Page 1

ЦЕНТАР ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ НА МАКЕДОНИЈА

Број 1

Април 2003

МАЦЕФ МАЦЕФ промовира енергетска ефикасност и почиста животна средина

ЧЕСТИТИ ВЕЛИГДЕНСКИ ПРАЗНИЦИ Во овој број: Од уредникот Центар за енергетска ефикасност на Македонија МАЦЕФ Регионална мрежа за ефикасно користење на енергијата и водата RENEUER Новости од Македонија Новости од соседните земји Корисни web-адреси Манифестации OД УРЕДНИКОТ Почитувани членови на МАЦЕФ и читатели кои сакаат да се информираат повеќе за проблематиката на енергетската ефикасност и манифестациите кои се случуваат во земјата и околу неа. Ова е првиот број на Информаторот на Центарот за енергетска ефикасност на Македонија. Во него се прикажани причините за формирањето на МАЦЕФ, како и намерите на овој Информатор. Со скромна цел да ги информира своите членови за превземените активности во оваа област, да оствари поблиска комуникација меѓу нив и општеството, како и информирање на другите Невладини Здруженија за целите и можностите на членовите на МАЦЕФ, првите броеви ги сметаме како “пробен погон“. Со време треба да се дефинира сталната форма на овој наш заеднички информатор. Очекуваме активно учество на сите членови со информации кои е потребно да се споделат, да се информираат колегите, а и пошироката јавност. Можеби намерата е премногу претенциозна – овој информатор да се појавува секој месец, но се надеваме дека со Ваша помош и активно партиципирање во неговата содржина, таа намера ќе биде и остварена. Информациите ќе бидат сместени во неколку поглавија и тоа: вести од земјата; вести од околните соседни земји; корисни врски (web – адреси); конгреси, симпозиуми, собири, тркалезни маси и други манифестации; писма од читателите. Во согласност со тематските подрачја кои се од интерес на експертите во областа на енергетската ефикасност, ќе се формираат и посебни тематски информации. На Ваше барање, доставуваме информации за експерти (пред се членови на МАЦЕФ, како и за тие кои не се, но се еминентни стручњаци) кои можат да Ви помогнат во разрешување на специјални проблеми, или да Ви достават потребни информации. Посебно внимание ќе се посвети на следењето на меѓународните тендери, за да можат членовите сами, во меѓусебна соработка, како и во соработка со странски партнери да оформат успешни апликации за финансиски грантови.

Во почетната фаза на нашиов Информатор, редакцијата и сите останати обврски ќе ги извршува проф. Д-р Константин Димитров, како претседател на МАЦЕФ, со драгоцената помош на техничкиот асистент Г-ѓица Лилјана Хаџиевска. Затоа што е прв број, ова писание е долго и нема да се повтори. Нека ни е честит првиот број, ќе се радуваме на дванаесетиот, а ќе направиме “фешта“ за пеесетиот! Проф. Д-р Константин Димитров

ЦЕНТАР ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ НА МАКЕДОНИЈА МАЦЕФ МАЦЕФ е доброволно научно здружение, основано да делува во рамките на Република Македонија и надвор од неа. МАЦЕФ е член на меѓународната мрежа за енергетска ефикасност RENEUER (Regional Network on Efficient Use of Resources). МАЦЕФ има поддршка и тесно соработува со ALLIANCE TO SAVE ENERGY фондација формирана од Сенатот на САД и делумно финансиски поддржана од USAID.

Оsnovni пrogramski zada~i се Да ги обедини инженерите, финансиерите, екологистите и економистите во заедничка активност пред извршните органи на државата; Да промовира мерки за енергетска ефикасност, како и да учествува во нивната реализација; Да иницира, учествува во изработка и промовира примена на законска регулатива, стандарди, прописи и други акти од доменот на енергетската ефикасност, екологијата и ефикасното управување со ресурсите; Да промовира мерки, совети и експертизи за ефикасно управување со потрошувачката на енергија и водата за пиење; Да изработува и спроведува локални акциони планови за енергетска ефикасност при единиците за локална самоуправа; Да организира обука на претставници од локалната самоуправа за примена на мерки за енергетска ефикасност при согледување на економските и еколошките придобивки; Да иницира и учествува во изработка на планови, проекти, медиумска презентација и лобирање за активности поврзани со заштитата на околината преку примена на мерки за енергетска ефикасност; Да учествува во оценката и подготовката на тарифните правилници за комунални услуги (струја, греење, вода, ѓубретарина);

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте не’ на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 399216, факс 02 361 013, e-mail: macef@ereb1.mf.ukim.edu.mk


ИНФОМАЦЕФ

Април, Страна 2

Да иницира донесување и да учествува во подготовка на програми за помош на лица со ниски примања, преку примена на мерки за енергетска ефикасност; Да ги поврзе членовите со сродни организации во странство; Да ги презентира членовите пред државните институции како компетентни експерти во својот домен, спремни да помогнат при изработка на стандарди, нормативи, усогласување на законската регулатива со Западно Европската; Да ги презентира членовите како тим кој е способен да соработува при изработката на стратегијата и политиката на државата во доменот на енергетската ефикасност и енергетиката во целост; Да ги претстави членовите како консултанти-експерти на меѓународните тимови кои изработуваат проекти за Македонија финансирани преку меѓународни донации, договори и др. Да учествува во изработка на бази на податоци за кадровскиот потенцијал во Македонија, енергетските ресурси, карактеристиките на потрошувачката на енергија; Да учествува во изработка на бази на податоци за компании кои се компетентни, екипирани и имаат желба да учествуваат во спроведување на мерките за енергетска ефикасност; Да учествува во изработката на експертизи од областа на енергетската ефикасност; Да учествува во изработка на норми за етикетирање на производите со знак за ниво на енергетска ефикасност.

Работен план за 2003 година

1. Istra`uvawe i ocenka na tarifite za komunalni uslugi (struja, voda , greewe). Implementacija na tarifni reformi /Subvencii/. Programa za pomo{ na potro{uva~ite so nizok prihod. Organizirawe na vork{op zaradi promocija na mo`nite merki za namaluvawe na izdatocite na siroma{nite potro{uva~i 2. Istra`uvawe na mo`nosta za investirawe za realizacija na merkite za energetskata efikasnost (krediti, donacii i dr.). 3. Istra`uvawe na mo`nosta Toplifikacija Skopje da u~estvuva vo programi za namaluvawe na potro{uva~kata na toplina za greewe so merki za energetska efikasnost kaj krajnite potro{uva~i. 4. Organizirawe na vork{op so prisustvo na nevladini zdru`enija od 8 zemji, zaradi promocija na merki za {tedewe na energija i efikasno upravuvawe so vodata, so pretstavuvawe na uspe{no realizirani proekti. 5. Organizirawe na vork{op za pretstavnici na lokalnata samouprava so temi povrzani so merkite za energetska efikasnost vo javnite objekti, formirawe na bazi na podatoci, kako i za pouspe{no upravuvawe so komunalnite slu`bi, vo soglasnost so noviot Zakon za lokalna samouprava. 6. Dopolnitelni zada~i: 6.1. Da se podgotvi biznis plan za 3 proekti od oblasta na energetskata efikasnost ili efikasno upravuvawe so vodata, zaradi prezentirawe pred stranski investitori/ donatori na veb stranica. Proektite

6.2.

6.3.

6.4. 6.5.

6.6.

6.7.

6.8.

mo`e da bidat stari, ili da se podgotvat novi, za prv pat prezentirani. Da se podgotvat informacii za rabotata na mre`ata vo javnite mediumi ili tehni~kite ~asopisi (minimum 3). Da u~estvuva vo podgotovkata i razvojot na baza na podatoci na eksperti od oblasta na energetskata efikasnost i upravuvawe so vodata. Da u~estvuva vo izrabotkata na Studijata za Politikata na energetskata efikasnost, koja ja koordinira timot od Romanija (APER). Da u~estvuva vo izrabotkata na Studijata za Finansiskite mo`nosti vo oblasta na energetskata efikasnost, koja ja koordinira timot od Albanija (EEC). Da ja koordinira aktivnosta vo sozdavaweto na lokalni mre`i za energetska efikasnost (kontakti so op{tinite, pogolemite kompanii, nevladini zdru`enija), opredeleuvaj}i ja zainteresiranosta, definiraj}i pravila na sorabotka, obrazovanie. Pri realiziraweto na zada~ite }e sorabotuva so Organizacijata na potro{uva~ite OPM, kako i so Zaednicata na lokalnata samouprava ZELS. ]e prigotvi bro{ura za mo`nite na~ini za {tedewe na voda, koja treba da se prezentira pred potro{uva~ite. Ovaa bro{ura treba da bide taka prigotvena, da mo`e da se iskoristi i od ~lenovite na RENEUER.

6.9. Преведување на македонски јазик на публикации како што се Прирачниците од праксата (Best Practice Guides), корисни препораки, тарифни правилници од други земји кои може да бидат применети во Македонија, како и други корисни документи кои мо`е да бидат од посебна важност за државата. 6.10. Континуирана комуникација со останатите партнери од РЕНЕУЕР. Заинтересираните колеги кои сакаат да станат активни членови на МАЦЕФ, треба да се јават на нашата адреса , после што ќе ги добијат потребните формулари за зачленување. Колегите се поголемо искуство и резултати во оваа област, со желба да бидат внесени во меѓународниот регистер на експерти, ги замолуваме да контактираат со нас, за да им го доставиме потребниот формулар. Тоа не значи и обврска да се биде член на МАЦЕФ.

teking@mt.net.mk

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте не’ на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 399216, факс 02 361 013, e-mail: macef@ereb1.mf.ukim.edu.mk


ИНФОМАЦЕФ

Април, Страна 3

РЕГИОНАЛНА МРЕЖА ЗА ЕФИКАСНО КОРИСТЕЊЕ НА ЕНЕРГИЈАТА И ВОДАТА RENEUER (www.reneuer.com) РЕНЕУЕР е формиран од страна на 8 земји и тоа Албанија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Југославија, Македонија, Молдова, Романија и Хрватска. Основната цел за формирање на оваа мрежа е да стане врска меѓу инвеститорите од странство и домашните корисници, скусувајќи го потребното време за реализација на добри проекти од доменот на енергетската ефикасност. Со презентирањето на добрите проекти на веб страната на РЕНЕУЕР, во деловниот дел (win-win) постои намера да се поттикнат странските инвеститори да инвестираат во регионот, посебно во полето на енергетската ефикасност. На овој начин се помога да се зајакнат националните економии да се намали процентот на невработеност, да се намали одливот на млади образовани кадри, да се подобри животниот стандард на луѓето, како и да се намали притисокот на економските емигранти врз индустриски развиените земји.

Членови на РЕНЕУЕР мрежата после состанокот во Софија 2002. Следна цел е да се разменуваат искуства меѓу земјите членки на РЕНЕУЕР поврзани со енергетската ефикасност: презентирање на успешни проекти, можности за инвестирање, заеднички настап пред странските инвеститори и донатори презентирајќи проекти од заеднички интерес за регионот, размена на експерти, заеднички активности поврзани со едукација и промоција. Активностите за формирање на мрежата започнаа 1999 година. Национален координатор за овој проект е Г-ѓа Виолета Кецкаровска (Министерство за економија на Македонија), а делегиран национален експерт Проф. Д-р Константин Димитров (Машински факултет Скопје).

Новости од Македонија Невладиното здружение ПРОАКТИВА во соработка со ЕД Светлина од Неготино и Етерна Солар, на 23.4.2003 година во Неготино реализира успешна презентација за можностите за користење на сончевата енергија, во рамките на проектот Сонцето – Нашата иднина, финансиран од страна на DANCEE и REC. Грција: Претставниците на агенциите за регулатива во енергетиката од Југоисточна Европа се собраа во Атина кон крајот на март 2003, за да го разгледаат акциониот план за формирање на регионален пазар за електрична енергија до

2005 година, како и негова интеграција во пазарот на Европската Унија. Содржината на состанокот вклучуваше прашања кои се однесуваа на внатрешните пазари за електрична енергија и другите енергетски ресурси во Југоисточна Европа, основните прашања за трговија со електрична енергија, управување со преоптоварените електропреносни мрежи и уедначување на тарифите, јавност и контрола при либерализацијата на локалните пазари, сигурност при испорака и потребите од инвестирање во регионот. Девет земји – Албанија, Босна, Бугарија, Хрватска, Грција, Романија, Југославија, Македонија и Турција – потпишаа согласност да направат напор за интегрирање во енергетскиот пазар на Европската Унија, да ја зголемат соработката и да ги подесат националните системи во согласност со захтевите на ЕУ.

Новости од соседните земји Во Албанија, 70% од вкупната потрошувачка на енергија се троши во зградите. За да се подобри управувањето со енергијата во секторот на градежните објекти, Албанскиот Парламент неодамна го донесе новиот закон за Прописи (код) на зградите. Националната Агенција за Енергија (NAE) – во соработка со локалниот МУНЕЕ партнер ( Municipal Network on Energy Efficiency), Албанскиот Центар за енергетска ефикасност (EEC) од 1999 година работеле на приготвување на овие нормативни стандарди и услови за дефинирање на националните прописи за згради, со цел да се промовира и спроведе енерегетската ефикасност. 68 страници од Прописите даваат одредби за 30 типа на нови структури на згради и се очекува да придонесе за знатно и континуирано намалување на вкупната потрошувачка на енергија.

Во Литванија, Парламентот неодамна го усвои новиот национален закон за греење, и се очекува Претседателот наскоро да го потпише. Новиот закон треба да стапи во сила на 1 јуни, 2003 година и да овозможи специјални препораки во секторот на греењето на градовите. Со законот се захтева од градовите да развиваат постројки за греење врз основа на одлуките на локалните совети. МУНЕЕ овозможи суштински информации, како вклучување на приципите за најниски трошоци и цени. Целта е да се поттикнат градовите да ги разберат мерките за енергетска ефикасност како ресурс кој може да обезбеди пониски цени во споредба со производството на енергија. Во исто време МУНЕЕ го демонстрираше овој концепт развивајќи еден интегриран план за користење на ресурсите во градот Бирстонас (Birstonas). Нов Извештај на Светската Банка: Во Источна Европа и Централна Азија, реалните примања се смалени за 14 % помеѓу 1991 и 1996 година, а пораснаа за 1% помеѓу 1996 и 2000. Иако примањата се стабилизираа, цените на енргијата пораснаа. Во периодот 1991-2000, цените на електричната енергија во разгледуваните земји се покачија просечно за 117 %. Исто така, цената на чистите горива се наголеми многу побрзо: 110 % помеѓу 1991 и 2000, споредено со 45% покачување на цените на цврстите горива. Новата публикација на Светската Банка “Кога греењето е луксуз: Да се помогне на градската сиромаштија во Европа и Централна Азија да го совлада студот“ предупредувајќи дека инвестициите за модернизирање на централните топлификациски системи – во минатото успешно финансиски поддржани од Светската Банка, во градовите во Полска и Балтикот, можеби и не е правиот пат знатно да им се помогне на посиромашните локалитети. Извештајот тврди дека примената на успешни стратегии за греење, кои се целосно

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте не’ на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 399216, факс 02 361 013, e-mail: macef@ereb1.mf.ukim.edu.mk


ИНФОМАЦЕФ

Април, Страна 4

интегрирани во националните сектори за енергетска стратегија, кои ги земаат во предвид локалните услови, претставуваат критичен економски предизвик за регионот на Европа и Централна Азија. Литванија: Стартуваше проектот за користење отпадоци од дрва: Интегралниот план за ресурци развиен од страна на Институтот за Енергетика на Литванија (локален партнер на МУНЕЕ проектот) за градот Бирстонас вклучува и размислување за користење на отпадоците од дрва како гориво како начин да се намалат производните трошоци, да се зголеми ефикасноста, да се намали емисијата на полутанти во воздухот и да се стимулира локалниот пазар на работна рака за снабдување со дрво како гориво. Градската управа заклучила дека придобивките од проектот се знатни (базирани на пресметките од ИЕЛ) и успешно доби мек заем од Националниот Еколошки Фонд – делумно благодарение на учеството на Фондот на регионалната конференција организирана од МУНЕЕ во 2001 година. Компанијата за топлифицирање на Бристонас неодамна избра изведувач на работите, така да конструкцијата е започната во април. Компанијата за греење потпишала договор со локалната компанија за шумарство за да и обезбеди дрвени отпадоци, така да котлите на дрвени отпадоци треба да бидат инсталирани до 1 јули. Во зависност од количината на потрошено гориво, ИЕЛ пресметале дека ќе се заштедат $62500 – 75000 годишно, а со тоа да се постигне намалување на сметките за греење за 10%

Корисни web-адреси http://www.managenergy.net/ Renewable energy, Rational Use of Energy & Clean Transport – the managEnergy Initiative http://www.rec.org/ The Regional Environmental Center for Eastern Europe.url http://www.ase.org/ Aliance to Save Energy http://www.munee.org/ Municipal Energy Efficient Network – MUNEE.url

Манифестации

7 и 8 мај, Марибор, Словенија 12 Меѓународен експертски состанок – Комунална Енергетика Центар за конференции Хабакук, Похорска улица 59, Марибор Котизација: 220 Евра 9 и 10 мај, Битола – Хотел “Молика“, Тркалезна маса, ЗЕМАК РЕК “Битола“ Перспективите како енергетски стожер на Република Македонија Во периодот од 3 до 7 јуни во Скопје се организира Првиот меѓународен саем на Енергетика- Ефикасност- ЕкологијаЕкономија.

Придружни манифестации организирани на маргините од саемот се: Стручни и деловни средби на производителите на енергетска опрема. Стручни предавања, симпозиуми и состаноци на енергетичари, екологисти, технолози. Доделување на ЕНЕРГОНОВА за првпат изложена опрема. Ко-организатор на саемот е ЗЕМАК. Покрај другите институции, саемот е поддржан и од МАЦЕФ. 2-7 June 2003, Cote d’Azur – Saint-Raphael, FRANCE ECEEE 2003 Summer Study: Time to Turn Down Energy Demand www.eceee.org ; summerstudy@eceee.org Ms. Barbara Berini 26-27 June 2003 Sheraton Sofia Hotel Balkan, Bulgaria Adam Smith CONFERENCES: Strategic Investment in South-East European Gas and Power; www.asi-conferences.com Котизација: 1495 Евра 24-27 септември 2003 Нови Сад. Меѓународна Еко-конференција, Нови Сад 2003. Заштита на животната средина на градовите и приградските населби. Пријава на реферати до 1 јуни 2003. Доплнителни информации: macef@ereb1.mf.ukim.edu.mk ; zelenins@org.yu . Котизација: дополнително УНГАРИЈА: Регионалната енергетска регулаторна асоцијација ја организира “Втората Регулацина и Инвестициона Конференција“ на 8 и 9 мај во Будимпешта. Скоро сите земји од Централна/Источна Европа (CEE) и Заедницата на Независни Држави (CIS) се движат во насока на приватизација на енергетскиот сектор, со веќе превземени знатни чекори и отворени можности за инвестирање.На Семинарот ќе се обработат регионалните услови за регулатива и инвестирање, преку презентациите од менаџерите и советниците во најсвежите сектори на приватизација во енергетиката. Присуството на оваа екслузивна манифестација е ограничено на 300 учесници, за да се обезбеди максимална комуникација со претседатели и комесари на повеќе од 60 регулаторни комисии од 20 земји на CEE/CIS.

Швајцарија: Состанокот на Управниот одбор на проектот Енергетска Ефикасност-21 ќе се одржи во Женева, во Палатата на Нациите, на 26-28 мај оваа година. Овој состанок ќе го одбележи крајот на тригодишната фаза на проектот ЕЕ-21. На 26 мај ќе се одржи семинар за финансирање на инвестициите во енергетската ефикасност. На 27 мај на состанокот на Управниот одбор, учесниците ќе дебатираат за следната тригодишна фаза, 2003-2006 од овој проект. На крај на 28 мај, UNF/UNFIP експертите ќе дискутираат за најновите достигнувања од UNF/UNFIP Проект за Намалување на климатските промени со инвестирањето во енергетската ефикасност. Партнерите ко-финансиери, договорните страни, примачите на грантови и националните координатори, се очекува да реферираат и да ги изнесат своите видувања за овие развојни насоки.

Уредник: Проф. Д-р К. Димитров Центар за енергетска ефикасност на Македонија Тех. Секретар. Л. Хаџиева, дипл.ел.инж. Н. Парапунов 3а/52 1000 Скопје Тел. 02 399 216, факс: 02 361 013 e-mail: macef@ereb1.mf.ukim.edu.mk

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте не’ на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 399216, факс 02 361 013, e-mail: macef@ereb1.mf.ukim.edu.mk

1 infomacef  
Advertisement