Page 1

Број 61

ЦЕНТАР ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ НА МАКЕДОНИЈА

април 2008

МАЦЕФ МАЦЕФ промовира енергетска ефикасност и почиста животна средина Во овој број: Õ Од уредникот Õ Активности на МАЦЕФ Õ МОМЕЕ новини Õ Новости од светот Õ Корисни web-адреси Õ Манифестации

OД УРЕДНИКОТ Почитувани колешки и колеги, членови на МАЦЕФ! Овој месец беше богат со наши меѓународни активности. На покана на Министерството за надворешни работи на Германија, преку амбасадата во Скопје, беше организиран престој за Г-дин Атанас Србовски, директор на Агенцијата за енергетика и Проф. Константин Димитров. Покрај посетата на Министерствата за надворешни работи, Економија, Заштита на човековата околина и Државната агенција за енергетика беше реализирана посета со извонредна размена на податоци и со мали успешни компании од сферата на енергетската ефикасност и обновливите извори на енергија. Исто така, реализирана е и посета на Институтот во Петен (Холандија) со тематика Biosinergy. Посета на Холандија во Институтот за биосуровини Посета на Германија на претставници на Агенцијата за енергетика и МАЦЕФ Презентација на проектна инвестиција за производство на биомасло од фитопланктони Се развива програмот за обука преку забава на најмладите во градинките Ги очекуваме Вашите ставови за различни теми поврзани со енергетиката, екологијата, економијата (како нераскинлива верига) како и информации за поедини активности и нови производи на нашиот пазар кои сакаме да ги промовираме на нашите страници. Посебно ќе се радуваме да ги презентираме успесите на нашите компании и поединци, евентуално и кусите рекламни пораки. Ве поздравуваме

Проф. д-р Константин Димитров ЦЕНТАР ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ НА МАКЕДОНИЈА - МАЦЕФ

МАЦЕФ е доброволно научно здружение, кое што нуди услуги и стручни знаења од областа на енергетиката и заштита на животната средина во Република Македонија и пошироко. МАЦЕФ е член на меѓународната мрежа за енергетска ефикасност RENEUER (Regional Network on Efficient Use of Resources). МАЦЕФ е дел од мрежата managenergy формирана од страна на European commission DG Energy and Transport www.managenergy.net . МАЦЕФ e член на Асоцијацита на Консултантски организации. МАЦЕФ е член на БИСЕ Форумот, Motor Challenge Programme и официјален партнер на Sustainable Energy Europe 2005-2008

Активности на МАЦЕФ Посета на висок претставник од ЦИМ –Германија Во рамките на посетата на г-ѓа Карин Рау, координатор на ЦИМ (Меѓународен центар за миграции) за балканските земји на Македонија, МАЦЕФ ѐ врачи благодарница. Таа несебично вложи напори МАЦЕФ да биде вклучен во јавноприватниот проект за „Енергетска ефикасност во згради со акцент на фасадна технологија“, препознавајќи капацитети во МАЦЕФ подготвени да одговорат на предизвикот. На средбата во МАЦЕФ, меѓудругото, стана збор за досегашните активности на г. Георги Трајановски, интегриран експерт за ЕЕ на ЦИМ во МАЦЕФ и понатамошните можности за развој на соработката. Работилница за „Напредни концепти за биорафинерии – “изведливост и практична примена“ Во рамките на проектот „Интегриран проектен конзорциум за биосинергија“ се одржа работилница во април во Петен, Холандија. По воведните презентации следеа презентациите на учесниците од Бугарија, Романија, Хрватска, Македонија, Турција, Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Србија, а г-ѓа Виолета Кецкаровска имаше изложување за „Потенцијалите за развој на биорафинерискиот концепт во Македонија“. Од МАЦЕФ, стучен придонес кон работилницата даде г-ѓа Јасминка Димитрова-Капац. Биосинергија е комбинација од изразите, биомаса-пазарно конкурентна и пријателски насочена кон околината, и синтеза на биопроизводство на хемикалии, материи и производство на дополнително производство на енергија. Оваа енергија може да се користи како гориво за транспорт, производство на енергија и производство на топлинска енергија преку примена на концептот на биорафинерии, коишто користат напредни технологии на фракција и конверзија, комбинирајќи биохемиски и термохемиски реакции. Почетната фаза на активноста е преку лабораториски испитувања да се спроведе демо-проект, кој ќе служи како понатамошна основа за поголеми постројки кои ќе ги здружат во поголеми рамки индустриското производство на горива, хемикалиите, енергијата и топлината користејќи отпадна биомаса. Проектниот буџет изнесува 13.4 милиони евра, а финансиски е поддржан од Шестата рамковна програма за истражување и технолошки развој на Европската заедница. Проектот започна со реализација во јануари 2007 и ќе трае до 2010. На работилницата се разменија ставови, сознанија и информации во врска со потенцијалот за биорафинерии во новите земји членки на ЕУ, земји кандидатки на ЕУ и потенцијалните земји кандидатки на ЕУ. Овие земји се идентификувани како земји со голем потенцијал за имплементација на овој концепт имајќи предвид дека истите имаат голема површина на земја по глава на жител, ниско производство на биогорива и голема зависност

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте не на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52-1, 1000 Скопје, Тел. 02 3090 177 Факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk


ИНФОМАЦЕФ 61 Страна 2 од увоз на енергенси во споредба со постарите земји членки на ЕУ. Навики за разумно користење енергија и вода во градинката „Орце Николов“ во општина Карпош МАЦЕФ за децата од големата група во градинката „Орце Николов“ реализираше едукативна работилница на тема „Разумно користење на енергија и вода“, како продолжение на пилот проектот за воведување на образовна материја во јавните детски установи со цел создавање идни енергетски свесни граѓани. Преку навиките на „Семејството Зеленковски“ тие интерактивно ги следеа советите за разумно користење и потоа дел од нив применија во кујната, тоалетите и занималните во градинката. Целта е тие и во своите домови да ги применуваат овие совети. Воспитувачкиот кадар од трите градинки (клонови) присуствуваше на обуката и се заложи дека и понатаму ќе настојува да ги вкорени овие корисни навики кај следните генерации кои минуваат низ градинките. Две раболитници се предвидени за месец мај. Работна посета на Германија на МАЦЕФ и Агенцијата за енергетика на Република Македонија (АЕРМ) На покана на Државна канцеларија за надворешни работи, а во организација на Гете – Институтот, г. Атанас Србовски директор на АЕРМ и проф. д-р Константин Димитров, заменик градоначалник на Град Скопје и претседател на научен совет на МАЦЕФ беа во еднонеделна посета на Германија. Меѓудругите, тие остварија состаноци со г. Томас Мултхоп, заменик раководител на одделението за енергетска политика во Министерството за економија и технологија; г. Ханс Дитер Стил, раководител на одделението за билатерална Ротациони фотонапонски соработка во Министерството за панели од 7.5 до 9 KW животна средина, заштита на природата и нуклерна безбедност и г. Елблинг, комисионер за меѓународна енергетска политика, глобализација и одржлив развој во Државната канцеларија за надворешни работи; д-р Кристина Ворлен, шеф на оддлението за обновливи енергии во ДЕНА- Германската агенција за енергетика; д-р Уве Хартман вице-претседател на Германската асоцијација за сончева енергија и германскиот огранок на Меѓународното друштво за сончева енергија. На терен ги посетија постројката за согорување на смет на Комуналното претпријатие на Берлин, Паркот за ветерници, Био енергетското село- Juehnde, како и постројката за биогас во Fürstenwalde каде што водеа разговори за можно спроведување на проектот во Македонија.

Во рамки на посетата учествуваа на конференција за „Иднината на електраните и мрежите“ на Светскиот енергетски дијалог која се одржа во саемскиот центар во Хановер, од 2223 април 2008. Конференцијата беше насочена кон мегатрендовите во енергетските истражувања и индустријата во периодот до 2030г., децентрализираното производство и раководење со енергија, како и меѓународните стратегии и политики за безбедност на енергетски набавки и енергетски партнерства. Проект на ЕВН за „Разумно користење на електрична енергија“ Во април едукатори на МАЦЕФ и партнерот Грин пауер од Велес одржаа едукативни работилници за разумно користење на енергијата и правилно ракување со електрична енергија во училишта од Кратово, Могорче, Горно и Долно Косоврасти и Пробиштип. На фотографијата се задоволните ученици од ОУ „Браќа Рамиз и Хамид“ од општината Шуто Оризари. Заинтересираните колеги кои сакаат да станат активни членови на МАЦЕФ, треба да се јават на нашата адреса, за да ги добијат потребните формулари за зачленување. Колегите со поголемо искуство и резултати во оваа област, со желба да бидат внесени во меѓународниот регистер на експерти, ги замолуваме да контактираат со нас, за да им го доставиме потребниот формулар. Тоа не значи и обврска да се биде член на МАЦЕФ. Проект за Основни училишта PEP –USAID Во текот на месец април, работната група на компонентата за обнова на училишта со акцент на енегетската ефикасност го оценуваше и донесување одлуки за квалитетот пристигнатите технички понуди за обнова на училиштата согласно вториот повик за техничка поддршка на обнова на училишни згради. Во неколку училишта од сите краеви на Македонија во тек е замена на стари прозорци со нови. Се очекува сите планирани активности да завршат пред почетокот на наредната 2008/09 училишна сезона со што на учениците ќе им се обезбедат поквалитетни услови за работа.

Македонска Општинска Мрежа за Енергетска Ефикасност Сегашни членови на МОМЕЕ се општините: Сарај, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Центар, Гази Баба, Валандово, Чаир, Кочани, Ресен, Берово, Аеродром, Гевгелија и Кичево. Во најскоро време очекуваме кон неа да се приклучат и работни организации и Институции кои се вклучени во програмите поврзани со енергетската ефикасност.

Годишна членарина:

24 000 денари

Вести од Македонија

Готов 400 kW далекувод кон Бугарија Македонија го изгради 400 kW далновод од Штип до македонско-бугарската граница, кој ќе биде пуштен во употреба кога и Бугарија ќе ја обезбеди потребната инфраструктура за електроенергетско поврзување. Од МЕПСО соопштуваат дека на трасата долга 71,2 км се поставуваат алуминиумскочелични јажиња за пренос на ел. енергија. Далноводот поминува низ општините Штип, Пробиштип, Кратово и Крива Паланка. Изградбата беше започната во 2006г., а го изведуваше германскиот САГ. Овој капитален проект е финансиран од кредитна линија на ЕБОР со 29,5 милиони евра. МЕПСО за една година доби два 400 kW далновода, кон Грција

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте не на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52-1, 1000 Скопје, тел. 02 3090 177, 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk


ИНФОМАЦЕФ 61 Страна 3 и кон Бугарија. Овој далновод е од огромно значење за стабилноста на системот и за снабдувањето со струја. Ова е прва 400 kW врска на исток и ќе ги замени постојните 110киловолтни далноводи - велат во МЕПСО. Повеќе... г. Трифун Костовски прими Награда за филантропија Оваа година за прв пат во Република Македонија беа доделени годишни Награди за Филантропија со кои им се оддава признание на граѓаните, препријатијата и граѓанските организации кои се истакнале со свој филантропски ангажман во насока на подобрување на квалитетот на живеење на граѓаните и го дале најголемиот придонес за поттикување на филантропијата во Македонија во организација на ЦИР-а и УСАИД. Добитник на наградата во категоријата за индивидуална филантропија е г. Костовски. Добитниците на наградите се добиени преку процес на номинирање, во период од 5-31 март 2008 г., од страна на граѓани, препријатија, јавни институции, здруженија на граѓани и фондации во РМ. МАЦЕФ ги подготви материјалите и го номинираше г. Костовски. За вкупно пристигнатите 37 номинации во четири категории, одлучуваше шестчлено жири, составено од преставници на бизнис заедницата, медиумите, естрадата, граѓанските организации и експерти од земјава, кои во процесот на одлучување, се водеа од воспоставените критериуми кои беа објавени во процесот на номинирање. Повеќе на www.cira.org.mk

Комерцијални огласи ПЛОТАЊЕ – Квалитетно и навремено

Плотање CAD цртежи до A0 формат со најсовремена апаратура за само 160 денари по метар квадратен. Виткање и пакување. За неспоменати услуги цената е договорна. Тел.: 02 3090 178 или мобил 071 276 434. ТЕРМОВИЗИЈА - СНИМАЊЕ СО ТЕРМАЛНА КАМЕРА

Снимање на објекти на терен, анализа и извештај - 36.700 илјади денари по објект. Цената може да варира во зависност од габаритот и бројот на објектотите. Информации на тел.: 02 3090 177 или на мобил 070 22 85 77. Средба на членовите на „Европскиот клуб“ На втората средба на приврзаниците на „Европскиот клуб“ со свои презентации во насока на потребните чекори и активности за влез во ЕУ се претставија Н.Е. Алан Брајан, амбасадор на Република Словенија и Н.Е. Ерван Фуере, амбасадор на Делегацијата на европската комисија во Македонија. Дискусиите се развиваа во насока на искуствата на Словенија и како можеме ние истите да ги примениме особено во делот на расположливоста и користењето на професионални совети и

услуги од експерти и здруженијата на граѓани во процесот на подготовка на подзаконски акти за техничките области. Меѓу присутните имаше пратеници, претставници на политички партии, бизнисмени и здруженија на граѓани како што е МАЦЕФ. Клубот е неформална платформа чија цел е промоција на европски вредности на национално ниво и контакти на заинтересираните со компании, институции и претставници на владите на земјите-членки на Европската Унија. Четири часа еко-забава и едукација во „Селото за рециклирање“ Граѓаните на Македонија го прославија Денот на Планетата Земја - 22 Април, во „Селото за рециклирање“, поставено во центарот на Скопје, каде се беше во знакот на зелената и жолтата боја, еколошки материјали, рециклирање на пластика, хартија и стакло. Децата од клубовите за рециклирање од вкупно четири општини преку игра, забава, музика и театар ја пренесоа пораката - Собирај ПЕТ за подобар свет. Преку нивните цртежи и макети изложени во куќички направени од природни материјали, посетителите се запознаа со сите фази на рециклирањето и учеа како треба да се заштитува средината во која сите живееме. Во централниот дел на селото, беа изложени 120 цртежи, а во сликарското атеље секој можеше да остави свој печат и да напише своја еко порака. Иницијатор на екоселото беше Проектот на УСАИД за рециклирање на пластика, а организатор агенцијата Feedback. Повеќе... Манифестација „Освежи се“ Прославата на денот на кралицата - националниот празник на Кралството Холандија започна со симболично одбележување на почетокот на изградбата на велосипедска патека во должина од 1,5 километар и велосипедска парада низ скопските улици. Централно место во прославата, што оваа година првпат се организира, е велосипедот како симбол на здрав, еколошки, модерен начин на превоз и белег на холандското општество. Се надеваме дека ова превозно средство се повеќе ќе го среќаваме на нашите улици, а истовремено апелираме до нашите граѓани посовесно да се однесуваат кон велосипедистите и паркираните велосипеди на локации низ градот. Повеќе...

Новости од светот

Грција потпиша договор за гасоводот со Русија Рускиот претседател Владимир Путин го заокружува мандатот со договор за гасоводот „South Stream“ кој се смета за ривал на гасоводот „Набуко“ оринетиран кон ЕУ бидејќи има за цел да ја намали зависноста на Европа од рускиот гас. Грчкиот премиер Караманлис потпиша договор со Русија за почеток на изградбата на гасоводот „South Stream“ што не оди во прилог на фаворизираниот Набуко од ЕУ. „South Stream“ е промовиран во 2007 од италијанската ЕНИ и рускиот Газпром. Дизајниран е да пумпа 30 милијарди m3 руски гас годишно во кон Европа, под Црното Море преку Бугарија, Грција, Србија и Хрватска до

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте не на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52-1, 1000 Скопје, тел. 02 3090 177, 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk


ИНФОМАЦЕФ 61 Страна 4 Италија. Се планира, една делница да мине низ Унгарија, која неодамна се вклучи кон проектот, и да ја поврзе и Австрија. Публикувани индикаторите за животна средина на ЕУ – 2008 Европската комисија ги објави 10-те индикаторите за животна средина кои ги отсликуваат трендовите релевантни за приоритетните области од VI-та Акционата програмата на ЕУ за животна средина, и тоа климатски промени, природа и биодиверзитет, животна средина и здравје, и природни ресурси и смет. Ова се основни индикатори за постигнување на добросостојба и просперитет за нас и идните генерациите, а ги укажуваат дека во однос на поставените цели се направени мали придвижувања, со исклучок на еден индикатор којшто посочува на позитивен напредок кон постигнување на целите на ЕУ. Подолу е направен избор од приказите на индикаторите за комунален смет и електрична енергија добиена од обновливи извори. Комунален смет М и л и о н и

Рециклиран и компостиран Согорен Депониј

т о

„Ангажирање на чинителите и граѓаните во Вашата локална енергетска политика – сврти нова страница“. Присутните од новите земји членки, Хрватска и Украина се интересираа за можностите за реплицирање на концептот за енергетски Форум во нивните земји и интеграција на партиципативен пристап за идни иницијативи и проекти. Концептот за Форумот BELIEF беше составен дел од Годишното собрание на Energie-Cités каде градовите Modena, Heidelberg, Almada, Frankfurt, Rennes и други ги презентираа нивните искуства за динамични и интерактивни форуми.

Комерцијална презентација

РЕГИОНАЛНА МРЕЖА ЗА ЕФИКАСНО КОРИСТЕЊЕ НА ЕНЕРГИЈАТА И ВОДАТА RENEUER (www.reneuer.com)

RENEUER е формирана по иницијатива на претставници на владите, невладините организации и претпријатијата од 8 земји и тоа Албанија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Србија и Црна Гора, Македонија, Молдавија, Романија и Хрватска. Основната задача на оваа мрежа е да се ангажира за решавање на проблемите за ефикасна употреба на енергијата и водата во земјите од Југоисточна Европа. RENEUER ги дефинира основните определби во областа на ефикасното користење на енергијата и водата преку анализа на проблемите со кои се среќаваат земјите од Југоисточна Европа и можностите за нивно решавање.

Корисни web-адреси Посетете го единственото енергетско катче за деца на ЕУ адаптирано од МАЦЕФ на македонски јазик -

www.managenergy.net/kidscorner

Во 2007 г., 27-те земји на ЕУ достигнале 255t мил. комунален смет што е дури 13% повеќе во споредба со 1995г. Некои земји како Германија, Холандија, Шведска, Данска и Белгија сосем го намалиле сметот за сметка на Р. Чешка, Полска и Литванија каде повеќе од 90% комунален отпад се испраќа во депониите. Данска има најголем удел во количеството на согорен сметот дури 55%. Добиената енергија при согорување полека бележи раст и во 2005 се добило енергија еднаква на околу 9.8t мил. нафтен еквивалент т.е. производство на примарна енергија во споредба со 0.6% во 1995. Енергија добиена од обновливи извори

Заложбите на Европа се да произведат 21% од целокупната енергија од обновливи извори до 2010 г., тој удел во 2005 бил 14% како и во 2004-тата. За период од 15 години тој бележи пораст од само 2.1%. Австрија и Шведска денес произведуваат повеќе од 50% енергија од ОИЕ, Данска 28%, но тоа е далеку од заедничката заложоба на ЕУ за постигнување на 20%. Новите земји членки од ОИЕ произвеле дури 10.7% енергија( од вкупно произведената) што се должи на големиот отскок на Романија на 35% во 2005 наспроти 29.9% во 2004. Целосниот извештај може да се превземe од www.energy.eu Конференција на проектот BELIEF На конференцијата што се одржа од 9-11 април во Корк, Ирска се разменија искуства и идеи, пријателски дускусии за локалните енергетски Форуми и се презентираа постигнатите резултати од страна на проектните партнери. Исто така, беа претставени видео материјали за два града (Heidelberg и Dunkirk) кои служат за добри примери за промовирање на одржлива енергија на локално ниво и прирачник насловен

www.pep.org.mk www.plasticrecycling.org.mk/video/PET-Usaid-Macedonian.wmv www.sustenergy.org/ www.motorchallenge.org/ www.energetika.com.mk www.energy.eu www.euractiv.com/ www.ase.org/ www.display-campaign.org/ www.energie-cites.org/ www.erc.org.mk

Манифестации Самит за енергија и алтретнативна енергија Повеќе 10 -12 јуни, Пекинг, Кина Течни транспортни горива од биомаса: размисли за технологии и политики 16-20 јуни 2008, Кембриџ, САД Курс за мерливост на влијанијата од енергетската безбедност, емисијата на стакленички гасови, како и подигнувањето на конкуренцијата помеѓу храната и горивата, наменет за инженери, истражувачи, раководители и креатори на политики. Повеќе Регионална конференција за Индустриска енергија и заштита на животна средина во Југоисточна европа - 2008 24-27 јуни 2008, Србија, Златибор Во организација на Друштвото на термални инженери на Србија и државната Агенција за енергетика. Ќе се фокусира на заедничките проблеми во насока на ЕЕ и ж. средина како резултат на застарената машинерија со ниска стапка на ЕЕ во пресрет на економиите со отворени пазарни можности. Повеќе Настан за проекти за МЧР и јаглеродни кредити 27 јуни 2008, Амстердам, Холандија Потенцијали за развој на проекти во Бразил. Повеќе Обновлива енергија: Автомобили на ветер 20-23 август 2008, Ден Хелдер, Германија Повеќе RENEXPO® 2008 with IHE® WoodEnergy 2008, reCONSTRUCT® and PV-EXPO® 9-12 октомври 2008, Augsburg, Германија. Конференцијата и изложбен Повеќе дел во организација на REECO GmbH. 4-та Меѓународна конференција за гасни турбини 15-16 октомври 2008, Брисел, Белгија Иднина на технологијата за гасни турбини за инженери, научници, претставници на јавни институции од Европа, Азија и САД. Ќе бидат претставени последни технологии, пазарни трендови и насоки за развој на технологиите за гасни турбини од гледиште на корисниците. Повеќе

Редакција: Центар за енергетска ефикасност на Македонија Главен уредник: проф. д-р Константин Димитров Редактори: м-р Македонка Димитрова- заменик гл. уредник, Игор Петрушевски дипл. маш. инж., Жарко Илиевски дипл. маш. инж.

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте не на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52-1, 1000 Скопје, тел. 02 3090 177, 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk

61 infomacef  
Read more
Read more
Similar to
Popular now
Just for you