Page 1

Број 31

ЦЕНТАР ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ НА МАКЕДОНИЈА

Октомври 2005

МАЦЕФ МАЦЕФ промовира енергетска ефикасност и почиста животна средина

Во овој број: Õ Од уредникот Õ Центар за енергетска ефикасност на Македонија МАЦЕФ Õ Регионална мрежа за ефикасно користење на енергијата и водата RENEUER Õ Новости од другите земји Õ Корисни web-адреси Õ Манифестации

OД УРЕДНИКОТ Почитувани колешки и колеги, членови на МАЦЕФ! Месецот октомври, како што очекувавме, изобилуваше со активности поврзани со енергетската стварност на Македонија, а особено на МАЦЕФ. Вообичаено есенските месеци се исполнети со многу активности. За МАЦЕФ се од одобена важност следниве: • Продолжуваат активностите со проектот MDW/MGGF, • Се одржа вториот БИСЕ Форум во Софија • Започнаа тренинг курсевите од областа на енергетската ефикасност организирани од страна на МАЦЕФ во соработка со МФС и Норвешката фирма ENSI Int., проект финасиран од Норвешката влада, помогнат од УНДП • Еден член на МАЦЕФ ја одбрани својата магистерска работа со наслов Оptimalno koristewe na

gradskiot smet vo Сkopje kako izvor na energija.

Во Македонија жешки теми се: продажбата на делот дистрибуција од ЕСМ; односите Макпетрол-Влада, кој ќе добие лиценца за транспорт, а кој ќе биде доминантен сопственик; дали навистина АМБО ќе започне да се реализира идната година, или се работи само за изјави кои треба да донесат политички поени; дали цената на топлинската енергија ќе се зголеми како што бара Топлификација АД, или регулаторната комисија ќе изнајде законски елементи кои ќе го одложат бараното покачување и др. Во месец ноември не’ очекува уште поинтензивна активност во областа на енергетиката, а би сакале тоа да биде реализација на нови проекти !

ЦЕНТАР ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ НА МАКЕДОНИЈА МАЦЕФ МАЦЕФ е доброволно научно здружение, основано да делува во рамките на Република Македонија и надвор од неа. МАЦЕФ е член на меѓународната мрежа за енергетска ефикасност RENEUER (Regional Network on Efficient Use of Resources). МАЦЕФ има поддршка и тесно соработува со ALLIANCE TO SAVE ENERGY фондација формирана од Сенатот на САД и делумно финансиски поддржана од USAID. МАЦЕФ e член на Асоцијацита на Консултантски организации, нудејќи професионални експертски услуги од својот делокруг на работа, во земјата и надвор од неа. МАЦЕФ е дел од мрежата managenergy формирана од страна на European commission DG Energy and Transport www.managenergy.net . МАЦЕФ е член на БИСЕ Форумот.

Активности на МАЦЕФ Енергетска ефикасност: Тренинг програма со ENSI Норвешка и МФС Врз основа на согледаната потреба и претходните контакти на МАЦЕФ, преку Регионалната мрежа за ефикасно користење на ресурсите (RENEUER) ги иницираше овие проекти пред Норвешката влада, кои се реализираат преку норвешката фирма ENSI (Energy Savings International). На 3 октомри започна реализацијата на два следователни тренинг програми и тоа: 1. Енергетска контрола на објекти – тренинг курс за тренери, на кој присуствуваат 12 учесници од Машинскиот, Архитектонскиот и Градежниот факултет, членови на МАЦЕФ и претставник на министерството за локална самоуправа. Учесниците добиваат професионален програм (софтвер) за енергетска контрола на згради со мерки кои може да се применат од доменот на енергетската ефикасност, подесен за услови во Македонија.

Поздрав до сите читатели и Ве поканувам да ни’ се јавите, макар и со критика – за да станеме подобри. Проф. Д-р Константин Димитров

Просторот за тренинг е современо опремен со компјутери и современи средства за презентација

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте не’ на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3099 216 и 3099 432, факс 02 3099 298, e-mail: macef@mf.ukim.edu.mk www.macef.org.mk


ИНФОМАЦЕФ 31

Софтверот е усогласен со ЕУ стандардите и ќе може понатаму да се користи за потребите на наставата од областа на енергетската ефикасност (Машински факултет, Архитектонски факултет – последипломска настава), како и за организирање на тренинг курсеви за други заинтересирани страни. Курсот се одржува во три циклуса, трае 6 месеци, се изработуваат конкретни програмски задачи за постоечки објекти, а после полагањето се добиваат сертификати. Машинскиот факултет и МАЦЕФ опремија посебна просторија за оваа намена, со потребниот број на компјутери и мрежа.

Страна 2

Универзитетот Св. Кирил и Методиј, проф. д-р Љубица Шутуркова, Д-р Здравко Генчев, директор на ЕнЕффект од Софија, секретар на проектот UNECE Еnergy Еfficiency 21 во Женева, високи претставници на УНДП и УСАИД, како и ресорните представници на Министерствата за Економија и Локална самоуправа.

Проректорот Др. Љ. Шутуркова

Ǿrjan Teigen го следи излаганјето на Г-дин Lj. Chervilov 2. Планирање на мерки за енергетска ефикасност на ниво на општина Овој програм е наменет за учесници од 4 општини – Гевгелија, Центар, Карпош и Сарај. Учесниците на општинската администрација ќе добијат програм за изработка на енергетскиот биланс на општината, кои мерки од областа на енергетската ефикасност можат да се превземат, за да се подобрат општинските буџети. Секоја општина добива како донација комплетна компјутерска конфигурација и печатач.

Реализацијата на оваа програма ќе се понуди и на останатите општини во Македонија, во согласност со интересите на ЗЕЛС и Министерството за локална самоуправа. М-р Огнен Димитров, дипл. маш. инж. На 12 октомври, во просториите на Машинскиот факултет, на Институтот за Термотехника и термоенергетика, пред експертската комисија составена од менторот Проф. Д-р Славе Арменски, Проф. Д-р Илија Петровски и Проф. Д-р Миле Димитровски, членот на МАЦЕФ Огнен Димитров ја одбрани својата магистерска теза и се здоби со титулата магистер на техничките науки.

Обуката е поделена во три циклуса. Првиот циклус (6 месеци) се користи за обука на администрацијата за примена на софтверот и создавање на реална база на податоци, енергетски биланси и биланси на емисија на штени материи, со дефинирање на можни места за примена на мерки за енергетска ефикасност. Вториот циклус е наменет за изработка на конкретна документација (техничка, финансиска, еколошка) за определени објекти, а третиот дел се однесува на директна апликација.

М-р Огнен Димитров

Темата на магистерскиот труд е од мултидисциплинарен карактер и претставува особен практичен придонес кон продлабочувањата на знаењата од оваа област: Оptimalno

koristewe na gradskiot smet vo Сkopje kako izvor na energija. Поздравен говор на Норвешкиот амбасадор Г-дин Carl S. Wibye На сесијата на отварањето на оваа значајна програма, покрај деканот проф. д-р Милан Ќосевски, учество зедоа неговата екселенција Г-дин Carl S. Wibye, проректорот на

На одбраната присуствуваа и доајените во оваа област Г-дин Ванчо Самарџиски, кој 20 години ја промовираа оваа програма, и Д-р Трпе Груевски, активист и промотор во областа на обновливите извори на енергија.

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте не’ на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3099 216 и 3099 432, факс 02 3099 298, e-mail: macef@mf.ukim.edu.mk www.macef.org.mk


ИНФОМАЦЕФ 31

Му честитаме на магистер Огнен Димитров и му пожелуваме натамошен успех во работата и активностите во МАЦЕФ. Продолжува интензивна работа на проектот MDW/MGGF Приготвени се апликациите за општините Кичево и Велес, а во секоја од нив обработени се по два објекта. Вредноста на инвестицијата е на ниво од 50 k$. Во ноември се очекува да започне реализацијата на Youth Emploiment Project во општината Сарај. Македонска Општинска Мрежа за Енергетска Ефикасност Со соработката и потпишувањето на пристапницата од страна на општините Сарај, Ѓорче Петров и Кисела Вода, започна работата од која се очекува пренос на знаење и информации од експертите за енергетска ефикасност кон локалната самоуправа, од Универзитетите и МАНУ кон обичните луѓе. Кон мрежата се приклучи и општината Гази Баба. За да биде оваа акција успешна, освен почетните обуки за определени општини, потребно е сите членови на МАЦЕФ да се организираат за да ја пружат потребната помош на сите кои ја бараат – приватни лица, локална самоуправа, државна администарција. Приложен е делот од услугите кои ги нуди МАЦЕФ на сите идни членови.

Страна 3 Предност при обуката која се реализира од страна на меѓународните асоцијации. Ô Пристап до сите податоци со кои располагаат меѓународните асоцијации од оваа дејност, врз основа на членувањето на МОМЄЄ во нив. Ô Организирање на посета на градови и објекти надвор од нашата земја каде што се реализирани успешно проекти, кои се предвидени во планот на општините. Ô Учество на регионалните средби за размена на искуства од областа на Енергетската Ефикасност и Заштитата на околината (Екологијата). Ô Добивање на податоци за квалитетот на опрема која им се нуди во проектите за кои се обезбедени финасиски средства. Ô Лобирање за интересите на членовите на мрежата. Годишна чланарина: 24 000 денари Ô

BISE Forum (Building Integration through Specific Exchanges) Во периодот од 26-28 октомври, во Софија се одржа средба на претставници на националните мрежи за енергетска ефикасност од 27 земји на Европа, органиирана од страна на European Commission DG TREN, French Ministry for Foreign Affairs, ADEME, Energy Citee и EnEffect .

ЗДРУЖЕНИ СМЕ ПОСИЛНИ

Со здружувањето во мрежата МОМЄЄ општините ќе ги реализираат следниве придобивки и предности: Ô

Ô

Ô

Зголемување на ЕЕ како средство за разрешување на важни национални задачи од енергетската и еколошката политика. Намалување на буџетските расходи за енергија на општината и создавање услови за искористување на заштедените средства за друга намена од приоритетната листа на општината. Смалување на потрошувачката на енергија кај крајните потрошувачи на ниво на општина и создавање на поволна клима за општествена поддршка за спроведување на општинската политика за штедење на енергија. Со зачленувањето ќе се овозможи:

Ô

Ô Ô Ô

Ô Ô

Ô

Меѓусебна размена на информации (преку МАЦЕФ) за техничките постигнувања и нови технологии за слични пректи кои се предвидени на општинско ниво (рехабилитација на згради- школи, администрција, градинки, домови; улично осветление; водовод; пречистителни станици; собирање на комунален смет). Заедничка разработка и управување со ЕЕ проекти. Меѓусебно помагање за надминување на пречките за ефикасно користење на енергијата. МАЦЕФ организира тренинг курс за обука од областа на енергетска контрола на објектите и изработка на Општински енергетски биланси, со поддршка на Норвешката влада. Членовите на мрежата ќе имаат пристап до вкупната документација, а ќе добијат и бесплатен софтвер кој ќе можат да го користат за свои потреби при изработката на Плановите за економски развој на општината, поттикнувањето на малите претпријатија и изработката на енергетските биланси. Добивање на печатените материјали приготвени од МАЦЕФ бесплатно, или со бенефицирана цена. Информации за меѓународни фондови од каде можат да се побараат и добијат грантови за предвидените проекти. Техничка помош при приготвувањето на апликациите за овие грантови.

Дел од учесниците

На овој форум учествува градоначалници, претставници на националните општински мрежи, претставници на државните агенции за енергетска ефикасност, претставници на министерствата за енергетика, како и високи претставници на ЕУ од областа на енергетиката, претседателот и секретарот на UNECE Energy Efficiency 21, како и тричлена македонска делегација како претставник на МОМЕЕ (Македонската Општинска Мрежа за Енергетска Ефикасност).

Градоначалникот Сокол Митровски во разговор со претставничката на Велење (Словенија) На првиот состанок на БИСЕ форумот во Гренобл (Франција) претседателот на МАЦЕФ е избран за член на секретаријатот на БИСЕ Форумот.

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте не’ на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3099 216 и 3099 432, факс 02 3099 298, e-mail: macef@mf.ukim.edu.mk www.macef.org.mk


ИНФОМАЦЕФ 31

Основните цели на БИСЕ процесот се: • Креирање нови или зајакнување на постоечките национални и регионални асоцијации на општините во областа на енергетиката (“energy cities”) • Креирање на стален Интелигентен Енергетски Форум на Европските Општини (именуван како БИСЕ Форум) како место за размена на информации меѓу асоцијациите на општините и останатите Европски партнери со цел да: • да го забрзаат процесот на расејување на собраното знаење (“acquis communautaire”); • Да ја промовира потребата од Специфичен Акционен План за Енергетска Ефикасност во БИСЕ земјите, за да се намали јазот во однос на енергетските перформанси помеѓу овие и најразвиените ЕЗ-15 земји, што е можно побрзо;

Страна 4

RENEUER (www.reneuer.com)

RENEUER е формирана по иницијатива на претставници на владите, невладините организации и претпријатијата од 8 земји и тоа Албанија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Србија и Црна Гора, Македонија, Молдавија, Романија и Хрватска. Основната задача на оваа мрежа е да се ангажира за решавање на проблемите за ефикасна употреба на енергијата и водата во земјите од Југоисточна Европа. RENEUER ги дефинира основните определби во областа на ефикасното користење на енергијата и водата преку анализа на проблемите со кои се среќаваат земјите од Југоисточна Европа и можностите за нивно решавање.

teking@mt.net.mk ekovesti@eko.net.mk www.eko.net.mk

Новости од другите земји

Панел сесија - водители

Да акумулира ресурси за развој и примена на заеднички програми за општините во Централните и Источно Европските земји; • Да ја интензивира размената на информации за горенаведените цели меѓу општините во Европа и останатите потенцијални партнери; • Да организира ефективно партнерство со власта, биснисот и непрофитните организации за да се подготват релевантни активности; • Да се иницираат, засилат и помогнат позитивните промени во законодавството, економското и социјалното опкружување Посебна промотивна сесија беше посветена на програмата Европска Зелена Книга за Енергетската Ефикасност (European Green Paper on Energy Efficiency) насловена Да направиме повеќе со помалку вложено (“Doing more with less”). Оваа програма во електронска форма ја доставуваме на членовите на МАЦЕФ на нивно барање.

Заинтересираните колеги кои сакаат да станат активни членови на МАЦЕФ, треба да се јават на нашата адреса, за да ги добијат потребните формулари за зачленување. Колегите со поголемо искуство и резултати во оваа област, со желба да бидат внесени во меѓународниот регистер на експерти, ги замолуваме да контактираат со нас, за да им го доставиме потребниот формулар. Тоа не значи и обврска да се биде член на МАЦЕФ. РЕГИОНАЛНА МРЕЖА ЗА ЕФИКАСНО КОРИСТЕЊЕ НА ЕНЕРГИЈАТА И ВОДАТА

Тирана 6-7.12.2005 Интегрирано Енергетско Управување во Југоисточна Европа Во организација на Европската Комисија (EC) и Стопанската комора на Луксембург-Белгија- Југоисточна европа, ќе се одржи наведениот Форум. Презентери се претставници на Министерствата за енергија на Албанија, Србија, Македонија, Босна, како и претставници на енергетски агенции од Белгија, Англија, Холандија, Франција и Германија. МАЦЕФ учествува како повикана организација да ги презентира искуствата од Македонија. Соите заинтересирани за присуство на оваа значајна европска манифестација, можат да ги добијат подеталните информации во МАЦЕФ

Корисни web-адреси http://international.vrom.nl/ http://www.mobilityweek-europe.org/ http://www.energie-cites.org/ http://www.sydneywater.com.au/ http://www.mango.org.mk/ http://www.unfccc.org.mk/

Манифестации Обука за млади еколошки лидери од Централана и Источна Европа (од 27 март до 8 април, 2006) Краен рок за аплицирање 21 јануари 2006 Повеќе информации на http://www.rec.org/ Работилници за трговија со емисии Еднодневна работилница за оптимизација на трговијата со CO2. Датуми: 15.12.2005, 17.3.2006 Работилниците ги организира Offenbach Environment Institut.

Контакт информации:

Umweltinstitut Offenbach, Frankfurter Straße 48 , D-63065 Offenbach Тел: (069) 81 06 79 Тел/факс: (069) 82 34 93 mail@umweltinstitut.de

Уредник: Проф. Д-р К. Димитров Центар за енергетска ефикасност на Македонија Тех. Секретар. А.Манчевски, Н. Парапунов 3а/52 1000 Скопје Тел. 02 3099 216, факс: 02 3061 013 e-mail: macef@mf.ukim.edu.mk

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте не’ на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3099 216 и 3099 432, факс 02 3099 298, e-mail: macef@mf.ukim.edu.mk www.macef.org.mk

31 infomacef  
31 infomacef  
Advertisement