животна средина. За многу краток период се постигнати големи резултати, оцени Атанас Кочов, декан на Машинскиот факултет во Скопје, каде што е седиштето на Националниот центар за почисто производство. Повеќе... ММФ бара Владата финансиски да ја пресретне енергетската криза За да ги пресретне евентуалните фискални ризици во 2007 година, Владата заедно со Светска банка мора да подготви сеопфатен акционен план за обновување на финансиската одржливост на енергетскиот сектор. Повеќе... Шпанска фирма ќе постави 50 ветерници во Штип Шпанската фирма „Инвал“ ќе инвестира 200 милиони евра за изградба на 50 ветерници со вкупна моќност од 150 мега вати во близина на Штип. Повеќе...

Количани, с. Илинден, с. Теарце, с. Ранковце, с. Боговиње и Маврови Анови. Проектот наидува на одличен интерес, а учениците дополнително се мотивираат со натпреварот кој следи во средината на декември 2008. Дотогаш учениците може да испраќаат и нивни ликовни и литературни творби на

Пет компании заинтерсирани за изградба на хидроцентралите „Злетовица“ Пет македонски компании доставиле понуди со кои влегуваат во изборот за најповолен понудувач за изградба на седум мали хидроцентрали на браната Кнежево која е главен хидротехнички објект од регионалниот хидросистем Злетовица. Седумте мали хидроцентрали ќе даваат секоја по 50 мил. кW/h ел. енергија годишно. Повеќе...

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте не на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52-1, 1000 Скопје, тел. 02 3090 177, 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk


ИНФОМАЦЕФ 67 Страна 3 Владата размислува за основање на домашна берза на струја Владата ќе одлучи дали треба да се формира сопствена берза или македонскиот енергетски пазар ќе биде дел од регионалната берза за електрична енергија. Повеќе... Ел. енергија се движи кон пазарните цени Малопродажната цена на струјата од први ноември и официјално поскапа за 13,61%, одлучи Регулаторната комисија за енергетика. Согласно новата цена 1 кW/h ќе изнесува 3,4436 денари, наместо досегашните 3,0311 денари. Повеќе... МЕЃУНАРОДЕН ЈАВЕН КОНКУРС ЗА ПРОЈАВУВАЊЕ НА ИНТЕРЕС ЗА УЧЕСТВО ВО ПОСТАПКА ЗА ПРЕТКВАЛИФИКАЦИЈА ЗА ИЗГРАДБА НА „ХИДРОЦЕНТРАЛИ НА РЕКА ВАРДАР” Превземете... Нов повик на ГЕФ Програма за мали грантови ГЕФ -ПМГ за Македонија објавуви повик за поднесување на Проектни концепти/Предлог проекти во неколку области меѓукои и зачувување на биолошката разновидност и ублажување на климатски промени. Предлог проекти за финансирање може да се поднесат од регистрирани Здруженија на граѓани кои работат во областа на заштитата на животната средина како и ЗГ кои делуваат во други области. Вкупниот износ на финасиски средства за поддршка на проектите за 2008 г. е 200.000,00 САД$. Краен рок за поднесување на Проектни концепти е 30. ноември 2008. Повеќе...

Новости од светот

План за ревизијата на законот на ЕУ за енергија во зградите Според нацрт законот од одделот за енергетика на Европската комисија, ЕУ поднесе барање барањето за обновените згради да исполнуваат минимални национални стандарди за ЕЕ да се прошири, со тоа што ќе бидат опфатени сите згради без разлика на нивната големина. Повеќе... Европскиот парламент одобри ограничување на емисијата на СО2 од новите термоелектрани Европските законодавци гласаа за ограничување на количеството на СО2 коешто ќе може да се емитува од новите енергетски постројки од 2015 г. Со ова ќе се изврши притисок врз индустријата да инвестира во технологијата за складирање на јаглеродот. Повеќе… Агенцијата за храна при ОН побара преиспитување на биогоривата Организацијата за Храна и земјоделство при ОН денес побара да се изврши преглед врз полисите и субвенциите за биогоривата сé со цел да се „сочува целта за светската безбедност на храната“, и да се заштитат сиромашните фармери/земјоделци, да се промовира земјоделскиот развој и да се утврди одржливоста на животната средина. Повеќе… ЕП за ЕЕ во долгорочната стратегија на ЕУ Енергетската ефикасност може да ја зголеми енергетската независност на ЕУ и би требало да завземе централно место на следниот состанок на Комисијата за енергетска стратегија, беше прецизирано во писмото кое беше упатено до идното претседателство на ЕУ од група пратеници. Повеќе... Министрите за енергетика постигнаа договор за леберализација Европските министри за енергетика упсеаја да ја надминат едномесечната безизлезна положба во врска со отворањето на пазарите за гас и ел. енергија во ЕУ. Повеќе...

Светската банка ќе ги ограничи финансиите нз проектите за јаглен Светската банка од фондот за климатски промени ќе издвои нови 6,1 милијарди долари кои ќе ги финансира во проектите кои го вклучуваат јагленот како гориво, но само во оние кои веќе имаат вложено во напредна технологија за складирање на јаглеродот во разиените земји. Повеќе… Баросо: Пакетот клима-енергија е поволна можност за ЕУ бизнисите Претседателот на европската комисија ги поттикна законодавците да ја прифатат извршната легислатива, бидејќи тоа би претставувало поволна можност за бизнис секторот наспроти финансиската криза која го зафати светот. Повеќе… ЕП изгласа измена во трговијата со СО2 во ЕУ Европските законодавци изгласаа поголеми измени на планот за трговија со емисии на СО2 во ЕУ кои ќе почнат да се реализираат од 2013 година, вклучително искористување на кредити за технологијата за складирање на СО2, со што компаниите се поттикнати да купуваат кредити, како и поставување ограничувања за тоа колку кредити се потребни на секоја компанија од ЕУ да ги исполни целите за емисија на СО2 до 2020 г. Повеќе… Групата на потрошувачи ја критикуваше новата шема за енергетска етикета Европската организација на потрошувачи го критикуваше новиот предлог на Комисијата во кој се рангираат „благодетите“ на домаќинствата како што се ладилници и машините за перење, според тоа колкаво количество на енергија трошат, опишувајќи го како премногу комплициран и збунувачки за потрошувачите. Бидејќи постоечката шема на енергетска класа од А до Г им е добро позната на граѓаните, па поради тоа нема потреба да биде заменета со нова која е непотребно покомплицирана. Повеќе... Renault-Nissan ќе лансираат еколошки систем кај автомобилите во 2011 година Производителите на автомобили Рено-Нисан потпишаа договор со Електростопанството на Франција (ЕДФ) дека до 2011 г. ќе ја претстави новата линија автомобили на ел. погон и ќе изгради инфраструктура за нивно полнење до 2011 г. Повеќе… Индустријата ја отфрли иницијативата на ЕУ за водородот ЕК го лансираше долготрајно партнерството за јавно-приватно истражување наменето за забрзување на комерцијализирањето на водородот и технологиите на горивните ќелии како чисто гориво. Но, индустриските лидери веднаш го потенцираа недостигот од амбициозност во иницијативата. Повеќе... ЕУ ќе финансира шема со која ќе се успори уништувањето на шумите Европската комисија изјави дека борбата против глобалното уништување на шумите има потреба од „соодветно ниво на финансирање“ од ЕУ од 2013 до 2020 година. Повеќе… Фосилни горива ќе има до 2090 година Според Европскиот Совет за обновливи извори без соодветни инвестиции фосилните горива целосно ќе бидат исцрпени до 2090 година. Повеќе.. Европа заостанува зад зацртаните цели од Кјото Анкетите на Европската агенција за животна средина, реализирани летото, многу европски држави заостануваат за нивните цели за намалување на емисиите утврдени со Кјото протоколот. Единствено државите кои се „стари “ членки (ЕУ-15) ги имаат исполнето Кјото целите во кој е наведено нивото да биде 8%

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте не на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52-1, 1000 Скопје, тел. 02 3090 177, 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk


ИНФОМАЦЕФ 67 Страна 4 помалку во однос на 1990 година, а останатите членки ЕУ-27 немаат никаква формална најава за нивно исполнување. Во 2006 г., со задоцнување од две години ЕЕА, објавува дека ЕУ-15 во периодот од 2005 до 2006 година ги редуцирале емисиите за 0.8 проценти, а вкупното намалување од 1990 2006 година е за 2,2 проценти. „Овој податок е алармантен“- изјавува Соња Мејстер, активист во Европското дружение Пријатели на Земјата. „Постигнатите малите редукциии на емисиите се главно резултат на потоплите временски услови и резултат на погрешната политика.“ Како резултат на потоплите временски услови во 2006 г. регистрирано е најголемо намалување на емисии кое што е остварено во домаќинствата и услужниот сектор. Безмалку сите нови членки, имаат постигнато значајни намалувања на емисиитге во однос на 1990 г., и се близу до исполнување на условите пропишани во Кјото протоколот, но овие резултати се помалку компромитирачки, бидејќи тие повеќе се должат на економските кризи во 90-тите години отколку на ефикасната политика за околината. Всушност, околу 50 проценти од намалената емисија во Германија се должи на индустрискиот пад во Источна Германија после реобединувањето. Во следните години економски развој во државите во ЦИЕ претставува опасност кој може да го пренасочи/спречи намалувањето на емисијата. Види табеларен приказ на намалување на емисии по земја.

Корисни web-адреси Посетете го единственото енергетско катче за деца на ЕУ адаптирано од МАЦЕФ на македонски јазик -

www.managenergy.net/kidscorner

www.energetika.com.mk – единствен портал за енергетика во Македонија www.nvosorabotka.gs.gov.mk www.pep.org.mk www.erc.org.mk www.sustenergy.org/ www.motorchallenge.org/ www.rec.org www.energy.eu – Енергетски портал на ЕУ www.ase.org/ http://greennet.i-generation.at/ www.euractiv.com/ www.display-campaign.org/ www.energie-cites.org/ www.reeep.org www.greennetincentive.org www.europesustainableenergy.com www.eneffect.bg www.kids.evn.com.mk www.moepp.gov.mk http://ec.europa.eu/energy/index_en.html www.ri.com.mk

Манифестации

Самит за енергетска ефикасност 2008 декември 8-10, 2008, Вашингтон, САД Со оваа конференција се планира зближување на потребните капацитети и ЕСКО компаниите за здобивање на доверба од клиентите преку посебни центри кои ќе располагаат со релевантни податоци за да се истражат можностите за зголемување на потребата од енергетската ефикасност и технологиите кои служат за соодветно регулирање на промената на потрошувачката. Регулаторните органи ќе изнаоѓаат начини како подобро да се имплементира ЕЕ, додека инвеститорите ќе направат преглед на новите технологии кои придонесуваат за помала Повеќе… потрошувачка на енергија во објектите. Недела на енергетика – Македонија 2008 12-14 декември 2008 Меѓународен форум – Енергеска ефикасност и легислатива Сала МАНУ, 12 декември 2008 Во организазија на МАНУ, Агенција за енергетика на Република Македонија и МАЦЕФ Најавете учество на macef@macef.org.mk CEP® CLEAN ENERGY POWER 29 – 31 јануари 2009, Штутгарт Размена на знаење и информации меѓу екпертите Експерти од целиот свет се состануваат за да разменат нови знаења, искуства од практичните истражувања, и да понудат решенија и совети здобиени преку истражувањата се со цел оваа заење што побрзо да се Повеќе… прелее во конкретни чекори. BioPower generation - Sustainable large scale power generation from biomass 12-13 февруари 2009, Брисел Втората годишна конфереција за биомаса Следејќи го успехот на првата конференција, оваа би требало да ги собере сите главни играчи во финансискиот ланец на производството на ел.ен од биомаса. Повеќе...

РЕГИОНАЛНА МРЕЖА ЗА ЕФИКАСНО КОРИСТЕЊЕ НА ЕНЕРГИЈАТА И ВОДАТА RENEUER (www.reneuer.com)

RENEUER е формирана по иницијатива на претставници на владите, невладините организации и претпријатијата од 8 земји и тоа Албанија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Србија и Црна Гора, Македонија, Молдавија, Романија и Хрватска. Основната задача на оваа мрежа е да се ангажира за решавање на проблемите за ефикасна употреба на енергијата и водата во земјите од Југоисточна Европа. RENEUER ги дефинира основните определби во областа на ефикасното користење на енергијата и водата преку анализа на проблемите со кои се среќаваат земјите од Југоисточна Европа и можностите за нивно решавање.

Недела на енергетика на ЕУ – 2009 9-13 февруари 2009, Брисел, Белгија Многу настани, не ја пропуштајте оваа единствена шанса за проширување на Вашите знаења, размена на искуства и ширење на познанства во доменот на енергетика и заштита на животната средина. Повеќе... European Pellet Conference 2009 25-26 февруари 2009, Велс, Австрија Со повеќе од 600 учесници секоја година, the European Pellet Conferences & Fora стана една од најголемите конференции од овој тип в светот. Главни теми на конференцијата ке бидат технолошките пронајдоци и нови трендови, промоција и маркетинг, пазари во Европа и во светот., продукти и сервисирање , стратегии , програми и финансирање. Повеќе… World Biofuels Market 16-18 март 2009, Брисел Со над 1300 учесници од над 78 земји и повеќе од 100 изложувачи конгресот е најголемиот настан од областа на биогорива во Европа и е централен настан за среќавање и споделување на искуства на Повеќе... експертите од областа на индустријата.

Редакција: Центар за енергетска ефикасност на Македонија Главен уредник: проф. д-р Константин Димитров Редактори: м-р Македонка Димитрова- заменик гл. уредник, Игор Петрушевски дипл. маш. инж., Жарко Илиевски дипл. маш. инж.

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте не на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52-1, 1000 Скопје, тел. 02 3090 177, 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk

67 infomacef  
Read more
Read more
Similar to
Popular now
Just for you