Page 1

Број 28

ЦЕНТАР ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ НА МАКЕДОНИЈА

Јули 2005

МАЦЕФ МАЦЕФ промовира енергетска ефикасност и почиста животна средина

Во овој број: Õ Од уредникот Õ Центар за енергетска ефикасност на Македонија МАЦЕФ Õ Регионална мрежа за ефикасно користење на енергијата и водата RENEUER Õ Новости од Македонија Õ Новости од другите земји Õ Корисни web-адреси Õ Манифестации

OД УРЕДНИКОТ

Почитувани колешки и колеги, членови на МАЦЕФ! Летните горештини не го намалија интензитетот на активностите. Пред се продолжува интензивната работа на проектите за енергетска ефикасност во школите на општините Велес, Сарај и Кичево (Проект MDW/MGGF – преку IRG i EnCon International) . На состанокот на Министерот за образование со Градоначалниците, не беше правилно разбрана пораката на заменикот министер Проф. Д-р Тале Герамитчиев, кој потцрта дека мерките за енергетска ефикасност се вистинската иднина при справувањето со проблемите за обезбедување на енергија во училиштата. Се детаљизира и потпиша спогодба помеѓу МАЦЕФ, Машински факултет Скопје и ENSI Energy Savings International – Норвешка за организирање на тренинг курсеви за Универзитетот и Општините во Македонија. Активностите за реализирање на општинска мрежа за енергетска ефикасност MOMEE се при крај. Со потпишувањето на декларацијата за соработка на три општини, при што МАЦЕФ е носител на информатичката и секретарската дејност, се отвараат можности за регионално поврзување. Членовите на МАЦЕФ ќе бидат активно вклучени при техничката помош на општинските администрации, при подготовките на проектите од областа на енергетската ефикасност.

МАЦЕФ e член на Асоцијацита на Консултантски организации, нудејќи професионални експертски услуги од својот делокруг на работа, во земјата и надвор од неа. МАЦЕФ е дел од мрежата managenergy формирана од страна на European commission DG Energy and Transport www.managenergy.net .

Активности на МАЦЕФ Интензивна работа на проектот MDW/MGGF МАЦЕФ и ТИМЕЛ Проект интензивно работат на подготовката на материјалите за реализација на 3 демонстарциони проекти во училиштата во општините Велес, Кичево и Сарај. Вкупните инвестиции се проценуваат меѓу 70 000 – 110 000 $, а средствата се донација од USAID, преку горенаведените проекти. Реализирана е енергетска контрола (Energy Audit) врз основа на претходн утврдување на состојбата (Energy Scaning). Приготвени се Пријавите за добивање на донацијата (Concept Papers). Во едниот проект предвидено е ангажирање на учениците со анставниците – волонтерска младинска работа, при што вкупните материјални средства ќе бидат обезбедени од Фондацијата. И останатите училишта можат да конкурираат да добијат средства од овој фонд. Сите информации и техничка помош можат да ја добијат во МАЦЕФ. ENSI – Energy Savings International во Македонија Во периодот од 3-7 јули во Скопје престојуваше тричлена група на горенаведената норвешка фирма. Врз основа на претходната соработка со МАЦЕФ, норвешката влада издвои средства за организирање на два тренинг курса и тоа: • Обука на претставници на Универзитетот Кирил и Методиј од Скопје (претставници од Факултетот за архитектура, Градежен Факултет, Машински факултет, Тетовскиот Универзитет и членови на МАЦЕФ) за примена на развиен софтвер за контрола на енергетска ефикасност на објекти;

Ви пожелуваме пријатни и “ефикасни“ летни денови, Проф. Д-р Константин Димитров

ЦЕНТАР ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ НА МАКЕДОНИЈА МАЦЕФ МАЦЕФ е доброволно научно здружение, основано да делува во рамките на Република Македонија и надвор од неа. МАЦЕФ е член на меѓународната мрежа за енергетска ефикасност RENEUER (Regional Network on Efficient Use of Resources). МАЦЕФ има поддршка и тесно соработува со ALLIANCE TO SAVE ENERGY фондација формирана од Сенатот на САД и делумно финансиски поддржана од USAID.

Средба со проректорот Проф. Д-р Љубица Шутуркова во просториите на Ректоратот на Универзитетот

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте не’ на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3099216, факс 02 3061 013, e-mail: macef@mf.ukim.edu.mk www.macef.org.mk


ИНФОМАЦЕФ 28

Страна 2

општини е потребното гориво за загревање на училиштата (но и за другите општински објекти). За одбележување е дискусијата на колегата Проф. Д-р Тале Герамитчиовски, заменик Министер за образование, кој ги потсети градоначалниците дека “долгорочно гледано овој

проблем може успешно да се реши со примена на мерките на енергетската ефикасност“. Со тоа се смалува

Презентација пред учесниците во просториите на МАЦЕФ •

Обука на претставници на Локалната самоуправа за примена на софтвер за изработка на енергетски биланси за планирање на буџетите на општините и Економските развојни планови. МАЦЕФ е носител на дејноста во Македонија и учествува во преработката на софтверот на македонски јазик и внесување на економските параметри кои се важечки во нашата држава.

Во Министертсвота за заштита на животната средина

Во рамките на престојот на Норвешката делегација, оваа активност беше презентирана во Министерствата за локална самоуправа, Економија и Заштита на животната средина, на Машинскиот факултет и во Универзитетот Кирил и Методиј, како и на УНДП и УСАИД.

потрошувачката на гориво, се смалуваат трошоците во општините, а се подобрува и еколошката состојба. Овој став и препорака на Д-р Тале Герамитчиовски апсолутно ја поддржуваме и не радува фактот дека се посветува се повеќе внимание на можностите кои можат да се постигнат со примена на мерките на енергетската ефикасност во многу подрачја од секојдневниот живот и во индустријата. За жал дел од градоначалниците не ја разбраа оваа порака! Формирање на МОМЕЕ Во изминатиот период три општини – Ѓорче Петров, Кисела Вода и Сарај, потпишаа пријава за започнување на формирање на Македонската Општинска Мрежа за ЕнерМОМЄЄ гетска Ефикасност (MAMNEE Macedonian Municipal Network on Energy Efficiency). Основните цели на ова здружување се: Ô Зголемување на ЕЕ како средство за разрешување на важни национални задачи од енергетската и еколошката политика. Ô Намалување на буџетските расходи за енергија на општината и создавање услови за искористување на заштедените средства за друга намена од приоритетната листа на општината. Ô Смалување на потрошувачката на енергија кај крајните потрошувачи на ниво на општина и создавање на поволна клима за општествена поддршка за спроведување на општинската политика за штедење на енергија. МАЦЕФ ќе ја извршува секретаријатската улога (комуникации, организирање, информации, апликации за средтсва од странство, помош на членките при подготвување на документација за добивање на донации и сл.). Мрежата е во фаза на формирање. Материјалите ќе бидат доставени до сите општини (градоначалниците), а се објавени на нашата wеb страна. МОМЕЕ ќе има презентација на своите цели и почетни достигнувања на BISE FORUM во Софија, каде настапуваме со 4 члена делегација. Во септември имаме посета на администраторите од ENERGY CITEE мрежата, заради остварување на промотивна меѓународна манифестација во Македонија. Повеќе за МОМЕЕ и BISE FORUM на нашата web страна.

Заинтересираните колеги кои сакаат да станат активни членови на МАЦЕФ, треба да се јават на нашата адреса, за да ги добијат потребните формулари за зачленување. Дискусија за вклучување на УНДП во овј проект Беа посетени и можните учесници од локалната самоуправа и тоа општините Ѓорче Петров, Кисела Вода, Сарај и Кочани, а дополнителни информации беа доставени до градоначалниците на Центар и Карпош. Повеќе за оваа посета со информации за програмот на курсевите и основите на софтверот кој ќе се применува, придружено со фотогалерија на web страната на МАЦЕФ (www.macef.org.mk) Министерот за образование и Градоначалници На 19 7. се одржа работна средба на Министерот за образование со градоначалниците на општините, при што беа изнесени редица проблеми со кои се судри локалната самоуправа. Еден од битните проблеми кој го чувствуваат сите

Колегите со поголемо искуство и резултати во оваа област, со желба да бидат внесени во меѓународниот регистер на експерти, ги замолуваме да контактираат со нас, за да им го доставиме потребниот формулар. Тоа не значи и обврска да се биде член на МАЦЕФ.

РЕГИОНАЛНА МРЕЖА ЗА ЕФИКАСНО КОРИСТЕЊЕ НА ЕНЕРГИЈАТА И ВОДАТА

RENEUER (www.reneuer.com)

RENEUER е формирана по иницијатива на претставници на владите, невладините организации и претпријатијата од 8 земји и тоа Албанија,

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте не’ на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3099216, факс 02 3061 013, e-mail: macef@mf.ukim.edu.mk www.macef.org.mk


ИНФОМАЦЕФ 28

Бугарија, Босна и Херцеговина, Србија и Црна Гора, Македонија, Молдавија, Романија и Хрватска. Основната задача на оваа мрежа е да се ангажира за решавање на проблемите за ефикасна употреба на енергијата и водата во земјите од Југоисточна Европа. RENEUER ги дефинира основните определби во областа на ефикасното користење на енергијата и водата преку анализа на проблемите со кои се среќаваат земјите од Југоисточна Европа и можностите за нивно решавање.

teking@mt.net.mk

Новости од Македонија Реформите ги превзема агенцијата за енергетика Агенцијата за енергетика, за чие основање парламентот даде зелено светло, ќе ги координира реформите во енергетиката, ќе предлага стратегии и развојни планови и ќе презема активности за спроведување инвестициски проекти. Министерот за економија Фатмир Бесими појасни дека со оглед на тоа што се зајакнува инвестициската активност во енергетскиот сектор, агенцијата ќе пружа и услуги за подготвување на потребната тендерска документација за избор на стратегиски инвеститори што ќе гради нови енергетски објекти. Планирано е агенцијата да биде самостојна во својата работа, да се финансира од повеќе извори и да ја има поддршката од Владата. Од оваа институција се очекува стручна помош за креирање на енергетската политика во земјава, а треба да почне со работа в година, јави МИА. Институции од овој тип постојат веќе 30 години во повеќе земји од ЕУ и во повеќето држави во транзиција. Повеќе... Рекордни цени на нафтата Рекордните цени на нафтените деривати го потресоа стопанството, поради што бизнисмените бараат Владата да обезбеди пониски и стабилни цени ако не сака голема инфлација. Стопанствениците сметаат дека бензините и дизелот се прескапи и не одговараат на животниот стандард во земјава. Повеќе… Од јануари 2006 струјата поскапа за 20%? Најдоцна до октомври годинава Електростопанство на Македонија ќе бара од Регулаторната комисија за енергетика, цената на струјата да се покачи за 18 до 20 отсто. Новите цени се очекува да стартуваат од јануари идната година. Ова се сигналите испратени од работилницата на тема „Реформи во електроенергетскиот сектор“, организирана од Министерството за економија и "Транспарентност Македонија", што се одржа во Маврово. Аргументи за покачување на цената на електричната енергија за ЕСМ се високата цена на увезената струја и потребата од вклучување во инвестиционо-развојни проекти. Повеќе…

Страна 3

Ремонт во вториот блок на РЕК „Битола“ Во РЕК „Битола“ почна ремонтот на вториот енергетски блок, а првиот почна да работи бидејќи неговата реконструкција заврши. Помошник-директорот за производство Кире Видимче вели дека се поставува постојан систем за набљудување на гасовите, кој ќе биде пуштен во употреба за еден месец. Тој ќе биде монтиран на излезот од оџаците и 24 часа ќе го следи загадувањето. Тој соопшти и дека на површинскиот коп Брод-Гнеотино се отстранува јаловината, односно горниот слој на копот и досега се однесени 270.000 кубни метри земја. Експлоатацијата на 32М тони јаглен ќе почне во 2007 година. - Количеството јаглен што се наоѓа таму, заедно со јагленот од рудникот „Суводол“, ќе биде доволно РЕК "Битола" да работи во наредните 20 години - вели Видимче. Тој најавува истражувања и во близина на местото Живојно, за каде што се очекува да се најдат резерви од јаглен. РЕК „Битола“ е најголемиот производствен енергетски капацитет во земјава и задоволува 80% од потребите за струја. Повеќе... Спогодбено решавање на спорот за гасоводот Деновиве се очекува Владата да ја испрати до „Макпетрол“ платформата за спогодбено решавање на спорот околу сопственоста на гасоводниот систем. На „Макпетрол“ ќе му бидат понудени најмногу 49 отсто од сопственоста на гасоводот. Како привилегија се смета моментот што компанијата на почетокот има екслузивна предност за трговија пред другите компании, кои би се заинтересирале за таа дејност, односно веќе склучени договори и зделки за трговија со природен гас. Практично, предноста би била природна, со оглед на инфраструктурна подготвеност и веќе направените договори со повеќе компании за трговија со гас. Државата нема да дава никакви гаранции за предност на пазарот. Повеќе...

ekovesti@eko.net.mk www.eko.net.mk

Новости од другите земји Светска Банка одобри проект за Обновлива енергија во Хрватска Светска Банка на Хрватска и одобри проект за обновлива енергија кој би требало да овозможи поголемо користење на чиста енергија во Хрватска. Проектот ќе се финансира со донација од Глобалниот Еколошки Фонд (ГЕФ) во износ од 5,5М долари, а се очекува приватните комерцијални банки и корисниците на проектот да додадат уште 120М долари, соопшти Светска Банка.

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте не’ на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3099216, факс 02 3061 013, e-mail: macef@mf.ukim.edu.mk www.macef.org.mk


ИНФОМАЦЕФ 28

Европската биомаса на дланка На страницата www.bioxchange.de (пазар на биомаса) посетителите можат да добијат комплетни информации за био-енергетските производи, да бараат партнери за размена, да споредуваат цени и да ги оптимизираат своите дистрибутивните системи.Европската индустрија за биомаса тежи 8 милијарди евра годишно. Нов каталог на Еколошки софтвер PDF публикација на 34 страни која содржи опис на околу 30 одбрани софтверски апликации која овозможува читателите да добијат информации за бесплатен (или со ниска цена) софтвер кој се користи во екологијата, заштита на животна средина и географски информациони системи. Повеќе...

Рекорди кои ветуваат Spectrolab, компанија на Боинг, објави дека произвела Апсорбирачки сончеви келии кои претвораат 39% од дозрачената сончева енергија во електрична струја, што претставува нов светски рекорд. . Повеќе… Куќи од бали сено Во иднина ѕидовите на куќите, шталите, складишните хали, училиштата се очекува да се изработуваат од растителни материјали. Се претпоставува дека тоа ќе биде тренд во градежништвото. Повеќе (германски)… Месечникот на ManagEnergy за јули 2005 http://www.managenergy.net/news/news.html во него се содржани Активности на Европската Комисија:

-----------------------------------------------------------------------Документ за енергетска ефикасност на ЕУ Неодамна издадениот документ на ЕУ за енергетска ефикасност е уште еден знак за зголемената важност на ECEEE и на летната студија. Повеќе…

-----------------------------------------------------------------------Совети за поекономично возење Повеќе…

-----------------------------------------------------------------------Ветерна енергија во Франција Официјалните податоци покажуваат значителен развој на ветерната енергија во Франција. Повеќе…

-----------------------------------------------------------------------Британија ги отвора вратите на нуклеарната енергија Британскиоит парламент донесе одлука за стимулирање на истражувања за нови обновливи извори и нуклеарни капацитети со цел да ги постигне долгорочните цели за намалување на емисиите на CO2. Повеќе…

Страна 4

-------------------------------------------------------------------------------Ирска во борба со емисиите од транспорт Повеќе...

Корисни web-адреси http://www.nliec.org/ http://www.h2ouse.org/ http://www.energysavingtips.gov/ http://www.energy-server.com/ http://www.sustdev.org/ http://www.unfccc.org.mk/

Манифестации Интернационален семинар за Европски проекти за развој на енергетиката и заштита на животната средина (22-23 септември 2005, Малта) Повеќе информации на www.eucenter.org/training/training.php Обука за млади еколошки лидери од Централана и Источна Европа (Од 5 септември до 1 октомври, 2005-06-28) Краен рок за аплицирање 15 јули 2005-06-28 Повеќе информации на www.rec.org.mk

Работилници за трговија со емисии Еднодневна работилница за оптимизација на трговијата со CO2. Датуми: 29.9.2005, 15.12.2005, 17.3.2006 Работилниците ги организира Offenbach Environment Institut. Контакт информации: Umweltinstitut Offenbach, Frankfurter Straße 48 , D-63065 Offenbach Тел: (069) 81 06 79 Тел/факс: (069) 82 34 93 mail@umweltinstitut.de Трет курс за одржливост Министерството за животна средина и територија на Италија (IMET), продолжува со својата посветеност на одржливиот развој на Централна и Источна Европа, со тоа што ја подржува третата рунда на напредни курсеви за одржливост: Стратегии, Методологии, Политики и Акции за Централна и Источна Европа за клучните владини претставници кои работат во области поврзани со одржлив развој. Повеќе... Нуклеарна енергија во Европа 2005 17-18 октомври 2005 Повеќе… -------------------------------------------------------------------------------Саем за чиста енергија 2006 од 18-19 јануари 2006 во Берлин Семинар за ориентација, интернационално вмрежување и извозни фактори на успех во полето на обновлива енергија, енергетски ефикасни градби и заштеда на енергија. Повеќе… -------------------------------------------------------------------------------Годишен собир на водечките компании од Централна и Источна Европа кои се занимааваат со одржливи извори на енергија 7-9 септември 2005, Прага, Република Чешка Повеќе...

Уредник: Проф. Д-р К. Димитров Центар за енергетска ефикасност на Македонија Тех. Секретар. А.Манчевски, Н. Парапунов 3а/52 1000 Скопје Тел. 02 3099 216, факс: 02 3061 013 e-mail: macef@mf.ukim.edu.mk

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте не’ на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3099216, факс 02 3061 013, e-mail: macef@mf.ukim.edu.mk www.macef.org.mk

28 infomacef  
Read more
Read more
Similar to
Popular now
Just for you