Page 1

ЦЕНТАР ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ НА МАКЕДОНИЈА

Број 5

Август 2003

МАЦЕФ МАЦЕФ промовира енергетска ефикасност и почиста животна средина

Во овој број: Од уредникот Центар за енергетска ефикасност на Македонија МАЦЕФ Регионална мрежа за ефикасно користење на енергијата и водата RENEUER Алијанса за штедење на енергија ASE Новости од Македонија Новости од другите земји Корисни web-адреси Манифестации

OД УРЕДНИКОТ Почитувани колеги, членови на МАЦЕФ. Иако август е месец предвиден за годишни одмори, тој во исто време е и месец за планирање на есенските активности. Не’ очекува жешка есен, во која ја започнуваме големата акција за промовирање на ЕНЕРГЕТСКАТА ЕФИКАСНОСТ како потреба на нашето општество, кои мора да си го добие местото кое му припаѓа. Активностите ќе се одвиваат во две насоки: комуникација со Власта, пред се со министерствата кои се непосредно задолжени за оваа проблематика – Министерствата за Економија, за Транспорт и Заштита на Околината, но исто така и Министерствата за Социјални работи и Министерството за локална самоуправа. Пред се сакаме да ја промовираме потребата на сиромашните и невработените да им се доделува покрај социјалната помош и помош во вид на енергија. Со тоа се отвара пат, преку примена на мерки за енергетска ефикасност, да се подобрат животните услови на сиромашните слоеви од нашето општество, а и да се намалат трошоците на Државата за увоз на енергенти. Од друга страна, со организирањето на тренинг курсевите за општините, од страна на членовите на МАЦЕФ, ќе направиме обид да ја заинтересираме и локалната самоуправа за оваа акција. Јасно дека при спроведувањето на мерките за енергетска ефикасност, општеството има потреба од експертски услуги во доменот на енергетската ефикасност, која сме способни и спремни да ја понудиме и на Државата и на Локалната самоуправа. Очекувам Ваши реакции во однос на оваа наша намера.

ЦЕНТАР ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ НА МАКЕДОНИЈА МАЦЕФ

МАЦЕФ е доброволно научно здружение, основано да делува во рамките на Република Македонија и надвор од неа. МАЦЕФ е член на меѓународната мрежа за енергетска ефикасност RENEUER (Regional Network on Efficient Use of Resources). МАЦЕФ има поддршка и тесно соработува со ALLIANCE TO SAVE ENERGY фондација формирана од Сенатот на САД и делумно финансиски поддржана од USAID. МАЦЕФ e член на Асоцијацита на Консултантски организации, нудејќи професионални експертски услуги од својот делокруг на работа, во земјата и надвор од неа. Во соработка со Alliance to Save Energy, МАЦЕФ издаде книга за рационално користење и штедење на водата, со наслов Водата е незаменлива и ограничена. Печатењето на книгата финансиски е потпомогнато од Скопскиот Саем и ЗЕЛС. Членовите на МАЦЕФ ќе добијат по еден примерок бесплатно.

Проф. Д-р Константин Димитров

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте не’ на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 399216, факс 02 361 013, e-mail: macef@ereb1.mf.ukim.edu.mk


ИНФОМАЦЕФ

Страна 2

Во соработка со Alliance to Save Energy и ЗЕЛС, МАЦЕФ подготвува материјал за одржување на 4 тренинг курсеви за потребите на локалната самоуправа, на тема: Енергетска ефикасност и трошоци на општините. На секој од овие курсеви се планира учество на претставници од 7-8 општини. Во последниот број на гласилото на Заедницата на единиците на локалната самоуправа на Република Македонија е објавена информација за постоењето на Центарот за енергетска ефикасност на Македонија - МАЦЕФ и подготвувањето на тренинг – курсевите од доменот на мерки за енергетска ефикасност на ниво на локална самоуправа.

Заинтересираните колеги кои сакаат да станат активни членови на МАЦЕФ, треба да се јават на нашата адреса, за да ги добијат потребните формулари за зачленување. Колегите со поголемо искуство и резултати во оваа област, со желба да бидат внесени во меѓународниот регистер на експерти, ги замолуваме да контактираат со нас, за да им го доставиме потребниот формулар. Тоа не значи и обврска да се биде член на МАЦЕФ.

РЕГИОНАЛНА МРЕЖА ЗА ЕФИКАСНО КОРИСТЕЊЕ НА ЕНЕРГИЈАТА И ВОДАТА

RENEUER (www.reneuer.com)

RENEUER е формирана по иницијатива на претставници на владите, невладините организации и претпријатијата од 8 земји и тоа Албанија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Србија и Црна Гора, Македонија, Молдавија, Романија и Хрватска. Основната задача на оваа мрежа е да се ангажира за решавање на проблемите за ефикасна употреба на енергијата и водата во земјите од Југоисточна Европа. RENEUER ги дефинира основните определби во областа на ефикасното користење на енергијата и водата преку анализа на проблемите со кои се среќаваат земјите од Југоисточна Европа и можностите за нивно решавање.

teking@mt.net.mk

Новости од Македонија На 28.08.2003 година, на паркингот на хотел Континентал, Министерството за животна средина и просторно планирање ќе го промовира Еко Караванот, подвижна канцеларија на Министерството за комуникација со јавноста. Еко Караванот е комуникациско средство на Министерството за животна средина и просторно планирање, со кое Министерството започнува комплетна информативна програма за македонската јавност која ќе ги следи активностите поврзани со подигнување на јавната свест за животната средина во Македонија. Еко Караванот е иницијатива на Министерството и резултат на проектот “ Зајакнување на капацитетите на Министерството за животна средина и просторно планирање”, финансиран од Европската Агенција за Реконструкција. Гасоводниот систем во Република Македонија е пуштен во пробна работа на 16.09.1997 година. Според податоците од Министерството на Економија – Билтен број 2, Мај 2002 година – природниот гас го користеле 18 индустриски потрошувачи од Скопје и Куманово. Со енергетскиот биланс на Република Македонија за 2002 година предвидено е вкупната потрошувачка на енергија да изнесува околу 121 PJ, односно околу 2,74 милиони тони еквиваленти на нафта. Со билансот било предвидено потрошувачката на природниот гас да изнесува околу 120 милиони m3, односно околу 92 000 тони еквиваленти на нафта. Од ова произлегува дека учеството на природниот гас во вкупната потрошувачка на енергијата во Македонија изнесува околу 3,3%. Ваквиот мал волумен на потрошувачката на природниот гас се должи на нискиот степен на изграденоста на гасоводната мрежа и неговата недостапност за користење на поголем број потенцијални потрошувачи, како индустриски така и комерцијални и од страната на домаќинствата.

АЛИЈАНСА ЗА ШТЕДЕЊЕ НА ЕНЕРГИЈА ASE (www.ase.org)

Новости од другите земји Алијансата за штедење на енергија има за мисија да ја промовира енергетската ефикасност ширум светот, со цел да се постигне здрава економија, почиста околина и енергетска сигурност. Таа е непрофитна коалиција на лидери од бизнисот, државната управа, екологијата и потрошувачите. Алијансата ја поддржува енергетската ефикасност како најефтин енергетски ресурс при постоечките пазарни услови и советува да се применат енергетски политики кои ги намалуваат цените за потрошувачите и општеството, како и емисијата на штетни гасови кои имаат влијание на глобалните климатски услови.

Програмата изработена од Италијанскиот министер за животна средина и заштита на територијата, во наредните неколку години предвидува пораст на производството на електрична енергија за 20 % и редукција на емисиите на стакленички гасови за 10% Според прелиминарните пресметки на DOE's Energy Information Administration (EIA), емисиите на јаглерод двооксид од согорувањето на фосилните горива во САД се зголемиле за 1.3 % во 2002 година. Вкупниот износ на емисиите на јаглерод двооксид се зголемил за 16 % во периодот од 1990 до 2002

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте не’ на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3099216, факс 02 3061 013, e-mail: macef@ereb1.mf.ukim.edu.mk


ИНФОМАЦЕФ

Страна 3

година. Емисиите на јаглерод двооксид од согорувањето на фосилните горива се проценуваат на повеќе од 80 % од вкупните емисии на стакленички гасови во САД. Европската комисија со парична помош од 1.5 – 2 милиони евра ќе ја финансира фисибилити студијата за изградба на Каспискиот гасовод до Централна и Западна Европа преку Бугарија. Проектот за изградба на прекуграничниот гасовод е заедничка иницијатива на претпријатија од Романија, Бугарија, Турција, Австрија и Унгарија. Преговорите помеѓу претпријатијата биле почнати уште во Ноември 2002 година. Изградбата на гасоводот се очекува да почне во 2008 година а се очекува да биде завршен до 2012 година. Гасоводот опфаќа 400 km од Бугарската територија. Прелиминарните пресметки за изградба на гасоводот предвидуваат трошоци од околу 350400 милиони евра. Се предвидува дека стапката на пораст на производството на енергијата на ветер во периодот до 2008 година ќе изнесува 25% годишно. Ова е највисокиот пораст што резултира со инсталирана моќност од 133 746 MW. Од 2009 до 2014 година стапката на пораст ќе опаѓа на 20% годишно, што изнесува 462253 MW од инсталираната моќност до 2013 година. После тоа стапката на пораст ќе опаѓа на 15%, а во 2018 година и до 10%. До крајот на 2020 година се предвидува дека инсталираната моќност на енергијата на ветер ќе изнесува околу 1.2 милиони MW. Од 2020 година се предвидува дека инсталираната моќност ќе изнесува 151 490 MW годишно. Ова значи дека до 2040 година, вкупната моќност на енергијата на ветер грубо би достигнала до 3100 GW, што тогаш би претставувало 22% од светската потрошувачка на енергија. Во земјите во развој, особено во Азија, побарувачката на енергија забележа извесен пораст и предвидувањата се дека во 2030 година стапката на пораст ќе изнесува околу 66% повеќе во споредба со 2000 година. Во азискиот регион, не вклучувајќи ја Јапонија, се предвидува стапката на пораст да се искачи на 40% од вкупниот пораст. Според побарувачката по тип на енергетски ресурси се предвидува дека побарувачката на природен гас ќе се зголеми од 23% колку што изнесувала во 2000 година на 28% во 2030 година, а побарувачката на нафта и јаглен незначително ќе опадне. Во спротивно, потрошувачката на нафта, јаглен и природен гас ќе се зголеми. Порастот на потрошувачката на нафта, јаглен и природен гас во Азискиот регион во периодот од 2000 до 2030 година ќе изнесува 38%, 79% и 19% соодветно. Националното претпријатие за пренос на електрична енергија на Бугарија (NETC) покрива 75% од дефицитот на електрична енергија на Балканот. Моментално NETC извезува електрична енергија за Грција, Србија и Црна Гора, Македонија и Албанија. Во aвгуст NETC треба да извезе 600 милиони kWh електрична енергија, а во септември 550 милиони kWh. Извезената електрична енергија изнесува 20% од произведената електрична енергија во Бугарија за тие два месеци.

Корисни web-адреси

http://caddet-ee.org CADDET Energy Efficiency – Energy Efficiency at your fingertips

http://www.energy-efficiency.gov.uk Energy Efficiency Best Practice Programme http://www.weea.org The World Energy Efficiency Association

Манифестации 26-28 АВГУСТ, 2003 настан: Mining Energy Solutions, A Western States Conference on Energy Efficiency and Clean Energy Investments локација: Elko, Nevada - United States of America Дополнителни информации: Email: miningsolutions@meetingmgmt.com Tel.: 1-877-648-7967 25-29 АВГУСТ, 2003 настан: ISH 2003 локација: Delft - Netherlands The XIIIth International Symposium on High Voltage Engineering Дополнителни информации: Email: ish20003@congrex.nl web-site: www.congrex.nl/ish2003 01-04 СЕПТЕМВРИ, 2003 настан: Sixth International Symposium and Exhibition on Environmental Contamination in Central & Eastern Europe and the Commonwealth of Independent States локација: Прага – Република Чешка Дополнителни информации: Telephone: (850) 644-7211 Fax: (850) 574-6704 07-12 СЕПТЕМВРИ, 2003 настан: IEEE PES 2003 локација: Dallas – Texas, USA Transmission & Distribution Conference & Exposition 08-09 СЕПТЕМВРИ, 2003 настан: European Conference on Public Private Partnership for Energy Efficiency локација: Берлин - Германија Дополнителни информации: Participation is free of charge. However, registration is necessary. Katja Borch, Berlin Energy Agenncy Tel: +49 (0) 30/29 33 30 22 Email: borch@berliner-e-agentur.de www.berliner-e-agentur.de www.privatemeetspublic.de 10 СЕПТЕМВРИ, 2003 настан: Workshop on Management of Energy Agencies локација: Берлин – Германија Дополнителни информации: http://www.managenergy.net/conference/manage0903.html 14-17 СЕПТЕМВРИ, 2003 настан: International Symposium & Exhibition in Renewable Energy

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте не’ на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3099216, факс 02 3061 013, e-mail: macef@ereb1.mf.ukim.edu.mk


ИНФОМАЦЕФ

Страна 4

локација: Kuala Lumpur, Malaysia Дополнителни информации: Tel: +603 55483353 Fax: +603 44582347 E-mail: samir086@salam.uitm.edu.my www.pkukmweb.ukm.my/~ppfg2002/ISERE2003/index.htm 14-18 СЕПТЕМВРИ, 2003 настан: Asset management of switching equipment and new trends in switching technologies локација: Сараево – Босна и Херцеговина Дополнителни информации: Јасмина Јакиќ Email: cigre@utic.net.ba 15-19 СЕПТЕМВРИ, 2003 настан: 5th International Congress "ENERGY, ENVIRONMENT AND TECHNOLOGICAL INNOVATION - Technological Innovation and Compatible Uses of Natural Resources" локација: Рим - Италија Дополнителни информации: Tel: ++39-06-44585524; Fax: ++39-06-4883235; E-mail: eeti03@elettrica.ing.uniroma1.it, elettrica.ing.uniroma1.it/EETI/EETI_Home_Page.htm 18-21 СЕПТЕМВРИ, 2003 настан: HolzEnergie 2003 локација: Augsburg – Germany Меѓународен саем и конференција за начините на производство на енергија на дрво Дополнителни информации: phone: +49 7121 30 16 - 0 fax: +49 7121 30 16 - 100 Email: redaktion@energie-server.de web-site: www.energie-server.de 19 СЕПТЕМВРИ, 2003 настан: A Solar Thermal Strategy for Europe – European Policies for Renewable heating and Solar Thermal локација: Брисел - Белгија Дополнителни информации: Tel: + 32 2 546 19 38 Fax: + 32 2 54619 44 Email: raffaele.piria@estif.org www.estif.org 19 СЕПТЕМВРИ, 2003 настан: Demand for Renewable Energy Certificate локација: Салцбург - Австрија Дополнителни информации: Tel: +31 30 280 83 34 Fax: +31 30 280 83 01 Email: info@recs.org www.recs.org 22-23 СЕПТЕМВРИ, 2003 настан: 5th Annual Renewable Energy Finance Forum локација: Royal Garden Hotel, Kensington, London Дополнителни информации: Tel +44 20 7779 8103. E-mail: energyevents@euromonyplc.com www.euromoneyenergy.com 24-26 СЕПТЕМВРИ, 2003

настан: 8th Grove Fuel Cells Symposium 2003: Building Fuel Cell Industries conference and exhibition локација: ExCel, London, UK Дополнителни информации: For conference enquiries contact: Sarah Wilkinson, Grove Fuel Cell Conference Secretariat, Elsevier Science Ltd, The Boulevard, Langford Lane, Kidlington, Oxford, OX5 1GB, UK. Tel: +44 (0)1865 843691; Fax: +44 (0)1865 843958; Email: sm.wilkinson@elsevier.co.uk; www.grovefuelcell.com For exhibition enquiries contact: Pam Chattin, Grove Fuel Cell Exhibition Organiser; tel: +44 1322 663 006; Fax: +44 1322 615 868; pamchattin@aol.com; www.grovefuelcell.com

26 СЕПТЕМВРИ, 2003 настан: Workshop for Energy Agencies локација: Салерно - Италија Дополнителни информации: http://www.managenergy.net/conference/iee0903.html

28 СЕПТЕМВРИ – 05 ОКТОМВРИ, 2003 настан: European Biomass Days of the Regions 2003 локација: Throughout Europe Дополнителни информации: www.biomassdays.org 29 СЕПТЕМВРИ – 01 ОКТОМВРИ, 2003 настан: 10th Mediterranean Gas Conference локација: Algiers, Algeria Дополнителни информации: Email: events@overview-gas.com www.overview-gas.com Swedish Energy Agency Launches a Call for JI Project Proposals Under mandate from the Swedish Ministry of Industry, Employment and Communications, the Swedish Energy Agency's climate change division intends to contribute to the further development of the Joint Implementation (JI) mechanism by investing in JI projects through the purchase of Emission Reduction Units (ERUs). The agency will assemble a portfolio of 3 to 4 projects under the JI section of its Swedish International Climate Investment Program (SICLIP-JI). The Swedish Energy Agency is particularly interested in implementing JI projects that fall within the categories listed below. · New and/or expanded renewable energy applications; · Switching from fossil fuels to biofuels; · Expanded use of biofuel resources in energy efficient combined heat and power (CHP) plants; · Fuel switching and/or energy efficiency improvements in industrial plants and/or electricity generation; · Recovery and use of methane from la ndfill deposits. The tender is open until 1st October 2003. More information at: www.stem.se

Уредник: Проф. Д-р К. Димитров Центар за енергетска ефикасност на Македонија Тех. Секретар. Л. Хаџиевска, дипл.ел.инж. Н. Парапунов 3а/52 1000 Скопје Тел. 02 3099 216, факс: 02 3061 013 e-mail: macef@ereb1.mf.ukim.edu.mk

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте не’ на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3099216, факс 02 3061 013, e-mail: macef@ereb1.mf.ukim.edu.mk

5 infomacef  
Advertisement