Page 1

Број 62

ЦЕНТАР ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ НА МАКЕДОНИЈА

мај 2008

МАЦЕФ МАЦЕФ промовира енергетска ефикасност и почиста животна средина Во овој број: Õ Од уредникот Õ Активности на МАЦЕФ Õ МОМЕЕ новини Õ Новости од светот Õ Корисни web-адреси Õ Манифестации

OД УРЕДНИКОТ Почитувани колешки и колеги, членови на МАЦЕФ! Мај го привлече нашето внимание со предизборната кампања, за која мораме да се сложиме дека беше „енергична“, а колку „ефикасна“ ќе покаже времето. А ние во МАЦЕФ продолжуваме со нашите активности и ќе Ви пренесеме некои основни информации. Обврската да се обезбедат средства за нормално работење, кога од државата не примаме никаква финасиска помош, ни одзема многу време и делумно влијае и на квалитетот на нашите информации. Имаме многу повеќе детали од тоа што го презентираме. Затоа, ако некоја од кусите информации, или активности, го привлече Вашето внимание, Ве молиме јавете се, а ние ќе се обидеме да го задоволиме Вашиот интерес. Јавна расправа за Гaранции за потекло на електрична енергија од обновливи извори на енергија Толковник за ЕЕ изрази од германски на македонски јазик во редакција на МАЦЕФ Регионална проценка за обновлива енергија на УСАИДГолем регионален проект 3. Круг на обука за енергетска база за општините во финиш Ги очекуваме Вашите препораки информаторот. Ве поздравуваме,

за

идниот

број

на

Проф. д-р Константин Димитров ЦЕНТАР ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ НА МАКЕДОНИЈА - МАЦЕФ

МАЦЕФ е доброволно научно здружение, кое што нуди услуги и стручни знаења од областа на енергетиката и заштита на животната средина во Република Македонија и пошироко. МАЦЕФ е член на меѓународната мрежа за енергетска ефикасност RENEUER (Regional Network on Efficient Use of Resources). МАЦЕФ е дел од мрежата managenergy формирана од страна на European commission DG Energy and Transport www.managenergy.net . МАЦЕФ e член на Асоцијацита на Консултантски организации. МАЦЕФ е член на БИСЕ Форумот, Motor Challenge Programme и официјален партнер на Sustainable Energy Europe 2005-2008

Активности на МАЦЕФ

Излезе од печат првиот толковник на стручни изрази од германски на македонски јазик Излезе од печат првиот германско-македонски Толковник со стручни изрази од областа на енергетската ефикасност, во издание на МАЦЕФ. Автор на толковникот е г. Георги

Трајановски, интегриран експерт на CIM од Германија, кој е на двегодишен работен престој во МАЦЕФ како експерт за енергетска ефикасност. Авторот дипломирал на Архитектонскиот факултет во Скопје, Универзитет Св. Кирил и Методиј. Своето професионално усовршување и работа го продолжува во Германија. По 16 години, во 2001г. остварува соработка со ГТЗ, а во 2007 г. со ЦИМ и добива можност здобиеното знаење од областа на ЕЕ градби да го пренесе во Македонија. За поздравување е и членството на г. Трајановски во Архитектонската комора на

Берлин, како единствен македонец. „Со сè поинтензивното актуелизирање на темата енергетска ефикасност во Македонија, се потврдува проблематиката на јазичната бариера при употреба на изрази од стручна литература и тематика. Толковникот е наменет за олеснување на работата на повеќе целни групи и тоа: стручни лица од оваа област, студенти на стручни школи, преведувачи на стручна литература и пошироко.“ - вели авторот во предговорот кон изданието. Јазичната и техничката подготовка ја реализираше МАЦЕФ во соработка со ГТЗ во Македонија, додека печатењето целосно го овозможи канцеларијата на ГТЗ.

Примероци од толковникот се достапни во просториите на МАЦЕФ по симболична цена од 100 денари.

Втора сесија на проектот EAB (Energy Audit of Buildings) На 13-14 минатиот месец, на Машинскиот факултет – Скопје се одржа втората сесија на предавања од EAB проектот. На сесијата беа дефинирани целта и принципите на енергетската контрола врз јавните објекти. Исто така беа дискутирани начините на пресметка и софтверот за пресметка на енергетската потрошувачка на јавните објекти како и користењето на програмата и софтверот за економска проценка на зафатите од енергетски карактер. Предавањето, на кое учествуваа и претставници на МАЦЕФ, го водеше д-р Червилов, истакнат работник од областа на енергетиката,

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте не на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52-1, 1000 Скопје, Тел. 02 3090 177 Факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk


ИНФОМАЦЕФ 62 Страна 2 познат по својата повеќегодишна работа во полето на енергетската ефикасност во ЈИЕ, а со поддршка на ENSI (Energy Saving International AS) од Осло. На дводневната работна сесија беа презентирани искуства од западноевропските земји во областа на енергетската ефикасност и менаџирањето на истата, директивите и правилниците кои се користат во ЕУ во оваа област, како и нивна споредба со некои од правилниците во нашата земја и во земјите од поблиското опкружување. Јавна расправа за нацрт Правилник за гаранции за потекло на енергија од ОИЕ Проф. д-р Константин Димитров, претседател на научниот совет на МАЦЕФ, зема активно учество во јавната расправа која Агенцијата за енергетика на Република Македонија ја организираше со цел да добие мислење од стручњаците од областа на енергетиката, а во врска со подготовката на „Правилникот за издавање на Гаранции за потекло на енергија добиена од обновливи извори на енергија“. За оваа цел, ангажирана е консултантска компанија од Шкотска, со големи познавања и екпертиза во доменот на гаранции за потекло на енергија од ОИЕ во Европа. Се најавува дека Правилникот ќе биде подготвен во текот на летниот период и ставен на сила во најкус можен период. Работилница за ЕЕ во објекти и обновлива енергија Во Атина во месец мај, се одржа втора планирачка работилница за ЕЕ во објекти и обновливи извори во организација на УСАИД и грчка помош во доменот на енергетска соработка. На средбата се работеше насочено кон следните задачи: 1) Правна, регулаторна и рамка за политики; 2) Потенцијали на физички и технички ресурси; 3) Економска анализа и пазарен потенцијал; 4) Пример студии за финансирање и можности за финансирање. Целта на состанокот беше промоција на проектот и преглед на предложениот технички работен план за проценка на обновлива енергија на регионално ниво. Експертите од светот на поле на енергетика, меѓу кои и проф. Константин Димитров од МАЦЕФ, г. Ира Бирнбаум и Роберт Ирход од УСАИД, како главни офицери за енергетика, со своите сугестии и индивидуални проценки ќе допринесат за надополнување на претходните напори за понатамошна анализа на потенцијалот и трошоците за обновлива енергија. Проектот е “тежок“$ 8 милиони. Носител е компанијата IRG, во соработка со познатата грчка институција CRES. Проект на ЕВН за „Разумно користење на електрична енергија“ Во мај беа реализирани едукативни работилници во училиштата: „Кирил и Меродиј“Св. Николе, „Лирија“Чаир, „Илинден“-Крива Паланка и „Вук Караџиќ“-Куманово. Во рамки на дводневните обуки во ОУ „Лирија“, г. Георг Валднер,

директор на извршниот одбор на ЕВН Македонија посети дел од работилниците каде имаше можност во интеракција со учениците да се увери за придобивките од обуката, и да ја потврди заложбата на ЕВН да направи повеќе во сферата на општествената одговорност. Во II-то полугодие од учебната 2007/08, се одржаа едукативни работилници за разумно користење на енергијата и правилно ракување со ел. енергија во училишта во 37 општини во кои беа опфатени 7827 односно 3260 ученика или вкупно 313 односно 126 одделенија посетени од страна на МАЦЕФ и партнерските организации Грин пауер од Велес и Липа од Куманово. Изминатиот месец во просториите на ЕВН Македонија, во присуство на г. Валднер и уште неколку претставници на ЕВН засегнати со проектот, се организираше презентација на активностите на 4-те здруженија ли на реализација на проектот и тоа: Младински советОхрид, ЦИР-а, Планетум, Жетва на знаење и МАЦЕФ (види фотографија).Сега претстои уште една голема задача пред тимот, а тоа е планирање на следните чекори на проектот за време на летниот распуст на учениците со цел непречен и навремен старт на работилниците во новата учебна 2008/09. Заинтересираните колеги кои сакаат да станат активни членови на МАЦЕФ, треба да се јават на нашата адреса, за да ги добијат потребните формулари за зачленување. Колегите со поголемо искуство и резултати во оваа област, со желба да бидат внесени во меѓународниот регистер на експерти, ги замолуваме да контактираат со нас, за да им го доставиме потребниот формулар. Тоа не значи и обврска да се биде член на МАЦЕФ. 3. круг на обука за општините во финиш III-от Круг на обуки на МАЦЕФ за изготвување на Енергетска база на податоци за општини го завршија 6 општини меѓу кои Кочани, Чаир, Ресен, Берово, Аеродром и Валандово. За време на обуката којашто се реализираше од ноември – мај претставниците од општините се здобија со насочени знаења за прибирање на енергетски податоци за објектите и уличното осветление коишто се во нивна надлежност, како и нивно паралелно внесување во базата на податоци. За таа цел им беше доделен бесплатен софтвер специјално прилагоден на македонските услови и режим на работа на целните објекти. „ Ова е одлична можност за професионално насочување на општински кадри за препознавање на придобивки од примена на мерки за енергетска ефикасност, во услови на зголемени надлежности на општините и кусок од стручни кадри во оваа област. Обуката на МАЦЕФ претставува основа за исполнување на законската обврска на општините за изготвување на Програми за енергетска ефикасност. Општина Валандово во енергетската ефикасност (ЕЕ) согледа можност за намалување на општинскиот буџет за енергија и реинвестирање на заштедените средства во понатамошни мерки за ЕЕ. ЕЕ е голем адут за намалување на општинскиот буџет.“ – изјави Илија Матеев учесник во обуката од општина Валандово. Обуката ја спроведуваат сертифицирани енергетски контролори

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте не на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52-1, 1000 Скопје, тел. 02 3090 177, 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk


ИНФОМАЦЕФ 62 Страна 3 и гости - предавачи од релевантни области од МАЦЕФ, а софтверот го доделуваат во соработка во норвешката консултантска компанија – ЕНСИ. По оваа фаза, наесен ќе следат обуки за изготвување на Програма за ЕЕ на општината како и Акционен план за реализација на активностите согласно обврската од Законот за енергетика. За олеснета комуникација и размена на информации за расположливи фондови, пилот проекти и сл., МАЦЕФ и општините Сарај, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Центар, Гази Баба, Валандово, Чаир, Кочани, Ресен, Берово, Аеродром, Гевгелија и Кичево се вмрежени во Македонската општинска мрежа за ЕЕ – МОМЕЕ.

Македонска Општинска Мрежа за Енергетска Ефикасност

Сегашни членови на МОМЕЕ се општините: Сарај, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Центар, Гази Баба, Валандово, Чаир, Кочани, Ресен, Берово, Аеродром, Гевгелија и Кичево. Во најскоро време очекуваме кон неа да се приклучат и работни организации и Институции кои се вклучени во програмите поврзани со енергетската ефикасност.

Годишна членарина:

24 000 денари

консалтинг” г.Вито Комац истакнал дека доколку во Штип има услови за изградба на ветерници и за обработка на цврст отпад, планираат да вложат и неколку милиони евра. Градоначалникот Сарев посочи дека интерес за инвестирање во штипскиот ветер имаат неколку фирми надвор од државата, кои чекаат согласност за поставување на мерните инструменти.

Огласи ПЛОТАЊЕ – Квалитетно и навремено

Плотање CAD цртежи до A0 формат со најсовремена апаратура за само 160 денари по метар квадратен. Виткање и пакување. За неспоменати услуги цената е договорна. Тел.: 02 3090 178 или мобил 071 276 434. ТЕРМОВИЗИЈА - СНИМАЊЕ СО ТЕРМАЛНА КАМЕРА

Вести од Македонија

Нов Правилник на Регулаторната комисија за енергетика На седницата одржана на 20.05.2008 година, Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија донесе „Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за условите, начинот и постапката за издавање, менување и одземање на лиценци за вршење на енергетски дејности“. Повеќе... „Енерџи Глоуб“ за македонец Јоти Поповски, иноватор на Анаеробната станица за пречистување отпадни води е добитник на престижната награда Energy Globe. Наградата ја доделува истоимената австриска фондација под покровителство на ОН. Повеќе... Македонија на средина според Индексот на одржлива енергија на ЕБОР Македонија го зазеде 15 место од 29 земји во транзиција на новиот Индекс на одржлива енергија на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР). Индексот на одржлива енергија, кој ЕБОР го објавува за првпат, ги зема предвид институциите и пазарните инцијативи на секоја земја за имплементирање на решенија за одржлива енергија, како и нивоата на емисии на штетни гасови наспроти производството на обновлива енергија. Повеќе... Зголемен хидропотенцијалот за производство на ел. енерегија за 78% Хидропотенцијалот за производство на ел. енергија во земјава во акумулациите постигна ниво со кое можат да се произведат повеќе од 200.000 мегавати во час електрична енергија. Ова го покажале последните мерења на водостојот од 4 мај годинава, објави државната компанија МЕПСО. Повеќе... УСЈЕ единствен купувач на ноќни вишоци Цементарница Усје Скопје останува единствен купувач на ноќни вишоци електрична енергија што ги продава МЕПСО. Компанијата купила 560 мегават часа електрична енергија од што МЕПСО инкасирала над 18.000 евра. Повеќе... Хрватска фирма сака да инвестира во ветерници и фабрика за отпад Хрватската фирма „Дејвисон консалтинг” е заинтересирана за изградба на ветерници и фабрика за обработка на отпад во Штип. Ако се договори со надлежните од општината, Штип ќе добие сто нови вработувања и парно греење. Претставници на хрватската фирма се состанале со градоначалникот на Штип, г.Панде Сарев. Директорот на „Дејвисон

Снимање на објекти на терен, анализа и извештај - 36.700 илјади денари по објект. Цената може да варира во зависност од габаритот и бројот на објектотите. Информации на тел.: 02 3090 177 или на мобил 070 22 85 77.

Новости од светот

Во енергетската битка на ЕУ фокусот ставен на природниот гас Министрите на Европскиот парламент изгласаа одбивање на предложената директива за гас со која ќе им се наложи на групациите како што се Gaz de France и RWE да ги продадат своите гасоводи и резервоари со цел да поттикнат конкуренција и конкурентност на Европските пазари. Повеќе… Раководителот за климатски промени при ОН бара напредок во преговорите за климатски промени Раководителот на секретаријатот за климатски промени при ОН, г. Иво де Боер, повика светските преговарачи да постигнат договор за климатските промени до 2012 г. на следниот состанок во Германија. Повеќе... Се бара етаблирање на глобални правила за тргување со емисии на СО2 Во Брисел ќе се одржи првата конференција наменета за развој на интернационални унифицирани стандарди за глобален систем за тргување со СО2. Повеќе… Десет милиони долари награда за еколошки автомобил На годинашното автошоу во Њујорк е промовиран натпревар помеѓу иноваторите и генијалците за пронаоѓање на екоавтомобил. Станува збор за т.н. Авто Икс награда која е спонзорирана од истоимената фондација. Со години оваа фондација се обидува да ги поттикне изумителите да креираат прототип на возило т.н. зелен автомобил кој ќе користи алтернативен извор на енергија и нема да испушта штетни издувни гасови. Со промовирањето на новиот натпревар, организаторите се надеваат дека конечно ќе предизвикаат

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте не на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52-1, 1000 Скопје, тел. 02 3090 177, 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk


ИНФОМАЦЕФ 62 Страна 4 интерес, бидејќи наградата за најдобриот иноватор и модел е ни повеќе, ни помалку туку 10 милиони долари. Повеќе... Постигнат нов рекорд за ефикасност на соларните ќелии Компанијата Hoex успеа да постигне зголемување на ефикасноста на соларните ќелии на 23,2 проценти со помош на ултратенок слој (30 нанометри) на алуминиум оксид. Ова претставува зголемување на ефикасноста во конверзијата на сончевата светлина во електрична енергија за приближно 6 проценти. Повеќе… ЕУ бара поголема заштита за корисниците на енергија Загриженоста од порастот на цените на енергенсите иницираше Европската комисија да подготви ново интернет информативно катче за правата на потрошувачите, а во исто време министрите во Европскиот парламент гласаа за поголеми мерки за заштита на потрошувачите во иницијативата за либерализација на европскиот енергетски пазар. Повеќе...

РЕГИОНАЛНА МРЕЖА ЗА ЕФИКАСНО КОРИСТЕЊЕ НА ЕНЕРГИЈАТА И ВОДАТА RENEUER (www.reneuer.com)

RENEUER е формирана по иницијатива на претставници на владите, невладините организации и претпријатијата од 8 земји и тоа Албанија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Србија и Црна Гора, Македонија, Молдавија, Романија и Хрватска. Основната задача на оваа мрежа е да се ангажира за решавање на проблемите за ефикасна употреба на енергијата и водата во земјите од Југоисточна Европа. RENEUER ги дефинира основните определби во областа на ефикасното користење на енергијата и водата преку анализа на проблемите со кои се среќаваат земјите од Југоисточна Европа и можностите за нивно решавање.

Корисни web-адреси Посетете го единственото енергетско катче за деца на ЕУ адаптирано од МАЦЕФ на македонски јазик -

www.managenergy.net/kidscorner

www.energetika.com.mk – единствен портал за енергетика во Македонија

ЕУ во потрага за осигурување на снабдувачката со природен гас од блискиот исток Европскиот комисионер за енергетика г.Андри Пибалгс и комисионерката за надворешни работи г-ѓа Бенита ФерероВалднер се состанаа со претставници од Египет, Сирија, Ирак, Јордан, Либан и Турција да разговараат за идно поврзување со гасоводи. Повеќе… Европскиот парламент зазема цврст став кон авијацискиот сектор Европскиот парламент стои на својот цврст став да го вклучи авиосообраќајот во системот на тргување со СО2 пред преговорите со европскиот совет. Повеќе... Глобалниот пазар на СО2 зголемен на 64 мил. долари Глобалниот пазар на СО2 е двојно зголемен во 2007 во однос на 2006, стои во извештајот на Светската банка, но се додава и дека инвестирањето во проекти за намалување на стакленичките гасови во земјите во развој е рапидно намалено. Повеќе... Европски фонд за поддршка на климатските проекти по 2012 г. Европската банка за инвестиции и четири други јавни финансиски институции промовираа фонд од 125 мил. евра за инвестирање во проекти за чиста енергија, кои ќе генерираат кредити за СО2 по 2012 г. Целта е да се поддржи пазарната вредност на еколошките проекти, а воедно и намалување на несигурноста околу актуелната форма која ќе ја има тргувањето со СО2 по 2012 г. Повеќе... ЕУ пред испит за завршување на нуклеарното„табу“ Новоформираниот Европски нуклеарен енергетски форум се сретна по врот пат минатион месец и италијанската нова влада најави дека ќе го заврши дводекадниот мораториум за изградба на нова постројка за она што широко се верува дека ќе биде „нуклерана“ ренесанса во ЕУ. Повеќе... Проектите за „Чист развој“ под сомнеж Нови докази се појавуваат дека дури две третини од проектите финансирани во рамки на Механизмот за чист развој (CDM) на ОН не треба да се кредитираат за намалување на емисиите на стакленички гасови туку... Повеќе... Нафтената индустрија и ЕУ промовираа еко-кампања за возење Четириесет и две нафтени компании и Европската комисија ја промовираа во Брисел, ЕУ кампањата за промоција на поефикасно возење. Памфлети со десет совети за заштеда на гориво и намалување на јаглеродни емисии ќе бидат поделени на повеќе од 45,000 бензински станици во 29 земји на ЕУ. Повеќе...

www.energybusinessreports.com www.pep.org.mk www.sustenergy.org/ www.energy.eu www.ase.org/ www.energie-cites.org/

www.plasticrecycling.org.mk/ www.motorchallenge.org/ www.euractiv.com/ www.display-campaign.org/ www.erc.org.mk

Манифестации

CEE Енергија од ветер 4-ти јули 2008, Варшава,Полска Многу совети, практични решенија и мрежа контакти кои можат да Ви помогнат подобро да ја реализирате работата локално мислејќи Повеќе... глобално. Нова генерација на нуклеарни постројки Од политика до имплементација 17 -18 ноември 2008, Чатнам Хаус, Лондон, Велика Британија Регистрирајте се... Обновлива енергија: Автомобили на ветер 20-23 август 2008, Ден Хелдер, Германија Повеќе ЗЕМАК 9-11 октомври 2008, Хотел Белви, Охрид, Република Македонија Меѓународен симпозиум со фокус на следните области: - Базична енергетика и екологија - Обновливи извори на енергија - ЕЕ и заштеда на енергија, и - Менаџмент во енергетика и регулатива. Регистрирај се... RENEXPO® 2008 with IHE® WoodEnergy 2008, reCONSTRUCT® and PV-EXPO® 9-12 октомври 2008, Augsburg, Германија. Конференцијата и изложбен дел во организација на REECO GmbH. Повеќе 4-та Меѓународна конференција за гасни турбини 15-16 октомври 2008, Брисел, Белгија Иднина на технологијата за гасни турбини за инженери, научници, претставници на јавни институции од Европа, Азија и САД. Ќе бидат претставени последни технологии, пазарни трендови и насоки за развој на технологиите за гасни турбини од гледиште на корисниците. Повеќе

Редакција: Центар за енергетска ефикасност на Македонија Главен уредник: проф. д-р Константин Димитров Редактори: м-р Македонка Димитрова- заменик гл. уредник, Игор Петрушевски дипл. маш. инж., Жарко Илиевски дипл. маш. инж.

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте не на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52-1, 1000 Скопје, тел. 02 3090 177, 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk

62 infomacef  
Read more
Read more
Similar to
Popular now
Just for you