Page 1

Број 29

ЦЕНТАР ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ НА МАКЕДОНИЈА

Август 2005

МАЦЕФ МАЦЕФ промовира енергетска ефикасност и почиста животна средина

Во овој број: Õ Од уредникот Õ Центар за енергетска ефикасност на Македонија МАЦЕФ Õ Регионална мрежа за ефикасно користење на енергијата и водата RENEUER Õ Новости од Македонија Õ Новости од другите земји Õ Корисни web-адреси Õ Манифестации

OД УРЕДНИКОТ

Почитувани колешки и колеги, членови на МАЦЕФ! Подготовката на овој број, за време на ударните летни одмори, е скоро целосно дело на младите членови, кои полека, но сигурно треба да ја превземат уредувачката политика. Во исто време, со новите можности кои ни ги нуди нашата и Вашата web страница, се збогатуваат содржините, како и галеријата на слики. Таа ќе ни овозможи да Ви претставуваме квалитетни стручни трудови од истакнати експерти (домашни и странски), но и трудови на многу млади колеги, кои сакаат да се презентираат пред техничката јавност. Во исто време стартуваме и нова содржина – претставување на наши колеги кои работат на реализацијата на проекти од областа на енергетиката, како и на компании кои се активни во ова подрачје. Нашата цел е да овоможиме подобро меѓусебно запознавање и информирање. Го најавуваме организирањето на првиот тренинг курс од областа на енергетската ефикасност, кој е финасиски поддржан од Норвешката влада, а делумно и од УНДП. Постои намера да се организира и меѓународен семинар со истата тематика на 3 октомври! Извонредна вест е најавата на почетокот на изградба на првиот приватен производител на електрична и топлинска енергија (IPP) во Македонија, каде што од Македонска страна како носител на проектот е АД Топлификација Скопје. Ви пожелуваме успешни денови во есента која ќе биде исполнета со активности од областа на енергетиката: нови правилници за цената на топлинската енергија приготвени од страна на Регулаторната комисија, почеток на оформување на државната Агенција за енергетика, непосредни спогодби за продажба на ЕСМ ...

Проф. Д-р Константин Димитров ЦЕНТАР ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ НА МАКЕДОНИЈА МАЦЕФ МАЦЕФ е доброволно научно здружение, основано да делува во рамките на Република Македонија и надвор од неа.

МАЦЕФ е член на меѓународната мрежа за енергетска ефикасност RENEUER (Regional Network on Efficient Use of Resources). МАЦЕФ има поддршка и тесно соработува со ALLIANCE TO SAVE ENERGY фондација формирана од Сенатот на САД и делумно финансиски поддржана од USAID. МАЦЕФ e член на Асоцијацита на Консултантски организации, нудејќи професионални експертски услуги од својот делокруг на работа, во земјата и надвор од неа. МАЦЕФ е дел од мрежата managenergy формирана од страна на European commission DG Energy and Transport www.managenergy.net .

Активности на МАЦЕФ ТЕ-ТО АД Скопје Во центарот на вниманието овој месец беше потпишувањето на договор за изградба на комбинирана когенеративна гасна постројка за производство на електрична и топлинска енергија во Скопје. Проект од ваков тип е новина во Република Македонија. Иницијаторот, АД Топлификација Скопје, направи исчекор во регионалната енергетика со изградба на постројка во која ќе бидат имплементирани напредни технологии според светските стандарди. Ние како млада редакција на ИнфоМАЦЕФ бевме заинтересирани за подробности од овој проект, бидејќи сметаме дека перспективата на енергетиката кај нас е токму во вакви (и слични) проекти. Со таа цел тропнавме на вратата на претседателот на Управниот одбор на ТЕ-ТО (Друштво за производство на електрична и топлинска енергија) Ивица Секованиќ, и побаравме од него да ни го претстави проектот одблизу. Повеќе... Интензивна работа на проектот MDW/MGGF МАЦЕФ ги приготви основните три предлози за добивање финансиска помош од наведениве програми за училишта во општините Велес, Сарај и Кичево (Concept Papers). Тие се прифатени од страна на УСАИД и сега е во подготовка целосната Апликација за овие три општини. Во исто време се приготвува Младинска Доброволна Програма, која треба да се спроведе во училиштето во општина Сарај. Меѓународен семинар Енергетска ефикасност 3.10.05 Во соработка со компанијата Energy Saving International од Норвешка, МАЦЕФ ќе организира промотивен семинар за соработката во регионот и имплементацијата на мерките за енергетска ефикасност. Планирано е учество на тим од Норвешка, УСАИД, УНДП, Министерството за економија и Машинскиот факултет. Членовите на МАЦЕФ ќе бидат навреме известени за конкретната програм и можноста за учество (лимитиран број). Доплнителни информации ќе можат да се најдат на нашата web страна.

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте не’ на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3099216, факс 02 3061 013, e-mail: macef@mf.ukim.edu.mk www.macef.org.mk


ИНФОМАЦЕФ 29

Заинтересираните колеги кои сакаат да станат активни членови на МАЦЕФ, треба да се јават на нашата адреса, за да ги добијат потребните формулари за зачленување. Колегите со поголемо искуство и резултати во оваа област, со желба да бидат внесени во меѓународниот регистер на експерти, ги замолуваме да контактираат со нас, за да им го доставиме потребниот формулар. Тоа не значи и обврска да се биде член на МАЦЕФ.

РЕГИОНАЛНА МРЕЖА ЗА ЕФИКАСНО КОРИСТЕЊЕ НА ЕНЕРГИЈАТА И ВОДАТА

RENEUER (www.reneuer.com)

RENEUER е формирана по иницијатива на претставници на владите, невладините организации и претпријатијата од 8 земји и тоа Албанија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Србија и Црна Гора, Македонија, Молдавија, Романија и Хрватска. Основната задача на оваа мрежа е да се ангажира за решавање на проблемите за ефикасна употреба на енергијата и водата во земјите од Југоисточна Европа. RENEUER ги дефинира основните определби во областа на ефикасното користење на енергијата и водата преку анализа на проблемите со кои се среќаваат земјите од Југоисточна Европа и можностите за нивно решавање.

teking@mt.net.mk

Новости од Македонија Повик за апликации за национални Пилот Проекти Невладините организации во Југоистоцна Европа (ЈИЕ) ке добијат финансиска помос за учество во практичното имплементирање на Архуската Конвенција на локално ниво, на полето на Пристап до Информации и Учество на Јавноста во Процесот на Донесување на Одлуки за животна средина. Регионалниот центар за заштита на животната средина за Централна и Источна Европа, објавува повик за апликации за национални Пилот Проекти (на англиски јазик) како интегриран дел од регионалниот проект “Подобрување на Праксата на Учество на Јавноста: Следни Чекори во Имплементацијата на Архуската Конвенција во Албанија, Босна и Херцеговина, Република Македонија, Србија и Црна Гора, Косово/а (под администрација на ОН)” финансиран од страна на Министерството за Надворешни работи на Холандија. Соодветниот пакет документи потребни за апликацијата и водичот ќе бидат достапни на веб страната на РЕЦ и канцелариите на РЕЦ, од 5 септември 2005 година. www.rec.org.mk Краен рок за аплициранје: 6 октомври 2005 година. „Лукоил Македонија“ почна со увоз на нафта Нафтената компанија „Лукоил Македонија“ минатата недела добила акцизна дозвола за увоз на нафта и нафтени деривати од Министерството за финансии и веќе започнала со увоз.

Страна 2

Како што дознаваме, компанијата закупила четири бензински пумпи од штипската фирма „Брилијант“. А, од пред околу две недели рускиот нафтен гигант ги превзеде складиштата за нафта и нафтени деривати на „Никопетрол“, кои се наоѓаат на периферијата на Штип. Досега во „Лукоил Македонија“, регистрирана на 20 мај годинава, се вработени осуммина. „Лукоил Македонија“ поднела до Регулаторната комисија за енергетика и барање за лиценци за работа за складирање на нафта и нафтени деривати и за трговија со нив. Дозволите за работа се дел од новините по отворањето на енергетскиот пазар во земјава, кои се предвидени со последните измени на Законот за енергетика. Од компанијата најавуваат и реализација на планот за изградба на 40 бензиски пумпи во земјава, за што во Русија се договорија премиерот Владо Бучковски и раководството на „Лукоил“. Повеќе.... Цените на бензините достигнаа рекордни висини Бензините и дизелот повторно поскапуваат. Со најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика, рафинериските и малопродажните цени на нафтените деривати се зголемуваат во просек за 5,49 %, односно за 3,58 %. Малопродажната цена на МБ - 96 се зголемува од 66 на 68 денари за литар, или за два денара, цената на БМБ - 90 од 62,50 денари се зголемува на 64,50 денари за еден литар, БМБ - 95, наместо 63, ќе чини 65 денари, додека цената на дизелот од 52,50 се зголемува на 54,50 денари за литар. Цените на мазутите М1 и М2 се зголемуваат за незначителни 0,471 , односно за 0,472 денари за килограм. Повеќе... БУГАРИЈА БАРА СОРАБОТКА Бугарскиот претседател Георги Прванов ги повика своите колеги од Македонија, Србија и Црна Гора, Грција и Турција заеднички да ја изградат нуклеарната централа „Белене”. Експертите ја поздравуваат оваа идеја и сметаат дека иднината во енергетскиот сектор треба да се гледа во заеднички инвестиции во нови извори на енергија Европските медиуми проценуваат дека изградбата на нуклеарната централа „Белене” во иднина ќе и овозможи голема енергетска предност на Бугарија, во однос на земјите од Европската унија. Според европските директиви до 2012 година мора да се затворат 60% од европските нуклеарни централи, кои сега се најголеми производители на електрична енергија. Повеќе... Лиценци за вршење енергетски дејности Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија на седницата на МЕА, што се одржа на 9 јуни во Стопанската комора на Македонија, го стави на јавна расправа Правилникот за условите, начинот и постапката за издавање, менување и одземање лиценци за вршење енергетски дејности. Повеќе...

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте не’ на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3099216, факс 02 3061 013, e-mail: macef@mf.ukim.edu.mk www.macef.org.mk


ИНФОМАЦЕФ 29

Загадени: Вардар, Тополка и Бабуна Државниот санитарен и здравствен инспектор д-р Весна Вишнова, по извршената анализа на водата од реките Тополка, Бабуна и Вардар кај Велес, констатираше дека тие не се исправни за пиење, капење и наводнување . Поради ова, државниот санитарен инспектор донесе решение за забрана за користење на водите од овие три реки, кои се со загаденост од четврта категорија и не се за употреба. Повеќе...

ekovesti@eko.net.mk www.eko.net.mk

Новости од другите земји Во Словенија стивнува аферата околу „расипаниот“ дизел Аферата околу расипаното дизел - гориво во Република Словенија стивнува. На сопствениците на возила кои поради расипаното гориво морале да ги сменат пумпите за висок притисок (бош-пумпите) штетата им е надоместена. Според лабораториските анализи, причина за расипувањето се високоите температури, поради кои се развиле микроорганизми што довеле до расипување на горивото. Во дизелот, произведен од фосилна нафта, во „Петрол” се додаваат пет проценти биодизел и така измешано горивото се продава на пумпите. Од „Петрол”, инаку, веќе ја признаа грешката, а осигурителното друштво „Триглав” ја плати предизвиканата штета. Од август минатата година во „Петрол” горивото се меша според стандардите на одредбите на словенечкото Министерство за животна средина и биогорива. Правилникот за тоа е донесен врз основа на упатствата на Комисијата на ЕУ за намалувањето на штетните гасови во атмосферата, со мешање на биогорива и фосилните горива. До 2010 година, на барање на ЕУ, во вкупната потрошувачка Словенија мора да достигне учество на биогорива во висина од 5,75 проценти. Тоа се европски стандарди кои Словенија, како полноправна членка на Унијата, мора да ги почитува. Бидејќи „дежелата“ уште не произведува, ниту пак меша биоетанол (додаток на бензин), обврзувачката квота Словенија настојува да ја исполни со биодизел. Првите количества на биоетанол, пак, ќе се измешаат со бензин во 2007 година. Кампања за Енергетска Ефикасност во германските опшини Околу две третини од трошоците за енергија на локалните власти (повеќе од 2 милијарди евра годишно) се прават во општинските згради. Според изработената студија, 30% од овие трошци можат на се намалат со воведување на стратегија за енергетска ефикасност.

Страна 3

Германската Енергетска Агенција ДЕНА издаде документ наречен „Договорна-Офанзива за општинските згради“ кој ќе им помогне на локалните власти да изнајдат партнери и да склучат договори со кои ќе постигнат енергетска ефикасност и ќе ги намалат трошоците за енергија. Како додаток на ова локалните власти ќе добијат стручна помош во подготвувањето и имлементацијата на локалните тендери. На страницата www.contractingoffensive.de локалните власти, компаниите кои нудат експертски услуги и заитересираната јавност можат да добијат детални информации за понудените можности и склучените договори. Ладење со биомаса Во Германија, производството на енергија од биомаса доживува експанзија. Повеќето инсталирани постројки произведуваат исклучиво топлина иако постојат технички можности тие да призведуваат енергија за ладење, што би имало голем пазарен потенцијал. На семинарот „Ладење со биомаса“ во Ферграунд Аугсбург, Германија, на 23-ти септември, ќе биде презентирана физибилити студија за ладилна технологија базирана на согорување на биомаса. Производството на ладилна енергија од отпад во постројките може да доведе до подобрување на коефициентите на полезност и задоволување на локалните енергетски потреби. Со новиот метод би се постигнало подобро искористување на согореното гориво и зголемување на бројот на работни часови на постројките. Во меѓувреме, неколку постројки веќе го користат овој метод и произведуваат ладилна енергија со различни температури. Добиената енергија се користи за ладење и климатизирање. Некои од овие проекти ќе бидат презентирани во текот на семинарот. Енергија од реки со мирен тек Дури и реките со мирни текови содржат огромно количество на енергија, па една Норвешка компанија WPI (Water Power Industries) конструираше водна турбина која таа енергија ја претвора во електрична. Пилот инсталација успешно функционира во реката Pikerfoss од Октомври 2003 год. Инсталацијата се состои од три вертикални водни крила со форма како авионските крила прикачени на еден

ротор. Принципот на работа е како кај класичните водни турбини. Решението на WPI типично за овие турбини е тоа што се врши искористување на надворешните текови на вода (без куќиште за насочување на водениот

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте не’ на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3099216, факс 02 3061 013, e-mail: macef@mf.ukim.edu.mk www.macef.org.mk


ИНФОМАЦЕФ 29

флукс) и нема потреба од изградба на брана и хидроцентрала, потребно е само да се прицврсти (усидри) и да се поврзе на енергетската мрежа. Нејзиното преместување и отстранување е мошне лесно со што претставува реверзибилно и еколошко решение. Мониторингот и автоматската регулација на положбата на крилата се врши компјутерски со што се врши оптимизирање на работата на турбината во зависност од побарувачката во системот. Роторот е во можност да искористи 50% од енергијата содржана во водениот флуид, додека теоретскиот максимум според научникот Hans Bethe е 59%. Ако тој максимум се надмине ке дојде до запирање на турбината. Во услови на мирен водотек со брзина од 3,5 [m/s] и стабилност во работата од 96%, турбина со капацитет од 0,5 [MW] може да произведе до 4,2 [GWh] електрична енергија годишно. Инсталација со овој капацитет има дијаметар од 15 [m] и перки со височина од 4 [m], а идеалната брзина на водениот тек е во опсегот од 1,0-3,5 [m/s]. Турбините од овој тип може да најдат примена во земјите во развој, особено во подрачја кои не се поврзани на електроенергетската мрежа. Сеуште е рано да се процени цената на чинење на една ваква турбина, но се очекува технологијата да биде комерцијализирана наскоро. Како ориентација мали инсталации (0,1 [MW]) чинат околу 1,5 милиони норвешки круни, поголеми(0,5 [MW]) околу 5 милиони, а за овој тип на инсталации проценето е дека во зависност од просечната годишна брзина на водата, каматите, периодот на враќање, трошоците ќе изнесуваат помеѓу 0,18 и 0,23 норвешки круни за киловат електрична енергија. Јапонска експанзија Јавното Јапонско претпријатие „J-Power“ треба да откупи отпад од Бразил во вредност од 2,82М емисиони единици. Со средствата од овој проект бразилската депонија треба да изгради постројка која ќе произведува и согорува метан од отпадот. Ова е воедно и најголема трансакција на емисиони единици што ја направила една азиска компанија. Повеќе… Извештај од истражување за насоките на сончевата енергија Извештајот е резултат на работилница во кој учествувале 200 научници од САД, Европа и Азија. Целта на работилницата била да се идентификуваат идните насоки за истражување во областа на сончевата енергија. Според извештајот најпрепорачлива насока за истражување во оваа област се молекуларни машини кои ќе ја претвораат сончевата светлина во хемиско гориво, интелегентни материјали кои ќе ја пренесуваат сончевата енергија без загуби и друго. Повеќе… Шпанија кон обновлива енергија Властите во Шпанија донесоа одлука да ја зголемат употребата на обновлива енергија во енергетскиот систем. Во идните 5 години енергијата од обновливи извори треба да достигне 12,1% од целокупната потрошувачка на државата. Повеќе…

Страна 4

Франција и Германија го притискаат САД Следниот чекор во интернационалниот дијалог за климатски промени ќе биде направен во Монтреал оваа година. САД би требало да ја сподели одговорноста со останатите земји, изјавија министрите за екологија на Франција и Германија. Повеќе… Украина го прифаќа Протоколот од Кјото Минатата недела Украинската Влада го усвои акционит план кој ја приближи државата кон Протоколот од Кјото. Повеќе… Контраверзни американци Еден од советниците за екологија во администрацијата на Буш поднесе оставка поради несогласување со акционит план на САД за намалување на климатските промени. Повеќе…

Корисни web-адреси http://international.vrom.nl/ http://www.mobilityweek-europe.org/ http://www.energie-cites.org/ http://www.sydneywater.com.au/ http://www.mango.org.mk/ http://www.unfccc.org.mk/

Манифестации Интернационален семинар за Европски проекти за развој на енергетиката и заштита на животната средина (22-23 септември 2005, Малта) Повеќе информации на www.eucenter.org/training/training.php Обука за млади еколошки лидери од Централана и Источна Европа (од 27 март до 8 април, 2006) Краен рок за аплицирање 21 јануари 2006 Повеќе информации на http://www.rec.org/

Работилници за трговија со емисии Еднодневна работилница за оптимизација на трговијата со CO2. Датуми: 29.9.2005, 15.12.2005, 17.3.2006 Работилниците ги организира Offenbach Environment Institut. Контакт информации: Umweltinstitut Offenbach, Frankfurter Straße 48 , D-63065 Offenbach Тел: (069) 81 06 79 Тел/факс: (069) 82 34 93 mail@umweltinstitut.de

Недела на Европска мобилност „Интелегентна спроводливост” 15-16 септември 2005, Лондон Повеќе… Конференција за климатски промени и бизнис, 3-5 октомври 2005, Киев Повеќе… Тркалезна маса на УНЕП 2005 25-26 октомври 2005, Њу Јорк Повеќе… Уредник: Проф. Д-р К. Димитров Центар за енергетска ефикасност на Македонија Тех. Секретар. А.Манчевски, Н. Парапунов 3а/52 1000 Скопје Тел. 02 3099 216, факс: 02 3061 013 e-mail: macef@mf.ukim.edu.mk

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте не’ на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3099216, факс 02 3061 013, e-mail: macef@mf.ukim.edu.mk www.macef.org.mk

29 infomacef  
Advertisement