Page 1

Број 27

ЦЕНТАР ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ НА МАКЕДОНИЈА

Јуни 2005

МАЦЕФ МАЦЕФ промовира енергетска ефикасност и почиста животна средина

Во овој број: Од уредникот Центар за енергетска ефикасност на Македонија МАЦЕФ Регионална мрежа за ефикасно користење на енергијата и водата RENEUER Новости од Македонија Новости од другите земји Корисни web-адреси Манифестации

OД УРЕДНИКОТ

ЦЕНТАР ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ НА МАКЕДОНИЈА МАЦЕФ МАЦЕФ е доброволно научно здружение, основано да делува во рамките на Република Македонија и надвор од неа. МАЦЕФ е член на меѓународната мрежа за енергетска ефикасност RENEUER (Regional Network on Efficient Use of Resources). МАЦЕФ има поддршка и тесно соработува со ALLIANCE TO SAVE ENERGY фондација формирана од Сенатот на САД и делумно финансиски поддржана од USAID. МАЦЕФ e член на Асоцијацита на Консултантски организации, нудејќи професионални експертски услуги од својот делокруг на работа, во земјата и надвор од неа. МАЦЕФ е дел од мрежата managenergy формирана од страна на European commission DG Energy and Transport www.managenergy.net .

Почитувани колешки и колеги, членови на МАЦЕФ! Јуни се карактеризира со многу подготвителни работи во рамките на МАЦЕФ, но со малку видливи реализации. Очекувани се повеќе активности во јули! Битно е да се одбележи одржувањето на работилницата на НЕАП 2 во организација на Министерството за животна средина и простроно планирање. Се очекува ставање во парламентарна процедура на Законот за формирање на Државната Агенција за Енергетика. Со донесувањето на законот и нејзиното формирање (до крајот на оваа година) очекуваме формирање на фонд за енергетска ефикасност! Активност за поздравување. Продолжуваат активностите на МАЦЕФ и ТИМЕЛ во спроведуавњето на Програмот MDW (Make Decentralization Work). Во јавните гласила беше објавен јавен повик за поднесување програми до Министерството за животна средина и просторно планирање. МАЦЕФ приготви една апликација ! Младите сили на МАЦЕФ се организираат да аплицираат за добивање средства за нивните активности. МАЦЕФ покренува организирана иницијатива з аформирање на Мрежа на општините за енергетска ефикасност МОМЕЕ. Многу иницијативи, очекуваме и реализација!!! Повторно Ви пожелуваме летните горештини ефикасно да ги неутрализирате или покрај брегот на постудената вода (река, езеро, море) или барајќи спас во високите планини. Тие што го избираат Скопје како дестинација за трошење на деновите од летото, им пожелуваме да посетат неколку прекрасни манифестации од областа на забавата во организација на Скопско Лето. Проф. Д-р Константин Димитров

Активности на МАЦЕФ Освежување во МАЦЕФ Редакцијата на МАЦЕФ во идниот период ќе се прошири со уште 6 члена. Треба да се очекува поголема густина на информираност. Младите членови на МАЦЕФ се организираат да реализираат проект “Информативен Медиум за Енергетските Текови и Трендови“ (во понатамошниот тек ИнфоМАЦЕФ). Промотор на проектот е МАЦЕФ-Центар за Енергетска Ефикасност на Македонија. Основна причина за потребите за овој проект се: ИнфоМАЦЕФ како месечен интернет информатор функционира веќе 27 месеци, а во рамките на неговите содржини се опишуваат:

-

активностите кои ги превзема организацијата: унапредување на енергетските стандарди во РМ, употребата на напредни технологии за подобрување на ефикасноста, намалување на загубите во процесите на локално користење на енергетските ресурси и едукација на властите и граѓаните;

-

информации за тековни настани и случувања од областа на енергетиката, екологијата, енергетската ефикасност и економијата (4Е) во РМ;

-

информации за тековните настани и случувања од областите 4Е во потесниот регион и на светско ниво;

-

информации за семинари, конференции и советувања од горе споменатите области. Корисници на информациите од овој месечник се повеќе од 300 правни и физички лица. Бројката на корисници секојдневно расте. Потребно е да се напомене, што посебно не радува, дека презентираните информации ги цитираат и ги користат како извор медиумите и надвор од нашата земја и организации

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте не’ на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3099216, факс 02 3061 013, e-mail: macef@mf.ukim.edu.mk

www.macef.org.mk


ИНФОМАЦЕФ 27

Страна 2

кои вршат истражување на енергетските состојби во регионот Југо-Источна Европа (Press-clipping ). Поради моменталните состојби ИнфоМАЦЕФ функционира со минимални технички и финансиски ресурси, кои се обезбедуваат од страна на МАЦЕФ. Се дистрибуира по пат на електронска пошта во електронски формат. За подобрување на квантитетот и квалитетот на содржините неопходно е проширување на редакцискиот тим кој ќе го подготвува месечникот. За таа цел се потребни средства за набавка на техничка опрема (персонални сметачи и придружна опрема), како и обезбедување на средства за скромни хонорари на членовите на редакцијата. Со проширување на редакцијата (човечките ресурси) ќе се постигне проширување на потенцијалните извори на информации, така што ИнфоМАЦЕФ би прераснал во корисен Информативен Медиум со тенденција за проширување на целната група од 300 на 600 активни корисници до крајот на 2006 година. Продолжува проектот SEE REMS Во Македонија, продолжува реализацијата на проектот South East Europe Regional Energy Market Support (SEE REMS). Носителот на проектот EnCon Services International, со партнерите од Македонија МАЦЕФ и ТИМЕЛ Проект, реализираа повеќе работни средби. Беше организирана посета на општината Сарај, со разговори со градоначалникот и директорот на училиштето кое е предмет на Енергетска контрола, заради реализација на штедење на енергија преку воведување на мерките за енергетска ефикасност. Заедно со носителот на проектот Г-дин Роберт Руссо, беше организирана работна средба во канцеларијатра на УСАИД, донаторот на средствата за оваа програма. Активностите продолжуваат со реализацијата на енергетската контрола во општините Сарај, Велес и Кичево. И останатите општини, посебно училишта можат да се вклучат во оваа програма за добивање на донации. Потребни контакти и информации во МАЦЕФ!

Заинтересираните колеги кои сакаат да станат активни членови на МАЦЕФ, треба да се јават на нашата адреса, за да ги добијат потребните формулари за зачленување. Колегите со поголемо искуство и резултати во оваа област, со желба да бидат внесени во меѓународниот регистер на експерти, ги замолуваме да контактираат со нас, за да им го доставиме потребниот формулар. Тоа не значи и обврска да се биде член на МАЦЕФ.

РЕГИОНАЛНА МРЕЖА ЗА ЕФИКАСНО КОРИСТЕЊЕ НА ЕНЕРГИЈАТА И ВОДАТА

RENEUER (www.reneuer.com)

RENEUER е формирана по иницијатива на претставници на владите, невладините организации и претпријатијата од 8 земји и тоа Албанија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Србија и Црна Гора, Македонија, Молдавија, Романија и Хрватска. Основната задача на оваа мрежа е да се ангажира за решавање на проблемите за ефикасна употреба на енергијата и водата во земјите од Југоисточна Европа. RENEUER ги дефинира основните определби во областа на ефикасното користење на енергијата и водата преку анализа на проблемите со кои се среќаваат земјите од Југоисточна Европа и можностите за нивно решавање.

teking@mt.net.mk

Новости од Македонија Лукоил ќе гради 40 бензиски станици во Македонија Премиерот Владо Бучковски и Претседателот на Руската нафтена компанија Лукоил Вагит Алекперов во Санкт Петерсбург потпишаа Договор за соработка и инвестиции на Лукоил во Македонија. Сергеј Миронов, Претседател на Советот на Руската Федерација, го поздрави потпишувањето на овој Договор. „Лукоил ја продолжува својата експанзија на Балканот. Меморандумот кој го потпишавме бара исполнување на одредени обврски од наша страна. Сакам да му заблагодарам на Премиерот Владо Бучковски за помошта која ни ја овозможи, имено поголемиот број на точки во меморандумот се веќе реализирани. Се надевам дека со 50М долари директна инвестиција на Балканот ќе се појавиме како достојни претставници на Руската Федерација“ рече Вагит Алекпетров. Премиерот Владо Бучковски рече дека е привилегија да се соработува со Руската Федерација, со која што Македонија долги години гради пријателство на национален и политички план. „Наша задача, во првата фаза на развој на Лукоил Македонија, ќе биде да обезбедиме 40 локации за бензиски станици, а Претседаелот на Лукоил се обврза да вложи 50М долари како директна странска инвестиција. Секоја бензиска станица ќе има по 14 вработени, што значи дека вкупно 500 вработени ќе бидат вклучени во првата фаза на инвестицијата на Лукоил“ рече Премиерот Бучковски. Повеќе... НЕАП 2 Во организација на Министерството за животна средина и просторно планирање се одржа работилница за претставување на материјалите од Националниот Еколошки Акционен План 2. Работната средба се одржа во Маврово, со присуство на бројни делегати од целата република. Конкурс за проекти преку Министерството за животна средина На 18 јуни во дневниот печат излезе јавен повик за пријавуавње на теми и програми кои би се финансирале преку Министерството за животна средина. МАЦЕФ се пријави со еден проект, а неговиот клиент од претходната сесија ја пријави изработената документација за добивање на средства за реализација на проектот. Словенски мали хидроелектрани во Македонија Министерот за Економија Фатмир Бесими и Генералниот директор на Словенската компанија „Turbo Institute“ Владимир Керцан потпишаа протокол кој се однесува на проектот за изградба на 20 мали хидроелектрани во Македонија. Министерот Бесими нагласи дека овој проект е од голема важност за Македонската економија, посебно во областа на енергетиката. Според него, проектот ќе има позитивно влијание на порастот на странски инвестиции во државата и ќе ги охрабри домашните производни компании. Градбата на постројките треба да започне веднаш по потпишувањето на протоколот, се предвидува дека ќе трае 20 месеци. Малите хидро електрани ќе имаат производство од

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте не’ на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3099216, факс 02 3061 013, e-mail: macef@ereb1.mf.ukim.edu.mk

www.macef.org.mk


ИНФОМАЦЕФ 27

Страна 3

300М kWh електрична енергија годишно. Словенската компанија ќе ги изгради, ќе ги одржува и ќе ги експлоатира хидроелектраните наредните 30 години. По концесиониот перод хидроелектраните ќе и припаднат на државата. Изградбата на овие постројки ќе го подобри годишното производство на електрична енергија во Македонија. Повеќе... Словенски мали хидроелектрани во Македонија -реакции Во политичката јавност на Македонија, овој потез на Владата не беше дочекан со одушевување. Доделување на концесија на најповолните водотеци, без тендер и нетранспарентно, секогаш овозможува да се шпекулира за намерите и средствата кои е можно да се реализираат надвор од очите на јавноста.

1. Обезбедување ресурси за акција – од ветувања до реалност

Националните влади треба да обезбедат долгорочни финансиски и технички ресурси и да донесат легислативи кои ќе се однесуваат на климатските промени. Енергетската ефикасност е првиот чекор кон намалување на потребите за енергија и обезбедување конкурентна економија.

2. Оспособување на локалните власти за имплементирање на локални решенија

Користејќи го локалното знаење и експертиза е многу важно. Локалните власти можат лесно да ги препознаат проблемите и да предложат начини за нивно решавање.

3. Политичко единство над политички компромис

Земјите од Г8 и ЕУ мораат да се подготват за да го понесат товарот на заедниците со изготвување на стратегија со која ќе го промовираат единството, ќе ја зголемат националната свест за климатските промени и ќе донесат одржлива енергетска стратегија.

4. Водење од пример

Регионален пристап во депонирањето на цврстиот отпад Досегашните активности покажуваат дека регионалниот пристап на складирање отпад е најприфатлив. Компаративните анализи со другите земји го потврдуваат тоа, иако не треба да ги негираме и другите идеи. Со процесот на децентрализација општините сериозно ќе треба да се занимаваат со развивањето на меѓуопштинската соработка по примерот на Холандија, рече министерот за животна средина и просторно планирање, Зоран Шапуриќ, на отворањето на четвртата средба на Меѓуминистерскиот совет за животна средина. Повеќе... Во Ѓорче ќе се селектира отпадот Општината Ѓорче Петров организираше акција „Заедно за еколошки почиста и поздрава општина“, по повод Денот на екологијата - 5 Јуни. Собирно место беше старото пазарче во Ѓорче. Таму беа поставени три контејнери за хартија, пластика и за стакло и еден камион за отпад во кои граѓаните можеа да го фрлаат сепарираниот отпад во соодветен контејнер. Градоначалникот Сокол Митровски ги повика сите граѓани на Општината да се вклучат во акцијата и да го фрлаат ѓубрето во најблиските контејнери. Повеќе… Канцеларијата на REC во Македонија почнувајки од 30 мај 2005 година е преселена во нови канцеларии. Новата поштенска адреса гласи: ул. „Илинденска“ бр. 118, Скопје 1000 (во кругот на ЈП „Паркови и зеленило“ Скопје). Новите телефони на REC се следниве: +389 2 3090-135; 3090-136; 3060-146 E-mail адресите на вработените остануваат исти. Во новите простории REC располага со сала за работилници, обуки и состаноци до 35 учесници, како и 9 поединечни канцеларии со што се овозможува поголем обем на програмски активности. Украина сака да учествува во изградбата на гасоводот Виктор Јушченко и Бранко Црвенковски во Киев разговараа за поголема економска соработка. Во Македонија доаѓа делегација од најголемите украински компании за да го разгледаат своето можно учество во гасификацијата. Повеќе... Нафтените деривати поскапи за два и пол денари Литар МБ-96, наместо 60 денари, ќе чини 62,50 денари, БМБ-90 од 56,50 се зголемува на 59 денари за литар, а БМБ-95 од 57 се зголемува на 59,50 денари за литар. Повеќе...

ekovesti@eko.net.mk www.eko.net.mk

Новости од другите земји

8 Пораки за членките на Г8 и Европската Унија

Членките на Г8 и ЕУ треба да обезбедат „тврд“ пристап кон климатските промени на светско ниво. Тие треба да претставуваат пример, поставувајќи цврста национална и интернационална основа, со развојни програми и донаторски договори.

5. Препознавање на врската помеѓу сиромаштијата и климатските промени

На земјите со сиромашна економија им е потребна помош од Г8 и ЕУ членките за да развијат стратегија која ќе се справува со климатските промени, примарно со превземање на превентивни мерки и со прифаќање на ефикасни, чисти и обновливи извори на енергија.

6. Прифаќање на политиките во пракса

Националните власти треба да се осигураат дека склучените национални договори немаат штетно влијание врз животната средина. Европската Унија мора да обрне внимание на штедењето енергија и користење на обновливи извори во јавните договори.

7. Мотивирање за намалување на емисиите на CO2

Превземање мерки за намалување на емисијата на стакленички гасови и стимулирање на финансиски санкции или бенифиции за предизвикување или намалување на климатските промени.

8. Препознавање на глобалната полза од локалниот развој

Локална акција за намалување на сиромаштијата за горива, слабостите и недостатокот на вештини за подобрување на регенерацијата придонесува за глобална економска полза. Енергетска хиерархија Намалување од потребата за енергија Ефикасно користење на енергијата Користење на обновливи извори Секое користење на фосилни горива да биде чисто и ефикасно Излезе новиот број на УНЕП билтенот http://www.unepfi.org/ebulletin Намалување на недостатокот од црно злато Кина, вториот по големина светски потрошувач на нафта, планира да инвестира околу 3 милијарди американски долари во нови рафинерии со цел производство на поевтина и средно квалитетна сурова нафта која би ја намалила вредноста на годишниот увоз за дури 20 проценти. Инвестициите во следните две години ќе го зголемат профитот за секој барел произведен од корпорацијата Кина Петролеум – азиската најголема рафинериска компанија. Овие вложувања ќе овозможат намалување на глобалниот недостаток од црно злато кое највеќе се увезува од Саудиска Арабија – светскиот најголем извозник на црно злато. Трошоците за увозот на нафта во месец мај во Кина пораснаа за високи 86 проценти и го достигнаа нивото од 4,66 милијарди долари, поради високите нафтени цени и зголемената побарувачка за енергетската течност. Саудискиот министер за нафта Али ал Наими минатата недела соопшти дека цената на нафтата ќе остане висока се додека најголемите земјипотрошувачи на црно злато не изградат повеќе рафинерии за апсорбирање на суфицитот на нафта кое извира од арапското кралство.

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте не’ на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3099216, факс 02 3061 013, e-mail: macef@ereb1.mf.ukim.edu.mk

www.macef.org.mk


ИНФОМАЦЕФ 27

Страна 4

Минатата година кинеската побарувачка за нафта порасна за шест пати побрзо отколку американската. Кампањата „Одржлива енергија за Европа 2005-2008“ е иницијатива на Европската Комисија во рамките на програмата „Интелегентна енергија - Европа“ (2003-2006), која има за цел да ја подигне јавната свест и да промовира производство и употреба на одржлива енергија помеѓу индивидуалци, организации, приватни компании, јавни власти, енергетски агенции, индустриски аасоцијации и невладини организации низ Европа. Еден од клучните инструменти на кампањата ќе биде Партнерството за одржлива енергија, кое ќе има за цел да иницира и промовира широк дијапазон на проекти за одржлива енергија и програми во следниве девет главни области: • Општество со одржлива енергија – Региони • Општество со одржлива енергија – Градови • Општество со одржлива енергија – Острови и рурални области • Општество со одржлива енергија – 100% снабдено со одржлива енергија • Одржлива енергија во транспорт • Одржлива енергија во градби • Одржлива енергија за осветлување и уреди за домаќинство • Одржлива енергија, соработка со земјите во развој • Одржлива енергија, промоција и комуникација Првите информации за сите аспекти на иницијативата, вклучувајќи и детали како да се придружите на Партнерството за одржлива енергија можете да ги најдете на

http://www.sustenergy.org Г8 ќе „омекне“ на климатските промени Последната верзија на предлог текстот за климатски промени која би требало да биде усвоена е значително разводнета во споредба со првобитната верзија. Повеќе,,, Напредна технологија за менаџмент со отпад и рециклирање Програмата на Streams отвора нови бизнис можности за Финските компании и подобрени (конкурентни) технолошки можности. Повеќето од развиените решенија се базираат на минати истражувања за отпадот и како тој да биде експлоатиран глобално. Повеќе...

Повеќе...

Повеќе...

Иновативна технологија за механички третман на цврст отпад Успехот на компанијата Tana Oy на глобалниот пазар се базира на уникатната технологија. Идната цел на компанијата е да го рашири семејството на производи во областа на механичкиот третман на цврстиот отпад. Децентрализирано производство на енергија Потрошувачката на природен гас ќе се удвои до 2030, што значи дека природниот гас ќе биде доминантно фосилно гориво. Со цел да одговори на предизвиците за намалување на емисионите гасови, Wärtsilä разви врвно-ефикасна технологија за гасни мотори и други напредни решенија.

Франција во REEEP На 16 јуни 2005 година Министерот за Екологија и Одржлив развој на Франција, Г-ѓа Нели Олин, објави дека Француската Влада се придружува кон Партнерството за Обнолива Енергија и Енергетска Ефикасност (REEEP), коалиција на Влади, невладини организации и компании посветени на развој на чистата енергија. Ветерна Енергија Првото издание на извештајот за Развој и Финансирање на проекти за ветерна енергија е документ од 165 страници. Во него е содржан преглед на можностите и предизвиците за финансирање и развој на ветерната енергија. Извештајот дава конкретна слика за трендот на зголемен развој на користење на ветерната енергија на глобално ниво, како и пречките со кои сеуште се соочува ваквиот вид на енергија. Во

содржините, читателот може да најде корисни инфорации за чекорите и можностите за развој и финансирање на проекти за ветерна енергија, како и податоци за главните финансиери и промотори. За да го погледнете комлетниот извештај кликнете на Повеќе... Кина се повлекува чекор наназад Кина нема да продолжи со реформите за намалување на емисиите на стакленички гасови се додека и „другите држави“ не имплементираат нивните реформи. Повеќе... Форд охрабрува: Возете кон ефикасност Alliance to Save Energy со подршка од Ford Motor Company ја издаде брошурата со која ќе им помогне на локалните и федералните власти да ги охрабрат граѓаните да употребуваат енергетски ефикасни технологии за транспорт. Брошурата во PDF формат ја имате на Повеќе... Предизборни превирања во Германија Ангела Меркел, лидер на Германската опозиција, ги демантира шпекулациите дека има намера да инсталира мали нуклеани централи во Германија. Повеќе... Енергетска ефикасност во Јапан Јапонската Влада неодамна ја претстави националната кампања со која се обраќа до граѓаните, ги охрабрува да ги заменат старите уреди за домаќинство со нови енергетски поефикасни и да купуваат хибридни возила како патриотски чин за штедење на енергија и помагање на борбата против глобалното затоплување. Повеќе... Енергетски ефикасни градби во САД Последните неколку изданија во списанието The Wall Street Journal, на тема e-FFICIENCY NEWS, се содржани стории за држави и градови кои успеале да ги ускладат новите јавни градби со LEED (Leadership in Energy and Environmental Design) стандардизацијата. Списанието објавува дека се повеќе градови и држави во САД ги прифаќаат кодексите за енергетски ефикасни градби. Повеќе... Досетливи Британци Велика Британија започна проект вреден околу 37М евра за складирање на CO2 од термоелектраните во нафтените и гасните наоѓалишта во длабочините на Северното Море. Повеќе...

Корисни web-адреси http://www.renewable-forum.com/ http://www.intercarbon.info/ http://www.energysavingtips.gov/ http://www.energy-server.com/ http://www.vrabotuvanje.com.mk/ http://www.ihe-woodenergy.com/

Манифестации

Интернационален семинар за Европски проекти за развој на енергетиката и заштита на животната средина (22-23 септември 2005, Малта) Повеќе информации на www.eucenter.org/training/training.php Обука за млади еколошки лидери од Централана и Источна Европа (Од 5 септември до 1 октомври, 2005-06-28) Краен рок за аплицирање 15 јули 2005-06-28 Повеќе информации на www.rec.org.mk

Уредник: Проф. Д-р К. Димитров Центар за енергетска ефикасност на Македонија Тех. Секретар. A. Man~evski, Н. Парапунов 3а/52 1000 Скопје Тел. 02 3099 216, факс: 02 3061 013 e-mail: macef@mf.ukim.edu.mk

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте не’ на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3099216, факс 02 3061 013, e-mail: macef@ereb1.mf.ukim.edu.mk

www.macef.org.mk

27 infomacef  
Read more
Read more
Similar to
Popular now
Just for you