Page 3

ИНФОМАЦЕФ 64 Страна 3 -

Постојано следење на квалитетот на воздухот.

Доколку сте локална самоупрва, и сакате да се вклучите во манифестацијата, а Ви е потребен поискусен партнер со спроведување на активностите, МАЦЕФ со своите ресурси Ви стои на располагање.

Вести од Македонија

Поскапува природниот гас Регулаторната комисија за енергетика одлучи да ја зголеми цената на природниот гас за околу 14,4%. Новата малопродажна цена која од сега ќе ја плаќаат компаниите приклучени на гасоводната мрежа ќе изнесува 25,9 денари по нормален кубен метар. Повеќе... Се означи стартот на проектот BIOMASS ENERGY EUROPE Започна реализацијата на проектот BIOMASS ENERGY EUROPE, во рамките на FP7 програмата. BEE проектот е насочен кон хармонизација на оценувањето на ресурсите на биомаса во Европа и соседните земји. Треба да ја унапреди доследноста, прецизноста и доверливоста за оценката на биомаса, што би требало да послужи за планираната транзиција на Европа кон обновливи енергии. Англиска фирма ќе гради фабрика за согорување на отпад во Штип Претставници на англиската фирма „Вирвод“ се заинтересирани за изградба на фабрика за согорување на отпад. Со изградбата на оваа фабрика Штип треба да добие централно греење, а ќе може да користи и санитарна топла вода. Повеќе... „Ларс“ од Штип вложува во опрема за штедење на енергија Штипската компанија „Ларс“ за производство на сушен зеленчук и овошје ќе купи опрема со која ќе се намали потрошувачката на енергија за 30%. Ларс за оваа намена доби грант од 20.000 долари од АгБиз програмата на УСАИД. Повеќе... Во РЕК Битола зголемено производството на јаглен и електрична енергија Во првите шест месеци од оваа година значително е зголемено производството на електрична енергија и јаглен во рударско енергетскиот комбинат „Битола“. Оваа година произведени се 400.000 тони јаглен повеќе од лани, а воедно е зголемено и производството на електрична енергија кое за првите шест месеци изнесува 2.131.156.000 мегаватчасови. Повеќе... БАЛКАН ЕНЕРЏИ КОМПАНИ доби лиценца за тргување со електрична енергија Регулаторната комисија за енергетика додели лиценца за тргување со електрична енергија на фирмата БАЛКАН ЕНЕРЏИ КОМПАНИ регистрирана во Скопје. Ова е седма компанија која доби право на трговија со електрична енергија во РМ.Повеќе... Собранието го усвои Законот за задолжителни резерви на нафта и нафтени деривати Собранието на Република Македонија го донесе Законот за задолжителни резерви на нафта и нафтени деривати. Повеќе... РЕК Битола и руската компанија Енергомашиноградба потпишаа спогодба Рударско-енергетскиот комбинат РЕК од Битола и руската компанија Енергомашиноградба во Москва потпишаа спогодба за соработка со која се предвидува заедничка реализација на програмата за долгорочен развој на битолскиот рударскоенергетски комбинат. Повеќе...

Новости од светот Цената на сончевата енергија ќе се изедначи со фосилните горива до 2015 г.

Со континуираниот раст на цените на јагленот и природниот гас се претпоставува дека до 2015 г., енергијата добиена од овие ресурси ќе чини исто колку и енергијата добиена од сонцето, според студија објавена во јуни 2008 г. Повеќе... ЕУ напредуваат во складирањето на CO2 Министрите за животна средина на ЕУ ќе бидат задолжени да го забрзаат развојот на постројките за складирање на јаглероден двооксид. Повеќе... Енергетската ефикасност не е прифатена доволно сериозно Иако повеќето земји членки на ЕУ ги истакнаа своите акциони планови за подобрување на енергетската ефикасност во периодот 2008-2016, обврска според ЕУ законите, плановите значително се разликуваат меѓусебно, заради недостаток на координација. Повеќе... Националните планови за енергетска ефикасност недоволно јасни Анализите покажуваат дека земјите членки на ЕУ превземале „импресивен опсег на мерки“ за подобрување на ефикасноста, но и ги подвлекуваат недостатоците. Повеќето земји недоволно јасно објаснуваат како мерките се поврзани со ЕУ целите за заштеда на енергија за 9% помеѓу 2007 и 2016 г. Повеќе... Нуклеарната дебата предизвикува контроверзност Улогата која нуклеарната енергија треба да ја има во енергетиката во ЕУ беше тема на дебатата која се одржа на конференцијата во Брисел на 2 јули. На оваа конференција се расправаше за повеќе прашања, меѓу кои и финансирањето, безбедноста и справувањето со нуклеарниот отпад. Повеќе... ЕУ ќе ги усвои првите еколошки стандарди за stand-by енергија ЕУ земјите се подготвуваат да ги усвојат првите еколошки стандарди за апарати, во склоп на техничките регулативи за производи кои трошат енергија. Стандардите ќе ја уредуваат максималната потрошувачка на енергија за stand-by режим, за широк дијапазон на производи. Повеќе... „Зелена архитектура“ на новиот конференциски центар на РЕЦ Новиот конференциски центар на регионалниот еколошки центар е еден од неколкуте објекти во светот кои не произведуваат емисија на СО2, благодарејќи на ефикасниот проект и фотоволтаичните соларни ќелии. Повеќе... Европскиот парламент поддржува „трет пат“ за отворање на пазарот со гас Мнозинство од министрите од европскиот парламент се согласуваат со Германија и Франција и гласаа земјите членки да добијат опција да им дозволат на своите енергетски компании да ја задржат сопственоста врз инфрастуктурата за снабдување и дистрибуција на природен гас. Повеќе... Министрите бараат две милијарди годишно за чисти технологии Европскиот парламент се залага за формирање на значајни фондови за поттикнување на употребата на енергетски технологии кои помалку загадуваат, како дел од напорите на ЕУ за намалување на емисиите на стакленички гасови. Повеќе... „Зелените вработувања“ во пораст Како што опаѓаат вработувањата во областа на експлоатација на фосилните горива, се повеќе луѓе наоѓаат вработување во областа на обновливи извори на енергија и професии поврзани

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте не на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52-1, 1000 Скопје, тел. 02 3090 177, 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk

64 infomacef  
64 infomacef  
Advertisement