Page 1

Број 59

ЦЕНТАР ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ НА МАКЕДОНИЈА

февруари 2008

МАЦЕФ МАЦЕФ промовира енергетска ефикасност и почиста животна средина Во овој број: Õ Од уредникот Õ Активности на МАЦЕФ Õ МОМЕЕ новини Õ Новости од светот Õ Корисни web-адреси Õ Манифестации

OД УРЕДНИКОТ Почитувани колешки и колеги, членови на МАЦЕФ! Сакаме да го најавиме проектот од областа на енергетската ефикасност поврзан со градежните објекти т.е. фасадите, како многу битен елемент. МАЦЕФ е партнер на реномираната фирма STO, а стратешки партнер е Австриската агенција за развој (ADA). Покрај се ќе се изведе и нова фасада на еден демонстрацуионен објект, проследен со пресметки и контролни дијагностички мерења. Енергетската ефикасност т.е. интелигентното трошење на енергијата се повеќе станува глобална тема бр.1 во светски рамки. Во рамките на Енергетската заедница (Energy Community) формиран е одбор со насочени цели во оваа област (EE Task Force). 01.02 Презентација на италијанската фирма CPL Concordia 19.02 Почеток на проектот „Енергетски ефикасно градење со акцент на фасадна технологија“ 21-22.02 Работилница и формирање на EE Task Force 27.2 Формирање на нов Научен Совет на РИ Ги очекуваме Вашите ставови за различни теми поврзани со енергетиката, екологијата, економијата (како нераскинлива верига) како и информации за поедини активности и нови производи на нашиот пазар кои сакаме да ги промовираме на нашите страници,

својата можност за инвестирање во Република Македонија на презентација во хотелот Холидеј Ин во Скопје. Планираните 60 милиони евра се ставени на располагање на општините, фирмите и организациите кои се заинтересирани за коинвестирање во нови енергетски инсталации или реновирање на постоечките уреди. Во рамки на настанот, г. Атанас Србовски, директор на Агенцијата за енергетика, говореше за отворените можности за реализација на проекти за ЕЕ во општините, проф. д-р Константин Димитров- МАЦЕФ, зборуваше за можностите за гасификација во земјата како и употребата на градскиот смет како енергетски ресурс, додека проф. д-р Славе Арменски од Машински факултет – Скопје ги презентираше потенцијалите за искористување на сончевата и енергијата од ветер на Македонија. Започна ППП проектот „Енергетски ефикасно градење со акцент на фасадна технологија“

Проектот „Енергетски ефикасно градење со акцент на фасадна технологија “,одржа конститутивен состанок на 20. февруари, во просториите на МАЦЕФ-Центарот за енергетска ефикасност на Македонија, кој воедно раководи со проектот на локално ниво. Проектот се карактеризира како јавно-приватно партнерство - ЈПП (PPP- Public Private Partnership). Како носители на оваа соработка се појавуваат најеминентни ентитети од области поврзани со енергетската ефикасност, а тоа се: координативното биро за АДЦ (Austrian Development Cooperation) во Македонија, австриската компанија STO EU, застапувана од Алпос д.о.о. во земјата.

Проф. Д-р Константин Димитров ЦЕНТАР ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ НА МАКЕДОНИЈА - МАЦЕФ

МАЦЕФ е доброволно научно здружение, кое што нуди услуги и стручни знаења од областа на енергетиката и заштита на животната средина во Република Македонија и пошироко. МАЦЕФ е член на меѓународната мрежа за енергетска ефикасност RENEUER (Regional Network on Efficient Use of Resources). МАЦЕФ е дел од мрежата managenergy формирана од страна на European commission DG Energy and Transport www.managenergy.net . МАЦЕФ e член на Асоцијацита на Консултантски организации. МАЦЕФ е член на БИСЕ Форумот, Motor Challenge Programme и официјален партнер на Sustainable Energy Europe 2005-2008

Активности на МАЦЕФ

60 милиони евра на располагање од KPL Concordia Италијанската корпорација KPL Concordia Group, од Модена, предводници во областа на енергетиката, ја претставија

Формирана е Работно-техничката група, составена од релевантните кадри од македонските високообразовни и граѓански институции, меѓу кои професори од машинскиот, градежниот и архитектонскиот факултет од Скопје, претставници од Комората на архитекти и инженери, Агенцијата за енергетика, Министерството за економија, Групацијата КГЛП при Стопанската комора на РМ, претставник нa ГТЗ, односно претставници од институциите кои во својот опсег на работа ги опфаќаат целите и предностите на енергетската ефикасност во

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте не на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52/1, 1000 Скопје, Тел. 02 3090 177 Факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk


ИНФОМАЦЕФ 59 Страна 2 денешните услови на живеење. На состанокот, од страна на г. Харалд Хојвизер, претставник на STO EU Оддел за ЈИЕ, беа презентирани производните капацитети, новитети и планови на STO EU - најголемиот европски производител на современи фасадни изолациони елементи. Исто така, г. Роберт Шарламанов, национален програмски координарот на Австриската агенција за развој (АДА/АДЦ), ја претстави Програмата за енергетска ефикасност на АДА, под чие покровителство е и овој проект. Основна цел на овој проект e практично запознавањето на релевантните структури од областа на градежништвото и менаџментот во енергетиката, а секако и на јавноста, за практичната примена на енергетско ефикасни технички нормативи и практично применливи Технички детали во фасадна технологија. Сето ова е условено од цената на енергенсите која на светските пазари вртоглаво расте, и недостатокот од практични и конкретни технички решенија при проектирање и изведување на фасада како ефикасен одговор на овој глобален процес. Активностите на проектот ќе бидат претставени на веб страницата www.macef.org.mk Посета на претставник на Јенбахер г. Теки Суајиби, од Биогас Компани, ГЕ Јенбахер Австрија беше во работна посета на МАЦЕФ. На состанокот се дискутираше за текот на изградбата на гасната енергетска постројка од 30 МW. Исто така, се разгледуваа можностите за инвестирање во областа на биоенергијата и поставување на биодигестори во аграрните области во Македонија со цел да се искористат можностите за добивање на гас преку преработка на расположливата биомаса. Енергетска ефикасност во резиденцијалниот сектор и финансиски импликации На 22 февруари во Виена, а под покровителство на секретари-

проф. д-р Константин Димитров, заменик претседател, д-р Димитар ХаџиМишев, проф. д-р Ангеле Вренцовски, д-р Вељан Цавировски, м-р Магдалена Трајковска – Трпевска, м-р Зоран Грков и д-р Гоце Василевски - секретар. Исто така, на состанокот стана збор за соработката со Универзитетот Св. Кирил е Методиј . Д-р Ѓорѓе Качурков, ја истакна потребата од изработка на студии и проекти од областа на рударството во наредниот период. Собрание на ИСРМ На 22 февруари, во Клубот на пратеници во Скопје се одржа годишно собрание на Институтот за стандардизација на Република Македонија (ИСРМ) во присуство на повеќе од 120 претставници на организациите и фирмите-членки. МАЦЕФ како член на Институтот учествуваше во гласањето за новото раководство. За претседател беше избран проф. д-р Александар Димитров од Технолошко-металуршкиот факултет -Скопје, а за негов заменик г-ѓа Билјана Смиљковска од Пивара Скопје. На состанокот беа усвоени и записниците за работата на Советот на ИСРМ и извештајот за работењето во 2007 година. Исто така, на собранието беа соопштени и начините за определување на висината и плаќањето на членарина за 2008 година. Заинтересираните колеги кои сакаат да станат активни членови на МАЦЕФ, треба да се јават на нашата адреса, за да ги добијат потребните формулари за зачленување. Колегите со поголемо искуство и резултати во оваа област, со желба да бидат внесени во меѓународниот регистер на експерти, ги замолуваме да контактираат со нас, за да им го доставиме потребниот формулар. Тоа не значи и обврска да се биде член на МАЦЕФ. Проект за Основни училишта PEP –USAID Во изминатион период ПЕП објави неколку јавни огласи за прибирање на понуди за реализација на предвидени проектни активности во училиштата, чии проекти беа одобрени за финансирање. Во тек е евалуација на тендерските документации, по што ќе се пристапи кон изведба на градежните и монтажните работи. Реновирањата се планира да се заокружат пред почетокот на учебната 2008/09 година.

Македонска Општинска Мрежа за Енергетска Ефикасност

јатот на Здружението за енергија, УСАИД и ЕАР беше организирана работилница на која присуствуваа повеќе од 50 претставници, меѓу кои и проф. Димитров од МАЦЕФ. Се формираше Група за ЕЕ ( EE Task Force) со цел да се забрзаат процесите за зголемување на примената на ЕЕ. Работните содржини беа насочени кон можности за ЕЕ во урбаниот резиденцијален сектор, Дизајн и интегрирање на програми за ЕЕ во резиденцијаниот сектор, финансирање како и претставување на студии за пример и успешни проекти. Здружението за енергија, беше формирано во 2007, а претставува процес кој има за цел да го прошири внатрешно европскиот (ЕУ) енергетски пазар во регионот на Југоисточна Европа. РИ Научен Совет Во просториите на Рударскиот институт се одржа состанок на Научниот совет со цел обновување на раководството и план за работа во наредниот период. Новоизбраното раководство е во состав: Академик проф. д-р Глигор Каневче, претседател,

Сегашни членови на МОМЕЕ се општините: Сарај, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Центар, Гази Баба, Валандово, Чаир, Кочани, Ресен, Берово, Аеродром, Гевгелија и Кичево. Во најскоро време очекуваме кон неа да се приклучат и работни организации и Институции кои се вклучени во програмите поврзани со енергетската ефикасност.

Годишна членарина:

24 000 денари

Обука за изработка на енергетски податоци за општните Обуката за прибирање и внесување на енергетските податоци за објектите во надлежност на општините продолжува. Кон 3. турнус на обуки се приклучи и општина Аеродром, а исто така оваа општина се зачлени и во

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте не на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52/1, 1000 Скопје, тел. 02 3090 177, 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk


ИНФОМАЦЕФ 59 Страна 3 Македонската општинска мрежа за ЕЕ. На предавањето беа разгледувани начините за внесување на податоците и важноста на комплетната документација по објект. Обуката продолжува и наредниот месец, а на општинските кадри останува интензивно да работат на прибирање на енергетските податоци. На работилниците исто така, општинските кадри имаат можност да ги разменат своите искуства во обезбедување на средства за реализација на проектни активности од областа на ЕЕ.

Комерцијални огласи ПЛОТАЊЕ – Квалитетно и навремено

Плотање CAD цртежи со најсовремена апаратура за само 160 денари по метар квадратен. Виткање и пакување. За неспоменати услуги цената е договорна. Тел.: 02 3090 178 или мобил 071 276 434.

ТЕРМОВИЗИЈА - СНИМАЊЕ СО ТЕРМАЛНА КАМЕРА

работните и на станбените простории. Дваесет тони од ова растение одговараат на истата енергетска вредност што ја даваат и 20 тони јаглен, тврдат од експертскиот тим на компанијата „Металец“. Таа е прва и единствена фирма во државава која започна со експериментално одледување на оваа енергетска култура која, пак, има широка примена во многу европски држави. Повеќе Македонија на 74. место во светот според грижата за животната средина Група научници од Центарот за политика за заштита на околината при американскиот универзитет „Јеил“ објавија ранглиста на земјите во светот според одредени еколошки перформанси. Од вкупно 149 држави, Македонија е на средина, се најде на 74. место, со индекс на успешна примена на заштитата на животната средина (ЕПИ) 75,1. Повеќе Горивото „еур 5“ чека министер за економија За да се утврди цената на горивото „еур 5“, за кое Владата овозможи бесцарински увоз, ќе се чека назначување на нов министер за економија, соопшти владиниот портпарол Ивица Боцевски. Владата нема процена кога ќе заврши таа процедура за да може бензинот да се најде на македонскиот пазар. Повеќе МЕПСО ќе го ревидира електроенергетскиот план МЕПСО бара од ЕЛЕМ и ЕСМ/ЕВН да дадат ревидирани електроенергетски планови за 2008 година, поради нaрушениот електроенергетски биланс, односно помалото производство на струја од планираното во јануари поради намалените дотоци на хидроакумулациите и поголемите преземени количини од најавените од страна на ЕСМ/ЕВН. Поради ова во почетокот на годината бил вклучен ТЕЦ Неготино, а МЕПСО како нарачател на услугата од ТЕЦ Неготино создал непланирано повисок трошок за преземената енергија од околу 7,5 милиони евра. Повеќе

Снимање на објекти на терен, анализа и извештај - 36.700 илјади денари по објект. Цената може да варира во зависност од габаритот и бројот на објектотите. Информации на тел.: 02 3090 177 или на мобил 070 22 85 77.

Вести од Македонија Агенцијата за Енергетика во регионален поход Агенцијата за енергетика на Република Македонија во февруари оствари посета на најрелевантните институции од енергетскиот сектор во Хрватска и Словенија. Беа одржани продуктивни состаноци со Управа за енергетика и рударство на Министерството за економија, труд и претприемништво; ХЕП-ЕСКО; Енергетскиот институт Хрвоје Пожар; Фондот за заштита на животната средина и енергетска ефикасност во Хрватска, и Секторот за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија на Министерство за околина и простор; Директоратот за енергија во Министерството за економија; Еколошкиот фонд на Република Словенија; Градбениот институт ЗРМК; Господарската зборница на Република Словенија; Центарот за енергетска ефикасност при Институтот “Јожеф Стефан” и Петрол- Сектор за енергетика во Словенија. „Се очекува во текот на месец март со министерствата на Република Хрватска и Република Словенија да се потпише договор за соработка во областа на енергетиката. Исто така, ќе се подготви и предлог текст за формирање на Регионално здружение за енергетика, а истиот документ е предложен од наша страна и е прифатен без двоумење“, изјави г. Атанас Србовски, директор на Агенција за енергетика. Извор: МАЦЕФ „Металец“ е прва и единствена фирма која започна со експериментално одгледување на енергетската култура Според светските искуства, од еден хектар насаден со вискантус се добиваат просечно 20 тони, од кои со натамошна обработка се добиваат енергетски брикети за затоплување на

Гасификацијата на Струмица ќе почне до крајот на годината До крајот на годината треба отпочне проектот за гасификација на Струмица преку изградба на гасоводен крак до Петрич, Бугарија, најави вицепремиерот Ставрески. Реализацијата треба да започне на крајот на годината и би траела околу 2,5 години. Повеќе ЕЛЕМ ќе отпочне студија за јагленот во Мариово Електрани на Македонија годинава ќе отпочнат студија за утврдување на резервите на јаглен во Мариово. Според сегашните сознанија, се претпоставува дека годишно од Мариово би можеле да се експлоатираат по 2,5 милиони тони јаглен. Повеќе Централното греење во Скопје поскапува за 17,5% Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) реши за 17,56% да се зголеми цената на централното греење за корисниците на услугите на Топлификација Скопје, а за 8,92% за оние што се греат од топланата Скопје - Север. Според одлуката, новите цени ќе се применуваат од 1-ви јануари и ќе важат за следните шест месеци, односно до наредното преиспитување на трошоците на Топлификација АД Скопје и топланата Скопје-Север. Повеќе

Новости од светот

Енергетски ефикасен микрочип за потрајна батерија во мобилките Истражувачите од МИТ и Тексас Инструментс го промовираа новиот дизајн на микрочип за преносливи електронски апарати кој е и до 10 пати енергетски поефикасен од денешната технологија. Овој дизајн има големи можности да се вгради во медицинските уреди и сензори и да го продолжи нивниот век на користење. Повеќе

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте не на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52/1, 1000 Скопје, тел. 02 3090 177, 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk


ИНФОМАЦЕФ 59 Страна 4 ОН ја стартување кампањата за јавен транспорт Сервисите за јавен транспорт се екипираат заедно со ОН во охрабрување на граѓаните за поголема употреба на автобусите, возовите наместо нивните автомобили. Голема промотивна кампања го поддржува проектот. Повеќе

ЕРГОН - КОН соработува со најголемите компании кои се занимаваат со сончеви системи и постојано го следи напредокот на технологијата.

Иран очекува големо производство на гас За 20 години Иран би можел да подмирува 10 отсто од светската побарувачка на природен гас, што е драстично зголемување во однос на сегашните еден отсто. Повеќе

RENEUER е формирана по иницијатива на претставници на владите, невладините организации и претпријатијата од 8 земји и тоа Албанија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Србија и Црна Гора, Македонија, Молдавија, Романија и Хрватска. Основната задача на оваа мрежа е да се ангажира за решавање на проблемите за ефикасна употреба на енергијата и водата во земјите од Југоисточна Европа. RENEUER ги дефинира основните определби во областа на ефикасното користење на енергијата и водата преку анализа на проблемите со кои се среќаваат земјите од Југоисточна Европа и можностите за нивно решавање.

Недостасуваат 20 % Нешто чудно се случи во неодамнешната објава на пакетот за Клима и енергија на ЕУ. Кој погрешил во пресметката на целта за намалување на емисијата на стакленички гасови, Баросо или Комесарот за енергетика. Повеќе Русија и понатаму ќе го контролира „Гаспром“ Во последните пет години даночните обврски на енергетскиот гигант се двојно зголемени и изнесуваат 20% од буџетот на земјата. Државата ќе продолжи непосредно да ја контролира ситуацијата во „Гаспром“, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин, потсетувајќи на неговото ветување дека државата нема да го подели нафтениот руски гигант туку оти ќе го зајакне. Истакнувајќи го стратешкото значење на „Гаспром“ за Русија, Путин изјави дека компанијата во 90-тите години имала стабилизирачка улога во преминувањето во пазарно работење, а сега придонесува за социјално значајните програми на земјата. Повеќе Хибридите можеби не се толку зелени колку се обоени во зелено Хибридните електрични возила (ХЕВ) кои работат истовремено на бензин и акумилирана ел. енергија се пред испит, додека не се развие поодржлива технологија за нивно работење, јавуаат истражувачите од Франција. Меѓународниот журнал за автомобилска технологија и менаџмент, сугерира дека усвојувањето на ХЕВ дури може и да го успори развојот на поодржливи возила на ќелии со електрично напојување. Повеќе Нов рекорд во инсталирање системи за ветер во 2007 Рекордни 20 000 MW во инсталации за енергија од ветер беа поставени ширум планетата во 2007, според Советот за глобална енергија од ветер. Индустријата со седиште во Брисел соопштува дека развојот е особено нагласен во САД, Шпанија и Кина. Се проценува дека ветерниците сега произведуваат повеќе од 94 000 MW на енергија во светот, во споредба со 74 133 MW во 2006 година. Повеќе

Комерцијална презентација ЕРГОН СОЛАР www.ergonsolar.com ул. Јосиф Даскалов бр 2 Ѓ. Петров, 1000 Скопје Тел.: 02 2050 - 703 РАСПОЛАГА СО: - топловоден систем (соларни панели, бојлер со два или три влеза, разноврсни термостати) - Систем греење/топлавода - Фотоволтажни панели ЕРГОН - КОН Д.О.О освен горенаведените производи, може брзо и навремено да Ви обезбеди дополнителни производи од својот магацин, по поволни цени. Вработените во ЕРГОН - КОН со своето долгогодишно успешно работење, можат да Ви дадат совет, да Ви изработат план или да Ве посетат лично.

РЕГИОНАЛНА МРЕЖА ЗА ЕФИКАСНО КОРИСТЕЊЕ НА ЕНЕРГИЈАТА И ВОДАТА RENEUER (www.reneuer.com)

Корисни web-адреси www.managenergy.net/kidscorner www.pep.org.mk www.plasticrecycling.org.mk/video/PET-Usaid-Macedonian.wmv www.sustenergy.org/ www.motorchallenge.org/ www.energetika.com.mk www.total.com.mk/ www.euractiv.com/ www.ase.org/ www.display-campaign.org/ www.energie-cites.org/ www.erc.org.mk

Манифестации

REXchange 2008 – Врвен настан за поттикнување на тргувањето со обновлива енергија 8-9 април 2008, Амстердам, Холандија Настанот ќе се фокусира на Новата ЕУ регулатива и како таа ќе го промени пазарот за обновливи енергии, промени во цените ОЕ, можности за проиводителите, трговците, набавувачите и потрошувачите. Повеќе Меѓународен Конгрес и изложба за енегретска ефикасност и обновлива енергија 07-10 април 2008, Софија, Бугарија Наменета за земјите од Југоисточна Европа. Повеќе Конференција за еко –градби, Energie-Cités 7-8 април, Штутгард Ако еко-градбите се концепт кој Ви побудува интерес мора да присуствувате на 2. Симпозиум на ЕУ FP6 на проекти за екоградби. Повеќе 13-та Средба на Energie-Cités 9-11 април 2008, Корк, Ирска Оваа средба се организира со членовите на Energie-Cités. Главната цел е размена на искуства, нови идеи и ентузијазам за постигнување повеќе. Со цел да Ви помогнеме посетете ја следната вебстраница Одржлива енергија – Правна рамка и пазари 28-29 април 2008, Лондон, Велика Британија Единствена можност да дознаете повеќе од врвни индустриски експерти за тоа како новите политики за енергетика и ЕЕ ќе влијаат на Вашите организации. Повеќе Меѓународна соработка за ЕЕ: Заеднички да работиме за ниско – јаглеродна економија 28 мај 2008, Палата на народите, Женева, Швајцарија Конферецијата ги собира високите експерти од владите и индустријата како и високи претставници на меѓународни тела за дискутирање за начините за унапредување на ЕЕ преку зголемена меѓународна соработка. Повеќе Great Energy Efficiency Day 16 април, Куќа на сенатот, Дирксен Повеќе

Редакција: Центар за енергетска ефикасност на Македонија Главен уредник: проф. д-р Константин Димитров Редактори: м-р Македонка Димитрова, Игор Петрушевски дипл. маш. инж., Жарко Илиевски дипл. маш. инж.

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте не на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52/1, 1000 Скопје, тел. 02 3090 177, 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk

59 infomacef  
59 infomacef  
Advertisement