Page 1

Број 58

ЦЕНТАР ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ НА МАКЕДОНИЈА

јануари 2008

МАЦЕФ МАЦЕФ промовира енергетска ефикасност и почиста животна средина Во овој број: Õ Од уредникот Õ Активности на МАЦЕФ Õ МОМЕЕ новини Õ Новости од светот Õ Корисни web-адреси Õ Манифестации

OД УРЕДНИКОТ Почитувани колешки и колеги, членови на МАЦЕФ! Јануари е исполнет со многу прослави, но тоа не значи дека не се случува ништо во областа на енергетиката. Неделата на одржлива енергетика, организирана од страна на ManagEnergy под покровителство на Одделот за енергетика при ЕУ, е веројатно централен настан на Европско ниво. Со неверојатна концентрација на случувања, во неколку репрезентативни објекти во Брисел, се собраа експерти, промотори, и политички личности кои донесуваат одлуки за да усогласат/конфронтираат поедини пристапи кон проблемите на иднината – потреба за повеќе енергија и потреба за смалување на загадувањето на околината. Во Македонија централна тема е измената на Законот за енергетика, кој предизвика бурни реакции во Македонија, а и надвор од неа. Може да биде од посебна важност за стопанството на Македонија (и енергетиката) на патот кон ЕУ, формирањето на Европскиот клуб. 28.1-1.2.208 ManagEnergy – Одржлива енергија за ЕУ Обука на волонтери за промоција на мерки за интелигентно користење на енергијата во основните училишта Транспарентност – дискусија за новиот Закон за енергетика Ги очекуваме Вашите ставови за различни теми поврзани со енергетиката, екологијата, еконоијата (како нераскинлива верига) како и информации за поедини активности и нови производи на нашиот пазар кои сакаме да ги промовираме на нашите страници,

Проф. Д-р Константин Димитров

ЦЕНТАР ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ НА МАКЕДОНИЈА - МАЦЕФ

МАЦЕФ е доброволно научно здружение, кое што нуди услуги и стручни знаења од областа на енергетиката и заштита на животната средина во Република Македонија и пошироко. МАЦЕФ е член на меѓународната мрежа за енергетска ефикасност RENEUER (Regional Network on Efficient Use of Resources). МАЦЕФ е дел од мрежата managenergy формирана од страна на European commission DG Energy and Transport www.managenergy.net . МАЦЕФ e член на Асоцијацита на Консултантски организации. МАЦЕФ е член на БИСЕ Форумот, Motor Challenge Programme и официјален партнер на Sustainable Energy Europe 2005-2008

Активности на МАЦЕФ Транспарентност организираше јавна дебата за измените во Законот за енергетика Нулта корупција Транспаренси организираше јавна дебата на тема „Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за енергетика” во хотелот Стоун Бриџ во Скопје. Своите ставови ги образложија присутните меѓукои високи владини претставници, раководни структури од ЕЛЕМ, МЕПСО, ЕВН Македонија, Регулаторна комисија за енеретика, енергетски експерти, Стопанска комора на Македонија и претставници на политички партии. Проф. д-р Константин Димитров го претставуваше МАЦЕФ во улога на експерт за енергетика. Коментарите на предложените измени на Законот за енергетика ги направија експерти од Правниот факултет. Посебно внимание се посвети на забелешките од Комисијата од Брисел. Тие идентификуваа две критични области и тоа по однос на монополската положба на ЕЛЕМ и одредбата ЕВН дел од загубите при дистрибуција да ги купува на регионалниот пазар, а не според регулирана (пониска) цена. На дебатата зема учество и г-ѓа Ружица Андроникова, советник за енергија во Делегацијата на европската комисија во Р. Македонија, која ги објаснуваше ставовите на Комисијата од Брисел. Презентација на Powerboss во МАЦЕФ Претставници од фирмата И – Импулс од Скопје, застапници на компанијата Сомар од Велика Британија, го претставија Powerboss микропроцесорскиот уред за интелигентно управување со асинхроните електромотори, кои имаат 70% удел во вкупната потрошувачка на ел. енергија во индустријата. Со вградување на овој уред во клима уреди, ладилници, шивачки машини, компресори, мешалици, пилани, преси и други машини кои се применуваат во технолошки цели се оптимира работењето на електромоторите и екстремно се намалува потрошувачката на ел. енергија. Во Македонија, има поставено Powerboss на еден дел од опремата во гигантот Макстил во Скопје, кадешто паралелно се анализира потрошувачката со онаа на опремата која работи без него. Во тек се преговори и за други демонстративни примери со кои консументите ќе се уверат во неговите преформанси. Повеќе

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте не на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52/1, 1000 Скопје, Тел. 02 3090 177 Факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk


ИНФОМАЦЕФ 58 Страна 2 Обука и средба на 18 едукатори дел од проектот за „Разумно користење на ел. енергија“ на ЕВН Во рамките на проектот на ЕВН Македонија за разумно користење на ел. енергија, МАЦЕФ ќе реализира и координира посета на 53 училишта или околу 400 паралелки во Крива Паланка, Кратово, Пробиштип, Виница, Свети Николе, Лозово, Чашка, Тетово, Теарце, Дебар, Гостивар, Нагоричане, Велес и Скопје. Во обуката како партнери на МАЦЕФ, покрај ЕК Липа од Куманово се вклучија и ЕК Green Power од Велес, кои ќе го покриваат централниот и источниот регион на земјата. 18 волонтери беа обучени за да го продолжат проектот во второто полугодие. Европскиот клуб промовиран во Македонија На 22 јануари во Скопје се одбележа приклучувањето кон мрежата за остварување на дијалог - „Европски клуб“ со презентација на тема „ Каменит пат до Европа, искуства и очекувања“. Овој клуб во кој членуваат компании од земјата и странство кои делуваат во Македонија, за прв претседател го избраа г. Гинтер Офнер, директор на ЕВН Македонија. На следниот состанок на клубот, амбасадорот на Словенија ќе презентира искуства и насоки за побрзо изодување на „каменитиот пат“ кон членството во ЕУ. Претставници на МАЦЕФ земаа активно учество на презентацијата и дискусијата за натамошните активности на клубот. Добредојдовте на Неделата за одржлива енергија–2008 во ЕУ Второто издание на Неделата за одржлива енергија (НОЕ) прерасна во многу голем настан во кој повеќе од 100 институции организираат повеќе од 70 настани во 8 земји под исто мото: „Вложете една седмица за подобро утре“. Преставник на МАЦЕФ присуствуваше на дел од овие манифестации. Европската комисија ја организираше НОЕ како централен настан на Кампањата за Одржлива енергија во Европа. Целта е да им се понуди на чинителите форум за унапредена дискусија и заеднички активности за одржлива енергија. Европската комисија и другите целни групи, исто така, ја претпочитаат НОЕ како платформа за презентирање и дискусија за најзначајните политички иницијативи во полето на енергетиката. Декември беше мецес на Лисабон, Бали и Сеул. Спогодбата од Лисабон беше вклучена, за прв пат, како цел за промовирање на енергетска ефикасност и заштеда на енергија, како и развој на нови и обновливи форми на енергија (Член 176 c). Определбата за намалување на емисијата на стакленичките гасови прерасна во единствена за сите чинители на Бали. Јануари беше месец на Брисел. Комисијата предложи нов Енергетски

пакет за Европската унија – вклучувајќи стратегии за постигнување на амбициозни унилатерални обврски за намалување на CO2 емисии преку примена и производство на обновлива енергија. Исто така, беше промовиран Стратешкиот технолошко-енергетски план, како основен водич за идниот развој. Беа промовирани и најамбициозните проекти, изработени од страна на градовите во Европа, на иницијатива на ЕУ коишто се во насока на намалување на климатските промени: Спогодба на градоначалниците (Covenant of Mayors). Престседателот на Европската комисија, г. Емануел Баросо, претседаваше со дебатата наменета за високи претставници на земјите на ЕУ, на која се дискутираше за долгорочни прашања во насока на иднина на интелигентна енергија. Интерпарламентарниот состанок ги собра на едно место националните и европските парламентарци кои се заложија за развој на координиран начин. Мерките од новата легислатива потребни за осигурување на распространување на обновливите енергии и подготвувањето на новата директива за згради без двоумење ќе има решавачко влијание за исполнување на заложбите. Останатите конференции, работилници, презентации и семинари беа посветени на секторот за транспорт, јавно осветлување, едукација за енергија од најрани години, пазарни иницијативи, национални програми, технолошки развој, регионални и локални иницијативи кои се во тесна врска со промоција на одржлива енергија. Настаните паралелно се организираа и во Австрија, Германија, Италија, Шпанија и Црна Гора. Комесарот за енергија г. Andris Piebalgs на церемонија одржана на 29 јануари, ги додели наградите за најдобро реализиран проект или иновативна активност во рамки на кампањата за Одржлива енергија Европа за 2008. Од пристигнатите 386 извештаи за проекти, номинирани беа 26 проекти во следните категории: програми за соработка; демонстративни активности; трасформација на пазар; едукативни, промотивни и ПР настани како и одржливи општини. МАЦЕФ беше партнер на ЕНЕА Италијанската Агенција за нови технологии, енергија и животна средина која беше номинирана за награда за реализираниот проект Desire – Net - развој на проектна мрежа и меѓународна мрежа за обновливи енергии, која ја доби највисоката награда во својата категорија. Паралелно со конференциската програма се реализираше и изложба или практична демонстрација на иницијативите превземени од партнерите на Кампањата Одржлива Европа. 37 партнери ги делеа своите искуства со посетителите на изложбата во зградата Charlemange. Официјално се претставија Словенија, претседавачот на ЕУ, Италија и Извршната агенција за конкурентност и иноваторство( EACI). Освен формалностите, посетителите имаа можност да уживаат во еко-симулатори, виртуални игри со блокови од мраз и да се освежат во добро изолиран Cool Bar изрезбан во мраз! Комплетна програма на Неделата за одржлива енергија Заинтересираните колеги кои сакаат да станат активни членови на МАЦЕФ, треба да се јават на нашата адреса, за да ги добијат потребните формулари за зачленување. Колегите со поголемо искуство и резултати во оваа област, со желба да бидат внесени во меѓународниот регистер на експерти, ги замолуваме да контактираат со нас, за да им го доставиме потребниот формулар. Тоа не значи и обврска да се биде член на МАЦЕФ. Проект за Основни училишта PEP –USAID Во рамките на втората фаза од компонентата реновирање беа доставени 119 апликации од вкупно 75 општини, а доделени се грантови на 32 училишта во исто толку општини. Процесот на селекција се одвиваше според утврдени критериуми од страна на работна група составена од еминентни претставници од сферата на образованието. Процесот на реновирање на овие училишта се очекува да започне во март 2008 г., а ќе трае се до

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте не на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52/1, 1000 Скопје, тел. 02 3090 177, 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk


ИНФОМАЦЕФ 58 Страна 3 октомври 2008. Изборот на најповолен изведувач, одделно за секој проект, ќе биде извршен преку јавен тендер, при што понудувачите може да присуствуваат на процесот на отворање на тендерската документација. Процесот на реновирање се очекува да биде финализиран до крајот на 2011 година кога бројката на реновирани училишта ќе биде заокружена на 100. Во јавните гласила веќе се објавуваат тендерите за реализација на ови активности. Повеќе...

Македонска Општинска Мрежа за Енергетска Ефикасност Сегашни членови на МОМЕЕ се општините: Сарај, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Центар, Гази Баба, Валандово, Чаир, Кочани, Ресен, Берово и Кичево. Во најскоро време очекуваме кон неа да се приклучат и работни организации и Институции кои се вклучени во програмите поврзани со енергетската ефикасност.

Годишна членарина:

24 000 денари

Се реализира првата награда – Енергетски ефикасна општина -2007 Општина Гевгелија, како првопласирана на конкурсот за Енергетски ефикасна општина 2007, освен што ужива бесплатно членство во МОМЕЕ за 2007-2008, доби и можност за бесплатна изработка на Енергетска контрола за еден општински објект. Во заеднички договор со г. Ристе Атанасовски, задолжен за енергетски прашања во општината беше реализирана посета и контрола на ООУ Крсте Мисирков во Гевгелија. Сертифицираните енергетски контролори од МАЦЕФ направија увид во состојбата на училишната зграда и котелската постројка по што следи изработка на Извештај за енергетската состојба и препораки за примена на мерки за ЕЕ во училиштето. Извештајот придружен со соодветна техничка документација може да се употреби за конкурирање за финансиски средства кај институции – донатори.

Комерцијална презентација EuroStrip – ленти за затнување Со EuroStrip лентите прозорците и вратите одлично затнуваат и значително ја намалуваат потрошувачката на енергија. Заштедите се меѓу 10-30%, во зависност од нивната состојба и амортизараност. Системот на шведската компанија Trelleborg – EUROSTRIP го овозможува токму тоа. Поднесува неограничен број на оптоворања и затворања, отпорен е на температури од -40 до +70oC, спречува влез на прашина, совршено се вклопува со бојата и обликот во секој дрвен прозорец или врата. Се поставува од стручни лица со соодветни алати. Лентите за затнување имаат 3(три) години гаранција на материјалот и изведбата.

Вести од Македонија Прифатени измените во Законот за енергетика Европската комисија упати критики за монополската позиција на ЕЛЕМ, а Владата вети дека со амандмани во законот ќе го усогласи тоа прашање со европски директиви. Владата доби дозвола од Европската комисија во Брисел за дополнителни усогласувања во Законот за енергетиката. Вицепремиерот Ставрески смета дека најзначајно е што се согласиле дека „измените се во вистинска насока и дека

динамиката на либерализација на енергетскиот сектор е соодветна со можностите на Македонија“. Тој исто така истакна

дека новиот закон за енергетиката не создава монополска позиција за „Електрани на Македонија“. Повеќе...

Скопје ќе селектира отпад од јули 2008 Градоначалниците Трифун Костовски и Андреј Петров, претставници од УСАИД и ЈП Комунална Хигиена, им помогнаа на учениците од Клубот за рециклирање од Основното училиште “Братство“ при дистрибуцијата на првите кесиња за селектирање на отпад. Со тоа симболично започна завршната фаза од пилот проектот за собирање и селектирање на отпад, спонзориран од УСАИД. Градоначалникот Трифун Костовски, во оваа пригода уште еднаш силно ја потенцираше потребата Скопје да биде чист град, со чиста животна средина за своите граѓани. Рудниците за јаглен пред испит, ќе одговорат ли на потребите? Во Македонија има доволни количества на јаглен, но доколку се активираат потенцијалните наоѓалишта во Пелагониската рамница, за која студиите велат дека лежи врз 1,5 милијарда тони јаглен. Неодамна во рудникот „Суводол“, кој со јаглен го снабдува стожерот на македонскиот електроенергетски систем РЕК „Битола“ настана лизгање на земјиштето со што испораката на јаглен се доведе во прашање. Во „Електрани на Македонија“ велат дека битолската електрана ги црпи последните резерви јаглен од површинскиот коп во „Суводол“, кои се доволни за само уште четири години. Пукнатините што се појавиле во рудникот може да предизвикаат нови одрони поради што забрзано се работи за да се стави во функција новиот површински коп Брод-Гнеотино, но за да се исполни годишната динамика од 2 милиона тони, ќе треба да се чека до 2011 година посочуваат експертите. Според физибилити -студијата на Рударскиот институт од Скопје, до 3 милиони тони јаглен годишно може да се црпат од наоѓалиштето кај село Живојно. Но, тоа бара поголеми инвестициски вложувања поради што за негова реализација засега не се размислува. Извор: МАЦЕФ До 2019 година Македонија ќе потоне во мрак Според Извештајот на Светска банка во 2019 година, Македонија ќе увезува 90% од своите потреби за ел. енергија. Почнувајќи од 2013 година, блоковите на РЕК „Битола“ и ТЕЦ „ Осломеј“ треба да „ се пензионираат“ или да се реконструираат. Овие мрачни проценки се дел од последната анализа на Светската банка за енергетскиот сектор во Македонија. Експертите од Банката препорачуваат инвестиции во производствениот сектор, и подговтување на ТЕЦ „Неготино“ за работа на гас или на јаглен, за да се избегне најлошото сценарио. Анализата на експертите покажува постојан пораст на побарувачката на ел. енергија. Потрошувачката во 2003 изнесуваше 7222 GWh, а десет години подоцна се проценува дека ќе биде 9780 GWh годишно, односно 12600 GWh во 2019 година. Повеќе...

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте не на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52/1, 1000 Скопје, тел. 02 3090 177, 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk


ИНФОМАЦЕФ 58 Страна 4 РЕГИОНАЛНА МРЕЖА ЗА ЕФИКАСНО КОРИСТЕЊЕ НА ЕНЕРГИЈАТА И ВОДАТА RENEUER (www.reneuer.com)

RENEUER е формирана по иницијатива на претставници на владите, невладините организации и претпријатијата од 8 земји и тоа Албанија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Србија и Црна Гора, Македонија, Молдавија, Романија и Хрватска. Основната задача на оваа мрежа е да се ангажира за решавање на проблемите за ефикасна употреба на енергијата и водата во земјите од Југоисточна Европа. RENEUER ги дефинира основните определби во областа на ефикасното користење на енергијата и водата преку анализа на проблемите со кои се среќаваат земјите од Југоисточна Европа и можностите за нивно решавање.

Новости од светот

Нови нуклеарки во Велика Британија Новата генерација на нуклеарни постројки во Велика Британија доби формално зелено светло од Владата. Секретарот за трговија г. Џон Хатон им кажа на парламентарците дека ќе обезбедат „сигурен и исплатлив“ начин на осигурување на енергетските испораки во Британија во иднина, а при тоа борејќи се со климатските промени. Тоа потенцираше дека сите нови централи ќе се изградат во близина на постоечки реактори од страна на приватни компании и увери дека првата ќе биде завршена пред 2020 година. Повеќе European Sustainable Energy – Нова ревија Излезе првиот број од новата квартална ревија наменета за нови технологии и развој на Европската оджлива индустриска енергија. Целна група на списанието се клучните повисоки раководни структури кои се вклучени во процесот на одлучување и набавки. „ Ајде да излеземе од митот дека има

единствено технолошко и организациско решение коешто ќе ги реши сите проблеми. Нема единствено решение. Секоја земја, секој регион има микрокарактеристики. Ветерниците кои одлично функционираат на едно место може да не се толку ефикасни на друго место.“ – поздравува во предговорот г-ца

Хелен Дифорд, уредник на ревијата. Првото издание обработува наслови како Биоенергија и биомаса – Германија, Сончева фотоелектрична централа – Португалија, Енергетски паркови – Германија и Револуција на обновливата енергија во Југоисточна Англија... Повеќе... Schott Solar со нова фабрика за тенкослојни сончеви модули Германската компанија, Шот Солар инвестираше 75 милиони евра, во фабрика за масовно индустриско производство на сончеви модули со тенок апсорпциски слој. Фабриката отвори нови 180 работни места во Јена, каде што има и сончева електрана. Повеќе... Цената на нафтата руши рекорди Поради политичките немири во Пакистан, слабеењето на американскиот долар се зголеми и цената на златото на светските берзи. Ова покачување резултираше во надминување на цената на нафтата над 100 УСД. Причините се бараат и во загриженоста дека насилството би можело дополнително да го намали извозот од Нигерија, најголемиот производител во Африка и на шпекулациите дека залихите на нафта во САД континуирано опаѓаат. Овие информации ги вжештија и најавите за затворање на три главни мексикански извори на нафта поради лошите временски услови. Повеќе Сименс ќе испорачува ветерници и парни турбини во Шпанија Siemens Power Generation доби голема нарачка од Шпанија за испорака на ветерници и клучна опрема за сончеви електроцентрали. Најголемата градежна компанија во Шпанија, нарача 50 ветерници со капацитет од 2.3 MW, кои ќе бидат дел од четирите фарми на ветерници во Андалузија. Нарачани се и инду-

стриски парни турбини наменети за сончевата- термоелектрана Екстресол 1, која ќе се гради во јужна Шпанија. Турбините тежат повеќе од 170 милиони евра. Повеќе... Енергетските прашања сé повисоко на агендите на политичарите Претседателската трка во САД се повеќе се заснова на платформски еколошки и енергетски планови. Покрај војната во Ирак, климатските промени, за разлика од другите избори, се најзастапени во програмските насоки. За определбите на полето на енергетиката, Протоколот од Кјото и слично, зборуваа претседателските кандидати Обама и Клинтон, во дебатата на CNN на 31 јануари. Повеќе...

РЕГИОНАЛНА МРЕЖА ЗА ЕФИКАСНО КОРИСТЕЊЕ НА ЕНЕРГИЈАТА И ВОДАТА RENEUER (www.reneuer.com)

RENEUER е формирана по иницијатива на претставници на владите, невладините организации и претпријатијата од 8 земји и тоа Албанија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Србија и Црна Гора, Македонија, Молдавија, Романија и Хрватска. Основната задача на оваа мрежа е да се ангажира за решавање на проблемите за ефикасна употреба на енергијата и водата во земјите од Југоисточна Европа. RENEUER ги дефинира основните определби во областа на ефикасното користење на енергијата и водата преку анализа на проблемите со кои се среќаваат земјите од Југоисточна Европа и можностите за нивно решавање.

Корисни web-адреси www.managenergy.net/kidscorner www.pep.org.mk www.plasticrecycling.org.mk/video/PET-Usaid-Macedonian.wmv www.sustenergy.org/ www.motorchallenge.org/ www.energetika.com.mk www.total.com.mk/ www.euractiv.com/ www.ase.org/ www.display-campaign.org/ www.energie-cites.org/ www.erc.org.mk

Манифестации

Годишно Собрание на Карбон Маркет 11- 13 март 2008, Копенхаген, Данска Годишен настан за учесниците на пазарите за јаглеродни емисии. Досега има регистрирано повеќе од 1600 посетители и преку 80 изложувачи, 120 панелисти и презентери во доменот на тргување во јаглеродни емисии и проекти во ова поле.Извор REXchange 2008 – Врвен настан за поттикнување на тргувањето со обновлива енергија 8-9 април 2008, Амстердам, Холандија Настанот ќе се фокусира на Новата ЕУ регулатива и како таа ќе го промени пазарот за обновливи енергии, промени во цените ОЕ, можности за проиводителите, трговците, набавувачите и потрошувачите. Повеќе Меѓународен Конгрес и изложба за енегретска ефикасност и обновлива енергија 07-10 април 2008, Софија, Бугарија Наменета за земјите од Југоисточна Европа. Повеќе 13-та Средба на Energie-Cités 9-11 април 2008, Корк, Ирска Оваа средба се организира со членовите на Energie-Cités. Главната цел е размена на искуства, нови идеи и ентузијазам за постигнивање повеќе. Со цел да Ви помогнеме посете ја следната вебстраница. Одржлива енергија – Правна рамка и пазари 28-29 април 2008, Лондон, Велика Британија Единствена можност да дознаете повеќе од врвни индустриски експерти за тоа како новите политики за енергетика и ЕЕ ќе влијаат на Вашите Извор... организации.

Редакција: Центар за енергетска ефикасност на Македонија Главен уредник: проф. д-р Константин Димитров Редактори: м-р Македонка Димитрова, Игор Петрушевски дипл. маш. инж.

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте не на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52/1, 1000 Скопје, тел. 02 3090 177, 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk

58 infomacef  
Read more
Read more
Similar to
Popular now
Just for you