Page 1

Број 46

ЦЕНТАР ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ НА МАКЕДОНИЈА

МАЦЕФ

Јануари 2007

МАЦЕФ промовира енергетска ефикасност и почиста животна средина Во овој број:

Õ Õ Õ Õ Õ Õ

Од уредникот Тековни активности Новости од Македонија Новости од другите земји Корисни web-адреси Манифестации

OД УРЕДНИКОТ Почитувани колешки и колеги, членови на МАЦЕФ! Почетокот на оваа 2007 година се одликува со редовните промени во организационата поставеност на МАЦЕФ. Со одлуките на Претседателството извршена е смена на претседателот на претседателството. На местото на досегашниот претседател проф. д-р Константин Димитров, настапува академик проф. д-р Глигор Каневче. Како што беше најавено во претходниот број потврдено е и назначувањето како раководители на секторите екологија и обновливи извори на енергија Проф. д-р К. Димитров ќе ја извршува функцијата претседател на Научниот совет на МАЦЕФ, а продолжува и со уредувањето на Информаторот Започна медуимската промоција на телевизија Канал 5 за примена на алтернативни извори и геотермални топлински пумпи Обуката на претставниците на 4 општини, во рамките на соработката со Норвешката влада продолжува. МАЦЕФ продолжува со бесплатната обуката на претставници на 4 општини членки на МОМЕЕ – Македонската општинска мрежа за енергетсак ефикасност Продолжуваат активностите за вклучување на членовите на МАЦЕФ во работата на меѓународните консултантски компании Далечинската обука се одвива според предвидениот програм. Во јануари предавањата беа насочени кон областа на одржливиот развој и енерегтската ефиаксност Министерствот за Економија ја започнува акцијата за изработка на Стратегија за развој на енергетиката во наредниот период Г-ѓа Елена Грашевска - Шекеринска ни испрати корекција на информацијата објавена во претходниот број ИнфоМАЦЕФ.. Информацијата ја преземена како готова информација пласирана од македонски електронски медиум, а наша грешка е што не ја проверивме дополнително. Благодариме за интервенцијата! Учесниците во подготовката на овој Информатор Ви пожелуваат здрава, спокојна и успешна Нова Година исполнета со среќа и радост

Проф. Д-р Константин Димитров

ЦЕНТАР ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ НА МАКЕДОНИЈА - МАЦЕФ

МАЦЕФ е доброволно научно здружение, основано да делува во рамките на Република Македонија и надвор од неа. МАЦЕФ е член на меѓународната мрежа за енергетска ефикасност RENEUER (Regional Network on Efficient Use of Resources). МАЦЕФ e член на Асоцијацита на Консултантски организации, нудејќи професионални експертски услуги од својот делокруг на работа, во земјата и надвор од неа. МАЦЕФ е дел од мрежата managenergy формирана од страна на European commission DG Energy and Transport www.managenergy.net . МАЦЕФ е член на БИСЕ Форумот.

Активности на МАЦЕФ Претседател на МАЦЕФ – Академик Глигор Каневче На состанокот на Претседателството на МАЦЕФ, едногласно е предложен за претседател во наредниот период членот на претседателството академикот Каневче. Академик проф. д-р Глигор Каневче е редовен професор на Техничкиот факултет во Битола. Претходно бил вработен како водечки истражувач во Институтот за нуклеарни науки Винча во Белград. Автор е на над 150 трудови.Активно учествува во меѓународна соработка со: • National Environmental Research Institute, Department of Atmospheric Environment Roskilde, Denmark • Cambridge Environmental Research Institute, CERC, Cambridge, UK • The University of Texas at Arlington, Department of Mechanical and Aerospace Engineering Arlington, Texas, U.S.A • Federal University of Rio de Janeiro, UFRJ, Dеpartment of Mechanical Engineering, EE/COPPE Rio de Janeiro, RJ, Brazil • University of Erlangen-Nurnberg, Technical Faculty Erlangen, Germany. Под раководството на Академик Каневче, ќе оствариме уште поплодна меѓународна соработка и со промоција на членовите на МАЦЕФ пред меѓународните институции и фондации. Обновливи извори на енергија – Носител на дејност проф. д-р Славе Арменски Со одлука на Претседателството на МАЦЕФ проф. д-р Славе Арменски е назначен за прв ностел на групацијата за обновливи извори на енергија. Проф. д-р Славе Арменски е редовен професор на Машинскиот факултет, при Институтот за термотехника и термоенергетика. Во редовните наставни ангажмани покрај другите е и предметот Обновливи извори на енергија, за кој има објавено и извонреден учебник. Автор е на над 120 стручни и научни трудови и реализирани проекти, и 9 универзитетски учебници и помагала. Добитник е на признание патент на годината на Македонија, златен медал на “Еурека“ во Брисел, и специјални награди на Министерството за транспорт на Белгија и

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте не’ на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3099 216 и 3099 432, факс 02 3099 432, e-mail: macef@mf.edu.mk www.macef.org.mk


ИНФОМАЦЕФ 46

Страна 2

италијанската академија на науките “Ѓ. Маркони“ од Рим. Покрај бројните изборни функции сега е претседател на Друштвото за биомаса, како и член на Државната комисијата за валоризација и акредитација на универзитети и факултети. Со неговата ангажираност оваа пропулзивна гранка ќе добие уште позначајно место во активностите на МАЦЕФ. Екологија – Носител на дејност проф. д-р Миле Димитровски Со одлука на Претседателството на МАЦЕФ проф. д-р Миле Димитровски, како препознатлив долгогодишен експерт во оваа област е назначен за прв ностел на групацијата за екологија. Проф. д-р Миле Димитровски е редовен професор на Машинскиот факултет, при Институтот за термотехника и термоенергетика, раководител на лабораторијата за испитување на квалитетот на горивата и маслата. Автор е на над 140 стручни и научни трудови и реализирани проекти, и поголем број универзитетски учебници, помагала и монографии. Бил носител на повеќе истражувачки проекти од областа на екологијата, посебно во делот на сообраќајот. Активен учесник, носител, на кампањата “Дали знаеш колку си зелен“. Во МАЦЕФ секогаш се посветува големо внимание на проблематиката за заштита на животната средина, како непосредна последица од мерките за енергетска ефикасност. Но неговото ангажирање ќе придонесе за дополнителен продлабочен пристап кон оваа област, посебно во секторот сообраќај. Медиумска промоција на алтернативни извори на енергија на ТВ Канал 5 Телевизија Канал 5 започна циклус од 10 емисии, со основна тематика користење на обновливите извори на енергија со посебен осврт кон геотермалната топлинска пумпа, како можност за смалување на трошоците за енергија во домаќинствата, со смалување на емисијата на штетни материи во околината. МАЦЕФ, со своите членови активно учествува во реализацијата на оваа програма. Емисијата е секоја недела со почеток во 13:30 минути. Може да се поставуваат прашања за да се стимулира дискусија.

Активност за пофалба!

Проектот за обука на 4 општини продолжува Втората фаза од овој проект финасиран од Норвешката влада се одвива во континуитет. Претставницците на тимот од Норевешка, одржаа работна средба со претставниците на општините во тренинг просториите на МАЦЕФ.

Работа со претставниците на општините

Присуството на колегите од Норвешка беше искористено за доработка на софтверот за економска валоризација на проекти за енергетска ефикасност Key Number Softwere, т.е. усогласување со податоци за Македонија.

Заедничка обработка на климатски податоци за Македонија Промоција на активноста на МАЦЕФ Една од битните активности на МАЦЕФ е да ги претстави можностите и референците на членовите на МАЦЕФ на странските консултантски куќи. Во изминатиот период се одржаа посебни состаноци со 2 консултантски куќи од Америка.

Презентација на референците на МАЦЕФ

Веруваме дека МАЦЕФ, со свите членови, ќе се најде на нивната листа, при што ќе ги нудат и нашите можности на светскиот интелектуален пазар. Далечинска обука DESIRE-NET Ги известуваме сите посетители на далечинската обука дека програмата се одвива според календарот кој е најавен на web страната на проектот. Пријавените слушатели ги добиваат информациите континуирано по интернет. Ги известуваме сите заинтересирани дека е можно вклучување во оваа програма во секое време, затоа што предавањата претставуваат посебни целини за себе, а претходните материјали ќе може да се добијат дополнително. Единствено молиме да се најавите претходно. На ваше барање можеме да Ви доставиме листа на одржаните предавања и арспоред на предавањата за следниот месец Фондации за финасирање на активности Заинтересираните колеги кои сакаат да станат активни членови на МАЦЕФ, треба да се јават на нашата адреса, за да ги добијат потребните формулари за зачленување. Колегите со поголемо искуство и резултати во оваа област, со желба да бидат внесени во меѓународниот регистер на експерти, ги замолуваме да контактираат со нас, за да им го доставиме потребниот формулар. Тоа не значи и обврска да се биде член на МАЦЕФ.

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте не’ на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3099 216 и 3099 432, факс 02 3099 432, e-mail: macef@mf.edu.mk www.macef.org.mk


ИНФОМАЦЕФ 46

Страна 3

Македонска Општинска Мрежа за Енергетска Ефикасност Сегашни членови на МОМЕЕ се општините: Сарај, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Центар, Гази Баба и Кичево. Во најскоро време очекуваме кон неа да се приклучат и работни организации и Институции кои се вклучени во програмите поврзани со енергетската ефикасност. Годишна членарина: 24 000 денари Активност на МОМЕЕ - тренинг Во рамките на бесплатната обука на претставниците на 4 општини, кои ги спроведува МАЦЕФ самостојно, обработени се основните енергетски карактеристики на објектите на општините. Поставени се мерни инструменти за определување на состојбата во едно до две училишта во општините Гази Баба, Кичево, Ѓорче Петров и Кисела Вода (членови на МОМЕЕ). Врз основа на добиените резултати ќе се приготват проекти за смалување на потрошувачката на енергија т.ш. ќе бидат подготвени за обезбедување на грантови преку Агенцијата за енергетика и други извори кои се сериозно најавени.

ПОКАНА

Ги покануваме сите општини кои ќе ја видат оваа порака, да се најават за бесплатна обука на нивните претставници. Акциониот план за примена на мерки за енергетска ефикасност се обврска на секоја општина која произлегува од Законот за енергетика. Оваа обука треба да ги оспособи за ефикасна подготовка на потребните материјали.

РЕГИОНАЛНА МРЕЖА ЗА ЕФИКАСНО КОРИСТЕЊЕ НА ЕНЕРГИЈАТА И ВОДАТА

RENEUER (www.reneuer.com)

RENEUER е формирана по иницијатива на претставници на владите, невладините организации и претпријатијата од 8 земји и тоа Албанија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Србија и Црна Гора, Македонија, Молдавија, Романија и Хрватска. Основната задача на оваа мрежа е да се ангажира за решавање на проблемите за ефикасна употреба на енергијата и водата во земјите од Југоисточна Европа. RENEUER ги дефинира основните определби во областа на ефикасното користење на енергијата и водата преку анализа на проблемите со кои се среќаваат земјите од Југоисточна Европа и можностите за нивно решавање. Обнова на сајтот на RENEUER Во моментов се освежува страната на оваа мрежа со информации од заедничката работа. МАЦЕФ е локален центар за Македонија.

teking@mt.net.mk Новости од Македонија

Енергетски биланс на Македонија

Derivat/korisnik

Ostvaruvawe Bilans za 2006 2007 toni

1. Motorni benzini

131 102

137 000

- MB 96

21 400

15 000

- BMB 91

2 647

8 000

- BMB 95

88 090

85 500

- BMB 98

18 965

28 500

2. Dizel gorivo

381 576

402 000

EL

132 350

139 000

D D-E III

207 400 41 826

169 000 94 000

3. TNG - (propan- butan)

40 245

36 600

4. Mazut

261 800

632000

- M1 -M2 5. Mlazno gorivo VKUPNO:

261 800 9 629 824 352

267 000 10 000 1 217 600

Потребата за течни горива во оваа година е поголема за 47 % во однос на претходната. Вкупната количина е од увоз и се плаќа во готово. Две словенечки фирми заинтересирани за ТЕЦ Неготино За термоцентралата „Неготино“ се заинтересирани словенечките компании „Петрол“ и „Холдинг словенски електрани“ (ХСЕ), неодамна објави љубљанскиот весник „Дневник“ . ХСЕ со германската РВЕ учествува и на конкурс за изградба на двете хидроелектрани на Црна Река, „Чебрен“ и „Галиште“. Од ХСЕ потврдуваат дека сакаат да го купат ТЕЦ „Неготино“, а во „Петрол“ изјавуваат дека ќе одлучат дали да дадат понуда откако ќе ги разгледаат условите од тендерската документација. Извор: Дневник Електрична енергија само со банкарска гаранција Големите индустриски комбинати нема да добијат електрична енергија ако не обезбедат банкарска гаранција од реномирана домашна или странска банка. Оваа одлука ја донесе Македонскиот електропреносен систем-оператор, кој склучува договори за испорака на електрична енергија со овие компании. Во МЕПСО сметаат дека банкарските гаранции ќе придонесат за сигурност на електроенергетскиот систем од финансиски аспект, бидејќи ќе обезбедат сигурна наплата на електрична енергија што ја трошат индустриските капацитети. Извор: Дневник Цената на централното греење од Скопје Север се зголеми за 25,71% Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за зголемување на просечната цена на производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија за греење за корисниците на услугите од топланата Скопје Север АД за 25,71 %. Одлуката за поскапување на цената на парното греење ќе се применува од 1 јануари годинава. Со неа наместо досегашните 23,98 денари за квадратен метар грејна површина, потрошувачите ќе плаќаат по 30,15 денари. Извор: Бизнис Портал Тотал

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте не’ на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3099 216 и 3099 432, факс 02 3099 432, e-mail: macef@mf.edu.mk www.macef.org.mk


ИНФОМАЦЕФ 46

Македонија ќе профитира од влезот на Газпром До крајот на јануари Владата ќе го потпише договорт за подмирување на клириншкиот долг со Русија во вредност од 48,5 милиони клириншки долари. Како што е најавено долгот ќе се пребива со изградба на гасоводен прстен околу Скопје, а ќе се гради и гасоводен цевковод кон Тетово, Неготино и Штип. Извор: Бизнис Портал Тотал

Новости од другите земји Презентиран е трендот на користење на примарните енергетски суровини при снабдувањето со енергија во светски рамки. Основен заклучок е дека фосилните горива јаглен, нафта и гас се доминантни, што значи и континуирано зголемено глобално загревање на планетата.

Страна 4

Климатските промени заземаат централно место во Светсткиот Економски Форум Светскиот Економски Форум, кој што е поле за дијалог за глобални прашања на националните лидери и глобални бизниси, е подготвен да започне нов дијалог за климатските промени. Извор: Еуроактив На местото на нуклеарката Козлодуј се гради хидроцентрала Компанијата што ја управуваше бугарската нуклеарна централа Козлодуј соопштува дека почнала да гради хидроцентрала на местото на кое се наоѓаат сега деактивираните реактори на нуклеарката, пренесува бугарскиот весник Дневник. На каналот со кој се доставуваше водата за ладење на реакторите ќе биде поставена електрогенераторска станица со двојна трубина и моќност од пет мегавати. Во станицата ќе бидат инсталирани турбини кои ќе ги испорача чешката компанија Mavel. Извор: Бизнис Портал Тотал ЕУ ќе ги обелодени плановите за енергетска „индустриска револуција“ Во документ кој се очекува да биде презентиран, Комисијата ќе предложи тригодишен план кон заедничка европска енергетска политика, со цел да се постигне намалување од 20 % на емисиите на стакленички гасови до 2020. Извор:Еуроактив Корисни web-адреси

Во следните броеви ќе ги прикажуваме трендовите на потрошувачката на јаглен, гас и нафта.

http://www.iea.org - International Energy Agency http://www.abb.com – ABB group http://www.europarl.eu.int/committees/itre_home.htm - Committees of the European Parliament http://www.ert.net - Environmental Resources Trust, Inc

„Неизбежни“ повисоки цени за енергија, вели Пибалгс Во ексклузивното интервју за Еуроактив, Андри Пибалгс изјави дека новите енергетски и климатски препораки треба да водат кон повисоки цени за потрошувачите. Ваквата политика за плаќање 5% повеќе би спречило нагли поскапувања во иднина. „Ако сега не платиме 5% повеќе, подоцна ќе плаќаме од 20 до 50% повеќе поради нагорниот раст на цената на нафтата“. Многу е јасно дека со сегашната стапка на потрошувачка и резерви, не може да очекуваме цена на нафтата за пет години да остане на 60 долари по барел! Исто важи и за цените за природен гас. Извор: Европска Комисија

Манифестации 3 Меѓународен Конгрес на ЈИЕ 24- 26 Април, Софија, Бугарија ЕЕ и Обновливи извори на енергија под покровителство на Министеррството за Економија и енергетика на Бугарија www.viaexpo.com

Германија треба во најскоро време да го изготви планот за енергетика за ЕУ Главната задача на Германија на поле на енергетика, во привите шест месеци од претседателствувањето со ЕУ, е да приготви „ Акционен план за енергетика“ со цел да биде усвоен на Самитот на ЕУ лидери кој ќе се одржи од 8-9 март. Извор:Еуроактив

12та Годишна Конференција на Energie-Cités 25-27 април, Брашов (Романија). www.energie-cites.org/conference

Публикуван прирачникот за Рамковна конвенција на ОН за климатски промени Прирачникот е сега достапен за јавноста. Тој служи како референтен документ кој што содржи информации за институционалната рамка и тематските аспекти на меѓународните преговори за климатски промени. Прирачникот е резултат на проект кој го реализираше Ecologic за потребите на Секретаријатот за климатски промени. Извор: Ecologic, Германија

МАГА – Годишно собрание Македонската геотермална асоцијација ќе го одржи своето редовно годишно собрание на 2 март 2007 година во ресторантот “Галеб“, со почеток во 10 часот

Интернационален Енергетски Самит 22 – 25 февруари 2007, Прага Конференцијата ги соединува дистрибутерите и производителите на енергија од Западна Европа и САД, како и како и новите актуелни пазари како Централна и Источна Европа, Индија, Кина и Југоисточна Азија. повеќе... The CASE 2007 Конференција Winds of Change 23-24 март 2007, Kиев, Украина Ефектите од глобализацијата на Европа и Азија website: www.case.com.pl

Уредник: Проф. Д-р К. Димитров Редакција: Игор Петрушевски, М-р Македонка Димитрова

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте не’ на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3099 216 и 3099 432, факс 02 3099 432, e-mail: macef@mf.edu.mk www.macef.org.mk

46 infomacef  
Read more
Read more
Similar to
Popular now
Just for you