Page 1

Број 51

ЦЕНТАР ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ НА МАКЕДОНИЈА

Јуни 2007

МАЦЕФ МАЦЕФ промовира енергетска ефикасност и почиста животна средина

Õ Õ Õ Õ Õ Õ

Во овој број: Од уредникот Центар за енергетска ефикасност на Македонија МАЦЕФ Новости од Македонија Новости од другите земји Корисни web-адреси Манифестации

Активности на МАЦЕФ 1.6.2007 Презентација на ПЕП во Пехчево Во Пехчево се реализира првиот курс за примена на мерки од областа на енергетската ефикасност. На оваа работилница, организирана од страна на УСАИД, преку организацијата АЕД, учествуваа претставници на локалната самоуправа и директори на основни училишта од 4 општини од регионот.

OД УРЕДНИКОТ Почитувани колешки и колеги, членови на МАЦЕФ! Јуни, кој го означи почетокот на летото изобилува со активности од областа на енергетиката. Со оваа проблематика се занимаваат сите, па дури и претседателите на државите што е и за очекување. Енергијата е животна потреба, средство за зголемување на стандардот на живеење, политичко оружје... Презентација на ПЕП во Пехчево и Крушево – МАЦЕФ продолжува со својата основна дејност – трансфер на знаење од областа на енергетската ефикасност Freiburg, се реализира Meѓународна конференција за обновливи извори на енергија, со учество на претставници од над 30 земји од сите континенти Атина, во организација на Светската Банка се одржа 4-от Форум за справување со сиромаштијата, а во тие рамки и со енергетската сиромаштија Претставници на турската компанија ИГДАШ ја презентираа студијата за гасификација на Скопје. Наша желба е да пренесеме поголем број информации од областа на енергетиката и енергетската ефикасност, иако летото започна со очекуваните температури.. На нашиот повик за пријавување на млади инженери кои се спремни да го поминат летниот распуст во соработка со вработените на МАЦЕФ, како и што очекувавме, предизвика посебен интерес. Се пријавија над 20 кандидати со кои ќе се реализира предвидената работна програма. Очекуваме информации и реакции од Вас, поздрав

Равотна атмосфера од работилницата во Пехчево 5.6.2007

Презентација на ПЕП во Крушево

Проф. Д-р Константин Димитров ЦЕНТАР ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ НА МАКЕДОНИЈА МАЦЕФ

МАЦЕФ е доброволно научно здружение, основано да делува во рамките на Република Македонија и надвор од неа. МАЦЕФ е член на меѓународната мрежа за енергетска ефикасност RENEUER (Regional Network on Efficient Use of Resources). МАЦЕФ e член на Асоцијацита на Консултантски организации, нудејќи професионални експертски услуги од својот делокруг на работа, во земјата и надвор од неа. МАЦЕФ е дел од мрежата managenergy формирана од страна на European commission DG Energy and Transport www.managenergy.net . МАЦЕФ е член на БИСЕ Форумот.

Раководителот на ПЕП ги поздравува учесниците

Во Крушево се одржа втората работилница со истата содржина, на која што учествуваа претставници на други 4 општини од западна Македонија. Овие промотивни презентации беа наменети за претставниците на општините во кои што започнува реализацијата на пилот проектите за примена на мерки за енергетска ефикасност во 100 основни училишта во Македонија. За сите учесници беа приготвени печатени материјали и едeн диск со сите материјали во електронска форма, заедно со презентацијата (во Power Point програм).

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте не на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3099 216 и 3099 432, факс 02 3099 298, e-mail: macef@mf.edu.mk www.macef.org.mk


ИНФОМАЦЕФ 51

Страна 2

25-27.6 АТИНА Светска банка IV Форум за борба против сиромаштијата

Постои голема можност овие работилници да се продолжат на есен, за идните учесници на конкурсот за добивање на средства за реализација на мерките за енергетска ефикасност во основните училишта. 12-16.6 Фраибург: Меѓународна конференција за обновливи извори на енергија Во овој германски град, кој што се одликува со максимална примена на обновливите извори на енергија (сонце, ветер, биомаса) се одржа успешна меѓународна конференција за дополнителна промоција на чистата животна средина.

Фотоволтаични ќелии на сите покриви

Претседателство на Форумот

По четврти пат се организираше форумот за борба против сиромаштијата во земјите на Западен Балкан. На него присуствуваше и делегација од Република Македонија, составена од претставници на Министерствата за финансии и економија, Регулаторна комисија за енергетика, Агенцијата за енергетика, Заводот за статистика и МАЦЕФ. Проф. Димитров приготви и презентираше реферат за енергетската основа на Република Македонија и мерките за енергетската ефикасност како средство за справување со енергетската сиромаштија, како битен составен дел на општата сиромаштија.

Заинтересираните колеги кои сакаат да станат активни членови на МАЦЕФ, треба да се јават на нашата адреса, за да ги добијат потребните формулари за зачленување. Колегите со поголемо искуство и резултати во оваа област, со желба да бидат внесени во меѓународниот регистер на експерти, ги замолуваме да контактираат со нас, за да им го доставиме потребниот формулар. Тоа не значи и обврска да се биде член на МАЦЕФ.

Македонска Општинска Мрежа за Енергетска Ефикасност

Централно греење со био-маса

Ова мало место со право го има добиено името на шампион при грижата за животната средина на своите граѓани – од максимална примена на велосипеди, трамваи во јавниот превоз, примена на урбанистички мерки за комфорно живеење, прекрасно уредени улици, со мали канали низ кои струи бистра планинска вода и го освежува градот, кој што се одликува со хигиена на највисоко ниво.

Сегашни членови на МОМЕЕ се општините: Сарај, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Центар, Гази Баба и Кичево. Во најскоро време очекуваме кон неа да се приклучат и работни организации и Институции кои се вклучени во програмите поврзани со енергетската ефикасност.

Годишна членарина:

24 000 денари

РЕГИОНАЛНА МРЕЖА ЗА ЕФИКАСНО КОРИСТЕЊЕ НА ЕНЕРГИЈАТА И ВОДАТА

RENEUER (www.reneuer.com)

RENEUER е формирана по иницијатива на претставници на владите, невладините организации и претпријатијата од 8 земји и тоа Албанија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Србија и Црна Гора, Македонија, Молдавија, Романија и Хрватска. Основната задача на оваа мрежа е да се ангажира за решавање на проблемите за ефикасна употреба на енергијата и водата во земјите од Југоисточна Европа. RENEUER ги дефинира основните определби во областа на ефикасното користење на енергијата и водата преку анализа на проблемите со кои се среќаваат земјите од Југоисточна Европа и можностите за нивно решавање.

Градската куќа во Фрајбург

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте не на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3099 216 и 3099 432, факс 02 3099 298, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk


ИНФОМАЦЕФ 51

Страна 3

teking@mt.net.mk Новости од Македонија 6-7.6 Турска делегација ја презентираше студијата за гасификација на Скопје

Фонко ќе гради фабрика за геотермални пумпи во Бунарџик Македонската компанија Фонко ќе гради фабрика за геотермални пумпи во слободната економска зона Бунарџик. Инвестицијата е вредна три милиони евра, а капацитетот на фабриката ќе биде три илјади пумпи годишно, изјавува Љупчо Трајковски, косопственик на „Фонко“. Изградбата на новата фабрика треба да почне до крајот на годината, а таа е заедничка инвестиција со холандскиот партнер на Фонко, Еко Фис. За изградба на фабриката, Фонко доби донација од Холандија во вредност од 700 илјади евра. Геотермалните пумпи ќе се извезуваат на странски пазари. Фонко веќе поседува фабрика за геотермални пупми во Скопје, во просториите на поранешен МЗТ. Извор:Тотал Неизвесен грантот на СБ од 4,5 милиони долари за енергетска ефикасност?! Македонија може да го изгуби грантот од Светската банка од 4,5 милиони долари, заради неможноста да го реализира проект за енергетска ефикасност. Проблемот е во одолговлекувањето со избор на диреклтор на Агенцијата. Светската банка ја ставила во мирување првата транша од грантот во износ од над милион долари. Извор:Тотал

Презентација на Студијата во Градското Собрание

Претставниците на Јавното претпријатие ИГДАШ од Истанбул, ја презентираа студијата за гасифицирање на градот Скопје. Во оваа студија беа изнесени видувањата на оваа компанија дека проектот е исплатлив, а неговата реализација ќе се одвива во релативно долг временски период. Предвидено е дека проектот е во рамките од 30 милиони евра директна инвестиција во нископритисната мрежа од околу 350 километри цевки, поставени во реоните на градот кои што не се снабдуваат со топлинска енергија од Топлификација. Со инсталациите во домовите и придружните активности, оваа инвестиција ќе биде на ниво на 100 милиони евра. При тоа во фазата на реализацијата на проектот треба да бидат ангажирани над 1000 работници. Понудена е целосна соработка со ЈП Енергетика, јавното претпријатие формирано од градот Скопје, кое треба да стопанисува со дистрибуцијата на природниот гас.

Австриски Вербунт доби лиценца за трговија со струја Австриската енергетска компанија Вербунт доби лиценца за трговија со електрична енергија во земјава. Регулаторната комисија за енергетика и издаде лиценца за трговија со електрична енергија на компанијата откако го разгледа барањето. Вербунт доби лиценца со која ќе може да тргува со струја во следните десет години. Лиценцата и овозможува на компанијата да купува струја произведена во земјава или надвор од неа и да ја продава на тарифни и квалификувани потрошувачи. Вербунт ќе може струјата да ја продава и на други трговци. Извор:Тотал Енерго систем ја доби изградбата на внатрешниот гасовод во Бунарџик На скопската фирма Енерго систем и тече законскиот рок од три месеци за изградба на внатрешната гасоводна мрежа во слободната економска зона Бунарџик. Ова го потврдуваат од Дирекцијата за слободни економски зони, од каде велат дека минатата недела била донесена одлука за избор на Енерго Систем, како најповолен понудувач за внатрешниот гасовод, врз основа на тендерската постапка. Извор:Тотал Крсте Миладинов нов извршен директор на Га-Ма Крсте Миладинов е новиот извршен директор на АД Га-Ма. Миладинов ќе го претставува капиталот на државата во компанијата. Новиот извршен директор доаѓа на оваа позиција на местото на Владо Петровски кои не беше прифатен од АД Макпетрол кој поседува 50% во компанијата. Освен Миладинов, нови членови на Управниот одбор се Горан Бошков и Џеваир Арифи. Извор:Тотал Новости од другите земји

Во посета на Рударски Институт - Енергетика

Генералниот директор на оваа компанија оствари посета во РИ Енергетика, каде што се анализираше можноста за соработка во делот на контрола на мерната опрема која што треба да се користи во домаќинствата.

Индустријата предлага отфрлање на светилките со зажарено влакно Водечките европски производители на светилки објавија дека до 2015 г. конвенционалните светилки со зажарено влакно ќе бидат исфрлени од продажба. Овој предлог доаѓа како последица на визијата на ЕУ за минимални стандарди за енергетска ефикасност во домашното осветлување. Извор:ЕЦЕЕЕ

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте не на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3099 216 и 3099 432, факс 02 3099 298, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk


ИНФОМАЦЕФ 51

Страна 4

ЕВН ги сели инвестициите од Македонија во Албанија ЕВН ќе инвестира над една милијарда евра во Албанија. Компанијата најверојатно ќе ја добие под концесија реката Девол каде ќе инвестира над 700 милиони евра во изградба на три хидорцентрали со инсталирана моќност од 400 MW. Според најавите, системот на хидроцентрали ќе се гради со тунел кој ќе ги поврзува хидроцентралите. Одлуката за изградба на хидроцентрали во Албанија на оваа река ја донел Националниот совет за води, на иницијатива на ЕВН. Неофицијално, ЕВН не била задоволна од понудените услови во Македонија и сите идни инвестиции ги насочува кон Албанија и Косово. Извор:Тотал ЕМС го најави далноводот Ниш-Скопје до крајот на 2007 Електромрежата на Србија го крајот на годината ќе почне со изградбата на меѓународниот далновод Ниш-Скопје. Првата дестинација на далноводот ќе биде изградена од Ниш до Лесковац, најавува директорот на Електромрежа Србија, Драган Вигњевиќ на прославата на 49 години од постоењето на компанијата. Извор:Тотал Бугарија ќе се вклучи во проектот за гасоводот „Јужен поток“ Претставниците на руската компанија „Газпром“ и на италијанската компанија ЕНИ потпишаа договор за реализација на проектот „Јужен поток“. Овој проект опфаќа систем од нови гасоводи, кои ќе ја поврзат Русија со Европа преку дното на Црното Море, а дел од неговата траса ќе поминува низ Бугарија. На самитот во Загреб потпретседателот на руската комапнија „Газпром“ Александар Медведев соопшти, дека не е исклучена можноста во проектот да се вклучат и други учесници. Petrom ќе гради централа на гас вредна 500 милиони евра Романската нафтена компанија Petrom ќе стане и производител на електрична енергија со изградба на електроцентрала од 860 мегавати на гас во која ќе бидат вложени околу 500 милиони евра. Околу 20% од струјата добиена во новата централа ќе се користи за потребите на Petrom, а преостанатиот дел ќе биде продаван во романскиот национален електроенергетски систем. Изградбата на гасната електрана ќе почне во наредната година, а таа би требало да проработи со полн капацитет до крајот на 2010 година. Извор:Тотал ЕУ земјите го одбија разделувањето на енергетските компании Мнозинството од земјите членки на ЕУ гласаа против плановите на Брисел за одделување на производствените капацитети од дистрибутивната мрежа, на кои се спротивставуваа Германија и Франција. Министрите за енергетика ги одбија плановите и предлогот го вратија до иницијативниот одбор за доработка во септември. Извор:Еурактив Митсибуши Електрик разви силиконска соларна ќелија со фактор на конверзија од 18% Корпорацијата Митцибуши Електрик објавија дека постигнаа „светски рекорд“ во фотоелектрична конверзија од 18% на 150 mm2 со употреба на мулти-кристална силиконска соларна ќелија. Напредокот во однос на претходните модели е за 1,2% Извор:Renewable Energy Access ОН укажува на глобалниот енергетски бум за обновливи извори на енергија Извештајот на Програмата за животна средина на ОН открива зголемување на инвестициите во секторот за одржлива енергија за 43% во периодот помеѓу 2005 и 2006 година, и го следи истиот раст и во 2007 година. Извештајот наведува дека енергетски бум на обновливи извори на енергија се должи на фактори како што се климатските промени, зголемената потреба за енергија, постојано високата цена на нафтата, како и иницијативите за употреба на чиста енергија кои условуваат инвести-

ции и креираат стабилна средина за постојано растење на секторот. Извор:Еурактив ЕУ договори нова стратегија за енергија за транспорт Министрите на земјите членки на ЕУ поставија цели за подобрување на енергетската ефикасност и еколошките параметри во сите видови на транспорт. Стратегијата е создадена да обезбеди „енергија за транспортот која ќе биде долгорочно сигурна, одржлива и достапна, како и сеопфатна од еколошки аспект“ Извор:ЕЦЕЕЕ Енергетскиот сектор претпазлив со складирање на СО2 Геолошкото складирање на СО2 е дел од широките напори за постигнување СО2-неутрално производство на електрична енергија. Ќе биде поддржано од производителите на електрична енергија само доколку се покаже како „комерцијално остварливо“, и ги поттикнува законодавците од ЕУ процесот да го вклучат во процесот на тргување со кредити за емисија на СО2. Извор:Еурактив Корисни web-адреси http://www.newenergyfinance.com/ http://www.viaexpo.com/ http://www.total.com.mk/ http://www.create.org.uk/ http://www.euractiv.com/ http://www.ase.org/ http://www.display-campaign.org/ http://www.energie-cites.org/ http://www.erc.org.mk Манифестации RENEXPO® 2007 Од 27 до 30 септември 2007 година, Аугсбург, Германија. RENEXPO® 2007 саем за меѓународна трговија и конференција за обновлива енергија. Секоја година посетители од целиот свет се собираат на овој настан во центарот за обновлива енергија, Бавариан. Во 2006 година изложуваа преку 300 излагачи, 1400 учесници на конференции и 12000 посетители (од кои 62% беа трговски посетители). www.renexpo.com Зголемување на употребата на алтернативните извори 19-20 Ноември, Лондон www.chathamhouse.org.uk/renewables Најава на Конференција за нафта и гас во организација на АСМЕ Индија 15-18 Октомври 2007, Њу Делхи Конференцијата за нафта и гас ќе ги собере заедно инженерите, директорите и владините претставници за да разговараат за прашања околу технологијата, стандардите и економските можности за пазарот на нафта и гас во Индија. www.asmeconferences.org/PipelineIndia07 Трета годишна конференција за европска енергетска политика 9-ти Октомври 2007 3rd Annual European Energy Policy Conference 2007 Децентрализиран европски енергетски пазар http://www.decx-europe.com/Default.aspx?page=1219 Интернационална конференција „Обновливата енергија во ЕУ до 2020 година. Шансите и проблемите на новите земји-членки“ 10-11 Октомври, Варшава Центар за енергетска ефикасност на Македонија Уредник: Проф. Д-р Константин Димитров Редакција: Македонка Димитрова, Петрушевски Plastic Solar Cell Efficiency Hits 6% Игор in U.S. Lab Никола Парапунов 1000 Скопје Winston-Salem, North3а/52, Carolina [RenewableEnergyAccess.com] Тел.:plastic +389 2 3099 216; 013 a reality Cheap solar cells areФакс: now +389 closer2to3061 becoming e-mail: macef@macef.org.mk

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте не на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3099 216 и 3099 432, факс 02 3099 298, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk

51 infomacef  
Advertisement