Page 1

Број 65

ЦЕНТАР ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ НА МАКЕДОНИЈА

август 2008

МАЦЕФ МАЦЕФ промовира енергетска ефикасност и почиста животна средина Во овој број: Õ Од уредникот Õ Активности на МАЦЕФ Õ МОМЕЕ Õ Новости од светот Õ Корисни web-адреси Õ Манифестации

OД УРЕДНИКОТ Почитувани колешки и колеги, членови и симпатизери на МАЦЕФ! Август е месец за одмори, период за обука на помладите стручни кадри, а и месец за подготовка за есенските активности. Усогласувањето на законската регулатива со директивите на ЕУ се одвива со забрзан темпо. Со внимание ги следиме (а и учествуваме) во активностите на Министерството за економија во подготовката на бројните Правилници ( Правилници за транспорт на нафта, гас..., за енергетска ефикасност на градежни објекти и др.). МАНУ ја подготвува стратегијата за енергетика на Република Македонија. Интензивната работа треба да биде финализирана до крајот на оваа календарска година! Со повеќе расправи во Собранието на Република Македонија, донесени се дополнувањата и измените на Законот за енергетика! Анализата на влијанијата со новите законски одредби треба да следува, како и реакциите на ЕВН и МАКПЕТРОЛ на поедини одредби, кои се однесуваат на нивните интереси. Веројатно дискусијата за оваа проблематика ќе се пренесе и надвор од нашата земја... Бледскиот Форум, со одредница кон насоките за спречување на климатските промени, во најголема мера беше насочен кон влијанието на конфликтот Грузија – Русија и влијанието на сигурноста за снабдување со енергија. Завршна расправа за Правилникот за енергетска ефикасност на градежни објекти Активности на новоформираната Австриска Банка за развој, за финансирање проекти од сферата на енергетиката, енергетската ефикасност и инфраструктурата Контакти со Компанијата Solucioni Technology Бледски форум Ги очекуваме Вашите ставови за различни теми поврзани со енергетиката, екологијата, економијата (како нераскинлива верига) како и информации за поедини активности и нови производи на нашиот пазар кои сакаме да ги промовираме на нашите страници. Посебно ќе се радуваме да ги презентираме успесите на нашите компании и поединци, евентуално и кусите рекламни пораки. Со задоволство Ве информираме дека веќе полека добиваме вистински информации од оваа област, со која јавноста се информира за достигнувањата во областа на енергетиката. Поздрав од редакцијата,

Проф. д-р Константин Димитров

ЦЕНТАР ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ НА МАКЕДОНИЈА - МАЦЕФ

МАЦЕФ е доброволно научно здружение, кое што нуди услуги и стручни знаења од областа на енергетиката и заштита на животната средина во Република Македонија и пошироко. МАЦЕФ е член на меѓународната мрежа за енергетска ефикасност RENEUER (Regional Network on Efficient Use of Resources). МАЦЕФ е дел од мрежата managenergy формирана од страна на European commission DG Energy and Transport www.managenergy.net . МАЦЕФ e член на Асоцијацита на Консултантски организации. МАЦЕФ е член на БИСЕ Форумот, Motor Challenge Programme и официјален партнер на Sustainable Energy Europe 2005-2008

Активности на МАЦЕФ

Втора јавна расправа за Правилникот за енергетска ефикасност на градежни објекти Правилникот за енергетска ефикасност на градежни објекти, треба да придонесе за смалување на потрошувачката на енергија во комуналната сфера. Приготвен е во согласност со барањата на Законот за енергетика. На втората јавна дебата, организирана од страна на Министерството за економија, беа прочистени и дополнети поедини членови од Правилникот, согласно предлозите од првата јавна расправа. Примената на предложените мерки ќе обезбеди помали трошоци за енергија во станбените објекти, како и помала зависност на државата од увоз на енергија. Суштината на Правилникот е дефинирање на максималната количина на примарна енергија која смее/треба да се троши во текот на една година. При тоа не се мисли единствено на енергија за загревање на објектите туку и енергија која е потребна за вентилирање, осветление, подготовка на санитарна топла вода и ладење. Градежните објекти треба да бидат контролирани и обележани со посебно приготвен Сертификат, во кој се наведени енергетските карактеристики на објектот, како и емисијата на CO2. Правилникот е делумно усогласен со ЕУ Директивата за ЕЕ на градежни објекти, и тоа во деловите кои се опфатени со постоечката законска регулатива. Се предвидува правилникот да стапи на сила во наредните две години, што се вклопува и во енергетското сценарио за асоцијација со ЕУ на нашата земја. Врз основа на одредбите на овој Правилник, во наредниот период треба интензивно да се работи на освежување на знаењата на проектантите преку примена на ново усвоените стандарди од оваа област, примена на нови техники и технологии при градба и заштита на градежните објекти во однос на загубите на енергија (фасадна технологија), подготовка на податоци за климатските карактеристики, подготовка на национална методологија за определување на енергетските карактеристики на објектите, национален атлас за примена на технички решенија за елиминирање на топлинските

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте не на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52-1, 1000 Скопје, Тел. 02 3090 177 Факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk


ИНФОМАЦЕФ 65 Страна 2 мостови, обука на независни енергетски контролори, обука на контролори на системи за греење и ладење. Соработка со ThermoKеy и RefComp

Интензивната комуникација со италијанските производители на опрема од областа на греењето, вентилацијата и климатизацијата, како и примената на обновливите извори на енергија, резултираше со постигнување спогодба за соработка со новоформираното трговско друштво Solucione Technology doo, кое е застапник за компаниите Thermoкey Spa и

RefComp.

Еден од елементите на оваа соработка е и поставување на фотоволтажни панели како елементи за промоција на можностите на компанијата при примената на сончевата енергија, како и поставување на еден систем со сончеви колектори за подготовка на санитарна топла вода. Информациите за овие две компании можете да ги добиете на нивните електронски адреси. За повеќе детални информации, техничката служба на МАЦЕФ Ви стои на располагање. Тоа се однесува на технички информации и бесплатни совети, како и на подготовка на техничка документација на комерцијална основа.

Македонска Општинска Мрежа за Енергетска Ефикасност

Сегашни членови на МОМЕЕ се општините: Сарај, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Центар, Гази Баба, Валандово, Чаир, Кочани, Ресен, Берово, Аеродром, Гевгелија и Кичево. Во најскоро време очекуваме кон неа да се приклучат и работни организации и Институции кои се вклучени во програмите поврзани со енергетската ефикасност.

Годишна членарина:

24 000 денари

ГРАДОНАЧАЛНИЦИ ВАШЕТО ПРИСУСТВО Е ЗАДОЛЖИТЕЛНО !

Европска недела на региони и градови 6-9 октомври 2008 во Брисел Прва помош на локалните самоуправи да ги постигнат целите за енергетска ефикасност согласно препораките од Свечениот договор на градоначалниците (Covenant of Mayors). Отворените денови ги организира Комитетот за региони и Генералниот директорат за за регионални политики во периодот од 6-9 октомври 2008 во Брисел, Белгија. Се очекуваат 4000 посетители во кафето за инвеститори. Тоа ќе функционира на принцип на единствен форум за комуникација и место за средби помеѓу приватниот и јавниот сектор како и регионите и градовите, овозможувајќи им да ја откријат богатата разновидност и економската атрактивност на европските региони/градови како и да идентификуваат инвестиции и можности за создавање на нови работни места. Форумот е еден од тематските приоритети, од кои еден е „ Одржлив развој: регионални одговори на климатските промени (вклучувајќи енергија)“. Во рамки на манифестацијата се планираат работилници на кои ќе се дискутираат, разменуват идеи и добра пракса за:

Практично спроведување на Свечениот договор на градоначалниците и зошто е важно за локалните и регионалните агенции за енергетика да се вклучат во оваа иницијатива, како и и како локалните и регионалните агенции за енергетика може да допринесат кон напорите на локалните самоуправи особено помалите со малку енергетски ресурси за постиснување на енергетска одржливост. Главни целни групи на манифестацијата се агенции за енергетика, општини и групации на општини, региони и други локални актери. МОМЕЕ високо препорачува присуство на своите членови – локални самоуправи на Open Days!

Новости од Македонија

Бледски Форум 2008 Energy and Climate Change: Sinergy for the Future Бледскиот Форум секако станува маркантна манифестација, насочувајќи ги основните движења во политиката и енергетиката, кои се во меѓусебна нераскинлива врска. Мотивот беа климатските промени, но основната дискусија јасно се водеше за политиката, регионалните воени дејствија (Русија - Грузија), влијанието врз пазарот на енергија и што понатаму.

Во присуство на премиерите на Словенија, Чешка, Латвија, Грузија како и на голем број министри од Словенија, Словакија, Шведска, Македонија, Црна Гора, заменикот генерален секретар на Обединети нации, заменици министри за надворешни работи на Русија, САД, Казахстан, Србија, Бoсна и Херцеговина, Албанија, Азарбејџан, Данска, Индија, генералниот секретар на OSCE, претседателите на WREC и SEPP како и високи претставници на претседателството на ЕУ, FOI, IEA, UNICA, CFIS, CERA, Светската банка како и претставници на големите компании. Македонија беше репрезентативно претставена од страна на д-р Фатмир Бесими, министер за економија и г. Неџати Јакупи, министер за животна средина и просторно планирање, силен тим на МАКПЕТРОЛ, како и претставници на МАЦЕФ и Институтот за стандардизација на РМ. На Форумот беа одржани следниве Панел дискусии: • Стратегиски предизвици заради климатските промени и енергетската сигурност • ЕУ – Касписки енергетски коридор после случувањата во Грузија • Југоисточнен европски пазар: Инвестиции и перспективи за здружување • Од Бали до Копенхаген – Контрола на климатски промени со об-НОВлИ-ви решенија • Климатски промени – Договор за меѓународен мир и сигурност • Еколошки промислен бизнис – Пат кон иднината • Стабилизирање на енергетската слика на Западен Балкан • Зависност од ресурсите од јаглени хидрати во геостратешката перспектива. Потребно е да се потцрта излагањето на премиерот на Чешката Република, која ќе биде претседател на ЕУ по Франција, дека

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте не на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52-1, 1000 Скопје, тел. 02 3090 177, 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk


ИНФОМАЦЕФ 65 Страна 3 треба интензивно да се работи на „враќање во игра“ на нуклеарните постројки заради нивната можност да произведуваат огромна количина на енергија на мал простор, економски прифатливата цена, еколошки чиста работа и што е важно, не постои зависност во однос на ресурсите и нивниот транспорт.

хидроелектричен систем во Македонија. Последниве денови, од вкупно деветте генератори во погон, половината се вклучуваат во производство. Извор... Регулаторот со нови одлуки На седницата одржана на 18.08.2008 година, Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија, ја донесе Одлуката за определување на највисоки цени на одделни нафтени деривати утврдени согласно Методологијата. Со оваа Одлука се врши намалување на рафинериските. Повеќе... Од октомври стартува берза на електрична енергија во Југоистична Европа Берзата треба да придонесе за либерализација на пазарот на електрична енергија, да обезбеди поголема сигурност во снабдувањето со струја, како и транспарентност на цените. Повеќе...

Заедничка фотографија на Македонската делегација

Обновливите извори на енергија, ако се одземат од таа група хидроенергетските постројки, обезбедуваат само 1% од потребите за енергија т.е. тие не се решение на проблемот со зголемените потреби на енергија. Третиот битен елемент е потребата од слободен, сигурен и безбеден транспорт на енергија (електрична, нафта, гас). И како битен заклучок – политиката во енергетиката е целосно навлезена, со неа се усогласува и енергетската политика, а како пример е војната во Осетија – покрај сите разурнувања, на системите за транспорт на енергија не им недостасува “ниту влакно“! ЕКО СОЛАР ДОО со новина на пазарот г. Зоран Трајков од Еко Солар доо ни’ соопштува дека започнале со изработка на селективни термални соларни колектори со поголема површина од 2 m2. Тоа е тип Еко Сел. 2.6 во кој се вградени искуства од австрискиот институт AEE INTEC. Специфично за овој колектор е дека има само еден влез и еден излез и наскоро ќе ги контролираат во лабораторијата за сончеви колектори која е инсталирана во Управата за хидро – метеоролошки работи на Македонија. Бессулфурен биодизел од Макпетрол Бессулфурен биодизел (Б6-БС) од 1 август се продава на бензинските пумпи на „Макпетрол“.Новото гориво има концентрација на сулфур помала од 10 милиграми на килограм. „Макпетрол“ соопштува дека го пушта во промет горивото пет месеци пред стапувањето во сила на Правилникот за квалитет, кој предвидува употреба само на бессулфурен дизел со стандард Еуро 5. Повеќе... ХЕЦ „Маврово“ произведе половина од планираната ел. енергија Хидроцентралите „Маврово“ годинава најавуваат дека ќе го остварат планираното производство на електрична енергија од 454 милиони киловат-часови. За првите шест месеци произведени се 41 % од проектираното, односно 189 милиони киловат-часови. „Имајќи ги предвид прогнозите и климатските услови за следните шест месеци очекуваме доток на вода за производство на близу 100 милиони киловат-часови. Располагаме со резерва од 94 милиони киловат-часови. Над 50 милиони ќе го зачуваме за зимскиот период.“ - изјавува Зоран Јосифоски директор на ХЕЦ „Маврово“.Хидроенергетскиот систем „Маврово“, во чиј склоп се и хидроцентралите „Вруток“, „Равен“ и „Врбен“, е најголем производител на енергија од

Во ХЕЦ „Шпилје“ за осум месеци произведени 120 милиони kW Во споредба со истиот период минатата година оваа хидроцентрала го надминала производството за над еден милион киловат часови.

Новости од светот Британија со намалени емисии на CO2 Намалувањето на производството на енергија плус помалата побарувачка на енергија и замената на гориво од јаглен во природен гас помогнаа за намалување на јаглеродните емисии за 2 % во 2007. Ова се објаснува детално во владиниот извештај на Велика Британија. Повеќе... Германија ја достигна целта за употреба на обновливи за 2010 Германија веќе ја реализирање поставената национална цел за уделот на произведена енергија од обновливи извори на енергија на 12.5 % до 2010. Таа е на добар пат да ја постигне зацртаната цел за 2020. Овие информации ги посочува годишниот извештај на Владата од август 2008. Повеќе... Пазарот за МЧР бара поголема јасност во делот на работата на ревизорите Компаниите, кои купуваат јаглеродни кредити одобрени од ОН, ги повикуваат ревизорите на проектите за емисија на стакленички гасови да ги дообјаснат напатствијата за тоа дали проектите кои се веќе отпочнати може да бараат финансирање на емисиите преку МЧР- механизмот за чист развој на Кјото протоколот. Повеќе... Климатскиот пакет на ЕУ ќе предизвика 16% пад на полскиот БДП Полската економија може да потоне за најмалку 16% во следните 12 години доколку ЕУ да усвои климатската политика во нејзината сегашна форма. Ова се тврди од страна на Полската асоцијација за електрична енергија. Повеќе... 4% зголемување на европската побарувачка за енергија во првиот квартал од 2008 Во 23 европски земји побарувачката на енергија се зголемила за 4% во одност на истиот период во 2007, објавуваат статистичарите од Меѓународната агенција за енергетика. Повеќе... Новоодобрените фарми за ветер во Орегон, САД Регулаторите за енергија во Орегон тукушто дадоа зелено светло за нови фарми за ветер кои ќе го удвојат производството на електрична енергија од ветер, произведувајќи блиску 2,000 MW. Повеќе...

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте не на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52-1, 1000 Скопје, тел. 02 3090 177, 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk


ИНФОМАЦЕФ 65 Страна 4 Кина сјае како „змај со ниски јаглеродни емисии“ Кина можеби консумира големи количества на јагленот кој загадува, но во истовреме најнаселената нација предводи во трката за ниско јаглеродна економија на развиените економии, се тврди во извештај на меѓународна непрофитна група. Повеќе... Формиран Германија

Центар

за

пасивна

куќа

во

Штутгарт,

Цел на Центарот, чии членови се производители и претприемачи од индустријата, е да излезе со практични решенија за Пасивна куќа и истите да ги имплементира. Во октомври се планира саем со кој ќе се забрза реализацијата на иницијативата. За повеќе информации посетет ги страниците www.passivehouse.com и www.passivhaus-cafe.de Јужна Кореја со план за 11 нови нуклеарки Владата на Јужна Кореја предлага да изгради 11 нови нуклеарки до 2030 година, со што ќе го зголеми уделот на нуклеарна енергија во вкупниот инсталиран производствен капацитет на земјата до 41 отсто, во споредба со сегашниот од 26 проценти. Повеќе... Бугарија пред 70% пораст на енергијата од ветер до 2015 Бугарија планира 70 отсто пораст на инсталираниот капацитет од ветерници до 2015, којшто се очекува да помогне во постигнување на целта на ЕУ, така што 16 проценти од енергетските потреби до 2020 година ќе бидат снабдени од обновливи извори. Оваа вест ја изложија министрите за економија и енергетика неодамна. Повеќе... Се зголемува притисокот за поголем акцент на енергетската ефикасност Групација од осум трговски асоцијации од повеќе сектори меѓукои и изолација на згради, производители на светилки, и апарати за домаќинство, повикуваат на поголем акцент на мерките за ЕЕ во планот за енергетска технологија на ЕУ. Повеќе...

РЕГИОНАЛНА МРЕЖА ЗА ЕФИКАСНО КОРИСТЕЊЕ НА ЕНЕРГИЈАТА И ВОДАТА RENEUER (www.reneuer.com)

RENEUER е формирана по иницијатива на претставници на владите, невладините организации и претпријатијата од 8 земји и тоа Албанија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Србија и Црна Гора, Македонија, Молдавија, Романија и Хрватска. Основната задача на оваа мрежа е да се ангажира за решавање на проблемите за ефикасна употреба на енергијата и водата во земјите од Југоисточна Европа. RENEUER ги дефинира основните определби во областа на ефикасното користење на енергијата и водата преку анализа на проблемите со кои се среќаваат земјите од Југоисточна Европа и можностите за нивно решавање.

Корисни web-адреси Посетете го единственото енергетско катче за деца на ЕУ адаптирано од МАЦЕФ на македонски јазик -

www.managenergy.net/kidscorner

www.energetika.com.mk – единствен портал за енергетика во Македонија www.energybusinessreports.com www.pep.org.mk www.erc.org.mk www.sustenergy.org/ www.motorchallenge.org/ www.rec.org www.energy.eu – Енергетски портал на ЕУ www.ase.org/ http://greennet.i-generation.at/ www.euractiv.com/ www.display-campaign.org/ www.energie-cites.org/ www.reeep.org www.greennetincentive.org www.europesustainableenergy.com www.eneffect.bg www.kids.evn.com.mk www.moepp.gov.mk http://ec.europa.eu/energy/index_en.html www.ri.com.mk

Манифестации

ЗЕМАК 9-11 октомври 2008, Хотел Белви, Охрид, Република Македонија Меѓународен симпозиум со фокус на следните области: - Базична енергетика и екологија - Обновливи извори на енергија - ЕЕ и заштеда на енергија, и - Менаџмент во енергетика и регулатива. Регистрирај се... 8. Меѓународна конференција за енергија од дрво 9-10 октомври 2008, Аусбург, Германија Повеќе... RENEXPO® 2008 with IHE® WoodEnergy 2008, reCONSTRUCT® and PV-EXPO® 9-12 октомври 2008, Augsburg, Германија. Повеќе Конференцијата и изложбен дел на REECO GmbH. 4-та Меѓународна конференција за гасни турбини 15-16 октомври 2008, Брисел, Белгија Иднини технологии за гасни турбини за инженери, научници, претставници на јавни институции од светот. Претставување на последни технологии, пазарни трендови и насоки за развој на технологиите за гасни турбини од аспек на корисниците. Повеќе Финансиски форум за обновлива енергија 15-16 октомври 2008, Лондон, В. Британија КОнференцијата има за цел да ги обедини инвеститорите со развивачите на проекти и повисоките раководни структури од целиот сектор на обновлива енергија и технолошките сектори со цел да им пружи на делегатите увид во послоедните технологии како и паралелни можности за вмрежување. Повеќе... 10-то Состанок за мерење и наплата/CRM Europe 22-24 октомври 2008, Амстердам Metering, billing and CRM will all be impacted upon by meeting the May 2008 target to implement new energy end-use efficiency measures.. The deployment of smart metering, mandated in the Energy Services Directive, will enable smart grids and smart homes, which will revolutionize the management of energy from its point of generation to the point of consumption. Повеќе... MoldEco - 8-ма Меѓународна специјализирана изложба 22-26 октомври 2008, Кишињев, Молдавија Технологии и опрема за заштита на животна средина Повеќе CEE Energy 2008 Увид во растечкиот енергетски пазар 30-31 октомври 2008, Истанбул, Турција Не ја пропуштајте можноста за го надополните своето образование и да стекнете предност која ќе ви обезбеди место во се поразвиениот Повеќе... енергетски пазар во годините кои следат. Нова генерација нуклеарки Од политика до имплементација 17 – 18 ноември, 2008 Chatham House, Лондон, Велика Британија

Повеќе

Обновлива енерија SEE 2008 Директна врска со енергетскиот пазар на иднината 24-ти ноември, 2008, Букурешт, Романија

Повеќе...

3-та меѓународна конференција за складирање на обновлива енергија (IRES 2008) 24-25 ноември, 2008-08-03 Берлин Повеќе... EE Global 2009 – форум и изложба 27-29 октомври 2009, Париз, Франција EE Global 2009 ќе биде место каде што ќе можете да размените информации за политиките, последните технолошки, и комерцијални крикови, што ќе поттикне партнерства и ќе развие најдобри практики, политики и стратегии за глобална имплементација. Повеќе...

Редакција: Центар за енергетска ефикасност на Македонија Главен уредник: проф. д-р Константин Димитров Редактори: м-р Македонка Димитрова- заменик гл. уредник, Игор Петрушевски дипл. маш. инж., Жарко Илиевски дипл. маш.

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте не на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52-1, 1000 Скопје, тел. 02 3090 177, 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk

65 infomacef  
Read more
Read more
Similar to
Popular now
Just for you