Page 1

ЦЕНТАР ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ НА МАКЕДОНИЈА

Број 4

Јули 2003

МАЦЕФ МАЦЕФ промовира енергетска ефикасност и почиста животна средина

Во овој број: Од уредникот Центар за енергетска ефикасност на Македонија МАЦЕФ Регионална мрежа за ефикасно користење на енергијата и водата RENEUER Алијанса за штедење на енергија ASE Новости од Македонија Новости од другите земји Корисни web-адреси Манифестации OД УРЕДНИКОТ Почитувани членови на МАЦЕФ и читатели кои сакаат да се информираат повеќе за проблематиката на енергетската ефикасност и манифестациите кои се случуваат во земјата и околу неа. Секој месец е исполнет со нови манифестации, кои е невозможно да се следат во континуитет. Се обидуваме, со нашите скромни можности да Ве информираме за тие кои сметаме дека ќе го побудат Вашиот интерес, или барем нас не заинтересирале. Потребно е да одбележиме два настана: Формирањето на 5 члената Регулаторна комисија, • која ги превзема ингеренциите кои ги имаше Министерството за Економија во областа на енергетиката, во согласност со Законот за енергетика и уредбата за формирање на Комисијата; Одбаната на докторската дисертација на Д-р • Ѓорѓи Качурков, член на МАЦЕФ, со наслов Оптимирање на суви ладилни кули за индиректно ладење на циркулационата вода во термоцентралите. На крајот сакам да Ви го честитам големиот празник на Македонскиот народ Илинден, со желба секој да го прослави на свој но достоинствен начин. Проф. Д-р Константин Димитров

ЦЕНТАР ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ НА МАКЕДОНИЈА МАЦЕФ МАЦЕФ е доброволно научно здружение, основано да делува во рамките на Република Македонија и надвор од неа.

МАЦЕФ е член на меѓународната мрежа за енергетска ефикасност RENEUER (Regional Network on Efficient Use of Resources). МАЦЕФ има поддршка и тесно соработува со ALLIANCE TO SAVE ENERGY фондација формирана од Сенатот на САД и делумно финансиски поддржана од USAID. МАЦЕФ e член на Асоцијацита на Консултантски организации, нудејќи професионални експертски услуги од својот делокруг на работа, во земјата и надвор од неа. МАЦЕФ има цел да ги опфати кадрите кои дејствуваат во доменот на енергетската ефикасност и рационалното користење на ресурсите и да ги здружи врз дисциплинарна, интердисциплинарна и мултидисциплинарна кооперативна работа, размена на идеи од науката, за доброто на земјата и човештвото. ЕНЕРГЕТСКАТА ЕФИКАСНОСТ значи рационално користење на енергијата, што не значи да се откажеме од некои потреби, но да ги задоволуваме истите со минимална можна потрошувачка.

Во соработка со Alliance to Save Energy и ЗЕЛС, МАЦЕФ подготви материјал за одржување на 4 тренинг курсеви за потребите на локалната самоуправа, Енергетска ефикасност и трошоци на општините. На секој од овие курсеви се планира учество на претставници од 6-7 општини.

Заинтересираните колеги кои сакаат да станат активни членови на МАЦЕФ, треба да се јават на нашата адреса , после што ќе ги добијат потребните формулари за зачленување. Колегите се поголемо искуство и резултати во оваа област, со желба да бидат внесени во меѓународниот регистер на експерти, ги замолуваме да контактираат со нас, за да им го доставиме потребниот формулар. Тоа не значи и обврска да се биде член на МАЦЕФ. РЕГИОНАЛНА МРЕЖА ЗА ЕФИКАСНО КОРИСТЕЊЕ НА ЕНЕРГИЈАТА И ВОДАТА

RENEUER (www.reneuer.com)

RENEUER е формиран од страна на 8 земји и тоа Албанија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Србија и Црна Гора, Македонија, Молдавија, Романија и Хрватска. Основната цел на оваа мрежа е да ги обедини активностите за постигнување на ефикасно користење на енергијата и ресурсите на вода во Југоисточна Европа. Таа ги промовира и поттикнува мерките за дефинирање на современи и рационални решенија преку конкретни проекти, обезбедување на финансиска поддршка, користење на искуства и поефикасно користење на енергетските и водните ресурси.

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте не’ на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 399216, факс 02 361 013, e-mail: macef@ereb1.mf.ukim.edu.mk


ИНФОМАЦЕФ

Страна 2 АЛИЈАНСА ЗА ШТЕДЕЊЕ НА ЕНЕРГИЈА ASE (www.ase.org)

Алијансата за штедење на енергија има за мисија да ја промовира енергетската ефикасност ширум светот, со цел да се постигне здрава економија, почиста околина и енергетска сигурност. Таа е непрофитна коалиција на лидери од бизнисот, државната управа, екологијата и потрошувачите. Алиансата ја поддржува енергетската ефикасност како најефтин енергетски ресурс при постоечките пазарни услови и советува да се применат енергетски политики кои ги намалуваат цените за потрошувачите и општеството, како и емисијата на штетни гасови кои имаат влијание на глобалните климатски услови.

На 29.05.2003 година почна со реализација првата фаза од полнењето на акумулационото езеро на ХЕЦ”Козјак”. Во март 2004 година се очекува да почне со работа првиот агрегат на хидроелектраната, а во септември 2004 година да се активира и вториот, со што ЕЕС ќе се зголеми со нови 160 милиони kWh. Во септември 2004 година ќе почне изградбата на последната од трите каскадни хидроелектрани ХЕЦ”Матка – 2”. Се очекува овој систем на три хидроелектрани да произведува околу 250 милиони kWh електрична енергија годишно.

teking@mt.net.mk

Новости од Македонија На 11 јули М-р Ѓорѓи Качурков, на Машинскиот факултет со успех ја одбрани својата докторска дисертација со наслов

Оптимирање на суви ладилни кули за индиректно ладење на циркулационата вода во термоцентралите. Д-р Качурков е вработен во Рударски Институт- Енергетика, кој е првиот приватен научен институт во Македонија. Препознатлив е во рамките на земјата и надвор од неа како успешен енергетичар, со бројни трудови и реализирани проекти. Обработуваната тема е од посебен интерес за нашето општество и се надеваме дека многу брзо ќе има и успешна реализација, можеби веќе при градбата на првата бинарна

когенеративна постројка во Македонија. Тој е истакнат член на МАЦЕФ со чл. книшка бр. 14! Му посакуваме на колегата Д-р Ѓорѓи Качурков и понатамошна успешна работа во полето на енергетиката, како и реализација на неговите истражувања. ЧЕСТИТО !

Помеѓу АД “ЕСМ” и фирмите СИМЕНС и НЕКСАНС од Кралството Норвешка е постигнат договор за продолжување на донацијата од Норвешка страна и во 2003 година. Договорени се проекти кои наскоро ќе бидат реализирани, почнувајќи уште од 2002 година. Тие проекти се однесуваат на следното: среднонапонските кондензаторски батерии со ПЦВ да се заменат со еколошки кондензаторски батерии во одредени дистрибутивни подружници; изградба на осум ТС 10/0.4 kV; испорака на 10 kV кабел за електроенергетската мрежа. Реализацијата на овие договарања се очекува да заврши во октомври оваа година. Претпријатијата ДООЕЛ “ФОД” и АД”Металец” од Прилеп со подршка на ЕСМ, предвидуваат реализација на проект за комерцијално производство на сончеви колектори за добивање на топла вода. Со реализирањето на овој проект, се предвидува постигнување на многу важни цели, како што се: замена на скапата електрична енергија со ефтина сончева енергија; заштеда на енергенти; намалување на инвестициите потребни за изградба на нови енергетски постројки; добивање на еколошки чиста енергија, обезбедување на поздрава човекова околина, намалување на потрошувачката на електрична енергија и подобрување на животниот стандард на населението; отворање на нови работни места.

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте не’ на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3099216, факс 02 3061 013, e-mail: macef@ereb1.mf.ukim.edu.mk


ИНФОМАЦЕФ

Страна 3

На 24.7.2003 во просториите на хотелот Холидеј Ин, во организација на Министерствот за животна средина и просторно планирање, се презентираше проектот “Генерален план за исфрлање од употреба на оловните бензини“. Покрај обраќањето на Министерот Гдин Љубомир Јанев, раководителот на програмата ЕАР Г-дин Рајнер Фројнд, Г-дин Методија Димовски – раководител на проектот и Д-р Бербард Ранингер, ГОПА лидер на тимот, свои стручни презентации имаа Г-ѓа Славјанка П. Андонова, РЕЦ, Г-дин Борис Рикаловски, Проф. Д-р Миле Димитровски (член на МАЦЕФ), Г-дин Јернеј Стритих, Др. Михаил Кочубовски, РЗЗЗ и др.

индустрилизираните земји за околу 2%, во периодот 2008-2012 година. Извештајот на Exxon Mobil е во соработка со светскиот извештај за енергетика на Меѓународната енергетска агенција. Според Агенцијата, светот во 2030 година ќе консумира 2/3 повеќе енергија, а 90% од тоа ќе бидат нафта и природен гас. Исто така предвидува дека годишната проценка на емисиите на CO2 ќе пораснат за 70% до 2030 година. ASE, локалниот партнер во Босна и Херцеговина, како дел од програмата на MUNEE (Municipal Network for Energy Efficiency), неодамна ја заврши обуката на службени лица од локалната самоуправа за правилно управување со водата. За време на обуката се користела современа опрема за детекција на дефектите во водоводната мрежа. Според првичните проценки на Алијансата за штедење на енергија, со навременото откривање на дефектите, како резултат на обуката во 12 градови во Босна и Херцеговина, ќе се заштедат околу 3 милиони kWh, а исто така ќе се постигне и заштеда од околу 1,9 x 109 литри вода годишно.

Новости од другите земји Според новиот извештај на UNFCCC се потврдува дека во развиените земји, каде за време на деведесетите години се стабилизирале емисиите на CO2 и на другите стакленички гасови, во оваа декада тие емисии ќе се зголемат. Врз основа на нацрт-плановите подготвени од самите влади, извештајот предвидува дека комбинираните емисии на стакленичките гасови од Европа, Јапонија, САД и други високо индустријализирани земји ќе се зголемат за 17% од 2000 до 2010 година. http://unfccc.int/press/prel2003/pressrel030603.pdf Француската влада ја одобри националната стратегија оддржлив развој на свечениот состанок на конференцијата оддржлив развој. Според оваа стратегија се предвидува дека 2008 година Франција ќе ги намали емисиите на CO2 за 10% областа на транспортот и системите за греење. http://www.environmentdaily.com/web/point.htm

Користење на опремата за детекција на дефектите во водоводната мрежа

за за до во

Неодамна Алијансата за штедење на енергија (ASE) помогна во основањето на EAECA (East African Energy Conservation Alliance), организација за енергетска ефикасност. Оваа организација е основана по модел на Алијансата за штедење на енергија и Енергетската фондација на Гана. EAECA ќе игра главна улога во промовирањето на енергетската ефикасност во Источна Африка.

Според извештајот на Exxon Mobil, најпознатата светска нафтена компанија, се предвидува дека побарувачката за обновливи извори на енергија до 2020 година ќе изнесува 0.5% од вкупните потреби за енергија. Според податоците од истата компанија, побарувачката на нафта во 2020 година ќе изнесува 37% од вкупните потреби на енергија, чиј износ е за 1% помал од износот во 2000 година, а побарувачката на природен гас во 2020 година се предвидува да изнесува 25%, што е за 4% повеќе од 2000 година. Исто така се предвидува дека вкупните потреби за енергија до 2020 година, ќе пораснат за повеќе од 40%. Потребите од сончева енергија и енергија на ветерот до 2020 година, ќе имаат брз пораст од 12% годишно, меѓутоа заедно ќе изнесуваат помалку од 0.5% од вкупните потреби на енергија. Во извештајот исто така се истакнува дека емисиите на јаглен ќе се искачат на над 3 милијарди тони, помеѓу 2000 и 2020 година. Кјото протоколот, меѓународниот договор за редуцирање на стакленичките емисии, поставува цел за намалување на емисиите од стакленичките гасови во

Во Софија, Бугарија на 4 и 5 Јуни, 2003 година се одржа втората по ред Меѓународна Конференција за енергетска ефикасност и користење на енергетските ресурси. Конференцијата беше организирана од Агенцијата за енергетска ефикасност заедно со Министерот на енергетика и енергетски ресурси. Основната тема на првиот ден на Конференцијата беше енергетската ефикасност – развој, политика и можности за инвестирање. Мотото на вториот ден беше користење на обновливите енергетски ресурси – стратегија, политика и практика. Меѓу учесниците на конференцијата присуствуваа и претставници на Делегацијата на Европската Унија во Бугарија, UNDP, Американската амбасада во Бугарија, Министерството за енергетика и енергетски ресурси, Државната регулаторна комисија за енергетика, Европската банка за реконструкција и развој, Светската банка, Бугарската Академија на науките, инженерските претпријатија кои нудат опрема и услуги за подобрување на енергетската ефикасност, невладини организации итн.

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте не’ на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3099216, факс 02 3061 013, e-mail: macef@ereb1.mf.ukim.edu.mk


ИНФОМАЦЕФ

Страна 4

Корисни web-адреси http://www.eere.energy.gov U.S. Department of Energy–Energy Efficiency and Renewable Energy http://www.bsrec.bg BLACK SEA REGIONAL ENERGY CENTRE http://www.seetec-balkans.org Southeast European Electrical System Technical Support Project

Манифестации 07-08 АВГУСТ, 2003 настан: IEEE IAS 1st Region 10 Technical Workshop, “Safety and Realiability – IEEE Approach” локација: Hong Kong Polytechnic University, Kowloon, Hong Kong Дополнителни информации: Dr. Gilbert K.K. Li Email: Gilbert.KK.Li@polyu.edu.hk web site: http://ias.ieee.org.hk 14-17 АВГУСТ, 2003 настан: 4th International Power Electronics and Motion Control Conference (IPEMC 2003) локација: Xi’an Xi’an Jiaotong University, Xi’an China Дополнителни информации: Zhaoan Wang Telephone: +86 29 2667858 Fax: +86 29 2667858 Email: zawang@mail.xjtu.edu.cn 17-20 АВГУСТ, 2003 ГОДИНА настан: ENERGY 2003 локација: Орландо, Флорида, САД Шеста годишна национална работилница и саем за енергетски менаџмент. На неа ќе учествуваат федерални (сојузни), државни, локални и приватни енергетски менаџери, службени лица за набавка, инженери, архитекти, услужни компании од областа на енергетиката и други субјекти кои се вклучени во областа на енергетскиот менаџмент. На оваа работилница ќе се овозможи претставување на последните стратегии и производи за штедење на енергијата со што ке се претстават подобри начини во работењето на енергетските менаџери. За време на овој настан, на саемот ќе бидат изложени над 130 компании. Дополнителни информации: Email: energy@epponline.com Telephone: 800-395-8574 02-05 СЕПТЕМВРИ, 2003 ГОДИНА настан: Bioenergy 2003 - International Nordic Bioenergy Conference and Exhibition локација: Jyväskylä Finland. Дополнителни информации: Internet: http://www.finbioenergy.fi/bioenergy2003/ 06-10 СЕПТЕМВРИ, 2003 настан: Integrated Global Water локација: Прага, Чешка

Management Conference: Water Availability and Quality to Meet Future Needs in Central and Eastern Europe Конференцијата ќе овозможи меѓународна размена на информации за потребните стратегии и технологии за заштита, подобрување и одржување на водните ресурси во земјите од централна и источна Европа. Дополнителни информации: Tel: (970) 870-8219, Fax: (970) 879-6079 E-mail: awoodis@cmn.net

14-17 СЕПТЕМВРИ, 2003 настан: IEEE Petroleum and Chemical Industry Technical Conference (PCIC 2003) локација: Huston, Texas, USA Дополнителни информации: Joseph K. Armintor Tel: +1 281 364 5303, Fax: +1 281 367 1585 E-mail: jkarmintor@ra.rockwell.com 19-22 СЕПТЕМВРИ, 2003 настан: System Approach to Sustainable Development EcoEfficiency локација: Опатија, Хрватска Дополнителни информации: Tel: (385-1) 484-3556 Fax: (385-1) 459-7260 E-mail: hatz@marie.fkit.hr 20-24 СЕПТЕМВРИ, 2003 настан: CTI Capacity Building Seminar Climate Technology and Energy Efficiency – Challenges and Chances for Climate Technology локација: Evangelische Akademie Tutzing, Germany Дополнителни информации: Tel: +49 341 60 87-248 Fax: +49 341 60 87-210 Internet: www.itut-ev.org

6-10 October, 2003, Sochi, Russia International Geothermal Workshop 9/1, Krasnokazarmennaya Str., Moscow, 111250, Russia (7-095) 918 1561, Fax: (7-095) 918 1560 E-mail: ges@geotherm.ru Internet: www.ges.ru October 13.-14. 2003. Sarajevo А regional expert and business-like conference and exibition Natural Gas Vehicles (NGV) in southeast Europe - Challenge and Opportunity for all

IGT-Research and Development Center of Gas Technology, Sarajevo, Bosnia and Herzegovina, Phone: 00387 33 610 600; Fax: 00387 33 650 593; E-mail: igt@bih.net.ba; www.igt.com.ba Уредник: Проф. Д-р К. Димитров Центар за енергетска ефикасност на Македонија Тех. Секретар. Л. Хаџиевска, дипл.ел.инж. Н. Парапунов 3а/52 1000 Скопје Тел. 02 3099 216, факс: 02 3061 013 e-mail: macef@ereb1.mf.ukim.edu.mk

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте не’ на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3099216, факс 02 3061 013, e-mail: macef@ereb1.mf.ukim.edu.mk

4 infomacef  
Advertisement