Page 1

Број 60

ЦЕНТАР ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ НА МАКЕДОНИЈА

март 2008

МАЦЕФ МАЦЕФ промовира енергетска ефикасност и почиста животна средина Во овој број: Õ Од уредникот Õ Активности на МАЦЕФ Õ МОМЕЕ новини Õ Новости од светот Õ Корисни web-адреси Õ Манифестации

OД УРЕДНИКОТ Почитувани колешки и колеги, членови на МАЦЕФ! Почитувани колешки и колеги, членови на МАЦЕФ! Месец март не’ преокупираше скоро сите со дискусиите за можноста Македонија да биде прифатена од НАТО како рамноправен член, можна комбинација да добиеме “условна покана“ и т.н. Многу енергија се вложи во однос на овој вителен проблем за самобитноста на Македонците, па дури се стави во втор план “енергетската ефикасност“. Но, животот се одвива нормално и понатаму, а енергетиката и цената на енергијата се жешка тема (покрај претседателските предизборни активности за Американците). Цената расте, влијае на нивото на инфлацијата во Македонија, а уште повеќе на стандардот на граѓаните. Електричната енергија е роба и си има своја цена. Секој ќе мора да ја плати, без обѕир дали е тоа државна институција, министерство или Арачиново. Се очекува април да биде политички турбулентен, (со или без НАТО). Ги очекуваме Вашите ставови за различни теми поврзани со енергетиката, екологијата, економијата (како нераскинлива верига) како и информации за поедини активности и нови производи на нашиот пазар кои сакаме да ги промовираме на нашите страници,

Проф. Д-р Константин Димитров ЦЕНТАР ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ НА МАКЕДОНИЈА - МАЦЕФ

МАЦЕФ е доброволно научно здружение, кое што нуди услуги и стручни знаења од областа на енергетиката и заштита на животната средина во Република Македонија и пошироко. МАЦЕФ е член на меѓународната мрежа за енергетска ефикасност RENEUER (Regional Network on Efficient Use of Resources). МАЦЕФ е дел од мрежата managenergy формирана од страна на European commission DG Energy and Transport www.managenergy.net . МАЦЕФ e член на Асоцијацита на Консултантски организации. МАЦЕФ е член на БИСЕ Форумот, Motor Challenge Programme и официјален партнер на Sustainable Energy Europe 2005-2008

Активности на МАЦЕФ Технички семинар на WOLF На 11-ти и 12-ти март во Белград под покровителство на компанијата BEOHAMEX од Србија, генерален застапник на

производите на германската фирма WOLF, се одржа стручен семинар со следните теми: 1. Големи котли 450кW до 5,8 кW, кондензациона и топловодна технологија; 2. Хидраулика на големи котли; 3. Регулација на големи котли. Предавачот, г. Јürgen Selbach, од фирмата WOLF имаше извонредно излагање кое беше спој на врвното знаење и долгогодишно искуство на ова поле, презентација од големо значење за сите кои работат на полето на енергетиката, особено за младите кадри кои се на почетокот на нивниот

работен век. Од Македонија земаа учество: МАЦЕФ (г. Игор Петрушевски, дипл.маш.инж., прв од лево кон десно), AD Македонијапроект, Градежен институт Македонија и др. Проект за изработка на енергетски пасоши на ЕНСИ Норвешката консултатска компанија – ЕНСИ (Energy Saving International), ја продолжува работата во Македонија, со започнувањето на нов проект за Енергетска контрола на објекти. Целта е да се обучат лица кои понатаму индивидуално ќе можат да изработуваат енергетски контроли наменети за подготвување на енергетски пасоши за објекти. Проектот локално го координира проф. д-р Марко Серафимов, Машински факултет-Скопје, а во него земаат учество околу 15-тина лица, и тоа: студенти од машинскиот факултет, МАЦЕФ, Агенција за енергетика на РМ, АД Топлификација, Архитектонски факултет, Тимел и други. Составот е проширен за разлика од претходните две фази, кога се обучуваа енергетски контролори за објекти и улично осветление. Во планот на имплементација предвидена е изработка на енергетски контроли на објекти за потребите на изготвување на енергетски пасоши за истите на принцип на кофинансирање од страна на клиентот.

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте не на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/51-2, 1000 Скопје, Тел. 02 3090 177 Факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk


ИНФОМАЦЕФ 60 Страна 2 Проект на ЕВН за Разумно користење на ел. енергија Во текот на изминатиот месец беа реализирани едукативни часови во 4 училишта од кои 3 во Скопје и едно во Тетово од страна на МАЦЕФ. Имавме чест во ОУ Гоце Делчев (бившо Ленин), Скопје на работилниците да присуствуваат м-р Георг Валднер, претседател на Управен одбор на ЕВН Македонија АД и проф. др. Константин Димитров, претседател на научен одбор на МАЦЕФ. Учениците во ова, како и во другите посетени училишта, беа пресреќни за подароците и едниот поинаку реализиран час. Пред завршувањето на работилниците во сите училишта се прават фотографии кои може да се прегледаат на www.kids.evn.com.mk. Уживајте во насмевките! ППП проектот „Енергетски ефикасно градење со акцент на фасадна технологија“ - во тек Во месец март интензивно се работеше на финализирање на германско – македонски Толковник на стручни изрази од областа на енергетската ефикасност кој ќе биде издаден за потребите на Проектот „Енергетски ефикасно градење со акцент на фасадна технологија “ и пошироко. Во услови на зголемена потреба од технички термини од областа на архитектурата и градежништвото, а кои се во врска со енергетската ефикасност, првото издание на Толковникот ќе биде добредојено помеѓу повеќето целни групи. Исто така, ќе биде од голема помош на сите учесници во проектот. Толковникот е работен на начин да обезбеди лесно пребарување на изразите со цел да им излезе пресрет и на најизбирливите корисници на овј тип на литература. ГТЗ со техничка поддршка од МАЦЕФ, а на иницијатива на г. Георги Трајановски, ЦИМ-ИФ експерт за енергетска ефикасност во МАЦЕФ ја реализираат оваа активност. Повеќе за деталите за Толковникот, читајте во следниот број на Инфо Мацеф. Јавна дебата на ЕБОР На 28 март во Белград, Србија се одржа јавна дебата по повод ревидираната нацрт политика на ЕБОР за животна средина и социјални прашања, Политиката за јавно информирање како и Механизмот за независни ресурси. Дебати, на кои своите мислења и коментари по политиките имаа можност да ги искажат невладините организации од сите земји во кои е присутен ЕБОР, беа одржани на неколку локации, и тоа: Будимпешта, Москва, Лондон, Тбилиси и Бишкек. Белград беше домаќин на НВО-ии од Македонија (МАЦЕФ, ЦРПМ и Здружение за заштита на деца и новинари), Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска и Црна Гора. Пред високите претставници од ЕБОР беше истакнато дека НВО-ии се расположени за соработка, но дека е потребен пофокусиран и проактивен пристап на локалните канцелации во земјите на делување на ЕБОР. Начинот и методите на информирање на НВО–ии за одредени активности да се унапреди, и да се развие поблиска соработка, бидејќи нивните ресурси секогаш се добредојдени во услови на резидентни канцеларии во ограничен број на човекови ресурси. Од целодневното дебатирање произлегоа многу сугестии и размисли за комплетирање и понатамошно оформување на

предмет-документите. На 30 септември 2007, Банката во Македонија бележи портфолио од 36 потпишани проекти во висина од 415 милиони евра. Заинтересираните колеги кои сакаат да станат активни членови на МАЦЕФ, треба да се јават на нашата адреса, за да ги добијат потребните формулари за зачленување. Колегите со поголемо искуство и резултати во оваа област, со желба да бидат внесени во меѓународниот регистер на експерти, ги замолуваме да контактираат со нас, за да им го доставиме потребниот формулар. Тоа не значи и обврска да се биде член на МАЦЕФ. Голем одѕив на македонските фирми за соработка со УСАИД ПЕП за реновирање на училиштата Во 2007 година УСАИД Проектот за основно образование (ПЕП) реновираше осум училишта. Во втората фаза, аплицираа 119 училишта од 75 општини, од кои 32 беа избрани. За да се стимулира отворен и фер натпревар, УСАИД/ПЕП организира јавен тендер за секој од овие проекти за реновирање на училиштата поединечно. Интересот за соработка меѓу локалните градежни фирми и ПЕП е многу голем. Во втората фаза, во просек 38 компании поднесуваат понуди за секој проект. За да се задоволи критериумот за квалитет, одбраните понудувачи мора да донесат примерок од материјалот кој го нудат во понудата. Пресметано е дека тимот на ПЕП ќе анализира повеќе од 3000 понуди во текот на целиот проект. Преку компонентата за реновирање, ПЕП ќе ги подобри условите за учење и ќе ги оспособи општините подобро да ги раководат и одржуваат нивните училишта. Нови прозорци, врати, подови, кровови, како и системи за топловодно греење, се придобивките кои учениците од избраните училишта ќе ги добијат, благодарение на овој проект. Превземено од www.pep.org.mk

Македонска Општинска Мрежа за Енергетска Ефикасност Сегашни членови на МОМЕЕ се општините: Сарај, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Центар, Гази Баба, Валандово, Чаир, Кочани, Ресен, Берово, Аеродром, Гевгелија и Кичево. Во најскоро време очекуваме кон неа да се приклучат и работни организации и Институции кои се вклучени во програмите поврзани со енергетската ефикасност.

Годишна членарина:

24 000 денари

Комерцијални огласи ПЛОТАЊЕ – Квалитетно и навремено

Плотање CAD цртежи до A0 формат со најсовремена апаратура за само 160 денари по метар квадратен. Виткање и пакување. За неспоменати услуги цената е договорна. Тел.: 02 3090 178 или мобил 071 276 434.

ТЕРМОВИЗИЈА - СНИМАЊЕ СО ТЕРМАЛНА КАМЕРА

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте не на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52/1, 1000 Скопје, тел. 02 3090 177, 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk


ИНФОМАЦЕФ 60 Страна 3 Снимање на објекти на терен, анализа и извештај - 36.700 илјади денари по објект. Цената може да варира во зависност од габаритот и бројот на објектотите. Информации на тел.: 02 3090 177 или на мобил 070 22 85 77.

Вести од Македонија Ден на дрвото во Македонија Министерството за животна средина и просторно планирање во соработка со Здруженијата на граѓани и со единиците на локалната самоуправа, активно се вклучи во реализирање на Проектот „Ден на дрвото”. На 12 март 2008 година беа засадени онолку садници колку што има жители во Република Македонија. Заменик министерот д-р Соња Лепиткова, во дворот на Детската градинка 13 Ноември - Скопје, заедно со дечињата засади неколку садници, а потоа им објасни колку се значајни шумите за сите нас и дека дечињата треба да се грижат уште од најмала возраст за заштитата на животната средина. Повеќе Агенција за енергетика на РМ со нов Правилник Во тек е изработка на Правилник за издавање на гаранции за потекло на електрична енергија добиена од обновливи извори на енергија. Правилникот, кој го изработува странска консултантска компанија од Велика Британија, во нацрт верзија треба да биде предмет на јавна стручна дебата која се најавува за крајот на месец април 2008. RWE Power ќе инвестира 500 милиони евра во хидроцентрали во Мариово Германската групација RWE Power има намера да инвестира повеќе од 500 милиони евра за изградба на хидроцентралите „Чебрен “ и „ Галиште “ во Мариово. Повеќе ЕВН побара лиценца за трговија со електрична енергија ЕВН трејдинг ДООEЛ Скопје, фирма на австриската групација ЕВН, побара лиценца за трговија со електрична енергија од Регулаторната комисија за енергетика. Во барањето на ЕВН Трејдинг ДООEЛ Скопје - се наведува дека енергетската дејност, трговија со електрична енергија и системски услуги за електрична енергија ќе се врши на територија на Македонија и странство согласно членот 83 од законот за енергетика. Повеќе Изградбата на гасоводот Набуко ќе започне во 2010 “Изградбата на гасоводот Набуко за пренос на гас од каспискиот регион до Европа ќе започне во 2010 година”, соопшти генералниот директор на проектот Рајнхард Мичек. Повеќе ЕЛЕМ објави тендер за изградба на гасна електрана Претпријатието Електрани на Македонија (ЕЛЕМ) објави тендер за избор на фирма за изградба и работно користење на комбинираната гасна електрана „Енергетика“, како партнер во заедничко вложување. Според објавениот тендер се планира гасната електрана да се гради во Скопје, веднаш до постоечката електрана на ЕЛЕМ. Повеќе Енергенсите најголем чинител на увозот во Македонија Увозот во Република Македонија во најголем дел го сочинуваат суровата нафта, електричната енергија, моторните возила за превоз на лица, руди на никел и концентрати, соопштува Државниот завод за статистика во извештајот за стоковата размена во јануари. Според ДЗС, 26,1% од увозот во земјата во јануари се минерални горива, мазут и слични материјали. На увозот на овие суровини во јануари се потрошени 117, 7 милиони долари, за разлика од 73.7 милиони долари истиот месец минатата година. Повеќе

Во подготовка упатство за изградба на ветерници Неколку министерства во рок од 60 дена треба да изготват упатство за изградба на ветерници за електрична енергија во Македонија. Со ова ќе биде олеснета процедурата за изградба на ветерници, а заинтересираните производители ќе можат полесно да ги исполнат потребните услови и да се вклучат во електроенергетскиот систем на државата. Повеќе Ќе се утврдува цената на новиот дериват Д-Е IV Регулаторната комисија за енергетика треба да ја утврди малопродажната цена на новиот дериват Д-Е IV, по што еколошкиот дизел ќе може и официјално да се најде во малопродажната мрежа во земјава. Повеќе Исклучени светилки како симбол на дејстување против климатските промени на 29 март Милиони луѓе во стотици градови меѓукои и повеќе градови на територија на Република Македонија ги исклучија светилките во домовите во времетраење од еден час. Акцијата беше спроведена со цел да се изрази потребата од зголемено превземање на мерки за борба против климатските промени. Под мотото „ Час за планетата“ 370 градови од целата планета го дадоа својот придонес кон позелено утре. Повеќе

Новости од светот Патентиран личен калкулатор за следење на CO2 Рачен мерач на CO2 е патентиран со цел да им помогне на луѓето кои имаат висока свест за заштита на животната средина да го измерат нивниот удел во светските CO2 емисии. Направата, наречена Carbon Hero (Јаглероден херој), користи сателитска навигација за регистрирање на патувањата и движењето на лицето и на тој начин ја пресметува ослободената количината на јаглероден двооксид (CO2) причинета од разните начини и средства за патување. Повеќе Советот на ЕУ бара одобрување на легислативата за клима-енергија Министрите за животна средина на ЕУ се заложија да постигнат договор за предложената легислатива за клима-енергија до почетокот на 2009 година, без оглед на различните ставови по повеќе прашања покренати од некои земји членки. Повеќе Технологијата не е доволно напредна за да ги намали емисиите од транспортот Политиките на ЕУ, во голема мера фокусирани на подобрување на технологијата на автомобилите и квалитетот на горивата, не се доволни за да го намалат уделот во емисијата на стакленички гасови од транспортниот сектор. На ова реагираат претставници од Европската агенција за животна средина (EEA). Повеќе Г8, ЕУ „адекватно“ се борат со глобалното затоплување Според новиот извештај, осумте најразвиени земји (Г8) и ЕУ значително напредуваат во борбата против глобалното затоплување. Истражувачите од универзитетот во Торонто испитуваа дали ветувањата направени од Г8 нациите на разговорите во Јуни се исполнети. По испитувањето на 23 клучни заложби од вкупно 329, заклучија дека целите не се адекватно следени според зацртаните полиси и промени во буџетот. Повеќе Земјите членки на ЕУ поблиску до заеднички договор за „големи“ хидро проекти Земјите членки на ЕУ се на чекор поблиску до договор за заеднички насоки за увоз на меѓународни јаглеродни кредити добиени од проекти за хидроелектрани со капацитет од повеќе од 20 MW. Ова е чекор, за кој учесниците на пазарот велат

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте не на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52/1, 1000 Скопје, тел. 02 3090 177, 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk


ИНФОМАЦЕФ 60 Страна 4 дека е неодложно потребен поради нејасноста на материјалот содржан во еден од клучните делови на Европскиот закон. Повеќе Еколошки градените куќи поатрактивни за купувачите Градежните компании можат значително да ги намалат емисиите на стакленички гасови од своите проекти и да ги направат поатрактивни за купувачите, изјавија индустриски експерти. На Eco Build (Екоградба) конференцијата во Лондон, водечките европски компании за соларна енергија, специјализирани за дизајнирање и изработка на соларна технологија за станбени објекти, ги демонстрираа најновите иновации во фотоволтажната технологија. Тие покажаа дека новите панели кои заменуваат стандардни ќерамиди, можат лесно и ефтино да се инсталираат и да ги задоволат потребите за домаќинствата. Повеќе Првата светска офшор турбина во Северна Ирска Првата светска турбина која ќе произведува комерцијални количества на електрична енергија добиени од енергијата на плимата и осеката беше инсталирана на устието кај местото Strangford Lough во Северна Ирска за време на католичките велигденски празници. Повеќе ЕУ промовираше фондација за зголемување на енергетската ефикасност во сиромашните држави 80 милиони евра тежок фонд на Европската комисија беше промовиран во март, а ќе биде наменет за потстрек на приватни инвестиции во проекти за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија во земјите во развој и економиите во транзиција. Повеќе Објавени заклучоците од дебатите на ЕУ за енергетски етикети Во Извештајот од консултациите објавен од Европската комисија се потврдува дека огромната поддршка од страна на чинителите за проширување на шемата за енергетско етикетирање од апаратите за домаќинство на други производи кои работат на енергија. Извештајот ги претставува заклучоците кои се донесени во рамки на online дебата за преиспитување на шемата. Повеќе Дали можете да спасите дождовна шума? Одговорот може да биде: ДА Половина век откако повеќето од дождовните шуми во Коста Рика беа исечени, истражувачите од Институтот „Boyce Thompson“ започнаа проект за кој повеќемина сметаа дека е неостварлив – обновување на екосистемот на тропските дождовните шуми. Кога истражувачите засадија примероци на локални дрвја и автохтони видови, на уништените пасишта во Коста Рика, тие почнаа да се адаптираат и растат, секако вливајќи надеж дека уништените дождовни шуми еден ден ќе може да бидат обновени. Повеќе Тркалезна маса за „ Формирање на цените на нафтата“ Меѓународната агенција за енергетика организираше тркалезна маса на тема „ Формирање на цените на нафтата“ на 17 март, каде имаше можност да се проследат широк спектар на мислења од претставници на индустријата, трговците, регулаторите, банките, фондациите, Владите и меѓународните организации. Дискусиите фрлија светло на повеќе фактори кои имаат влијание во формирањето на цените на пазарите за нафта. Темите кои беа опфатени се осврнаа на финансиските и фундаменталните аспекти на формирање на цените, заедно со прашањата околу транспарентноста на информациите. Ставовите беа темелни и разноврсни укажувајќи на тоа дека нема единствено објаснување за покачување на цените, и понатаму дека разни фактори може повеќе или помалку да влијаат на цената од време на време. Повеќе

РЕГИОНАЛНА МРЕЖА ЗА ЕФИКАСНО КОРИСТЕЊЕ НА ЕНЕРГИЈАТА И ВОДАТА RENEUER (www.reneuer.com)

RENEUER е формирана по иницијатива на претставници на владите, невладините организации и претпријатијата од 8 земји и тоа Албанија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Србија и Црна Гора, Македонија, Молдавија, Романија и Хрватска. Основната задача на оваа мрежа е да се ангажира за решавање на проблемите за ефикасна употреба на енергијата и водата во земјите од Југоисточна Европа. RENEUER ги дефинира основните определби во областа на ефикасното користење на енергијата и водата преку анализа на проблемите со кои се среќаваат земјите од Југоисточна Европа и можностите за нивно решавање.

Корисни web-адреси www.managenergy.net/kidscorner www.pep.org.mk www.plasticrecycling.org.mk/video/PET-Usaid-Macedonian.wmv www.sustenergy.org/ www.motorchallenge.org/ www.energetika.com.mk www.total.com.mk/ www.euractiv.com/ www.ase.org/ www.display-campaign.org/ www.energie-cites.org/ www.erc.org.mk

Манифестации Космо 2008 – Конференција за енергетска ефикасност 16-17 мај, Скопје, хотел Континентал „Менаџирање на енергетски ефикасна економија и квалитетно унапредување на животната средина“ Ќе ги разгледа економските, техничките, политичките, правните и институционалните прашања поврзани со енергетската ефикасност, со посебен акцент и препораки за начините на кои јавните установи, домаќинствата и бизнис-секторот ќе ги намалат енергетските трошоци, а во исто време ќе ја заштитат климата и животната средина. Повеќе Меѓународна соработка за ЕЕ: Заеднички да работиме за ниско – јаглеродна економија 28 мaј 2008, Палата на народите, Женева, Швајцарија Конферецијата ги собира на високите експерти од владите и индустријата како и високи претставници на меѓународни тела за дискутирање за начините за унапредување на ЕЕ преку зголемена меѓународна соработка. Повеќе Соларни иновации и инвестиции 21-23 мај, City Conference Centre, Лондон, Велика Британија Во организација на Green Power. Конференцијата ќе ги собере на едно место предводниците во иноваторството на поле на сончева енергија и инвеститорите со цел да се изнајдат начини за поттикнување на пазарниот развој и уште многу Повеќе корисни работилници на темата... Самит за енергија и алтретнативна енергија 10 – 12 јуни, Пекинг, Кина

Повеќе

Регионална конференција за Индустриска енергија и заштита на животна средина во Југоисточна европа - 2008 24-27 јуни 2008, Србија, Златибор Во организација на Друштвото на термални инженери на Србија и државната Агенција за енергетика. Ќе се фокусира на заедничките проблеми во насока на ЕЕ и ж. средина како резултат на застарената машинерија со ниска стапка на ЕЕ во Повеќе пресрет на економиите со отворени пазарни можности. RENEXPO® 2008 with IHE® WoodEnergy 2008, reCONSTRUCT® and PV-EXPO® 9-12 октомври 2008, Augsburg, Германија Конференцијата и изложбен дел во организација на REECO GmbH. Повеќе

Редакција: Центар за енергетска ефикасност на Македонија Главен уредник: проф. д-р Константин Димитров Редактори: м-р Македонка Димитрова, Игор Петрушевски дипл. маш. инж., Жарко Илиевски дипл. маш. инж.

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте не на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52/1, 1000 Скопје, тел. 02 3090 177, 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk

60 infomacef  
Advertisement