Page 1

Број 63

ЦЕНТАР ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ НА МАКЕДОНИЈА

јуни 2008

МАЦЕФ МАЦЕФ промовира енергетска ефикасност и почиста животна средина Во овој број: Õ Од уредникот Õ Активности на МАЦЕФ Õ МОМЕЕ новини Õ Новости од светот Õ Корисни web-адреси Õ Манифестации

Активности на МАЦЕФ Денови на науката на РМ во Украина Во Одеса, од 4-6 јуни во континуитетот на македонско-

OД УРЕДНИКОТ Почитувани колешки и колеги, членови на МАЦЕФ! Јуни требаше да помине како месец на организирање на парламентарниот живот, но изборите се оддолжија... Тоа не значи дека во секторот на енергетиката немаме возбудувања. Покрај Европското фудбалско првенство и новиот шампион на Европа, овој месец се карактеризира и со „шампионско“ зголемување на цената на суровата нафта на светскиот пазар. Јасно ова се пресликува во секое домаќинство со зголемување на цените на горивото за нашите автомобили, цената на услугите на Топлификација, очекувано покачување на цената на електричната енергија? Во меѓувреме го приготвуваме Правилникот за енергетска ефикасност на градежни објекти, кој треба да придонесе за смалување на потрошувачката на енергија во комуналната сфера. Примената на предложените мерки ќе обезбеди помали трошоци за енергија во станбените објекти, помали давачки на Државата за увоз на енергија. Браво за Владата и Министерството за Економија!!! МАНУ во Украина Проектот за енергетска ефикасност со посебно внимание кон фасадите продолжува Уште еден член на МАЦЕФ успешно ја заврши обуката за ЕЕ менаџер преку JICA Ги очекуваме Вашите ставови за различни теми поврзани со енергетиката, екологијата, економијата (како нераскинлива верига) како и информации за поедини активности и нови производи на нашиот пазар кои сакаме да ги промовираме на нашите страници. Посебно ќе се радуваме да ги презентираме успесите на нашите компании и поединци, евентуално и кусите рекламни пораки. Ве поздравуваме,

украинската научна соработка, се одржаа Денови на науката на Македонија во Украина. Беа презентирани реферати и истражувања од јазично и енергетско подрачје, меѓу кои и рефератот „Перспективите на користењето на обновливите извори на енергијата во Украина и Македонија“ на претседателот на МАЦЕФ, Академик Глигор Каневче и проф. д-р Љубица Каневче од Техничкиот факултет во Битола. Исто така, во енергетскиот домен беше презентиран рефератот „Енергијата и намалување на енергетската сиромаштијата во РМ“ на авторите проф. Д-р Константин Димитров, М-р Огнен Димитров и Јасминка Капац дипл.маш.инж, воедно сите членови на МАЦЕФ. Од особен значај е и откривањето на спомен плочата во чест на македонскиот преродбеник Мисирков на која пишува: „Во овој дом од 1909-1913 живеел и работел македонскиот учебникар и културно-национален деец Крсте П. Мисирков (18741928).“ Академик Гане Тодоровски (види фотографија) читаше стихови на свечениот чин. II. Состанок на работно-техничката група на Проектот ЕЕ објекти со акцент на фасадна технологија На состанокот беше претставен Германско-македонскиот

Проф. д-р Константин Димитров ЦЕНТАР ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ НА МАКЕДОНИЈА - МАЦЕФ

МАЦЕФ е доброволно научно здружение, кое што нуди услуги и стручни знаења од областа на енергетиката и заштита на животната средина во Република Македонија и пошироко. МАЦЕФ е член на меѓународната мрежа за енергетска ефикасност RENEUER (Regional Network on Efficient Use of Resources). МАЦЕФ е дел од мрежата managenergy формирана од страна на European commission DG Energy and Transport www.managenergy.net . МАЦЕФ e член на Асоцијацита на Консултантски организации. МАЦЕФ е член на БИСЕ Форумот, Motor Challenge Programme и официјален партнер на Sustainable Energy Europe 2005-2008

толковник на изрази од областа на енергетската ефикасност, за кој членовите на групата имаа конретни предлози и забелешки и истите ќе бидат вклучени во второто издание кое се планира

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте не на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52-1, 1000 Скопје, Тел. 02 3090 177 Факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk


ИНФОМАЦЕФ 63 Страна 2 да се реализира до крајот на проектот. Меѓу другото, присутните се заложија за формирање на Здружение на производители и изведувачи на контактни фасади во рамки на министерството за економија, како и критериуми и предлози за селекција на репрезентативен општествен објект на кој ќе се применат стекнатите знаења од проектот за фасадна технологија. г. Хојвизер од СТО, Австрија, го презентираше софтеверот за пресметка за економска оправданост на контактни фасади, изработен од СТО, а во соработка со проф. Д-р Марко Серафимов од Машинскиот факултет-Скопје. Фотографија: Од состанокот одржан во просториите на МАЦЕФ

Хенриета Х. Фор - администраторката и директорка на надворешната помош на САД во посета на Македонија Дводневната работна посета на Македонија, г. Фор ја заокружи со прием на кој имаше можност да дискутира за актуелни прашања со истакнати македонски стопанственици и експерти од повеќе области. Претставници од МАЦЕФ разговараа за енергетските прашања и стремежи на земјата. Приемот го подготви , г-ѓа Патриша Рајдер, директорка на мисијата на УСАИД во Македонија. Фотографија: г-ѓа Фор и проф. Д-р Димитров од МАЦЕФ Обука за ЕЕ управување во индустријата на JICA во Турција Под закрила на JICA (Јапонската агенција за меѓународна соработка), а во организација на ЕИЕ (Генералниот директорат за ел. енергија на Република Турција), од 16-29 минатиот месец се одржа семинарот „ЕЕ управување во индустријата“. На овој семинар присуствуваше претставник на Р. Македонија, на предлог на Турската амбасада во Ребублика Македонија, г. Жарко Илиевски, дипл. маш. инж., инаку член на МАЦЕФ. На овој 2-неделен курс беа разменети важни искуства од повеќе балкански и централно азиски земји по прашањето за напредокот на ЕЕ во сите нивоа на општеството, и посебно беа изнесени заклучоците дека во сите земји учеснички се потребни поцврсти и појасни законски одредби со што ЕЕ би ја остварила својата цел. Одличната организација на овој тренинг-семинар, на учесниците им понуди одлична наставна програма, како во теоретскиот така и во практичниот приод кон проблематиката.

Фотографијата: Практичната обука на учесниците во лабораторијата на Центарот за обуки на Генералниот директорат за енергетика и истражување на Турција

Европскиот клуб со конкретни чекори На средбата на приврзаниците/членовите на Европскиот клуб во Македонија на 24 јуни беше потпишан Меморандум на Македонската бизнис заедница. Работниот наслов на средбата „Кои се потребите на економијата за подобра иднина“ и меморандумот со обраќања го поткрепија г. Гинтер Офнер,

претседател на Европската бизнис асоцијација, г-ѓа Вера Рафајловска, министер во Владата на РМ, Амбасадорот Фуере и други стопанственици. Со конкретни чекори и плански развој на повеќе сектори во Македонија стопанствениците ќе ја зголемуваат конкурентноста на македонските производи и така ќе допринесат за забрзување на процесот на интеграција во ЕУ. Фотографиjа: Од средбата на Европскиот клуб

Заинтересираните колеги кои сакаат да станат активни членови на МАЦЕФ, треба да се јават на нашата адреса, за да ги добијат потребните формулари за зачленување. Колегите со поголемо искуство и резултати во оваа област, со желба да бидат внесени во меѓународниот регистер на експерти, ги замолуваме да контактираат со нас, за да им го доставиме потребниот формулар. Тоа не значи и обврска да се биде член на МАЦЕФ. Со професионален развој до подобри резултати На 11-12 јуни во Скопје Проектот за основно образование на УСАИД одржа работилница за професионален развој за 20-тина наставници од основните училишта и предавачи. На обуката учество земаа и Игор Петрушевски и Македонка Димитрова од МАЦЕФ. Новите вештини и стекнати знаења се наменети за индивидуален професионален развој на учесниците, а со цел да се обезбеди високо квалитетен, збогатен и поинвентивен наставен процес за слушателите/учениците. Целата иницијатива е поддржана и се реализира во координација со Министерството за образование и наука. Особено е значајно што низата работилници поставија, обработија и утврдија Стандарди за професионален развој кон кој треба да се придржуваат предавачите. Подготвеноста за настава, креативноста, самооценувањето и саморефлексијата се битни елементи кои преку работа во групи беа доближени до слушателите. Крајна цел на обуката е сертифицирање на обучувачи кои се истакнуваат со своите професионални способности за изведување на настава, стручност и квалитет кој го збогатува наставниот процес. По првата серија од низата предвидени обуки следи продолжување на процесот. Обуката ја подготви ПЕП, а со неа раководеше г. Џон Хенли, експерт за обуки и професионален развој од Канада. Фотографии: Од работата во групи за време на обуката

Македонска Општинска Мрежа за Енергетска Ефикасност

Сегашни членови на МОМЕЕ се општините: Сарај, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Центар, Гази Баба, Валандово, Чаир, Кочани, Ресен, Берово, Аеродром, Гевгелија и Кичево. Во најскоро време очекуваме кон неа да се приклучат и работни организации и Институции кои се вклучени во програмите поврзани со енергетската ефикасност.

Годишна членарина:

24 000 денари

DVC Серијал по повод Светскиот ден на животната средина На 5 јуни, амбасадите на САД во Кишињев, Хаг, Мадрид, Валета, Загреб и Скопје организираа видеоконференција за Алтернативна и обновлива енергија во рамки на Светскиот ден на

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте не на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52-1, 1000 Скопје, тел. 02 3090 177, 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk


ИНФОМАЦЕФ 63 Страна 3 животната средина. На двочасовната конференција раководена од Вашингтон од г. Кевин Хурст, земаа учество експерти од земјите учеснички кои имаа можност да поставуваат прашања во врска со темата како и презентациите на двајцата експерти од САД. Презентациите се сосредоточија на биогорива како и на Глобалната енергетска проценка. Проф. д-р Роберт Корел, океанограф и инженер, главен автор на IPCC проценките и добитник на Нобелова награда во 2007, се осврна на целите и намената на Глобалната светска проценка- GEA. GEA има за цел да ги истражи главните глобални предизвици и нивната поврзаност со енергијата, технологиите и ресурсите расположливи за обезбедување на енергетски услуги, идни енергетски системи кои се однесуваат на денешните поголеми предизвици, и политики и алтернативни мерки кои помагаат во зајакнување на одржливата енергетска иднина. Проценката ќе се работи во следните 3-4 години. Прашањата од учесниците начнаа и отворија повеќе можности за соработка особено во насока на збогатување на GEA, како и трансферот на знаења во областа на алтернативни енергии. Од Скопје на видеоконференцијата учествуваа екперти, претставници на бизнис секторот, Агенцијата за енергетика на РМ, а МАЦЕФ го претставуваше м-р Македонка Димитрова.

Вести од Македонија Хрвати сакаат да вложат во ветерници Хрватската фирма Дејвисон консалтинг е заинтересирана за изградба на ветерници и на фабрика за обработка на отпад во Штип. Ако се реализира инвестицијата, во Штип ќе се отворат сто работни места. Повеќе Експертите против изградбата на хидроцентралите Чебрен и Галиште Македонија повеќе губи отколку што добива ако дозволи изградба на хидроцентралите „Чебрен“ и „Галиште“ според предвидениот проект, предупредија учесниците на дебатата што ја организираше „Транспарентност - нулта корупција“. Нивната главна забелешка е дека хидроцентралите ќе ги исцрпат водните ресурси во Црноречието. Експертите посочија дека овие проблеми произлегуваат од лошите понуди за изградба на објектите, во кои не се водело сметка за интересите на сите корисници на водите. Повеќе РЕК „Битола“ доби нов багер Во рудникот Суводол раководството на „Електрани на Македонија“ и на РЕК „Битола“ го пушти во функција новиот багер „Бандваген брс 1800“. Повеќе ЕВН ќе бара зголемување на цената на ел. Енергија Австриските сопственици на ЕВН-ЕСМ до крајот на годинава ќе поднесат до Регулаторната комисија пресметки за трошоците. Повеќе ХЕЦ „Калиманци“, првата автоматизирана хидроцентрала во Македонија „ЕВН Македонија“ ја претстави ХЕЦ „Калиманци“ првата целосно автоматизирана хидроцентрала во нејзиниот систем. Автоматизацијата на ХЕЦ „Калиманци“ овозможува далечинско вклучување и исклучување во зависност од потребите на електроенергетскиот систем од диспечерскиот центар на ЕВН во Скопје. Со ревитализацијата зголемена е и инсталираната моќ на хидроцентралата која сега наместо 12,6 e со инсталирана моќност од 13,8 MW/h. Повеќе Прва лабораторија за контрола на сончеви колектори на Балканот Во Управата за хидрометеоролошки работи беше пуштен во употреба Соларниот тест центар, лабораторија во која ќе се

испитува квалитетот на сончевите колектори, прв проект од ваков тип на Балканот. Повеќе Поставени темелите на хидросистемот Злетовица До 15 август треба да почне изградбата на браната Кнежево, чиј камен-темелник беше поставен денеска. Таа е дел од изградбата на хидросистемот „Злетовица“, финасирана од Јапонската банка за меѓународна соработка. Целиот проект треба да заврши до крајот на наредната година. Вкупната вредност на „Злетовица“ е 150 мил. евра. Повеќе Штип ќе добие фабрика за рециклирање на отпад Во Штип треба да започне реализација на нов проект, изградба на фабрика за рециклирање на отпад, соопштуваат од Советот на општината. Се работи за холандска донација како вовед во развивањето на добри односи со холандскиот град Харлемер. Првата фаза треба да заврши за две години, а ако биде успешено завршена, тогаш во Штип, ќе биде изградена и фабрика за рециклирање на отпад. Повеќе

Огласи ПЛОТАЊЕ – Квалитетно и навремено

Плотање CAD цртежи до A0 формат со најсовремена апаратура за само 160 денари по метар квадратен. Виткање и пакување. За неспоменати услуги цената е договорна. Тел.: 02 3090 178 или мобил 071 276 434. ТЕРМОВИЗИЈА - СНИМАЊЕ СО ТЕРМАЛНА КАМЕРА

Снимање на објекти на терен, анализа и извештај - 36.700 илјади денари по објект. Цената може да варира во зависност од габаритот и бројот на објектите. Информации на тел.: 02 3090 177 или на мобил 070 22 85 77.

Новости од светот Ќе расте цената на ел енергија на Балканот Цената на електричната енергија на Балканот ќе расте во следните пет години, изјавува за британското издание Financial Times, Вук Хамовиќ, претседател на ЕФТ Групацијата, една од најголемите компании за трговија со електрична енергија во Jугоисточна Европа. „Регионот се соочува со се поголем трговски дефицит како резултат на се поголемата побарувачка на ел. енергија и како резултат на долгорочниот недостиг од инвестиции во нови производни капацитети. Повеќе... Ново наоѓалиште на нафта во Каспиското море Извршниот директор на најголемата приватна нафтена компанија во светот-Лукоил, Вагит Алекперов, соопшти дека резервите во нооткриеното наоѓалиште се проценуваат на 2,2 милијарди барели нафта. Повеќе... Европа повторно се враќа на нуклеарната енергија Нуклеарната енергија повеќе не е забранета ниту табу тема. Чешка на својата територија има две нуклеарни централи од кои се добива околу 30% од ел. енергија и нивната нуклеарна технологија претставува една од поразвиените во Европа. Чешката јавност со 65% дава поддршка на овој извор на енергија, па оттука тамошната влада внимателно работи на создавање на претпоставки за ширење на енергетските потенцијали за нуклеарна енергија. Повеќе...

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте не на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52-1, 1000 Скопје, тел. 02 3090 177, 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk


ИНФОМАЦЕФ 63 Страна 4 Хонда на водород влегува во сериско производство Јапонската компанија Хонда конечно почна со сериско производство на својот модел - FCX Clarity, кој како гориво користи водород, со што ја означи новата ера на еколошки автомобили. Повеќе... Лансиран нов еколошки индекс Групацијата Impax, која е специјализирана за инвестирање во еколошки проекти во соработка со групацијата FTSE, специјализирана за глобални индекси, го лансираа FTSE индексот за еколошки можности. Новиот индекс кој го сочинуваат 450 доверители, ќе ги покрива областите на алтернативни извори на енергија и енергетска ефикасност, третман на води и контрола на загадувањето, како и управување на технологии и ресурси за отпад. Повеќе... Лидерите од ЕУ се мачат со високите цени на горивата Додека лидерите од ЕУ на самитот во Брисел се подготвуваат да дискутираат за можни мерки за ублажување на кризата која настана со порастот на цената на нафтата, видни политичари инсистираат на воведување поамбициозни цели за ефикасни возила. Повеќе… ECEEE за постоечкиот систем на енергетско етикетирање Во писмо до Европската комисија, Европскиот совет за енергетски ефикасна економија – ЕСЕЕЕ ја изрази својата поддршка на постоечката скала на етикетирање од А до Г, наспроти неограничената нумеричка скала. Нумеричката скала е предложена од некои акционери-членови на работната комисија на ЕК како опција за можен редизајн на енергетската етикета. Повеќе… ЕП инсистира на разделување на енергетските гиганти Министрите во Европскиот парламент ја одбија спогодбата помеѓу ЕК и земјите членки со која големите производители на ел. енергија можат да ја задржат сопственоста над дистрибутивните капацитети под строги критериуми. Парламентот инсистира на комплетна поделба на сопственоста како „единствена опција“ за либерализација на европскиот пазар на ел. енергија. Повеќе… Министрите за наука на Г8 земјите се обврзаа на поголем развој за одржливата енергија На првиот состанок на министрите за наука и технологија на Г8 земјите се потенцираше клучната улога на науката во решавањето на глобалните проблеми. Тие се заложија за инвестирање во истражувањата за технологии за чиста енергија и заеднничка работа на нови енергетски алтернативи како фузионата енергија, фаќањето и складирање на СО2 и следната генерација на биогорива. Повеќе... Сиромашните нации напредуваат во климатските преговори на ОН Земјите во развој демонстрираа охрабрувачки знаци на напредок на последната рунда преговори за климатските промени во Бон. Интернационалните набљудувачи пак, обвинија неколку богати земји кои се и големи загадувачи за забавување на процесот. Повеќе… ЕК цели кон брзо усвојување на климатските полиси Брзото и целосно усвојување на предлозите за енергија и климатски промени на ЕК е најефективниот начин за ублажување на ефектите од зголемениот пораст на цената на нафтата, е ставот на ЕК. Повеќе... МЧР проектите десет месеци чекаат на издавање на кредити Добивањето на кредити за емисија на СО2 издадени од извршниот одбор на механизмот за чист развој (МЧР) на ОН

трае подолго од предвиденото, што предизвикува дополнителни грижи дека издадената квота ќе биде помала од очекуваното на крајот на 2012 г. Повеќе… Министрите од Европскиот парламент поддржуваат посилни планови за набавка на еколошки возила Комитетот за животна средина при Европскиот парламент гласаше во полза на поскорешна имплементација на плановите со што тие ќе станат обврзувачки за владините надлежни органи. Со оваа мерка би се обезбедило возните паркови на јавниот превоз и другите услужни возила да бидат еколошки и енергетски ефикасни. Повеќе...

РЕГИОНАЛНА МРЕЖА ЗА ЕФИКАСНО КОРИСТЕЊЕ НА ЕНЕРГИЈАТА И ВОДАТА RENEUER (www.reneuer.com)

RENEUER е формирана по иницијатива на претставници на владите, невладините организации и претпријатијата од 8 земји и тоа Албанија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Србија и Црна Гора, Македонија, Молдавија, Романија и Хрватска. Основната задача на оваа мрежа е да се ангажира за решавање на проблемите за ефикасна употреба на енергијата и водата во земјите од Југоисточна Европа. RENEUER ги дефинира основните определби во областа на ефикасното користење на енергијата и водата преку анализа на проблемите со кои се среќаваат земјите од Југоисточна Европа и можностите за нивно решавање.

Корисни web-адреси Посетете го единственото енергетско катче за деца на ЕУ адаптирано од МАЦЕФ на македонски јазик -

www.managenergy.net/kidscorner

www.energetika.com.mk – единствен портал за енергетика во Македонија www.energybusinessreports.com www.pep.org.mk www.erc.org.mk www.sustenergy.org/ www.motorchallenge.org/ www.energy.eu www.euractiv.com/ www.ase.org/ www.display-campaign.org/ www.energie-cites.org/

Манифестации

CEE Енергија од ветер 4-ти јули 2008, Варшава,Полска Многу совети, практични решенија и мрежа контакти кои можат да Ви помогнат подобро да ја реализирате работата локално мислејќи глобално. Повеќе... Обновлива енергија: Автомобили на ветер 20-23 август 2008, Ден Хелдер, Германија

Повеќе

ЗЕМАК 9-11 октомври 2008, Хотел Белви, Охрид, Република Македонија Меѓународен симпозиум со фокус на следните области: - Базична енергетика и екологија - Обновливи извори на енергија - ЕЕ и заштеда на енергија, и - Менаџмент во енергетика и регулатива. Регистрирај се... RENEXPO® 2008 with IHE® WoodEnergy 2008, reCONSTRUCT® and PV-EXPO® 9-12 октомври 2008, Augsburg, Германија. Конференцијата и изложбен дел на REECO GmbH. Повеќе 4-та Меѓународна конференција за гасни турбини 15-16 октомври 2008, Брисел, Белгија Иднини технологии за гасни турбини за инженери, научници, претставници на јавни институции од светот. Претставување на последни технологии, пазарни трендови и насоки за развој на технологиите за гасни турбини од аспек на корисниците. Повеќе Нова генерација нуклеарки Од политика до имплементација 17 – 18 ноември, 2008 Chatham House, Лондон, Велика Британија

Повеќе

Редакција: Центар за енергетска ефикасност на Македонија Главен уредник: проф. д-р Константин Димитров Редактори: м-р Македонка Димитрова- заменик гл. уредник, Игор Петрушевски дипл. маш. инж., Жарко Илиевски дипл. маш. инж.

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте не на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52-1, 1000 Скопје, тел. 02 3090 177, 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk

63 infomacef  
Read more
Read more
Similar to
Popular now
Just for you