Page 1

Број 36

ЦЕНТАР ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ НА МАКЕДОНИЈА

Март 2006

МАЦЕФ МАЦЕФ промовира енергетска ефикасност и почиста животна средина

Во овој број: Õ Од уредникот Õ Центар за енергетска ефикасност на Македонија МАЦЕФ Õ Новости од Македонија Õ Новости од другите земји Õ Корисни web-адреси Õ Манифестации

OД УРЕДНИКОТ Почитувани колешки и колеги, членови на МАЦЕФ! Во април, покрај шегите на неговиот прв ден, а и спектакуларните домашни карневали (не мислам на политичката сцена), предвидуваме една убава активност ДЕНОВИ НА ЕНЕРГЕТИКАТА 2006. Оваа манифестација се организира како пманифестација на Скопскиот саем за енбергетика. Основната тема се Инвестицииите во енергетиката и Опрема за енергетска ефикасност. Свое претставување ќе имаат неколку бренд компании, посебно Сименс, кој за прв пат ќе презентира и опрема за производство на електрична енергија. Соработниците разговараа со проф. Д-р Миле Димитровски во врска со квалитетот на течните горива во Македонија. И стандардно рубриките кои се однесуваат на активностите во земјата и надвор од неа. Во следниот број ќе бидете информирани за заклучоците од меѓународниот форум за инвестиции во енергетиката, како и за можноста за започнување на далечинска обука во областа на енергетската ефикасност и обновливите извори на енергија. Ви пожелуваме поријатни мигови со овој, малку задоцнет (и подолг) број на ИнфоМАЦЕФ

Проф. д-р Константин Димитров ЦЕНТАР ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ НА МАКЕДОНИЈА МАЦЕФ МАЦЕФ е доброволно научно здружение, основано да делува во рамките на Република Македонија и надвор од неа. МАЦЕФ е член на меѓународната мрежа за енергетска ефикасност RENEUER (Regional Network on Efficient Use of Resources). МАЦЕФ e член на Асоцијацита на Консултантски организации, нудејќи професионални експертски услуги од својот делокруг на работа, во земјата и надвор од неа. МАЦЕФ е дел од мрежата managenergy формирана од страна на European commission DG Energy and Transport www.managenergy.net . МАЦЕФ е член на БИСЕ Форумот.

Активности на МАЦЕФ

САЕМ ЗА ЕНЕРГЕТИКА 4-9 април Денови на енергетиката 2006

ТЕМА НА БРОЈОТ: КВАЛИТЕТОТ НА ТЕЧНИТЕ ГОРИВА ЗА АВТОМОБИЛИ ВО МАКЕДОНИЈА Модерните автомобилски трендови наметнуваат пеколно темпо во борбата помеѓу конкурентните производители на автомобили. Елитните европски производители се обидуваат да наметнат нови стандарди во однос на карактеристиките на автомобилските мотори. Перформансите на новите автомобили претставуваат рамнотежа помеѓу барањата на потрошувачите и технолошките можности на производителот. Светските трендови налагаат моќни мотори со минимална потрошувачка и минимално влијание на животната средина т.е. издувни гасови со незначително количество на штетни материи. Како еден од најштетните продукти на согорување се споменуваше оловото во бензинот. После кампањата за исфрлување на оловниот бензин, денес во Македонија скоро 85% од продадениот бензин е безоловен, а се смета дека за кусо време во државата ќе се забрани користењето на оловниот бензин. Кај дизел горивата компонента чиешто количество треба да се редуцира е сулфурот. Количеството на сулфур во издувните гасови од возилото директно зависи од количеството на сулфур во горивото. Додека другите компоненти од издувните гасови можат да се неутрализираат со дополнителни уреди (фаќачи на саѓи, катализатор за NOx, CmHn и слично), битката со сулфурот мора да се води преку квалитетот на горивото. Значи, главното оружје кое го користат производителите на автомобили во битката на пазарот да пласираат автомобили кои побаруваат квалитетни горива, затоа што тоа директно влијае и на перформансите на автомобилот и на загадувањето на животната средина. Обрачот околу критериумите за емисии на штетни материи во атмосферата секојдневно се стеснува. Новите модерни автомобили ги следат трендовите и се почесто сретнуваме автомобили кои бараат користење на гориво од серијата EURO IV или EURO V. (за појаснување ознаката EURO I, II, III, IV, V најмногу се однесува на дозволеното количество на сулфур во горивото (но не само на тоа). Како пример: (1994.) EURO I = 2000 ppm, (1996) EURO II = 500 ppm, (2000) EUROIII = 350 ppm, (2005) EUROIV = 50 ppm, (2009) EURO V = 50 ppm (sulphur free) (ppm = mg/kg, miligrami Сулфур, за kg гориво) Се наметнува прашањето каде е местото на Македонија во овие промени. На македонските улици се почесто гледаме автомобили од последните генерации, но поголемиот дел од возниот парк во Македонија е

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте не’ на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3099 216 и 3099 432, факс 02 3099 298, e-mail: macef@mf.edu.mk www.macef.org.mk i blog infomacef.wordpress.com


ИНФОМАЦЕФ 36

составен од автомобили со датум на производство од минатиот век (просечна старост 17,5 години). Во целиот тој диверзитет на различни потрошувачи, овластените увозници, дистрибутерите и производители на горива во нашата држава нудат многу мала палета од различни горива. Можеби тоа е резултат на ограничувањата што ги има Регулаторната комисија да одредува максимални цени на горивата кои се дефинирани со правилникот и што нема право да дозволи слободно формирање на пазарна цена на продукти кои не се опфатени со правилникот. Нормално е дека поквалитетното гориво има повисока цена, а во ситуација кога максималната цена е позната и не може да се промени, логично е да се калкулира со профитот. Правилникот за квалитет на течните горива денес дозволува на пазарот да се најдат горива EURO I, со количество на сулфур од 2000 ppm. Дистрибутерите на горива ја користат оваа одредба и на бензинските станици нудат ограничена палета на квалитет на горива.(поточно за дизел моторите нудат само ДИЗЕЛ, или (по иста цена како и ДИЗЕЛ), ДИЗЕЛЕКО за кој се рекламира дека е еколошки, но ниту правилникот ниту Регулаторната комисија, таква категорија на гориво, не познава). За сопствениците на постари возила ова не претставува некој посебен проблем, но за сопствениците на автомобили од понова генерација тоа значи зачестена појава на дефекти и компликации во експлоатацијата на нивните прилично скапи автомобили. Ова е доволен аргумент за посериозен однос кон оваа проблематика, иако постојат уште многу фактори и последици од користење на горивата со несоодветен квалитет кои нема да бидат разработени во овој напис (се мисли на содржината на сулфур во горивата, лубрицитетот на горивото, цетанскиот број и еколошките последици од нивна несоодветна замена и примена на несоодветни адитиви). Решението на овие проблеми се наоѓа во делувањето на три субјекти, и тоа: 1. Корисниците на горивата, сопствениците на автомобили, импортерите на возила, и еколошки организации и поединци, кои постојано алармираат за постоењето на проблемот од технички (употребливост на горивото) и еколошки аспект; 2. Производителите на горива, увозниците и дистрибутерите, треба исто така треба да покренуваат иницијативи за подобрување на квалитетот на своите производи, зависно од производствените можности и можностите на пазарот на горива, затоа што без тоа го губат рејтингот кај потрошувачите и ќе остваруваат помал профит; 3. Државата, треба преку своите министерства (енергетика, екологија) да донесе нов изменет правилник за квалитетот на течните горива, со кој ќе дефинира умерена политика во следењето на светските трендови за квалитет на горивата, и со неа, со одредена временска дистанца ќе го приближува квалитетот на

Страна 2

горивата кон европскиот квалитет. Во исто време, со правилникот треба да се дозволи на пазарот да можат да се продаваат горива кои целосно ги задоволуваат европските стандарди, (EURO IV, EURO V), и за кои Регулаторната комисија ќе ја одредува максимално дозволената цена. Со заедничко делување на сите субјекти може да се најде соодветно решение за напластените проблеми во областа на квалитетот на течните горива за автомобили и ќе се исполнат определбите на република Македонија за приближување кон европската унија во сите сегменти од нашето живеење. РАБОТНА СРЕДБА ВО БРИТАНСКИОТ СОВЕТ

Членови на МАЦЕФ учествуваа на работната средба организирана од Британската Амбасада и Британскиот Совет во Македонија која се одржа на 21 март во Центарот за видео конференции на Британскиот совет. Тема на средбата беше „Климатски промени и одржлив развој“. Главен говорник беше Г-ѓица М.Џ. Мејс, Програмски директор на Фондацијата за климатски промени, енергетика, законска регулатива и развој (FIELD). Работната средба ја отвори Амбасадорот на Велика Британија во Македонија Г-динот Роберт Диксон. Дискусиите се одвиваа по следниот дневен ред: Очекувани влијанија од климатските промени – низ целиот свет и во ЕУ, Меѓународна рамка и формална ЕУ рамка и мерки кои преземаат земјите од ЕУ, Интервенции на општинско ниво со цел прилагодување кон климатските промени и што поединците можат да сторат за потребите од заштеда на енергија и придонесување кон одржлив развој, Еколошки проект за новите земји – членки на ЕУ како и земјите кандидати за пристап кон ЕУ. Работилница "Project Design and Management" Во организација на „The American Corner Skopje“ беше одржана работилница на тема: "Project Design and Management". Целта на работилницата беше запознавање со предлог проекти, основниот концепт како и целосна изработка почнувајќи од идеја до комплетен текстуален формулар, под водство на М-р Лаура Бергер од Peace Corps. На оваа работилница присуствуваа и младите членови на МАЦЕФ кои се здобија со вредни знаења и искуства

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте не’ на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3099 216 и 3099 432, факс 02 3099 298, e-mail: macef@mf.edu.mk www.macef.org.mk i blog infomacef.wordpress.com


ИНФОМАЦЕФ 36

Страна 3

од оваа проблематика, а по завршувањето и со сертификати.

Македонска Општинска Мрежа за Енергетска Ефикасност Сегашни членови на МОМЕЕ се општините: Сарај, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Центар и Гази Баба. Во најскоро време очекуваме кон неа да се приклучат и работни организации и Институции кои се вклучени во програмите поврзани со енергетската ефикасност.

Годишна членарина:

24 000 денари

Заинтересираните колеги кои сакаат да станат активни членови на МАЦЕФ, треба да се јават на нашата адреса, за да ги добијат потребните формулари за зачленување. Колегите со поголемо искуство и резултати во оваа област, со желба да бидат внесени во меѓународниот регистер на експерти, ги замолуваме да контактираат со нас, за да им го доставиме потребниот формулар. Тоа не значи и обврска да се биде член на МАЦЕФ. РЕГИОНАЛНА МРЕЖА ЗА ЕФИКАСНО КОРИСТЕЊЕ НА ЕНЕРГИЈАТА И ВОДАТА

RENEUER (www.reneuer.com)

RENEUER е формирана по иницијатива на претставници на владите, невладините организации и претпријатијата од 8 земји и тоа Албанија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Србија и Црна Гора, Македонија, Молдавија, Романија и Хрватска. Основната задача на оваа мрежа е да се ангажира за решавање на проблемите за ефикасна употреба на енергијата и водата во земјите од Југоисточна Европа. RENEUER ги дефинира основните определби во областа на ефикасното користење на енергијата и водата преку анализа на проблемите со кои се среќаваат земјите од Југоисточна Европа и можностите за нивно решавање.

Новости од Македонија

АВСТРИСКАТА КОМПАНИЈА ЕВН ПОБЕДИ НА ТЕНДЕРОТ ЗА АД ЕСМ – ДИСТРИБУЦИЈА Австриската компанија ЕВН е победник на тендерот за продажба на мнозинскиот пакет акции на АД ЕСМ – Дистрибуција. ЕВН понудила 225 милиони евра и инвестиции од 96М евра во наредните три години. повеќе… „БРИЛИЈАНТ” ЌЕ ПРОИЗВЕДУВА БИОДИЗЕЛ Штипската фирма „Брилијант” до крајот на годинава ќе почне да произведува биодизел - гориво. Целокупното производство ќе го откупи „Лукоил”, а ќе се продава на бензинските пумпи на оваа компанија во земјава и во странство. повеќе…

ИЗЛОЖБА “СЕВЕР-ЈУГ, ЗАПАД-ИСТОК, ПОГЛЕД ОД 360 СТЕПЕНИ КОН КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ” Во организација на Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП), Амбасадата на Велика Британија во Македонија и Британскиот совет синоќа во Трговскиот центар Рамстор беше отворена изложбата „Север-Југ, Запад-Исток, поглед од 360 степени кон климатските промени”. Изложбата е во рамки на глобалната кампања насловена „Zero Carbon City” со цел за подигање на јавната свест и поттикнување на дебатата за климатските промени и предизвиците со кои се соочува светот. Постановката ја отворија министерот за животна средина и просторно планирање Зоран Шапуриќ и британскиот амбасадор во Македонија Роберт Чатертон Диксон. повеќе... ПОДДРШКА ЗА ЗАДОЛЖУВАЊЕ НА МЕПСО Собраниската комисија за финансирање и буџет вчера даде дозвола за државна гаранција за задолжување на АД „МЕПСО” (Пренос на електрична енергија) во Меѓународната банка за обнова и развој. повеќе… ПРОИЗВОДСТВО НА БИО НАФТА ВО МАКЕДОНИЈА Британската компанија „Органик фуел Лимитет“ сака да гради фабрика за производство на био нафта и биоетанол во Македонија. Според процените на компанијата оваа инвестиција ќе чини околу 55 М евра, а во неа ќе се отворат стотина работни места во првата фаза. „Органик фуел лимитет“ има свој македонски партнер кои веќе ги испитува можностите на терен. Се работи за нови типови на енергетски производи чија побарувачка на пазарот е во подем. повеќе... ПРИ ПЕЈД И ПОСТ ПЕЈД КАРТИЧКИ ЗА СТРУЈА Воведување на при пејд и пост пејд картици во наплатата на струја ќе биде еден од приоритетните проекти на новиот сопственик на „ЕСМ Дистрибуција и снабдување“, „ЕВН АГ“ Дистрибуција на Долна Австрија. Со воведувањето на овие модели на наплата компанијата ќе ја подобри наплатата. Граѓаните со при пејд моделот ќе можност да ја планираат месечната потрошувачка на струја. Освен во модернизација на наплатата на струјата „ЕВН“ најавува и инвестиции во хидро потенцијалот, гас и преработка на отпадни води. „ЕВН“ освен со дистрибуција на струја, дистрибуира и гас и вода за над еден милион потрошувачи на пазарите во Австрија и Бугарија. Купувањето на „ЕСМ дистрибуција и снабдување“ е втора странска инвестиција на оваа компанија. По инвестицијата во Бугарија акциите на компанијата забележаа раст на Виенските берзи. Цената на акциите во последната година од 50,74 на 87,84 евра за акција. „ЕВН“ е сопственик на кабелска телевизија и интернет провајдер. повеќе... ВЛЕЗ НА „ОМВ” ВО МАКЕДОНИЈА По влезот на австриската енергетска компанија „ЕВН” во земјава влегува и нафтената компанија „ОМВ”. За влезот на нафтена компанија заедно со енергетска

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте не’ на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3099 216 и 3099 432, факс 02 3099 298, e-mail: macef@mf.edu.mk www.macef.org.mk i blog infomacef.wordpress.com


ИНФОМАЦЕФ 36

компанија во земјава веќе подолго време се шпекулира во експертските кругови. И „Окта” се подготвува за пречекување на конкуренцијата. Имено според неофицијални извори ребрендирањето на околу 20 бензински пумпи на „Окта” кои ќе го носат брендот „ЕКО” на „Хеленик петроелум”, експертите го толкуваат како подготовка за сериозна конкуренција на пазарот во земјава. „ОМВ” е една од најголемите нафтени компании во Централна Европа. Компанијата има свои бензински пумпи во Албанија и во Србија и Црна Гора. Пазарната капитализација на компанијата се проценува на 12 милијарди евра. Минатата година компанијата од продажба оствари 9,88 милијарди евра, а добивката изнесуваше 926 М евра. повеќе... ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА DAIKIN На ден 15.03.2006 во хотелот “Best Western” се одржа презентација на светски познатата фирма Daikin, која се занимава со производство на опрема за ладење и греење. Палетата на производи е: мулти сплит системи за куќни инсталации, VRVIII, чилери и вентилоконвектори. Третата генерација на VRVIII системот покажува одлични перформанси при експлоатација и работен режим од -200C зимски режим, до + 450C летен режим со коефициент на полезно дејство КУ 4. www.daikin-ce.com Лице за контакт Спире Атанасовски, дипл.маш.инж. ГАСОТ МОЖЕ ДА ГИ ПРЕПОЛОВИ СМЕТКИТЕ ЗА СТРУЈА Само за затоплување на домовите граѓаните годишно трошат 35.000-40.000 денари, а за толку пари со гас може да добијат затоплување, топла вода, готвење и да заштедат 5.000 денари. повеќе... ПАРНОТО ЌЕ ПОСКАПИ САМО 2% Регулаторната комисија за енергетика ја потврди одлуката за зголемување на цената на топлинската енергија за само 2.03%. Повторната одлука Регулаторот ја донесе по поништувањето на претходната одлука со која исто така се одобруваше зголемување на цената за истиот процент. Потпретседателот на Комисијата Славе Ивановски истакна дека поништувањето на одлуката од страна на Второстепената владина комисија се должи на различните параметри кои се користеле при утврдување на цената на топлинската енергија. повеќе... РУСКАТА НАФТА ПОСКАПА ЗА 14,5 ДОЛАРИ ВО СПОРЕДБА СО ЛАНИ Цената на руската нафта “уралс” во првите два месеца порасна во однос на истиот период минатата година за 43,6 проценти и изнесува 58,1 долар за барел, се наведува во извештајот на руското Министерство за економски развој. повеќе...

Страна 4

ekovesti@eko.net.mk www.eko.net.mk

Новости од другите земји

ЕУ СКЕПТИЧНА ОКОЛУ РЕФЕРЕНЦИТЕ Референтноста е нецелосно развиена за да ја оформи основата на втората фаза на издавање на квотите за емисија на СО2, изјави Питер Запфел од Европската комисија. повеќе… ПРОЕКТИТЕ ЗА „ЗАЕДНИЧКА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА“ НЕДОСТИЖНИ ЗА ИСТОЧНОЕВРОПСКИТЕ ЗЕМЈИ Источна Европа сеуште не е подготвена за трговија со квоти за емисија на СО2 со исклучок на Украина, е потврдено на панел-дискусијата на Carbon Market во Копенхаген. повеќе... СВЕТСКАТА БАНКА ИЗЈАВИ ДЕКА Е ПОТРЕБНА „ЗЕЛЕНА ИНВЕСТИЦИСКА ШЕМА“ (GIS) Трансакција од големи размери на кредити за емисија на СО2 се „очајно“ потребни доколку се исполнат целите од Кјото протоколот, изјави Хелмут Шрајбер од одделот за СО2 финансии при Светската банка. Тоа би било начин за деблокирање на снабдувањето од Источна Европа и Русија. повеќе... СЛОВЕНИЈА ЈА БРАНИ КЈОТО СТРАТЕГИЈАТА Спротивно на скорешната изјава на Европската комисија, Словенија ќе ги исполни своите Кјото цели, изјави министерот за животна средина на оваа земја, Јанез Подобник. повеќе… КОМИТЕТОТ ЗА ИСПОЛНУВАЊЕ НА КЈОТО ЦЕЛИТЕ ФУНКЦИОНИРА СО ПОЛНА ПАРЕА Комитетот за исполнување на обврските од Кјото протоколот го одржа својот прв состанок, на кој ги зацрта своите планови според кои ќе им помогне на земјите кои ги исполнуваат обврските од Кјото или да ги казнува оние земји кои не го прават тоа. повеќе... ЕУ АКТИВИРАШЕ ВИСОКА ГРУПАЦИЈА ЗА ЕНЕРГИЈА/ЖИВОТНА СРЕДИНА (HLG) Високата групација (HLG) е основана минатиот октомври од страна на европската комисија со идеја да ја анимира индустриската политика на ЕУ. Нејзината цел е „да ги испита врските помеѓу индустриските, енергетските и еколошките политики, за да се осигури дека иницијативите во секоја област се меѓусебно компатибилни“. повеќе... ЕНЕРГЕТСКИОТ ПЛАН НА ЕУ „МОРА ДА ПОТТИКНЕ НОВА ТЕХНОЛОГИЈА“ Претстојниот акционен план на ЕУ за поттикнување на енергетската ефикасност мора да ги забрза мерките со кои енергетски „лакомите“ технологии се заменуваат со поефикасни и модерни. Планот беше објавен минатата година од страна на европската комисија во форма на еколошки документ и предлага намалување на потрошувачката за 20% во следните 15 години. повеќе...

teking@mt.net.mk Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте не’ на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3099 216 и 3099 432, факс 02 3099 298, e-mail: macef@mf.edu.mk www.macef.org.mk i blog infomacef.wordpress.com


ИНФОМАЦЕФ 36

ЕК ЗА ЕНЕРГЕТСКА ПОЛИТИКА Европскиот комесар за енергија, Андрис Пибалгс зацрта визија за Европска енергетска политика. Една од можните мерки би било цврсти цели за развој на обновливата енергија. повеќе... ПИЛОТ ПРОЕКТ ЗА СКЛАДИРАЊЕ НА СО2 ЌЕ БИДЕ ОБЈАВЕН ВО ДАНСКА Најголемата фабрика во светот за собирање и складирање на СО2 од електраните е отворена во Данска. повеќе... ГРЧКИОТ НАП СКОРО ГОТОВ, НО ДОЦНЕЊЕТО ОКОЛУ РЕГИСТРАЦИЈАТА ЗАКАНА ЗА СОГЛАСНОСТ Првата фаза од грчкиот НАП е скоро готов, но регистрацијата е се уште во фаза на планирање. Како резултат на тоа Атина се соочува со „политичка одлука“ што понатаму доколку не се успее со навремено побарување на обврзниците за емисија на СО2 од ЕУ. повеќе… МИНИСТРИТЕ ОДОБРИЈА ЗАЕДНИЧКА ЕНЕРГЕТСКА ПОЛИТИКА НА ЕУ Министрите за енергетика на земјите членки на ЕУ поддржаа заедничка енергетска политика и ги повикаа челниците на своите влади да го сторат истото. повеќе... ГЕРМАНСКИОТ МИНИСТЕР ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА ГО ОТФРЛИ ЕНЕРГЕТСКИОТ ДОКУМЕНТ НА ЕУ Германскиот министер за животна средина Сигмар Габриел остро го критикуваше предлогот на Европската комисија за заедничка енергетска политика на ЕУ, придавајќи и преголемо значење на енергетската сигурност на сметка на обновливата енергија и климатската политика. повеќе... УНГАРИЈА ДАДЕ ЗЕЛЕНО СВЕТЛО ЗА НАП Унгарија го одобри последниот НАП за доделување обврзници за емисија на СО2 за првата фаза на тргување со истите, во форма на владина одлука. повеќе… СО2 БЕРЗАТА ЈА НАПРАВИ ПРВАТА ЗДЕЛКА ЗА ДЕКЕМВРИ 2012Г Европската СО2 берза го направи првиот договор за тргување со зделка за декември 2012г, со тоа што Спектрон откупи 5000 тони по цена од 26,95 €/тон. повеќе... ЈI програмата НЕЕФИКАСНА ЗА ЕУ ЧЛЕНКИТЕ Организирањето на JI (заедничка имплементација) проектите се повеќе се оценува како неефективно од новите земји членки на ЕУ. Чешка дури размислува да прекине со побарување на одобрение. повеќе… БАНКИТЕ СЕ ВНИМАТЕЛНИ ЗА ОБВРЗНИЦИТЕ ЗА ЕМИСИЈА НА СО2 Цената на обврзниците за емисија на СО2 најверојатно ќе остане непроменета во следните шест до седум

Страна 5

години, изјави извршниот директор на хемиската компанија Родиа, фирма која е во голема мерка зависна од цената на емитираниот СО2. повеќе… НЕДОСТАТОК НА СРЕДСТВА ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА ЕНЕРГЕТСКАТА ЕФИКАСНОСТ На Бугарија и се потребни инвестиции од приближно 208 милиони евра за преземање мерки за енергетска ефикасност во повеќе од 3000 општински објекти кои се дел од програмата на Бугарското министерство за економија и енергетика. повеќе...

Корисни web-адреси http://www.uslugi.gov.mk/ http://www.total.com.mk/ http://www.create.org.uk/

http://esm-privatizacija.com.mk/ http://europa.eu.int/

Манифестации ЕНЕРГЕТСКИ САМИТ: ДАЛИ И КОГА ЌЕ СЕ ГРАДАТ БАЛКАНСКИТЕ НАФТОВОДИ Април 2006 – Белград СЦГ Цел на овој енергетски самит е да ги презентира и анализира моменталните и идни состојби поврзани со изградбата на Балканските нафтоводи: БургасАлександрополис, Албанија-Македонија-Бугарија(АМБО) и Паневропскиот нафтовод(ПЕОП) чија цел е да овозможат извоз на руската нафта преку Црно море. повеќе... ИНТЕРНАЦИОНАЛНА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ ВО АПАРАТИ ЗА ДОМАЌИНСТВО И ОСВЕТЛУВАЊЕ (EEDAL'06) EEDAL е организирана со соработка на програмата за трансформација на пазарот во Велика Британија и Европската комисија DG JRC повеќе... ФИНАНСИРАЊЕ ВО ОБЛАСТА ОБНОВЛИВА ЕНЕРГИЈА - 26-26 АПРИЛ 2006, ХАНОВЕР Прекрасна прилика за здобивање нови сознанија за енергијата од обновливи извори, можностите за финансирање и вмрежување. повеќе... ЕВРОПСКИ ДЕН НА ЕНЕРГЕТИКАТА 2006 27 АПРИЛ 2006, ГЕРМАНИЈА Целта на Европскиот ден на Енергетиката е да ги собере клучните играчи од енергетската област на едно место. Ќе се дискутира за најголемите предизвици на Европскиот пазар на енергија. повеќе... Уредник: Проф. Д-р К. Димитров Центар за енергетска ефикасност на Македонија Тех. Секретар. А.Манчевски, Н. Парапунов 3а/52 1000 Скопје Тел. 02 3099 216, факс: 02 3061 013 e-mail: macef@mf.ukim.edu.mk

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте не’ на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3099 216 и 3099 432, факс 02 3099 298, e-mail: macef@mf.edu.mk www.macef.org.mk i blog infomacef.wordpress.com

36 infomacef  
Advertisement