Page 1

Број 55

ЦЕНТАР ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ НА МАКЕДОНИЈА

Октомври 2007

МАЦЕФ МАЦЕФ промовира енергетска ефикасност и почиста животна средина Во овој број: Õ Од уредникот Õ Центар за енергетска ефикасност на Македонија МАЦЕФ Õ Новости од Македонија Õ Новости од другите земји Õ Корисни web-адреси Õ Манифестации

OД УРЕДНИКОТ Почитувани колешки и колеги, членови на МАЦЕФ! Октомври месец е исполнет со различни активности од областа на енергeтиката. Како најзначајна вест сигурно е одлуката на Владата ТЕЦ Неготино да не се продаде. Регулаторната комисија најавува поевтинување на цената на топлинската енергија (!!!), а од Топлификација АД најавуваат прекинување на работата (затоа што немале средства за да купат гориво (???). Во подготовка се измените на Законот за енергетика, пoврзани со проблематиката на слободниот пазар за електрична енергија. Во секој случај не ни’ е досадно, зарем не? ТЕЦ Неготино останува сопственост на Р. Македонија –одлука на Владата за поздравување!! Конкурсот за енергетски ефикасна општина заврши успешно. г. Фуере ги додели наградите на победниците Денови на енергетика 2007 – Реализиран ФОРУМ за обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност Агенцијата за енергетика на Македонија имаше успешна презентација пред македонската јавност во просториите на Советот на град Скопје. БИСЕ Форум, Краков - Заклучоци PEP-USAID – Заврши конкурсот за доставување на предлог проекти за реконструкција за оваа година. Поништен е договорот за продажба на ТЕЦ Неготино Формирана комисија ТК 27 за гасна техника при Институтот за стандардизација на РМ Очекуваме информации за активности, нови производи кои сме подготвени да ги промовираме на страниците на ИнфоМацеф и реакции од Вас, поздрав

Проф. Д-р Константин Димитров ЦЕНТАР ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ НА МАКЕДОНИЈА МАЦЕФ

МАЦЕФ е доброволно научно здружение, кое што нуди услуги и стручни знаења од областа на енергетиката и заштита на животната средина во Република Македонија и пошироко. МАЦЕФ е член на меѓународната мрежа за енергетска ефикасност RENEUER (Regional Network on Efficient Use of Resources). МАЦЕФ е дел од мрежата managenergy формирана од страна на European commission DG Energy and Transport www.managenergy.net . МАЦЕФ e член на Асоцијацита на Консултантски организации. МАЦЕФ е член на БИСЕ Форумот, Motor Challenge Programme и официјален партнер на Sustainable Energy Europe 2005-2008

Активности на МАЦЕФ Термовизиска камера Во рамките на својата развојна програма, а со помош на ЦИМ/ГТЗ, МАЦЕФ се опреми со современа термовизиска камера со која ќе може ефикасно да се дефинира состојбата на градежните објекти во однос на загубите на топлинска енергија, скриеното течење на вода низ ѕидовите, лоши врски (контакти) на електричните инсталации и др. Јасно е дека оваа опрема ќе се користи и во следните програми за обука на локалната самоуправа. Нови простории на МАЦЕФ Во ТЦ Карпош IV, МАЦЕФ отвори нов простор за обука (80 м2), опремен со компјутери, библиотека, проектори и сета останата апаратура за современа обука на различни профили слушатели. Дополнителни информации на 02 3090 177/8/9. МЕЃУНАРОДЕН ФОРУМ ЗА ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ НА ЕНЕРГИЈА И ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ - ОПШТИНИ И ПОТРОШУВАЧИ Повеќе од 250 претставници од општини, министерства, инженери, прозводители на опрема и уреди, банкари и други релевантни чинители на полето на енергетика присуствуваа на меѓународниот Форум со кој започна реализација на Неделата на енергетика – Македонија 2007 под покровителство на градоначалникот на град Скопје, г. Трифун Костовски, Министерството за економија, Министерството за животна средина и просторно планирање, Агенцијата за енергетика на РМ, ЗЕЛС и Делегацијата на Европската комисија во РМ, а како официјален партнер на програмата Одржлива енергија Европа 2005-2008. Презентираните реферати претставуваа ретка можност за запознавање со тековните состојби за обновливи извори на енергија во светот и Македонија. Беа

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте не на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52/1, 1000 Скопје, тел. 02 3099 432, 02 3099 488, 3090 177 и факс 02 3090 178, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk


ИНФОМАЦЕФ 55

презентирани реферати кои побудија голем интерес и дискусии по Форумот, и тоа: Сончева енергија – Состојба и перспективи во светот и можности во Македонија – проф. д-р Славе Арменски, Машински факултет Скопје, Енергетски потенцијал на ветерот во Република Македонија, можности и перспективи проф.д-р Владимир Димчев, проф. д-р Влатко Стоилков,проф. д-р Крсте Најденкоски, Факултет за електротехника и информациски технологии Скопје; Биомаса - Teki Suajibi, General Elektric Jenbacher, Austria: Напредни технологии за искористување на сончевата енергија, Александар Прокопенко, КВАЗАР, Украина; Финансиски алатки за реализација на проекти за обновливи извори на енергија, Панче Атанасовски дипл. ел. инж, Агенција за енергетика на Република Македонија; Плазма Употребата на обновливи извори во Општина Кочани - Тодор Кушевски, ЈП„Водовод“- Кочани: Био Дизел во Македонија – МАКПЕТРОЛ Скопје: Можности за лизинг во енергетскиот сектор, Oliver Zintl, Milivoj Smilevski, Hypo Alpe Adria Leasing; ЕСКО компании и обновливи извори на енергија Љупчо Трајковски, дипл.ел. инж ЕСКО ФОНКО Скопје; Примена на обновливи извори во IPPC, м-р Е- Туш Јован Гавриловски, ТАМ БАС Енвиро Програм; Електрична енергија од сонце – интегрирани фотоволтаични ќелии, Зоран Грков,дипл.инж, РИ Енергетика, IBC Solar AG. За време на Форумот г. Фуере ги додели наградите за Енергетски ефикасна општина 2007, повеќе во текстот резервиран за Македонската општинска мрежа за енергетска ефикасност МОМЕЕ. Паралелно со Ергон Форумот беше организирана изложба на опрема од компаниите за производство и увоз на сончеви колектори Плазма и Ергон Солар, Е-Туш – мануфактура од Гевгелија за производство на опрема за затоплување на вода со искористување на сончева енергија со користење на специјален систем со цевки и компанијата Новели - локален партнер на шведскиот Трелеборг, дистрибутер и монтажер на ленти за заптивање на врати и прозорци. Изложбата ја збогатија и претставниците од првиот портал за енергетика во Македонија – www.energetika.com.mk. Во тек е изработка на CD на кое ќе бидат поместени сите презентирани реферати и изложувачи. Копија од CD - то ќе можете да резервирате на телефон 02 3090 178, електронска пошта macef@macef.org.mk или подигнете во новите канцеларии на МАЦЕФ веќе од 30 ноември 2007. Одржувањето на Форумот го помогнаа Макстил АД, Машински факултет Скопје, Факултет за електротехника и ИТ Скопје, РИ Енергетика Скопје, ЈП Комунална Хигиена, ЈП Водовод, ЈПС Скопје, ЈП Паркови и зеленило.

Страна 2

МАЦЕФ започна соработка со Британскиот Совет – Скопје Канцелариите на Британскиот Совет во Скопје и Приштина, а во соработка со Лондон на 25 октомври организираа видеоконференција Café Scientifique на тема „Енергетска ефикасност – Стратегии или

пракса“. Директно од Лондон, за време на конференцијата говореше Catrin Maby, директорка на Агенцијата за енергетика Severn Wie од Велика Британија за значењето на кампањите и нивното портфолио. Во организација на настанот учествуваше МАЦЕФ, а м-р Македонка Димитрова, генерален секретар во МАЦЕФ го модерираше настанот од базата во Скопје. Се разви голема дискусија на трите локации, и со цел да се продлабочат разговорите и размислите се подготвува уште еден настан во почетокот на 2008 г. Работна средба со Австриската Агенција за Енергетика (АЕА) На 31 октомври се реализира посетата на тимот на АЕА во присуство на г. Роберт Шарламанов, претставник на Австриската агенција за развој во Македонија. На состанокот беа дискутирани активностите на центарот во изминатиот период на поле на енергетска ефикасност како и можностите за заедничко реализирање на проекти. Мисијата на АДА/ АЕА е блиска со проектите кои ги планира МАЦЕФ, па во скора иднина можно е продолжување на соработката со конкретни активности. Заинтересираните колеги кои сакаат да станат активни членови на МАЦЕФ, треба да се јават на нашата адреса, за да ги добијат потребните формулари за зачленување. Колегите со поголемо искуство и резултати во оваа област, со желба да бидат внесени во меѓународниот регистер на експерти, ги замолуваме да контактираат со нас, за да им го доставиме потребниот формулар. Тоа не значи и обврска да се биде член на МАЦЕФ. Проект за Основни училишта PEP –USAID Заврши конкурсот за поднесување проекти за реконструкција на училишта преку ПЕП II фаза. Од наши извори дознаваме дека се пријавени преку 100 проекти за реконструкција на училишни згради во вториот конкурс. Се очекува до крајот на 2007 да се

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте не на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52/1, 1000 Скопје, тел. 02 3090 177, 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk


ИНФОМАЦЕФ 55

Страна 3

објават резултатите од конкурсот. Сепак, за општините кои нема да успеат да приготват техничка документација, или нема да бидат избрани на овој повик, ќе биде распишан нов конкурс идната година.

Македонска Општинска Мрежа за Енергетска Ефикасност Сегашни членови на МОМЕЕ се општините: Сарај, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Центар, Гази Баба и Кичево. Во најскоро време очекуваме кон неа да се приклучат и работни организации и Институции кои се вклучени во програмите поврзани со енергетската ефикасност.

Годишна членарина:

24 000 денари

г. Фуере ги додели наградите на општините - учеснички на конкурсот за Енергетски ефикасна општина 2007 Неделата на енергетика 2007 највеќе ги израдува општина Гевгелија - првонаградена, Кочани - второнаградена и општина Ресен, третонаградената општина. Сите три општини добија бесплатно едногодишно членство во г. Ерван Фуере и г-ца Ружица Македонската општинската Андроникова, Делегација на мрежа за енергетска ефиЕвропска комисија во Македонија касност-МОМЕЕ, бесплатни специјализиран софтвер и обука за изработка на Енергетска база на податоци за општините-основа за приготвување на План и Програма за енергетска ефикасност на општините што претставува и нивна законска обврска според Законот за енергетика. Првонаградената општина доби и ваучер за

м-р Љубомир Јанев, градоначалник на општина Кочани пред врачување на наградата за 2. пласирана Енергетски ефикасна општина( прв од лево)

изработка на Енергетска контрола на еден општински објект од страна на сертифицирани Енергетски контролори од МАЦЕФ. На конкурсот пристигнаа 18 пријави до општините: Центар, Чаир, Пехчево, Велес, Крушево, Валандово, Аеродром, Василево, Ѓорче Петров, Карпош, Прилеп, Пробиштип, Брвеница и Долнени. Пријавите беа фокусирани кон применетите мерки за енергетска ефиканост во општинските објекти и уличното осветление и употребата на обновливи извори на енергија прикажано преку конкретните заштеди на енергијата во дадена општина, како и реализацијата на кампањи за подигање на свеста на граѓаните за заштеда на енергија и грижа за животната средина. Комисијата внимаваше при бодирањето на можноста за реплицирање на проектите во други објекти и општини. Пријавите ги бодуваше четиричлена комисија во состав: г-ѓа Јасминка Капац, претседател на комисија; г. Рами Ќерими,

градоначалник на Теарце; г- ца Ружица Андроникова, советник Економски прашања, Делегација на Европската комисија и г. Халит Бектеши, советник, Агенција за енергетика на Република Македонија. Општините започнуваат со обуката за енергетска база на податоци во првата половина на декември 2007. Општините кои се заитересирани да се вклучат во обуката да го пријават своето учество на 02 3090 177 или на www.momee.net.mk/momee/ најдоцна до 30 ноември 2007. 4. БИСЕ ФОРУМ - Краков, Полска – 24-26 октомври 2007

За Интелигентна енергија во локалните самоуправи на новите земји членки, земји кандидати, Западен Балкан и Украина

Како општините можат да станат модели за граѓаните? Претставник на МАЦЕФ, традиционално, зема активно учество на овогодинешниот БИСЕ Форум од каде ни ги пренесува заклучоците на присутните. Енергетиката и климатските промени се повеќе стануваат актуелни во агендите на светските лидери. За време на двата самита на Европскиот Совет, лидерите на државите и Владите на Европската Унија решија да го воведат „ Пакетот за Енергија и климатски Потпишување на Краковската декларација промени“. Целите се поставени. Сега е време за делување. Ако луѓето добијат шанса да делуваат, многу од нив ќе бидат настроени да допринесат во целокупната слика со својот ангажман. Но, не и сите од нив знаат што треба да направат или го сметаат за прекомплицирано она што претстои. Можеби тоа ќе ги направи нивните животи полесни доколку имаат предводник или пример за следење или ако согледуваат „2 во 1” – предводник како добар пример – во домот или во градот каде што живеат – тоа би било изводливо. Локалните самоуправи се подготвени за прераснување во модели за граѓаните и претставниците на релевантните чинители. Зошто општините ТРЕБА за станат модели за граѓаните? Како општините МОЖЕ да станат модели за граѓаните? Со кои проблеми ќе се соочат граѓаните? Што навистина МОЖЕ да им помогне на локалните власти во земјите на БИСЕ? Кои национални рамковни програми за поддршка( легисталива, програми за поддршка, финансирање, вмрежување итн.) може да им помогне на локалните власти за развој на општински енергетски стратегии, акциони планови за регрутирање на енергетски менаџери или за формирање на локални единици за енергетски менаџмент, за организирање настани за вклучување на граѓаните или локалните чинители?

Планови на Европските Фондови на новите земји членки за финансирање на проекти за одржлива енергија и Јавни-приватни партнерства од 20072013

г. Константин Димитров, член на претседателство на БИСЕ со градоначалникот на Краков

Можности за развој на Проекти инспирирани од МОДЕЛ во Естонија, Унгарија, Словачка, Босна и Херцеговина, Србија, Македонија, Албанија и Црна Гора

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте не на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52/1, 1000 Скопје, тел. 02 3090 177, 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk


ИНФОМАЦЕФ 55

Да се потсетиме што е БИСЕ?

БИСЕ Процес – Подобра интеграција за одржлива енергија

Енергијата има за цел да го поттикне создавањето и јакнењето на мрежите на градови преку промоција на енергетска ефикасност во новите земји членки, земји кандидати и земјите од Западен Балкан и Украина.

www.bise-europe.org МОДЕЛ Проект- Раководење со домени во врска

со енергија кај локалните самоуправи – вклучува 11 партнери од новите ЕУ земји и земји кандидати. Главната цел е да се помогне на најмалку 34 општини да имплементираат концепт на енергетски одржлива комуна и да создадат модели за граѓаните и другите локални власти. РУСЕ Активност – Пренасочување на развојот во урбаните средини кон одржнива енергија – која има за цел да им помогне на локалните чинители од новите земји членки да користат Структурни фондови за финансирање на проекти за одржлива енергија. www.ruse-europe.org

Рубрика – Личен став ТЕЦ Неготино останува сопственост на Република Македонија Одлуката на Владата на Република Македонија, да ја прифати одлуката на тендерската комисија за поништување на тендерот за продажба на ТЕЦ Неготино, ја сметам како оправдана и мудра. Точно е дека произведената електрична енергија во ТЕЦ Неготино, при нормализирана потрошувачка на мазут од 250-260 gr/kWh, при денешните цени е скапа, но постојат можности, со правилно менаџирање ТЕЦ Неготино да биде извонредна резерва на македонското електростопанство и стопанството во целост од следниве причини: ¾ При постоење на сопствен производен капацитет, трговијата со електрична енергија се олеснува (не сме притиснати до ѕид до крајни граници). ¾ При планирано долгорочно купување на мазут на светскиот пазар, можат да се постигнат поповолни цени, од денешните. ¾ Државата може да се откаже од некои такси кои ја зголемуваат цената на мазутот, а придобивките се во тоа што се смалува увозот на скапата електрична енергија т.е. може да се смали вредноста на социјалните пакети за справување со енергетската сиромаштија (ваучери до 100 kWh за социјалците, или поефтина тарифа за нив, или комплетно покривање на трошоците за електрична енергија и сл.). ¾ Производната цена на електричната енергија од ТЕЦ Неготино може/треба да биде поскапа во споредба со признатата цена на ЕЛЕМ, но и поефтина во однос на цената на регионалниот пазар. Со тоа може и треба да им се помогне и на големите (квалификувани) потрошувачи на електрична енергија, со смалувањето на трошоцитте за транспорт на електричната енергија. Големите потрошувачи (ФЕНИ, СИЛМАК, МАКСТИЛ и др.) се двигатели во македонското стопанство, голем број фамилии егзистираат од нив, и на секој начин треба да се помогне нивното одржливо функционирање. ¾ Како варијантно решение е ТЕЦ Неготино да работи 75% за потребите на големите потрошувачи кои сами ќе го купуваат горивото и ќе ја плаќаат цената за работа на постројката (дефинирано со методологијата за формирање на цена на тарифните потрошувачи), а дел од произведената енергија да се насочи кон тарифните потрошувачи. Може дел од неа да се продаде на дистрибутерот ЕСМ-ЕВН со пониска цена од цената на регионалниот пазар, но повисока од цената предвидена за тарифните потрошувачи.

Страна 4

Според тоа, има голем број можности (кои што јас не сум ги наброил, или согледал во овој кус коментар) да се обезбеди нормално функционирање на ТЕЦ Неготино (јасно – економски оправдано), затоа што секогаш е подобро да се купува суровина, а не готов производ (ова не се однесува само на електричната енергија).

Автор: проф. д-р Константин Димитров, професор на Машинкси факултет Скопје РЕГИОНАЛНА МРЕЖА ЗА ЕФИКАСНО КОРИСТЕЊЕ НА ЕНЕРГИЈАТА И ВОДАТА RENEUER (www.reneuer.com)

RENEUER е формирана по иницијатива на претставници на владите, невладините организации и претпријатијата од 8 земји и тоа Албанија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Србија и Црна Гора, Македонија, Молдавија, Романија и Хрватска. Основната задача на оваа мрежа е да се ангажира за решавање на проблемите за ефикасна употреба на енергијата и водата во земјите од Југоисточна Европа. RENEUER ги дефинира основните определби во областа на ефикасното користење на енергијата и водата преку анализа на проблемите со кои се среќаваат земјите од Југоисточна Европа и можностите за нивно решавање.

Корисни web-адреси http://www.sustenergy.org/ http://www.motorchallenge.org/ http://www.total.com.mk/ http://www.euractiv.com/ http://www.ase.org/ http://www.display-campaign.org/ http://www.energie-cites.org/ http://www.erc.org.mk

Манифестации EE Global 11 – 14 ноември, Washington, САД Организирано од Алијансата за заштеда на енергија Оваа глобална конференција има за цел да ги инаугурира најдобрите придобивки од Сесветскиот саем, каде што науката, бизнисот и политичките лидери како и активистите, медиумите и граѓаните од сите земји и животни патишта ќе се здружат за да ги прослават новите идеи и последни технологии кои може да ги трансформираат животите на луѓето. Самит за климатски промени Лондон, 12 -13 февруари, 2008 Клучни теми се климатските иницијативи кои постигнуваат истовремено еколошки и бизнис иницијативи... испраќајки пораки за климатски промени кои ќе наидат на интерес и кај најскептичните корисници на енергија... како со најмали активности да се постигне максимално влијание и како да се раководи со ризиците од климатските промени Повеќе Дизајн на фотоволтажни системи за инженери и архитекти: 3-дневен курс за дизајн на ФВ 3 декември 2007 Професионален курс за развивање на специфични вештини потребни за ФВ ќелии. Повеќе 3. Национална Конференција за асоцијациите за бугарските агенции за енергетика 5-6 декември 2007, Софија „Финансирање на општински и енергетски проекти и алатки за одржливи енергетски општини“ Повеќе

Редакција: Центар за енергетска ефикасност на Македонија Главен уредник: проф. д-р Константин Димитров Редактори: м-р Македонка Димитрова, Игор Петрушевски

Plastic Solar Cell Efficiency Hits 6% in U.S. Lab

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте не на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52/1, 1000 Скопје, тел. 02 3090 177, 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk

55 infomacef  
Read more
Read more
Similar to
Popular now
Just for you