Page 1

Број 53

ЦЕНТАР ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ НА МАКЕДОНИЈА

Август 2007

МАЦЕФ МАЦЕФ промовира енергетска ефикасност и почиста животна средина Во овој број: ЦЕНТАР ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ НА МАКЕДОНИЈА - МАЦЕФ

Õ Активности на МАЦЕФ Õ Активности поврзани со МОМЕЕ Õ Новости од Македонија Õ Новости од другите земји Õ Манифестации Õ Корисни web-адреси

Oд Уредникот Почитувани колешки и колеги, членови на МАЦЕФ! Август, како месец кога граѓаните најмногу го користат својот годишен одмор, сепак беше исполнет со голем број на активности поврзани со енергетиката. Јасно тука не мислиме на секојдневното стравување дали ќе се покачи цената на електричната енергија. Изненадени сме пријатно и го поздравуваме очекуваниот потег на Владата: смалување на ДДВ од 18 на 5% при купување на соларни колектори. Оваа мерка, покрај претходната (грант за 500 купувачи на соларни системи) сигнализират за сериозниот пристап на Владата кон проблематиката на енергетиката. Но, тоа е сеуште само почеток: ние очекуваме овој ист ДДВ од 5 % да се пренесе на сите трошоци поврзани со обновливи извори на енергија, пред се опрема за користење на енергијата на ветерот и опрема за користење на геотермалната енергија, посебно поврзана со примената на топлинските пумпи. Браво за Владата ( од аспект на енергетската ефикасност, од аспект на активностите во областа на пристапот кон персоналните сметачи итн). Работата на проектот База на енергетски податоци за градот Скопје се одвива со полна пареа. Избран е нов директор на МЕПСО. Проф. А. Туневски ја продолжува основната дејност на Машинскиот факултет. Распишан е јавен повик за конкурирање за изработка на Стратегијата за енергетскиот развој на Македонија Во септември треба да почне со работа новоизбраниот директорот на Агенцијата за енергетика, му посакуваме плодна работа! Читајте повеќе за работата на Austrian Cooperation (ADC) во Македонија со фокус енергетските проекти во специјалното, 2. ИнфоМацеф кое што ќе го објавиме наскоро. очекуваме Вашите кометари,

Проф. Д-р Константин Димитров

Development на нивните издание на Дотогаш ги

МАЦЕФ е доброволно научно здружение, кое што нуди услуги и стручни знаења од областа на енергетиката и заштита на животната средина во Република Македонија и пошироко. МАЦЕФ е член на меѓународната мрежа за енергетска ефикасност RENEUER (Regional Network on Efficient Use of Resources). МАЦЕФ е дел од мрежата managenergy формирана од страна на European commission DG Energy and Transport www.managenergy.net . МАЦЕФ e член на Асоцијацита на Консултантски организации. МАЦЕФ е член на БИСЕ Форумот, Motor Challenge Programme и официјален партнер на Sustainable Energy Europe 2005-2008

Активности на МАЦЕФ

Недела на енергетика – Македонија 2007 МАЦЕФ, и оваа година традиционално ја најавува и интензивно се подготвува за реализација на Недела на енергетика – Македонија 2007. Новина е што манифестацијата се реализира како дел од програмата на Генералниот Директорат за енергија и транспорт на Европската Комисија, Обновлива енергија во Европа 2005-2008, повеќе. Главна тема на Форумот, најавен за 30 октомври, е „Соларна енергија како обновлив извор на енергија“, а гоститепрезентери од земјата и од странство ќе зборуваат за искуството и напредните технологии за искористување на сончевата енергија, по што ќе следи отворена трибина. Манифестацијата ќе ги надополни активностите на Владата, здруженијата на граѓани и приватни компании-производители на опрема на поле на сончевата енергија и нејзиното искористување во 2007 година. По терк на слични манифестации од другите европски земји, предвидени се едукативни активности за основно запознавање со енергијата и подигање на свест за енергетска ефикасност наменети за деца од 4-6 и 10-14 годишна возраст. Во тек на месец септември на www.macef.org.mk ќе биде објавена деталната програма за планираните настани. Се комплетира Базата на енергетски податоци за Град Скопје Напорната работа на тимот млади инженери во текот на месец август резултираше во сеопфатни енергетски податоци за повеќе од 400 објекти на територијата на Град Скопје. Оваа база ќе претставува одлична основа за реализација на долгонајавуваната гасифиција на Скопје, а од друга страна ќе понуди прегледност на расположливите технички капацитети. Иако, степенот на препознавање на потецијалните заштеди од приклучување кон една ваква мрежа кај помалите индустриски капацитети се покажа релативно низок, прибирањето на податоците се одвиваше со очекуваниот интензитет и побуди дополнителен интерес за проблематиката на истите.

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте не на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3099 488, факс 02 3099 432, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk


ИНФОМАЦЕФ 53

Страна 2

Поефикасни училишта за неколку илјади основци Подготовки за Форумот за инвеститори за МРЧ во Лајпциг

имплементација

и

Претставници на МАЦЕФ, како официјални учесници во минатогодишната работилница за Кјото Протокол и Механизми за чист развој (МЧР) од нашата земја, која се одржа во Лајпциг, работи на прибирање на последни податоци за идејни проекти со примена на механизми за чист развој во Македонија. Моментната состојба, ќе биде презентирана на Форум за Заедничка имплеметација и МЧР, кој што ќе се одржи во октомври, во организација на Германската агенција за енергетика - ДЕНА. Целта на форумот е препознавање и афирмација на бројните потенцијални МЧР проекти и нивна заедничка имплементација од сите земји во Источна Европа и Средна Азија. Претставникот на МАЦЕФ, вниманието на присутните ќе се обиде да го насочи кон четирите идејни проекти(PIN) со имплементација на механизми за чист развој како и состојбата во Македонија вклучувајќи активности и субјекти кои што делуваат на ова поле. Доколку Вие се препознавате во некоја од споменатите категории, молиме да ja контактирате г-ѓа Јасминка Капац заради вклучување на Вашите податоци во базата. Ова е ретка можност за привлекување имплементатори и партнери за реализација на овој тип на проекти во меѓународни рамки. Заинтересираните колеги кои сакаат да станат активни членови на МАЦЕФ, треба да се јават на нашата адреса, за да ги добијат потребните формулари за зачленување. Колегите со поголемо искуство и резултати во оваа област, со желба да бидат внесени во меѓународниот регистер на експерти, ги замолуваме да контактираат со нас, за да им го доставиме потребниот формулар. Тоа не значи и обврска да се биде член на МАЦЕФ.

Македонска Општинска Мрежа за Енергетска Ефикасност Сегашни членови на МОМЕЕ се општините: Сарај, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Центар, Гази Баба и Кичево. Во најскоро време очекуваме кон неа да се приклучат и работни организации и Институции кои се вклучени во програмите поврзани со енергетската ефикасност.

Годишна членарина:

24 000 денари

Конкурс за Енергетски ефикасна општина за 2007 Од 17 септември до 17 октомври 2007 година на вебстраницата на Македонската општинска мрежа за енергетска ефикасност – МОМЕЕ, www.momee.net.mk, ќе биде објавен конкурсот за Енергетски ефикасна општина за 2007, организиран во рамки на Неделата на енергетика – Македонија 2007. Формуларот ќе може да се пополни on-line како и да се испрати по пошта. Во комисијата за оценување на пристигнатите пријави членуваат стручни лица од областа на енергетика во земјата, а првонаградениот освен главната награда, членарина во МОМЕЕ за 2007/2008 г., го очекува и изненадување. Наградата очекуваме да ја додели висок претставник на Мисијата на Европската Комисија во Р. Македонија за време на Форумот во рамки на Недела на енергетика на 30 октомври годинава.

Тимот за реновирање и енергетска ефикасност, дел од Проектот на УСАИД за основно образование, ја привршува реализацијата на првите 8 пилот проекти за модернизација на објектите за основното образование. На есен, учениците во 2 училишта ќе имаат нови централизирани системи за греење, а во 6 од нив се заменети прозорците, со што е елиминирана/намалена инфилтрацијата на студен воздух, а подобрени се работните услови на учениците. Повеќе на www.pep.org.mk . Земете учество на 4-от BISE Forum во Краков 24-26 октомври МАЦЕФ како национален контакт за БИСЕ Форумот ги поканува сите општини поактивно да се вклучат во работата на истиот. И оваа година БИСЕ Форумот( Подобра интеграција за одржлива енергија) повикува на дискусија за многу важно прашање и тоа: Како општините може да станат модели за своите жители? Целосната програма може да се разгледа на оваа врска. Во истовреме, ќе се одржат состаноци на Националните делегации и координатори од 17 земји, учеснички во БИСЕ во состав: национални асоцијации на единици на локална самоуправа, национални „Energy-Cities” мрежи, министерства за енергетика и Агенции за енергетика, општини и релевантни невладини организации. МАЦЕФ веќе го најави своето учество и ќе Ве извести за заклучоците од Форумот. Можност повеќе за финансирање на енергетски проекти во општините Проектот на „Energy-Cities”, РУСЕ– Насочување на развојот во урбаните средини кон одржлива енергија, финасиран од Генералниот директорат за транспорт и енергија на ЕК, неодамна објави две интересни публикации за начини на финансирање на енергетски проекти. „Нови форми на финансирање на општински енергетски проекти“ и Финансирање на одржливи проекти од Структурните фондови и Кохезиските фондови во 2007 – 2013, се две студии кои што упатуваат на интелигентни начини за финансирање на општински енергетски проекти со фокус на енергетика. Овие информации се наменети за општините. Превземање на студиите од нивната веб страница или од www.ruse-europe.org.

Заврши натпреварот за цртежи и фотографии на „ManagEnergy“ Натпреварот за цртежи и фотографии кој што започна во рамките на „Недела на одржлива енергија во Европа“ и траеше до 31-ви јули, постигна голем успех благодарејќи на одзивот на кој наиде и големиот број на апликации. Церемонијата на доделување на наградите ќе се одржи на 29-ти јануари следната година во текот на второто издание на „Недела на одржлива енергија во Европа“. Следната година, по заложба на МАЦЕФ, се очекува и Македонија да биде вклучена во оваа програма иако не е сеуште полноправна членка на ЕУ. Наскоро, веб страницата Kidscorner ќе биде достапна за најмладите и на македонски јазик, преводите и адаптацијата ги подготвуваат тим од МАЦЕФ.

Имате желба за соработка? Контакт информации: ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3099 216 и 3099 432, факс 02 3099 298, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk


ИНФОМАЦЕФ 53

Страна 3

Независно, во мецес ноември, ќе се одржи натпревар во цртање за основци од 10-14 годишна возраст на тема обновливи извори на енергија. Авторите на наградените цртежи, ќе добијат награди кои ни ги обезбедија директно од детското катче на програмата МениџЕнерги на ЕУ, со погоре прикажаниот мотив. Повеќе... Членовите на МОМЕЕ можат да се јават во МАЦЕФ за помош при подготовката на потребната документација како и за дополнителни корисни информации!

teking@mt.net.mk

направени во 2005 и 2006 година, тие бараат зголемување на цената за 30%. Извор: Бизнис Портал Тотал

РЕГИОНАЛНА МРЕЖА ЗА ЕФИКАСНО КОРИСТЕЊЕ НА ЕНЕРГИЈАТА И ВОДАТА

RENEUER (www.reneuer.com)

RENEUER е формирана по иницијатива на претставници на владите, невладините организации и претпријатијата од 8 земји и тоа Албанија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Србија и Црна Гора, Македонија, Молдавија, Романија и Хрватска. Основната задача на оваа мрежа е да се ангажира за решавање на проблемите за ефикасна употреба на енергијата и водата во земјите од Југоисточна Европа. RENEUER ги дефинира основните определби во областа на ефикасното користење на енергијата и водата преку анализа на проблемите со кои се среќаваат земјите од Југоисточна Европа и можностите за нивно решавање.

Новости од другите земји Вести од Македонија МЕПСО со нов директор Владимир Здравев е новиот директор на Македонскиот електро преносен систем оператор (МЕПСО). Здравев е назначен на позицијата откога компанијата ја одобрила одлуката на Владата за отпуштање на Атанаско Туневски од истата позиција. Проф. Туневски продолжува со својот професионален ангажман на Машинскиот факултет – Скопје. Здравев е дипломиран машински инженер, и првото вработување му било во енергетската индустрија. На оваа позиција доаѓа од функцијата од Институтот за акредитација каде што беше директор. Извор: Канал 5 ТВ Парите од ТЕЦ Неготино ќе се инвестираат во новата гасна централа во Скопје Дел од парите од продажбата на ТЕЦ Неготино ќе се инвестираат во изградбата на гасната централа во Скопје. Проектот е веќе изготвен од страна на Електрани на Македонија (ЕЛЕМ). Новата комбинирана когенеративна постројка се планира да биде инсталирана во источниот дел на Скопје, во индустриската зона, на локацијата каде што се наоѓа подружницата на ЕЛЕМ Енергетика. Ова е со цел да може да се искористи постоечката опрема и инфраструктура на Енергетика. Извор: Тотал Бизнис Портал Регулаторната Комисија за Енергетика работи со полна пареа Изминатиот месец Комисијата донесе неколку решенија и одлуки во сферата на делување, и тоа: Решение за прогласување на квалификуван потрошувач на природен гас; Одлуката за определување на највисоки цени на одделни нафтени деривати утврдени и Одлуката за определување на највисоки цени на одделни нафтени деривати утврдени согласно Методологијата. Повеќе... Битолска „Топлификација” бара поскапување на централното греење за 30% Битолска „Топлификација” ќе побара од Регулаторната комисија зголемување на цената на централното греење за околу 30%. Ваквото барање го правдаат со тоа што седум години битолска „Топлификација” има идентична цена на услугата како во Скопје, но климатските услови се далеку поразлични. Бидејќи не можат да ги стабилизираат загубите

Првиот Закон за греење на обновлива енергија во Германија Од 1. април 2008, новите градби во Баден –Вуртемберг ќе треба да произведуваат 20% од нивните потреби за енергија за греење од обновливи извори на енергија. Во споменатиот нацрт закон, Владата на Баден – Вуртемберг, е првата федерална држава која што повикува на користење на сончево, био и еколошко греење за крајна употреба за загревање на вода и загревање на простории во објектите. Повеќе... ОН итно повикува на активности против климатските промени Бан Ки-Мун, генералениот секретар на ОН, ги повикува сите земји да постигнат договор како дел од Рамковната програма на ОН до 2009, пред истекот на првиот заложбен период од Кјото Протоколот во 2012 година. Повеќе... Прва постројка за искористување на енергија од бранови Шкотланѓаните ја градат првата комерцијална енергетска постројка, воопшто во светот, за искористување на ударната енергија на брановите. Компанијата „Voith Siemens Hydro“ ја гради централата, а со добиената енергија ќе стопанисува баскиската компанијата „Ente Vasco de Energia“. Енергијата ќе се добива со технологијата „Oscillating Water Column“ (OWC). Повеќе... Барање за промени во програмата за МЧР(CDM) Виши дипломати и владини претставници од светските земји во развој повикуваат на ревидирање на механизмите за чист развој пред следната Конференција за климатски промени на Обединетите Нации. Тие ова го потврдија во излагањата на нивните национални Стратегии за климатски промени на Генералното Собрание на ОН кое што се одржа во август во Њу Јорк, САД. Повеќе... Европската Комисија потфрли кај енергетски ефикасните светилки Давачките за увоз на енергетски ефикасни светилки останаа на исто ниво и за следната година, според одлуките на Европската Комисија. Овој потег, здруженијата на „зелените“ ги окарактеризираа како пропуштена шанса за непосредно намалување на емисиите на стакленички гасови во резиденцијалниот сектор. Повеќе..

Имате желба за соработка? Контакт информации: ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3099 216 и 3099 432, факс 02 3099 298, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk


ИНФОМАЦЕФ 53

Страна 4

САД за договор за климатски промени со Европската Унија Преговарачот на САД, во преговорите за Кјото, предводени од Обединетите Нации изјавува дека „најверојатно има повеќе полиња за договор отколку за несогласување“ помеѓу Вашингтон и Брисел на поле на климатските промени, а истовремено се заложува за намалување на емисиите во САД. Повеќе... “Кјото“ земјите дискутираат за намалување на стакленичките гасови Земјите потписнички на Кјото протоколот во Виена дискутираа за поставување на забележителни цели за намалување на стакленичките гасови за 25 до 40% под нивото од 1990 г., но се стравува дека ќе биде постигнат официјален договор. Повеќе... ЕУ може да го ограничи влезот на надворешни енергетски ресурси Европската Комисија може да побара забрана за влез на трети земји на европскиот енергетски пазар како дел од идните предлози за негова либерализација. Во доверлив извештај се вели дека неевропските компании може да се сретнат со серија мерки за ограничување на нивниот влез на енергетските преносни мрежи во ЕУ. Повеќе... Студија за апарати конзументи на енергија предлага стандарди за ефикасност на ТВ апаратите Напорите на ЕУ за подобрување на енергетската ефикасност кај ТВ апаратите, се фокусираат кон одредени компоненти кои што мора да се почитуваат за постигнување енергетски ефикасни ТВ апарати. Истите се планира да бидат преточени во формален предлог кон крајот на годината или на почетокот на идната. Повеќе... Гасните централи станаа дел од Механизмот за чист развој (CDM) Телото при ОН кое што одлучува дали намалувањето на одреден вид на стакленички гасови може да биде дел од тргувањето со СО2, даде зелено светло на три проекти меѓу кои и Гасните електрични централи. Повеќе... Европската комисија нуди бесплатен софтвер за интензивирање на интернационалното тргување со кредити за СО2 Европската Комисија понуди софтвер со кој ќе се надгледуваат и зачувуваат податоците од интернационалното тргување со обврзници за емисија на СО2, со цел да се осигури дека тргувањето нема да се соочува со технички проблеми. Повеќе... Корисни web-адреси http://www.sustenergy.org/ http://www.motorchallenge.org/ http://www.manageenergy.net/ http://www.total.com.mk/ http://www.create.org.uk/ http://www.euractiv.com/ http://www.ase.org/ http://www.display-campaign.org/ http://www.energie-cites.org/ http://www.erc.org.mk/ http://www.dena.de/ http://www.cimonline.de/

Манифестации Семинар за одржлива енергетска политика на невладини организации & тура по данскиот остров на 100% обновлива енергија 4-5 октомври, Самое остров, Данска Специјален настан: Прослава по повод 10 годишнината од островот со 100% обновлива енергија Повеќе... Нова генерација на биогорива 4-5 октомври, Амстердам, Холадија Учете од повеќе од 30 индустриски лидери за тоа кој ќе го предводи развојот на следната генерација на биогорива Повеќе... Регионална работилница за консултации: Адаптирање кон климатските промени во Европа 15 октомври, Будимпешта, Унгарија Повеќе... Животот по нафтата 18-20 октомври, Јужен Тирол, Италија Конференцијата ги поканува учесниците на собир на европските водечки научници за тоа како да се соочиме со животот после фосилните горива Повеќе... Недела на енергетика – Македонија 2007 30 октомври – 2 ноември, Скопје, Македонија Настанот се организира како дел од програмата на Европската Комисија, Одржлива енергија во Европа. „Сончевата енергија како обновлив извор на енергија“ е тема на годинешната манифестација, која има за цел да ја зголеми свеста и поттикне користењето на обновливи извори на енергија во Македонија. Гостите од странство ќе го збогатат настанот со европски искуства.

Повеќе во следниот број на ИнфоМацеф

20. Светски Енергетски Конгрес 11-15 ноември, Рим, Италија Иднината на енергијата во меѓузависен свет Повеќе… EE Global Организирано од Алијансата за заштеда на енергија 11 – 14 ноември, Вашингтон, САД Оваа глобална конференција има за цел да ги инаугурира најдобрите придобивки од Сесветскиот саем, каде што науката, бизнисот и политичките лидери како и активистите, медиумите и граѓаните од сите земји и животни патишта ќе се здружат за да ги прослават новите идеи и последни технологии кои може да ги трансформираат животите на луѓето. Повеќе... Обновливо греење и ладење 20- 21 ноември, Брисел, Белгија Единствен настан кој што има фокус на биомаса, сончева и гетермална енергија за греење и ладење Повеќе... Центар за енергетска ефикасност на Македонија Уредник: Проф. Д-р Константин Димитров Редакција: М-р Македонка Димитрова, Игор Петрушевски Plastic Solar Cell Efficiency Hits 6% in U.S. Lab Ул. Никола Парапунов 3а/52, [RenewableEnergyAccess.com] 1000 Скопје Winston-Salem, North Carolina ChТел.: +389 2 3099 488; Факс: +389 2 3099 432 e-mail: macef@macef.org.mk

Имате желба за соработка? Контакт информации: ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3099 216 и 3099 432, факс 02 3099 298, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk

53 infomacef  
Advertisement