Page 1

Број 154

ЦЕНТАР ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ НА МАКЕДОНИЈА

Јануари 2016

МАЦЕФ промовира енергетска ефикасност и почиста животна средина Во овој број:  Од уредникот  Активности на МАЦЕФ  МАЦЕФ Анализа  МАЦЕФ истражува за Вас  Новости од Македонија и светот  Занимливости  Корисни web-адреси  Манифестации

OД УРЕДНИКОТ Почитувани колешки и колеги, членови и симпатизери на МАЦЕФ! Јануари е месец исполнет со празници и многу “долг“ во однос на домашните финансии. Оваа година не ги поврзавме работните денови меѓу празниците во смисол “продолжен зимски распуст“ заради бројните обврски. Во ноемврискиот број најавивме, со голема доза на убедување, дека една наша пријава за ангажман во подрачјето енергијаекологија ќе биде прифатена. Се надевавме (дури и напишавме) дека ќе ја потврдиме позитивната вест во декемврискиот број, но со мало задоцнување во овој број јавуваме дека нашата пријава е прифатена! Повеќе информации за новиот проект и нашите активности кон кои сакаме да го привлечеме вашето внимание се следните: Редовни активности на меѓународните проекти multEE, REACH, Streetlight EPC и RePublic_ZEB, особено плодната средба во Брисел. Креирање на визија за декарбонизација на секторот за производство на електрична енергија до 2050 година – Проект финансиран од European Climate Foundation Прашање за ДИСКУСИЈА: Дали сметате дека пошироката примена на автомобилите на електричен погон:  ќе ја намали потрошувачката на енергија на ниво на држава?;  ќе ја намали емисијата на стакленички гасови?;  е економски поприфатлива за корисникот во однос на автомобилите со класични горива, за време на животниот век на возилото?. Ние имаме свој став во однос на ова прашање кое е многу интересно и ако се разгледува единствено од аспект на потрошувачка на енергија по единица поминат пат. Дали сметаме дека е потребно да се засили “притисокот“ врз влијателните чинители во Македонија за да фатиме приклучок кон предвидувањата за нови рамки на ниво на ЕУ во секторот на Енергетската ефикасност од 40%, обновливи извори на енергија 45% и 60% редукција на емисија на стакленички гасови до 2030 година (Roland Joebstl, EEB climate and energy policy officer). Во меѓувреме го завршивме елаборатот за проценка на смалување на потрошувачката на електрична енергија во болницата “Филип Втори“, со мерките за енергетска ефикасност предложени и применети од страна на компанијата Енерго Систем. Резултатите се импозантни, особено ако се има предвид дека условите за работа се специфични. Очекуваме Ваше јавување и дискусија! Поздрав до следниот број Проф. д-р Константин Димитров

ЗА МАЦЕФ МАЦЕФ е доброволно научно здружение, коешто нуди услуги и стручни знаења од областа на енергетиката и заштита на животната средина во Република Македонија и пошироко. МАЦЕФ е член на: - меѓународната мрежа за енергетска ефикасност RENEUER (Regional Network on Efficient Use of Resources) - мрежата managenergy формирана од страна на European commission DG Energy and Transportwww.managenergy.net - Асоцијацијата на Консултантски организации - на РЕЕЕП, Motor Challenge Programme и официјален партнер на Sustainable Energy Europe - член на Деловниот совет на Универзитет Американ Колеџ Скопје

Активности на МАЦЕФ

Визија за декарбонизација на секторот за производство на електрична енергија до 2050 година Европската Климатска Фондација прифати да додели средства (грант) за развој на способноста на МАЦЕФ да учествува во креирање на профил/визија за производство на електрична енергија без учество на јагленик (Decarbonisation) во Македонија до 2050 година. Основна задача е да се анализираат сегашните стратегиски документи и да се утврди дали тоа е можно од технички аспект, што тоа би значело од финансиски аспект, колкаво би било влијанието на заштитата на животната средина и дали, што е многу важно, во нашето општество има клима за ваков развој на енергетиката (политичка воља). Координатор на проектот е м-р Роберт Шарламанов, а директни учесници членовите на МАЦЕФ. Ќе бидат организирани неколку јавни претставувања на стекнатите сознанија, како и препораките кои ќе произлезат од нив. Тркалезната маса за ЕСКо На 21 јануари 2016 година, проектот Streetlight EPC, кофинансиран од програмата Интелегентна Енергија Европа, организираше тркалезна маса за ЕСКо, кој се одржа во Брисел, Белгија. На тркалезната маса свое обраќање имаа претставници на Европската Комисија – DG Energy, EASME, и претставницина ЕСКо: Филипс, Сименс ЕСКо и Пертол. Темата на тркалезната маса беа проблемите со кои се сретнуваат ЕСКо операторите, договорите за енергетски карактеристики, како и најсовремените технологии и најдобрите практики во светот. Исто така, претставување имаа неколку регионални олеснувачи во процесот на склучување на договори за енергетски карактеристики како РЕГЕА - Хрватска, ЕСКАН - Шпанија и ЕНЕРГАП – Словенија. Во дискусијата, активно учество земаа и претставници на Центарот за енергетска ефикасност на Македонија - МАЦЕФ и Град Скопје. (СП) Повеќе... Состанок за финансирање на ЕСКо На 21 јануари 2016 година, проектот Streetlight EPC, кофинансиран од програмата Интелегентна Енергија Европа, организираше Состанок за финансирање на ЕСКо. Овој настан се одржа во хотелот Софител во Брисел, Белгија. На состанокот свое обраќање имаа претставници на финансиски институции од Европа, како Investor Confidence Project од Велика Британија, Susi Partners од Швајцарија, Suma Capital од Шпанија и EEEF / Deutsche Bank од Германија.

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, Тел. 02 3090 178 Факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mkСледете нé и наMACEF Facebook


ИНФОМАЦЕФ 154

Страница 2

На настанот беа прикажани и најдобри практики, како и примери на проекти. Заклучокот на настанот беше дека малите ЕСКо имаат потешкотии да успеат, исто како и малите пазари. Според заклучоците од состанокот, најисплатливи се поголемите проекти од над 2 милиони евра. Во дискусијата, активно учество земаа и претставниците на Центарот за енергетска ефикасност на Македонија - МАЦЕФ и Град Скопје. (СП) Повеќе... Проект Streetlight-EPC Новата 2016 година проектните партнери ја започнаа со одржување на четвртиот работен состанок во Брисел кој траеше од 21 до 22 јануари. Состанокот започна со поединечна презентација на проектните партнери за реализираните активности во изминатите 6 месеци постигнатите резултати. На состанокот учествуваше и претставникот од ЕАСМЕ (EASME) кој е задолжен за реализација на овој проект, г. Бјорн Запфел. Г. Запфел преку презентација ги потенцираше финансиските аспекти на кои треба да се внимава при спроведувањето на набавките во рамки на проектот. Следниот ден состанокот продолжи со дискусија за договорите за реконструкција на уличното осветлување во сите 9 региони кои се реализирани и/или се во фаза на реализација и беше нагласено дека проектот влегува во втората фаза каде што ќе треба да се поттикнат договори за реконструкција на внатрешно осветлување. За потсетување, овие договори треба да бидат помеѓу општина и приватна компанија спред ЕСКо моделот. Потоа, се даде акцент на реализација на регионалните настани и зголемување на нивото на запознавање на околината со проектот преку: учество на национални или интернационални настани, учество со информација за целта на проектот и активностите во локални печатени или електронски медиуми и сл. Во рамки на состанокот г-ѓата Кристиане Егер информираше за одржувањето на конференцијата Светски денови за одржлива енергија од 24 до 26 февруари во Велс, Австрија и презентацијата на проектот Streetlight EPC во рамки на оваа конференција. На крајот на состанокот беа утврдени крајните термини за реализација на поголемиот дел од работните активности и изработката на третиот извештај за реализацијата на проектот. (ДТ) Повеќе... Активности на проектот REACH Во месец јануари, најголем дел од активностите на проектот REACH беа концентрирани на подготовката на документот „Препораки за борба против енергетската сиромаштија“. Овој документ треба да ги содржи сите релевантни препораки кон државните тела, невладиниот сектор и сите заинтересирани страни кои можат да се вклучат во борбата против енергетската сиромаштија. За неговата подготовка, анализирани се повеќе домашни и странски искуства, додека предлозите и препораките се изведени согласно постоечката ситуација во нашата земја. Исто така, во средината на јануари се одржа и редовниот он-лајн состанок меѓу партнерите во проектот каде беа воочени досегашните активности и дефинирани активностите за следните неколку месеци според работниот план на проектот. Во месец јануари се остварија и неколку состаноци со Црвениот крст на Гази Баба, со кои МАЦЕФ остварува соработка на овој проект. Веќе е во план втората обука на енергетски советници коишто ќе ги посетуваат енергетско сиромашните домаќинства. Таа е

планирана да се одржи при крајот на февруари или почетокот на март. (ЖИ) Повеќе... Проект RePublic_ZEB Проектот RePublic_ZEB продолжува со својата активна работа. Во изминатиот период се продолжи со работата на работниот пакет 4, односно избор на оптимален пакет на мерки за реконструкција на објекти кон нЗЕБ. Во исто време, МАЦЕФ започна со планирање на неколку настани (отворен ден и состаноци) поврзани со нЗЕБ кои би требало да се одржат во почетокот на јуни оваа година. Наредниот месец, проектот ќе одржи работен состанок во Софија, Бугарија. Во меѓувреме, посетете ја интернет страната на проектот на http://www.republiczeb.org/ и преземете ги извештаите кои се подготвени како дел од активностите на овој проект! (СП) Повеќе... МултЕЕ се претстави на работилницата - Примена на платформата за мерење и верификација во управувањето со политиките за енергетска ефикасност На 16.01.2016 во просториите на Министерството за економија на Република Македонија се одржа работилницата „Примена на платформата за мерење и верификација во управувањето со политиките за енергетска ефикасност“. Работилницата ја организираше GIZ, заедно со Агенцијата за енергетика на Република Македонија и Министерството за економија на Република Македонија. На работилницата обраќање имаа претставници на Министерството за економија, Агенцијата за енергетика, GIZ и главниот предавач г. Иван Шериќ од ЦЕИ, Хрватска. На работилницата беше претставен и МултЕЕ проектот, од страна на проф. Д-р Константин Димитров – досегашна работа и идни планови поврзани со платформата за мерење и верификација. (СП) Повеќе... Училишен проект Во првиот месец од оваа учебна година беа направени сите потребни активности за почеток на проектот од страна на сите учесници во проектот. Во таа насока, овој месец беа испечатени прирачниците за учениците и наставниците и беше дефиниран терминот за одржување на работилницата наменета за наставниците. Во моментов здружението МАЦЕФ има дефинирано две училишта, а за учеството на третото училиште сеуште се преговара. Оваа учебна година МАЦЕФ ќе соработува со 3 училишта од 3 различни општини, и тоа: ОУ Коле Неделковски-о.Центар Скопје, ОУ Луиќ Гиракуќи-о. Желино и едно основно училиште од о. Врапчиште. Во сите 3 училишта ќе бидат формирани по еден Енергетски зелен клуб кој ќе работи на реализација на сите предвидени активности, реализацијата на активностите ќе биде сместена во вкупно 15 работилници по клуб. (ДТ) Изработка на Програма за ЕЕ и АП за Општина Велес Иако месец јануари имаше доста празници, сепак МАЦЕФ активно работеше на изработка на енергетските контроли, програмата за енергетска ефикасност и акциониот план за општина Велес. Беа изработени сите 24 енергетски контроли, во кои освен што е направена анализа за моменталната состојба на објектите во однос на потрошувачката на енергија (топлинска и електрична енергија), предложени се и мерки за енергетска ефикасност на објектите, а направени се и извештаи од

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk ;Следете нé и наMACEF Facebook


ИНФОМАЦЕФ 154

Страница 3

термовизиските снимки на објектите. Во тек е финализирање на програмата за ЕЕ и акциониот план. (ДТ) МАЦЕФ присуствуваше на Работен состанок на консултанти во склоп на проектот “Catalyzing market transformation for industrial energy efficiency and accelerate investments in best available practices and technologies in Macedonia” На 25-ти јануари во просториите на REC се одржа работен состанок со сите консултанти кои се ангажирани во рамките на проектот “Catalyzing market transformation for industrial energy efficiency and accelerate investments in best available practices and technologies in Macedonia”, спроведуван со поддршка од UNIDO при што главен спроведувач е канцеларијата на REC во Македонија. На состанокот се дискутираше за тековни работни задачи и се договорија посети во соодветните работни организации, односно сите фабрики и претпријатија кои што се обврзаа дека ќе ги применат успешните практики и мерки за штедење на енергија преку имплементација на системот за Energy Management од стандардот ISO 50001. (ЈДК) ИЗРАБОТУВАМЕ ЕНЕРГЕТСКИ КОНТРОЛИ Издаваме СЕРТИФИКАТИ ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ Издаваме Изјави/Потврдиза исполнување на барања за минимални енергетски карактеристики, потребни за вадење градежна дозвола. Приготвуваме ИЗЈАВИ/ПОТВРДИ за станови кои треба да се понудат на пазар за продажба или изнајмување. Изработуваме и помагаме при подготовка на Програми и Акциони планови за енергетска ефикасност наопштините усогласени со обврската која произлегува од Законот за енергетика.

ТЕРМОВИЗИЈА - СНИМАЊЕ СО ТЕРМАЛНА КАМЕРА

Снимање на објекти на терен, анализа и извештај. Информации на тел.: 02 3090 178 или macef@macef.org.mk

МОМЕЕ - Македонска oпштинска мрежа за енергетска ефикасност

Сегашни членови на МОМЕЕ се општините: Сарај, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Центар, Гази Баба, Валандово, Чаир, Кочани, Ресен, Берово, Аеродром, Гевгелија, Штип, Чашка, Прилеп, Богданци,Кичево и Демир Капија.

Годишна членарина: 24 000 денари

ЗАЧЛЕНЕТЕ СЕ - ЗДРУЖЕНИ СМЕ ПОСИЛНИ! Повластена цена за изработка на Програм и Акционен план за ЕЕ. За членовите – бесплатни совети и помош !

МАЦЕФ ИСТРАЖУВА за ВАС „Службен весник на Република Македонија“ бр. 2/16 од 08.01.2016  Програма за субвенционирање на потрошувачката на енергија за 2016 година „Службен весник на Република Македонија“ бр. 6/16 од 15.01.2016  Закон за изменување и дополнување на Законот за енергетика

Новости од Македонија Субвенционирање на трошоците за сончеви колектори Објавен е јавен оглас од Министерството за економија на Република Македонија, за делумно надоместување на трошоците

за купени и вградени сончево термални колекторски системи кај домаќинствата за 2016 година. Министерството за економија со јавно извлекување ќе обезбеди делумен поврат на средствата на граѓани кои ќе бидат извлечени и кои набавиле и вградиле сончеви термални колекторски системи во временскиот период од 21 јануари до 31 мај 2016та година. Повратот на финансиските средства изнесува до 30% од чинењето на сончево термалниот колекторски систем, но не повеќе од 300 евра во денарска противвредност под услов претходно да не го искористиле правото за делумен надоместок за купени и вградени сончеви колектори во својот дом врз основа на претходните Јавни огласи на Министерството за економија за надоместување на дел од трошоците за купени и вградени сончево термални колекторски системи објавени во 2007, 2009, 2011, 2012, 2013, 2014 и 2015та година. Јавното извлекување на лицата кои што имаат можност да се стекнат со правото на надомест на дел од средствата ќе се одржи на 4 јуни 2016 година во просториите на Друштво за изградба, управување и издавање на повеќенаменска сала „Борис Трајковски“ ДООЕЛ. За времето и местото на извлекувањето Министерството за економија ќе даде дополнително сопштение кое ќе биде објавено во два дневни весници и на националната телевизија со кое сите баратели ќе бидат поканети на јавниот настан. Право на присуство на јавното извлекување има секој барател којшто има доставено барање за делумен надоместок на трошоците како и комплетна и уредна документација. (БК) Повеќе... Биогасна централа во село Новаци, Битола Од земјоделскиот комбинат Пелагонија АД Битола во селото Новаци, Битола свечено се пуштени во употреба два големи капацитети, биогасна централа со капацитет од 3 мегавати на час и современа фарма која е наменета за 2.000 молзни крави. Со вкупна инвестиција од околу 20 милиони евра, средства кои во поголем дел се обезбедени со редовното работење на земјоделскиот комбинат Пелагонија. – Изградбата на биогасни централи претставува најсовремено еколошко решение во развиените земји во светот за справување со арското ѓубриво од фармите. Ние воопшто не заостануваме зад тој светски тренд. Напротив, можеме да се пофалиме дека сме една од најголемите фирми во Европа кои се занимаваат со производство на „зелена“ енергија, односно електрична енергија произведена од биогас – изјави Драган Китановски, директор на ДООЕЛ „Пелагонија - Енерџи“. Поголемиот технолошки дел и опремата во биогасната централа се набавени од реномирани компании од Италија и од САД. (БК) Повеќе... Инвестиција од 19 милиони евра на Кондоте Италија за изградба на 4 мали хидроелектрани Министерот за економија Беким Незири и претседателот и сопственик на Кондоте Италија Дучо Асталди на прес конференција го означија стартот на првата од четирите мали хидроелектрани, кои претставуваат инвестиција во вкупна вредност од 19 милиони евра. „Оваа инвестиција во делот на обновливите извори на енергија на водечката италијанска градежна компанија „Кондоте“, преку фирмата ИМПГ ДОО Скопје, покрај изградбата на 4 хидроцентрали, и тоа на Ештеричка, Кадина и Зрновска Река (2), придонесе за ангажирање на многу локални македонски

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk ;Следете нé и наMACEF Facebook


ИНФОМАЦЕФ 154

Страница 4

компании во изведбата на овие мали хидроцентрали и на тој начин дополнително позитивно влијае на македонската економија“, рече Незири. Првата хидроцентрала, лоцирана на Ештеричка Река, над Пробиштип, стартува со комерцијална работа зимава, а останатите три хидроцентрали се во фаза на градежни активности, пробивање на пристапни патишта или подготвителни активности за реализација на проектите, во зависност од локацијата. „Кондоте Италија, со историја од 135 години, ја реализираше првата инвестиција од 19 милиони евра во 4 мали хидоелектрани за производство на електрична енергија, а бидејќи многу сме задоволни од соработката и поддршката која ја имаме од македонската Влада, планираме да продолжиме со нови ивестиции во Македонија во иднина“, рече Асталди, сопственикот на „Кондоте“. (СП) Повеќе...

Новости од светот

Нов метод за претворање на сончевата енергија во електрична енергија користејќи фотобиоелектрохемиски ќелии Дизајнот на фото биоелектрохемиските ќелии, чијашто работа се заснова на фотосинтетичката реакција, привлекува значаен интерес како начин за претворање на енергијата на сончевата светлина во електрична енергија. Системот се состои од модифицирани интегрирани електроди коишто го вклучуваат природниот фотосинтетички центар за реакција, познат како фотосистем I, конјугиран со ензимската глукозна оксидација. Фото зрачењето на електродите води до производство на електрична енергија, додека оксидацијата на глукозната основа служи како гориво. Системот претставува модел како да се искористи фотосинтетичката реакција за претворање на сончевата енергија во електрична енергија, користејќи супстрати на биомаса како гориво. (БК) Повеќе...

Занимливости Јапонија започнува со работа на „светски најголемата“ пловечка соларна фарма Јапонската компанија за мултифункционална електроника Kyocera започна со работа на она што тие го нарекуваат дека ќе биде најголемата пловечка соларна фарма во светски рамки. Соларната централа ќе се изгради на резервоар во областа Chiba во Јапонија и се очекува да обезбеди доволно електрична енергија за скоро 5000 домаќинства кога ќе биде завршена во почетокот на 2018та година. (БК) Повеќе...

Корисни интернет адреси

Движење на цената и количината продадена електрична енергија на 05.02.2016 на берзата во Унгарија Термоелектраната Stanari започнува со производство на електрична енергија во месец мај Термоелектраната Stanari ќе започне со производство на електрична енергија според планираниот рок во месец мај. Активно се следи и контролира процесот на работа во фаза на тестирање. „Моментално сме со капацитет од 80% или 240 MW, додека за неколку дена ќе се постигне и проектираниот капацитет од 300 MW и оваа фаза би требало да трае месец јануари евентуално и во февруари – изјавува техничкиот директор на RiTE "Stanari" Savo Mirković. Од 1-ви март започнува едномесечната пробна работа, а од месец мај започнува со комерцијална работа и завршување на изградбата на преостанатите помошни објекти на термоелектраната во сопственост на EFT групацијата. (БК) Повеќе... Данска го поминува својот светски рекорд во употребата на ветерната енергија Данските ветерни турбини поставија нов светски рекорд во 2015-та година. Ветерната енергија сега е со учество од 42,1% од вкупната потрошувачка на електрична енергија во Данска. Процентот на ветерната енергија во енергетскиот микс на Данска е најголем во светски рамки. Минатата година учеството на ветерната енергија изнесуваше 39,1% што претставуваше рекорд. Од севкупно 8760 часа во 2015та година, западниот дел од земјата произвела електрична енергија користејќи ја енергијата на ветерот од 1460 часа. “Не е вообичаено дека ние имаме часови каде што производството на електрична енергија од енергијата на ветерот е поголема од реалната потрошувачка. Но во западниот дел од земјата, понекогаш изнесувало 16% дури и повеќе, тоа покажува дека со ова производство на електрична енергија ние сме во можност за увоз и извоз преку нашите граници“ изјавува Vittrup. Според предвидувањата оваа поставена цел изгледа дека е можно да се постигне. До 2030та година, земјата се надева дека 90% од електричната енергија и потребите за топлинска енергија ќе доаѓаат од обновливи извори на енергија. (БК) Повеќе...

www.energyweek.mk www.managenergy.net/kidscorner www.erc.org.mk www.sustenergy.org/www.ase.org/ www.motorchallenge.org/www.rec.org www.kids.evn.com.mk www.display-campaign.org/ www.rexus.com.mkwww.ri.com.mk www.europesustainableenergy.com

www.reachenergy.eu www.republiczeb.org www.energy.eu www.worldbank.org www.economy.gov.mk www.ea.gov.mk www.energie-cites.org/ www.reeep.org www.rehau.com.mk

Манифестации MECHATECH '16 Меѓународна конференција за машинскиот инженеринг и новите технологии Од 17ти до 18ти мај 2016 Истанбул, Турција Целта на конференцијата е да обезбеди платформа за истражувачите и практичарите од академскиот и индустрискиот сектор да остварат средба каде ќе ги споделат своите скорешни пронајдоци. Авторите се поттикнати да дадат свој придонес за конференција со поднесување на статии кои ги претставуваат истражувачките резултати, проекти, индустриски искуства. (БК) Повеќе... Науката и инженерингот за веродостојна енергија Од 18ти до 20ти мај 2016 Будва, Црна Гора Ова претставува целодневна можност за авторите да ги претстават своите трудови во форма на постери; што ќе обезбеди дополнителна можност да им појаснат на публиката која ќе присуствува на настанот во дијалог да ги претстават своите трудови. (БК) Повеќе... Меѓународна конференција за животната средина и обновливата енергија Од 25ти до 27ми мај 2016 Минхен, Германија Целта на конференцијата е промоција на безбедна по животната средина и економски одржлива обновлива енергија. Друга цел исто така е промоција на истражувањето во полето на науката за животната средина и развојот на обновливата енергија и олеснување на размената на нови идеи во овие полиња и создавање на дијалог помеѓу научниците и практичарите. (БК) Повеќе...

Редакција: Центар за енергетска ефикасност на Македонија - МАЦЕФ Главен уредник: проф. д-р К. Димитров; заменик: Д. Трпкоска. Соработници: Ј. Д. Капац, Б. Калиманов, С. Паневски, Ж. Илиевски.

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk ;Следете нé и наMACEF Facebook

154 infomacef  
Read more
Read more
Similar to
Popular now
Just for you