Page 1

Број 38

ЦЕНТАР ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ НА МАКЕДОНИЈА

Maj 2006

МАЦЕФ МАЦЕФ промовира енергетска ефикасност и почиста животна средина

Во овој број: Õ Од уредникот Õ Центар за енергетска ефикасност на Македонија МАЦЕФ Õ Новости од Македонија Õ Новости од другите земји Õ Корисни web-адреси Õ Манифестации

OД УРЕДНИКОТ Почитувани колешки и колеги, членови на МАЦЕФ! После тестирањето на комуникациските врски започна директното следење на далечинска обука (e-learning) во областа на енергетската ефикасност и обновливите извори на енергија. Овој проект на УНЕСКО (DEZIRE-net) го реализира МАЦЕФ, во соработка со Машински факултет Скопје . Јавната расправа по Нацрт Законот за енергетика е завршена. Законот е усвоен и е влезен во сила. МАЦЕФ, заедно со уште неколку невладини организации и стручњаци од различни профили, приготви амандмани кон овој закон, како последна и единствена можност да се одстранат поедини членови кои дозволуваат мнополска положба на поедини учесници од оваа сфера. Амандманите не се прифатени. Но продолжуваме со активностите – предлагаме ИЗМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА ЕНЕРГЕТИКА! Во организација на УСАИД беше реализирана средба на која беа презентирани резултатите од проектите за примена на мерки за енергетска ефикасност во 3 општини, како и предизвиците кои се поставуваат пред новите ЕСКО (енергетски сервис) компании. Амбасадорот на Норвешка ги подели сертификатите на првите 11 обучени контролори за енергетска ефикасност. Обуката е заедничка активност на компанијата ЕНСИ од Норвешка, МАЦЕФ и Машинскиот факултет. Регистрирана е првата ЕСКО компанија во Македонија ЕСКО ФОНКО. Членовите на МАЦЕФ активно учествуваа во повеќе манифестации организирани од повеќе институции кои делуваат на полето на енергетската ефикасност и екологијата. Поздрав од сите учесници во подготовката на овој Информатор

Проф. Д-р Константин Димитров ЦЕНТАР ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ НА МАКЕДОНИЈА МАЦЕФ

МАЦЕФ е доброволно научно здружение, основано да делува во рамките на Република Македонија и надвор од неа. МАЦЕФ е член на меѓународната мрежа за енергетска ефикасност RENEUER (Regional Network on Efficient Use of Resources). МАЦЕФ e член на Асоцијацита на Консултантски организации, нудејќи професионални експертски услуги од својот делокруг на работа, во земјата и надвор од неа.

МАЦЕФ е дел од мрежата managenergy формирана од страна на European commission DG Energy and Transport www.managenergy.net . МАЦЕФ е член на БИСЕ Форумот.

Активности на МАЦЕФ 29 мај Започна обуката на далечина Проектот на УНЕСКО (DEZIRE-net) веќе функционира! Носител на овој проект е ЕНЕА (Ente per le Nuove Tecnologie, Energia e l’Ambiente- Roma).

Форма на комуникациската страна

Обуката не е наменета единствено за академски профили, туку е насочена и кон лицата кои се заинтересирани за купување опрема и работа во оваа дејност, проектанти и ракувачи со опремата. Предавањата се подесени за секоја група посебно. Предавањата се следат во просторијата на МАЦЕФ при Машинскиот факултет, при директна интернет визуелна и звучна комуникација со наставникот во Рим. Наставата е од 1113 часот, 2-4 пати месечно. Опфатени се следниве области: — Енергија и Одржлив развој — Напредни технологии за енергетска ефикасност во згради — Термални соларни колектори — Фотоволтаични ќелии — Био маса — Енергија на ветер — Геотермална енергија — Мали хидроцентрали — Водород и горивни ќелии

И покрај пријавените 54 слушатели, има уште слободни места! Заинтересираните треба да стапат во контакт на нашите телефони за пријавуавње и дополнителни информации 10 Мај – Јавно партнерство за Енергетска Ефикасност Во организација на УСАИД се организира тркалезна маса со следнава содржина: Основни насоки – Дик Голдман (УСАИД)

Преглед на Компании за енерегтески сервис (ЕСКО)Петер Лампесис (УСАИД)

Проект за одржлива енергетика – Рубин Талески, Светска

Банка

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте не’ на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3099 216 и 3099 432, факс 02 3099 298, e-mail: macef@mf.ukim.edu.mk www.macef.org.mk i blog www.infomacef.wordpress.com


ИНФОМАЦЕФ 38

Страна 2 Доделени сертификати на 11 контролори за енергетска ефикасност

Презентација на рефератите

Пилот проекти финансирани од УСАИД – ЕнКон (УСА),

ТИМЕЛ и МАЦЕФ

Финансирање на општините – пристап до кредити за капитални инвестиции – Аце Коцевски (ЗЕЛС) ЕСКО во Македонија – Константин Димитров, МАЦЕФ Енергетска контрола на објекти и планирање на енергетска ефикасност – Љ. Червилов и О. Теиген, ЕНСИ -

Декан на Машинскиот факултет проф. д-р М. Ќосевски

На 11 мај, во просториите на Машинскиот факултет беа доделни првите сертификати на 11 кандидати кои успешно ја завршија обуката за енергетски контролори на објекти.

Норвешка

Проректорот проф. д-р Љ.Шутуркова, го поздрави успехот на оваа група експерти, а е во друштво на амбасадорот на Норвешка и претставникот на ЕНСИ - О. Теиген.

На сертифицираните контролори дипломите амбасадорот на Норвешка г-дин Карл Вибие:

ги

Г-дин Роб Русо,– презентација на резултатите од проектите финансирани од УСАИД, реализирани од ЕнКон, ТИМЕЛ и МАЦЕФ

Амбасадорот на Норвешка ги доделува дипломите

Дискусија на Ајра Бирнбау – офицер за енергетика за Европа

Д-р Тамара Теофилова Бојаџиева – Архитектонски факултет Димитар Папастеревски - Архитектонски факултет М-р Тодорка Самарџиоска, дипл.инж. – Градежен факултет Коце Тодоров, дипл.инж. – Градежен факултет Д-р Доне Ташевски, - Машински факултет М-р Огнен Димитров, - Машински факултет

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте не’ на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3099 216 и 3099 432, факс 02 3099 298, e-mail: macef@mf.ukim.edu.mk www.macef.org.mk i blog www.infomacef.wordpress.com

додели


ИНФОМАЦЕФ 38

Страна 3

Даме Димитровски, дипл.маш.инж., - Машински факултет М-рБА Драган Блажев, дипл.ел.инж., ТИМЕЛ Јасминка Капац, дипл.маш.инж., - МАЦЕФ Јован Петровски, - МАЦЕФ Александар Манчевски, - МАЦЕФ

анализа на проблемите со кои се среќаваат земјите од Југоисточна Европа и можностите за нивно решавање.

teking@mt.net.mk

Новости од Македонија

Скромна свечаност после успешното завршување на овој циклус

ЕНСИ - Продолжување на втората фаза од општините

обука на

После успешното завршување на првата фаза од обуката на општинската администрација во четирите општини: Центар, Сарај, Карпош и Гевгелија, постои сериозна најава дека Норвешката влада ќе додлеи средства за вториот циклус на обуката, кој исто така треба да биде во траење од 6 месеци.

Македонска Општинска Мрежа за Енергетска Ефикасност Сегашни членови на МОМЕЕ се општините: Сарај, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Центар, Гази Баба и Кичево. Во најскоро време очекуваме кон неа да се приклучат и работни организации и Институции кои се вклучени во програмите поврзани со енергетската ефикасност.

Годишна членарина:

24 000 денари

Заинтересираните колеги кои сакаат да станат активни членови на МАЦЕФ, треба да се јават на нашата адреса, за да ги добијат потребните формулари за зачленување. Колегите со поголемо искуство и резултати во оваа област, со желба да бидат внесени во меѓународниот регистер на експерти, ги замолуваме да контактираат со нас, за да им го доставиме потребниот формулар. Тоа не значи и обврска да се биде член на МАЦЕФ. РЕГИОНАЛНА МРЕЖА ЗА ЕФИКАСНО КОРИСТЕЊЕ НА ЕНЕРГИЈАТА И ВОДАТА

RENEUER (www.reneuer.com)

RENEUER е формирана по иницијатива на претставници на владите, невладините организации и претпријатијата од 8 земји и тоа Албанија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Србија и Црна Гора, Македонија, Молдавија, Романија и Хрватска. Основната задача на оваа мрежа е да се ангажира за решавање на проблемите за ефикасна употреба на енергијата и водата во земјите од Југоисточна Европа. RENEUER ги дефинира основните определби во областа на ефикасното користење на енергијата и водата преку

Законот за енергетика е усвоен ! Македонското Собрание со 48 гласа за, шест воздржани и еден против го донесе Законот за енергетика. Новиот Закон за енергетика има за цел усогласување со барањата и легислативата на Европската унија. Со Законот за енергетика се имплементираат директиви кои го уредуваат начинот на функционирањето на енергетскиот сектор, воведувањето на пазар на енергија, промоција на обновливите извори на енергија, зголемувањето на енергетската ефикасност, како и начинот на изградбата на енергетските објекти. МАЦЕФ, во соработка со повеќе невладини здруженија и стручна помош на експерти од Универзитетот и надвор од него, приготви амандмани кон предлогот на новиот Закон за енергетика. Бидејќи нашите забелешки од јавната расправа не беа прифатени, се приготвуваме да бараме измена и дополна на овој закон. Нашата основна забелешка се однесува на членот 42. во кој се дадени монополски права на дистрибутерот на електрична енергија, со тоа што на ниво на цела држава се предвидува една единствена лиценца за дејност. ФОНКО ЕСКО Фонко ја регистрираше првата ЕСКО (Energy Service Company) во Македонија. Основната задача на овој тип кмпании да биде мост меѓу корисниците на енергија и финасиските институции. Оваа улога е од посебно значење за Македонија, бидејќи општините не се кредитно способни (освен изолирани случаи – на пример Велес), и не можат да се задолжуваат. ЕСКО нуди финасиски менаџмент, техничка помош, проектантски услуги, монтажа, водење на процес, одржување/сервисирање на опремата во долг временски период. Своите услуги ги наплатвува со разликата во цена која ја реализира со заштедата на енергија (гориво) со нововградената опрема. Во оваа насока е и напорот на АД Топлификација и МЕПСО да регистрираат заедничка ЕСКО компанија. Во оваа насока е и финасиската помош од Светска банка (околу 600 k ЕВРА). Пожелуваме успешна реализиација на првата зделка, која треба да биде репер за понатамошната работа. Експерти на „Банкерс Петролеум“ во Македонија Стручен тим составен од гелози, геохемичари, геофизичари за десетина дена ќе дојде во Македонија и ќе започне ревизија за документацијата за нафтените истражувања во Овчеполието и во Тиквешијата. Ова е вториот чекор откако Бесник Фетаи, министерот за економија и Ричард Ватсворт, претседател и директор на компанијата го потпишаа меморандумот за соработка. повеќе... Државната Агенција за енергетика нема директор Пропадна конкурсот за избор на директор на Агецијата за енергетика која треба да се формира согласно Законот за енергертика. Двете апликации што пристигнаа на отворениот конкурс во Министерството за економија беа отфрлени бидејќи не ги исполнуваа условите пропишани во Законот. Во тек е втор конкурс на кои исто така пристигнаа две понуди. Од Министерството најавуваат дека неделава Управниот одбор кој

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте не’ на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3099 216 и 3099 432, факс 02 3099 298, e-mail: macef@mf.ukim.edu.mk www.macef.org.mk i blog www.infomacef.wordpress.com


ИНФОМАЦЕФ 38

треба да го направи изборот ќе ги отвори и разгледа понудите по што ќе донесе конечна одлука. Никола Черепналковски раководител на секторот за енергетика не сака да каже кои се членовите на Управниот одбор ниту пак кој аплицирал на првиот поништен конкурс. Тоа ќе го нарушело изборот на директор. Директор на Агенцијата за енергетика може да биде лице кое има завршено високо образование, најмалку пет години работно искуство во енергетскиот сектор и тригодишно искуство на раководна позиција. повеќе... ХЕЦ „Козјак“ ќе работи со зголемена моќност ХЕЦ "Козјак" доби сертификат-потврда дека може да работи со зголемена моќност од по 10 MWh по агрегат. Сертификатот на ХЕЦ „Козјак“ им го издадоа производителот на двата агрегата, кинеската фирма „Алстом“ и изведувачот на работите, исто така, кинеска фирма, ЦВЕ. „Електрани на Македонија“ (ЕЛЕМ) соопштува дека со тоа досегашната утврдена инсталирана моќност, од 40 MWh по агрегат, се зголемува за 10 мегавати. Зголемената моќност е утврдена по анализата во текот на досегашната работа на електраната врз основа на што е издаден и сертификатот. Потврдата значи дека агрегатите со сигурност ќе работат по нов режим, односно во нов повисок ранг. Тоа ќе придонесе за стабилноста на електроенергетскиот систем на Македонија. Првиот агрегат на ХЕЦ "Козјак" е предаден во работа на 30.6.2004 година, а вториот на 30.9.2004 година. Во 2004 година хидроцентралата произведе 45 милиони kWh електрична енергија. Во 2005 година се произвеле 162 милиони kWh, а во првите четири месеци од 2006 година 80 милиони kWh.

Новости од другите земји

Страна 4

Енергетската ефикасност е добра инвестиција Објектите со годишна емисија на CO2 пониска од 25.000 тони, треба да се изземат од европската берза за тргување со CO2, вели еден германски енергетски аналитичар од EEFA. повеќе... Потписниците на Кјото се согласија за пост-2012 целите Потписниците на Кјото протоколот се согласија на прелиминарната агенда која поставува нови цели за намалување на емисиите на стакленички гасови и ги надминува целите од постојниот договор. Овие цели беа донесени Конвенцијата на Обединетите нации за Климатски промени. повеќе... French law to drive down energy consumption (31 May 2006) The French government has adopted a decree targeting 54 terawatt hours (TWh) of energy savings over three years, equivalent to 3.6% of national consumption. From July, all suppliers of electricity, gas or heating oil will be required to meet a specific target based on the amount of energy they produce. Корисни web-адреси http://www.newenergyfinance.com/ http://www.total.com.mk/ http://www.create.org.uk/ http://www.euractiv.com/ http://europa.eu.int/ Манифестации Електрани 2006 Меѓународен Симпозиум Врњачка Бања (Србија и Црна Гора) од 19. до 22. септември 2006. година. повеќе...

Бугарија доби поддршка за нуклеарката Белене Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) го поддржува проектот на Бугарија за изградба на втора нуклеарка на местото на атомската централа Белене. Ова го соопшти бугарскиот министер за економија и енергетика Румен Овчаров по средбата со генералниот директор на МААЕ, Мохамед ел Барадеј, јави МИА. За време на средбата двајцата дипломати ја разгледале реализацијата на проектот „Набуко”, чија цел е заедничка енергетска политика во ЕУ. Овчаров додаде дека на 26 јуни во Виена е закажана средба на министрите за енергетика на Турција, Романија, Бугарија, Унгарија и на Австрија за проектот за изградба на гасовод што ќе доставува природен гас од Иран, Касписко Море и Азербејџан во Бугарија и во Западна Европа.

DENEX® 2006 Саем придружен со Конференција за Децентрализирани Енергетски Системи од 5-ти до 7-ми мај 2006 во Ферграундс Касел повеќе...

Анан повикува за нов пристап кон Енергетската Ефикасност Генералниот секретар на Обединетите Нации, Кофи Анан, повика за нов пристап кон употребата на енергијата со акцент на ефикасноста, зголемување на инвестициите во обновливите извори на енергија и употреба на нови технологии. повеќе...

Саем и конференција за Био-енергија од 30 мај до 1 јуни 2006 Конференцијата Био-енергија 2006 се фокусира на искуствата стекнати во минатиот период ширум светот од користење на биомаса за добивање енергија. повеќе...

Енергетски „Green Paper“ на ЕУ Европската Комисија отвори дебата за идната енергетска политика која беше прокламирана во мартовското издание на „Green Paper“. Предлозите вклучуваат отворање и поддршка на европскиот пазар на електрична енергија и природен гас, како и унапредување на односите со главните дистрибутери на енергенси Русија и ОПЕК. Се обрна внимание на зголемување на инвестициите во обновливите извори на енергија, енергетската ефикасност и поддршка на истражувањето за технологии со ниска емисија на CO2. Земјите членки на ЕУ се изјаснија дека нема да прават компромиси со мерките кои ќе имаат влијание на нивниот суверенитет, како на пример донесување на политички одлики за исфрлање од употреба на енергија добиена од нуклеарно гориво. повеќе...

CIBARQ 06: II International Conference on Architecture, Urban Planning and Energy - 1-2 June 2006, Pamplona, Spain Further Information: Technical Secretariat Tel: +34 91 395 26 21 Fax: +34 91 451 80 63 Email: info@cibarq.com http://www.cibarq.com/

RENEXPO® 2006 Во рамките на изложбата RENEXPO® 2006 која ќе се одржи од 28.09. - 01.10.2006 во Алсбург во Германија се нуди единствена можност да ја презентирате Вашата компанија, производ, идеа, услуги или проект. повеќе...

8th Regional Energy Forum - FOREN 2006: Towards a Regional Partnership in Energy for Sustainable Development 11-15 June 2006, Neptun-Olimp, Romania Уредник: Проф. Д-р К. Димитров Центар за енергетска ефикасност на Македонија Тех. Секретар. А.Манчевски, Н. Парапунов 3а/52 1000 Скопје Тел. 02 3099 216, факс: 02 3061 013 e-mail: macef@mf.ukim.edu.mk

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте не’ на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3099 216 и 3099 432, факс 02 3099 298, e-mail: macef@mf.ukim.edu.mk www.macef.org.mk i blog www.infomacef.wordpress.com

38 infomacef  
Read more
Read more
Similar to
Popular now
Just for you