Page 1

ЦЕНТАР ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ НА МАКЕДОНИЈА

Број 2

Мај 2003

МАЦЕФ МАЦЕФ промовира енергетска ефикасност и почиста животна средина

Во овој број: Од уредникот Центар за енергетска ефикасност на Македонија МАЦЕФ Регионална мрежа за ефикасно користење на енергијата и водата RENEUER Новости од Македонија Новости од другите земји Корисни web-адреси Манифестации OД УРЕДНИКОТ Почитувани членови на МАЦЕФ и читатели кои сакаат да се информираат повеќе за проблематиката на енергетската ефикасност и манифестациите кои се случуваат во земјата и околу неа. Веќе е пред Вас и вториот број на Информаторот на Центарот за Енергетска Ефикасност на Македонија – МАЦЕФ. За првиот број добивме бројни честитки и желби да истраеме во нашата заедничка работа – Редовно информирање за случувањата од областа на енергетиката, а посебно енергетската ефикасност и екологијата, како нераскинливо двојство. Добивме и корисни и добронамерни забелешки – посебно од областа на техничката подготовка и тоа како прво: да се зголеми фонтот на буквите, како и да се одбегнува користењето на кириличен фонт директно транскрибиран од страна на Микрософт, туку да се користат фонтовите (на пример: Мац Ц Тимес и сл.). За да се одбегнат овие проблеми, електронската верзија на ИнфоМАЦЕФ ќе биде представена како pdf. фајл. Вистинското меѓусебно информирање ќе добие на својот квалитет ако и Вие активно учествувате со свои прилози или информации (по е-маил или и телефон). Тие ќе најдат место во овој наш заеднички информатор. Посебно ги повикуваме останатите Невладини здруженија, асоцијации и друштва од областа на енергетиката, да не’ информираат за своите активности, а ние таа информација ќе ја пренесеме до нашите членови и симпатизери. Проф. Д-р Константин Димитров

ЦЕНТАР ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ НА МАКЕДОНИЈА МАЦЕФ МАЦЕФ е доброволно научно здружение, основано да делува во рамките на Република Македонија и надвор од неа. МАЦЕФ е член на меѓународната мрежа за енергетска ефикасност RENEUER (Regional Network on Efficient Use of Resources). МАЦЕФ има поддршка и тесно соработува со ALLIANCE TO SAVE ENERGY фондација формирана од Сенатот на САД и делумно финансиски поддржана од USAID.

МАЦЕФ стана член на Асоцијацита на Консултантски организации, нудејќи професионални експертски услуги од својот делокруг на работа, во земјата и надвор од неа. ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ не значи упростено штедење на енергија на сметка на квалитетот на живеење, туку се подразбира производство, или остварување на квалитетни услови за работа и живеење (дури и нивно подобрување) со помала потрошувачка на енергија! .

Се предвидува членовите на МАЦЕФ, својата активност и размена на информации да ја реализираат преку работни тимови/групи. Врз основа на потребите, интересот и предлозите на членовите набележани се следниве подрачја: Електроенергетика Термоенергетика, Термоцентрали, Хидроцентрали, Електропреносни системи, Комплексна енергетика, Обновливи извори на енергија, Гасификација, Домување, Снабдување со вода, Екологија, Топлификација, Когенеративни системи, Закони, регулатива, стандарди, Меѓународна енергетска компетентност, Мотори свс, Математичко моделирање на енергетски системи, Техно-економска анализа и оптимирање на системи и постројки.

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте не’ на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 399216, факс 02 361 013, e-mail: macef@ereb1.mf.ukim.edu.mk


ИНФОМАЦЕФ

Страна 2

МАЦЕФ ја реализира работната обврска добиена од Министерството за образование и наука да изврши контрола на системите за греење во неколку основни училишта. Врз основа на елаборатите, при остварување на финансиски прилив, се очеква интервенција за подобрување на нивните работни услови.

корисници, скусувајќи го потребното време за реализација на добри проекти од доменот на енергетската ефикасност.

Остварена е средба со носителите на програмот од ГТЗ. Договорено е да се усогласат работните планови и да се реализира максимална соработка, како и евентуално учество на членовите на МАЦЕФ во реализацијата на конкретните проекти водени од страна на ГТЗ. Во соработка со Alliance To Save Energy и ЗЕЛС, МАЦЕФ подготвува материјал за одржување на 4 тренинг курсеви за потребите на локалната самоуправа, од областа на енергетската ефикасност и ефикасното користење на водните ресурси. На секој од овие курсеви се планира учество на претставници од 6-7 општини. Содржината на предвидените курсеви е следната: Дефинирање на проблемот на ниво на држава и локална самоуправа Локалната самоуправа и енергетската политика Потреби за енергија на ниво на општина и улогата на правилното управување Потреби за вода на ниво на општина и улогата на правилното управување Јавно осветление Снабдуавње со топлинска енергија Користење на трајни енергетски извори Мотивација за примена на методите за енергетска ефикасност

Презентација на програмата на РЕНЕУЕР и МАЦЕФ во Женева, 2002 година, од страна на Проф. К. Димитров

Активностите за формирање на мрежата започнаа 1999 година. Национален координатор за овој проект е Г-ѓа Виолета Кецкаровска (Министерство за економија на Македонија), а делегиран национален експерт Проф. Д-р Константин Димитров (Машински факултет Скопје).

Заинтересираните колеги кои сакаат да станат активни членови на МАЦЕФ, треба да се јават на нашата адреса, после што ќе ги добијат потребните формулари за зачленување. Колегите со поголемо искуство и резултати во оваа област, со желба да бидат внесени во меѓународниот регистер на експерти, ги замолуваме да контактираат со нас, за да им го доставиме потребниот формулар. Тоа не значи и обврска да се биде член на МАЦЕФ. РЕГИОНАЛНА МРЕЖА ЗА ЕФИКАСНО КОРИСТЕЊЕ НА ЕНЕРГИЈАТА И ВОДАТА RENEUER (www.reneuer.com) РЕНЕУЕР е формиран од страна на 8 земји и тоа Албанија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Југославија, Македонија, Молдова, Романија и Хрватска. Основната цел за формирање на оваа мрежа е да стане врска меѓу инвеститорите од странство и домашните

Состанок на Управувниот одбор на проектот Енергетска Ефикасност 21 во Женева

Во периодот од 26-29 Мај во Женева се одржува редовниот состанок на Управниот одбор на United Nations Economic Commission for Europe, Energy Efficiency 21 Project, на кој не’ претставува Националниот координатор на проектот Г-ѓа Виолата Кецкаровска. На дневниот ред ќе бидат и точките: •

Проекти за енергетска ефикасност, редуцирање на CO2 емисијата и Кјото протоколот,

Спроведување на Проектот Енергетска ефикасност 21,

Регионална мрежа за Ефикасно користење на енергијата и водата RENEUER,

Проект Енергетска ефикасност 21 – следна тригодишна фаза,

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте не’ на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 399216, факс 02 361 013, e-mail: macef@ereb1.mf.ukim.edu.mk


ИНФОМАЦЕФ

Страна 3

Во рамките на состанокот се одржува и тренинг семинар со тема: Financing Energy Efficiency Investments. Ќе се реализира и состанок на UNF/UNFIP Тимовите за Инвестирање во енергетската ефикасност заради ублажување на климатските промени.

приватизација во компаниите кои се бават со топлификација. При тоа беа реализирани средби во Топлификација Скопје, одделот Енергетика-ЕСМ во Железарница Скопје, како и Битолската компанија за снабдување со топлинска енергија.

Новости од Македонија Во периодот од 3 до 7 јуни за прв пат во Македонија се организира Меѓународен Саем за Енерегетика

Работен состанок во Битола

На 15.4.2003 година се одржа презентација на производите и активностите на компанијата WILO. Опремата беше прикажана во специјализирано возило, а атмосферата ја дополнија пријатната музика, коктелот како и радоста на среќните добитници на наградите. На 13.5.2003 година, во организација на Друштвото на Термичарите на Македонија, во просториите на Машинскиот факултет во Скопје, се претстави фирмата HERZ. На околу 35 термичари им беа презентирани употребата на радијаторските вентили, автоматските регулациони вентили на диференцијален притисок, како и опрема за подно греење. На 16.5.2003 година, Одборот за енергетика при Стопанската комора на Македонија одржа состанок во просториите на браната КОЗЈАК.

Се покануваат сите членови на МАЦЕФ како и останатите ентузијасти, да го посетат саемот и да земат активно учество во придружните манифестации

teking@mt.net.mk Во периодот од 18 до 23 април во Македонија, во организација на МАЦЕФ, реализира работна посета Г-ѓата Angela Morin, проект координатор на Alliance to Save Energy. Темата на нејзината посета беше поврзана со развојот и процесите на

На овој состанок беше презентирана идејата да се искористат водите кои треба да протекуваат како биолошки минимум, во периодот кога не работат

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте не’ на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 399216, факс 02 361 013, e-mail: macef@ereb1.mf.ukim.edu.mk


ИНФОМАЦЕФ

Страна 4

турбините. Од стручната служба на ЕСМ се добија следните податоци: ¾ ¾ ¾ ¾ ¾

проценет биолошки минимум инсталирана моќ на турбината произведена електрична енергија потребни инвестиции период на исплата на средствата

2.1 m3/s, 1760 kW, 15.5 kWh/god 400 000 Евра, 1 година.

Идејата го заслужува вниманието, бидејќи претставува придонес кон поефикасно користење на ресурсите кои ни’ се на располагање! На 9 и 10.5.2003 година се одржа успешна тркалезна маса организирано од ЗЕМАК со наслов: РЕК Битола – перспективите како енергетски стожер на Република Македонија. За оваа манифестација, рефератите се приложени во многу квалитетен зборник.

http://www.greenbiz.com/news/news_third.cfm?NewsID=24704 UK WIND POWER UNDER THREAT FROM POLITICAL UNCERTAINTY Britain's wind power industry said its future development is under threat as uncertainty about the government's long-term policy on green energy makes it difficult to secure financing for new projects. http://www.planetark.org/dailynewsstory.cfm/newsid/20794/story.h tm WASHINGTON, DC, US (SolarAccess): REPORT: 34 STATES FAIL ON COMMITMENT TO RE. In the US a national study released Tuesday by the Union of Concerned Scientists found that in the absence of federal leadership, 19 states have acted to increase the nation's supply of wind, solar and other Renewable Energy resources, but that only five states account for 80 per cent of the projected gains. http://www.solaraccess.com/news/story?storyid=4290

Корисни web-адреси Web-adresi za meѓunarodni tenderi za Kosovo: 1. Administrativнa i tehniчka IT oprema za industrijata za jaglen na Kosovo http://www.europa.eu.int/comm/europeaid/tender/data/AOF3 7820.htm 2. Nabavka na povrшinski ventilacionen sistem za rudnicite Hajvalia i Trepчa http://www.europa.eu.int/comm/europeaid/tender/data/AOF3 8261.htm 5. Nabavka na sistem za snabduvaњe so voda za pieњe http://www.europa.eu.int/comm/europeaid/tender/data/AOF3 8309.htm

Манифестации

Заклучоците треба да бидат доставени до сите релевантни фактори во државата, а ќе бидат објавени и во следниот број на часописот ЕНЕРГЕТИКА.

Во периодот од 13-17 мај, во Истанбул, Турција, се одржа редовно годишно собрание на BENA, Балканска Асоцијација за Екологија. На оваа средба присуствуваше четиричлена македонска делегација, со свои реферати.

Новости од другите земји BMW USING RECYCLED METHANE GAS AS ENERGY SOURCE BMW Manufacturing Corp. has begun recycling methane gas as an energy source. The recycled methane gas, drawn from the Palmetto Landfill near Spartanburg, will supply BMW with 25% of its energy needs

2-15 June 2003, Измир, Турција Меѓународна летна школа за геотермална геохемија. Информации: Проф. Д-р Кирил Поповски, МАГА – Македонската Асоцијација за геотермална енергија, isskiril@sonet.com.mk, Телефон: 070 262 044 26-27 June 2003 Sheraton Sofia Hotel Balkan, Bulgaria Adam Smith CONFERENCES: Strategic Investment in South-East European Gas and Power; www.asi-conferences.com Котизација: 1495 Евра 11-13.9.2003, Reykjavik, Iceland Sustainable use and Operating Policy for Geotehrmal Resources Информации: Проф. Д-р Кирил Поповски, МАГА – Македонската Асоцијација за геотермална енергија, isskiril@sonet.com.mk, Телефон: 070 262 044 22.5.2003 четврток 13 часот- МАНУ Скопје - Предавање Проф. Златко Димчовски (Универзитет во Женева)

Нови примени на дигитални медицината и индустријата

радиоскопски

системи

Уредник: Проф. Д-р К. Димитров Центар за енергетска ефикасност на Македонија Тех. Секретар. Л. Хаџиева, дипл.ел.инж. Н. Парапунов 3а/52 1000 Скопје Тел. 02 399 216, факс: 02 361 013 e-mail: macef@ereb1.mf.ukim.edu.mk

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте не’ на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 399216, факс 02 361 013, e-mail: macef@ereb1.mf.ukim.edu.mk

во

2 infomacef  
Read more
Read more
Similar to
Popular now
Just for you