Page 1

Број 50

ЦЕНТАР ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ НА МАКЕДОНИЈА

Maj 2007

МАЦЕФ МАЦЕФ промовира енергетска ефикасност и почиста животна средина

Õ Õ Õ Õ Õ Õ

Во овој број: Од уредникот Центар за енергетска ефикасност на Македонија МАЦЕФ Новости од Македонија Новости од другите земји Корисни web-адреси Манифестации

OД УРЕДНИКОТ Почитувани колешки и колеги, членови на МАЦЕФ! Нашата желба овој број како мал јубилеј на континуирано излегување, го задоцни! Се надеваме дека нема тоа да ни биде премногу забележано! А ова беше предизвикано од многуте активности кои се наталожија за реализација во кус временски период. Но активностите во енергетиката продолжуваат, а сите во нашата држава чувствуваме дека кон енергетиката се пристапува многу сериозно. Младите машински инженери од областа на термоенергетиката и термотехниката и насоката ЕМИ, кои сеуште не се вработени, ги покануваме во нашите простории за разговор за евентуално работно ангажирање во летниот период. Постои реална можност некој од кандидатите да го продолжи договорот и на подолго време. Ова се однесува и на апсолвентите! 9 мај – Доделени награди на најдобрите бизнис програми од младите претприемачи на денот на претприемачите на Европа 9 мај симпозиум ЗЕМАК – јаглените во Македонија МАНУ – воркшоп за соларна енергија со програмот финасиран од АДА 12 мај - Состанок во ПРАГА на БИСЕ секретаријат. Се равива нов проект во кој постои можност да се вклучат и земјите од групацијата “Западен Балкан“ 16 мај - Работилница во Стопанска Комора – законската регулатива и енергетиката 17 мај - Средба со директорите на основните училишта од општината Гази Баба 21 мај - Промоција на почетокот на функционирење на Здружението за соларна енергија Од следниот број читајте повеќе за работата и ингеренциите на Агенциите за енергетика од соседните земји и земјите на ЕУ со кои што МАЦЕФ соработува. Наша желба е да пренесеме поголем број информации од областа на енергетиката и енергетската ефикасност, иако летото започна со очекуваните температури. Нашите информации може да претставуваат и освежување за редовните читатели. Очекуваме информации и реакции од Вас, поздрав

Проф. Д-р Константин Димитров

ЦЕНТАР ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ НА МАКЕДОНИЈА МАЦЕФ

МАЦЕФ е доброволно научно здружение, основано да делува во рамките на Република Македонија и надвор од неа. МАЦЕФ е член на меѓународната мрежа за енергетска ефикасност RENEUER (Regional Network on Efficient Use of Resources). МАЦЕФ e член на Асоцијацита на Консултантски организации, нудејќи професионални експертски услуги од својот делокруг на работа, во земјата и надвор од неа. МАЦЕФ е дел од мрежата managenergy формирана од страна на European commission DG Energy and Transport www.managenergy.net . МАЦЕФ е член на БИСЕ Форумот.

Активности на МАЦЕФ Состанок на БИСЕ Форум секретаријатот во Прага На 12 мај се одржа состанок на секретаријатот на БИСЕ Форумот. Заради проблемите со добивање на виза, претставникот на МАЦЕФ беше спречен да присуствува, но извештајот и дискусијата која беше испратена во писмена форма, беа целосно прифатени и вродија со плод. Основниот предлог се однесува на обврската која треба да ја превземат земјите на ЕУ во секоја своја апликација пред ЕУ Фондовите, кои се недостапни за земјите од Западниот Балкан, да вклучат по една земја како партнер. Предвидено е да се приготви голем проект, а можната прва средба веројатно ќе се одржи во јули во Грција.

The BISE National Coordinators’ Meeting take place in Prague on the 11th of May 2007. The objectives of the meeting are the debriefing of the 3rd BISE Forum which took place in October 2006 in Riga (LV) and the preparation of the 4th BISE Forum which will take place in Krakow (PL) on 2425-26 October 2007. One of the main topics of this meeting is the discussion of the future of the BISE process. The outcome of the meeting is expected to provide a new vision of BISE at national and European levels and a package of measures, actions and strategies to achieve this vision. Furthermore, this vision should give birth to a new dynamics both at national and European levels.

Докторираше Братица Темелкоска Со големо задоволство сакаме да ја информираме стручната јавност дека Г-ѓа М-р Братица Темелковска, редовно вработена во РЕК Осломеј Кичево, докторираше на 10 мај, во ИЗИС. Посебно го цениме напорот на истражувачите кои вложуваат голем дел од својот личен живот за своето усовршување, посебно кога тоа се одвива во рамките на работна организација, каде што истражувачката работа не е императив. Нашите искрени честитки до Д-р Б. Темелкоска и очекуваме при првото нејзино патување во Скопје да не’ посети. Стопанска Комора – Законска регулатива во област на енергетиката На 16 мај во Стопанската комора на Македонија, беше реализирана работилница организирана од МАЦЕФ, Групацијата ПГЛВ и Стопанската комора. Основна тема која се обработи беше поделена во два дела – Законска регулатива од областа на енергетиката и енергетската ефикасност, презентирана од претседателот на ПГЛВ Г-дин Јордан Војнески и делот за обврските на локалната самоуправа во енергетиката и енергетската ефикасност поврзани со законите за енергетика,

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте не на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3099 216 и 3099 432, факс 02 3099 298, e-mail: macef@mf.edu.mk www.macef.org.mk


ИНФОМАЦЕФ 50

Страна 2

локална самоуправа, законот за градба и законот за животна средина, презентирани од проф. д-р Консатнтин Димитров.

Поздрав од претседателот на Стопанската комора Оваа работилница топло и вдахновено беше поздравена од претседателот на Стопанската комора на Македонија, г-динот Азески.

Заинтересираните колеги кои сакаат да станат активни членови на МАЦЕФ, треба да се јават на нашата адреса, за да ги добијат потребните формулари за зачленување. Колегите со поголемо искуство и резултати во оваа област, со желба да бидат внесени во меѓународниот регистер на експерти, ги замолуваме да контактираат со нас, за да им го доставиме потребниот формулар. Тоа не значи и обврска да се биде член на МАЦЕФ.

Македонска Општинска Мрежа за Енергетска Ефикасност Сегашни членови на МОМЕЕ се општините: Сарај, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Центар, Гази Баба и Кичево. Во најскоро време очекуваме кон неа да се приклучат и работни организации и Институции кои се вклучени во програмите поврзани со енергетската ефикасност.

Годишна членарина:

На оваа работилница присуствуваа над 90 учесници, кои придонесоа со својата дискусија да се побара од Централната власт побрзо донесување на подзаконските акти во овие сфери. Средба со АЛПЛАН После средбата која што беше реализирана во Австрија со консултантската куќа – АЛПЛАН, се одржа и возвратна средба во просториите на МАЦЕФ, со дефинирање на заедничките насоки за дејствување.

24 000 денари

Скенирање на состојба во ОУ Браќа Миладиновци Стручен тим на МАЦЕФ реализираше скенирање на состојбата во ОУ Браќа Миладиновци во Миладиновци, општина Илинден. Врз основа на увидот, направена е програма за мерки кои треба да се превземат за да се подобри состојбата во однос на мерките за смалување на потрошувачка на гориво и загадување на околината. При тоа се користеше софтверот Key Number, од сертифицираните енергетски контролори.

Средба со ЈЕ- JENBAHER Во согласност со долгорочната програма за соработка, претставникот на оваа компанија ги презентираше најновите програми кои се од посебен интерес за Македонија. Тоа се однесува пред се на можнаста за когенерација и тригенерација и примена на биомасата за производство на енергија, преку нејзина гасификација. Веќе се работи на избор на подесна локација за аплиакција на вакви постројки. Подготовка за мали ГЕФ проекти Во тек е подготовка на апликација за конкурирање на малите ГЕФ проекти, во соработка со општината Кочани

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте не на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3099 216 и 3099 432, факс 02 3099 298, e-mail: macef@mf.ukim.edu.mk www.macef.org.mk


ИНФОМАЦЕФ 50

Страна 3

Состанок со директорите на основните училишта на општина Гази Баба На средбата со директорите на основните училишта од општината Гази Баба, беа дадени основните насоки за успешна подготовка на апликациите за конкурирање на конкурсите кои се распишуваат во рамките на ПЕП проектот. При тоа посебно внимание се посвети на карактеристиките на потребната техничка документација за примена на мерки за енергетска ефикасност. Активности во рамките на ПЕП проектот Во рамките на реализацијата на обврските на МАЦЕФ кон ПЕП проектот беше реализирана посета на основните училишта Исмаил Ќемали во село Нераште, општина Теарце, и Гоце Делчев во општина Василево. Во соработка со одговорните лица и проектантите се усогласија елементите за финансирање на инсталациите за зголемена енергетска ефикасност

РЕГИОНАЛНА МРЕЖА ЗА ЕФИКАСНО КОРИСТЕЊЕ НА ЕНЕРГИЈАТА И ВОДАТА

RENEUER (www.reneuer.com)

RENEUER е формирана по иницијатива на претставници на владите, невладините организации и претпријатијата од 8 земји и тоа Албанија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Србија и Црна Гора, Македонија, Молдавија, Романија и Хрватска. Основната задача на оваа мрежа е да се ангажира за решавање на проблемите за ефикасна употреба на енергијата и водата во земјите од Југоисточна Европа. RENEUER ги дефинира основните определби во областа на ефикасното користење на енергијата и водата преку анализа на проблемите со кои се среќаваат земјите од Југоисточна Европа и можностите за нивно решавање.

teking@mt.net.mk Новости од Македонија

9 мај – ден на претприемачите на Европа

Законот за енергетика ќе се менува за да може ЕЛЕМ да продава електрична енергија Од септември Електрани на Македонија (ЕЛЕМ) треба да добие лиценца за тргување со електрична енергија, со што ќе може да ја продава слободно на пазарот. Министерката за економија Вера Рафајловска потврдуива дека се работи на измените за што е формирана работна група во Министертвото за економија. Според Рафајловска до септември измените на Законот ќе бидат готови по што ЕЛЕМ ќе може да продава вишоци слободно на пазарот. http://www.total.com.mk/ShowNewsAdv.aspx?ItemID=7109&mid= 303&tabId=1&tabindex=0 Екодизел Владата на Република Македонија донесе правилник со кој се стимулира производството, трговијата и користењето на биодизел горива. За таа цел таа ги обврза постојните производители и трговци со деривати до 30 септември да ги испразнат резервоарите од дизел гориво, а до 31 декември и со Д-3 горивата. http://www.total.com.mk/ShowNewsAdv.aspx?ItemID=7103&mid= 303&tabId=1&tabindex=1 Македонија ќе увезе 132 милиони киловат часови струја од Србија Електростопанство на Србија (ЕПС) на први мај почна да извезува електрична енергија во Македонија, каде во текот на овој и на наредниот месец ќе бидат испорачани околу 132,5 милиони киловат часови струја. Во мај ќе бидат извезени 34 милиони, а во јуни 98,5 милиони киловат часови струја со тоа што, во зависност од македонските потреби, оваа количина би можела да се намали или зголеми за 20%. http://www.total.com.mk/ShowNewsAdv.aspx?ItemID=7075&mid= 303&tabId=1&tabindex=2 Електричната енергија добиена од ветер Производителите на енергија од ветер добија повластена тарифа во следните 20 години. Тоа значи дека Македонскиот електропреносен систем оператор (МЕПСО) ќе ја откупува енергијата добиена од ветер по повисока цена од струјата добиена на конвенционален начин. Ова е предвидено со Правлиникот за тарифирање на енергија добиена од ветер што го објави Регулаторната комисија за енергетика http://www.total.com.mk/ShowNewsAdv.aspx?ItemID=7157&mid= 303&tabId=1&tabindex=4 Новости од другите земји Интелегентна енергија во Европа: одобрен проектот „МОДЕЛ“ ! Предлог проектот кој Energie-Cités, EnEffect и 8 национални БИСЕ партнери го поднесоа на последниот повик од ИЕЕ успешно беше оценет и прифатен во преговарачката фаза . Проектот МОДЕЛ ќе им помогне на најмалку 20 до 30 локални власти од 8 земји членки на БИСЕ, кои ќе станат модел за граѓаните и да ги подобри нивните капацитети за подобро решавање на енергетските проблеми на индивидуално (општини) и колективно (национални мрежи) ниво.

Оваа манифестација со пригодни зборови ја поздравија подпретседателот на владата на Македонија Г-дин Ставрески, градоначалникот на Скопје Г-дин Костовски и претставникот на ЕУ Г-дин Фуере. На овој ден беа доделени награди на најдобрите бизнис програми од младите претприемачи кои беа обучувани во рамките на програмата на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј“ организирана на Машинскиот факултет.

Распишан тендер за стратешки инвеститор во бугарската нуклеарна централа Белене Бугарското Електростопанство (НЕК) распиша тендер за избор на стратешки инвеститор во изградбата на нуклеарната централа Белене која ќе има капацитет од 2.000 мегавати. НЕК ќе биде сопственик на 51% од новата компанија која ќе управува со Белене. Потенцијалните инвеститори треба да се изјаснат колкав максимален удел би сакале да имаат во новата компанија и дали се заинтересирани за учество во

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте не на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3099 216 и 3099 432, факс 02 3099 298, e-mail: macef@mf.ukim.edu.mk www.macef.org.mk


ИНФОМАЦЕФ 50

Страна 4

оперирањето и одржувањето на централата, како и во купувањето на електричната енергија произведена во неа. http://www.total.com.mk/ShowNewsAdv.aspx?ItemID=6906&mid= 303&tabId=1&tabindex=0

на вкупно 20% до 2020, се вели во извештајот на консултантската група Екофис. http://www.pointcarbon.com/Home/News/All%20news/Kyoto%20I nternational/International%20negotiations/article22497-883.html

EAЕВ: Во Европа до 2020 година се придвидува производство на 180 GW енергијата од ветeрот До 2020 година во Европа 16% од вкупната електрична енергија ќе биде произведена од енергија на ветер. Оваа порака беше пренесена на отворањето на европската конференција за енергија на ветерот одржана во Милано, Италија. Притоа беа презентирани податоци кои покажуваат дека скоро една третина од новиот производен капацитет инсталиран во Европа од 2002 до 2006 г. бил од енергија на ветрот. Артурос Зервос, претседател на европската асоцијација за енергија на ветерот, забележа дека пресуден фактор за овој напредок е проширувањето на пазарот надвор од Германија, Шпанија и Данска. http://www.renewableenergyaccess.com/rea/news/story?id=48410

Корисни web-адреси http://www.newenergyfinance.com/ http://www.viaexpo.com/ http://www.total.com.mk/ http://www.create.org.uk/ http://www.euractiv.com/ http://www.ase.org/ http://www.display-campaign.org/ http://www.energie-cites.org/ http://www.erc.org.mk Манифестации

IPCC: Повеќе енергија од обновливи извори По добиените драстични последици како резултат од промената на климата во последните два извештаи, реализирани од IPCC според нивната конечна проценка се покажува дека тргувањето со обврзници за емисија на CO2, енергетската ефикасност и брзиот развој на обновливата енергија се потребни за борба со проблемот на загадувањето на околината во светски рамки. Преговорите за нов договор за глобалната климатска промена мора да бидат промовирани на следната конференција на министри на ОН во декември. http://www.renewableenergyaccess.com/rea/news/story?id=48391 Европскиот парламент бара повеќе ангажман во нуклеарната политика На 10-ти мај министрите на европскиот парламент со големо мнозинство го изгласаа „Еуратом“ договорот и проширување на нуклеарната енергетска политика. Комисијата е согласна со парламентот околу забавеноста на Еуратом, неговата ограниченост и фактот што не и овозможува на ЕУ компетенции во неколку клучни области: безбедност при работа на нуклеарните централи и справување со радиоактивниот отпад. http://www.euractiv.com/en/energy/parliament-wants-powernuclear-policy/article-163719 Ефикасноста на соларните панели е во подем Зголемена инвестиција на сите соларни работи изгледа дека конечно ќе биде исплатлив технолошки излез кој ветува правење на поефтини и поефикасни апарати. Предноста може да се види во цената на инсталирани соларни системи за просечна куќа која опаѓа од 20,000$ на 15,000$. До 45% од цената на соларните ќелии е последица на високата цена на силиконот користен за претварање на сончевата во електрична енергија. http://www.carbonfree.co.uk/cf/news/wk19-07-0001.htm Системот на енергетско етикетирање Системот на енергетско етикетирање во ЕУ за домашни апарати мора да биде подобро водена. Базиран на истражувањата во 9 земји членки, извештајот ги потенцира значајните недостатоци во А до Г рејтинг шемата, како нерегуларни инспекции во продавниците за продажба на мало и “сиромашна или погрешна” примена на етикети. Независна верификација на индустриските барања е повеќе исклучок отколку правило. http://www.eceee.org/news/news_2007/2007-05-29d/ Земјите од Г8 можат да ја зголемат енергетската ефикасност за 20% Осумте најголеми индустриски земји, заедно со петте водечки земји во развој можат да ја зголемат енергетската ефикасност

Pan European Sustainable Growth Conference 2007: ‘Using Corporate Sustainability Strategies to integrate its principles into business’ 20th, 21st & 22nd June 2007, The Corinthia Towers Hotel Prague, Czech RepublicHosted by BME GLOBAL At the conference you will deepen your understanding on how the sustainability approach can improve your organisation’s overall performance and you will learn how to apply sustainable development strategies to your company. It aims to explore the different approaches organisations use, in order to apply their sustainability strategies to help raise shareholder value, gain competitive advantage and achieve sustainable growth. REEEP members -preferred rates at a 10% discount. Трета IASME/WSEAS Интернационална Конференција на ЕНЕРГИЈА, ЖИВОТНА СРЕДИНА, ЕКО СИСТЕМИ И ПОДДРШКА НА РАЗВОЈОТ (EEESD‘07) Агиос Николаос, Крит, Грција, јули 24-26 http://www.wseas.org/conferences/2007/greece/eeesd/index.html Енергија во регионалниот развој – Учење од Најдобра Европска Вежба, 29 јуни 2007, Англија Конференцијата ќе предвиди докази од некои од најинспирирачките Европски региони кои имаат имплементирано многу успешни програми за оддржлива енергија за поддршка на локалната економија lindsay@csep.co.uk RENEXPO® 2007 Од 27 до 30 септември 2007 година, Аугсбург, Германија. RENEXPO® 2007 саем за меѓународна трговија и конференција за обновлива енергија. Секоја година посетители од целиот свет се собираат на овој настан во центарот за обновлива енергија, Бавариан. Во 2006 година изложуваа преку 300 излагачи, 1400 учесници на конференции и 12000 посетители (од кои 62% беа трговски посетители) кои доаѓаат заедно во Аугсбург – многу добра најава за 2007 година! www.renexpo.com

Центар за енергетска ефикасност на Македонија Уредник: Проф. Д-р Константин Димитров Редакција: Македонка Димитрова, Игор Петрушевски Plastic Solar Cell Efficiency Hits 6% in U.S. Lab Никола Парапунов 3а/52, 1000 Скопје Winston-Salem, North Carolina [RenewableEnergyAccess.com] Тел.: +389 2 3099 216; Факс: +389 2 3061 013 Cheap plastic solar cells are now closer to becoming a reality e-mail: macef@mf.edu.mk

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте не на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3099 216 и 3099 432, факс 02 3099 298, e-mail: macef@mf.ukim.edu.mk www.macef.org.mk

50 infomacef  
Read more
Read more
Similar to
Popular now
Just for you