Page 1

Број 54

ЦЕНТАР ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ НА МАКЕДОНИЈА

Септември 2007

МАЦЕФ МАЦЕФ промовира енергетска ефикасност и почиста животна средина Во овој број: Õ Од уредникот Õ Центар за енергетска ефикасност на Македонија МАЦЕФ Õ Новости од Македонија Õ Новости од другите земји Õ Корисни web-адреси Õ Манифестации

Активности на МАЦЕФ

OД УРЕДНИКОТ Почитувани колешки и колеги, членови на МАЦЕФ! Септември изобилуваше со извонреден број на активности од областа на енергатиката, возбудувајќи ја и јавноста – што станува со продажбата на ТЕЦ Неготино, дали ќе се либерализира пазарот на електрична енергија на 1 јануари 2008 година. Извонредно жешки теми, зар не? Распишан е КОНКУРС ЗА ИЗБОР НА ОПШТИНА ШТО ОСТВАРИЛА НАЈДОБРИ РЕЗУЛТАТИ ВО ОБЛАСТА НА ЕНЕРГЕТСКАТА ЕФИКАСНОСТ И ПРИМЕНА НА ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ НА ЕНЕРГИЈА Работата на проектот База на енергетски податоци за градот Скопје се одвива со полна пареа. Собрани се податоци за над 400 0бјекти, а сега следува нивната обработка. Избран е нов директор на Агенцијата за енергетика на Македонија. Тоа Г-дин Атанас Србовски, дипл.маш.инж. Му честитаме, пожелуваме успех на новото работно место и плодна соработка во областа на енергетиката, а посебно енергетската ефикасност. МАНУ – Меѓународен симпозиум за состојбите во енергетиката, во соработка со Украинската академија на науките PEP-USAID – Отворен е новиот конкурс за доставување на предлог проекти за реконструкција До тогаш очекуваме информации и реакции од Вас, поздрав

Претседателот на МАЦЕФ академик Г.Каневче ги поздравува учесницицте на средбата на академиите на науки на Македонија и Украна од областа на енергетиката

На 18 септември МАНУ организира меѓународен симпозиум со две теми – општествена и енергетска. На делот кој ја третираше проблематиката на енергетската сосотојба во нашата земја и можностите за соработка со Украинската академија на науките, од македонските експерти беа презентирани состојбите, можностите, потребите и насоките за развој во Македоија.

Презентирање на состојбите со енергетската ефикасност во Македонија – заеднички труд на МАЦЕФ и Агенцијата за енергетика на Македонија

Македонскиот тим беше предводен од академиците Г. Каневче, Т. Бошевски и В. Камбовски, а презентации имаа експертите проф. К. Поповски, К. Димитров, В. Чинговски, Д. Хаџимишев, Ѓ. Качурков со своите соработници. Формиран Институтот за Енергетика

Проф. Д-р Константин Димитров

ЦЕНТАР ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ НА МАКЕДОНИЈА МАЦЕФ

МАЦЕФ е доброволно научно здружение, кое што нуди услуги и стручни знаења од областа на енергетиката и заштита на животната средина во Република Македонија и пошироко. МАЦЕФ е член на меѓународната мрежа за енергетска ефикасност RENEUER (Regional Network on Efficient Use of Resources). МАЦЕФ е дел од мрежата managenergy формирана од страна на European commission DG Energy and Transport www.managenergy.net . МАЦЕФ e член на Асоцијацита на Консултантски организации. МАЦЕФ е член на БИСЕ Форумот, Motor Challenge Programme и официјален партнер на Sustainable Energy Europe 2005-2008

Работна посета на Директор на РИ и Институтот Енергетика

Во рамките на повеќегодишната соработка со Рударски Институт Енергетика, а и со формирањето на новиот институт Енергетика, МАЦЕФ ја изрази својата спремност за долгорочна соработка, учество во заеднички проекти, размена на кадри. Пожелуваме успешен развој на тимот од Институтот!

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте не на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 31/52, 1000 Скопје, тел. 02 3099 216 и 3099 432, факс 02 3099 298, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk


ИНФОМАЦЕФ 54

Страна 2

Energy Charter од Брисел го финализира „Длабинскиот извештај за енергетска ефикасност“ за Македонија Петчлена делегација од Energy Charter задолжена за подготовка на Длабинскиот извештај за ЕЕ за Македонија престојуваше во работна посета на МАЦЕФ, Машинскиот факултет- Скопје и Факултетот за електротехника и информациски технологии. Домаќините ги презентираа своите сработени и тековни активности како и идните проекти на поле на ЕЕ во Македонија и регионално, а со тоа помогнаа за формулирање на специфичните препораки до Владата кои што се однесуваат на можни подобрувања на националните политики и програми за енергетска ефикасност. Во 2006 година, Министерството за економија на Р. Македонија го подготви првиот Редовен извештај за ЕЕ. Двата вида на извештаи помагаат за следење на имплементацијата на Спогодбата PEEREA како и дополнителните меѓудржавни анализи со фокус на законодавството во ЕЕ, политиките, програмите и квантитативните податоци за енергијата и ЕЕ. Програм за штедење енергија со изолација на дрвена прозорска столарија Еуро Стрип системот за затнување на прозорци и врати со силиконска гума на позната компанија Trelleborg од Шведска ја стави на располагање на македонските потрошувачи локалната фирма Новели. Оваа мерка за енергетска ефикасност е многу распространета во светот, како нискобуџетна инвестиција со која се заштедува од 10-30% топлинска енергија. Во зима се зголемува амбиенталната температура за неколку степени без дополнително загревање, а затнатите прозорци и врати ја спречуваат буката и навлегувањето на прашината. Гаранција за квалитетот и постојаноста на Еуро Стрип се над 15 милиони должни метри кои овластени монтери ги имаат поставено во Европа.

Претставници на фирмата започнаа соработка со МАЦЕФ, а првата заедничка активност е затнување на училници во едно основно училиште во Македонија која што ќе се реализира на почетокот на 2008 г. МТ ЕСКО - Можностите за соработка г. Зоран Димитриев, директор на МТ ЕСКО се состана со претставници на МАЦЕФ со цел да се разгледаат можностите за соработка при реализација на проекти од енергетскиот сектор. Компанијата за енергетски сервис е во фаза на екипирање и почеток на реализација на дел од грантот на Светска Банка наменет за основање Агенција за енергетика и компанија од ваков вид кои ќе го подигнат нивото на енергетска ефикасност во државата.

Сертификати за квалитет на сончеви колектори во Македонија Македонскиот производител Еко Солар АД од Штип се здоби со сертификат за квалитет за селективен сончев колектор ЕКО МАГ II од австрискиот институт за обновлива енергија AEE INTEC. И производителот на апсорбирачки панели ПЛАЗМА располага со сертификат за квалитетот на својот производ. Ова е вистинскиот пат кој мораат да го изодат македонските производители, ако сакаат да ги пласираат своите производи и надвор од нашата земја, но и да ги исполнуваат нашите се поостри законски прописи, кои се усогласуваат со сличните на ЕУ. Фотоволтаични колектори – апликација во Кочани Општината Кочани, во соработка со производител од Украина, во рамките на примената на обновливи извори на енергија, вгради фотоволтаични ќелии на неколку локации. Овој пример и резултатите за неговата исплатливост ќе претставува стимул за поширока примена.

Од состанокот со г. Горан Паунов, претставник на АМЦ Стар, претставник на украинската компанија и реализатор на проектот

МАЦЕФ работи на промоцијата и конкретната примена на фотоволтаичните соларни колектори. ГТЗ со долгорочни планови за финансирање на проекти за ЕЕ на Балканот Советник на ГТЗ од Германија беше во посета на МАЦЕФ со цел да се запознае со портфолиото на организацијата како и за идните покрупни активности на регионално ниво. ГТЗ е во фаза на евалуација на потребите и планирање на нови финансиски фондови за реализација на проекти за ЕЕ на локално и регионално ниво. На состанокот беа разгледани и темите за заеднички проекти, посебно на регионално ниво. Заинтересираните колеги кои сакаат да станат активни членови на МАЦЕФ, треба да се јават на нашата адреса, за да ги добијат потребните формулари за зачленување. Колегите со поголемо искуство и резултати во оваа област, со желба да бидат внесени во меѓународниот регистер на експерти, ги замолуваме да контактираат со нас, за да им го доставиме потребниот формулар. Тоа не значи и обврска да се биде член на МАЦЕФ. Проект за Основни училишта PEP –USAID Во тек е конкурс за поднесување проекти за реконструкција на училишта преку ПЕП II фаза. Проектот на УСАИД за основно образование и членовите на Работната група за реконструкција на училишта реализираа обука за приготвување на документација за пријава на конкурсот за доделување средства

Имате желба за соработка? Контакт информации: ул. Н. Парапунов 31/52, 1000 Скопје, тел. 02 3099 216 и 3099 432, факс 02 3099 298, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk


ИНФОМАЦЕФ 54

Страна 3

за реконструкција на училишта кои што ќе бидат опфатени во II. Фаза од проектот.

Дел од учесниците на презентацијата

Секоја општина во државата има право да предложи и делумно финансиски да поддржи два предлог проекти за реконструкција на училишни објекти во своја надлежност. Конкурсот трае до 31. октомври 2007. За општините кои нема да успеат да приготват техничка документација, или нема да бидат избрани на овој повик, ќе биде распишан нов конкурс идната година.

МАЦЕФ, може да пружи помош на општините и директорите на училиштата при изборот на проектите и нивна подготовка за конкурсот.

Општините - членови на МОМЕЕ можат да се јават во МАЦЕФ за техничка помош при подготовката на потребната документација, дополнителни корисни информации со апсолутен приоритет!

Македонска Општинска Мрежа за Енергетска Ефикасност Сегашни членови на МОМЕЕ се општините: Сарај, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Центар, Гази Баба и Кичево. Во најскоро време очекуваме кон неа да се приклучат и работни организации и Институции кои се вклучени во програмите поврзани со енергетската ефикасност.

Годишна членарина:

24 000 денари

За прв пат во Македонија - Отворен конкурс за Енергетски ефикасна општина Македонската општинска мрежа за ЕЕ во соработка со МАЦЕФ, а во рамки на Недела на енергетика објави конкурс за Енергетски ефикасна Општина за 2007. Конкурсот трае до 19 октомври 2007г., а за трите првопласирани следат награди во вид на техничка помош во висина од околу 6000 €. Ги охрабруваме сите општини кои што имаат, во рамки на своите надлежности, реализирано проекти со примена на мерки за ЕЕ или примена на обновливи извори на енергија (соларни колектори, геотермална енергија, енергија на ветер) да се јават на конкурсот, бидејќи ова е единствена можност пошироко да ги промовираат своите достигнувања. Повеќе инфомации на www.momee.net.mk/momee/ .

Вести од Македонија Нови кредитни линии за енергетска ефикасност Општините, ЕСКО компаниите, малите и средните претпријатија во Македонија ќе можат полесно да дојдат до кредити за примена на мерки за енергетска ефикасност. УСАИД Македонија го промовира воведувањето на два гарантни механизми во вкупна вредност од 20 милиони долари. УСАИД ќе ги имплементира гарантните механизми во партнерство со

Уни Банка и НЛБ Лизинг. За корисници на кредитите, гарантирањето по 50% го покриваат УСАИД и финансиската институција. Максималната сума на кредит што ќе може да конкурира за оваа програма е 500 илјади долари. Извор: МАЦЕФ Објавен оглас за изградба на хирдоцентрали Министерството за економија објави оглас за давање на концесија за вода за производство на електрична енергија од 28 мали хидро-централи со единечна инсталирана моќ од 5MW, на сливовите на реките Вардар, Струмица и Црн Дрим. Според огласот, понудувачите можат да дадат понуди за една или за повеќе локации за мали хидро-централи, но не повеќе од една понуда за една локација. Критериум за вреднување на понудите ќе биде највисоката понудена нето сегашна вредност на вкупните концесиски надоместоци. Повеќе на: www.economy.gov.mk Конкурс на Агенцијата за енергетика Агенцијата за енергетика објави конкурс за експертски услуги при подготовката на ценовникот за производство на електрична енергија и за консултант при реализацијата на ГЕФ проектот добиен од Светската банка Тендер за промоција на мерки за штедење на електрична енергија Министерството за економија објави јавен повик за доставување понуди за приготвување на кампања за подигање на јавната свест за штедење на електрична енергија и енергија во целост. Ова е една од очекуваните мерки која е неопходна за да се олесни справувањето со недостатокот на електрична енергија во нашата земја. Енергетска берза во 2008 Новиот предлог Закон за енергетика, кој се разгледува во Министерството за економија предвидува формирање на енергетска берза каде што ќе се продаваат вишоците произведени во земјава, со што ќе се напушти досегашниот модел на енергетскиот пазар, според кој целокупното производство го откупува МЕПСО. Законот се очекува да стапи на сила во 2008. Извор: МАЦЕФ ЕВН со најголеми инвестиции во дистрибутивната мрежа Со изградба на 171 трансформатор, изградени 3 нови 110 kV трафостаници, изградена170 километри мрежа на среден напон, како и 150 километри мрежа на низок напон, ЕВН-ЕСМ ја завршила реализацијата на најголемиот инвестициски потфат во историјата на компанијата. Инвестициите се реализирани од преземањето на ЕВН на компанијата во април 2006 година. Менаџерскиот тим на ЕСМ неодамна ги презентираше резултатите на Надзорниот Одбор од инвестиционата програма за подобрување на дистрибуцискиот систем во Македонија. Извор:Тотал

РЕГИОНАЛНА МРЕЖА ЗА ЕФИКАСНО КОРИСТЕЊЕ НА ЕНЕРГИЈАТА И ВОДАТА

RENEUER (www.reneuer.com)

RENEUER е формирана по иницијатива на претставници на владите, невладините организации и претпријатијата од 8 земји и тоа Албанија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Србија и Црна Гора, Македонија, Молдавија, Романија и Хрватска. Основната задача на оваа мрежа е да се ангажира за решавање на проблемите за ефикасна употреба на енергијата и водата во земјите од Југоисточна Европа. RENEUER ги дефинира основните определби во областа на ефикасното користење на енергијата и водата преку анализа на проблемите со кои се среќаваат земјите од Југоисточна Европа и можностите за нивно решавање.

Имате желба за соработка? Контакт информации: ул. Н. Парапунов 31/52, 1000 Скопје, тел. 02 3099 216 и 3099 432, факс 02 3099 298, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk


ИНФОМАЦЕФ 54

Страна 4

Новости од другите земји Енергетски бум во Европа: Реален пазар со сигурно снабдување Фрлен е нов акцент на енергетската политика во Европа. Европската комисија усвои трет пакет на законски предлози со цел да се осигура реален и ефективен избор на снабдувачи и бенефиции на секој граѓанин на ЕУ. Предлогот на комисијата како фокус ја има целта на корисниците да им овозможи избор, фер цени, почиста енергија и сигурно снабдување. Пакетот промовира одржливост со стимулирање на енергетската ефикасност и гаранција дека и малите компании ќе имаат пристап до пазарот на енергија. Што значи дека конкурентен пазар ќе осигура поголема сигурност во снабувачката, со подобрување на условите за инвестирање во енергетските постројки и преносните системи, како и избегнување на прекините во снабдувањето со природен гас. Покрај тоа зацврстена е фер конкуренцијата со компании од трети земји. Извор: Еуропа ЕУ Меѓународната агенција за енергетика (МЕА) со нови излитени заложби Нобуа Танака, извршниот директор на МЕА за време на неговата посета на САД ги потенцираше „лесните“ чекори кои што сите земји во светот ќе може да ги применат и намалат емисиите на стакленички гасови, како што се примена на ЕЕ светилки, поставување на стандарди за користење на енергијата кај персоналните сметачи, телевизорите и другите апарати во домаќинството. Годишните намалувања на потрошувачката на ел. енергија од споменатото одговараат на генерирана енергија од 100 енергетски постројки од средна големина. Извор: Washington Post За 15 дена ќе биде пуштен во употреба гасоводот меѓу Турција и Грција Гасоводот меѓу Грција и Турција наскоро ќе биде пуштен во употреба, работите за поврзување на системите за пренос на гас на двете земји завршиле. Грчко-турскиот гасовод е со должина од 300 километри, од кои 86,6 километри се на грчка територија. Неговиот капацитет изнесува 11,6 милијарди кубни метри гас годишно. Гасоводот, кој вреди 250 милиони евра, ќе ги поврзува двете земји од турскиот град Карадџабеј до грчкиот Комотини. Преку него ќе се пренесува природен гас од најголемото наоѓалиште во Азербејџан Шах Дениз, а веројатно и од други доставувачи. Извор: Тотал Европската комисија ја поддржа нуклеарната енергија во „Енергетската револуција“ Лидерите на Европската комисија ги одбранија своите планови за радикални промени на на енергетскиот пазар во ЕУ, кои беа презентирани неодамна и во кои се стави акцент на нуклеарната енергија како еден од начините за „трета индустриска револуција“ која Европа ќе ја доведе до период на „мали емисии на СО2“. Извор: Еурактив Хрватска, Албанија и Црна Гора ќе градат заеднички гасовод Хрватска, Албанија и Црна Гора потпишаа декларација за изградба на јонско-јадрански гасовод со должина од 400 километри. Изградбата на гасоводот ќе чини 230 милиони евра и е дел од трансјадранскиот гасовод ТАР. Од предвидениот гасовод Албанија, БиХ, Хрватска и Црна Гора ќе добиваат пет милијарди кубни метри гас годишно. Извор: Тотал

Состојба на пазарот со енергетски постројки во Германија за периодот јануари-јули 2007

Огромен раст на продажбата на топлински пумпи!

Корисни web-адреси http://www.sustenergy.org/ http://www.motorchallenge.org/ http://www.total.com.mk/ http://www.create.org.uk/ http://www.euractiv.com/ http://www.ase.org/ http://www.display-campaign.org/ http://www.energie-cites.org/ http://www.erc.org.mk

Манифестации 24-26.X BISE Forum Krakow How municipalities can become models for citizens! www.macef.org.mk. Café Scientifique Видео конференција на теме ЕЕ 25 октомври, 15:00-17:00, Британски Совет, Скопје Презентација за ЕЕ во пракса од признатиот експерт, г-ѓа Катрин Маби од Велика Британија и дебатирање помеѓу учесниците од трите локации и тоа од В.Б., Македонија и Косово.

Недела на енергетика – Македонија 2007 30 октомври – 2 ноември, Скопје, Македонија Настанот се организира како дел од програмата на Европската Комисија, Одржлива енергија во Европа. „Обновливи извори на енергија, потрошувачи и општини“ е тема на годинешната манифестација, која има за цел да ја зголеми свеста и поттикне користењето на обновливи извори на енергија во Македонија. Деталната програма ќе биде објавена на 13 септември на www.macef.org.mk. EE Global 11 – 14 ноември, Washington, САД Организирано од Алијансата за заштеда на енергија Оваа глобална конференција има за цел да ги инаугурира најдобрите придобивки од Сесветскиот саем, каде што науката, бизнисот и политичките лидери како и активистите, медиумите и граѓаните од сите земји и животни патишта ќе се здружат за да ги прослават новите идеи и последни технологии кои може да ги трансформираат животите на луѓето. Центар за енергетска ефикасност на Македонија Уредник: Проф. Д-р Константин Димитров Редакција: Македонка Димитрова, Петрушевски Plastic Solar Cell Efficiency Hits 6% Игор in U.S. Lab Никола Парапунов 1000 Скопје Winston-Salem, North3а/52, Carolina [RenewableEnergyAccess.com] ChТел.: +389 2 3099 216; Факс: +389 2 3061 013 e-mail: macef@macef.org.mk

Имате желба за соработка? Контакт информации: ул. Н. Парапунов 31/52, 1000 Скопје, тел. 02 3099 216 и 3099 432, факс 02 3099 298, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk

54 infomacef  
54 infomacef  
Advertisement