Page 1

Број 66

ЦЕНТАР ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ НА МАКЕДОНИЈА

септември 2008

МАЦЕФ МАЦЕФ промовира енергетска ефикасност и почиста животна средина Во овој број: Õ Од уредникот Õ Активности на МАЦЕФ Õ МОМЕЕ Õ Новости од светот Õ Корисни web-адреси Õ Манифестации

OД УРЕДНИКОТ Почитувани колешки и колеги, членови и симпатизери на МАЦЕФ! Септември беше исполнет со активности од „нашата“ дејност, и тоа не само во Македонија туку и пошироко, на ниво на целиот свет. Драматичните промени на цената на нафтата, нагоренадолу, предизвикуваат фрустрации на планерите. А сето тоа надополнето со економската криза предизвикана со банкротирањето на хипотекарните банки во САД, уште повеќе ја усложнуваат состојбата. Во Македонија, МАНУ интензивно работи на изработката на Стратегијата за енергетскиот развој на Македонија. На ниво на Енергетска заедница (Еnergy Community) се дискутираше за идните гасификациски врски/прстени кои треба да се проектираат и изградат во регионот. Во тек е подготовката за презентација на кредитните можности на ново формираната банка Development Bank of Austria, која има намера на овој простор да пласира капитал за потребите на енергетиката и инфраструктурата, но со предност на приватните инвеститори и ППП проектите. Презентацијата на оваа банка се очекува на 6 ноември, во организација на МАЦЕФ. ЕЕ објекти со акцент на фасадна технологија Училишен сервис на ЕВН - учебната 2008-2009 Летна школа за ОИЕ во Штутгарт Македонско-бугарски бизнис форум Ребрендирање на ЕВН Македонија Сведоци сме на кампања за претседател на САД каде и двата кандидати во своите програми ставаат голем акцент на одржливата енергија и одат дотаму што бранат програми како државата може да стане енергетски независна. Ако, САД, кој е многу богат со енергетски ресурси размислува во оваа насока тогаш Македонија е крајно време да поведе поголема сметка за одржливата енергетска стратегија. Ги очекуваме Вашите ставови за различни теми поврзани со енергетиката, екологијата, економијата (како нераскинлива верига) како и информации за поедини активности и нови производи на нашиот пазар кои сакаме да ги промовираме на нашите страници. Посебно ќе се радуваме да ги презентираме успесите на нашите компании и поединци, евентуално и кусите рекламни пораки. Со задоволство Ве информираме дека веќе полека добиваме вистински информации од оваа област, со која јавноста се информира за достигнувањата во областа на енергетиката. Поздрав од редакцијата,

ЦЕНТАР ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ НА МАКЕДОНИЈА - МАЦЕФ

МАЦЕФ е доброволно научно здружение, кое што нуди услуги и стручни знаења од областа на енергетиката и заштита на животната средина во Република Македонија и пошироко. МАЦЕФ е член на меѓународната мрежа за енергетска ефикасност RENEUER (Regional Network on Efficient Use of Resources). МАЦЕФ е дел од мрежата managenergy формирана од страна на European commission DG Energy and Transport www.managenergy.net . МАЦЕФ e член на Асоцијацита на Консултантски организации. МАЦЕФ е член на БИСЕ Форумот, Motor Challenge Programme и официјален партнер на Sustainable Energy Europe 2005-2008

Активности на МАЦЕФ

„ЕЕ објекти со акцент на фасадна технологија“ – тековни активности Во просториите на АЛПОС д.о.о Скопје, на 24. септември, се одржа третиот состанок на работно-техничката група (РТГ) од ЈПП проектот „ЕЕ објекти со акцент на фасадна технологија“.

На состанокот беа разгледани досегашните постигнувања на целите на проектот, како и идеите за идните активности. На состанокот беа донесени заклучоци во однос на следниот чекор на овој проект. Како точки на состанокот, од страна на координаторите на проектот, беше потцртана потребата од прецизно дефинирањето на содржините на „Прирачникот за проектантски и изведбени детали за контактна фасада“, како и одредувањето на условите за избор на пилот-објектот. Со неколку часовната дискусија се отворија насоки за реализација на проблематиката наведена во дневниот ред. По донесените заклучоци беше најавен и следниот состанок на РТ групата, чиешто одржување се планира за 25-ти октовмри оваа година, кога се очекува и гостување, со предавање на еден истакнат експерт од оваа област. Летна школа за ОИЕ во Штутгарт Од 3-5 септември на Институтот за енергетска економија и разумно користење на енергија при универзитетот во Штутгарт, а во органзација на GreenNet-Incentives проектот, се одржа летна школа на тема „Стохастичко моделирање на обновливите извори на енергија во европскиот енергетски пазар“. Целта на оваа школа беше запознавање на младите експерти и студенти од областа на енергетиката и енергетската економија со најновите достигнувања на полето на обновливите извори на енергија, како и со трендовите на пазарот на енергија во Европа.

Проф. д-р Константин Димитров

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте не на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52-1, 1000 Скопје, Тел. 02 3090 177 Факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk


ИНФОМАЦЕФ 66 Страна 2

Во школата присуствуваа повеќе учесници од Европските земји, при што ја презентираа состојбата на полето на ОИЕ во своите земји. Игор Петрушевски од МАЦЕФ говореше за состојбите во Македонија. Во состав на школата беше одржан и курс за користење на

програмот за алгебарско моделирање ГАМС, при што беше симулирано рационално искористување на ОИЕ. Беше организирана посета на Компанијата EnBW, фирма чија дејност е производство, пренос, дистрибуција и трговија со енергија (ел. енергија, топлинска, природен гас и јаглен) и трговија со кредити за емисија на СО2. При тоа беше претставен профилот на компанијата, нејзината дејност, а и посета на центарот за тргување со енергија. Школски сервис на EVN Македонија ја започна учебна учебната 2008-2009 Во септември интензивно се работеше на подготовка на материјалите за продолжението на обуката во новата учебна

Обука за енергетски контролори МАЦЕФ во блиска соработка со Машинскиот факултет-Скопје, Градежниот и Архитектонскиот факултет и ЕНСИ од Норвешка започна со реализација на вториот циклус на обука за енегретски контролори. Обуката ќе се споведува 4 месеци по што следи тестирање на знаењата од страна на Машинскиот факултет. Обучувачи се експерти од МАЦЕФ и споменатите факултети кои поседуваат сертификати за ваков тип на обука. Помеѓу учесниците има посететители од јавниот, бизнис и НВО секторот. Македонско-бугарски бизнис форум На 19. септември во Скопје се одржа Македонско-бугарски бизнис форум во организација на Евро-атлантскиот клуб на Македонија, Сојузот на стопански комори на Македонија, НАТО информативниот центар и Атлантскиот клуб од Бугарија. Целта на Форумот беше воспоставување на нови перспективи за развој на економската и енергетската соработка помеѓу Р. Македонија и Р. Бугарија, да се модернизира безбедносниот сектор и да се поврзе високата технологија и инфраструктура во двете земји. Помеѓу присутните беа значајни луѓе од бизнисот и дипломатскиот кор. Претставникот на МАЦЕФ, во своето излагање, ја презентираше состојбата во Македонија во однос на реализација на мерките за енергетската ефикасност и потребата од брз развој на гасификациските системи. Учесниците со своите дискусии допринесоа за охрабрување на економските активности на компаниите проследени со широко отворање на пазарите во регионот. А по истиот повод, г. Зоре Темелковски, член на Управниот одбор на ССК организираше гала прием во вечерните часови каде присуствуваа високи владини претставници поддржувајќи ја иницијативата. Се ребрендираше ЕСМ во EVN Македонија На 17. септември логото EVN Македонија целосно го замени старото лого, со осветлување на новото лого на покривот на главното седиште на компанијата. Промената од ЕСМ во ЕВН Македонија се совпаѓа со воведувањето и финализирањето на одредени важни интерни постапки во компанијата. Под мотото „Секогаш тука за Вас”, а како дел од EVN Групацијата, компанијата е снабдувач и производител на електрична енергија покривајќи ги потребите на корисниците во републиката. М-р Георг Валднер, претседател на Управниот

година. Тимот од невладините организации Планетум, Жетва на знаење, Младински совет, Грин Пауер и МАЦЕФ, а под организациско раководство на Конект, ги испланираа 80 посети на училишта ширум Македонија. Обуката оваа година ги опфаќа сите општини кои не беа посетени минатата година. МАЦЕФ ги осмисли и ги подготви текстовите за постерите и новините во наставниот дел од часот. Новина е што за оваа година се планира одржување на натпревари на крајот од двете полугодија, а учениците ќе имаат можност повеќе да дојдат до вредни награди преку отворениот литературен и ликовен натпревар. Во наведните изданија од ИнфоМАЦЕФ ќе Ви ги претставиме нагледните средства за обука.

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте не на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52-1, 1000 Скопје, тел. 02 3090 177, 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk


ИНФОМАЦЕФ 66 Страна 3 Одбор на ЕВН Македонија при свеченото осветлување на логото за време на главната манифестација на проштадот Македонија зема главна реч во која покрај тековните активности и зацртани проекти, ги спомена и активностите во кои и учествува МАЦЕФ, а се дел од високата општествена одговорност на EVN Македонија и нивната соработката со невладиниот сектор. На настанот присуствуваа видни личности од дипломатскиот кор и бизнис секторот, како и претставници од МАЦЕФ. Конференција за гас во Загреб Во Загреб се одржаа три значајни средби организирани од страна на Енергетската заедница на ЕУ, во која рамноправен член е и Македонија. Првиот ден беше посветен на работата на Заедницата, вториот ден на работата на групата за подготовка и реализација на Акциониот план за енергетска ефикасност (Task Force for Energy Efficiency). Беа презентирани, од страна на претставниците на ЕБОР, Светска Банка, IRG ß International Resources Group, Gas de France и членовите на енергетските регулаторски комисии од целиот регион, насоките во кои треба и ќе се движи развојот на гасификациските системи. Беше потцртана потребата и важноста од регионалното меѓусебно поврзување преку

гасификациски прстени, како и изградбата на алтернативните магистрални гасофоди. Како основен елемент за развој на гасификацијата и дистрибутивната мрежа за потребите на индивидуалните станбени објекти, е едновременото поврзување на индустријата, енергетските капацитети и домаќинствата. Единствено зголемената потрошувачка на гас во еден регион, може да го направи економски прифатлив проектот за изведба на гасна дистрибутивна мрежа.

Македонска Општинска Мрежа за Енергетска Ефикасност

велат од Проектот за основно образование на УСАИД. Апликациите задолжително треба да бидат доставени од општината, а не директно од училиштата.

Новости од Македонија Во РЕК Битола зголемено производство Во првите шест месеци од оваа година значително е зголемено производството на ел. енергија и јаглен во рударско енергетскиот комбинат „Битола”. Оваа година произведени се 400.000 тони јаглен повеќе од лани, а воедно е зголемено и производството на електрична енергија кое за првите шест месеци изнесува 2131.156 GWh електрична енергија. Повеќе… Општина Центар поставува соларни колектори Општина Центар ќе учествува во спроведување на проектот „Искористување на сончевата енергија“ преку инсталирање соларни колектори во градинката „Раде Јовчевски - Корчагин“. Ќе се прави физибилити студија за гасовод во Македонија Министерството за транспорт и врски минатата седмица објави тендер за набавка на услуга за изработка на физибилити студија за гасоводен систем во Македонија со идеен проект, во која треба да се дефинираат стратешките услови и фазите за временска реализација на гасоводниот систем, како и приоритетните правци за најбрза реализација. Рокот за изработка на студијата е девет месеци, односно од 1 декември годинава за кога е планирано склучување договор за нејзина изработка со најдобриот понудувач на тендерот, заклучно со први август 2009 година кога физибилити студијата треба да биде завршена. „Куманово Гас“ добри дозвола од Регулаторна за вршење на енергетска дејност “Куманово гас” во изминативе две години со сопствени средства во висина од еден милион евра го гасифицираше Куманово, но за да биде реализиран проектот во целост потребни се дополнителни инвестиции од девет милиони евра. Јавното претпријатие „Куманово Гас“, кое има поставено 6,5 километри примарна и секундарна мрежа, добри дозвола од Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) за вршење на енергетска дејност. Повеќе... Колку ќе поскапи ел. енергија oстанува енигма Колку, всушност, ќе поскапи ел. енергија во Македонија? Дали за 39 отсто или за 16 отсто, или можеби за над 70 проценти?

Сегашни членови на МОМЕЕ се општините: Сарај, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Центар, Гази Баба, Валандово, Чаир, Кочани, Ресен, Берово, Аеродром, Гевгелија и Кичево. Во најскоро време очекуваме кон неа да се приклучат и работни организации и Институции кои се вклучени во програмите поврзани со енергетската ефикасност.

Годишна членарина:

24 000 денари

Почнува третата фаза од компонентата Реновирање на училиштата на ПЕП на УСАИД – ПОБРЗАЈТЕ!!! Реалиацијата на фазите еден и два од компонентата Реновирање на училиштата се успешно завршени. Подобра средина за учење беше создадена во четириесет основни училишта во Македонија. Објавен е почетокот на фаза три која ќе се имплементира од септември 2008 до септември 2009. Во оваа фаза УСАИД /ПЕП ќе го управува и финансира реновирањето на 36 училишта во Македонија. Сите основни училишта во Македонија кои нудат полно образование (1-9 одделение) се квалификувани за добивање фондови за реновирање. Предност при аплицирање ќе имаат оние општини кои што немаат користено средства од УСАИД/ПЕП во минатите две фази. Поднесувањето на пакетите за апликација започна на 15-ти септември и ќе трае до 17. октомври, 2008. Сите апликации примени по предвидениот датум нема да се земаат во предвид,

ЕЛЕМ минатиот месец достави до Регулаторна комисија за енергетика барање за зголемување на цената на произведен киловат-час енергија, од досегашните 1,3 на 1,8 денари за еден квч., што значи дека бара поскапување за околу 39 проценти. Во ЕЛЕМ објаснуваат дека цената од 1,8 денари за киловат-час е онаа цена која компанијата, всушност, ја бара за себе. А, максималната цена од 2,3 денари прикажана во барањето до РКЕ, всушност, е разликата меѓу увозната и домашната цена на ЕЛЕМ, и таа изнесува 0,5 денари за киловат-час. Таа, како што објаснуваат во ЕЛЕМ, е променлива категорија и може да изнесува повеќе или помалку од 5 денари. Повеќе... Македонија подготвува Стратегија за енергетски развој до 2030 година Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) на барање на Владата на Република Македонија до јануари идната година ќе изработи стратегија за развој на енергетиката во

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте не на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52-1, 1000 Скопје, тел. 02 3090 177, 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk


ИНФОМАЦЕФ 66 Страна 4 земјава за периодот до 2020 година, со визија до 2030 година. Во наредниот период планирано е да се одржат две тркалезни маси со пошироката научна и стручна јавност и експерти од оваа област на кои ќе се дефинираат точните насоки на стратегијата. Се очекува првата од нив да се одржи за околу еден месец. На неа ќе бидат изнесени првите поконкретни податоци за потребите од енергија и на кој начин Македонија може да ги задоволи. Повеќе… ЕЛЕМ повторно објави тендер за изградба на Комбинирана гасна електрана На тендерот се бара избор на фирма за финасирање, изградба и работно користење на комбинираната гасна електрана лоцирана во Скопје. Според условите објавени во тендерот учеството на АД „ЕЛЕМ“, врз основа на проценета вредност на постоечките објекти, инфраструктура и опрема во подружницата „Енергетика“, во чија близина ќе се гради комбинираната гасна електрана, не може да биде помало од 15% при што Владата преку АД „ЕЛЕМ“ го задржува правото преку дополнителни вложувања учеството во проектот да го зголеми до 51%. Управувањето со компанијата ќе биде регулирано во договорот за заедничко вложување.

Новости од светот

Глобалната концентрација на СО2 највисока во последниве 650000 години Моменталната концентрација на СО2 во атмосферата е на највисоко ниво во последниве 650 илјади години и најверојатно во изминатите 20 мил. години, се вели во извештајот на група интернационални истражувачи. Повеќе… Соларна боја за челични површини како генератор на обновлива енергија За три години зградите прекриени со челични табли би можеле да генерираат големи количества на ел. енергија, благодарение на новата фотоволтажна боја која се развива во комерцијална соработка на универзитетски истражувачи од Велика Британија и челичната индустрија. Повеќе... Европскиот парламент гласаше за ограничени емисии на СО2 од автомобилите Комитетот на министрите на Европскиот парламент гласаа за поддршка на плановите за воведување на ограничување на емисиите на СО2 од патнички автомобили кои ќе се продаваат Повеќе… од 2012г. „Нови бранови“ на енергија Компанијата Ocean Power Technologies објавува дека ја разви првата турбина PowerBuoy® која е дизајнирана енергијата на морските бранови да ја трансформира во ел. енергија за „островски“ систем на напојување. Со сериско поврзување на овие агрегати може да се постигне производствен капацитет од стотици мегавати. Повеќе... Успешен тест на турбините на водороден погон Компанијата ТТЕ успешно тестираше прототип на мотор од петтата генерација кој користи компресиран водород како гориво. Компанијата исто така објавува дека тестирањето резултираше со никакви емисии на штетни гасови и не е потребно никаква модификација за промена на горивото на турбините од пропан на водород. Повеќе... ЕУ ги зголеми стандардите за ефикасност на светилките и телевизорите Земјите членки на ЕУ поддржаа два предлога на Комисијата чија цел е намалување на потрошувачка на ел. енергија на електронските апарати, како дел од напорите за намалување на непотребното трошење на енергија. Регулативите ќе се применуваат во канцелариски, индустриски и артикли за улично осветлување. Повеќе... Извештај: Слаб напредок во озеленување на Европскиоте згради Земјите на ЕУ многу слабо напредуваат во примената на правилата за подобрување на енергетската ефикасност во

згради, како што повеќето земји членки од новиот блок се соочуваат со „значителни проблеми“, се вели во новиот извештај од Кралската институција за овластени надгледувачи (Royal Institution of Chartered Surveyors). Повеќе... ЕУ ќе го објави новиот пакет за енергетска ефикансност во декември Европската комисија во декември ќе го објави новиот пакет за енергетска ефикасностсо цел да ги унапреди енергетските заштеди низ 27. земји членки на ЕУ. Повеќе…

РЕГИОНАЛНА МРЕЖА ЗА ЕФИКАСНО КОРИСТЕЊЕ НА ЕНЕРГИЈАТА И ВОДАТА RENEUER (www.reneuer.com)

RENEUER е формирана по иницијатива на претставници на владите, невладините организации и претпријатијата од 8 земји и тоа Албанија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Србија и Црна Гора, Македонија, Молдавија, Романија и Хрватска. Основната задача на оваа мрежа е да се ангажира за решавање на проблемите за ефикасна употреба на енергијата и водата во земјите од Југоисточна Европа. RENEUER ги дефинира основните определби во областа на ефикасното користење на енергијата и водата преку анализа на проблемите со кои се среќаваат земјите од Југоисточна Европа и можностите за нивно решавање.

Корисни web-адреси Посетете го единственото енергетско катче за деца на ЕУ адаптирано од МАЦЕФ на македонски јазик -

www.managenergy.net/kidscorner

www.energetika.com.mk – единствен портал за енергетика во Македонија www.nvosorabotka.gs.gov.mk www.pep.org.mk www.erc.org.mk www.sustenergy.org/ www.motorchallenge.org/ www.rec.org www.energy.eu – Енергетски портал на ЕУ www.ase.org/ http://greennet.i-generation.at/ www.euractiv.com/ www.display-campaign.org/ www.energie-cites.org/ www.reeep.org www.greennetincentive.org www.europesustainableenergy.com www.eneffect.bg www.kids.evn.com.mk www.moepp.gov.mk http://ec.europa.eu/energy/index_en.html www.ri.com.mk

Манифестации

Преставување на новата Банка за развој на Австрија Организатори: МАЦЕФ и ALPLAN (Виена) Дата: 6 Ноември 2008, Хотел Континентал, Скопје Нова генерација нуклеарки Од политика до имплементација 17 – 18 ноември, 2008 Chatham House, Лондон, Велика Британија

Повеќе

Обновлива енерија SEE 2008 Директна врска со енергетскиот пазар на иднината 24-ти ноември, 2008, Букурешт, Романија

Повеќе...

3-та меѓународна конференција за складирање на обновлива енергија (IRES 2008) 24-25 ноември, 2008-08-03 Берлин Повеќе... RENEXPO® South-East Europe 19. - 21.11.2008, Букурешт, Романија Интернационален саем и конференција за ОИЕ и ЕЕ конструкции и Повеќе... реновирања. Самит за енергетска ефикасност 2008 Декември 8-10, 2008, Вашингтон, САД Со оваа конференција се планира зближување на потребните капацитети и ЕСКО компаниите за здобивање на доверба од клиентите преку посебни центри кои ќе располагаат со релевантни податоци за да се истражат можностите за зголемување на потребата од енергетската ефикасност и технологиите кои служат за соодветно регулирање на промената на потрошувачката. Регулаторните органи ќе изнаоѓаат начини како подобро да се имплементира ЕЕ, додека инвеститорите и пронаоѓачите ќе направат преглед на новите технологии кои придонесуваат за помала потрошувачка на енергија во резиденцијалните, комерцијалните и технолошките објекти. Повеќе…

Редакција: Центар за енергетска ефикасност на Македонија Главен уредник: проф. д-р Константин Димитров Редактори: м-р Македонка Димитрова- заменик гл. уредник, Игор Петрушевски дипл. маш. инж., Жарко Илиевски дипл. маш. инж.

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте не на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52-1, 1000 Скопје, тел. 02 3090 177, 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk

66 infomacef  
Advertisement