Page 1

Број 159

ЦЕНТАР ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ НА МАКЕДОНИЈА

Јуни 2016

МАЦЕФ промовира енергетска ефикасност и почиста животна средина

`+

Во овој број:

 Од уредникот  Активности на МАЦЕФ 3  МАЦЕФ ИСТРАЖУВА за ВАС  Новости од Македонија и светот  Занимливости  Корисни web-адреси  Манифестации

OД УРЕДНИКОТ

Почитувани колешки и колеги, членови и симпатизери на МАЦЕФ! Имаме потреба од млади инженери, кои се на почетокот на својот работен век. А профилот кој што ни’ е потребен е доста зaхтевен – да знае англиски, МС Офис да не е никаква пречка, да има аналитички способности – од многу материјал да ја извлече суштината (навистина високо очекување, особено за младите колеги). Ги повикуваме заинтересираните инженери од градежна, архитектонска, електротехничка, машинска струка да не’ посетат и да поразговараме. Можеби ќе најдеме заеднички јазик за соработка. А соработката може да се организира на повеќе начини! Можете да ни’ доставите претходно и ваш ЦВ, или единствено ЦВ, па евентуално ние да ве поканиме на средба. Причината е едноставна – нашата дејност е атрактивна и полека се повеќе инстутиции и работни организации ги користат нашите интелектуални услуги. Имаме најава дека еден од следните ино-проекте е пред потпишување, покрај сегашните 6 кои се во тек. Во исто време имаме поднесено понуди за уште два проекта кои би ги апсорбирале целосно нашите кадровски ресурси и покрај делумната помош од соработници од надвор. А може да се искористи и очекуваниот проект на Владата за вработување на млади кадри, со платени социјални и пензиски придонеси. Со тој проект ние би можеле да прифатиме дури 2 кандидата. Нашата активност, стандардно како и досега, се реализира и во земјата и надвор од неа. Соработниците во Republik – nZEB имаа активно учество на состанокот во Лисабон. Во меѓувреме го започнавме проектот ЕКОС – Развој на енергетски конкурентно одржливо стопанство, финасирано од Министерството за економија. Ќе приготвиме Акциони планови со мерки за штедење на енергија во 10 претпријатија по избор на Министерството! Вашето внимание одново го насочуваме: На нашата меѓународна активност, меѓународните проекти REACH, Streetlight EPC, GGF и RePublic_ZEB

Долгорочен развој на енергетиката во Македонијаможности и пречки, собир организиран во соработка со Конрад Аденауер Фондацијата.

МАЦЕФ- партнер во конзорциум кој е еден од групата на поканети 5 тимови за консултантски услуги при реализација на проектот Топлификација на Битола. Јуни беше исполнет со активности, Но во Јули не’ очекува реализација на уште поголем број обврски. Не можеме да се пожалиме дека немаме работа, а тоа е ДОБРО!!! Ќе се радуваме ако се јават потенцијални кандидати кои би сакале да ја продолжат својата кариера во МАЦЕФ а до тогаш Поздрав до следниот број Проф. д-р Константин Димитров

ЗА МАЦЕФ МАЦЕФ е доброволно научно здружение, коешто нуди услуги и стручни знаења од областа на енергетиката и заштита на животната средина во Република Македонија и пошироко. МАЦЕФ е член на: - меѓународната мрежа за енергетска ефикасност RENEUER (Regional Network on Efficient Use of Resources) - мрежата managenergy формирана од страна на European commission DG Energy and Transport www.managenergy.net - Асоцијацијата на Консултантски организации - на РЕЕЕП, Motor Challenge Programme и официјален партнер на Sustainable Energy Europe - член на Деловниот совет на Универзитет Американ Колеџ Скопје

Ак тивности на М АЦЕФ

Долгорочен развој на енергетиката во М акедонијам ож ности и пречки

најдат на нашиот портал www.macef.org.mk. Беше промовирана и брошурата “Декарбонизација на производството на електрична енергија“ од авторите д-р Константин Димитров и м-р Огнен Димитров.

На 3.6.2016 во хотелот Стоун Бриџ, МАЦЕФ и Фондацијата Конрад Аденауер ја реализираа регионалната средба со горниот наслов, во присуство на над 50 учесници и со учество и на реномирани презентери од Хрватска, Унгарија, БиХ и Косово. Материјалите можат да се

(КД)

Топлиф икација Битола – к огенерација РЕК

На претходниот повик за консултантски услуги при изградбата на когенеративниот топлификациски систем во Битола, избрани се 5 конзорциума (short listed) да достават понуди. На 14.06. избраните конзорциуми ја посетија локацијата за изградба на идниот топлификациски систем. МАЦЕФ (како партнер) е дел од конзорциум со една германска и една австриска фирма. (КД)

Проект РЕАЦХ - Обука на енергетски советници

На 9 и 10 јуни 2016, во просториите на ЕТУЦ „Михајло Пупин“ се одржа вториот циклус обуки за енергетски советници, којшто е дел од активностите на проектот „Намалување на потрошувачката на енергија и менување на навиките“ (акр.REACH). На оваа обука, која ја изведе тимот на МАЦЕФ, присуствуваа 11 ученици од 2 година на насочено средно образование – електротехника и автоматика. На обуката беа прикажани презентации кои ги опфатија темите енергетика, енергетска ефикасност, мерки за енергетска ефикасност, комуникација, енергетско советување, анкетни листи и софтвер за пресметка на заштеди во домаќинства. Согласно распоредот за проектните активности, од 13 јуни започнаа посетите на домаќинствата од страна на енергетските

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, Тел. 02 3090 178 Факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk; Следете нé и наMACEF Facebook


Страница 2

ИНФОМАЦЕФ 159 советници, при што за секое домаќинство се пополнува по еден анкетен лист и со помош на софтверската алатка се пресметува заштеда на енергија и вода во домаќинството соодветно на превземените ЕЕ мерки. Енергетските советници се придружувани од членови на Црвениот крст на општина Гази Баба со цел посета на енергетски сиромашните домаќинства. Посетите се планирани да траат до 10 август 2016 година. (ЖИ) Презентација на проектот REACH на „Денови на зелени работни места и образование“ На 14 јуни 2016, во просториите на деканатот на Машинскиот факултет Скопје беше одржана презентација на активностите на Центарот за енергетска ефикасност на Македонија – МАЦЕФ, со посебен аспект на активностите на проектот „Намалување на потрошувачката на енергија и менување на навиките“ (акр.REACH). Презентацијата ја одржа Жарко Илиевски, дипл.маш.инж. и локален координатор на проектот. На едночасовната презентација, беа прикажани активностите, плановите, добиените резултати како и софтверската алатка која се користи за потребите на проектот. На настанот присуствуваа 30-тина слушатели, матуранти, но и додипломци од техничките факултети. (ЖИ) Повеќе... Состанок на проектниот тим на РеПублик_ЗЕБ во Лисабон, Португалија На 8ми и 9ти Јуни 2016 година, претставници на Центарот за енергетска ефикасност на Македонија – МАЦЕФ, учествуваа на состанокот на европскиот проект Реконструирање на фондот на јавни згради кон нЗЕБ – РеПублик_ЗЕБ, во Лисабон, Португалија. Состанокот се одржа во просториите на ЛНЕГ, поточно националната лабораторија за сончева енергија. Карактеристично за објектот е дека ја претставува првата нЗЕБ (речиси нула енергетска) зграда. Најголемиот дел од потребата за енергија во зградата се задоволува со обновливи извори на енергија, додека помал дел се задоволува со природен гас и само по потреба. На состанокт беа усвоени последните подготвени извештаи на проектот, кои можете да ги најдете на интернет страницата http://www.republiczeb.org / , како и понатамошната работа на проектот, особено за работниот пакет 4 – анализа на трошоци и придобивки на пакетите со мерки и работниот пакет 5 – Подготовка на стратегии и насоки за нЗЕБ. (СП) Повеќе... Се одржа обуката „Реконструкција кон нЗЕБ“, дел од Неделата на одржлива енергија На 15.06.2016 година, во просториите на Центарот за енергетска ефикасност на Македонија – МАЦЕФ се одржа обуката „Реконструкција кон нЗЕБ“, организирана од европскиот проект РеПублик_ЗЕБ, а дел од глобалното движење Недела на одржлива Енергија. На обуката, претставени беа три софтверски решенија од различни области. Најпрво, претставен беше идниот национален софтвер за сертифицирање на згради iSBEM. Потоа беше претставен софтвер наменет за домаќинствата. Со едноставен избор на постоечката опрема за домаќинства и системите кои се

користат, софтверот дава приказ на потрошувачката на енергија во домаќинството. На крајот, претставен беше софтверот за пресметка преку методологијата за оптимални трошоци, изработен од универзитетот во Торино, а прилагоден за Македонија. На настанот присуствуваа претставници на општините во Република Македонија, како и компании во секторот за енергетски услуги и градежништво. (СП) Повеќе... Отворен ден „Што може да направи нЗЕБ за тебе?“, дел од Неделата на оджлива енергија На 16.06.2016 година, во трговскиот центар Рамстор во Центар, а во организација на проектот РеПублик_ЗЕБ и Центарот за енергетска ефикансост на Македонија се одржа отворениот ден „Што може да направи нЗЕБ за тебе?“.На отворениот ден, свои штандови имаа европскиот проект РеПублик_ЗЕБ и МАЦЕФ, како и компаниите РЕХАУ, КНАУФ, Енергосистем и ВИНТ. Преку овие компании, опфатени беа речиси сите системи и елементи на зградите за кои граѓаните можеа да поставуваат прашања и да добијат одговори од експерти, а поврзани со енергетска ефикасност, достапни технологии, реконструкција итн. (СП) Повеќе... Проект МултЕЕ multEE проектот е финансиран од Европската комисија како дел од Хоризонт2020 програмата. Општата цел на multEE е да се подобри квалитетот на следење на мерките за енергетска ефикасност и заштедите на енергија и хиерархиското ниво на реализацијата (monitoring). Оваa oпштата цел се очекува да се постигне преку две под-цели:(1) Воведување на иновативни пресметковни случаи во (Botom-Up) Oддоле-Нагоре методологија за да се обезбеди правилно оценување на влијанието на мерките за енергетска ефикасност за потребите на идното планирање на мерки за енергетската ефикасност.(2) Подобрување на вертикална координација помеѓу административните нивоа со цел да се користи целиот потенцијал на интегрираниот метод за следење и верификација развиен во multEE и подобрување на севкупниот квалитет на планирање и спроведување на мерки за енергетската ефикасност на ниво на ЕЗ. (СП) Повеќе... Проект Streetlight-EPC Во месец јуни беа подготвени сите потребни документи за вториот извештај за напредок на проектот. Воедно, во изминатиот месец беше предвидено да се одржи третиот и последен настан во рамки на проектот, но заради недоволна заинтересираност на целните групи настанот е пролонгиран и ќе се одржи на есен. Целта на настанот е да се презентираат резултатите кои се постигнати во поглед на моменталната состојба во Република Македонија за поттикнување на договори за гарантирање на енергетски карактеристики во секторите јавно осветлување и внатрешно осветлување во јавни и приватни објекти. За да може да се оформи подобра слика во однос на тоа дали во моментов моделот на договори за гарантирање на енергетските карактеристики е возможно да се спроведе во Република Македонија или пак е потреба да се подобрат одреден дел од законските регулативи за јавни набавки - Ве покануваме да присуствувате на настанот оваа есен каде ќе можете да ги изнесете Вашите видувања. (ДТ) Повеќе... ИЗРАБОТУВАМЕ ЕНЕРГЕТСКИ КОНТРОЛИ Издаваме СЕРТИФИКАТИ ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk ;Следете нé и наMACEF Facebook


Страница 3

ИНФОМАЦЕФ 159 Издаваме Изјави/Потврди за исполнување на барања за минимални енергетски карактеристики, потребни за вадење градежна дозвола. Приготвуваме ИЗЈАВИ/ПОТВРДИ за станови кои треба да се понудат на пазар за продажба или изнајмување. Изработуваме и помагаме при подготовка на Програми и Акциони планови за енергетска ефикасност на општините усогласени со обврската која произлегува од Законот за енергетика.

ТЕРМОВИЗИЈА - СНИМАЊЕ СО ТЕРМАЛНА КАМЕРА

Снимање на објекти на терен, анализа и извештај. Информации на тел.: 02 3090 178 или macef@macef.org.mk

МОМЕЕ - Македонска oпштинска мрежа за енергетска ефикасност

Сегашни членови на МОМЕЕ се општините: Сарај, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Центар, Гази Баба, Валандово, Чаир, Кочани, Ресен, Берово, Аеродром, Гевгелија, Штип, Чашка, Прилеп, Богданци, Кичево и Демир Капија.

Годишна членарина: 24 000 денари

ЗАЧЛЕНЕТЕ СЕ - ЗДРУЖЕНИ СМЕ ПОСИЛНИ! Повластена цена за изработка на Програм и Акционен план за ЕЕ. За членовите – бесплатни совети и помош !

М АЦЕФ ИСТР АЖ УВА за ВАС

„Службен весник на Република Македонија“ бр. 111/16 од 09.06.2016 •

Одлука за изменување на Одлуката за започнување на постапка за доделување концесија за користење вода за производство на електрична енергија од 37 мали хидроелектрични централи

„Службен весник на Република Македонија“ бр. 111/16 од 13.06.2016 • Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за цени на топлинска енергија и системски услуги

Новости од М ак едонија

Отворена к онф еренција за интегрирано управување со цврст отпад во регионот на Југоисточна Европа

Заменик министерот за животна средина и просторно планирање г-динот Стево Темелковски, на 21 јуни во Струга ја отвори дводневната финална “Конференција за интегрирано управување со цврст отпад во прекуграничните и крајбрежните области во регионот на Југоисточна Европа”, која е во организација на Постојаната работна група за регионален рурален развој (SWG) во Југоисточна Европа. Проектот “Управување со цврстиот отпад” е насочен кон проценување и развивање на модели за интегрирано управување со цврстиот отпад кои се еколошко ефикасни и економски прифатливи. Целта е да се намалат негативните еколошки и економски влијанија на лошото управување со цврстиот отпад, како и да се даде поддршка на еколошкиот и социо-економскиот развој на прекуграничните рурални и крајбрежни области во земјите од Југоисточна Европа. (ДТ) Повеќе... Усовршување на Регистарот на испуштање и пренос на загадувачи во Република Македонија Како резултат на соработката на Министерството за животна средина и просторно планирање и Регионалниот центар за животна средина за Централна и Источна Европа (РЕЦ), во рамките на проектот „Подршка за воспоставување и развој на Протоколот на Регистри на испуштање и пренос на загадувачи (РИПЗ) во Земјите од Западен Балкан и во Молдавија„ на 28 и 29 јуни во Скопје интензивно се работеше на унапредување на целиот процес за воспоставување на функционален Регистар на испуштање и пренос на загадувачи во Република Македонија.

Во рамките на активностите беа организирани две работилници – едната со граѓанските здруженија во Република Македонија, а другата со претставници на индустријата. Првата работилница имаше за цел да ја зајакне соработката и капацитетите на граѓанските организации во врска со примената на Протоколот за РИПЗ на Економска Комисија на ОН и обврските за известување во Република Македонија, имајќи ги предвид РИПЗ системот за известување на ЕУ; да го промовира разбирањето на обврски според Протоколот и националното законодавство, како и улогата на различните засегнати страни, фокусирајќи се на улогата на невладиниот сектор во развојот и имплементацијата на РИПЗ; да ги идентификува тековните проблеми при практичната имплементација на Протоколот и Постапката за известување за граѓанските здруженија и да се предложат чекори за нивно подобро вклучување и соработка во развојот и имплементацијата на РИПЗ во иднина. Втората работилница беше наменета за индустријата со фокус за јакнење на капацитетите на индустријата преку информирање и преглед на напорите што се прават во текот на последните три години во однос на развојот и работењето на загадувачи и пренос и имплементација на Протоколот за РИПЗ и Регулативата на ЕУ во однос на системот за РИПЗ; презентирање на Стратегијата и Акциониот План за имплементација на Протоколот за РИПЗ, како и идентификација на тековните проблеми и потреби во врска со постапката за известување. При тоа беа разгледани и можностите за подобрувања на софтверската алатка за известување и веб-страница за известување, а се дискутираше и за препораките и за следните чекори во врска со работењето на РИПЗ со сите засегнати страни. (ДТ) Повеќе...

Новости од светот

Романија губи 100 милиони тони на отпад годишно Според извршниот директор на Екохорнет, г-динот Јулиен Хорнет-Секторите земјоделие и домаќинства се најголемите производители на отпад кој може да се претвори во енергија. На конференцијата која што се одржа со тематика од секторот на биогас и биомаса г-динот Хорнет нагласи дека Источно Европскиот дел од земјата губи севкупно 100 милиони тони на материјал секоја година. Во својот говор Г-динот Хорнет изјави: „Само од отпадот од секторот земјоделие може да се произведат три тони пелети од еден хектар површина, притоа моменталната годишна потрошувачка на пелети во Романија е само еден милион тон на годишно ниво, а вкупниот капацитет за производство е два милиони тони. Неопходни се субвенции за развојот на технологијата за производство на енергија од биомасата, од биоразградливите делови на производите, отпад и остатоците од земјоделството, одгледувањето на животни на фарма, шумарството и меѓусебно поврзаните индустрии како и биоразградливиот дел од индустрискиот и урбаниот отпад. Субвенциите во овој сектор се потребни заради тоа што почетната инвестиција е поголема и посложена за разлика од случајот со бензинот и дизел горивото.“ (БК) Повеќе... Ќе се гради најмоќната хидроцентрала во БиХ Во Требиње, Босна и Херцеговина, потпишан е договор за доделување на 50 годишна концесија за изградба и користење на хидроцентралата „Бук Бијела“ со инсталирана моќност од 93,52 MW. Кога ќе биде изградена, таа ќе биде најмоќната босанска хидроцентрала со годишно производство од 332 GWh електрична енергија. Вредноста на работите на хидроцентралата изнесува 195,5 милиони евра. Централата се наоѓа во горниот тек на Дрина.

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk ;Следете нé и наMACEF Facebook


Страница 4

ИНФОМАЦЕФ 159 Владата на Република Српска претходно донесе решение за доделување на концесија за изградба и користење на ХЕ „Бук Бијела“, на компаниите „Електропривреда Републике Српске“ (ЕРС) и „Хидроелектране на Дрини“ од Вишеград. Притоа уделот на ЕРС во проектот е 20%, а другата компанија 80%. Реализацијата на ХЕ „Бук Бијела“ е повеќе пати одложувана поради загриженоста на еколошките активисти од БиХ и Црна Гора дека електраната ќе го уништи кањонот на реката Тара. (СП) Повеќе... Данците здружени за поевтина енергија од ветерот Конзорциум составен од 16 дански компании и истражувачки институти се здружија со цел намалување на цената на произведената електрична енергија од ветерните турбогенератори на цена од 70 €/MWh до 2030 година. Конзорциумот под името GROW, има намера на пазарот да донесе иновации, а составен е од: Delft Offshore Turbine, Deltares, ECN, Eneco, Lagerwey, LM Wind Power, Royal IHC, RWE, Seaway Heavy Lifting, Shell, Sif, TenneT, TNO, TU Delft, Van Oord и Volker Stevin International. Планот што го развиваат овие компании ќе чини над 100 милиони евра, средства кои ќе се вложат во петгодишно истражување, развој и пилот проекти. Првите резултати се очекуваат оваа есен. Инаку, се работи за продолжение на проектот FLOW кој се занимаваше токму со анализа на енергијата од офшор ветерните електрани, при што е заклучено дека за 10 години е можно 40% намалување на трошоците, додека за 10-15 години овој вид електрани може да работи рентабилно без повластени тарифи. (СП) Повеќе... Биогасната постројка во Ровишч со финасиски средства од ИПАРД Платежната агенција за земјоделство, рибарство и рурален развој извести дека на компанијата Биоплин Ровишч и исплатила сума од 2,5 милиони куни за вложување во опремувањето на когенерациската постројка на биогас на земјоделско земјиште. Исплатените средтства се дел од ИПАРД програмата во рамки на мерките 302 „Диверзификација и развој на руралните економски активности“. Инвестицијата е реализирана во областа Бјеловар во општината Ровишче Биогасната постројка има инсталирана моќност од 999 kW, односно инсталирана топлинска моќност од 1,063 MW, а на крајот од месец декември 2015 година се стекна со статусот на повластен произведувач на електрична енергија. (БК) Повеќе...

Заним ливости

Нова генерација на новоразвиени високоефикасни сончево термални апсорбери Истражувачи од Универзитетите на Бристол и Ексетер се еден чекор поблиску до развивање на нова генерација на високоефикасни сончеви ќелии со ниска цена. Оваа структура е една од првите трислојни абсорбери коишто користат јаглероден меѓуслој во светот. Тројниот златнојаглероден-златен слој силно ја апсорбира светлината во целокупниот соларен спектар но ја минимизира емисијата на термална радијација од структурата. Употребата на златото во истражувањето е прв чекор кон високотемпературна површина каде златото би можело да се замени од други огноотпорни метали како што се волфрамот или хромот. Ќелијата ќе биде

употребена за сончево термални енергетски апликации и има потенцијал да се достигнат многу повисоки температури од обичните црни површини бидејќи може да се минимизира емисијата на термална радијација. (БК) Повеќе... Научниците создадоа нова боја! Научниците од државниот универзитет во Орегон создадоа нова боја, и како што тие тврдат, при процесот на производство не се користат никакви токсични хемикалии. Покрај тоа што оваа боја е потрајна, побезбедна и доста лесно се произведува, исто така, се чини дека е нов кандидат за "енергетска ефикасност". Оваа боја има способност да ја рефлектира светлината и потенцијално да ги задржи објектите поладни. Научниците сега работат на изнаоѓање на нови нијанси на бои со истите "енергетски" карактеристики. (ЈДК) Повеќе...

Корисни интернет адреси

www.energyweek.mk www.managenergy.net/kidscorner www.erc.org.mk www.sustenergy.org/www.ase.org/ www.motorchallenge.org/www.rec.org www.kids.evn.com.mk www.display-campaign.org/ www.rexus.com.mkwww.ri.com.mk www.europesustainableenergy.com

www.reachenergy.eu www.republiczeb.org www.energy.eu www.worldbank.org www.economy.gov.mk www.ea.gov.mk www.energie-cites.org/ www.reeep.org www.rehau.com.mk

М аниф естации

Меѓународна конференција за енергијата и енергетскиот инженеринг

9ти до 11ти септември 2016 Барселона, Шпанија Ова претставува форум за академиците, индустриските и бизнис лидерите кои што се вклучени во примената, сопствеништвото, менаџментот, дизајнот и развојот на енергетиката и енергетскиот инженеринг. Целта на конференцијата е споделување на знаењето и постигнатите резултати во секторот на енергијата и енергетскиот инженеринг, системите за енергетска заштита и секторот за системите за контрола. (БК) Повеќе...

Бизнис, економија, хуманистички и општествени науки – (BESSHc) 2016

10ти до 11ти септември 2016 Белград, Србија Конференцијата ќе ги опфати виталните прашања во бизнисот, економијата, хуманистичките и социјални науки во рамките на повеќето под теми. Целта на конференцијата е да се поддржи, охрабри и обезбеди платформа за вмрежување, споделување, објавување и негување на потенцијалниот развој на индивидуалните изучувачи ширум светот. (БК) Повеќе...

Одржливоста и енергијата во зградите 2016: Енергија, инфраструктура, уредување и ресурси за паметни урбани региони

11ти до 13ти септември 2016 Торино, Италија Конференцијата цели да ги собере заедно на едно место истражувачите, претставниците на владата и професионалците од индустрискиот сектор да дискутираат за иднината на енергијата во зградите, населби и градови во поглед на теоретска, практична, преспектива за спроведување и симулација. Конференцијата ќе биде одлична можност за учество, интеракција со која може да се дознае доста за скорешните истражувања на одржливоста во енергијата и зградите. (БК) Повеќе...

Меѓународна конференција за одржлива енергија

20ти до 23ти септември 2016 Истанбул, Турција Оваа меѓународна конференција цели на едно место да опфати голем опсег на академици и учесници да дискутираат за новите насоки во истражувањето и новите пронајдоци во делот на одржливоста, енергијата и животната средина. (БК) Повеќе...

Редакција: Центар за енергетска ефикасност на Македонија МАЦЕФ Главен уредник: проф. д-р К. Димитров; заменик: Д. Трпкоска. Соработници: Ј. Д. Капац, Б. Калиманов, С. Паневски, Ж. Илиевски.

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk ;Следете нé и наMACEF Facebook

159 info macef  
Read more
Read more
Similar to
Popular now
Just for you