Page 1

ЦЕНТАР ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ НА МАКЕДОНИЈА

Број 3

Јуни 2003

МАЦЕФ МАЦЕФ промовира енергетска ефикасност и почиста животна средина

Во овој број: Од уредникот Центар за енергетска ефикасност на Македонија МАЦЕФ Регионална мрежа за ефикасно користење на енергијата и водата RENEUER Алианса за штедење на енергија Новости од Македонија Новости од другите земји Корисни web-адреси Манифестации OД УРЕДНИКОТ Почитувани членови на МАЦЕФ и читатели кои сакаат да се информираат повеќе за проблематиката на енергетската ефикасност и манифестациите кои се случуваат во земјата и околу неа. Во изминатиот месец се реализираше една извонредна манифестација: Првиот саем за енергетика во Македонија. Со сите свои добри остварувања и слабости, оваа манифестација треба да се поздрави и помогне од сите енергетичари на Македонија. Паралелните манифестации со саемот треба да бидат свртени претежно кон непосредните излагачи и со презентирање на нови содржини. Веќе виденото и слушнатото не може да предизвика посебен интерес. Вистинското меѓусебно информирање ќе добие на својот квалитет ако и Вие активно учествувате со свои прилози или информации (по е-маил или и телефон). Тие ќе најдат место во овој наш заеднички информатор. Посебно ги повикуваме останатите Невладини здруженија, асоцијации и друштва од областа на енергетиката, да не’ информираат за своите активности, а ние таа информација ќе ја пренесеме до нашите членови и симпатизери. Проф. Д-р Константин Димитров

ЦЕНТАР ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ НА МАКЕДОНИЈА МАЦЕФ

МАЦЕФ е член на меѓународната мрежа за енергетска ефикасност RENEUER (Regional Network on Efficient Use of Resources). МАЦЕФ има поддршка и тесно соработува со ALLIANCE TO SAVE ENERGY фондација формирана од Сенатот на САД и делумно финансиски поддржана од USAID. МАЦЕФ e член на Асоцијацита на Консултантски организации, нудејќи професионални експертски услуги од својот делокруг на работа, во земјата и надвор од неа.

Енергетската ефикасност е вреден ресурс кој креира победничко решение на повеќе фронтови: една акција која резултира со пет главни придобивки за потрошувачите и општеството. Се штедат пари, се зголемува комфорот, се заштитува околината, се подобрува економиkата на државата, и се промовира национална безбедност од енергетски аспект. Договорено е учество на членовите на МАЦЕФ во реализацијата на еден проект воден од страна на ГТЗ. Во соработка со Alliance to Save Energy и ЗЕЛС, МАЦЕФ подготвува материјал за одржување на 4 тренинг курсеви за потребите на локалната самоуправа, Енергетска ефикасност и трошоци на општините. На секој од овие курсеви се планира учество на претставници од 6-7 општини.

Заинтересираните колеги кои сакаат да станат активни членови на МАЦЕФ, треба да се јават на нашата адреса, после што ќе ги добијат потребните формулари за зачленување. Колегите со поголемо искуство и резултати во оваа област, со желба да бидат внесени во меѓународниот регистер на експерти, ги замолуваме да контактираат со нас, за да им го доставиме потребниот формулар. Тоа не значи и обврска да се биде член на МАЦЕФ.

МАЦЕФ е доброволно научно здружение, основано да делува во рамките на Република Македонија и надвор од неа.

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте не’ на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 399216, факс 02 361 013, e-mail: macef@ereb1.mf.ukim.edu.mk


ИНФОМАЦЕФ

Страна 2 РЕГИОНАЛНА МРЕЖА ЗА ЕФИКАСНО КОРИСТЕЊЕ НА ЕНЕРГИЈАТА И ВОДАТА RENEUER (www.reneuer.com)

На него зедоа учество излагачи од неколку земји. И мАЦЕФ активно партиципираше со свој штанд, кој беше посетен од голем број членови и симпатизери. На оваа манифестација се зголеми и бројот на регистрирани членови на МАЦЕФ.

РЕНЕУЕР е формиран од страна на 8 земји и тоа Албанија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Југославија, Македонија, Молдова, Романија и Хрватска. Основната цел за формирање на оваа мрежа е да стане врска меѓу инвеститорите од странство и домашните корисници, скусувајќи го потребното време за реализација на добри проекти од доменот на енергетската ефикасност.

АЛИАНСА ЗА ШТЕДЕЊЕ НА ЕНЕРГИЈА (www.ase.org) Алиансата за штедење на енергија има за мисија да ја промовира енергетската ефикасност ширум светот, со цел да се постигне здрава економија, почиста околина и енергетска сигурност. Таа е непрофитна коалиција на лидери од бизнисот, државната управа, екологијата и потрошувачите. Алиансата ја поддржува енергетската ефикасност како најефтин енергетски ресурс при постоечките пазарни услови и советува да се применат енергетски политики кои ги намалуваат цените за потрошувачите и општеството, како и емисијата на штетни гасови кои имаат влијание на глобалните климатски услови. За да ја оствари својата мисија, Алиансата за штедење на енергија спроведува истражувања, образовни програми, советувања за енергетската политика, проектирање и изведба на проекти од доменот на енергетската ефикасност, промовира технолошки развој и гради партнерски односи меѓу јавните и приватните субјекти, во САД и другите земји.

Новости од Македонија

Во периодот од 3 до 7 јуни за прв пат во Македонија се организира Меѓународен Саем за Енерегетика.

Паралелно со саемот се одржаа повеќе сесии од областа на енергетиката, економијата и екологијата.

Г-ѓата Виолета Кецкароска, од Министерството за Економија, оддел енергетика, која е Национал координатор на проектот за соработка со РЕНЕУЕР, преку интересно излагање ја потенцира улогата на енергетската ефикасност во развојот на енергетиката на Македонија, како и потребата од активно вклучување во нејзиното креирање и на сите останати учесници, потенцирајќи ги МАЦЕФ и останатите невладини здруженија

teking@mt.net.mk

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте не’ на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3099216, факс 02 3061 013, e-mail: macef@ereb1.mf.ukim.edu.mk


ИНФОМАЦЕФ

Страна 3 Ова е за прв пат да се промовира овој вид на опрема во Македонија. Презентиранат опрема е од Американско производство

Директорот на Саемот за енергетика Цеље Г-дин М-р. Франц Пангерл, со комерцијалниот директор на Скопскиот саем Г-дин. Н. Ѓорѓевски, во посета на штандод на ТЕРМОКИНГ – WEISHAUPT.

За одбележување е изложениот колектор за сончева енергија – последна генерација на производи на Weishaupt: обвивка која не се крши, концентрирачка, со премаз за задржување на рефлектираната топлина. На 6.6.2003 година фирмата ФОНКО организира презентација на минитурбини за когенерација, пред голем број на посетители.

НАПРЕД ФОНКО! На 20.6.2003 година, Одборот за енергетика при Стопанската комора на Македонија одржа состанок во просториите на Хидроцентралите Маврово.

На овој состанок беше обновена програмата за изградба на браната Луково Поле, со следниве карактеристики: • • • • •

волумен на акумулацијата вкупно зафатена вода произведена енергија потребни инвестиции рок за градба период на враќање на инвестицијата

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте не’ на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3099216, факс 02 3061 013, e-mail: macef@ereb1.mf.ukim.edu.mk

35х106 m3, 44х106 m3/год, 114х106 kWh/g, 40 милиони $, 4 години, 10-12 години.


ИНФОМАЦЕФ

Страна 4

На 23 мај беше отворена новата хала на МИКРОСАМ Прилеп. Прикажан е само делот на подготовка т.е. компјутерската сала.

The activities of the International Energy Agency (IEA) intended to assist member countries in monitoring and improving their present energy efficiency policies in identifying and exploiting new opportunities for improving energy efficiency. The energy efficiency work is initiated, discussed, and supported by the Energy Efficiency Working Party of the IEA, which can be found under http://www.iea.org/ select Energy Efficiency. A major part of the energy efficiency activity of IEA is in the CADDET's sphere.

Манифестации 23-26.9.2003, Златибор, Србија, хотел Чигота 11. Симпозиум на термичарите на Србија и Црна Гора Информации: BBN Congress Management, bbn@bbn.co.yu www.bbn.co.yu

Му посакуваме на колегата Проф. Д-р Б. Самаковски и понатаму успешно да го води овој извонреден колектив со светско реноме.

11-13.9.2003, Reykjavik, Iceland Sustainable use and Operating Policy for Geotehrmal Resources Информации: Проф. Д-р Кирил Поповски, МАГА – Македонската Асоцијација за геотермална енергија, isskiril@sonet.com.mk, Телефон: 070 262 044 25-29.10.2003, Охрид, II Конгрес на еколозите на Македонија котизација 50 Евра, НГО – 10 Евра Kontakt: Slav~o Hris-

tovski (02) 3117-055 lok. 627; Faks:(02) 228-141; E-mail: mes@iunona.pmf.ukim.edu.mk Web:http://iunona.pmf.ukim.edu.mk/med/index.htm

Новости од другите земји Порастот на глобалната температура за 0.6ºC во однос на минатиот век, штетно влијае врз екосистемите и врз луѓето. Според меѓувладината група за климатски промени, зголемувањето на температурата за повеќе од 2.0ºC ќе доведе до растење на бројот на поплави, суши, зарази, растопени глечери и сето тоа проследено со уништувачки последици.

http://www.ameinfo.com/news/Detailed/24860.html

12th International Conference on Coal Science

"Coal - Contributing to Sustainable World Development" November 2-6, 2003, Cairns, Queensland, Australia Australian Institute of Energy / IEA Clean Coal Centre / International Energy Agency 10-14 May 2004, Second World Conference And Technology Exhibition On Biomass For Energy, Industry And Climate Protection. This conference will be arranged in Rome, Italy, http://www.conference-biomass.com/conference_Welcome.htm

Корисни web-адреси The World Energy Council (WEC) is a global multi-energy organisation. It has committees and activities inapproximately 100 countries, including most of the largest energy producing and consuming countries in the world. The Mission of the WEC is to promote the sustainable supply and use of all forms of energy for the benefit of all. http://www.worldenergy.org is their URL address. The site contains technical papers on energy efficiency and a database on GHG reduction projects where a major category is energy efficiency. The publication Energy Efficiency Policies and Indicators (1998) can be found at http://www.worldenergy.org/wecgeis/global/downloads/1998Report.pdf.

25-29. 5. 2004 Ohrid "International Conference on Water Observation and Information System for Decision Support" BALWOIS Project c/o IRD, AGROPOLIS - BP 64501 - 34394 – Montpellier – France;Tél. +33 4 67 63 64 20 / Fax +33 4 67 41 21 33 ; Email : secretariat@balwois.net Web adresa: http://www.balwois.net Информации: Г-ѓа О. Тодоровиќ, Републички Хидрометеоролошки завод, Скопје, Е-маил; olivija@meteo.gov.mk

Уредник: Проф. Д-р К. Димитров Центар за енергетска ефикасност на Македонија Тех. Секретар. Л. Хаџиева, дипл.ел.инж. Н. Парапунов 3а/52 1000 Скопје Тел. 02 399 216, факс: 02 361 013 e-mail: macef@ereb1.mf.ukim.edu.mk

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте не’ на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3099216, факс 02 3061 013, e-mail: macef@ereb1.mf.ukim.edu.mk

3 infomacef  
Read more
Read more
Similar to
Popular now
Just for you