Page 1

Број 56

ЦЕНТАР ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ НА МАКЕДОНИЈА

ноември 2007

МАЦЕФ МАЦЕФ промовира енергетска ефикасност и почиста животна средина Во овој број: Õ Од уредникот Õ Активности на МАЦЕФ Õ МОМЕЕ новини Õ Новости од Македонија, другите земји Õ Манифестации

извори и транспорт преку мрежа на локални агенции за енергетика и други чинители. Дел од најважната комуникациска алатка е веб страната на која содржи голем спектар на содржини за енергетска едукација на наставници, деца и професионалци за енергетика.

OД УРЕДНИКОТ Почитувани колешки и колеги, членови на МАЦЕФ! Ноември за МАЦЕФ беше месец исполнет со активности. Со продолжувањето на активностите во рамките на Неделата на енергетика – преку почнувањето на проектот за претставување на мерките за енергетска ефикасност во градинките, продолжувајќи со квизот и натпреварот на 8 училишта за познавање на можностите за штедење на енергија, до започнувањето на наставата за трето и четврто одделение со основните мерки за штедење на електрична енергија. Kids Corner на македонски јазик Денови на енергетика – едукација и совети за подмладокот УСАИД – Конференција за инвестирање во општините ЗЕМАК Советување Проект на ЕВН Дистрибуција за основни училишта Очекуваме информации за активности, нови производи кои сакаме да ги промовираме на нашите страници и реакции од Вас, поздрав

Проф. Д-р Константин Димитров ЦЕНТАР ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ НА МАКЕДОНИЈА МАЦЕФ

МАЦЕФ е доброволно научно здружение, кое што нуди услуги и стручни знаења од областа на енергетиката и заштита на животната средина во Република Македонија и пошироко. МАЦЕФ е член на меѓународната мрежа за енергетска ефикасност RENEUER (Regional Network on Efficient Use of Resources). МАЦЕФ е дел од мрежата managenergy формирана од страна на European commission DG Energy and Transport www.managenergy.net . МАЦЕФ e член на Асоцијацита на Консултантски организации. МАЦЕФ е член на БИСЕ Форумот, Motor Challenge Programme и официјален партнер на Sustainable Energy Europe 2005-2008

Активности на МАЦЕФ KIDS CORNER на Европската Комисија достапен и на македонски јазик По долгогодишни напори, Македонија и македонскиот подмладок е поблиску до европските програми за енергетска ефикасност наменети за деца. МАЦЕФ ja реализираше информативната веб страница Kids Corner од ManageEnergy на македонски јазик. ManagEnergy е иницијатива на Европскиот Генерален Директорат за енергија и транспорт. Таа поддржува и промовира локални активности за ефикасност, обновливи

http://www.managenergy.net/kidscorner, е само дел од оваа веб страница, наменет за деца со онлајн пристап и тоа од 7-11 години и 12-16 со информации за климатските промени, заштеда на енергија и разни обновливи извори на енергија – биогорива, ветер, хидро и сончева енергија. МАЦЕФ ја продолжува соработката со Kids Corner во насока за овозможување на учество на ликовниот и фото натпревар што секоја година го организира Детското аголче за децата од земјите на Европската Унија. Денови на енергетика 2007 – Едукација за енергија Во месец ноември два настани ја одбележаа Неделата на енергетика 2007. Во соработка во ЈУО Детската градинка „Орце Николов“ од Карпош, МАЦЕФ свечено го започна пилот проектот за едукација на деца од предшколска возраст за „Основи на енергија“. Програмата ја поздрави г. Андреј Петров, градоначалник на општина Карпош и претставник од Град Скопје како покровител на манифестацијата. Програмата, во која се вклучени енергетичари – едукатори, психолози и педагози, предвидена е да се реализира во 13 наставни единици во првата половина на 2008 година. Процесот предвидува следење на реакциите на децата и нивната подготвеност за нова материја од овој вид. Повеќе воспитувачки од сите клонови на оваа градинка се вклучени во програмата со свои сугестии. Kвиз и ликовна колонија на тема „ Да штедиме енергија во нашето училиште“

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте не на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52/1, 1000 Скопје, Тел. 02 3090 177 Факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk


ИНФОМАЦЕФ 56

Недела на енергетика 2007 ја заокружи Квиз и ликовна колонија во насока на развивање на свест за ЕЕ во основните училишта. Настанот го реализираше МАЦЕФ, а го поддржа ПЕП – Проектот за основно образование на УСАИД. Учесници беа учениците од ОУ „Никола Русински“- Русиново, ОУ „Гоце Делчев“ – Василево, ОУ „7 Марси“ – Брвеница, „Јан Амос Коменски“ и „Горѓија Пулевски“ од Скопје. Сите натпреварувачи добија маичка со илустративна мерка за заштеда на енергија, додека првонаграденото ОУ „Мите Богоевски“ од Ресен доби штедливо осветлување, а 2-ро награденото ОУ „Ванчо Китанов“ од Пехчево (види фотографија) затнување на вратите со гумени затинки. Локалните компании: Новели, застапник на Трелеборг од Шведска целосно ја обезбеди втората награда, додека Филипс Винт дадоа допринос во обезбедување на првата награда. Цртежите, не се оценуваа, бидејќи сите понудија одлични содржини за заштеда на енергија и обновливи извори, и веќе ги красат просториите на учесниците и реализаторите на квизот. Натпреварот се одржа на територијата на општина Аеродром. УСАИД – Конференција за инвестирање во општините На 16 - 17 ноември се одржа Конференција за инвестирање во општините во рамки на Проектот за локална самоуправа во Македонија финансиран од УСАИД. Целта на оваа Конференција беше да ги презентира законските можности, потребите, како и формите и инструментите за задолжување на општините, во функција на финансирање на капиталните инвестиции, притоа користејќи и одредени меѓународни компаративни искуства. Еден од главните приоритети ќе претставуваат проектите од областа на енергетската ефикасност, а кои ќе се финансираат по пат на кредити. Проф. Д-р Константин Димитров, МАЦЕФ се претстави со презентација која имаше многу корисни совети за општините во насока на искористување на расположливите можности и законските обврски на општините. Настанот се одржа во рамки на ЗЕЛС ЕКСПО 2007. Настава во основни училишта – Штедете електрична енергија МАЦЕФ- Скопје со партнерот Липа - КУманово, Младински Совет- Охрид, Биосфера-Битола, Жетва на знаење - Прилеп, Планетум – Струмица се здруженија на граѓани - реализатори на Проектот за основни училишта на ЕВН Македонија. Обуката е наменета за деца од трето и четврто одделение од основните училишта. Во времетраење од еден училишен час тие учат повеќе за поимите енергија, извори на енергија, производство на електрична енергија како и совети за нејзино разумно и безбедно користење. Проектот е посветен на едукација за

Страна 2

корисноста, значењето и опасностите од електричната енергија. Планирано е да се опфатат повеќе од 100 училишта, од кои за 40-тина е задолжен МАЦЕФ, во текот на учебната 2007/2008. МАЦЕФ ангажираше волонтери од своите редови меѓу кои има македонци и албанци кои успеваат да ги анимираат и задржат вниманието на децата. Овој тип на едукација е во насока на продлабочување на едукативните активности што МАЦЕФ ги превземаше во изминатите години. Определба на МАЦЕФ е да придонесе за создавање на нови генерации на граѓани со развиена свест за разумно користење на енергија. Повеќе на http://www.kids.evn.com.mk

Фотографија од ОУ Петар Поп Арсов, „Енергетска ефикасност и менаџмент во индустријата“ – посета на курс во Турција Во ноември во тренинг центарот на „ General Directorate of Electrical Power Resources Survey and Development Administration (EIE)“ во Анкара, а во соработка со Јапонската интернационална агенција за кооперација(JICA) се одржа тренинг курсот за земјите од третиот свет од областа „Енергетска ефикасност и менаџмент во индустријата“. Главната цел на програмот е да се формира база за техничка кооперација помеѓу земјите во развој, како и остручување од оваа област адаптирана на нивните специфични усло-ви и потреби. Тренинг курсот во кој учествуваа 18 учесници од 10 земји, го посети веќе 3. година учествува со свои квали- тетни кадри. Во првиот дел беа презентирани информации од областа на енергетиката, енергетската ефикасност и менаџментот во индустријата од стручни лица од центарот, како и од претставници од фирми кои се дел од оваа проблематика. Нашата презентација беше оценета како многу успешна отсликувајќи ги реалните можности и перспективи на поле на енергетиката во земјата. Во Вториот дел кој беше практичен и се одвиваше во високософистицирана лабораторија, се изведуваа лабораториски испитувања на повеќе индустриски компоненти како, печки, котли, компресори, вентилатори и пумпи. Третиот дел се состоеше од теренска посета на производствени капацитети како „Арчелик“, „Беко“ и „Алтинјилдиз“.

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте не на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52/1, 1000 Скопје, тел. 02 3090 177, 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk


ИНФОМАЦЕФ 56 Работилница за Проектот INRE

Претставници на МАЦЕФ присуствуваа на работилницата во врска вклучување на здруженија на граѓани во Истражувања за Обновлива Енергија (Involving NGOs in Renewable Energy Research), финансирана од Шестата Рамковна Програма на Европската Унија. Тимел го спроведува проектот во земјава и веќе издаде Извештај од извршената идентификација и собирање на информации за здруженија на граѓани во Македонија кои се ангажираат за промоција на обновливата енергија. Истражувањето покажува дека од постојните над 600 регистрирани здруженија на граѓани во Македонија, околу 30 од нив имаат допирни точки, односно 21 имаат активности насочени кон промоција на обновливата енергија во Македонија. Заинтересираните колеги кои сакаат да станат активни членови на МАЦЕФ, треба да се јават на нашата адреса, за да ги добијат потребните формулари за зачленување. Колегите со поголемо искуство и резултати во оваа област, со желба да бидат внесени во меѓународниот регистер на експерти, ги замолуваме да контактираат со нас, за да им го доставиме потребниот формулар. Тоа не значи и обврска да се биде член на МАЦЕФ. Изработена “Енергетска контрола“ за училиште во Валандово На иницијатива на општина Валандово, ЦОУ „Ј.Б. Тито“ од Валандово направи Енергетска контрола на училишната зграда.

Студијата идентификува неколку примарни мерки за енергетска ефикасност со кои ќе се постигне заштеда на енергија од 139740 kWh/god или нето финансиски заштеди во висина од 542 460 МКД/годишно. Амбиенталните услови во училиштето ќе се унапредат со следните мерки за ЕЕ: термална изолација на покривната конструкција, затнување на прозорците, замена на котелот, горилникот и придружна опрема како и негова автоматска регулација. Предложените мерки се најпрофитабилни, а доколку сите се реализирааат едновремено ќе се обезбеди повраток на средствата за период од 2.6 години. Анализите направени со податоците од Енергетската контрола предвидуваат објектот барем 10 години со редовно одржување да има финансиски придобивки од заштедите на енергија,а во овој период ќе се обезбедат средства за инвестирање во поната-мошни мерки за ЕЕ.

Страна 3

Македонска Општинска Мрежа за Енергетска Ефикасност Сегашни членови на МОМЕЕ се општините: Сарај, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Центар, Гази Баба и Кичево. Во најскоро време очекуваме кон неа да се приклучат и работни организации и Институции кои се вклучени во програмите поврзани со енергетската ефикасност.

Годишна членарина:

24 000 денари

Нови членки на МОМЕЕ Им честитаме на општините Валандово, Чаир, Кочани, Ресен, и Берово за пристапувањето кон МОМЕЕ, и им посакуваме плодна меѓусебна соработка со досегашните членки.

Вести од Македонија

ЗЕМАК – Советување од областа на екологијата во големите енергетски и индустриски објекти во Македонија На советувањето кое се одржа во Скопје, беа изнесени сознанија од постапките за добивање на „А“ интегрирани еколошки дозволи, дозволи за поголемите индустриски потрошувачи и енергетски објекти во нашата држава со посебен акцент на нивото на влијание врз животната средина како и планираните мерки за намалување и спречување на загадувањето. Тие се темелат на најдобрите достапни техники или BAT – Best Available Technologies, како и финансиските аспекти/ трошоци поврзани со заштитата на животната средина. Подолу е поместен графикон на најприфатените групи на технологии.

Советувањето го организираше ЗЕМАК во соработка со Министерството за образование и наука, Министерството за економија, Министерството за животна средина и просторно планирање. ТЕЦ „Неготино“ во погон Термоцентралата „Неготино“ при крајот на ноември беше вклучена во мрежа и почна да произведува 95 мегавати струја. Од раководството велат дека активирањето не било интервентно и не било поврзано со дефектот во РЕК „Битола“. Од комбинатот тврдат дека работат според планот на МЕПСО, кој предвидува термоцентралата да произведува енектрична енергија во ноември и во декември 2007. Повторни проблеми блок во РЕК „Битола“ Втор пат годинава по извршениот ремонт, првиот блок е исклучен од електроенергетската мрежа поради проблеми во системот Првиот блок на термоцентралата „Битола“ повторно беше исклучен од погон поради дефект на цевководниот систем. Но, за

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте не на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52/1, 1000 Скопје, тел. 02 3090 177, 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk


ИНФОМАЦЕФ 56

кусо време беше вратен во употреба. Годинава четврти пат поради дефекти се исклучуваат блокови на РЕК „Битола“, кој е главниот снабдувач на земјава со електрична енергија. Годинава првиот дефект во РЕК „Битола“ ја чинеше Македонија 2,5 милиони евра, кои беа потрошени за интервентна набавка на струја од Србија. Експертите се загрижени поради се' почестите дефекти во РЕК „Битола“, која произведува 75 отсто од домашната ел. енергија, и од проблемите во рудникот „Суводол“, каде што се јавија одрони на јаглен. Константин Димитров од Македонската асоцијација на енергетичари смета дека ова е очекувана ситуација бидејќи опремата во блоковите е стара 20 години и е многу користена. Комбинатот може да работи уште 10-15 години со крпење. Одржувањето и рехабилитацијата на блоковите треба да се извршува коректно. Генералниот ремонт се прескокна една година бидејќи немаше пари. Тоа сега носи последици. Најголем проблем е што повеќе од 20 години немаме изградено нов енергетски објект, кој ќе биде потпора на РЕК „Битола“ - вели тој.

Превземено од двевниот весник Дневник

Проект за Основни училишта PEP –USAID Во текот на месец ноември Работната група задолжена за реконструкција на училиштата како и поголем број на претставници од ПЕП работеа на оценување на пристигнатите 139 пријави од општини со предлог проекти за реконструкција на училишни згради во нивна надлежност. Од проектот велат дека имале тешка задача, бидејќи пристигнале приближно 5 пати повеќе предлог проекти од планираните триесетина кои ќе бидат финансирани. При оценувањето во голем дел или со околу 50% позитивно влијаеле добро приготвените технички документации на предлог проектите. Резултатите се очекува да бидат објавени во првата половина на декември.

Новости од другите земји Отворен гасовод од Турција до Грција Минатиот месец во присуство на премиерите и други високи државници на двете земји беше пуштен во употреба гасоводот помеѓу Турција и Грција. Гасоводот се наоѓа на граничниот мост на реката Марица. Новата линија е во должина од 296 km, а со капацитет на проток на природен гас од 11.5 милијарди m³. Линијата служи за испорака на гас од Азербејџан до грчкиот пазар. Се планира во 2011 г. гасоводот да се спои со подморски гасовод во Јонското и Јадранското море кој ќе ја поврзува Грција со Италија. Британија инсталира „паметни“ мерачи на потрошувачката на струја Околу 15,000 британски домаќинства ќе добијат „паметни“ мерачи на струја кои ќе ги информираат снабдувачите и потрошувачите за потрошувачката на енергија и вредноста во пари. 8,000 домаќинства ќе добијат мерачи кои ќе ги прикажуваат потрошувачката и трошоците, но кои нема да бидат поврзани со снабдувачот. Проектот е на британската влада која во договор со компаниите објави месечен пробен период на мерачите кои чинат 20 фунти. Владата има намера да ги охрабри домаќинствата да штедат енергија и да ја намалат емисијата на штетни гасови. Во рамки на проектот околу 17,000 домаќинства ќе добијат совети како да да ја намалат потрошувачката на енергија. Доколку резултатите од пробниот период се успешни владата ќе донесе одлука новите мерачи да се воведат во сите

Страна 4

домаќинства во следните десет години. Во проектот учестуваат компаниите ЕДФ Енерџи, Еон, Скотиш Соутерн Енерџи и Скотиш Пауер. Превземено од www.energetika.com.mk .

РЕГИОНАЛНА МРЕЖА ЗА ЕФИКАСНО КОРИСТЕЊЕ НА ЕНЕРГИЈАТА И ВОДАТА RENEUER (www.reneuer.com)

RENEUER е формирана по иницијатива на претставници на владите, невладините организации и претпријатијата од 8 земји и тоа Албанија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Србија и Црна Гора, Македонија, Молдавија, Романија и Хрватска. Основната задача на оваа мрежа е да се ангажира за решавање на проблемите за ефикасна употреба на енергијата и водата во земјите од Југоисточна Европа. RENEUER ги дефинира основните определби во областа на ефикасното користење на енергијата и водата преку анализа на проблемите со кои се среќаваат земјите од Југоисточна Европа и можностите за нивно решавање.

Корисни web-адреси http://www.managenergy.net/kidscorner http://www.sustenergy.org/ http://www.motorchallenge.org/ http://www.energetika.com.mk http://www.total.com.mk/ http://www.euractiv.com/ http://www.ase.org/ http://www.display-campaign.org/ http://www.energie-cites.org/ http://www.erc.org.mk

Манифестации ОН Форум за Енергетска ефикасност и енергетска безбедност за одржлив развој 17-18 декември, Сеул , Кореа Состанок на Експертска група ко-организирана од Одделението на ОХ за Економија и социјална политика, Институтот за енергетска економија на Кореа и Стопанската и индустриска комора на Кореа, а во соработка со Министерството за економија, индустрија и енергија на Република Кореа. Викенд за одржлива енергија во ЕУ 2008 7-ма Годишна Конференција на ManagEnergy 28 јануари – 1 февруари 2008 Оваа конференција е планирана да се одржи паралелно со Викендот за одржлива енергија на ЕУ. Пленарната сесија на Годишната конференција на ManagEnergy ќе се одржи во Брисел на 30 јануари, со работилници за едукација за енергија и локални енергетски активности од 29 -31 јануари 2008. Семинар за употреба на водород во Град: Од каде и како до тука и сега 30 јануари 2008, Брисел, Белгија Проекти за урбана одржлива примена на одржлив за водород за намалување на емисии. Регистрирајте се на: www.eusew.eu. Меѓународен Конгрес и Изложба за енегретска ефикасност и обновлива енергија 07-10 април 2008, Софија, Бугарија Наменета за земјите од Југоисточна Европа. 13-та Средба на Energie-Cités 9-11 април 2008, Корк , Ирска Оваа средба се организира со членовите на Energie-Cités. Главната цел е размена на искуства, нови идеи и ентузијазам за постигнивање повеќе. Доколку и Вие сте член, Ве молиме да се пријавите за презентација на практичните искуства со кои се гордеете. Со ова заеднички ќе ја збогатиме средбата. Со цел да Ви помогнеме посете ја следната вебстраница.

Редакција: Центар за енергетска ефикасност на Македонија Главен уредник: проф. д-р Константин Димитров Редактори: м-р Македонка Димитрова, Игор Петрушевски

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте не на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52/1, 1000 Скопје, тел. 02 3090 177, 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk

56 infomacef  
Advertisement