Page 1

Број 52

ЦЕНТАР ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ НА МАКЕДОНИЈА

Јули 2007

МАЦЕФ МАЦЕФ промовира енергетска ефикасност и почиста животна средина Во овој број: Õ Од уредникот Õ Центар за енергетска ефикасност на Македонија МАЦЕФ Õ Новости од Македонија Õ Новости од другите земји Õ Корисни web-адреси Õ Манифестации

OД УРЕДНИКОТ Почитувани колешки и колеги, членови на МАЦЕФ! Јули е месец на високи температури, пожари и активности од областа на енергетиката. Се случи распад на енергетскиот систем во регионот, има промени во раководството на големите енергетски компании, а трговците со опрема за ладење (сплитсистеми) ги продадоа своите резерви! Започна работата на проектот База на енергетски податоци за градот Скопје Со задоволство ја информираме македонската јавност дека врз основа на минатите активности, јасно и идните Европската комисија ја приклучи нашата програма 2007 Macedonian Energy Week како дел од Кампањата за одржлива енергија на Европа Sustainable Energy Europe (SEE) Campaign! МАЦЕФ е поканет да учествува во тендерот за институционализирање на проектот за енергетската ефикасност на моторните погони: MOTOR CHALLENGE PROGRAMME

PEP-USAID На тендер се избрани реализаторите на мерките за енергетска ефикасност во 8 училишта во 8 општини. 4 BISE Forum во Краков. МЕПСО – смени во раководството? ЕВН Македонија: презентација на свои согледувања за развојот на гасифиакцискиот систем во Скопје. Во Македонија е приготвен и презентиран правилнокот за означување на енергетската ефикасност на дел од електричните апарати за домаќинствата “BLACK OUT” Состојба со енергетиката во Македонија Очекуваме август да биде поспокоен (во однос на опожарување низ целата држава), но интензивен со случувања кои ќе го привлечат Вашето внимание. Очекуваме информации и реакции од Вас, поздрав

Проф. Д-р Константин Димитров ЦЕНТАР ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ НА МАКЕДОНИЈА МАЦЕФ

МАЦЕФ е доброволно научно здружение, основано да делува во рамките на Република Македонија и надвор од неа. МАЦЕФ е член на меѓународната мрежа за енергетска ефикасност RENEUER (Regional Network on Efficient Use of Resources). МАЦЕФ e член на Асоцијацита на Консултантски организации, нудејќи професионални експертски услуги од својот делокруг на работа, во земјата и надвор од неа.

МАЦЕФ е дел од мрежата managenergy формирана од страна на European commission DG Energy and Transport www.managenergy.net . МАЦЕФ е член на БИСЕ Форумот, MOTOR CHALLENGE PROGRAMME и

официјален партнер на Sustainable Energy Europe 20052008

Активности на МАЦЕФ Германски експерт - советник за ЕЕ во редовите на МАЦЕФ Во тек е соработка помеѓу МАЦЕФ и Германија на поле на ЕЕ преку Програмата „Интегрирани експерти“ на ЦИМ ( Центар за интернационална миграција). Од 2007-09 г. тимот на МАЦЕФ ќе вброи во своите редови еден германски експерт -советник за ЕЕ. Преку оваа програма се ангажирани повеќе 700 европски експерти во преку 80 земји од светот, а поддршка им се пружа од базата во Франкфурт, Германија. ЦИМ е работно здружение на Германското друштво на техничка соработка (GTZ) и Германската државна централа за работно посредување (BA). Тој е формиран во 1980 г., а во најголем дел се финансира од Државното министерство за развој и техничка соработка. Во програмите на ЦИМ учествуваат и други министерства , државни и приватни институции. ЦИМ помога на партнерите, како МАЦЕФ, во развој на земјата и реализирање на заеднички дефинираните развојни цели помеѓу Државното министерство за развој и инвестиции и земјата партнер, во овој случај Македонија, како и на меѓународната мрежа Millennium Development Goals. ЦИМ во активностите ја задоволува потребата од висококвалификувани кадри кои што работат во тимот на партнерската организација. Идните броеви на ИнфоМАЦЕФ ќе известуваат за конкретните активности од оваа соработка. МАЦЕФ е официјален партнер на кампања за Одржлива енергетика на Европа

Sustainable Energy Europe 2005-2008

Од месец јули МАЦЕФ е овластен да го користи логото на оваа кампања а сите активности според однапред утврдена програма ќе бидат објавувани на официјалниот портал на www.sustenergy.org . Оваа активност е прв обид на македонска организација да придонесе за унапредување на определбите на ЕУ и Европа поширико за исполнување на утрвдените цели на поле на обновливи извори на енергија, енергетска ефикасност, чист транспорт и алтернативни горива. Оваа кампања е иницијатива на ЕК односно програмата за Интелигентна енергија на Европа. Промотивните активности на МАЦЕФ во областа на енергетската ефикасност не’ квалификуваа како официјален партнер во оваа кампањата. Од 9-те главни активности на оваа кампања Sustainable Energy Communities - Regions Sustainable Energy Communities - Cities Sustainable Energy Communities - Islands and Rural Areas Sustainable Energy Communities aiming at 100% RES Supply Sustainable Energy in Transport Sustainable Energy in Buildings

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте не на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3099 216 и 3099 432, факс 02 3099 298, e-mail: macef@mf.edu.mk www.macef.org.mk


ИНФОМАЦЕФ 52

Страна 2

Sustainable Energy in Lighting Systems and Appliances Sustainable Energy Co-operation with Developing Countries Sustainable Energy Promotion and Communication

премине на продлабочени истражувања од техно-економски карактер.

ние сме приклучени во Програмата за одржлива енергетика во згради.

Дел од тимот кој работи на проектот База на енергетски податоци МАЦЕФ- Официјален партнер диплома

Ова е извод од писмото со кое не’ известија за приемот: Dear Mr. Dimitrov, I am pleased to welcome you as Campaign Partner and wish you every success in your efforts. On behalf of the Directorate General for Energy and Transport, I was delighted to receive your application form, and am now pleased to announce that the Commission has approved your application. We very much value your continued partnership and commitment to the promotion of Sustainable Energy over the next years.... Marc Patuzzo ************************* Public Relations Desk, Sustainable Energy Europe Campaign

Заинтересираните колеги кои сакаат да станат активни членови на МАЦЕФ, треба да се јават на нашата адреса, за да ги добијат потребните формулари за зачленување. Колегите со поголемо искуство и резултати во оваа област, со желба да бидат внесени во меѓународниот регистер на експерти, ги замолуваме да контактираат со нас, за да им го доставиме потребниот формулар. Тоа не значи и обврска да се биде член на МАЦЕФ. Формирање база на енергетски податоци за град Скопје Како што беше најавено во претходниот број на ИнфоМАЦЕФ, се формира тим кој во текот на летните месеци ќе работи на формирање на база на енергетски податоци за потрошувачката на енергија во производните компании на ниво на град Скопје. Овој тим составен од 19 учесници, предводен од проект менаџерот Јасминка Капац, дипл.маш.инж, претставува комбинација на искусни инженери, млади невработени инженери и студенти апсолвенти на Машинскиот факултет од Скопје, од насоката Термотехника и Термоенергетика и Енергетско машинство и екологија. Секој инженер соработува со два студента, со што се остварува непосредна обука и контрола. Се развива сопствен софтверски модел за брзо пребарување на потребните информации според големина на енергетскиот конзум, карактеристиките на компаниите и припадноста во поедина општина. Резултатите ќе можат да се употребат за неколку цели, од кои што една од побитните е дефинирање на локации за дисперзирано производство на енергија. Овој проект кој го реализира МАЦЕФ со своите членови, има добри шанси да се реплицира во Куманово и Крива Паланка, како и да

Мора да се потцрта ентузијазмот на младите членови и нивната желба за успешна реализација на проектот. Сметаме дека искуството и стекнатите вештини од оваа работа ќе им отворат врати во енергетските компании во нашата земја на идните инженери. ЕЕ кај Електричните мотори

Мotor Challenge Programme (MCP)

Програмот за енергетска ефикасност на системи дижени со електромоторен погон е веќе 7 години на европска сцена. Од оваа година и МАЦЕФ е негов член. Ги повикуваме нашите членови од електротехничка насока, како и останатите заинтересирани за оваа проблематика, да ни’ се јават за подетални информации. Време е да се создаде структурна база за пан-европски пристап кон овој програм. Основни цели се институционализирање и натамошен развој. Основните програмски ансоки кои се предложени до ЕУ се: ¾ Институционализирање на MCP како Европско тело, со креирање на стален дом кој ќе ги гарантира достигнувањата на енергетски ефикасните системи со моторен погон; ¾ Структурно промовирање/маркетинг на MCP со формирање на ЕУ-вебпортал за собирање на информации; ¾ Инкорпорирање на ЕЕ системи со моторен погон во Иницијатива за Европски Стандарди; ¾ Обука и тренинг – на ниво на факултети и специјализирана обука на релевантни личности (инженери и др.) ¾ Одржување и проширување на постоечката мрежа на MCP Партнери се сите Национални Контакт Центри, (National ContactPoints) (претставници на ЕУ 27) меѓу нив и МАЦЕФ за Македонија, SEEEM, како и PNEUROP, EUROVENT, BCAS и др.

Македонска Општинска Мрежа за Енергетска Ефикасност

Сегашни членови на МОМЕЕ се општините: Сарај, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Центар, Гази Баба и Кичево. Во најскоро време очекуваме кон неа да се приклучат и работни организации и Институции кои се вклучени во програмите поврзани со енергетската ефикасност.

Годишна членарина:

24 000 денари

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте не на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3099 216 и 3099 432, факс 02 3099 298, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk


ИНФОМАЦЕФ 52

Страна 3

4 BISE Forum во Краков 24-26 октомври Во октомври ќе се одржи 4от Форум на мрежата BISE (Building Integration for Sustainable Energy), со основна цел да се разменат искуства (добри и лоши), да се здружат градовите, општините, регионите заради остварување на слични цели и проекти во областа на енергетската ефикасност и да конкурираат за средства за оваа намена пред европските фондови. МАЦЕФ е национален центар за оваа активност и ги покануваме сите заинтересирани, кои би сакале да учествуваат/ присуствуваат на оваа манифестација, да се јават во нашиот секретаријат за дополнителни информации. Ви ја презентираме содржината на пленарните и работните седници. Вашето внимание го насочуваме кон точката за изработка на општински енергетски акциони планови што е законска обврска на секоја општина во Македонија.

Зошто општините треба да станат модели за граѓаните? Како општините може да станат модели за граѓаните? ¾ Организација на енергетски единици/ Енергетски менаџери ¾ Правење на општински енергетски акционен план и негова евалуација ¾ Комуникација со граѓаните и учесниците ¾ Енергетска ефикасност во објектите ¾ Реализација на одржливи енергетски проекти ¾ Зајакнување на мрежите и здружените капацитети Преглед на национални мрежи & иницијативи со оглед на општинските енергетски акциони планови и одржливи енергетски единици ЕУ планови за фондови во новите членки за 2007-2013 Финасирање на одржливи енергетски проекти од Структуралните фондови и Кохезиониот фонд Како ја замислуваме иднината на БИСЕ процесот? Проект за Основни училишта PEP -USAID На распишаниот тендер за финасирање на мерките за енергетска ефикасност во основното образование, беа избрани 8 училишта од 8 општини, за што информиравме во минатиот број. Во меѓувреме се распиша тендер за реализација на предвидената програма. На тендерот се јавија доволен број компании, а стручен тим во рамките на PEP проектот ги избра најповолните понудувачи. Изборот се базираше на најповолниот однос цена/квалитет и почитување на роковите. Изведувачите на работите се обврзаа предвидените проекти да ги реализираат како “клуч на рака“ без дополнителни анекси, пред почетокот на новата учебна година. Два проекта се однесуваат на нови котлари и централно греење, а 6 за замена на прозорците. Ги информираме уште еднаш сите училишта од основното образование, како и градоначалниците на општините дека на почетокот на есента ќе се распише новиот циклус на конкурси за финансирање на мерките за енергетска ефиаксност во основните училишта. Предвидено е да се финансираат триесетина проекти. Еден од битните критериуми е добар технички проект со детална спецификација на трошоците, како и прикажување на резултатите од енергетската ефикасност со тој проект. Членовите на МОМЕЕ можат да се јават во МАЦЕФ за помош при подготовката на потребната документација како и за дополнителни корисни информации!

teking@mt.net.mk

Новости од Македонија Правилник за етикетирање на електрични апарати за домаќинства Во Македонија е приготвен и презентиран правилникот за означување на енергетската ефикасност на дел од електричните апарати за домаќинствата. Нови лиценци за трговија со струја Изминатиот месец Регулаторната комисија за енергетика додели лиценци за тргување со електрична енергија на фирмите „Балкан енерџи компани“ регистрирана во Скопје и словачката компанија Корлеа. Лиценците се со траење од десет години, а овозможуваат купување на електрична енергија произведена во Македонија или странство и да ја продава на домашниот и странскиот пазар. Освен купопордажба, лиценците дозволуваат и закуп на преносни и дистрибитувни капацитети.

Извор: Регулаторна комисија за енергетика

Се продава 25% од капиталот на ЕЛЕМ? Електрани на Македонија ќе бара стратешки инвеститор за 25% од капиталот преку издавање на нова емисија на приоритетни акции, кои би се продавале преку Македонската берза најдоцна до крајот на 2008 или на почеток на 2009 година. Во моментот оваа компанија не котира на Берза. Парите кои ЕЛЕМ ќе ги добие од продажбата на овие акции ќе се употребат за инвестирање во нови производствени капацитети. Продажбата на 10% од акциите на компанијата ќе добијат и вработените, но ќе им биде забрането да ги продаваат акциите. Отворена првата фабрика за биодизел во Македонија Макпетрол ја отвори првата фабриката за био дизел на локација во населбата Илинден во Скопје. Фабриката чинеше 12 милиони евра, а беше изградена во рок 11 месеци. Годишното производство на фабриката ќе изнесува 30.000 тони биодизел гориво. Распад на електроенергетскиот систем (BLACK OUT) Во Македонија се случи распад на електроенергетскиот систем во траење на неколку часа. Ова укажува дека е потребно: • веднаш да се пристапи кон подесување на заштитните системи кои би ја прекинале врската со соседите, при оптоварување кое не може да го превземе нашиот систем; • да се пристапи кон изградба на нови значајни производни енеретски капацитети, кои ќе обезбедат поголема стабилност на националниот енергетски систем. Соседните земји, кои располагаат со поголеми резервни производни капацитети, успеаја да го избегнат целосниот распад на своите електроенергетски системи. ЕВН Македонија презентација Во просториите на Градското собрание ЕВН од Австрија имаше успешна презентација на своите можности во областа на гасификацијата. Директорот на одделот за гасификациски системи Г-дин Walter Krecht во своето излагање ги прикажа можностите на својата компанија во полето на управување со снабдувањето со природен гас на голем број општини во Австрија, потребата од обука и тренинг центар со кој располагаат, како и нивното видување за развојот на гасификацисиот систем во Скопје. За одбележување е спремноста да соработуваат со Градската управа во успешното работење на ЈП Енергетика. Свој посебен интерс за проблематиката на гасификацијата во Скопје покажаа и претставниците на Маѓарската мултинационална компанија ELMIB. Од нив до градоначалникот на Скопје е испратено писмо за намера за целосна соработка во подрачјето на гасификацијата и уличното осветлување. МЕПСО – смени во раководството Надзорниот одбор на МАПСО доби задача од Владата да го разреши од долшноста генерален директор и претседател на

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте не на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3099 216 и 3099 432, факс 02 3099 298, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk


ИНФОМАЦЕФ 52

Страна 4

Управниот одбор проф. Д-р Атанаско Туневски. За неупатените ова беше големо изненеадување, затоа што проф. Туневски е истакнат член на владеачката партија. Поупатените очекуваа ова да се случи, заради неускладени ставови околу предлог промената на Законот за енергетика. Тој сеуште не е разрешен од должноста – па очекуваме да видиме дали тој ги сменил своите ставови, или Владата сепак увидува дека образложението за неговото разрешување е “танко“.

РЕГИОНАЛНА МРЕЖА ЗА ЕФИКАСНО КОРИСТЕЊЕ НА ЕНЕРГИЈАТА И ВОДАТА

RENEUER (www.reneuer.com)

RENEUER е формирана по иницијатива на претставници на владите, невладините организации и претпријатијата од 8 земји и тоа Албанија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Србија и Црна Гора, Македонија, Молдавија, Романија и Хрватска. Основната задача на оваа мрежа е да се ангажира за решавање на проблемите за ефикасна употреба на енергијата и водата во земјите од Југоисточна Европа. RENEUER ги дефинира основните определби во областа на ефикасното користење на енергијата и водата преку анализа на проблемите со кои се среќаваат земјите од Југоисточна Европа и можностите за нивно решавање.

Новости од другите земји ИЕА смета дека индустријата треба да ја намали употребата на енергија за 26% ИЕА (Меѓународната агенција за енергија) издаде извештај со кое информира дека енергетската ефикасност на индустријата во земјите припаднички на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕСР) може да се подобри помеѓу 18% и 26% без да се вклучат ефектите од новите технолигии. Области во кои што може да се реализираат понатамошни подобрувања се “фабриките со конвенционални системи“ како што се моторните и парните системи, когенеративните системи, ефикасност на искористувањето на ресурсите, се наведува во студијата. Таа има за цел да придонесе за акциониот план G8 за климатски промени, чиста енергија и одржлив развој. Извор:Поинт Карбон Г- 8 го поддржа глобалниот пост-2012 климатски договор Лидерите на водечките индустриски развиени нации се согласија дека е потребна „цврста и навремена акција“ од сите големи „загадувачи“ од ОН, за да се спречи опасна промена на климата. Мора да престане порастот на глобалната емисија на „стакленички“ гасови, проследено со постојано намалување, се вели во конечниот заклучок. Тие се договорија рамковниот договор до крајот на 2008 г. да прерасне во глобален договор во рамки на климатската конвенција за климатски промени на ОН до крајот на 2009г. Извор:ЕЦЕЕЕ Емисиите на СО2 во 2006г пораснаа за 0,3% Емисиите на СО2 од инсталациите кои што учествуваат во тргувањето со кредити пораснаа за 0,3% во 2006 – прилично под економскиот раст од 3% во ЕУ, се вели во извештајот на европската комисија. Извор:Поинт Карбон ЕУ најверојатно ќе ја зголеми квотата на кредити за емисија на СО2 Властите од ЕУ најверојатно постепено ќе ја зголемуваат количината на издадени кредити за емисија на СО2, изјавуваат експерти од институтот за европска политика за животна средина (IEPP). Извор:Поинт Карбон

ЕУ и ОПЕК: Нафтата останува доминантен извор на енергија Претставници од ЕУ и ОПЕК се присуствуваа на „тркалезна маса“ во Брисел да дискутираат за тоа како може енергетските политики на двете страни да влијаат на потребите за снабдување со нафта. Тркалезната маса се фокусираше на следниве теми: - Производствениот капацитет на ОПЕК; - Стабилноста на пазарот на нафта; - „Енергетскиот исход“ до 2030г. Загрижени за обезбедување на сигурно снабдување со нафта од различни производители, ЕУ побара ветување од ОПЕК за производниот капацитет во иднина. Во моментов ЕУ 40% од нафтата ја увезува од ОПЕК. Извор:Еурактив Прага и Братислава ќе бидат домаќини на нуклеарните дебати во ЕУ Форумот на ЕУ за нуклеарна енергетика (ЕNEF) ќе се среќава двапати годишно и ќе биде организирана со заеднички напори од Словачка и Чешката Република. Намерата е форумот да ги охрабри обновените преговори и дебати за иднината на нуклеарната енергија во Европа. Република Чешка и Република Словачка се договорија да го оформат Форумот за нуклеарна енергија на ЕУ внесувајќи го нивниот предлог во заклучоците на Европскиот совет одржан во месец Март, 2007 година. Извор:Еурактив Корисни web-адреси http://www.sustenergy.org/ http://www.motorchallenge.org/ http://www.total.com.mk/ http://www.create.org.uk/ http://www.euractiv.com/ http://www.ase.org/ http://www.energie-cites.org/ http://www.erc.org.mk Манифестации RENEXPO® 2007 Од 27 до 30 септември 2007 година, Аугсбург, Германија. RENEXPO® 2007 саем за меѓународна трговија и конференција за обновлива енергија. www.renexpo.com Зголемување на употребата на алтернативните извори 19-20 Ноември, Лондон www.chathamhouse.org.uk/renewables Најава на Конференција за нафта и гас во организација на АСМЕ Индија 15-18 Октомври 2007, Њу Делхи www.asmeconferences.org/PipelineIndia07 Трета годишна конференција за европска енергетска политика 9-ти Октомври 2007 3rd Annual European Energy Policy Conference 2007 Децентрализиран европски енергетски пазар http://www.decx-europe.com/Default.aspx?page=1219 Интернационална конференција „Обновливата енергија во ЕУ до 2020 година. Шансите и проблемите на новите земји-членки“ 10-11 Октомври, Варшава Центар за енергетска ефикасност на Македонија Уредник: Проф. Д-р Константин Димитров Редакција: Македонка Димитрова, Игор Петрушевски Никола Парапунов 3а/52, 1000 Скопје Тел.: +389 2 3099 216; Факс: +389 2 3061 013 e-mail: macef@macef.org.mk

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте не на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3099 216 и 3099 432, факс 02 3099 298, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk

52 infomacef  
Read more
Read more
Similar to
Popular now
Just for you